![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7879808182 138> |
Автор | |
Gabriela_S ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
DENES STANAV RANO,
A CUDNO, NE MI SE SPIE I SEGA KE SI SVARAM KAFE OTI MNOGU MI SE PIE NE METAM, NE CISTAM, NE SUREDUVAM RESIV ETE TAKA SAMO DA SE DOTERUVAM KE SE FARBAM, KE SE MIJAM VITLERI KE STAVAM A SO NOVA FRIZURA MANDZA NE MOZAM DA PRAVAM KE SE DEPILIRAM, KE SE LAKIRAM I NEMA DA BIDAM TAZNA KE SI IZLEZAM VO GRAD I KE SI SE PRAVAM VAZNA. |
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
kratko kazano - zenska na idninata... ![]() |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ТА ТИЕ СМЕ
На Гордана С. Та тие сме, зарем другпат поинакви сме биле, иднината изменети не не препознава... На опинците крвта од Самуила си ја носиме - клето племе брат брата за меѓа паламидна што убива... Пилиштари прават кајгана од јајца од шкопан петел - во крвта им кук*рига генот на големиот освојувач од Пела. Та тие сме, со песната на гладот се распознаваме - волчјо око самоизедно... Се газиме едни други со клетвата вековна во длапките - кајшто очи требало да имаме... Пилиштари пеат славопојки на водачи што одамна се изгубиле во шумата на самобендисаноста - гладно завива ембрионот на славата... Та тие сме, никогаш поинакви не сме биле, со сеир – белег сами обележани... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
ПодВодно ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Изменето од filmadzijka - 30.Март.2009 во 09:48 |
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Врисок силен,
а нем. Ја пара темнината глува. И секое делче од душата страдна на ситни парченца го разнесува. Паѓа на подот. Се меша со прашината, камчињата мали. Преминуваат оттука нечии нозе преку нив. Стискаат раце, тупаници... чизми... тркала тешки.... Се што остана... е само прашина и јад. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Палиш чкорче
од кибритот. Замисли си желба! Ако успееш да го догориш дп крај желбата ќе ти се оствари. Некогаш таква беше среќата детска во игра. Сега.... Палам чкорче. Го гледам пламенот, полека,смирено. Чекам да стигне до прстите. Полека со другата рака го фаќам изгореното. Пржи на двете раце сега. Трпам. Нека пече. Само да не догори. Нека потрае.... до последниот милиметар од душава што остана. Изменето од butterflyM55 - 31.Март.2009 во 00:48 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Од ден,од ноќ.
Од среќа,од несреќа. Од добро,од лошо. Од црно,од бело. Од сите можни контрасти на овој свет е создадено. Ко сибирски мраз го замрзнува секој дел. А живее во оган жив. Ко снежна лавина се истура низ планина и трпне секој дел од студ. А вжештена лава ја прати. И покор и непокор. И јад и инает. и болка и гордост. А ниедно не се разлева. Ниту се меша, ниту се одделува. А се е во едно, и само едното,другото го прати до последна цел. До грутката страдна. Каде мир ќе најде и се ќе стивне. ![]() Изменето од butterflyM55 - 31.Март.2009 во 00:46 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ти нудам заборав
ти го нудам рајот заборавен ти нудам крила и облаци само допри ме со оној допир за кој мислиш дека на него си заборавила за кој никој досега достоен не беше тоа е мое право знаеш дека е заслужено заради се она што сум каков ме знаеш заради се она заради кое се прилепивме нераскинливо заради онаа божествена светлина од тебе што зрачи толку топла и мила толку многу продорна разголен пред тебе постојам нема мисла моја која не е твоја тоа е твоето право заради тоа што си. |
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Во бескрајот просторен
талкаат.... Празни,навредливи, нежни,уверливи, самобендисани понекогаш и тажни... Знаат да бидат и убави,кратки. Како цвете да зацутат на усни слатки. До болка погодуваат кога се искрени. До солзи болат кога се злонамени. И само просторот ги држи сите на куп, на едно место собрани, но душата не... Претешки се за неа сите на едно место собрани-зборови. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СРЦЕ
На Наја Моето срце е големо а тебе сеуште никој не те подучил како да го усовршиш танцот на чувствата додека го премостуваш просторот што го зачував недопрен за твоите стравови, знаејќи дека еден ден ќе се појавиш поинаква од самата себе - слика од сон на скршено стакло... Некој го скинал листот со бајачки од книгата на старата фрлачка на чинки - не е тешко да се научи како се чува мирисот на нерасцутените насмевки на среќата... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
insane_angel ![]() Нов член ![]() Регистриран: 17.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 24 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ШТО Е ЖИВОТОТ АКО НЕ ФАНТАЗИЈА
Животот е како гума за џвакање - голем избор на варијации на тема. Разнобојни пакувања, на парче или пакување од повеќе парчиња, во зависност од издржливоста на конзументите. Вкусовите се различни - од слаткасто овошни со оптимистички вкус, кој впрочем најбрзо го снемува - до оние од лимон или портокал од кои ви се собира устата и од кој вашите плунковни жлезди добиваат шизофреничен напад. Нивната арома трае нешто подолго, но по почетниот шок, започнувате да уживате во нивната освежувачка киселост. Сепак, предност им давам на оние од кои „ви се смрзнува здивот“, бидејки ги отстрануваат непријатните мириси од минатите животи. Вистинска мастика за „искомплексирани“. Нивната жестина пружа лажно чувство на сигурност - лажно, бидејки сепак на крајот сите мастики завршуваат подеднакво. Почнуваат да се распаѓаат баш тука, во вашата уста и вие имате впечаток дека сте прелажани. Во најдобар случај, вашата изџвакана мастика внимателно ке ја завиткате во хартивче и со мала доза на нелагодност ќе ја одложите на за тоа однапред одредено место. Вие сте секако карактерна личност. Има и такви чии мастики завршуваат на крајно неприфатливи места. Тие мастики, искористени и отфрлени, се обидуваат да го продолжат својот патетичен живот со страст за одмазда. Чувајте се од такви мастики, тие се вистински извор на невољи. Сепак, на крајот и тие се стврднуваат и едноставно се откажуваат. Животот е како гума за џвакање. Напишано од Snashasasalasha член на форумот кој не зборува македонски. Изменето од insane_angel - 02.Април.2009 во 18:52 |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
хмммм....ха..ха.... интересно
![]() п.с.кон никот на авторот ,, љубио сам снашу на салашу, страстно беше мирисна ко мајска ружа рекла ми је коначно, ал сувише касно како има бркатог мужа,, ![]() Изменето од kejt-d-grejt - 02.Април.2009 во 20:45 |
|
![]() |
|
insane_angel ![]() Нов член ![]() Регистриран: 17.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 24 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ме испровоцира мажов мустаклија да дадам уште нешто од Snashasasalasha:
ЌЕ ГИ ЗГАСНАМ ЅВЕЗДИТЕ Ролетните се кренаа бејби и светлоста навлезе во нашата соба. Наеднаш стана очигледен сиот тој неред - замачканите прозори, неиспразнетите пепелници, загушливиот воздух, расфрланите слики, трошките по подот, разместениот кревет. Се погледнав во огледалото. Косата ми е разбушавена, темни кругови под очите, шминката ми е замачкана. Јадна сум. Јадни се и мислите мои. После неколку удари со главата во ѕидот, време е да се фатам за кваката. Се изиграв самата себе. Си дозволив себеси премногу луксуз. Ја губам контролата. Ја губам играта. Немам право да ја губам контролата, а играта ја предавам. Што е следно? Не сакам себеси да се доведам во ситуација да го поттикнам прашањето на твојот развод. Тоа би ме убило. Премногу е ниско. Од друга страна, однапред е изгубена кладбата да се игра на очекувањето да бидам споредна улога во твојот живот. Ќе го паметам perfect day. Ќе го паметам perfect night. Ќе ги паметам твојата страст, твоите детски насмевки и начинот на кој ме сакаше. Ќе заборавам дека те сакам. Изменето од insane_angel - 03.Април.2009 во 11:35 |
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Прекрасно е утрово
кое се буди над сенките на ноќта која полека заминува и со себе ги носи тајните на љубовта. Ги носи со себе сите твои и мои слики. Ги разлева насмевките. Секое твое делче кое ми го подари несебично,спонтано... Секој мој поглед кој те голташе како најслатка торта... Нека ги носи. Нека ги сокрие таму каде никој нема пристап. Во оној најдалечен дел од свемирот простран, недопрен од човечка рака. Невиден од човечко око. Нека ги заклучи. Нека ги чува. Исто како што ние ги имаме заклучени во нас длабоко. Изменето од butterflyM55 - 04.Април.2009 во 06:49 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7879808182 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |