Кој ќе ни биде претседател?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Историја и политика
Опис на форумот: историски, политички, изборни дебати
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=18420
Датум на принтање: 15.Јануари.2025 во 23:01 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Кој ќе ни биде претседател?
Постирано од: Анастеа
Наслов: Кој ќе ни биде претседател?
Датум на внесување: 23.Март.2009 во 18:01
|
Повелете со вашите прогнози за вториот изборен круг: кој од двајцата кандидати ќе победи? Како вие ќе гласате?
Првични резултати од првиот круг:
Ѓорге Иванов 343.374 гласови или 35,06%
Љубомир Фрчкоски 200.316 гласови или 20,45%
|
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Коментари:
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 02:39
Ѓорге Иванов,
ќе влезе како голем фаворит во вториот круг на претседателските избори
во кој соперник ќе му биде Љубомир Д.
Фрчкоски, но адутот на власта може да има сериозни проблеми со
потребниот цензус од 40% излезени гласачи за да успеат изборите,
покажуваат првичните анализи на http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FD3E285B74EC124C98D371A67DD52787 - „Дневник“ . Одзивот од најмалку 716.833
гласа за да добиеме нов шеф на државата многу ќе зависи од ставовите на
големите изненадувања на завчерашните претседателски избори, Имер
Селмани и Љубе Бошкоски, кои заедно добија нешто помалку од 300.000
гласови. Тоа значи дека ако тие двајца решат да ги повикаат своите
гласачи да не излегуваат на изборите или ако нивните гласачи самите се
демотивираат да излезат на 5 април, цензусот ќе виси на тенок конец. Се
разбира, клучно ќе биде и однесувањето на СДСМ и второпласираниот
Љубомир Д. Фрчкоски, но ако се суди според вчерашната прес-конференција
на опозицијата, тие ќе одат на победа во вториот круг.
ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА ЗА ЦЕНЗУСОТ Пресметката
покажува дека на завчерашните претседателски избори вкупно гласале
1.000.846 граѓани, односно 58% од граѓаните со право на глас. Ако
од оваа бројка се одземат гласовите на ДПА, која веќе најавува целосна
индиферентност кон вториот претседателски круг, како и гласовите на
Селмани и на Бошкоски, во случај тие да не се договорат за соработка со
некој од кандидатите, тогаш се добива разлика помала од 700.000
гласови. Се разбира, добиените гласови не се спакувани во торба, па да
можат кандидатите да му ги подарат на некој друг кандидат. Но дури и
под претпоставка дека еден дел од гласовите на Бошкоски по „вмровска“
линија ќе отидат на контото на Иванов, а друг дел симпатизери на Брат
Љубе, револтирани од политиката на ВМРО-ДПМНЕ - ќе гласаат за Фрчкоски,
тешко е да се претпостави дека сите 150.000 гласачи што го поддржаа
независниот кандидат ќе излезат и на 5 април. Напротив, логично е трет
дел од неговите гласачи да останат дома.
Со Нова демократија на Селмани ситуацијата е уште поексплицитна:
или партијата ќе се договори да влезе во власта, па ќе повика да се
гласа за Иванов (што се смета за помалку веројатна варијанта), или ќе
се концентрира само на општините во кои има битка во вториот круг за
градоначалник, а претседателските избори ќе ги прогласи за завршена
приказна (поверојатна варијанта). Во вториов случај, од гласачките
кутии ќе одлетаат околу 100.000 гласа, околу 6% од вкупното
гласачко тело, што би било сериозен проблем за исполнување на
цензусот.Ниту Селмани, ниту Бошкоски вчера не одговорија како ќе
постапат во пресрет на гласањето закажано за 5 април.
Опозициската
СДСМ вчера соопшти дека тие воопшто не планираат некаков бојкот на
изборите, туку одат на победа во вториот изборен круг. Ставот беше
соопштен откако нивниот пратеник Владо Бучковски прексиноќа во една
дебатна телевизиска емисија најави дека е можно да се случи и бојкот
„заради слабиот квалитет на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ“.
Кандидатот на СДСМ, Љубомир Фрчкоски, изјави дека тие ќе се обидат да
ги „реорганизираат гласовите на сите останати кандидати што имаат
програма за брз влез во НАТО“.
- Тие граѓани сакаме да ги
собереме во еден единствен блок, наспроти владиниот кандидат, кој
останува сам на анти-НАТО позиција - изјави вчера Фрчкоски. Според тоа,
за да избереме претседател на 5 април мора да се исполнат три клучни
услова: 1. Никоја од големите партии да не повика на бојкот; 2. ДУИ да
мотивира барем осумдесетина илјади свои симпатизери да гласаат за
Иванов; 3. Најмалку две третини од гласовите на Бошкоски да се
распоредат кај кој било од двајцата кандидати. Со овие три услови
исполнети, Иванов би станал претседател со околу 470.000 гласови (со
пресметана една третина од гласовите на Брат Љубе), а противкандидатот
би освоил нешто над 300.000.
ИВАНОВ КАСКА ЗАД ВМРО-ДПМНЕ Политичкиот аналитичар Ѓорѓи Кимов, директор на агенцијата „Брима-Галуп“, не очекува бојкотот на изборите. -
Тоа би било само израз на една емотивна реакција кај учесниците и чија
заднина брзо би се прочитала кај граѓаните. Со тоа премногу би и' се
наштетило на земјава во овој период. Инаку, сите комбинаторики за
вториот круг се нормални - вели тој.Кимов укажува дека бројот на
освоените гласови на Бошкоски и на Селмани претставува големо
изненадување на изборите. Тој смета дека гласовите што тие ги добиле,
всушност, претставуваат директни пораки на граѓаните до владејачките
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Инаку, со освоените 343.374 гласови во првиот круг,
претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, Иванов, се
наоѓа во средината меѓу Бранко Црвенковски и Сашко Кедев, кои влегоа во
вториот круг на претходните избори во 2004 година. Тогаш претседателот
Црвенковски освои 385.341 глас, а Кедев 309.132. Односно, сега Иванов
има освоено малку над 40.000 гласови помалку од Црвенковски, а речиси
35.000 повеќе од Кедев. На минатогодишните предвремени парламентарни
избори, пак, владејачката ВМРО-ДПМНЕ освои 481.501 глас, односно околу
96.160 гласови повеќе отколку што се освоени завчера.Според
аналитичарите, сепак, не може да се направи механичка споредба на
резултатите меѓу парламентарните и претседателските избори. За двата
типа избори се водат различни кампањи. Истото важи и за каква било
паралела со локалните избори.
Гледано низ бројки, владејачката ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За
подобра Македонија“ на изборите за градоначалници завчера освоија над
490.000 гласови. На изборите, пак, за советничките листи, таа бројка
изнесува над 385.000 гласови. Евидентно е дека „потфрлање“ има кај
претседателскиот кандидат, кој „заостанува“ 40-ина илјади гласови зад
„советничките“ и 150.000 кај градоначалничките. Владимир Божиновски од
Институтот за демократија смета дека во резултатите на владејачката
партија нема ништо изненадувачко.
Особено е значаен резултатот на претседателските
избори. Резултатот во првиот круг потврди дека анализите на ВМРО-ДПМНЕ
за 3 спрема 1 се тотално погрешни. Значи ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат
изгубија 150.000 гласа. Уверени сме дека овој резултат во останатите 15
дена од кампањата може да го подобриме. Со тоа граѓаните пратија
кристално јасна порака дека се против изолационизмот на власта и ја
поддржуваат опцијата за брза интеграција во ЕУ и НАТО - изјави Заев.За
аналитичарите, резултатот што го постигна СДСМ, како партија која веќе
подолго време е во криза, е максимумот што можеше да се постигне во
овој момент. СДСМ имаше проблем што нивните гласови не беа
сконцентрирани, туку беа во различни региони. Доколку имаше
концентрација на гласовите, ќе освоеја и повеќе градоначалнички места -
вели Ѓорѓи Кимов.Аналитичарот Суад Мисини, меѓутоа, укажува дека фактот
што за СДСМ гласале нивни верни гласачи не може да води кон заклучокот
дека довербата во нив се разбудила.
ПАЃА ПОДДРШКАТА ЗА ДУИ Според Јетон Шасивари,
значајно е да се истакне дека изборите покажале дека почнала да опаѓа
поддршката за ДУИ во споредба со предвремените парламентарни избори.
Тој наведува дека ДУИ, првпат по 2005 година, кога ги добила сите
општини со мнозинство Албанци, сега ги губи поголемите градови како
Гостивар, а неизвесен е исходот во Струга и во Тетово.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: pcelka
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 08:02
Сега ќе биде многу поостро, во игра ќе влезат големи политички
пазарења...но не ми се верува дека Фрчковски би можел да победи.
Мислам дека нашиот иден претседател ќе ни биде Иванов...
------------- секој нов ден, носи нова надеж...
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 08:03
sakas ili mislis?
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: pcelka
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 08:11
За Иванов - мислам ...
За Фрчко - не сакам ...
------------- секој нов ден, носи нова надеж...
|
Постирано од: OUST
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 16:00
Добро, како може од 2 000 000 луѓе 1 800 000 да имаат право на глас Значи страшни дубари се прават, само да ја одржат вештачки „големата“ поддршка од народот
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 16:37
kradis tekstoj,a?
aku...nema gajle
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: kejt-d-grejt
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 16:38
мене ми е срам Хорхе да ни биде претседател
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 16:52
Оти ма му викате Хорхе?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 16:56
На латино американски е тоа....нагалено
------------- [IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 18:00
koj nema da glasa?
zar sakate ako bidat neuspesni izborite da ni go odzeme pravoto nie da glasame, posle da go smeni ustavot i on da si odbere predsedatel ?
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 19:15
Мислам дека ќе биде тесно многу математики се во игра...
Ќе биде катастрофално ако Фрчко победи...
Неможам да ја замислам комуникацијата ВЛДАТА-ПРЕТСЕДАТЕЛ ќе биде полошо дури и од досега...
|
Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 19:21
Аха...ако победи ЏорЏе мед и млеко ќе биде или како што вмровците викаат дека било време на едноумие .
------------- [IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 19:31
zenmaster напиша:
Аха...ако победи ЏорЏе мед и млеко ќе биде или како што вмровците викаат дека било време на едноумие . |
Подобро едноумие одколку три чекори напред , два назад...
Шо и фали на Русија...???
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 19:35
Ни останаа две опции ---Ако победи Љубомир Фрчковски ќе се вклопи со претседателите од типот Саркози и некако бргу ќе најдат заеднички јазик. За македонија ќе се повторуваат работите , нема да има никаква соработка влада-претседател, секој ќе си свири во своја шупелка. Ако победи Иванов очигледно ќе имаме соработка влада претседател но не знаеме колкава самостојност ќе има претседателот. Можно е да се повтори и одвојување како што направи покојниот Борис Трајковски па пак да не чини. Како и да е , народот нека одлучи, да не се дозволи да дојде до парламентарно бирање на претседателот
-------------
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 19:38
mamamd напиша:
Ни останаа две опции---Ако победи Љубомир Фрчковски ќе се вклопи со претседателите од типот Саркози и некако бргу ќе најдат заеднички јазик. За македонија ќе се повторуваат работите , нема да има никаква соработка влада-претседател, секој ќе си свири во своја шупелка.Ако победи Иванов очигледно ќе имаме соработка влада претседател но не знаеме колкава самостојност ќе има претседателот. Можно е да се повтори и одвојување како што направи покојниот Борис Трајковски па пак да не чини.Како и да е , народот нека одлучи, да не се дозволи да дојде до парламентарно бирање на претседателот
|
Во случај на Иванов, владата и претседателот ке постигнат концензус во врска со името и птеговорите, и тоа е тоа...
Инаку не гледам зосто би му се мешал Груевски...
Иванов е многу квалитетен политоколог ( а и голем си е ), освен тоа патиштата на премиерот и претседателот многу ретко се вкрстуваат и како што реков таму каде што се случува тоа ќе има концензус...
А не како досега претседател кој собира поени за партијата...
Иванов ќе биде ослободен од ова...
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 20:01
http://video.google.com/videoplay?docid=7474406453990066154 - Мала помош за сите оние кои сакат малку подобро да го запознаат Ѓорѓи Иванов
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 20:07
kultuzin напиша:
mamamd напиша:
Ни останаа две опции---Ако победи Љубомир Фрчковски ќе се вклопи со претседателите од типот Саркози и некако бргу ќе најдат заеднички јазик. За македонија ќе се повторуваат работите , нема да има никаква соработка влада-претседател, секој ќе си свири во своја шупелка.Ако победи Иванов очигледно ќе имаме соработка влада претседател но не знаеме колкава самостојност ќе има претседателот. Можно е да се повтори и одвојување како што направи покојниот Борис Трајковски па пак да не чини.Како и да е , народот нека одлучи, да не се дозволи да дојде до парламентарно бирање на претседателот
|
Во случај на Иванов, владата и претседателот ке постигнат концензус во врска со името и птеговорите, и тоа е тоа...
Инаку не гледам зосто би му се мешал Груевски...
Иванов е многу квалитетен политоколог ( а и голем си е ), освен тоа патиштата на премиерот и претседателот многу ретко се вкрстуваат и како што реков таму каде што се случува тоа ќе има концензус...
А не како досега претседател кој собира поени за партијата...
Иванов ќе биде ослободен од ова... |
сакам да го делам твојот оптимизам и би сакала да е заразен
-------------
|
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 21:19
od gostuvanjeto kaj Milenko navistina go zapoznavme podobro Ivanov.... no jas veke pisuvav za toa vo temata za Ivanov.
Toj e politikolog no ne e politicar. Toj samiot kako profesor gi ucel studentite deka razlikata megju politikolog i politicar e ista kako megju kriminolog i kriminalec....
pa sega izvlecete si zaklucok sami dali navistina politikologot sakal da stane politicar , ili go ubedile deka treba da stane .... ne e ni vazno sega i ne e ni vazno dali ke bide ili ne predsedatel, vidovme deka za politicar ne go biva.
|
Постирано од: Pacifist
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 21:21
kultuzin напиша:
zenmaster напиша:
Аха...ако победи ЏорЏе мед и млеко ќе биде или како што вмровците викаат дека било време на едноумие . |
Подобро едноумие одколку три чекори напред , два назад... Шо и фали на Русија...??? |
si bil li ti u rusija pa da vidis sto i fali ????
tamu sve fali ...lugjeto ne mozat da glasat kako treba ... putin e glavna licnost okolu koj se vrti cela rusija ... toa ne ni e potrebno ...
------------- ....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
|
Постирано од: Pacifist
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 21:24
glasav za opcijata "NEMA DA GLASAM" no mozebi pak ke izlezam na glasanja samo da ne ni se sluci da ne go postigneme cenzusot od 40 % ... toa bi bill sramno za makedonija i koj ke gi trpi posle stancite ... a i na grcite ke im se pravi kefot ...
inaku nikogas ne bi izlegol da glasam na vtoriot krug ... ednostavno , ne sakam da izlezam na nekoi izbori kade sto od napred se znae deka ke se bira najgllupiot covek koj ke ne pretstavuva ...
------------- ....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
|
Постирано од: kejt-d-grejt
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 21:41
kultuzin напиша:
zenmaster напиша:
Аха...ако победи ЏорЏе мед и млеко ќе биде или како што вмровците викаат дека било време на едноумие . |
Подобро едноумие одколку три чекори напред , два назад...
Шо и фали на Русија...??? |
види...види...молим те.... дали тоа некој е носталгичен по комунизмот???
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 21:47
karale, ne karale...nie ovde...eden ke pobedi....a mene mi e veke preku glava od site
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 21:52
butel2 напиша:
od gostuvanjeto kaj Milenko navistina go zapoznavme podobro Ivanov.... no jas veke pisuvav za toa vo temata za Ivanov.
Toj e politikolog no ne e politicar. Toj samiot kako profesor gi ucel studentite deka razlikata megju politikolog i politicar e ista kako megju kriminolog i kriminalec....
pa sega izvlecete si zaklucok sami dali navistina politikologot sakal da stane politicar , ili go ubedile deka treba da stane .... ne e ni vazno sega i ne e ni vazno dali ke bide ili ne predsedatel, vidovme deka za politicar ne go biva. |
Претседателската функција не е типично политичарска функција , како премиер на пр...
Претседателот го застапува народот, ја представува земјата...
И затоа е многу битно да се има претседател кој ке биде компетентен на многу полиња...затоа мислам дека тој треба да биде над нивото на размислување на политичарите...
Претседател е нешто поелитно и затоа сосема одговара на искуството и знаењето на Иванов...
А особено кога се знае дека овој човек на мравка незгазнал...голем верник е, што е исто така многу важно...
|
Постирано од: Јордан Шумарот
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 21:58
Се стегна и го истаде одговоров... брао култузине.. ашколсун...
Убо рекол Ленин... луѓето и аксиомите ке ги сменат - ако тоа им е од интерес...лол
|
Постирано од: kejt-d-grejt
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 21:59
Ама претседател на држава ТРЕБА да има мравка згазнато како тоа не е потребно да си политичар за да бидеш на таа функција??? луѓе бре, па ова не е обично перење мозок, ова варикина имаат турено
|
Постирано од: Јордан Шумарот
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 22:02
Е овај со мравкиве нашиов.. нека ојт со човекована рипка (А.М.) и нека се разберет со Д.Бакојани.. таа сигуно ке излезит со лав удаен в заби...лол...
Кај ги пуштаме овие недоносени:?????
|
Постирано од: kejt-d-grejt
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 22:10
Кој, Дора кучката??? гарант по еден лав дневно со заби дере Е....култузин бејб, јас таков претседател на држава сакам да имам што дере лав со заби, а тој што не гази на мравка, нека оди во манастир Таа кучката машки се бори за интересите на својата земја и не цвика од дуели
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 22:20
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 23:40
kultuzin напиша:
butel2 напиша:
od gostuvanjeto kaj Milenko navistina go zapoznavme podobro Ivanov.... no jas veke pisuvav za toa vo temata za Ivanov.
Toj e politikolog no ne e politicar. Toj samiot kako profesor gi ucel studentite deka razlikata megju politikolog i politicar e ista kako megju kriminolog i kriminalec....
pa sega izvlecete si zaklucok sami dali navistina politikologot sakal da stane politicar , ili go ubedile deka treba da stane .... ne e ni vazno sega i ne e ni vazno dali ke bide ili ne predsedatel, vidovme deka za politicar ne go biva. |
Претседателската функција не е типично политичарска функција , како премиер на пр...
Претседателот го застапува народот, ја представува земјата...
И затоа е многу битно да се има претседател кој ке биде компетентен на многу полиња...затоа мислам дека тој треба да биде над нивото на размислување на политичарите...
Претседател е нешто поелитно и затоа сосема одговара на искуството и знаењето на Иванов...
А особено кога се знае дека овој човек на мравка незгазнал...голем верник е, што е исто така многу важно... |
bas naprotiv, predsedatelot treba da e politicar i diplomat, a premierot treba da si ja gleda ekonomijata.... no kaj nas nisto ne e kako sto treba
a za vernik , neka si e, toa voopsto ne e vazno kakov politicar ke bide
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 23:48
Политичар треба да биде во Америка и Русија затоа што има други ингеренции...
Во Македонија ситуацијата е различна...
Јас сепак би сакал претседател криминолог одколку криминалец...
|
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 23:56
ne ne Kultuzin, sekogas za site glupavi zakoni koi gi nosi Gruevski velis se evropski, ako sakame vo evropa, mora taka da bide , e pa ako pravime copy paste od tamu , jas so celo pravo ocekuvam i takvo odnesuvanje na tie sto pravat copy paste.
ne si ja razbral poentata na samiot Ivanov.... kriminilogot stanal kriminalec
|
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 25.Март.2009 во 00:46
Иако мислам дека ќе биде Иванов
Јас не гласав И нема ни да гласам
|
Постирано од: Паланчански
Датум на внесување: 25.Март.2009 во 11:33
А, зошто да не гласаш? Можеби те мрзи? Гледам од името.
Иванов сигурно добива. Нешто заради партиската поддршка, повеќе заради противкандидатот, кој има лошо минато (прочитајте некои колумни од постарита броеви на „Дневник“ и ќе ви биде јасно), тепачки на паркинзи...
------------- Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 25.Март.2009 во 12:30
Нешто заради партиската поддршка, повеќе заради противкандидатот
k
mislam deka e poveke poradi ona prvoto
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: ВАЖНА
Датум на внесување: 25.Март.2009 во 14:33
GORGE IVANOV se razbira ke ni bide pretsedatel!
------------- Последна изјава на црвенкоски: државата ни е на раб од провалија ако се вратиме ние на власт ќе направиме чекор напред.
|
Постирано од: Командантица
Датум на внесување: 25.Март.2009 во 20:48
не ме интересира,..кој и да е е исто срање во различно паковање...такви се политичарите..
благодарам..
------------- ..Живеам за да умрам..!
|
Постирано од: MKD Fighter
Датум на внесување: 25.Март.2009 во 22:29
Командантица напиша:
не ме интересира,..кој и да е е исто срање во различно паковање...такви се политичарите..
благодарам.. | Kerim bese najdobra varijanta.
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 25.Март.2009 во 23:19
kultuzin напиша:
zenmaster напиша:
Аха...ако победи ЏорЏе мед и млеко ќе биде или како што вмровците викаат дека било време на едноумие . |
Подобро едноумие одколку три чекори напред , два назад...
Шо и фали на Русија...??? |
е на Русија ништо не и фали ама немој да ми речеш дека може да се спореди Ѓорге со Медведев или со Путин па нели Ѓорге на мрава не гази затоа го сакаме а Медведев и Путин... а и нешто ме потсеќа на комуњарија ова со Русија...нели сме против комунизмот???
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: kejt-d-grejt
Датум на внесување: 25.Март.2009 во 23:28
ќе се прекрстувале, знаеш??? ДПМНЕ - комунистичка
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 25.Март.2009 во 23:31
па добро,тоа повеќе им одговара во даденава ситуација- Ѓорге ќе победи,градоначалници,советници... едноумие...против кое толку срчано се бореа и го плукаа... ама пустото најслатко било
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: kejt-d-grejt
Датум на внесување: 25.Март.2009 во 23:33
и ќе имало предмет во училиште ГРУЈОВИЗАМ доста беше со тоа марксизам веќе
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 26.Март.2009 во 00:40
Andjelina напиша:
па добро,тоа повеќе им одговара во даденава ситуација- Ѓорге ќе победи,градоначалници,советници... едноумие...против кое толку срчано се бореа и го плукаа... ама пустото најслатко било
|
Можеби и ќе биде едноумие, се надевам нема... Не дека нема да му биде слатко... Но, за тоа најмалку виновен е Груевски. Власта ја добија на легален начин, на избори, на кои голем дел од народот ги гласаше и тука нема ништо спорно. Опозицијата е во кома, немаат абер од реформирање и освежување на кадрите. Наместо тоа, тие пак Бранко ќе го враќаат... А Фрчко сакаат претседател да ни го прават. Е па памти народот изгледа и стари гревови, не заборава така лесно...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 26.Март.2009 во 00:48
Andjelina напиша:
па добро,тоа повеќе им одговара во даденава ситуација-Ѓорге ќе победи,градоначалници,советници...едноумие...против кое толку срчано се бореа и го плукаа...ама пустото најслатко било
|
Подобро институции кои ќе соработуваат одколку раштиман оркестар како досега...
Што се однесува до едноумие не се секирај сме издржале и полошо (Бранко-Глигоров, Трајковски-Љубчо) освен тоа после три години ќе има парламентарни па ако нечинат ќе си одат...
Лично мислам дека Иванов е човек со многу силен морал па така мислам дека ќе биде претседател на сите граѓани а не партиски војник...
Дека такво нешто е можно покажа и Трајковски...
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 26.Март.2009 во 00:48
10 lugje veruvaat deka FRCKOVSKI KJE bide pretsedatel?????
ili dojdoa vcera tuka ili mora da se salat
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 26.Март.2009 во 00:49
inaku nekoj tuka stalno spomenuva EDNOUMJE
da taka e, no poarno ednoumnje nego bezumje, nothing niete, nic, nicht nichevo. puf
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: dras
Датум на внесување: 26.Март.2009 во 00:52
...ако би бил Јас,...можеби би било демократија,... а вака Ѓорѓе или Грујо,..нема едноумие!?...
|
Постирано од: pcelka
Датум на внесување: 26.Март.2009 во 08:30
Па можеби и треба да имаме едноумие, кога немаме никаква опозициа...!!!
------------- секој нов ден, носи нова надеж...
|
Постирано од: Паланчански
Датум на внесување: 26.Март.2009 во 11:51
Не е тоа едноумие. Самите си бираме што сакаме. Ако погрешиме, самите сме криви. Едноумие беше кога ТИТО, оној стариот, не овој сега ќе кажеше нешто и сите потврдуваа. Ова сега е истомисленост. Сите се фативме за сламката на спасот. Да се надеваме дека ќе испливаме, но длабоко сме потонати.
------------- Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 26.Март.2009 во 15:02
objasni mi koja e razlikata pomegu ednoumie i istomislenost vo ovoj kontekst za koj razgovarame
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 26.Март.2009 во 18:20
nema nekoja razlika , razlikata e sto vo toa ednounmie imavme se sto i Tito, a vo ova ednoumie uste bodlikavi zici ni falat pa da bideme logorasi vo drzavata ni
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 26.Март.2009 во 19:24
butel2 напиша:
nema nekoja razlika , razlikata e sto vo toa ednounmie imavme se sto i Tito, a vo ova ednoumie uste bodlikavi zici ni falat pa da bideme logorasi vo drzavata ni |
Па во дамнешната 1991 година сами тоа си го посакавме. А како се повеќе одминуваше времето се повеќе ни годеше ДИКТАТУРА која конечно ја добивме ама во форма на ТОТАЛНА ДИКТАТУРА, кое нешто ни Албанија го немаше за времето на Енвер Хоџа. Сега сакале или НЕ, мораме да ги избереме за претседател Фрчкоски инаку мракот кој ни го наметнаа диктаторите ќе не изеде.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 26.Март.2009 во 19:57
Паланчански напиша:
А, зошто да не гласаш? Можеби те мрзи? Гледам од името.
Иванов сигурно добива. Нешто заради партиската поддршка, повеќе заради противкандидатот, кој има лошо минато (прочитајте некои колумни од постарита броеви на „Дневник“ и ќе ви биде јасно), тепачки на паркинзи... |
Во првиот круг немав време за гласање.........
А ако излезам втор круг тоа ќе биде само да го поништам листот
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 26.Март.2009 во 20:04
mrzla напиша:
Паланчански напиша:
А, зошто да не гласаш? Можеби те мрзи? Гледам од името.
Иванов сигурно добива. Нешто заради партиската поддршка, повеќе заради противкандидатот, кој има лошо минато (прочитајте некои колумни од постарита броеви на „Дневник“ и ќе ви биде јасно), тепачки на паркинзи... |
Во првиот круг немав време за гласање.........
А ако излезам втор круг тоа ќе биде само да го поништам листот |
Сепак тогаш се броиш како гласач...и ќе придонесеш за да се оствари концензусот од 40% што всушност е и најбитно...
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 27.Март.2009 во 00:51
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FB383F38535A61429336F43AC3125FA2 - Имер Селмани изјави дека нема да тргува со гласовите на избирачите кои се одлучија за него, што е сосема исправно:
“Граѓаните што на 22 март се определија за мојата понуда донесоа
вистинска одлука. Не ме поддржаа само етнички Албанци. Од 150 илјади
гласови, околу 38 илјади се на Македонци, а околу 10.000 гласови добив
од граѓани од другите етнички заедници. Гласачите што ме поддржаа ја
донесоа вистинската демократска пролет за Македонија. Убеден сум дека и
во вториот круг граѓаните повторно ќе донесат вистинска одлука за кого
да се определат. Останувам доследен на моето предизборно ветување дека
не се кандидирав за да тргувам со гласовите на граѓаните во вториот
круг, туку за да победам - изјави Селмани. Тој вели дека гласачите,
водени од демократските принципи, сами треба да проценат дали ќе се
определат да поддржат некој од кандидатите.
Партиски извори од
НД ваквата одлука на Селмани ја коментираат како решеност 150 илјади
освоени гласови да останат на контото на партијата и да придонесат за
нејзино натамошно етаблирање во политичкиот систем. Со тоа, велат во
партијата, се демантираат сите шпекулации дека НД е производ на
премиерот Никола Груевски, за по изборите Селмани да стане дел од
власта. Процената на Селмани била дека НД може да стане дел од власта
само ако се легитимира на парламентарни избори како победник. ---------------------------------------------------------------------------------------------
Ваквото тргување со гласовите на граѓаните од страна на политичарите, иако е востановена практика и непишано правило по кое се раководат сите партии, повеќе личи на понижување на електоратот! Пазарите кои се прават во периодов меѓу два изборни круга, можат да бидат само на штета и на грб на граѓаните: непринципиелни коалиции во чии редови заедно ќе седнат довчерашни лути противници и непријатели, се ветуваат нешта за кои се молчи, се прават тајни договори... за кои граѓаните дознаваат кога веќе е касно!
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Палестинец
Датум на внесување: 28.Март.2009 во 00:55
Кој и да биде......Србокомунист ќе е......ееееее.......чергарска нацијо освести се......
------------- Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 28.Март.2009 во 03:15
Ова би било добра идеја за претседателските кандидати:
http://www.forum.com.mk/#_tools/article/995/view -
Психијатрите и психолозите се должни да му го објаснат на народот следното: -
Во политиката постојат повторувања (таканаречени рецидиви, односно
рецидивисти). Тоа се луѓе кои повторно и повторно се на власт, упорно
се буткаат без да признаат дека народот по лошо ги препознава или, пак,
по тоа што ништо добро не направиле. Народот треба да биде претпазлив
со нив оти тие немаат правилен увид за себе и не се доволно критични за
она што го прават. За нив е единствен лек да им се препорача политичко
мирување и занимавање со неполитичка активност. Затоа што, и настинка
ако се повтори, може да доведе до компликации. - Лабилна личност,
непостојан, карактер, амбивалентност и слично е негативна особина на
личноста. Во политиката тоа се луѓе кои минуваат од една политичка
партија во друга, со нивно образложение дека не се согласуваат со
работата на старата партија, а потоа по ист принцип и новата партија
станува стара итн. На ова се надоврзува една особина која во
психијатријата се нарекува “желба за моќ”. Таа желба за моќ има
негативна конотација ако е во служба на личен интерес, што е случај кај
овие луѓе. - Политичар не може да биде личност која не може да ги
контролира своите емоции. Ова е голем хендикеп и често е проблем во
форензичката психијатрија, впрочем образованието, културата и
цивилизацијата од малечки нè учат да управуваме со своите емоции. Сега
морам да бидам конкретен: не може и не смее универзитетски професор и
личност со претходни високи функции во општеството да изгуби контрола
врз своите емоции, да се изнервира или да западне во афект, па за
банални причини да реагира. - Граѓаните во никој случај не смеат
да наседнат на убедувањата на кандидатите кои, а тоа се уверивме
следејќи ги нивните настапи, многу често ги користат своите
интелектуални способности во вешто, но не чесно манипулирање со
логиката. Високоинтелектуалното ниво никако не смее априори да се сфати
како единствен плус за кандидатот. Во светот е познато дека лидери на
мафии и криминални групи биле многу интелигентни, инаку не би биле
лидери. Но, сигурно е дека интелегенцијата е важен чинител ако се
користи во позитивна насока, односно во служба на интересите на народот. -
Не би требало да се сфати како негативна црта на личноста ако еден
политичар јавно се појавува и ги соопштува добрите вести кои се реални.
Тоа го охрабрува народот и психолошки стимулира. И колку почесто тоа го
прави, толку е подобро. Од друга страна, не е позитивна црта на
личноста ако еден политичар постојано, јавно и нескриено ја манифестира
својата ароганција, агресивност и вулгарност. - Негативна особина на
личноста на политичарот е ако излегува пред својот народ со репетирачки
дефетистички ставови. Тој мора да биде оптимист, за да масите ги
раздвижи нанапред и им даде поттик за прогрес. Јасно е дека оптимизмот
не смее да личи на илузија. - Што се однесува до претседателот на
државата, факт е дека тој има “мали ингеренции”, но тоа не треба да го
заведе народот. Затоа што, погрешна личност на вистинско место не може
да направи многу, но може многу да растури. Впрочем, историјата
покажува дека судбината на еден народ, било позитивна или негативна,
често зависи од еден човек.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 28.Март.2009 во 08:18
Ќе се помачиме со прогнозите. Веројатно политичката математика на преговори/договори може да покаже дека 1+1 не е 2. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=36863BB95BCCD1448199B209518CA6E3 - Неочекувана средба на Ахмети со Заев http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0317FEB53F8D1245B675AD475F611720 - Црвенковски и Керим работат со намера да пропаднат претседателските избори!
-------------
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 28.Март.2009 во 09:06
pa i dosega bilo taka!
sekogas imalo poveke livcinja od glasaci,....
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 28.Март.2009 во 09:24
НЕКА ЖИВЕЕ ТОЈ ЕДЕН ДЕН ДЕМОКРАТИЈА ШО Е У 4 ГОДИНИ ако знаеме дека имаме само еден ден за 4 години бре треба да го цениме а не да си прајме спрдња со него
оно ниту во западните демек поразвиени демократии нема повеќе од тој еден ден
но поарно да имаме еден ден него да го имаме КАЛИГУРА ЦЕЗАР, или го имаме????
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: pcelka
Датум на внесување: 28.Март.2009 во 10:41
Во вториов круг ќе победи кандидатот на ВМРО господинот Иванов, џабе овие СДСМ-овциве , креваат толкава галама, но нешто ме зачудува, слабо ја гледам Рада, изгледа Фрчко не и баш по мерак...!!!
------------- секој нов ден, носи нова надеж...
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 28.Март.2009 во 16:57
mene mi izgleda deka vmro kreva galama!
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 28.Март.2009 во 17:06
Prerano ima samoproglasen pretsedatel...ne mislite deka moze da sluchi presvrtnica
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 28.Март.2009 во 17:18
mislam...ke vidime.
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 28.Март.2009 во 17:19
Mislam i jas...pa zivi bili ,pa videli
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 28.Март.2009 во 17:40
renatax напиша:
Prerano ima samoproglasen pretsedatel...ne mislite deka moze da sluchi presvrtnica |
uff... So Frchko za kandidat ne veruvam
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 28.Март.2009 во 17:43
Pa sega i jas so Ivanov ne veruvav ama ...ponekogash i chuda se sluchuvaat
|
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 28.Март.2009 во 22:15
site se prerano proglaseni, koga setase Gruevski po pazarite so kandidatite za gradonacalnici, im velese na pazardziite---- pred vas e noviot gradonacalnik na ...
dali e toa ok?
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 29.Март.2009 во 11:45
butel2 напиша:
site se prerano proglaseni, koga setase Gruevski po pazarite so kandidatite za gradonacalnici, im velese na pazardziite---- pred vas e noviot gradonacalnik na ...
dali e toa ok? |
Ne e vo red ...tokmu zatoa gi narekov samoproglaseni
|
Постирано од: pcelka
Датум на внесување: 29.Март.2009 во 13:56
На Фрчковски не му веруваат своите, а не пак останатите...!!!
Овојпат само СДСМ - гласаше за партија, а не за "личност"...!!!
------------- секој нов ден, носи нова надеж...
|
Постирано од: ato
Датум на внесување: 29.Март.2009 во 14:05
Едноумие зарем не ги викаме тие КОМУЊАРИ. Од кога десноориентираната партија користи комуњарски методи и реторики.
Ха ха ха ха
какво гласање, сељак + сељак = 2 сељака
|
Постирано од: pcelka
Датум на внесување: 29.Март.2009 во 14:19
Сакаш да кажеш дека е можно ,,сељак,, да ни ја води државава...!!!
------------- секој нов ден, носи нова надеж...
|
Постирано од: Паланчански
Датум на внесување: 29.Март.2009 во 18:13
nelson напиша:
objasni mi koja e razlikata pomegu ednoumie i istomislenost vo ovoj kontekst za koj razgovarame |
Извини што доцнам со одговорот. Јас сум теренски работник, па не секогаш имам пристап до интернет.
Едноумие е кога еден (Шефот (ТИТО, Груевски или било кој друг)) ќе каже како мора да биде, а другите само ќе кажат „амин„.
Истомосленост е кога некој не убедил (да не речем збудалил) дека тоа е исправно, па сите мислиме исто (не значи дека мислиме исправно).
------------- Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
Постирано од: Паланчански
Датум на внесување: 29.Март.2009 во 18:19
Од сето ова само албанците ќе имаат корист. Ако Груевски се најде во тесно, ќе им вети многу работи, само и само Иванов да биде претседател. И ќе биде...
------------- Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 29.Март.2009 во 18:24
Паланчански напиша:
Од сето ова само албанците ќе имаат корист. Ако Груевски се најде во тесно, ќе им вети многу работи, само и само Иванов да биде претседател. И ќе биде... |
тоа е цената која сите ќе ја плаќаме подоцна,а не сме свесни или се правиме луди?
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 29.Март.2009 во 18:26
od dvete po malo
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: Паланчански
Датум на внесување: 29.Март.2009 во 18:30
Изгледа повеќе она другото...
------------- Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
Постирано од: lilica
Датум на внесување: 30.Март.2009 во 13:41
Не сме баба Ванѓа, па да проречеме.Го посакуваме Фрчковски Ама и ќе гласаме за него. Во многу весници а и на форумов читав „за атентатот на Глигоров“ , па можеби..... пак ќе има.....за....што знаеш....Супер татко - ИМА ТРИ ДЕЦА - а размислува за уште....Издржува една, а храни и друга сопруга.....Алал да му е и е во одлична форма.
Иванов ми изгледа болникав,едно дете,една жена....Тотален неуспех во животот!!
Кој би посакал таков за претседател!Само под присила би ....
За претседател не постои подобра опција од Љ.Д.Фрчковски!
------------- Кој бара ќе најде.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 30.Март.2009 во 15:56
teshko na makedonskiot narod,....so isti tip gomnari,...na sekoe nivo na vlast!
amin!,....lesna mu zemja!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Паланчански
Датум на внесување: 30.Март.2009 во 16:22
Ако размислам подобро, треба да биде Фрчкоски. А, за министер во МВР ќе го поставиме лично Киро Глигоров!!!
------------- Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
Постирано од: lilica
Датум на внесување: 30.Март.2009 во 16:36
Паланчански напиша:
Ако размислам подобро, треба да биде Фрчкоски. А, за министер во МВР ќе го поставиме лично Киро Глигоров!!! |
СУПЕР ИДЕА!! А да распишеме предвремени избори сега, а? Киро Глигоров е мој комшија, млад, со искуство од 31 г. во правната служба на Синдикатот, па.... ми одговара! А? Ти за некој друг да не мислеше? Друг не познавам. ...... .......
------------- Кој бара ќе најде.
|
Постирано од: lilica
Датум на внесување: 30.Март.2009 во 16:41
brza напиша:
teshko na makedonskiot narod,....so isti tip gomnari,...na sekoe nivo na vlast! amin!,....lesna mu zemja!
|
Абе добро е што се
исти тип на гомнари
лошо е што јадачите на гомна се ненаситни.
Лесна да му е......
------------- Кој бара ќе најде.
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 30.Март.2009 во 22:57
Состојбата во државата е толку жешка што уместо регуларни гласови во втор круг може да ни се случат регуларно немили настани од причина што и едната и другата полиитчка опција не знае за пардон. И едната и другата политика е беск*рпулозна а народот тоа го дразни, премногу му е на овој народ се што е надвор од контролата на настаните а политичарите као да го посакуваат тоа.Така може да се случи и никој да не излезе да гласа или пак не дај боже да се случи оноа од саботата во центарот на Скопје. Господ нека ни е на помош.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 30.Март.2009 во 22:59
orlov...sega se soglasuvam so tebe.
Gospod neka ni e napomos!
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: MKD Fighter
Датум на внесување: 30.Март.2009 во 23:15
Ve molam dadete nekoj glas poveke za Gjole - "Supak", bidejki ke ni se zakacat negovite Dpmne-ovski Komunjari i ke bide se nerealno.
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 00:11
Љубомир Данило Фрчкоски. Никој друг.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: MKD Fighter
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 00:15
orlov напиша:
Љубомир Данило Фрчкоски. Никој друг.
| I jas zum za Frcko
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 00:32
MKD Fighter напиша:
orlov напиша:
Љубомир Данило Фрчкоски. Никој друг.
| I jas zum za Frcko |
Така е. Ашкол сум.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 00:34
Орлов, се сеќавам на твоите коментари за Фрчко во темата за атентатот на Глигоров и знам дека имаше поинакво мислење за него. Што те натера толку драстично да го смениш ставот? (Не мора да одговориш, ама стварно ми е чудно...)
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 00:49
anastea напиша:
Орлов, се сеќавам на твоите коментари за Фрчко во темата за атентатот на Глигоров и знам дека имаше поинакво мислење за него.Што те натера толку драстично да го смениш ставот?(Не мора да одговориш, ама стварно ми е чудно...)
|
Јас цело време се прашувам дали е ИРОНИЧЕН , дали е тој истиот човек или шо викат хрватите „нешто друго е по сриједи„..
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 10:43
anastea напиша:
Орлов, се сеќавам на твоите коментари за Фрчко во темата за атентатот на Глигоров и знам дека имаше поинакво мислење за него. Што те натера толку драстично да го смениш ставот? (Не мора да одговориш, ама стварно ми е чудно...)
|
Да, anastea во право си. Мојот став за Фрчко е истиот ни малку не е промнет. Но, воената психологата во делот на службите има свој метод. Оној кој нешто сторил а успеал да му избега на законот дај му таква работа кава работел оној на кој тој му нанел зло. Ако добро се сеќаваш во еден пред изборен пост кој чинам дека го избриша, кога го номинираа и Фрчко за претседателски кандидат прашав само: ,,А КОГА ЌЕ БИДЕ АТЕНТАТОТ,,. Тоа беше дирекна мисла за атентат врз Фрчко доколку неговите издејствуваат за да стане претседател. И денес стојам на тој став. Сега мислам дека ме разбираш?
file:///C:%5CDOCUME%7E1%5C879F8%7E1.RIA%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml -
file:///C:%5CDOCUME%7E1%5C879F8%7E1.RIA%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml -
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 12:45
loso....loso....
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 13:27
Разбрав Орлов... донекаде
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 13:52
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 14:02
nelson напиша:
loso....loso.... |
Нема ништо лошо штом се работи за доброто на НАРОДОТ.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 14:05
ne sum sigurna deka go imas izbrano dobriot pat....za resenieto mislam
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 14:39
nelson напиша:
ne sum sigurna deka go imas izbrano dobriot pat....za resenieto mislam |
Јас сум сигурен. Ти не си дел од мене па да знаеш што тоа јас знам и можам. Затоа нормално е за работи кои ги работата други да не си сигурен. Основно е што немаш мотив, а друго е што и вопшто не ја знаеш стратегијат а преку неа и целта што некој ја има зацртано. Според тоа немој да се сомневаш во себе, а и во друг кој има нешто креирано понесен од некој мотиви воопште.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: ВАЖНА
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 15:26
ГОРЃЕ ИВАНОВ ќе биде претседател и јас сум за него се разбира!!!
------------- Последна изјава на црвенкоски: државата ни е на раб од провалија ако се вратиме ние на власт ќе направиме чекор напред.
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 16:00
ВАЖНА напиша:
ГОРЃЕ ИВАНОВ ќе биде претседател и јас сум за него се разбира!!!
|
Твојата ОДЛУКА е во погрешен правец. Ме разбираш. Ако ме разбираш.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: ВАЖНА
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 17:05
ГОРЃЕ ИВАНОВ ќе биде претседател и јас сум за него се разбира!!!Не ми е погрешна одлуката туку твојата е погрешна! ЃОРГЕ Е НАЈДОБАР!
------------- Последна изјава на црвенкоски: државата ни е на раб од провалија ако се вратиме ние на власт ќе направиме чекор напред.
|
|