|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 7778798081 138> |
Автор | |
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Испруженава рака ме асоцираше на една хаику песна. Истата е на српски бидејќи ако се преведе би се изгубила структурата.
Руко, луко љубави. |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ти нудам
експлозија од звуци и слики со облаци споени каде седум розеви слонови среќа некаде носат додека патот поплочан од морски ѕвезди светка по кој одат сите оние мисли кои лебдат возвишени и чисти сите оние ѕвезди водилки на различни страни кои не растргаа често сомнеж носеа во чадот се споија кога изгореа во утрото изненадено кога небесниот свод се растури во експлозија од бои и звуци. |
|
fragola
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3829 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
I get enough exercise...just pushing my luck.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не вреди кога си искрен
уште помалку кога некому ќе му се повериш онака со срце и душа а тој си игра само со твоите чувства оти он си зацртал во главата своја некоја цел и кога ќе ја достигне таа цел ееееееееее...тогаш.... Оди сликај се.... готово е со слатките зборови. Интересот за тебе му опаѓа како к*р после добар секс и нема абер за станување. Тогаш си само уште една глупача на овој свет и можеш да им се придружиш на оние кои тој онака ноншалантно,слаткоречиво, како што само тој умее ги дигнал на пиедестал, за веднаш потоа да ги закопа длабоко во земјата како да никогаш и не постоеле во неговиот живот. Браво.....честитки. Заслужуваш..... Медал за идиотизам. Венец за слаткоречивост. Круна за шармирање. И нобелова награда... за најголем број на сркршени срца. БРАВО!!! |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... ona sto nema da ne suredi ne pravi posilni
Изменето од zbunet - 25.Март.2009 во 10:51 |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шума густа
од голи женски нозе на ветрот се нишаат очи искривуваат дал да гледа или не без да биде виден а тие парадираат изазиваат со колкови нишаат кој ќе ги има ќе ги има кој ќе ги нема ќе гледа без виден да биде ќе зборува што виде нема шанса за мудар молк дадено не му беше на тој дадено што му беше уште ќе бара топло иде ќе расцвета шума од голи нозе за сите ќе има насмевка што се ниша и за него има што виде а невиден беше. |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПЕЧАТ
Како волчица на полноќ завива во тебе моето задоцнување да ставам печат на споменарот на твојата последна надеж , што ти, од залашка, љубов ја нарече... Тропаат стравовите во долгите ходници на осаменоста, додека го бараш во огледалото на полната месечина одразот на последниот среќен миг што јас, од сожалба, го опточив со седефот на моите емоции... Акустично одѕвонуваат минутите во пештерата на твојата немоќ да го запреш истекувањето на неостварениот сон со боја на испарување на едно izmisleno лето... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се сеќавам на денот кога прв пат те видов.. ахх..таа сферна силуета во облик на џиновски кокосов орев нема никогаш да ја заборавам. Исто така и твоите фудбалерски нозе, чии мускули посебно ме фасцинираат..капитенче мое ахх да, моментот кога се запознавме дали го памтиш моето судбоносно "шццц!" , по што следеше твоето судбоносно "што сакаш бе сељак!" ..сеуште во ушите му ѕуи тој милозвучен баритон ... се сеќаваш ли што беше следно? "еј женска, колку е саат?" ...хаха заборавајќи дека десно од мене очи ќе ми истераше огромниот ѕиден часовник...сепак слатко се насмеавме ..ок ти малку претера, изгуби рамнотежа и тресна на земја .. го привлековме вниманието на цел перон, но никој не беше важен, бевме важни само јас и ти ...ти подадов рака да станеш бидејќи не можеше сама...ах тие полски раце со длабоко вржани отисоци на лопата, метла и профи сукало. Никогаш нема да го заборавам и твојот силен стисок, поради кој морав да си го видам мојот железничар на кој иститот ден му беше и роденден ај јас изумив, но ти ме извади..прасенце мое Не се сеќавам што друго си кажавме, најверојатно имам кратка амнезија од маестралниот, велелепниот, вошебниот, влажниот, мрсниот, лигавиот, гадниот, бљак бљак бакљ пардон.. бакнеж кој следеше потоа . Ах до ден денес ја памтам таа арома на добро зготвен таратур кој излегуваше длабоко од твојата уста... знаев дека си добра домаќинка, затоа и кога ги одлепивме усните веднаш следеше моето судбоносно "сакаш да се мужиш со ја?", по што следеше твоето збунето "Да не е малку рано, штотуку се запознавме"...тука падна на мојата финта "те сретнав пред неполна минута, но чинам те познавам цела вечност"...хмм се чудам како ми поверува...но не ми беше гајле за тоа после твоето "да", кое исто така го повтори и на матично, по што си ги ѕвекнавме главите и пред попо хаха се сеќаваш ли како те штипкав по салцето додека овој мафташе со кандилото ....како и да е, нашата бајка заврши со појавата на мистериозниот водоинсталатер
Немој да ме лажеш дека го баравте имбусот во задното седиште од неговата кола, бидејќи СЕ видов па уште и жешко ти било во декември па си морала да се соблечеш за малку и ќе ме убедеше, но забавата прекина кога го извадив поклонот од татко ти, хаха двете сабји за кои татко ти на шала рече "се надевам нема да се разведете со овие "...но татко ти рече и прорече....
"Водоинсталатерот" изгуби, но залудно ...ти си отиде со неговиот асистент
Како и да е, Перо хаусмајсторот ми кажа дека висиш по форуми затоа и го постирав овој пост тука, со надеж дека ќе го прочташ и ќе ми реплцираш на него..и ќе ми се вратиш гицо моја најмила на цел свет
Те сака твојот возљубен Трпе од с.Добрејци
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не ми е потребан песна
за да ти кажам колку те сакам. Не ми требаат зборови кои ќе свдочат за мојата љубов. Не се потребни букви за да сватиш што мене ми треба. Ми требаат твоите усни со нив да вдишам љубов и да ти ги вратам пак назад полни со поголема љубов од претходно. Ми требаат твоите раце да ги вкрстам со моите и да се бараат по раменици и во прегратка да се сретнат. Ми требаат твоите прсти нежно солза да избришат хоќни кошмари да растераат и мирен сон да донесат. Изменето од butterflyM55 - 26.Март.2009 во 05:24 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сокриј ме во мирисот
на пролетта која доаѓа. Најди ме во блесокот на молњата на летниот дожд. Чувај ме во соновите кои ти се нижат во ноќите, кревки од самотијата која те покрива. Сокриј ме во солзите на утринската роса која наросува природа со своето доаѓање. Пронајди ме во бакнежите на дождот кој го носи новороденото утро, позлатено од сончев сјај. Сокриј ме во прекршените ветувања на твојата душа, која длабоко во себе ме крие. Пронајди ме во воздишката која ти се искрадува од уста кога помислуваш на мене во самотијата на денот. Чувај ме во приказната која има среќен крај. Сокриј ме во твојата топла и нежна прегратка. Единствено што те молам немој,никако немој да ја сокриваш љубовта. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЦВРСТ МИ Е ЧЕКОРОТ
Цврст ми е чекорот, сеуште, - црвена дабовина од црв неначната Камен по камен пат изѕидан - цврста калдрма... Ги пуштив сите птици на сонот од кафезот на славопојките. Ниту боја, ниту облик - небото на вистината си ја јаде сопствената димензија... Жено, Змијо, Божице, нека пиштат гревовите со крвта на дедовците пренесени - проклетство наследено. Ждрапање до ждрапање - крцкаат коските на последните илузии... Цврст ми е чекорот, сеуште - никој не ја нашол песната над песните... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има начини
има желби кои извираат за досадно да не биде само сакаш и тоа е се. Еден подсмев во наведната глава ќе се претвори покајничка само сакаш и тоа е се за гордост скриена како поплава да избие сето она измислено што бидна го можеме и сами да сакаме само треба и тоа е се. |
|
Внеси реплика | страница <1 7778798081 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |