|
УЕФА Лига на Шампиони |
Внеси реплика | страница <1 1415161718 43> |
Автор | |
traj
Нов член Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
druze imas li nekoja sigurna
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
FT Bayern Munich 7 - 1 Sporting Lisbon
FT Juventus 2 - 2 Chelsea FT Liverpool 4 - 0 Real Madrid FT Panathinaikos 1 - 2 Villarreal Pen. AS Roma 1 - 0 Arsenal * FT Barcelona 5 - 2 Lyon FT FC Porto 0 - 0 Atletico Madrid FT Manchester U. 2 - 0 Inter Milan Zalosno Roma odpadna na penali |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
sega go gledav vlecenjeto za vo 1/4 finale...
Villareal - Arsenal Porto - Manchester United Liverpool - Chelsea Bayern - Barcelona Kaj bas barcelona se padna uste sega sp bayern! |
|
|
|
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Interesno...spored mene bez problem bi trebalo da pomine mancester i arsenal donekade, a za drugive ke gledame interesen fudbal
|
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
У ама ждепка се паднала лелеееее Ливерпул - Челзи...оф,оф ,оф како Челзи глатко ќе ги помине Ливерпул,како мерак ќе ми се направи да го видам Бенитес прицрвен од нервоза.
Виљареал - Арсенал..пак се среќаваат,само сега во 1/4 финале,доста неизвесно според мене.
Порто - Манчестер.јун...Полесен противник не постои за Ман.јун,сигурен пласман за Фергусон во 1/2 финале.
Баерн.М - Барселона..хмммм најнеизвесен двомеч според мене,Барса ќе треба добро да запне ако сака понатамо,сепак Баерн влегува во форма во домашното првенство а и мечот со Спортинг Лисабон покажа колку може да бидат силни,ептен неизвесно со малечка предност за Барселона поради тоа што вториот меч че се игра на Камп Ноу.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bayern samo moze da pomine ako odigraat 2 utakmici bez greshki...sekoja greshka ke bide kazneta...Messi, Eto'o, Henry samo cekaat na nekoj kiks pozadi i odma kaznat dodeka na Bayern im treba 10 shansi za gol!...ke vidime
|
|
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не би рекол Вардар дека е баш така,поштувам многу игра до Барса ама Баерн е тврд орев секогаш.
Мечот во Минхен го добиваат 100%,проблем ќе им биде малу на Камп Ноу,ама со Германци нема зезање.
Виде вчера што им направи Хамбург на Галатасарај,потоп ги напрај Гереро.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ja gledav sekoja utakmica od Bayern i spored ova mozam da kazam shansite se mali...no sepak se nadevam kako navivac na Bayern
|
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не би рекол дека им се мали шансите,моментално имаат неколку стандардни првотимци повредени но сепак се доста силен тим.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПО МИНАТОНЕДЕЛНАТА ЖДРЕПКА
Сега Јунајтед е прв фаворит за титулата во ЛШ Актуелниот европски првак Манчестер Јунајтед сега е прв фаворит за титулата во Лигата на шампионите со што би бил првиот тим што ќе го одбрани трофејот во ова натпреварување од неговото формирање во 1992 година. Досега на тоа место беше Барселона, но по минатонеделната ждрепка за четвртфиналето, Јунајтед го презеде “приматот” имајќи предвид дека доби релативно најлесен пат до големото финале што се игра на Олимпискиот стадион во Рим. Коефициентот на премиерлигашот сега изнесува 15/8, додека Барселона има 11/4, а Челзи и Ливерпул 13/2. Во четвртфиналето Јунајтед за противник го доби португалскиот првак Порто, а потоа ќе го очекува подобриот од дуелот Арсенал-Виљареал. Иако никој од овие противници не е наивен, сигурно овој дел од “костурот” е далеку полесен од вториот во кој се наоѓаат Барселона, Баерн, Челзи и Ливерпул. Во последната недела британските обложувалници добиле голем број влогови на конечен триумф на Манчестер Јунајтед што сопствениците ги натерало да ги намалат коефициентите. Барселона е голем фаворит за триумф во двомечот со Баерн Минхен бидејќи коефициентот за победа на актуелниот германски тим изнесува 14. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нови средби на старите познаници
Манчестер Јунајтед-Порто и Виљареал - Арсенал. Добро познати двојки од последните пет сезони. Првите во 2004 година се сретнаа во осминафиналето, а другите две сезони подоцна решаваа кој ќе и биде противник на Барселона во големото финале. Заедничко за двата дуела е што донесоа голема драматика во последните моменти кога се решаваше прашањето околу победникот. Алекс Фергусон многу добро се сеќава на реванш-осминафиналниот дуел од Лигата на шампионите пред пет години. Тогаш со неговиот Манчестер Јунајтед влегоа како големи фаворити во дуелите со анонимните фудбалери на Порто предводени од уште еден анонимус, Жозе Мурињо, кој по тој натпревар стекна со светска слава. Првиот меч на Драгао заврши со победа на португалскиот првак, но минимална со 2:1 и сите очекуваа лесна работа за "ѓаволите" пред своите навивачи. Сколс го отвори резултат по половина час игра, Јунајтед имаше контрола над играта, но Костиња во судиското продолжение погоди од слободен удар и го однесе Порто во следната фаза, подоцна и до втората шампионска титула во елитното натпреварување. Сега ситуацијата е доста слична. Јунајтед повторно има доминантен состав, Порто е предводен од доста непознат тренер во светски рамки и нема голем број познати фудбалери, но е подготвен за изненадување, особено поради тоа што реваншот се игра на Драгао. За разлика од претходните натпревари во домашното првенство, Алекс Фергусон сега ќе ги има на располагање сите фудбалери вклучувајќи ги Сколс, Руни и Видиќ, кои беа суспендирани, а единствениот што ќе недостасува е Рио Фердинанд, кој е повреден. Во неделата против Астон Вила блескаше Кристијано Роналдо, кој постигна два од трите гола, а сега ќе има помош од Руни и Тевез во нападот. Кај Порто сите фудбалери се на располагање, а актуелниот португалски првак оди на Островот со одлична атмосфера откако во саботата повторно победи во домашното првенство и ја задржа предноста од четири бода во однос на Бенфика и Спортинг. Двата тима имаат проблеми со повредени фудбалери во последно време, но Арсенал може да се пофали со добра форма. Кај домашниот тим сигурно нема да настапи Санти Казорла, кој е еден од клучните фудбалери, додека освен Едуардо и Диаби, Арсен Венгер не може да смета на Ван Перси, кој не ни отпатува во Шпанија поради повредата заработена на квалификацискиот натпревар на холандската репрезентација против Шкотска пред десетина дена. Затоа, во екипата се враќа капитенот Цеск Фабрегас, кој, најверојатно ќе остане на клупата, а тука е и Волкот, кој во нападот ќе му прави друштво на Бентнер. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Две "нули" за интересни реванши
Порто и Арсенал ќе имаат мала предност во вторите натпревари на од четврт-финалето во Лигата на шампионите што ќе ги играат на домашен терен. Двете екипи се изборија за реми на гости и тоа со постигнат гол, па идната среда ќе можат да обезбедат пласман меѓу четирите најдобри во Европа и меѓусебен дуел ако успеат да ги сочуваат своите мрежи. Симпатиите на европската фудбалска јавност синоќа ги освои Порто кој воопшто не се исплаши од големиот Манчестер Јунајтед и одигра извонреден натпревар на Олд Трафорд. Актуелниот шампион Манчестер Јунајтед ќе мора да постигне најмалку еден гол на реваншот во Порто ако сака да се надева на пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите. Дека нема да биде се како што прогнозираа стручњаците беше јасно уште во четвртата минута кога по една несигурна интервенција на домашната одбрана Родригез го совлада Ван дер Сар и го отвори резултатот. Бруно Алвес се реваншираше на спротивната страна, му подари чист гол на Руни, па по само 15 минути игра по еднаш се тресеа двете мрежи. Порто не попушташе, играше како за противник да има некој просечен тим од португалското првенство и без разлика на нерешениот резултат, сакаше да се надигрува. За малку не ја искористи шансата за ново водство пред крајот на првото полувреме, а и во вториот продолжи во ист стил. Фактот што само 50 часа претходно играа тежок натпревар против Астон Вила во Премиер-лигата веројатно беше пресуден фудбалерите на Манчестер Јунајтед да не можат да го извадат максимумот од себе во вториот дел. "Џокер" на Фергусон беше Карлос Тевез кој влезе во игра во второто полувреме и веднаш се покажа корисен за својот тим постигнувајќи гол на пет минути пред крајот за кој сите мислеа дека ќе биде одлучувачки за европскиот првак да замине во Португалија со минимална предност. Но, така не мислеше гостинот. За повторување на 2004 година и уште едно реми со големиот противник на Олд Трафорд се погрижи нововлезениот Гонзалес кој на минута пред крајот на регуларниот дел искористи уште една голема грешка на противничката одбрана на која уште еднаш стана јасно дека и недостасува фудбалер како Рио Фердинанд. И Арсенал има добра можност да се пласира меѓу четирите најдобри екипи во Европа ако успее да го сочува својот гол на реваншот против Виљареал идната среда. Иако уште од самиот почеток имаа негатива поради голот на Сена, "топчиите" не се предадоа, па преку Адебајор успеаја да израмнат. Тимот на Венгер добива физиономија во финишот од сезоната, полека се враќаат повредените фудбалери, па нема да биде никакво чудо ако Арсенал повторно дојде до големото финале. Ако се гледа традицијата, повторно за противник го има Виљареал и повторно на Ел Мадригал извлече реми. Пред три години тоа беше без голови, сега е 1:1, но и тоа може да биде доволно на Емирати да се прослави уште еден пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу мотиви на Енфилд
Петтипат во последните пет сезони англиските гиганти Ливерпул и Челзи ќе ги вкрстат "копјата" во натпреварите од Лигата на шампионите. Досега трипати се сретнаа во полуфинале, еднаш во фазата по групи, што значи дека ова е нивно прво соочување во четврт-финале, но тоа никако не ја намалува важноста на натпреварите и тензијата што постои пред денешниот прв дуел. И двете екипи имаат големи мотиви за одмазда. Ливерпул за ланската несреќна елиминација во полуфиналето кога, особено во првиот меч на домашен терен, го надигра лондонскиот тим, но по продолженијата на Стемфорд Бриџ мораше да се збогува од московското финале, а Челзи за двата порази во Премиер-лигата оваа сезона. Особено беше болен првиот доживеан на својот стадион со што Ливерпул ја прекина серијата од 86 натпревари без пораз на Челзи на домашен терен и само ја најави кризата која резултираше со менаџерска смена по што на клупата седна искусниот холандски стручњак Гус Хидинк. Токму тој успеа да го препороди тимот кој се врати во трката за шампионската титула, но многу поверојатно е дека ќе се обиде да стигне до трофејот во Лигата на шампионите. Ливерпул игра во фантастична форма во последно време. Откако го елиминираа Реал Мадрид во претходната фаза "црвените" нанижаа три победи во домашното првенство и се доближија на само еден бод негатива во однос на Манчестер Јунајтед на седум кола пред крајот на сезоната. Она од што најмногу треба да се плашат фудбалерите на Челзи и нивниот менаџер е одличната соработка меѓу Џерард и Торес, кои заедно оваа сезона постигнаа 32 гола во сите натпреварувања. Капитенот е нешто поефикасен, но Торес долго време беше повреден и во последно време целото внимание на противничките фудбалери е насочено кон него, па тој се обидува да игра за своите соиграчи. Голем проблем за Бенитез ќе биде неиграњето на Маскерано поради жолти картони, но тука е Лукас да го замени. Челзи воодушевува со своите игри од доаѓањето на Хидинк, кој како да ги разбуди фудбалерите од зимски сон. За разлика од неговиот претходник Сколари, тој игра со двајца напаѓачи Анелка и Дрогба, а Лампард добива многу поофанзивни задачи, што најдобро се виде во саботата кога постигна еден и асистираше за вториот гол на својот тим. Челзи ја почна сезоната со одлична серија на гостински терен при што собори еден рекорд, но оттогаш игра доста слабо на гости. Сепак, Хидинк сега ги има на располагање сите фудбалери и тоа би можело да се покаже доста важно на овој меч. Се разбира дека вниманието вечерва целосно ќе биде насочено кон Енфилд иако на Ноу Камп се игра уште еден мошне интересен натпревар во кој Барселона го пречекува Баерн Минхен. Каталонскиот клуб многумина го сметаат за најсериозен кандидат за шампионската титула во ова натпреварување сезонава, но тоа ќе мора да го докаже на теренот. Тешкиот распоред во финишот од сезоната кога се очекува и расплет во домашното првенство може да биде голем проблем за момците на Гвардиола, но првата сериозна пречка кон остварување на големите амбиции ќе биде тимот на Баерн. Барселона се уште има шанси за освојување на сите три титули во оваа сезона, но за тоа ќе & биде потребна и голема среќа. За разлика од поголемиот дел од сезоната, Барса сега ги има здрави сите фудбалери вклучувајќи го Јаја Туре, кој беше неизвесен за дуелот со Баерн. Се очекува повторно во нападот да заиграат Анри, Ето и Меси, најефикасното трио во европскиот фудбал во оваа сезона. Баерн Минхен ја шокира Европа кога во претходната фаза од Лигата на шампионите го елиминира Спортинг со вкупен резултат 12:1, но уште поголемо изненадување беше она во саботата кога во Бундес-лигата загуби од Волфсбург со 5:1. Баварскиот клуб е далеку од она реноме кое го имаше на почетокот од оваа деценија при што во 2001 година стана и европски првак, но ниедна екипа не смее да го потцени ако сака да извади позитивен резултат. Во последните осум години Баерн не успеа да стигне до завршницата од Лигата на шампионите, но останува фактот дека во своите редови има еден од најдобрите светски фудбалери Рибери и расни напаѓачи како Тони и Подолски. ОВА СИГУРНО НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ - Иако играа осум натпревари меѓу себе во последните четири години, Ливерпул и Челзи забележале само по две победи, но никогаш со поголема разлика од еден гол. - Само Баерн Минхен и Реал Мадрид играле повеќепати меѓу себе во натпреварите од Лигата на шампионите (12 дуели). - Ливерпул нема пораз од Челзи на својот стадион на последните пет натпревари, а ја доби последната пресметка во февруари оваа година благодарение на двата гола на Фернандо Торес во самиот финиш од мечот. - Џерард и Карагер од Ливерпул играа на сите досегашни осум дуели со Челзи во ЛШ. Кај лондонскиот тим постојано присутни беа Чех, Лампард, Тери и Дрогба. - Ова е вкупно 23. дуел на Ливерпул и Челзи во последните пет години во сите конк*ренции. "Црвените" сезонава победија на двете премиерлигашки средби, но Челзи има позитивен скор 9:7 со шест нерешени дуели. - Ливерпул е во серија од меча без пораз во ЛШ. Последниот кој успеа да го победи беше токму Челзи на 30 април минатата година во полуфиналето. - Ливерпул постигнувал барем по еден гол на последните 18 натпревари во Лигата на шампионите. Последен пат не успеал да реализира на 3 ноември 2007 година против Марсеј на Енфилд. - Челзи нема победа на гости во ЛШ на последните седум натпревари. Последната ја оствари на 28 ноември 2007 година против Розенборг. - Менаџерите на двете екипи, Рафа Бенитез и Гус Хидинк, имаат по една титула во ЛШ или КЕШ, а заедничко им е тоа што до неа стигнале по изведување пенали. Уште една заедничка работа им е што двајцата работеле во Валенсија. - Барселона и Баерн се најефикасните екипи во Лигата на шампионите оваа сезона со по 24 постигнати гола. - Баерн е една од трите екипи без пораз во ЛШ оваа сезона заедно со Ливерпул и Манчестер Јунајтед. - Барса и Баерн досега не играле меѓу себе во Лигата на шампионите, единствените две средби на меѓународна сцена им се во полуфиналето од Купот на УЕФА во сезоната 1995/96 кога славеше германскиот клуб. - Барселона досега прими 11 гола, најмногу од сите учесници во четврт-финалето во ЛШ. - Франк Рибери досега има шест асистенции, најмногу во ова натпреварување. ИЗЈАВИ: МАРК ВАН БОМЕЛ (БАЕРН): В среда играме против најсилната екипа во светот во овој момент и тоа уште на нејзин стадион. Како и многу други, и јас верувам дека ако Барселона успее да не елиминира ќе ја освои Лигата на шампионите. Но, ако ние излеземе како победници, ќе испратиме јасна порака: "Гледајте, Баерн се врати". ФЕРНАНДО ТОРЕС (ЛИВЕРПУЛ): Никој никогаш не рекол дека ќе биде лесно против Челзи. Впрочем, ние со нив никогаш не сме имале лесен натпревар. Само се надевам дека ќе одиграме нови добри 90 минути и дека ќе го нокаутираме Челзи веќе на првиот натпревар. ПЕП ГВАРДИОЛА (БАРСЕЛОНА): Формата во шпанското првенство нема ништо заедничко со Лигата на шампионите. Затоа мислам дека имавме лоша ждрепка со тоа што ни падна Баерн. Тоа е екипа што четири пати била европски првак, рекордер по бројот на титули во Германија и сигурно ќе дојдат овде со голема мотивација. КАРЛЕС ПУЈОЛ (БАРСЕЛОНА): Треба да влеземе во овој натпревар со голем респект затоа што се работи за многу квалитетен противник. Во оваа фаза од Лигата на шампионите нема фаворити, така што не знам дали ние би можеле да се наречеме така. Баерн има одлични фудбалери како Тони и Рибери, кои сами можат да го решат секој натпревар. Важно е да го наметнеме нашиот стил и да бидеме агресивни и во напад и во одбрана. ГУС ХИДИНК (ЧЕЛЗИ): Нема тајни во модерниот фудбал, па така не гледам како јас или мојот колега Бенитез би можеле да се изненадиме еден со друг. Се надевам само дека ќе ја наметнеме нашата игра, ќе создаде голем број шанси и ќе излеземе како вкупни победници. Важно е тоа што немаме притисок до каде да стигнеме во Лигата на шампионите и тоа би можело да ни ја олесни задачата. ЏЕЈМИ КАРАГЕР (ЛИВЕРПУЛ): Резултатите против Челзи оваа сезона ни се многу добри и ако играме на истиот начин како во првенството, сигурно ќе ги елиминираме. Лани немавме среќа затоа што Рисе си постигна автогол во финишот од првиот меч, инаку ќе победевме и тогаш. Сега е друго, влегуваме во двомечот во подобра форма и мислам дека можеме да славиме. к*рИОЗИТЕТ Тренерот на Баерн Минхен, Јирген Клинсман, е единствениот од осумте во четврт-финалето на Лигата на шампионите што се уште не претрпел пораз во ова натпреварување. Точно е и тоа дека како тренер има најмал број натпревари во Лигата на шампионите, но и покрај се неговиот успех е за секаков респект. На осумте натпревари во оваа сезона (шест во фазата по групи и два во осмифиналето), Клинсман има ист однос: шест победи и два нерешени резултати што исто така го прави доста успешен. ЈУБИЛЕЈ Голманот на Ливерпул, Пепе Реина, вечерва ќе стане првиот чувар на мрежата на клубот од Енфилд со 50 настапи во Лигата на шампионите. Шпанскиот репрезентативец дојде во Ливерпул во 2005 година од Виљареал, но за време на својот престој на Островот се промовираше во еден од најквалитетните не само шпански, туки и европски голмани. Еднаш го однесе својот тим во финалето на Лигата на шампионите, една година претходно му донесе титула во ФА Купот откако во финалето против Вест Хем одбрани три пенали, а во 2006 и 2007 година беше прогласен за најдобар голман во Премиер-лигата со 20, односно 19 натпревари без примен гол во една сезона. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Внеси реплика | страница <1 1415161718 43> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |