IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Кој ќе ни биде претседател?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кој ќе ни биде претседател?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 12>
Прашање: За кого од двајцата кандидати ќе гласате во вториот круг?
Одговор Гласови Статистика
15 [41,67%]
17 [47,22%]
4 [11,11%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Кој ќе ни биде претседател?
    Испратена: 23.Март.2009 во 18:01
Повелете со вашите прогнози за вториот изборен круг: кој од двајцата кандидати ќе победи?
Како вие ќе гласате?



Првични резултати од првиот круг:

Ѓорге Иванов                        343.374 гласови или 35,06%

Љубомир Фрчкоски  
           200.316 гласови или 20,45%
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 02:39
Ѓорге Иванов, ќе влезе како голем фаворит во вториот круг на претседателските избори во кој соперник ќе му биде Љубомир Д. Фрчкоски, но адутот на власта може да има сериозни проблеми со потребниот цензус од 40% излезени гласачи за да успеат изборите, покажуваат првичните анализи на „Дневник“. Одзивот од најмалку 716.833 гласа за да добиеме нов шеф на државата многу ќе зависи од ставовите на големите изненадувања на завчерашните претседателски избори, Имер Селмани и Љубе Бошкоски, кои заедно добија нешто помалку од 300.000 гласови. Тоа значи дека ако тие двајца решат да ги повикаат своите гласачи да не излегуваат на изборите или ако нивните гласачи самите се демотивираат да излезат на 5 април, цензусот ќе виси на тенок конец. Се разбира, клучно ќе биде и однесувањето на СДСМ и второпласираниот Љубомир Д. Фрчкоски, но ако се суди според вчерашната прес-конференција на опозицијата, тие ќе одат на победа во вториот круг.


ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА ЗА ЦЕНЗУСОТ
Пресметката покажува дека на завчерашните претседателски избори вкупно гласале 1.000.846 граѓани, односно 58% од граѓаните со право на глас. Ако од оваа бројка се одземат гласовите на ДПА, која веќе најавува целосна индиферентност кон вториот претседателски круг, како и гласовите на Селмани и на Бошкоски, во случај тие да не се договорат за соработка со некој од кандидатите, тогаш се добива разлика помала од 700.000 гласови. Се разбира, добиените гласови не се спакувани во торба, па да можат кандидатите да му ги подарат на некој друг кандидат. Но дури и под претпоставка дека еден дел од гласовите на Бошкоски по „вмровска“ линија ќе отидат на контото на Иванов, а друг дел симпатизери на Брат Љубе, револтирани од политиката на ВМРО-ДПМНЕ - ќе гласаат за Фрчкоски, тешко е да се претпостави дека сите 150.000 гласачи што го поддржаа независниот кандидат ќе излезат и на 5 април. Напротив, логично е трет дел од неговите гласачи да останат дома.

Со Нова демократија на Селмани ситуацијата е уште поексплицитна: или партијата ќе се договори да влезе во власта, па ќе повика да се гласа за Иванов (што се смета за помалку веројатна варијанта), или ќе се концентрира само на општините во кои има битка во вториот круг за градоначалник, а претседателските избори ќе ги прогласи за завршена приказна (поверојатна варијанта). Во вториов случај, од гласачките кутии ќе одлетаат околу 100.000 гласа, околу 6% од вкупното гласачко тело, што би било сериозен проблем за исполнување на цензусот.Ниту Селмани, ниту Бошкоски вчера не одговорија како ќе постапат во пресрет на гласањето закажано за 5 април.

Опозициската СДСМ вчера соопшти дека тие воопшто не планираат некаков бојкот на изборите, туку одат на победа во вториот изборен круг. Ставот беше соопштен откако нивниот пратеник Владо Бучковски прексиноќа во една дебатна телевизиска емисија најави дека е можно да се случи и бојкот „заради слабиот квалитет на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ“. Кандидатот на СДСМ, Љубомир Фрчкоски, изјави дека тие ќе се обидат да ги „реорганизираат гласовите на сите останати кандидати што имаат програма за брз влез во НАТО“.

- Тие граѓани сакаме да ги собереме во еден единствен блок, наспроти владиниот кандидат, кој останува сам на анти-НАТО позиција - изјави вчера Фрчкоски.

Според тоа, за да избереме претседател на 5 април мора да се исполнат три клучни услова: 1. Никоја од големите партии да не повика на бојкот; 2. ДУИ да мотивира барем осумдесетина илјади свои симпатизери да гласаат за Иванов; 3. Најмалку две третини од гласовите на Бошкоски да се распоредат кај кој било од двајцата кандидати. Со овие три услови исполнети, Иванов би станал претседател со околу 470.000 гласови (со пресметана една третина од гласовите на Брат Љубе), а противкандидатот би освоил нешто над 300.000.

ИВАНОВ КАСКА ЗАД ВМРО-ДПМНЕ
Политичкиот аналитичар Ѓорѓи Кимов, директор на агенцијата „Брима-Галуп“, не очекува бојкотот на изборите.
- Тоа би било само израз на една емотивна реакција кај учесниците и чија заднина брзо би се прочитала кај граѓаните. Со тоа премногу би и' се наштетило на земјава во овој период. Инаку, сите комбинаторики за вториот круг се нормални - вели тој.Кимов укажува дека бројот на освоените гласови на Бошкоски и на Селмани претставува големо изненадување на изборите. Тој смета дека гласовите што тие ги добиле, всушност, претставуваат директни пораки на граѓаните до владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Инаку, со освоените 343.374 гласови во првиот круг, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, Иванов, се наоѓа во средината меѓу Бранко Црвенковски и Сашко Кедев, кои влегоа во вториот круг на претходните избори во 2004 година. Тогаш претседателот Црвенковски освои 385.341 глас, а Кедев 309.132. Односно, сега Иванов има освоено малку над 40.000 гласови помалку од Црвенковски, а речиси 35.000 повеќе од Кедев. На минатогодишните предвремени парламентарни избори, пак, владејачката ВМРО-ДПМНЕ освои 481.501 глас, односно околу 96.160 гласови повеќе отколку што се освоени завчера.Според аналитичарите, сепак, не може да се направи механичка споредба на резултатите меѓу парламентарните и претседателските избори. За двата типа избори се водат различни кампањи. Истото важи и за каква било паралела со локалните избори.

Гледано низ бројки, владејачката ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на изборите за градоначалници завчера освоија над 490.000 гласови. На изборите, пак, за советничките листи, таа бројка изнесува над 385.000 гласови. Евидентно е дека „потфрлање“ има кај претседателскиот кандидат, кој „заостанува“ 40-ина илјади гласови зад „советничките“ и 150.000 кај градоначалничките. Владимир Божиновски од Институтот за демократија смета дека во резултатите на владејачката партија нема ништо изненадувачко.

Особено е значаен резултатот на претседателските избори. Резултатот во првиот круг потврди дека анализите на ВМРО-ДПМНЕ за 3 спрема 1 се тотално погрешни. Значи ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат изгубија 150.000 гласа. Уверени сме дека овој резултат во останатите 15 дена од кампањата може да го подобриме. Со тоа граѓаните пратија кристално јасна порака дека се против изолационизмот на власта и ја поддржуваат опцијата за брза интеграција во ЕУ и НАТО - изјави Заев.За аналитичарите, резултатот што го постигна СДСМ, како партија која веќе подолго време е во криза, е максимумот што можеше да се постигне во овој момент. СДСМ имаше проблем што нивните гласови не беа сконцентрирани, туку беа во различни региони. Доколку имаше концентрација на гласовите, ќе освоеја и повеќе градоначалнички места - вели Ѓорѓи Кимов.Аналитичарот Суад Мисини, меѓутоа, укажува дека фактот што за СДСМ гласале нивни верни гласачи не може да води кон заклучокот дека довербата во нив се разбудила.

ПАЃА ПОДДРШКАТА ЗА ДУИ
Според Јетон Шасивари, значајно е да се истакне дека изборите покажале дека почнала да опаѓа поддршката за ДУИ во споредба со предвремените парламентарни избори. Тој наведува дека ДУИ, првпат по 2005 година, кога ги добила сите општини со мнозинство Албанци, сега ги губи поголемите градови како Гостивар, а неизвесен е исходот во Струга и во Тетово.

Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 08:02
 
 
 
  Сега ќе биде многу поостро, во игра ќе влезат големи политички
пазарења...но не ми се верува дека Фрчковски би можел да победи.
Мислам дека нашиот иден претседател ќе ни биде Иванов...
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 08:03
sakas ili mislis?
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 08:11
 
 
 
  За Иванов -  мислам ...
  За Фрчко - не сакам ...
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
OUST Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај OUST Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 16:00
Добро, како може од 2 000 000 луѓе 1 800 000 да имаат право на глас Значи страшни дубари се прават, само да ја одржат вештачки „големата“ поддршка од народот
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 16:37
kradis tekstoj,a?голема%20насмевка
aku...nema gajle
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 16:38
мене ми е срам Хорхе да ни биде претседателтага
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 16:52
Оти ма му викате Хорхе?збунетост

Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 16:56
На латино американски е тоа....нагалено
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 18:00
koj nema da glasa?
zar sakate ako bidat neuspesni izborite da ni go odzeme pravoto nie da glasame, posle da go smeni ustavot i on da si odbere predsedatel ?
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 19:15
Мислам дека ќе биде тесно многу математики се во игра...
Ќе биде катастрофално ако Фрчко победи...
Неможам да ја замислам комуникацијата ВЛДАТА-ПРЕТСЕДАТЕЛ ќе биде полошо дури и од досега...

Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 19:21
Аха...ако победи ЏорЏе мед и млеко ќе биде или како што вмровците викаат дека било време на едноумие .
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 19:31
Originally posted by zenmaster zenmaster напиша:

Аха...ако победи ЏорЏе мед и млеко ќе биде или како што вмровците викаат дека било време на едноумие .


Подобро едноумие одколку три чекори напред , два назад...
Шо и фали на Русија...???
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.