|
Смислата на постоењето ? |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | ||||||||||||||
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Како за кого, сите различно си ја наоѓаме смислата на нашето постоење во различни нешта Изменето од Lithium - 15.Март.2009 во 15:37 |
||||||||||||||
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
||||||||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
ЗораНаСлободата, твојот пост е пишан баш на роденденот на мојот син, кој ми значи безкрајно многу! Несакам да ти сугерирам, но секој кој барем малку слушнал за ЕВАНГЕЛИЕТО, знае што е смислата на живеењето! Честопати кога интроспективно го набљудувам мојот досегашен живот се прашувам, како можеш да бидеш толку слеп?! Се надевам и верувам, дека БОГ набрзо ќе ни дари на сите, очи што гледаат и уши што слушаат! АМИН Изменето од spiros - 17.Март.2009 во 20:11 |
||||||||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||||||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Ц - ц - ц, Спиросе! Како си дозволуваш да речеш овакво нешто кон човек кој не ги дели твоите ставови? Се сеќавам дека и порано имаш направено овакви (ненамерни?) лапсуси, кога даваше некои цитати од библијата каде за тие кои не веруваат во (твојот) бог се вели: „безумни“, или нешто во тој стил. Не ми се бара сега назад по постовите за да најдам каде беше тоа. Одамна беше. Те молам, во иднина внимавај на зборовите, оти знаеш и самиот, малку фали да се даде реплика со која ќе бидеш нападнат од некого, па ти ќе возвратиш ... и отиде темата. Се надевам оваа критика ќе ја прифатиш добронамерно. За темата. Како врв на вечните прашања: што сме, од каде сме, каде сме,... се поставува ова филозовско прашање - која е смислата на сето тоа? Нормално, на ова прашање очекувам теистите да дадат теолошко толкување на смислата на постоењето, односно доближување кон бог ... (и на тоа слично), а атеистите ... секој различно (тука дијапазонот за можни одговори е многу по голем). Но, овде сакам да поставам едно друго прашање (нормално, поврзано за оваа тема) кое се однесува за луѓето со теистички поглед на светот: Како животните и растенијата размислуваат за ова прашање? Знам, „малку“(?) е збунувачки - ќе си речете - што овој треска?! Зборот ми е, дали ќе можете да замислите ситуација во која би ги апстрахирале луѓето, едноставно, како да не постојат? Која би била тогаш смислата на постоењето на сите останати суштества? Во овој контекст и уште еден дополнителен аргумент, дополнително прашање со кое би се дообјаснила смислата на моето размислување, која е смислата на постоењето на останатите вселенски објекти? Ајде, овде да го исклучиме Сонцето, кое е неопходно за да човекот живее и да му се „придружи на бог“, но која е смислата на постоењето на другите небесни тела (ѕвезди, комети, маглини, квазари, галаксии... други живи суштества (!?) ...)? Дали и тие придонесуваат да се оствари божјата замисла за човекот? Во крајна инстанца, која е смислата да се отиде кај бог? Што ќе правите таму? Вечност? Како тоа си го замислувате? За кого ќе се однесува тоа? За тие кои живееле до „судниот ден“ кога бог ќе распореди кој каде ќе оди? Дали после тој ден ќе нема нови раѓања, и со самото тоа ќе нема безгрешност? Која ќе биде смислата на таквото „живеење“? |
||||||||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||||||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Како прво, залтнику, ти го манипулираш цитатот и го вперуваш само кон една личност, омаловажувајќи ја истата! Во ниеден случај и во споредба со никого не се чувствувам супериорен, а најмалку со човек кој барем малку верува на Евангелието на ЉУБОВТА! Што се одесува до темата: Дали теисти или атеисти, дали цицачи или растенија, ... смислата на Животот е таа, една единствена, вечна сёопфатна, Животопријатна ЉУБОВ! Јас лично верувам и се надевам, дека човекот ќе се разбуди за смислата на Животот и тоа во многу блиска иднина! Или ќе се разбуди, или ќе нема иднина! поздрав |
||||||||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||||||||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Nakratko za dzvezdite: dzvezdite se mocni kosmicki kompjuteri koi go tvorat mokjniot kauzalen zakon. Vo dzvezdite se skladira sè ona koe se slucuva vo vselenata. Po odredeno vreme, skladiranite informacii se transformiraat ili zracat povtorno nazad(vo oblik na posledica). Vo nekoi objavi bea dadeni informacii i za drugite raboti no jas zasega ne sum procital na taa tema.
Kako i da go zamislime, ce bide covecki zamisleno a ottamu ne soodvetno na bozestvenata realnost. Vo taa smisla e kazano vo prvata zapoved preku Mojsej deka ne treba da si pravime predstavi za Boga i Neboto itn... bidejki toa ce bide slika za ona sto NE E, a ne slika za ONA STO E!. No bozestveniot svet vo povekje navrati im go doblizi na lugjeto izgledot na Apsolutnosta - duhovniot univerzum i negovite ziteli(kade spagjame i nie, no odamna sme si zaminale) so cel da go dorazbudi kopnezot po vecnata Tatkovina kade nema patenje. Eden od pocetnite preduslovi e covekovata slobodna volja da saka da se vrati tamu.
Glavniot cekor koj ce treba da go storat pred sè e: prostuvanje, molenje za proska, popravanje na storenoto i povekje ne pravenje na istoto ili slicnoto. Koga dusata ce sozree bilo za vreme dodeka e kako covek na Zemjata ili najdocna vo cistilisnite podracja(gi ima 4 osnovni, nareceni: Red, Volja, Mudrost i Serioznost) da stanuva sposobna postepeno da go primenuva tnr. Apsoluten Zakon. Toa go uci vo tnr. 3 podgotvitelni podracja(se vikaat i: Trpelivost, Ljubov i Milosrdie), kade ziveat dushi koi se pretezno cisti, no seuste ne se sovrseni kako Otecot Nebesen i angelite. Koga ce gi pominat i tie posledni 3 skalila, tie dusi dogjaat do svetlosniot dzid, i bidejkji vo sebe nosat Nebo, mozat i samite da vlezat vo tnr. cisto Nebo odnosno vo Apsolutnosta.
Изменето од Majkl - 18.Март.2009 во 19:16 |
||||||||||||||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Ооооооооооо, Златник........па кај си ти???? Ми недостигаше.......
Еве некои од моите согледувања на твоите прашања... 1. Како растенијата и животните РАЗМИСЛУВААТ за нивното постоење?????? Прашањево ми е малку смешно.....па растенијата не размислуваат....ниту животните (тие инстинктивно реагираат). Рационалноста им е дадена само на луѓето. А што би било со растенијата и животните кога не би биле луѓето е сосема непотребно трошење на енергија за мислење......Што ни е гајле што би било..... Веројатно не би ни постоеле, затоа што тие постојат поради задоволување на потребите на човекот (не сите се разбира). Небеските тела исто така ги создал Бог зашто сметал дека треба да бидат создадени...Нели Бог е Сезнаен и Он се знае...како сега ние да се сомневаме дека било потребно за луѓето да бидат создадени небески тела...Впрочем, ние знаеме само милионити дел од тоа како функционира вселената (мислам од научен аспект). Таа на луѓето им е сеуште една гооооооооолема енигма. Кога би откриле барем пола од нејзините законитости (со научни методи) од кај знаеш дека нема да сфатиме дека небеските тела постојат заради луѓето??????????????? 2. Каква е вечноста?.....Хм......има поими кои човековиот ум рационално со помош на логиката е тешко (да не речам невозможно) да ги сфати. Поимите како вечност, вонвременост итн веројатно Бог намерно ни оставил да ни бидат недоразјаснети. Доколку би биле кристално јасни сите би ги сфатиле, би ја разбрале религијата и би поверувале...која е тогаш поентата на верувањето...кога се би било јасно, очигледно сите би верувале...кога нештото го гледаш, го пипаш, го мирисаш...целосно ти е јасно, се ти е очигледно...се ти е на мегдан (што би рекла баба ми) ќе има ли потреба од ВЕРУВАЊЕ????????НЕЕЕЕЕЕЕ......во тој случај сите би ЗНАЕЛЕ.......нема што да веруваат или не....... Но Бог вели: Блажени се оние кои не виделе, а поверувале.......Ете вечноста не сме ја виделе, но во неа би требало да веруваме...... 3. Која е смислата да се отиде кај Бог? Смислата е вечниот живот- живеењето во вечноста, засекогаш, до бескрај блиску до Бог..во безстрастие, во љубов, во СОВРШЕНСТВО....... |
||||||||||||||
МИР со сите
|
||||||||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Smislata na zivotot e da se raduvame na sekoj podaren den od Boga, da ja izvrsuvame Bozjata volja dodeka sme na ovaa zemja, da se predademe celosno na Boga so seto svoe srce , um i dusa i da go cekame vremeto koe Bog go vetil, "koga ke nema ni starost, ni bolest, ni smrt" vo zivotot vo rajot(Otkrovenie 21:4) |
||||||||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
АМИН, кингдавиде! Од твоја уста, во БОЖЈИ уши! |
||||||||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||||||||||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
На Земјава сум пратен да го прославам Божјото име и да помогнам на други луѓе да дојдат до единство со Господ!
Тоа е целта на секој човек... |
||||||||||||||
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |