IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Вселена
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вселена

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 8>
Автор
Порака Обратен редослед
Petkovsky Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 239
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Petkovsky Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2009 во 01:21
Не се лути одма, за статијата зборев, не за тебе

Еве ке се повторам. Светлина и радиобранови е еден ист феномен. Разликата е само во брановата должина.

Луѓето што го уредуваат сајтот не ги знам, но, доколку се навистина добри во својата бранша, тогаш објавување на ваква статија е крајно непрофесионално.

Ко прво, немаат ни извор ставено. Второ, како воопшто можат да објават ваква контроверзна статија, без претходно да ја проверат. Погледни овде, и прочитај ги коментарите подолу. Ке се повикам на еден за да го подржам мојот став:

As I've been saying elsewhere in this thread, I am the undergraduate student (in fact, the only person at the moment) working on the hardware for this project at the Los Alamos National Lab. This article poorly represents what we are doing, and is very outdated to boot. John Singleton was not allowed to review this article before it was published, so it contains a number of falsehoods that would lead people to believe that this whole concept is pure quackery. I assure you, no radio waves are traveling faster than light.

John Singleton

www.astronomija.com.mk и уште поголеми


Voila. Case closed    

Уште нешто:
The phase velocity of a radio signal can exceed the speed of light. This is not prohibited.

However, the group velocity (which corresponds to the velocity that information is sent) is exactly equal to the speed of light. That's because radio IS light.

Изменето од Petkovsky - 11.Јули.2009 во 01:56
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2009 во 00:46
Petkovski ova mene dan mi se smeat mislese? збунетостизненадувањелутина
Ne se grizi mozebi ne znam neso drugo ama za svetlinata (elek. branovi), bar nekoj najopsti podatoci veruvaj znam

Statijata ubavo si kaza deka uspeale da se zabrzaat radiobranovite do brzini pogolemi od brzinata na svetlinata, ovdeka aludirajki na ona poznatoto 300 000 km/s. Toa im bese poentata, veruvaj, zatoa sto lugeto sto go ureduvaat sajtov mnogu dobro ja razbiraat fizikata i ne bi si dozvolile da napravat takov gaf za nekoj ko ti da im faka seir среќа. A ti ili ozbilno ne sfati ili sakase da ispadnes segovit ne znam збунетост

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Petkovsky Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 239
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Petkovsky Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2009 во 19:34
Глупости...и тоа на квадрат...па радиобранови и светлина е едно исто. Кога ке се спомне светлина, интуитивно се мисли на видливиот спектар. Радиобранови, микробранови, гама и икс зраци итн...се се тоа електромагнетни бранови во кои спаѓа и светлината. Се се тоа фотони. И ај сега кажи дека светлината може да патува побрзо од светлината и очекувај да не ти се смеат.

http://en.wikipedia.org/wiki/Electromagnetic_spectrum

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2009 во 18:38
Направа која им овозможува на радиобрановите да патуваат побрзо од светлината
09.07.2009

Поларизациски синхротрон - забрзувач (акцелератор) во кој наелектризираните честички се забрзуваат по фиксна кружна патека со помош на електрично поле, а се оддржуваат на таа патека со засилување на магнетното поле
Џон Синглтон (John Singleton) е научникот кој создаде направа која може да ги натера радибрановите да патуваат побрзо од светлината. Иако Ајнштајн има предвидено дека честичките и информациите не можат да патуваат побрзо од светлината, со овој експеримент се потврдува дека феноменот на радиобрановите е приказна сама за себе.

Поларизацискиот синхротрон ги комбинира брановите со помош на брзоротирачко магнетно поле, а исходот од ваквиот експеримент дава објаснување на прашањето зошто пулсарите (супергустите ротирачки ѕвезди кои се подкласа на неутронските ѕвезди) емитираат толку моќни сигнали. Феноменот на пулсарите е нешто што веќе долго време претставува загатка за научниците.

Поларизацискиот сихротрон толку моќно ги третира радиобрановите што, на крај, тие се „предаваат“ и почнуваат да се движат побрзо од светлината. Можеби точно ова е она што се случува и во пулсарите. Она што досега го знаеме за пулсарите е дека тие се брзоротирачки неутронски ѕвезди кои емитираат радибранови преку пулсеви. Но, не знаеме со сигурност зошто овие пулсеви се толку светли, или како е можно тие да патуваат на толку долги растојанија.

Направата се состои од 2 метри долг и благо закривен лак од алуминиум (елемент кој претставува диелектричен материјал) и низи од електроди, прикачени на правилни интервали долж лакот. Со применување на синусоиден напон низ секоја од електродите и со блага промена на фазата на напонот од една електрода во друга, се генерира синусоидно-варирачки поларизациски бран, кој се движи низ направата. На овој начин, истржувачите тврдат дека со внимателното прилагодување на фреквенцијата на напонот и на фазата, на радиобрановите може да им се даде брзина поголема од онаа на светлината. Од друга страна, пак, знаеме дека не постои квантен полнеж кој патува побрзо од светлината.

Покрај одговорот за пулсарите, кој овој пронајдок им го дава на астрономите, откритието на Синглтон може да претставува голем технолошки придонес и во голем број други области, како што се медицината и комуникациите. Така, на пример, една од придобивките на откритието на радиобранови со брзина поголема од онаа на светлината (кои можат да се „спакуваат“ во еден високо-моќен бран со големина на песочно зрно) лежи во произведувањето на нова генерација мобилни телефони, кои би комуницирале директно со сателитите, што би ја заменило денешната пракса на трансмисија преку релејни кули. Телефоните би нуделе многу посигурни услуги и би биле многу потешка цел за хакерите.

Брзите радиобранови, исто така, би извршиле и револуција во компјутерската технологија. Податоците би биле пренесувани со поголема брзина, а со нивна употреба во полупроводниците каширањето би се одвивало многу побрзо, а спроведувањето комуникација помеѓу различни парчиња силикон би било речиси инстантно.

Во сверата на здравството, пак, брановите со брзина поголема од онаат светлината можат да најдат употреба во прецизно насочената хемотерапија, каде што по земање на лековите од страна на пациентот радиобрановите би ги активирале медикаментите во точно определената област околу туморот.








Dali ova znachi deka sepak ima nesto pobrzo od svetlinata збунетостзбунетост



izvor: www.astronomija.com.mk


Изменето од Sunny - 10.Јули.2009 во 18:39
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2009 во 17:25
Originally posted by Dr. Cullen Dr. Cullen напиша:

@Marko
Па штом некои објакти во вселената ке се движат побрзо од брзината на светлината, сигурно тоа е могуќе и сега. Ако би било могуќе би биле во можност да патуваме низ времето, односно да имаме целосна контрола над тоа дали ке патуваме во иднината или минатото.

немогуќе

Могуќе е само делови од свемирот, значи комплетно просторот и се она во тој простор...а во самиот простор било што, што има маса е НЕВОЗМОЖНО да се движи со бризнта на светлината .
Еве дообјаснување од посочениот линк, цитат:
- Кога нешто такво се случува, просторот со себе ги носи сите објекти кои се наоѓаат во него. Слично како сурферите на брановите. Светлоста на овие ѕвезди не може да стигне до нас, што ќе доведе до тоа Вселената да исчезне пред нашите очи, објасни Краус.

Сепак, нема причина за паника, бидејќи според сегашните проценки на брзината на ширење, мрачниот период ќе дојде дури за околу 50 милијарди години. Тогаш Сонцето веќе одамна ќе биде мртво, како и Земјата, но нашата цивилизација сигурно ќе колонизираа други планети од нашата галаксија.

-Сосема разумно е да се очекува дека некои други цивилизации, не толку различни од нашата, ќе живеат во нашата Вселена, но таа ќе биде празна и црна, вели Краус.

Истражувачите, кои трагаат по причината за оваа фасцинантна природна појава, која постепено и полека ја развлекува за нас познатата Вселена, уверени се дека ја пронашле „вината“ за оваа појава – гравитациските бранови. Експертите сметаат дека гравитациските бранови се скриени во заднинското зрачење кое останало од „Големата експлозија“.

-Мислам дека следната деценија ќе дознаеме дали воопшто може да се откријат овие гравитациски бранови, а потоа откако ќе ги откриеме ќе може да се позанимаваме со нив, вели Алек Гут, Институтот по технологија во Масачусетц.

Во текот на месецов Европската вселенска агенција треба да го лансира Планк телескопот кој ќе почне да го проучува заднинското зрачење. До решението на оваа вселенска загатка научниците можеби ќе дојдат со помош на Големиот хадронски судирач, кој се наоѓа во близина на Женева.

-Живееме во особено интересен период, а тоа за првпат можеме и емпириски да го потврдиме, заклучи Клаус.



Изменето од Marko sk - 07.Јули.2009 во 17:37
Кон врв
Dr. Cullen Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 58
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dr. Cullen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2009 во 23:30
@Marko
Па штом некои објакти во вселената ке се движат побрзо од брзината на светлината, сигурно тоа е могуќе и сега. Ако би било могуќе би биле во можност да патуваме низ времето, односно да имаме целосна контрола над тоа дали ке патуваме во иднината или минатото.
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2009 во 19:12
Tuku shto parvime so ova temnava energija, mav kje ne stori za edno 50 mld god, :)))

Енергија која ќе ја уништи Вселената

Силата која астрономите ја нарекуваат „енергија на темната материја“ во иднина толку многу ќе ја растегне вселената што ќе излезе надвор од границите за детекција, а галаксиите, ѕвездите и планетите ќе бегаат од окото на научниците побрзо и од брзината на светлината. Кога астрономите од иднината ќе погледнат во небото ќе помислат дека ние Земјаните сме единствени во вселената.
.....
- Ништо не може побрзо да се движи низ просторот побрзо од брзината на светлината, но просторот, барем колку што ние знаеме, може да прави „што ќе посака“, изјави астрономот Лоренс Краус од државниот универзитет во Аризона за време на состанокот на Американското здружение за напредок во науката.

Научниците открија дека некои делови од вселената се движат побрзо од светлината и тоа без помош на темната енергија.
http://www.idividi.com.mk/Futurama/Planeta/519441/index.html

Изменето од Marko sk - 01.Јули.2009 во 21:00
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2009 во 19:06
Eve edena odlichna animacija so objasnuvanje za Black Holes. Kako nastanuva supernova i shto e najinteresantno navedeni se trite dominantni teorii koi razglabaat shto se sluchuva koga kje se "zagubish" vo vnatreshnosta na ovie crni dupli:)))
http://www.thinktechnologies.com/portfolio/demos/Blackhole.html

Изменето од Marko sk - 01.Јули.2009 во 19:25
Кон врв
sasebt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sasebt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2009 во 01:51
jas edna sea procitav, za crni dupki, mnogu ubavo objasnato. neam link ama filename e:

Lucent Library of Science and Technology - Black Holes 2004.pdf
Портфолио - Пушењето е штетно по здравјето
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2009 во 14:09
Една од најдобрите книги кои за и околу вселената е "Кратка историја на времето" од Стивен Хокинг. Книгава пред неколку години излезе и кај нас на македонски јазик, но брзо се распродаде и не знам зошто не се препечатува повторно (во издание на Култура беше). Инаку книгата лесно може да се најде и на англиски во пдф формат. За сите заинтересирани, еве ви директен линк намигнување
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sasebt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sasebt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2009 во 02:41
james dean, to e iskrivuvanje na prostorot, gravitacioni leki, e sea dali vo 4ta ili e nesto drugo, ne sum sretnal objasnuvanje. a za 10, ja procita knigata a? 11 se tamu голема%20насмевка
Портфолио - Пушењето е штетно по здравјето
Кон врв
Dr. Cullen Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 58
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dr. Cullen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 23:19
Originally posted by james dean james dean напиша:



Мислам дека закривеноста на вселената во 4-тата просторна димензија е веќе измерена со помош на закривеноста на зраците светлина кои патуваат од далечните галаксии кон нас. Меѓутоа 4-тата просторна димензија не е последна. Скоро сигурно се знае дека нашата вселена е 10-то димензионална. Тоа го кажуваат пресметките од Суперстринг теоријата. Во секој случај се ќе се знае сигурно кога ќе се разреши Теоријата на се!



Може да објасниш нешто повеке во врска со десетте димензии? И нели 4-тата димензија не беше просторна, туку апстрактна (времето?
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 13:11
Научниците открија блиска планета со големина на Земјата
30.04.2009

Во потрагата по планети слични на Земјата, астрономите неодамна најдоа две планети кои многу личат на нашата. Едната е блиску до точната големина, а  другата е на вистинската позиција (оддалеченост од ѕвездата). Европските истражувачи рекоа дека тие не само што ја пронашле најмалата екстрасоларна планета наречена Gliese 581 e, туку сфатиле дека и претходно откриената блиска планета Gliese 581 d била во населивата зона каде постои веројатност за постоење на живот.

„Светиот грал на тековната потрага за екстрасоларни планети е откривањето на цврста планета слична на Земјата во зона каде е можен живот“, вели Мишел Мајор, астрофизичар од Универзитетот во Женева, Швајцарија. Еден американски експерт го нарече откривањето на малата планета „извонредно“.

Gliese 581 e е само 1.9 пати поголема од нашата планета, додека претходно пронајдените планети надвор од нашиот Сончев систем имаат слична големина со Јупитер, чив волумен е за 1000 пати поголем од Земјиниот. Gliese 581 e се наоѓа блиску до ѕвездата, што значи дека е многу топло за да има подршка за развој на облици на живот. Сепак, Мајор рече дека неговото откритие во планетарен систем кој е оддалечен 20,5 светлосни години од Земјата е „добар пример дека напредуваме во откривањето на планети слични на Земјата“.

Уметничка претстава за екстрасоларна планета.

Научниците исто така открија дека орбитата на планетата Gliese 581 d, која беше откриена во 2007 година, е лоцирана во рамките на населивата зона - регион околу ѕвезда слична на Сонцето во кој на површината на некоја планета е возможно да има вода во течна состојба, вели Мајор. Тој збореше на конференцијата за печат одржана минатиот четврток на Универзитетот во Хертфордшир за време на Европската недела на астрономија и науката за Вселената.

Gliese 581 d е веројатно многу голема за да биде составена само од цврст материјал, рече соработникот и член на тимот Стефани Удру, додавајќи дека е можно планетата да има „голем и длабок“ океан. „Ова е многу сериозен кандидат за ‘свет со вода’“, рече Удру.

Главниот конк*рент на Мајор во однос на ловот на планети, Џеф Марси од Универзитетот во Калифорнија, Беркли, го пофали откривањето на Gliese 581 e како „највозбудливо откритие“ што се однесува на екстрасоларните планети. „Ова откритие е апсолутно извонредно“, изјави Мерси за Associated Press, нарекувајќи го откритието значаен чекор во потрагата по планети слични на Земјата.

Додека Gliese 581 e е премногу топла за појава на живот, „сепак тоа покажува дека природата прави такви мали планети, веројатно во голем број“, коментира Мерси. „Сигурно Галаксијата содржи десетици билиони планети слични на малава планета со маса на Земја за која сега се известува“. Близу 350 планети се досега откриени надвор од нашиот сончев систем, но скоро за само една од нив е крајно неверојатно да има живот.

Најголемиот дел се или премногу блиску или премногу далеку од нивната ѕвезда, заради што се или премногу топли или премногу студени за формирање на облици на живот. Другите се премногу големи и веројатно се гасовити џинови како Јупитер кои немаат услови за појава на живот. Тие што се премали се премногу тешки за откривање. Двете Gliese 581 d и Gliese 581 e се сместени во насока на созвездието Вага и орбитираат околу Gliese 581.

Како и другите планети кои кружат околу таа ѕвезда - научниците досега открија четири - Gliese 581 e е откриена со користење на телескопот на Европската јужна опсерваторија во Ла Сила, Чиле. Телескопот има специјален инструмент кој ја дели светлината со цел на разни бранови должини да се најдат нишања (wobble) на ѕвездите. Овие нишања може да го откријат постоењето на други светови. „Ова е одлична работа и го покажува потенцијалот на оваа метода за откривање“, вели Лиза Калтенегер, астроном во Харвард-Смитсониановиот центар за астрофизика.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 01:13
Дали Месечината го промени своето лице?
23.03.2009

„Блиската“ страна на Месечината е секогаш свртена кон Земјата, бидејќи Месечината се врти еднаш околу својата оска за време еднакво на она кое и е потребно за да сврти околу Земјата. Но ситуацијата можеби била поинаква пред милијарди години. Компјутерската анализа на бројот на кратери на различните хемисфери на Месечината покажува дека подалечната страна можеби некогаш била свртена кон Земјата. Ударот на голем астероид можеби предизвикал Месечината да ја промени страната свртена кон Земјата.


Редок поглед кон далечната страна на Месечината.
 
Последица на тоа што Месечината се наоѓа „заклучена“ во резонанса на синхрона ротација е дека повеќе удари би требало да се случуваат на западната хемисфера на Месечината отколу на источната, бидејќи таа страна ќе биде свртена кон Земјата и со тоа ќе има поголема веројатност да биде удрена од остатоци.

Но Марк Вицгорек (Mark Wieczorek) и Матју Ле Февре (Matthieu Le Feuvre) од Парискиот институт за физика на Земјата (Paris Institute of Earth Physics) во Франција ја споредиле релативната старост на кратерите, користејќи податоци за секвенцата во која исфрлениот материјал се таложи на површината и открија дека спротивното е точно. Иако базените од помлади удари беа сконцентрирани на западната хемисфера, како што беше очекувано, постарите беа најмногу собрани на исток, па следи претпоставката дека некогаш источната страна била повеќе бомбардирана отколку западната. Ова можело да се случи ако удар на голем астероид предизвикал Месечината да ја промени својата страна свртена кон Земјата. Истражувачите проценуваат дека по ударот, Месечината почнала да скршнува гледано од Земјата и полека да доаѓа во својата сегашна положба.

Со проучувањето на неколку од големите месечеви ударни базени, има неколку сомнителни од аспект на удари кои можеби привремено ја „отклучиле“ Месечината од синхроната ротација. „Ние сметаме дека има веројатност помала од 2% дека најстарите месечеви ударни базени се случајно распоредени низ месечевата површина“, велат истражувачите. “Понатаму, овие базени се најмногу сместени близу антепексот на движење на Месечината и постои веројатност помала од 0,3% дека оваа конфигурација е случајна.” Тимот ги проучуваше релативната старост и распределба на 46 познати кратери. Вицгорек вели дека орбитерите Чандрајаан-1 (Chandrayaan-1) или Кагуја (Kaguyа) можат да обезбедат информации за повеќе кратери кои ќе може да помогнат за идните истражувања во оваа област.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.