|
Методија Андонов -Ченто |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 24.Март.2009 во 12:30 |
||
Животот и делото на Методија Андонов-Ченто
Животот и делото на Методија Андонов - Ченто
неколку децении претставуваа табу-тема на македонските простори. Но, народот не дозволи од нашата историја да се избрише името на овој достоен борец за македонската кауза, а во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов-Ченто, беше обновен судскиот процес за него и обвинувањата беа повлечени, односно падна пресудата од монтираниот судски процес. Прилепската чаршија беше вистинското место каде што се осознаваше историјата на македонскиот народ и каде што се кроеја плановите за неговата иднина. Во таа чаршија одрасна и Методија Андонов - Ченто, како чирак и калфа, но и како сопственик на своја трговска фирма со алкохолни пијалаци и колонијална стока. Методија Андонов - Ченто е роден на 17. 8. 1902 година, во предвечерието на славното Илинденско востание,во близина на денешниот фудбалски стадион како прво здраво дете по неколкуте починати деца на неговите родители Андон, кој бил по потекло од прилепското село Леништа, и Захарија (Зака), која била по потекло од прилепското село Плетвар. Уште од најрана возраст, работел по прилепските тутунски и афионски полиња. Во младоста бил одличен и истакнат гимнастичар. Завршил средно трговско училиште во Прилеп и во 1926 година отвора бакалско-угостителски дуќан и си обезбедува пристојна егзистенција. На 25 март 1930година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Тоа предизвикува бурни реакции во конзервативната прилепска средина и по враќањето на младите во Прилеп, на 5 мај тие се казнети со по 20 дена затвор поради вонбрачно живеење. Со Василка, Ченто има четири деца, кои и денес се живи. Најстариот син,Илија Андонов-Ченто, во 1990-те има напишано биографија за својот татко. Младешките денови ги минал во својот роден град Прилеп. Ги преживеал сите тешкотии и неправди низ кои мина целиот македонски народ, како последица на ропствата, кои се заменуваа едно со друго, соседите ја присвојуваа и ја делеа македонската земја. За жал, долго време на македонските простори се правеше сè за да не се знае историјата на македонскиот народ. Но, помнењето никој не може да го избрише и кога и да е таа ќе биде напишана токму таква каква што била. Од сè ова не беа поштедени ниту животот и делото на Методија Андонов - Ченто, со единстве- на цел да се стави во заборав неговиот придонес за исполнување на исконските желби на македонскиот народ: да живее обединет, самостојно и во добри односи со сите соседни народи. Чентовото дело не смее да се заборави. Тоа беше причина неговиот син Илија Андонов-Ченто да го напише во биографија животниот пат и идеалите на овој голем Македонец. ЖИВОТЕН ПАТ По сеќавањето на неговиот син,Ченто низ разговор со своето семејство ги објаснил многу сликовито причините за неговото затворање и неправедно монтиран судски процес
"Ќе ви кажам зошто сум се залагал и зошто дотерав дотаму да одлежам затвор цели девет години и педесет дена, ниту крив ниту должен.
Вие сте сега големи, можете сè тоа да го разберете и должни сте да го знаете. Покрај мене и вие страдавте заедно со мајка ви. Дали ќе ми забележите или не, вие сами ќе си оцените. Но, едно треба да знаете, дека секогаш треба да ја почитувате мајка ви и да бидете благодарни што успеа, со многу маки, да ве истера на некој пат. Јас сакав да имате многу повеќе од она што го имавте, и не само вие, туку и сите ваши врсници, затоа што за вас, откако се родивте, имаше секогаш повеќе отколку за многу други. Многу пати ви ускратував, оти како деца не можевте да ги разберите сите работи. Тоа го правев за ваше добро, затоа што како дете имав многу тежок живот, и не сакав таков живот да има било кое дете", се потсетува Илија на зборовите на својот татко и додава: "Никој од нас, никогаш не му забележи што беше многу малку со нас. Напротив, секогаш бевме и сме горди со него, заради неговото дело". Учејќи ја историјата на својот народ во прилепската чаршија, а потоа и од спомените на учесниците во Илинденското востание, среќавајќи се со некои од нив и во емиграција, во Софија, патувајќи низ другите делови од Југославија и посетувајќи ја Грција, Методија Андонов - Ченто, на почетокот на триесеттите години, го потврдил своето сознание за националната припадност, односно дека Македонците не се ниту Срби, ниту Бугари, а уште помалку Грци, иако им се поделени на нивните држави, кои се обидувале да ги асимилираат. Тој се вклучил во борбата за националните права на македонскиот народ, уверен дека до нив може да се дојде по мирен пат. Ченто заклучил дека до Балканските војни македонскиот народ требало да се бори за ослободување од Отоманското ропство, а по тоа и за обединување. Според него, по Првата светска војна, а особено по Грчко-турската војна, Македонија била поделена на четири дела: Вардарска, Егејска, Пиринска и четвртата - Емигрантска, чии маки ги сознал при посетата на Софија во 1935 година. Политичка активност пред втора светска војна Ченто ја прифатил и ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост. Учествува на изборите во 1935 година како заменик кандидат, а на изборите во 1938 година и како кандидат на листата на Здружената Опозиција, бранејќи ја македонската национална кауза и залагајќи се за поголема слобода на Македонците и отворање на училишта на македонски јазик. На изборите во 1938 година од вкупниот број гласови дадени за кандидатите на опозицијата, Ченто добива најмногу, но не бил избран за пратеник поради државната манипулација со изборниот систем.
Ченто бил од организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп 1940, за што бил затворен во затворот во Велика Кикинда. Во1940 година се залага за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и повторно е затворен и интерниран во Баина Башта, при што е осуден на смрт. Дури и е одведен на стрелање, но е ослободен во последен момент на 15 април 1941 година. Пред Втората светска војна повеќе пати бил претставник на прилепскиот трговски еснаф, а во периодот 1935 -1940 е претставник на прилепските трговци во Индустриско-трговската комора во Скопје, каде што јавно истапил пред нападите на српската влада дека народот во Македонија не е благодарен на сите добродети што ги направила владата, велејќи дека доколку се остави Македонија на Македонците, тие од нејзе ќе направат цветна градина и развиена економска земја. Неколкуте вакви негови изјави, биле рапортирани во Белград и биле оценети како сепаратистички и автономистички. Тој бил многу почитувана личност во прилепската чаршија. Антифашизам
Уште на почетокот на бугарската окупација, на 26 април, Ченто добива покана да соработува со бугарските окупаторски власти. Тој ја одбива поканата и наместо тоа одбира да соработува со оние што се залагаат за ослободување на Македонија од нејзините нови окупатори. Неговата продавница за алкохол воПрилеп станува свртилиште на комунистите од градот, поради што бугарските власти на крајот од 1942 година го интернираат прво во селото Мелница, близу бугарско-турската граница, а веднаш по враќањето го испратиле во работниот логор во потоа во логорот "Чучулигово“, Петричко(Пиринска Македонија), каде што многумината интернирани и образовани Бугари ги убедил дека Македонците не се Бугари.
Есента 1943 година во септември месец и по испратеното писмо од Главниот Штаб на НОВ иПОМ на 21 август 1943 , по разговорите со Кузман Јосифовски - Питу, Ченто заминал на ослободената територија во Дебарца, каде што станал член на Главниот штаб на НОБ и претседател на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.
Ченто држи говор на главниот плоштад во ослободено Скопје, 1944 год. Основање на новата Македонска Држава
На слободната територија во Дебарца, Охридско, Ченто преминува во октомври1943 година. Именуван е за член на Главниот штаб, а по основањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ станува негов претседател. Како дел од Одборот учествува во подготовките и организацијата на свикувањето на АСНОМ. На почетокот од мај 1944 година тој, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржува на24 јуни при што македонската делегација го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача. По враќањето на делегацијата од Вис, се привршуваат подготовките околу АСНОМ и на 2 август се одржува Првото заседание. На него Ченто е избран за претседател на Президиумот на АСНОМ на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НР Македонија). За време на извршување на својата фукнција, Методија Андонов - Ченто бил многу почитуван и сакан од народот и се залагал власта целосно да биде народна и народот да може слободно и преку истата врата преку која влегуваат службениците, да влегува во институциите. Според неговите лични сведоштва, Методија Андонов - Ченто бил многу почитуван и од самиот претседател на Југославија,Тито(не е потврдено), кој успеал да го убеди да се кандидира за пратеник на изборите во 1946 година и покрај опструкциите кои му се правеле на Ченто од страна на КПМ (Лазар Колишевски По ослободувањето на земјата несогласиците со тогашниот македонски врв продолжуваат. Ченто се противи 15-от македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залага за обединување и поголема самостојност на Македонија, се противи на враќање на имотот на избеганите српски колонисти и се залага за поголема финансиска независност и залагање за сопствен буџет на Македонија и на останатите југословенски републики. Комунистите пополека му ја одземаат реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземаат комунистите, Ченто на14 март 1946 година поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија. По жестоките критики на Главниот одбор на Народниот фронт на Македонија, Ченто поднел оставка на сите функции и се вратил во Прилеп (март 1946 година), со единствена надеж во Мировната конференција во Париз, закажана за есента 1946 година, затоа што сакал да остане доследен на принципите од договорот на Вис и на одлуките на АСНОМ, и затоа што не сакал да "си го врати часовникот назад", како што му било препорачано од генералниот секретар на Главниот одбор на Народниот фронт и на Централниот комитет на Комунистичката партија.
Сака да се повлече од политиката и намира да живее во Прилеп, но на 14 јули е уапсен од полицијата пред својата куќа во Прилеп, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција. На 8 август против него е покренат обвинителен акт, а пред суд е изведен на 19 ноември. Судењето трае доста кратко и по два дена, на 21 ноември првиот македонски претседател Ченто е осуден на 11 години затвор. За Намерата, а не обидот за илегално емигрирање, при испитувањата ги објаснил вака:
"Се интересирам за обединувањето на македонскиот народ и тоа може правилно да се реши, ако биде признаено, на прво место од големите сили. Сега засега е признаено од Советскиот Сојуз, а треба да биде признаено и од Америка и Англија. Само при таква согласност можеме да се надеваме дека македонското прашање, односно обединувањето на македонскиот народ може да биде правилно решено…". Понатаму изјавил: "Времето на вооружена борба помина. Сега сите спорни прашања треба да се решаваат со разум. Мене, македонското прашање, ме интересира како и секој Македонец, и сè што би можел би сторил за обединувањето на Македонија и доброто на македонскиот народ, било да сум во Македонија, било да сум надвор од Македонија. Обединувањето на македонскиот народ го сметам за последен долг кон својот народ, кој е многу измачен, особено со поделбата на Македонија на три дела во 1912 година. Заради тоа доколку решев и успеев да се префрлам во Америка, и ако ми се дадеше можност, тој свој политички став и јавно би го изнел, пред Обединетите нации и Мировната конференција, со цел да придонесам за обединувањето на македонскиот народ". Потоа, додал:"Сметам дека обединувањето на Македонија може да биде по мирен пат. Јас лично не сакам повеќе ни една капка крв да се пролева за Македонијаатворен е во скопскиот затвор „Идризово“ каде во најтешки услови бил во „специјалната ќелија“ и бил чуван од посебна стража и му биле дозволувани триесет минутни прошетки на одредено место во затворот и еднаш неделно биле дозволувани посети на членовите на неговото семејство. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и потпише дека згрешил и се покајува, по што животот ќе му бил наполно обезбеден. Пуштен е условно на 4 септември 1955 година, по одлежани 9 години и 4 месеци затвор. Сепак затворскиот живот остава траги врз неговото здравје. Бара одТито да му дадат пасош за да отиде да се лечи во Швајцарија, но бил одбиен. Осамен и во тешки болки и маки, Ченто на24 јули 1957 умира од рак на желудникот, во својот дом во Прилеп. И по излегувањето од затворот не се откажал од идеите на самостојна и обединета Македонија. Долги години по смртта, Методија Андонов - Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети. Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов - Ченто, беше обновен судскиот процес за Методија Андонов - Ченто и на 22 октомври по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година. Денес во Македонија постојат негови споменици во центарот на неговиот роден град Прилеп и во скопската населба Методија Андонов - Ченто именувана по него во 1991 година. Следните клипови се сведоштва на неговите најблиски и пријатели.
Вечна нека му е слава на Методија Андонов-Ченто
Изменето од fiks - 24.Март.2009 во 13:11 |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Една работа за Ченто која не/намерно се изостава постојано - тој бил политички активен уште пред втората светска војна,добар показател е неговото кандидирање за пратеник но не се пишува дека и зад кандидатурата и зад протестите на кои бил уапсен 1940 год. стои Илинденската Организација - Ченто уште од рани години е активист во Илинденската Организација која делувала во Македонија - мора да биде јасно дека Ченто по свое политичко убедување не бил комунист туку национал-социјалист како што била и неговата организација(Илинденска Организација)
|
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Точно така Буги,долги години е активист на Илинденската Организација пред војната а потоа како социјалист и се приклучува во НОБ и после разговорите со Кузман Јосифовски -Питу.
|
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Според мене, овој настан, оваа средба е пресудниот момент за историјата на Македонија, за нејзиното обединување.
Има ли некакви записи, дали се знае што конкретно се договориле Тито и Ченто? Веројатно тој договор не е само за тоа како (технички) да се одржи заседанието на АСНОМ. Мора да имало нешто по суштествено. Мислам дека овде Тито вешто го издриблал Ченто. Дали дипломатски го „откачил“, велејќи му дека начелно се согласува, но дека сега не е време? Којзнае, можеби и му се заканил?! А, можеби и отворено му ја објаснил реалната меѓународна политичка ситуација и интересите на големите сили, поконкретно за нивниот интерес во однос на Македонија vs. Грција! Којзнае, можеби затоа Ченто, согледувајќи ја опасноста од таквата политичка констелација, се „помирува“ со можноста за остварување на вековниот идеал. Токму следниов цитат го потврдува тоа:
Има уште многу неоткриени, многу нејасни и неверодостојно искажани работи од тој период... Р.Ѕ. Дали некој знае од каде му е прекарот Ченто и што означува? Освен на италијански ченто=100 не ми текнува друго |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ПА самото заседание е доволно добар сведок за решителноста на Ченто - во декларацијата на првото заседание на АСНОМ убаво стои дека Македонија ке се бори до обединување на нејзините поробени територии а во тој контекст е прикажана и самата карта на Обединета Македонија - затоа и присуствуваат на самото заседание Команданти на одреди од Пиринска,Егејска и Вардарска Македонија.
Нема никакво изигрување туку е многу јасно дека е направено предавство по нарачка на Тито - елиминација на членовите на президиумот кои биле за Обединување на Македонија и праќање на Македонската војска на Сремски фронт - и самата војска била против идење на Сремски Фронт за тоа барем сведочат крвавите стрелања на Скопското Кале во слободно Скопје. Чентовата решителност за конечно Обединување на МАкедонија го чинела многу патриотски глави - тоа е крајот на таа приказна |
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Има еден податок кој не се сеќавам каде го сретнав за потеклото на прекарот Ченто.
Анегдота е интересна.
Командувајќи некогаш со некоја партизанска чета направил еден многу интересен Лапсус .
Место Чето напред рекол ЧЕНТО напред и му останал тој прекар
|
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ченто е еден од ретките асални луѓе што се залагале за доброто на македонската нација, ама како и секогаш тие ретки луѓе лесно било да се утепаат од некој кој што не ги сакал многу македонците
ех, да останеше жив |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Koa sme kaj Cento moram da kazam deka kaj mene vo naselba spomenikot mu e skroz utnat. Nozete mu se asimetricni t.e. pokratki napraeni
|
|||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|||
аминта
Нов член Регистриран: 22.Март.2009 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
"Во училиштето имавме еден професор Хрват,Едо Штефан кој даде иницијатива меѓу нас учениците да се образува гимнастичко соколско друштво. Тој беше одличен гимнастичар. Друштвото беше основано есента 1921 год. и ние освен тоа што одевме на часови во училиштето одевме и на гимнастички часови во вечерните часови и во празниците.Тоа ми помогна физички да зацврстам и да станам појак од моите врсници. Бидејќи беве еден од најдобрите гимнастичари во гимнастичкото соколско друштво честопати ја водев четата за време на вежбите. Еднаш наместо да речам "напред чето" , командував "напред ченто". Другарите како едвај да чекаа да најдат нешто да си играат мајтап со мене, почнаа да ме ословуваат со Ченто. Во почетокот многу се лутев кога така ми викаа, а тоа пак на прилепчани, како познати мајтапчии, уште повеќе ме задеваа и тоа го пренесоа низ чаршијата, каде што уште повеќемина се задеваа на тој начин. Престанав да се лутам, мислејќи дека другарите нема да ме задеваат, но веќе беше доцна и тој прекар ми остана." извадок од "Лична биографија и сеќавања на М.Андонов-Ченто" Изменето од аминта - 25.Март.2009 во 19:23 |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ако е тоа лага на комунистичката власт, дали нема и многу други лаги? |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Черчетатор, темата е за Ченто, не за лагите на комунизмот! Можеме да дискутираме за лагите на комунизмот во однос на Ченто на оваа тема! |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Vo Prilep clenovite na semejstvoto i mnogu pocituvaci na negoviot lik polozija cveke pred bistata.
Одбележана годишнина од смртта на Ченто |
|||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |