IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Откриени се бактерии високо во Земјината атмосфера
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Откриени се бактерии високо во Земјината атмосфера

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Откриени се бактерии високо во Земјината атмосфера
    Испратена: 27.Март.2009 во 01:09

Индиската Вселенска Истражувачка Организација (ISRO) во последно време е доста активна. Како што Индија индустриски и финансиски се повеќе расте, така и агенцијата станува се поактивна и помоќна.

Минатата година Индија ја испрати својата прва сонда кон Месечината која заврши со контролирано уривање на нејзината површина. Сега агенцијата излезе и со тврдење за уште поголемо и повозбудливо откритие кое можеби ќе ја предизвика перцепцијата и размислувањето на луѓето за екстратерестријалниот живот. Индија тврди дека пронашла три различни видови на бактерии кои живеат во многу тенок слој од ретката горна атмосфера, на висина од 40 km над површината на Земјата. Многу научници ги сметаат овие бактерии за екстратерестријални поради тоа што живеат во такви сурови услови и на толку големо растојание од површината. Доколку ова откритие се потврди, тоа ќе означи нова ера во проучувањето на живот во екстремни услови.

Бактериските колонии мора да се способни за опстојување во многу сурови услови. Ултравиолетовите зрачења на толкава висина и вон атмосферскиот заштитен слој, се доволно силни за да уништат било какви бактерии, а згора на сè, тие мора да се справуваат со екстремни температури, ретката концентрација на воздушни честички и недостаток на органски материи.

Сега се развиваат широки дебати за потеклото и структурата на бактериите. Некои научници сметаат дека тие потекнуваат од Земјата, но биле исфрлени во атмосферата преку вулкански ерупции или на други начини, додека пак други сметаат дека тие потекнуваат од Вселената.

Првиот откриени тип на бактерии е наречен Bacillus Isronensis, во чест на ISRO, вториот тип е наречен Bacillus Aryabhata, во чест на античкиот Индиски астроном Ариабата, додека третиот вид е наречен Janibacter Hoylei во чест на астрофизичарот Фред Хојл.

Бактериите беа откриени со помош на научните инструменти на истражувачки балон на ISRO за мерења на големи височини, лансиран од Националната фабрика за балони во Хајдерабад. 459 kg тешкиот балон почнал да собира примероци на висина од 20 km па се до висина од 41 km, каде што отпирила и биле откриене бактериите. Анализите од примероците беа вршени во Центарот за клеточна и молекуларна биологија и Националниот центар за клеточна наука (NCCS) во Хајдерабад.


Балонот на ISRO со чија помош беа откриени бактериите.

Најавата за ова откритие не е првото вакво тврдење од една вселенска организација за екстратерестријален живот. На почетокот на годинава, NASA најави знаци за постоење на живот на Марс кога лендерот Феникс откри дека Марсовата атмосфера содржи значајни количини на метан. На Земјата, главниот извор на метанот се живите организми.

Со откритијата од ваков тип, секако дека не е надвор од реалноста да се размислува за можноста бактерии да постојат и живеат на место како што е Марс, иако неговата хемија е премногу екстремна за поголемиот број на животни форми на Земјата.

А.Д. www.tehnologija.com.mk

___________________________________________________________

Dali ova znaci deka sepak moze ima Marsovci збунетостголема%20насмевка

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 11:36
ако бактериите се сметаат за марсовци...... голема%20насмевка можеби и има.... кој знае збунетост
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 13:58
pa sega... ako pod marsovec podrazbiras oblik na zivot (ziv organizam), togas da bakterija moze da e marsovec... голема%20насмевка... a ako ocekuvas zeleno isuseno covece so golemi oci... za to ke pocekame голема%20насмевка
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 14:31
ne se znaeдоста%20е
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 15:01

Тууу а нешто се открие десетина километри над површината на Земјата и одма луѓево марсовци, вонземјани, чуда А У. Дај оладете малку.

Пред некое време така открија метан на Марс и одма по медиумите А У А У откривме живот на Марс, марсовци бегајтеееее голема%20насмевка
Кој знае, на крај може да се испостави дека тој метан бил од прдежите на астронаутите газење%20од%20смеење се шалам... но сепак, од метан до живот, од магаре до музика.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
traktorce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Brm Brmm

Регистриран: 19.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај traktorce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 21:31
Na 40km збунетост... hm... размислување Se e mozno... nekoj poprost oblik na zivot...збунетост

Изменето од traktorce - 27.Март.2009 во 21:59
Подобро еден ден Волк, него цел живот Овца !!!
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 23:14
па, и животот на Земјата настанал од такви прости форми... можно е тоа да се случува и на другите планети трепкање само ќе биде мноооогу долг процес, кој не верувам да го доживеам голема%20насмевка
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.