|
Македонската репрезентација |
Внеси реплика | страница <1 910111213 35> |
Автор | |
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Катанец од денеска ги има сите на располагање
Македонската фудбалска експедиција од вчера го започна своето комплетирање во базата Сустендајн во Холандија каде ќе се подготвува во наредните денови до натпреварот со домашната селекција. Покрај комплетниот стручен штаб на чело со селекторот Катанец во базата први пристигнаа играчите од домашното првенство, Пачовски, Емини, Георгиевски и Мојсов, заедно со интернационалците Ристиќ, Попов, Мазнов и Новевски. На денешниот прв тренинг во 17 часот репрезентацијата треба да биде комплетна. Како играч кој настапува во холандското првенство Горан Попов очекува добар настап на „Амстердам Арена“ каде неодамна со својот тим Херенвен го совлада Ајакс. „Кога со екипата на Херенвен последен пат настапивме на „Амстердам Арена“, јас бев целосно убеден дека можеме да го победиме Ајакс иако досега Херенвен беше без триумф на тој стадион. Нормално, целта ја постигнавме, што беше големо изненадување, но не и за мене бидејќи верував во квалитетите на мојот тим“, изјави Попов за веб страницата на ФФМ. Тој притоа изрази надеж дека и со нашата репрезентација може првпат да се победи на „Амстердам Арена“. „Најважно е, сепак, да не загубиме. Холандија е тим од светска класа, со светски ѕвезди, што нас треба да не мотивира, никако да не плаши. Добро е што поголем дел од играчите веќе настапија тука и ја имаат почувствувано величенствената атмосфера. Во отсуство на Руд ван Нистелрој мислам дека нападот не е на исто ниво, но сепак мораме да бидеме внимателни да ја играме нашата игра како и на претходните три квалификациски средби и со малку среќа да дојдеме до поволен резултат“, вели Попов. Натпреварот ќе се одигра на „Амстердам Арена“ во среда со почеток од 20 часот и 45 минути. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Пандев и Катанец се силата на Македонија“
Во пресрет на дуелот со нашата репрезентација во квалификациите за СП, холандските весници прават анализи на квалитетите на нашиот национален фудбалски тим. Заклучок на најголемиот дел од нив е дека силата на Македонија лежи на две места: во неверојатниот Горан Пандев и искусниот Словенец Сречко Катанец. „Пандев е единствен и нема да згрешиме доколку го споредиме со Рајан Гигс или со Јари Литманен. Тој е тој профил на фудбалер. Универзален фудбалер кој секогаш може да направи вишок пред противничкиот гол“, се вели во коментарот за нашиот најдобар фудбалер на порталот „Фудбал Интернационал“. Холанѓаните опоменуваат на двете нерешени средби кои „лалињата“ ги имаа со Македонија во последните квалификации за СП 2006. За Катанец и натаму се зборува како селекторот кој ја однесе Словенија на ЕП. Горан Пандев |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Реални шанси за второ место во група за СП
Македонската фудбалска експедиција денеска точно на пладне тргнува кон Амстердам каде вечерва во 19 часот ќе го одржи последниот тренинг на „Амстердам Арена“, каде утре со почеток од 20:45 часот ќе ги одмериме силите со "лалињата". Селекторот Катанец одлучи да го одржи тренингот порано за да им даде повеќе можност на репрезентативците за одмор. На вчерашниот последен тренинг во базата во Сустендајн, беа воигрувани варијанти за средбата со Холандија. Еден од најискусните во нашиот тим е голманот Јане Николовски кој по пауза од 2007 година, кога настапи на средбата со Израел повторно е во репрезентативниот состав: „Како и секогаш супер се чувствувам со колегите во репрезентацијата. Секои подготовки повеќе од три дена се корисни и даваат можност за добра тактичка и ментална подготвеност пред овој тежок дуел кој е значаен но не и решавачки. Добро е што на дело ја видовме Холандија на средбата со Шкотска. Очигледно дека се работи за селекција која има голем арсенал на оружје за да го надигра и победи противникот“, изјави голманот Николовски. „Како ретко кога против Шкотска делуваа опасно од прекини и нафрлувања, што реков не е својствено за нив и тоа токму против селекција која негува скок игра и физички е одлично подготвена поентираа на тој начин. Верувам дека нашата игра која е многу поразлична од онаа на шкотите, ќе ни овозможи рамноправност на средината на теренот“, вели нашиот голман. „Свесни сме дека добар резултат ширум ќе ни ги отвори вратите кон второто место во групата иако и во сите варијанти одлуката за втората позиција во групата ќе се крои во јуни во Скопје. Ова е мој втор настап против Холандија. Во Скопје бранев на онаа средба кога игравме 2-2. Покажавме дека сме психолошки подготвени да се вратиме и тоа на двапати и затоа верувам во наше добро издание. За противникот не би трошел зборови. Силни се индивидуално но и како екипа“, изјави голманот Николовски за официјалниот веб сајт на ФФМ. Еден од „џокерите“ на селекторот Катанец сигурно е Артим Положани кој својата кариера успешно ја продолжи во Хрватска во екипата на Кроациа Сасвете: „Мислам дека имаме одлично подготовки кои ќе финишираат денеска по што ќе се знае кој ќе настапи на оваа средба. Важно е кој и да игра ќе мора да даде повеќе од 100 отсто за да обезбедиме добар резултат. Без оглед на се шансите за освојување на второто место во групата се реални како никогаш порано и на оваа средба можеме многу да добиеме“, вели Азис Положани. „Противникот ни е добро познат. Целата екипа на Холандија игра солидно и затоа треба многу да се внимава, особено од бочните позиции каде дејствува опасниот Робен. Извонредно компактен состав кој можеби не форсира силно темпо, но знае стрпливо да ја бара својата шанса за гол. Доколку добијам шанса подготвен сум да го дадам максимумот и да им помогнам на моите колеги да реализираме некоја шанса за добар резултат“, додал Положани за интернет сајтот на националната фудбалска куќа. |
|
|
|
karlo_mkd
Нов член Регистриран: 30.Март.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 33 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
мислам дека ако нашиве не се плашат и одиграат добро како со англија мислам дека ќе иаме шанси за победа за нерешено не праам муабет само за победа
|
|
FORZA JUVE !!!
BIANCONERO FOR LIFE !!! |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во портокаловиот "пекол"
Македонскиот сон за пласман на СП 2010 година има мирис на "лале". Сензација денеска на "Амстердам арена" би ги отворила портите за нашите репрезентативци кон позициите за бараж. Невозмижна мисија! Луѓе, денеска и гостуваме на супер силната Холандија и треба светот да се сврти наопаку па ние да го преживееме портокаловиот "пекол". Ова не е последен меч во групата, ова се моменти кога се крши пласманот на табелата, кога сите бркаат бодови... Ова е натпревар на кој влегуваме како апсолутни аутсајдери. Не дека сме толку многу слаби туку затоа што Холандија е страшно силна и јака. Но спортски е да се надеваме, да играме и да се обидеме. Има момци во овој список на Катанец кои можат да се препородат. Има надеж се додека не се загуби, има мотив се додека не се загуби. Вреди да се обидеме, треба да се надигруваме. Имаме резултатска криза, но има и нешто друго. Секогаш кога сме биле осудени на пропаст сме доаѓале до резултатски сензации. "Не дојдовме тука да се предадеме. Дојдовме да играме, да не загубиме", изјавува Илчо Наумоски. Голгетерот кој по два меча пауза се враќа во дресот со државниот грб. Токму тој ни ја донесе онаа победа над Шкотска по која летнавме во облаци, но брзо се приземјивме. "Холандија е најдобрата селекција. Не само во нашата група туку и пошироко. Секој бод против нив би бил крупен чекор кон 2. место во групата. Само ние им дадовме гол и само против нас тешко стигнаа до победата. Во Скопје имаа помош и од судиите. Сепак, денеска ние ќе им дадеме гол. Уверен сум во тоа. Имаме тим кој е подготвен за овој предизвик и не смееме да подлегнеме на притисокот. Да ги издржиме првите 10 минути. Тоа е најважно", е анализата на Наумоски, кој според последните тренинзи во нападот ќе биде во тандем со Пандев. Двајцата во овој циклус имаат по еден гол и се единствените кои се запишале во листата на стрелците. "Ја гледавме Холандија во саботата. Ние не сме Шкотска и нема да им дозволиме толку убедливо да не совладаат. Ќе им дадеме отпор затоа што има инает кај нас на ваквите натпревари на кои сите очекуваат да загубиме", посочува Наумоски. Нашиот национален тим вчера стигна во Амстердам и веќе завршија подготовките за она што не очекува вечерва на "Амстердам арена". Конк*ренцијата е голема, а на нашиот гол по долга пауза се враќа Јане Николоски. "Холандија е состав кој има силен арсенал на оружје со кој може да победи во секое време. Делуваат опасно од сите позиции па затоа ќе мора да ја држиме топката што е можно подалеку од нашиот гол. Подготвен сум за овој предизвик", коментира Николоски, кој по 2007 година за првпат застанува меѓу диреците на нашиот гол. А можеме ли да направиме чудо!? Многу тешко, речиси невозможно. Понекогаш треба да се има и многу среќа. Со оглед на тоа како Среќко Катанец работи во последно време со националниот тим и среќата ни го има завртено грбот. Колку само шанси имавме со Исланд па и на тест мечот со Молдавија, а сепак на двете средби не дојдовме до полн погодок а игравме со селекции кои имаат послаб рејтинг од нас. Чудата се случуваат и треба да се надеваме. Да ги стискаме палците и цврсто да се држиме за позициите од кои ќе го следиме мечот. Кој знае!? Можеби светот ќе се преврти. Кој знае!? Ќе веруваат ли многумина доколку денеска Македонија успее да триумфира среде "Амстердам арената" над големата Холандија, или можеби за истите тие многумина сето тоа би било само една првоаприлска шега? |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија поразена на гостувањето во Холандија
Македонските фудбалери загубија од Холандија со 4:0 во вечерашниот квалификациски натпревар за Светското првенство во Јужна Африка. На „Амстердам арена“ не бевме ни приближно блиску до планот за позитивен резултат во пресметката со фаворитот. Не дека некој однапред броеше три или пак бод од гостувањето кај Холанѓаните, но сепак сите очекувавме дека ќе дадеме поголем отпор. Не можевме да ја задржиме топката, бевме многу назад без никаков одговор на потезите на Робен, Снејдер, Кујт и на Хунтелар, па противникот не скрши уште во првото полувреме, речиси и без да промаши. Во 16-та минута одбраната беше статист, Робен и Снејдер прецизно проигруваа, а погоди Кујт. И тука како да заврши натпреварот за нас. Буквално се распаднавме. Пандев се обидуваше нешто сам, но беше отсечен и осамен. Наумовски се враќаше и не можеше да му асистира во офанзива, а „Лалињата“ иако не притискаа со сите сили трпеливо чекаа. И имаа среќа. Во 25-та минута продре Робен, не расчистивме, а по карамболот во опасната зона на Македонија, Хунтелар зголеми на 2:0. Пред полувремето Кујт уште еднаш ја погоди мрежата на Пачовски по асистенцијата на Снејдер. Во вториот дел селекторот Катанец се обиде да менува, Мазнов го замени Тасевски, Положани го пополни местото на Трајанов, ама веќе беше доцна. „Портокаловите“ одиграа рутински, зголемија преку Ван дер Ваарт пред крајот, а ние останавме задумани. Разочарани не, поради силата на противникот во полни со дилеми, можеме ли реално да направиме исчекор кон повисока позиција во пресметките со оние што не се светлосни години понапред од нас како Холанѓаните. |
|
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Физичката подготвеност пресудна
По синоќешниот натпревар во Амстердам и поразот на Македонија од домашната селекција на Холандија, во македонскиот табор единствени во изјавите дека физичката супериорност на холандските репрезентативци е главниот фактор за високиот пораз. Официјалната веб страница на Фудбалската федерација на Македонија ги пренесува изјавите дадени по натпреварот на селекторот Сречко Катанец, капитенот Горан Пандев и Влатко Гроздановски. - Одигравме слабо, покажавме дека сме недоволно физички подготвени да му парираме на поквалитетниот противник кој лесно ги казни нашите грешки и доминираше во текот на целиот натпревар. Барав од играчите да стојат поблиску до противникот да се обидат да го запрат. Во секој случај Холандија докажа дека е врвна селекција и заслужено победи, изјави Сречко Катанец. Пандев во изјавата вели оти знале дека ги очекува тешка средба. -Во првото полувреме, додава тој, не ги исполнивме задачите селекторот и дојде високиот пораз. Ова е нашата реалност. Тие се врвни светски фудбалери, ни создадоа многу прилики, но нашите шанси треба да ги бараме против останатите селекции. Физичката подготовка кај противникот беше на високо ниво, ги искористија лесно нашите грешки и заслужено победија. Влатко Гроздановски истакнува дека можеле многу подобро и оти не играле храбро. - Мислам дека примивме брзо три гола и мечот заврши рано. Во секој случај можевме многу подобро да одиграме. Очигледно дека дел од играчите не се во најдобра физичка кондиција за што говори и самиот резултат. До кога Катанец и репрезентативците ќе се оправдуваат со недоволна физиќка подготвеност?
-Крајно е време тој самиот да си поднесе оставка или пак ФФМ да го отпушти.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
so eden zbor , odigravme NIKAKO ...... ednostavno , nasite fudbalski " zvezdi " , ne se zainteresirani koga se raboti za nastap vo drzavniot dres ....... ili ne se navistina podgotveni ( kako li tek igraat za maticnite klubovi ) , ili voopsto ne igraat ? ........... treto nema
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Очигледно е дека во репрезентацијата треба нешто да се смени.
За почеток тоа треба да биде Катанец!
Човекот нема резултати до сега никакви и крај!
Катанец е 3 години на селекторската функција и нашата репрезентација нема направено ни еден чекор напред кој подобрување на играта и резултатите.
Сегашниов селектор треба да се отпушти и на негово место да се стави друг.
Мое мислење е дека доколку би дошол Хаџиевски би имале многу поголем успех.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
OD UT SOKOL NE BIVA
|
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
samo pari i nisto drugo...koj e budala da trci za dzaba!
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи според тебе Нелсон треба да им се дава пари?
Човече играат за национална репрезентација фудбал,треба срцето на терен да го остават.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ostaj ti to..pominaa tie vreminja...sega samo pari i nisto drugo...mislis li deka i vo anglija bi igrale bez pari? ne....
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
nekomu i pari da dades , BADIJALA MU E ......... so sila ubavina ne biva
|
|
Внеси реплика | страница <1 910111213 35> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |