|
Враќање на инквизицијата! |
Внеси реплика | страница <1 23456 27> |
Автор | |||||||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
jas znam deka tie sto go izrazile svoeto mislenje so peenje na crkovni pesni,i pravenje na litija......bea od crkvata.....sigurno.... i ne tepaa nikogo
drugata grupa na lugje koja se prikluci na crkovnata.......pokasno i vleze vo fizicka presmetka....so onie koi se predstavuvaa kako civilizirani i akademski gragjani-studenti(videte ja i taa grupa na sto vi lici) patem-a koi pocnaa so provokaciite i fizickiot sudir.......,posebno licnosta koja davase izjava na tv(poznat uzivatel na opojni sredstva)....mislam deka poveke nosese partiski predznak celata situacija.--za zal.....no onie koi se sobraa od crkvata odgovorno tvrdam deka nezemaa nikakvo ucestvo vo tepanjeto........namerata im bese da pokazat deka ima lugje koi sakaat tuka da se gradi hram........ |
|||||||
Fotina
Нов член Регистриран: 28.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
jas znam deka tie sto go izrazile svoeto mislenje so peenje na crkovni pesni,i pravenje na litija......bea od crkvata.....sigurno.... i ne tepaa nikogo
АМА КОЈ ДА ГО СФАТИ ОВА!!! |
|||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Како типично македонска карактеристика е мешањето на баби и жаби...
Почнувајќи од повиците на организаторите на првиот протест, до организаторите на контра-протестот, па се до коментарите на овој форум. Првин, треба да се одговори на прашањето: Зошто беше организиран протестот? Што е неговата (официјална) цел? Односно - дали е заради побуна против архитектонското нагрдување на градот? Ако е така, тогаш би сакал некој да објасни, што тоа ќе се нагрдува - Стоковната Типо, преубавиот влез на Трговскиот Центар или пак прекрасната зграда на ЕСМ? Дали е побуна против изградба на црква воопшто? Ако е така - зошто тоа не е формулирано на тој начин и зошто не се поведе референдум во врска со тоа. Механизмот за референдум е премногу едноставен - ако некој навистина сака нешто да направи во врска со ова, може да провери дали навистина има поддршка од граѓаните за таа своја идеја. Беше спомнато дека не треба да се прави тоа со парите на граѓаните... се согласувам, но исто така - тоа е работа која може да се реши референдумски. Дали е побуна против тоа што една партија го форсира градењето на црквата? Ако е така - тогаш е невкусно да се прави меѓу два круга на избори и сосема неадекватно. Дали овој протест на младите архитекти (повеќето од организаторите на протестот не се архитекти, но тоа е друга тема) кои се загрижени за убавината на градот е ист како протестот против затворањето на плоштадот со тараби, против градењето на огромното здание среде градскиот парк, како протестот против ужасните дивоградби кои никнуваат низ градот на секој чекор, како протестот против новиот предлог за зграда на Драмски Театар? За жал не е... затоа што за сите овие други работи немаше протести. Така што - да престанеме со мешањето на баби и жаби. Ако некој има против нешто конкретно - нека се изјасни така. А "верниците" тука кои го поддржуваат градењето на црквата, нека ви е вам на чест (или на срам!) некритикувањето на употребата на сила. |
|||||||
Do what is right, come what may...
|
|||||||
Fotina
Нов член Регистриран: 28.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Читај погоре...и ние сме против секакво насилство...јас кажав дека ми е жал што тие што се тепаа не покажаа љубов...
Се извинувам |
|||||||
Ateist
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 757 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Под бр 1. Протестот бил уредно најавен, без разлика кој стои зад него и кој се учествувал, дали се архитекти, наркомани, хомосексуалци.... потполно е неважно
СЕКОЈ има СО ЗАКОН ЗАГАРАНТИРАНО право да го искаже своето мислење под бр 2. Некој со насилство и контрапротести КОИ ШТО НЕ СЕ НАЈАВЕНИ им го забранува правото на искажување на јавно мислење. Кој тие луѓе ги повика на таканаречен „контрапротест“ и по кој повод, и кој дозволи два протеста во исто време и на исто место??? Нели е ова симптоматично??? се знае кој е организаторот, тајфата на 10 до 2 (читај Енџи) Изменето од Ateist - 30.Март.2009 во 00:35 |
|||||||
Да бидеш верник е исто како да си слеп, а да раскажуваш за светлината (Атеист)
|
|||||||
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
se se znae..ama sto vredi...sekoj si go tera svoeto.
|
|||||||
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Па токму таа одредена група сакала да се изјасни така, со мирен протест да го искаже своето незадоволство од градењето објект (црква) на тој дел од градот и во тоа беа спречени од друга група јуришници на МПЦ & Со кои „случајно“ се нашле таму. А за тоа што на неколку поста спомнуваш референдум - тоа е работа на власта , а не на некоја одредена група луѓе. Таа до сега требала да спроведе таков референдум за народот да се изјасни, бидејќи оваа идеја не е од вчера. Но, не го прави тоа. Зошто? Се плаши од неприфаќање? Ќе се сруши концептот (идеологијата) на владата за насилно наметнување на верата во општественото живеење? Како поинаку да се протолкуваат постапките на оваа влада со воведувањето на веронауката во училиштата, со градењето на цркви на секој чекор и тоа во строгите центри на градовите (уште една таквва е во изградба во центарот на Велес. Незнам за во другите градови, но претпоставувам дека и таму има слични работи), со воведување верски празници како државни празници... Очигледно е дека кај нас се измешаа баби и жаби, бидејќи политичарите се бават со верски активности, а свештениците со бизниси (Изгрев, „манастирскиот“ комплекс на прота Стојко (тој свештеник што беше на лице место на плоштадот и што даваше изјава) во с. Теово, близу Богомила ... Во право си за индолентниот однос на некои од нашиве верници со некритикувањето или оградувањето од овие немили настани. Дури некои од нив и го оправдуваат! |
|||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Златник... не си во право.
Прво - не го оправдувам контра-протестот во никој случај. Неколку пати се изјаснив доволно јасно. Второ - прашањето ми беше - ЗОШТО беше протестот? До сега има десетина различни одговори, што наведува на мислата дека е политичко средство, а не граѓанско. Познавајќи лично дел од организаторите и учесниците - сигурен сум во тоа. Но тоа е мое лично видување. Уште нешто - референдумот е средство на народот, а не на власта! Власта не е таа која треба да бара референдум, туку народот! Референдум се реализира во два случаи. Прво - кога власта предлага нешто, со што голема група на граѓани не се согласува и преку референдум бара демократски да се изјасни мнозинството. Второ - кога владата не предлага нешто што е од јавен интерес, па група граѓани бара референдум, за да ја задолжи (обврзе) власта да го спроведе тоа барање во закон. Тоа се практичните примени на референдумот. Тоа е алатка со која НАРОДОТ се служи. И повторно - прашањето не е за МПЦ, за Изгрев, за веронаука во училиштата, за една или друга партија... прашањето е за конкретната црква која треба да се гради на конкретниот плоштад. На коментарот дека не треба со народни пари да се прави тоа - убаво реков - токму затоа има референдум. Има уште поголема група на граѓани која смета дека не треба со народни пари да се прават спортски сали. Уште поголема која смета дека со народни пари не треба да се градат театри, дека не треба да се гради атомска централа, термо-електрана, итн итн итн... секогаш, што и да се предложи, има една поголема или помала група на граѓани која не е согласна со тоа. И исто толку голема или помала група на граѓани која е согласна. Доколку на противниците на идејата навистина им е битно да се слушне нивниот глас - граѓанското општество нуди јасен, брз и многу едноставен механизам. Се додека се продолжува со мешањето на бабите и жабите на едно место - нема ништо да се смени, затоа што не е јасно што тоа чини, што не, против кого, кој и како се буни. |
|||||||
Do what is right, come what may...
|
|||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
протестот немаше никаква врска со религија или политика, едноставно борбата беше против архитектонското нагрдување на градот, затоа паролата беше „не го силувајте Скопје“, да беше против црквата ќе беше „не градете црква“, црквата беше само прв објект на удар како сеуште незапочнат, да не беше крваво спречен протестот ќе се проширеше и кон другите објекти кои допрва не чекаат
а ако толку ја сакате својата религија, изградете по една црква онаму кај што нема, а има христијанско население, довршете ги недоизградените, обновете ги и актуелизирајте ги веќе постоечките!!! мислам дека далеку подобро решение |
|||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Бидејќи ме остави без зборови, се што ќе надополнам на горекажаното е еден голем аплауз
Ретко се сложувам со Ateist, ама кога ќе се сложам, тоа е сложување до даске
|
|||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Да и јас се согласувам со постот на Атеист (а и со тебе, замисли?!).
|
|||||||
Do what is right, come what may...
|
|||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Инаку на клиповите ништо не се гледа од тоа што ти сакаш да го прикажеш освен примитивна толпа граѓани наспроти полу-тврдоглави студенти кои се чини дека недоволно добро се организирале и тоа им е голем минус. И тие згрешија, не требаше да возвраќаат на провокациите, но ајде да бидеме искрени, дека ЗА КАВГА ТРЕБА (најмалку) ДВАЈЦА.
Изменето од Majkl - 30.Март.2009 во 00:53 |
|||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
едно не сфатив, зошто „верниците“ викаат дека протестот бил против македонија? православното население не е само македонско
ај некој нека ми објасни како човек ја негира својата земја негирајќи верски објект? ај да речеш демек со тоа било нападнато христијанството, ама кој жити све ја нападна Македонија? |
|||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
|
|||||||
Внеси реплика | страница <1 23456 27> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |