IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига на Шампиони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига на Шампиони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 43>
Автор
Порака
traj Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 28.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај traj Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2009 во 20:10
druze imas li nekoja sigurna
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2009 во 17:15
FT     Bayern Munich     7 - 1     Sporting Lisbon
FT     Juventus     2 - 2     Chelsea
FT     Liverpool     4 - 0     Real Madrid
FT     Panathinaikos     1 - 2     Villarreal

Pen.     AS Roma     1 - 0     Arsenal *
FT     Barcelona     5 - 2     Lyon
FT     FC Porto     0 - 0     Atletico Madrid
FT     Manchester U.     2 - 0     Inter Milan

Zalosno Roma odpadna na penali

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 12:17
sega go gledav vlecenjeto za vo 1/4 finale...

Villareal - Arsenal
Porto - Manchester United
Liverpool - Chelsea
Bayern - Barcelona


Kaj bas barcelona se padna uste sega sp bayern!

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 12:33
Interesno...spored mene bez problem bi trebalo da pomine mancester i arsenal donekade, a za drugive ke gledame interesen fudbalнамигнување
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 12:35

У ама ждепка се паднала лелеееее

 
Ливерпул - Челзи...оф,оф ,оф како Челзи глатко ќе ги помине Ливерпул,како мерак ќе ми се направи да го видам Бенитес прицрвен од нервоза.
 
Виљареал - Арсенал..пак се среќаваат,само сега во 1/4 финале,доста неизвесно според мене.
 
Порто - Манчестер.јун...Полесен противник не постои за Ман.јун,сигурен пласман за Фергусон во 1/2 финале.
 
Баерн.М - Барселона..хмммм најнеизвесен двомеч според мене,Барса ќе треба добро да запне ако сака понатамо,сепак Баерн влегува во форма во домашното првенство а и мечот со Спортинг Лисабон покажа колку може да бидат силни,ептен неизвесно со малечка предност за Барселона поради тоа што вториот меч че се игра на Камп Ноу.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 12:38
Bayern samo moze da pomine ako odigraat 2 utakmici bez greshki...sekoja greshka ke bide kazneta...Messi, Eto'o, Henry samo cekaat na nekoj kiks pozadi i odma kaznat dodeka na Bayern im treba 10 shansi za gol!...ke vidime

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 12:41
Не би рекол Вардар дека е баш така,поштувам многу игра до Барса ама Баерн е тврд орев секогаш.
Мечот во Минхен го добиваат 100%,проблем ќе им биде малу на Камп Ноу,ама со Германци нема зезање.
Виде вчера што им направи Хамбург на Галатасарај,потоп ги напрај Гереро.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 16:58
Ja gledav sekoja utakmica od Bayern i spored ova mozam da kazam shansite se mali...no sepak se nadevam kako navivac na Bayern

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 22:57

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2009 во 18:44
Originally posted by Vardar1947 Vardar1947 напиша:

Ja gledav sekoja utakmica od Bayern i spored ova mozam da kazam shansite se mali...no sepak se nadevam kako navivac na Bayern
 
Не би рекол дека им се мали шансите,моментално имаат неколку стандардни првотимци повредени но сепак се доста силен тим.
 
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2009 во 12:13
ПО МИНАТОНЕДЕЛНАТА ЖДРЕПКА
Сега Јунајтед е прв фаворит за титулата во ЛШ

Актуелниот европски првак Манчестер Јунајтед сега е прв фаворит за титулата во Лигата на шампионите со што би бил првиот тим што ќе го одбрани трофејот во ова натпреварување од неговото формирање во 1992 година. Досега на тоа место беше Барселона, но по минатонеделната ждрепка за четвртфиналето, Јунајтед го презеде “приматот” имајќи предвид дека доби релативно најлесен пат до големото финале што се игра на Олимпискиот стадион во Рим.



Коефициентот на премиерлигашот сега изнесува 15/8, додека Барселона има 11/4, а Челзи и Ливерпул 13/2. Во четвртфиналето Јунајтед за противник го доби португалскиот првак Порто, а потоа ќе го очекува подобриот од дуелот Арсенал-Виљареал. Иако никој од овие противници не е наивен, сигурно овој дел од “костурот” е далеку полесен од вториот во кој се наоѓаат Барселона, Баерн, Челзи и Ливерпул. Во последната недела британските обложувалници добиле голем број влогови на конечен триумф на Манчестер Јунајтед што сопствениците ги натерало да ги намалат коефициентите.



Барселона е голем фаворит за триумф во двомечот со Баерн Минхен бидејќи коефициентот за победа на актуелниот германски тим изнесува 14.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 10:26
Нови средби на старите познаници

Манчестер Јунајтед-Порто и Виљареал - Арсенал. Добро познати двојки од последните пет сезони. Првите во 2004 година се сретнаа во осминафиналето, а другите две сезони подоцна решаваа кој ќе и биде противник на Барселона во големото финале. Заедничко за двата дуела е што донесоа голема драматика во последните моменти кога се решаваше прашањето околу победникот.

Алекс Фергусон многу добро се сеќава на реванш-осминафиналниот дуел од Лигата на шампионите пред пет години. Тогаш со неговиот Манчестер Јунајтед влегоа како големи фаворити во дуелите со анонимните фудбалери на Порто предводени од уште еден анонимус, Жозе Мурињо, кој по тој натпревар стекна со светска слава. Првиот меч на Драгао заврши со победа на португалскиот првак, но минимална со 2:1 и сите очекуваа лесна работа за "ѓаволите" пред своите навивачи. Сколс го отвори резултат по половина час игра, Јунајтед имаше контрола над играта, но Костиња во судиското продолжение погоди од слободен удар и го однесе Порто во следната фаза, подоцна и до втората шампионска титула во елитното натпреварување.

Сега ситуацијата е доста слична. Јунајтед повторно има доминантен состав, Порто е предводен од доста непознат тренер во светски рамки и нема голем број познати фудбалери, но е подготвен за изненадување, особено поради тоа што реваншот се игра на Драгао. За разлика од претходните натпревари во домашното првенство, Алекс Фергусон сега ќе ги има на располагање сите фудбалери вклучувајќи ги Сколс, Руни и Видиќ, кои беа суспендирани, а единствениот што ќе недостасува е Рио Фердинанд, кој е повреден. Во неделата против Астон Вила блескаше Кристијано Роналдо, кој постигна два од трите гола, а сега ќе има помош од Руни и Тевез во нападот. Кај Порто сите фудбалери се на располагање, а актуелниот португалски првак оди на Островот со одлична атмосфера откако во саботата повторно победи во домашното првенство и ја задржа предноста од четири бода во однос на Бенфика и Спортинг.

"Мора сите да знаат дека ние сме релативно млад тим без големо искуство на вакви натпревари. За нас ова е како финале, но се надеваме дека нема да паднеме на големиот притисок", изјави аргентинскиот напаѓач на Порто, Лисандро Лопез, кој постигна шест гола на последните осум натпревари на својот тим.

Навивачите на Виљареал многу добро се сеќаваат на оној дуел против Арсенал кога нивниот тим имаше голема шанса првпат во својата историја да обезбеди пласман во големото финале од Лигата на шампионите. "Топчиите" имаа предност од 1:0 од првиот натпревар на домашен терен, но Виљареал во реваншот беше незапирлив, во второто полувреме изврши канонада кон голот на Леман, но домашните напаѓачи не успеаја да ја затресат противничката мрежа. За исправање на неправдата, Виљареал доби пенал во последните моменти од мечот и со евентуален гол можеше да се избори барем за продолженија. Сепак, Леман го одбрани ударот на Рикелме и го уништи сонот на домашните навивачи, кои останаа разочарани од неискористената шанса.

Двата тима имаат проблеми со повредени фудбалери во последно време, но Арсенал може да се пофали со добра форма. Кај домашниот тим сигурно нема да настапи Санти Казорла, кој е еден од клучните фудбалери, додека освен Едуардо и Диаби, Арсен Венгер не може да смета на Ван Перси, кој не ни отпатува во Шпанија поради повредата заработена на квалификацискиот натпревар на холандската репрезентација против Шкотска пред десетина дена. Затоа, во екипата се враќа капитенот Цеск Фабрегас, кој, најверојатно ќе остане на клупата, а тука е и Волкот, кој во нападот ќе му прави друштво на Бентнер.

"Се надевам дека сега нема да биде толку драматично како минатиот пат. Имаме добра група млади фудбалери кои веруваат во успех и мислам дека заслужуваат да играат во завршницата од Лигата на шампионите. Треба да одиграме добро вечерва, а потоа на Емирати да обезбедиме пласман во полуфиналето", истакна Фабрегас.

Победниците од овие два натпревари ќе играат меѓу себе во полуфиналето, но кој ќе се пласира таму, ќе се знае идната среда.

ОВА СИГУРНО НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

- Виљареал се уште нема пораз од шпанска екипа на домашен терен во европските купови. На досегашниот пет натпревари скорот е три победи и два нерешени резултати со само еден примен гол, и тоа од шпанскиот интернационалец Микел Артета во дресот на Евертон.

- Францускиот репрезентативец Робер Пирес првпат ќе се сретне со клубот каде ја доживеа својата европска афирмација. Во Арсенал тој настапуваше шест години и во тој период освои две титули во Премиер-лигата и два во ФА Купот при што во 2002 година беше избран за најдобар фудбалер во англиското првенство. Вториот фудбалер на Виљареал кој во минатото настапувал за Арсенал е Паскал Сиган.

- Андреј Аршавин беше најголемото зимско засилување за Арсенал, но нема право на настап вечерва поради тоа што во првиот дел од сезоната играше за Зенит во истото натпреварување.

- Судијата Том Хенинг Евребо досега двапати му судел на Арсенал во Лигата на шампионите и двапати против ПСВ. На двата дуели, "топчиите" имаат по еден пораз и реми, но немаат постигнат гол. Во исто време, на Виљареал му судеше еднаш, против Евертон во Ливерпул и "подморницата" тогаш славеше со 2:1.

- Манчестер Јунајтед нема пораз во Лигата на шампионите веќе 21 натпревар, а 19 по ред е несовладан на Олд Трафорд. Последниот кој го победил актуелниот европски првак во ЛШ е Милан во мај 2007 година. Порто, во исто време, никогаш не победил во Англија.

- За Јунајтед ова е 15. настап во четврт-финалето од Лигата на шампионите. Досега десетпати поминал во полуфиналето и четирипати испаднал.

- Кристијано Роналдо има најмногу удари кон противнички гол од сите фудбалери во Лигата на шампионите (вкупно 34).

- Јунајтед и Порто се најнеефикасни од осумте четвртфиналисти во Лигата на шампионите со само 11 гола сезонава.

- Фудбалерите на англискиот тим досега добиле само осум жолти картони, најмалку од сите четвртфиналисти.

- Главниот судија Конрад Плауц досега по еднаш им судел на двете екипи и бил среќен за нив. На Јунајтед против Боависта на гости (0:3), а на Порто во Киев против Динамо (1:2).

ИЗЈАВИ

МАРКОС СЕНА (ВИЉАРЕАЛ): И покрај сите проблеми со кои се соочуваме, го чекаме натпреварот со голем оптимизам. Санти Казорла ни е повреден и ги очекуваме резултатите од него. Сепак, и покрај се сметам дека сме добар тим кој може да се сконцентрира и да одигра добри 180 минути.

ЕМАНУЕЛ АДЕБАЈОР (АРСЕНАЛ): Кога во 2006 година си заминував од Монако и доаѓав во Арсенал на моите пријатели им реков дека имам голема шанса да освојам нешто големо. Но, во последните три години одев на одмор во татковината без ниеден трофеј. Време е тоа да се смени, мислам дека имаме добра ждрепка и голема шанса да ја освоиме Лигата на шампионите.

АЛЕКС ФЕРГУСОН (МАНЧЕСТЕР Ј.): Ги гледав неколкупати последните недели и заклучив дека се доста добри, особено на домашен терен. Сепак, ние првиот натпревар го играме кај нас и многу работи ќе зависат од тој меч, веројатно доволно ќе ни биде победа од два гола разлика. Искрено, најзагрижен сум од фудбалерот на Порто, Хулк. Тој е левучар, доста брз и силен и мислам дека со Лисандро ќе ни создадат најмногу проблеми.

АРСЕН ВЕНГЕР (АРСЕНАЛ): Мора да се плашиме од Пирес и Сиган, тие сигурно ќе бидат дополнително мотивирани против нас и можат да ни создадат проблеми. Знам само дека двајцата, особено Пирес, ќе бидат дочекани како херои затоа што беа дел од нашиот тим во најдобрите години на Арсенал.

ЖЕЗУАЛДО ФЕРЕИРА (ПОРТО): Сите во клубот сакаат повторување на 2004 година иако јас не бев тогаш тренер на Порто. Слушам дека Јунајтед се плаши од нас и мило ми е што е така затоа што се работи за можеби најмоќниот клуб во светот со голем број скапи фудбалери. Ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил на игра и да извадиме добар резултат пред реваншот на наш терен каде ќе се решава кој ќе оди во полуфиналето.

ЈУБИЛЕЈ

Арсенал денеска го игра својот 200. натпревар во Лигата на шампионите. Во последните десетина години или од доаѓањето на Арсен Венгер на клупата на лондонскиот тим "топчиите" се редовни учесници во елитното европско натпреварување, но засега без поголем резултат. Најголемиот успех го остварија пред три сезони кога обезбедија пласман во големото финале, но и покрај тоа што играа како на домашен терен во Париз (поради големиот број француски фудбалери и менаџерот), загубија од Барселона со 2:1.

к*рИОЗИТЕТ

Манчестер Јунајтед досега 19 пати се сретнал ски екипи и девет од нив се играле на Олд Трафорд. Никогаш досега не се случило да загуби, има скор од осум победи и едно реми, а единствениот нерешен резултат го оствари токму Порто во таа 2004 година кога го елиминира Јунајтед во осминафиналето, а потоа стигна до втората шампионска титула во Лигата на шампионите.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 10:15
Две "нули" за интересни реванши

Порто и Арсенал ќе имаат мала предност во вторите натпревари на од четврт-финалето во Лигата на шампионите што ќе ги играат на домашен терен. Двете екипи се изборија за реми на гости и тоа со постигнат гол, па идната среда ќе можат да обезбедат пласман меѓу четирите најдобри во Европа и меѓусебен дуел ако успеат да ги сочуваат своите мрежи.

Симпатиите на европската фудбалска јавност синоќа ги освои Порто кој воопшто не се исплаши од големиот Манчестер Јунајтед и одигра извонреден натпревар на Олд Трафорд. Актуелниот шампион Манчестер Јунајтед ќе мора да постигне најмалку еден гол на реваншот во Порто ако сака да се надева на пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите. Дека нема да биде се како што прогнозираа стручњаците беше јасно уште во четвртата минута кога по една несигурна интервенција на домашната одбрана Родригез го совлада Ван дер Сар и го отвори резултатот. Бруно Алвес се реваншираше на спротивната страна, му подари чист гол на Руни, па по само 15 минути игра по еднаш се тресеа двете мрежи. Порто не попушташе, играше како за противник да има некој просечен тим од португалското првенство и без разлика на нерешениот резултат, сакаше да се надигрува. За малку не ја искористи шансата за ново водство пред крајот на првото полувреме, а и во вториот продолжи во ист стил. Фактот што само 50 часа претходно играа тежок натпревар против Астон Вила во Премиер-лигата веројатно беше пресуден фудбалерите на Манчестер Јунајтед да не можат да го извадат максимумот од себе во вториот дел. "Џокер" на Фергусон беше Карлос Тевез кој влезе во игра во второто полувреме и веднаш се покажа корисен за својот тим постигнувајќи гол на пет минути пред крајот за кој сите мислеа дека ќе биде одлучувачки за европскиот првак да замине во Португалија со минимална предност. Но, така не мислеше гостинот. За повторување на 2004 година и уште едно реми со големиот противник на Олд Трафорд се погрижи нововлезениот Гонзалес кој на минута пред крајот на регуларниот дел искористи уште една голема грешка на противничката одбрана на која уште еднаш стана јасно дека и недостасува фудбалер како Рио Фердинанд.

И Арсенал има добра можност да се пласира меѓу четирите најдобри екипи во Европа ако успее да го сочува својот гол на реваншот против Виљареал идната среда. Иако уште од самиот почеток имаа негатива поради голот на Сена, "топчиите" не се предадоа, па преку Адебајор успеаја да израмнат. Тимот на Венгер добива физиономија во финишот од сезоната, полека се враќаат повредените фудбалери, па нема да биде никакво чудо ако Арсенал повторно дојде до големото финале. Ако се гледа традицијата, повторно за противник го има Виљареал и повторно на Ел Мадригал извлече реми. Пред три години тоа беше без голови, сега е 1:1, но и тоа може да биде доволно на Емирати да се прослави уште еден пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 17:18
Многу мотиви на Енфилд

Петтипат во последните пет сезони англиските гиганти Ливерпул и Челзи ќе ги вкрстат "копјата" во натпреварите од Лигата на шампионите. Досега трипати се сретнаа во полуфинале, еднаш во фазата по групи, што значи дека ова е нивно прво соочување во четврт-финале, но тоа никако не ја намалува важноста на натпреварите и тензијата што постои пред денешниот прв дуел.

И двете екипи имаат големи мотиви за одмазда. Ливерпул за ланската несреќна елиминација во полуфиналето кога, особено во првиот меч на домашен терен, го надигра лондонскиот тим, но по продолженијата на Стемфорд Бриџ мораше да се збогува од московското финале, а Челзи за двата порази во Премиер-лигата оваа сезона. Особено беше болен првиот доживеан на својот стадион со што Ливерпул ја прекина серијата од 86 натпревари без пораз на Челзи на домашен терен и само ја најави кризата која резултираше со менаџерска смена по што на клупата седна искусниот холандски стручњак Гус Хидинк. Токму тој успеа да го препороди тимот кој се врати во трката за шампионската титула, но многу поверојатно е дека ќе се обиде да стигне до трофејот во Лигата на шампионите.

Ливерпул игра во фантастична форма во последно време. Откако го елиминираа Реал Мадрид во претходната фаза "црвените" нанижаа три победи во домашното првенство и се доближија на само еден бод негатива во однос на Манчестер Јунајтед на седум кола пред крајот на сезоната. Она од што најмногу треба да се плашат фудбалерите на Челзи и нивниот менаџер е одличната соработка меѓу Џерард и Торес, кои заедно оваа сезона постигнаа 32 гола во сите натпреварувања. Капитенот е нешто поефикасен, но Торес долго време беше повреден и во последно време целото внимание на противничките фудбалери е насочено кон него, па тој се обидува да игра за своите соиграчи. Голем проблем за Бенитез ќе биде неиграњето на Маскерано поради жолти картони, но тука е Лукас да го замени.

Челзи воодушевува со своите игри од доаѓањето на Хидинк, кој како да ги разбуди фудбалерите од зимски сон. За разлика од неговиот претходник Сколари, тој игра со двајца напаѓачи Анелка и Дрогба, а Лампард добива многу поофанзивни задачи, што најдобро се виде во саботата кога постигна еден и асистираше за вториот гол на својот тим. Челзи ја почна сезоната со одлична серија на гостински терен при што собори еден рекорд, но оттогаш игра доста слабо на гости. Сепак, Хидинк сега ги има на располагање сите фудбалери и тоа би можело да се покаже доста важно на овој меч.

Се разбира дека вниманието вечерва целосно ќе биде насочено кон Енфилд иако на Ноу Камп се игра уште еден мошне интересен натпревар во кој Барселона го пречекува Баерн Минхен. Каталонскиот клуб многумина го сметаат за најсериозен кандидат за шампионската титула во ова натпреварување сезонава, но тоа ќе мора да го докаже на теренот. Тешкиот распоред во финишот од сезоната кога се очекува и расплет во домашното првенство може да биде голем проблем за момците на Гвардиола, но првата сериозна пречка кон остварување на големите амбиции ќе биде тимот на Баерн. Барселона се уште има шанси за освојување на сите три титули во оваа сезона, но за тоа ќе & биде потребна и голема среќа. За разлика од поголемиот дел од сезоната, Барса сега ги има здрави сите фудбалери вклучувајќи го Јаја Туре, кој беше неизвесен за дуелот со Баерн. Се очекува повторно во нападот да заиграат Анри, Ето и Меси, најефикасното трио во европскиот фудбал во оваа сезона.

Баерн Минхен ја шокира Европа кога во претходната фаза од Лигата на шампионите го елиминира Спортинг со вкупен резултат 12:1, но уште поголемо изненадување беше она во саботата кога во Бундес-лигата загуби од Волфсбург со 5:1. Баварскиот клуб е далеку од она реноме кое го имаше на почетокот од оваа деценија при што во 2001 година стана и европски првак, но ниедна екипа не смее да го потцени ако сака да извади позитивен резултат. Во последните осум години Баерн не успеа да стигне до завршницата од Лигата на шампионите, но останува фактот дека во своите редови има еден од најдобрите светски фудбалери Рибери и расни напаѓачи како Тони и Подолски.

ОВА СИГУРНО НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

- Иако играа осум натпревари меѓу себе во последните четири години, Ливерпул и Челзи забележале само по две победи, но никогаш со поголема разлика од еден гол.

- Само Баерн Минхен и Реал Мадрид играле повеќепати меѓу себе во натпреварите од Лигата на шампионите (12 дуели).

- Ливерпул нема пораз од Челзи на својот стадион на последните пет натпревари, а ја доби последната пресметка во февруари оваа година благодарение на двата гола на Фернандо Торес во самиот финиш од мечот.

- Џерард и Карагер од Ливерпул играа на сите досегашни осум дуели со Челзи во ЛШ. Кај лондонскиот тим постојано присутни беа Чех, Лампард, Тери и Дрогба.

- Ова е вкупно 23. дуел на Ливерпул и Челзи во последните пет години во сите конк*ренции. "Црвените" сезонава победија на двете премиерлигашки средби, но Челзи има позитивен скор 9:7 со шест нерешени дуели.

- Ливерпул е во серија од меча без пораз во ЛШ. Последниот кој успеа да го победи беше токму Челзи на 30 април минатата година во полуфиналето.

- Ливерпул постигнувал барем по еден гол на последните 18 натпревари во Лигата на шампионите. Последен пат не успеал да реализира на 3 ноември 2007 година против Марсеј на Енфилд.

- Челзи нема победа на гости во ЛШ на последните седум натпревари. Последната ја оствари на 28 ноември 2007 година против Розенборг.

- Менаџерите на двете екипи, Рафа Бенитез и Гус Хидинк, имаат по една титула во ЛШ или КЕШ, а заедничко им е тоа што до неа стигнале по изведување пенали. Уште една заедничка работа им е што двајцата работеле во Валенсија.

- Барселона и Баерн се најефикасните екипи во Лигата на шампионите оваа сезона со по 24 постигнати гола.

- Баерн е една од трите екипи без пораз во ЛШ оваа сезона заедно со Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

- Барса и Баерн досега не играле меѓу себе во Лигата на шампионите, единствените две средби на меѓународна сцена им се во полуфиналето од Купот на УЕФА во сезоната 1995/96 кога славеше германскиот клуб.

- Барселона досега прими 11 гола, најмногу од сите учесници во четврт-финалето во ЛШ.

- Франк Рибери досега има шест асистенции, најмногу во ова натпреварување.

ИЗЈАВИ:

МАРК ВАН БОМЕЛ (БАЕРН): В среда играме против најсилната екипа во светот во овој момент и тоа уште на нејзин стадион. Како и многу други, и јас верувам дека ако Барселона успее да не елиминира ќе ја освои Лигата на шампионите. Но, ако ние излеземе како победници, ќе испратиме јасна порака: "Гледајте, Баерн се врати".

ФЕРНАНДО ТОРЕС (ЛИВЕРПУЛ): Никој никогаш не рекол дека ќе биде лесно против Челзи. Впрочем, ние со нив никогаш не сме имале лесен натпревар. Само се надевам дека ќе одиграме нови добри 90 минути и дека ќе го нокаутираме Челзи веќе на првиот натпревар.

ПЕП ГВАРДИОЛА (БАРСЕЛОНА): Формата во шпанското првенство нема ништо заедничко со Лигата на шампионите. Затоа мислам дека имавме лоша ждрепка со тоа што ни падна Баерн. Тоа е екипа што четири пати била европски првак, рекордер по бројот на титули во Германија и сигурно ќе дојдат овде со голема мотивација.

КАРЛЕС ПУЈОЛ (БАРСЕЛОНА): Треба да влеземе во овој натпревар со голем респект затоа што се работи за многу квалитетен противник. Во оваа фаза од Лигата на шампионите нема фаворити, така што не знам дали ние би можеле да се наречеме така. Баерн има одлични фудбалери како Тони и Рибери, кои сами можат да го решат секој натпревар. Важно е да го наметнеме нашиот стил и да бидеме агресивни и во напад и во одбрана.

ГУС ХИДИНК (ЧЕЛЗИ): Нема тајни во модерниот фудбал, па така не гледам како јас или мојот колега Бенитез би можеле да се изненадиме еден со друг. Се надевам само дека ќе ја наметнеме нашата игра, ќе создаде голем број шанси и ќе излеземе како вкупни победници. Важно е тоа што немаме притисок до каде да стигнеме во Лигата на шампионите и тоа би можело да ни ја олесни задачата.

ЏЕЈМИ КАРАГЕР (ЛИВЕРПУЛ): Резултатите против Челзи оваа сезона ни се многу добри и ако играме на истиот начин како во првенството, сигурно ќе ги елиминираме. Лани немавме среќа затоа што Рисе си постигна автогол во финишот од првиот меч, инаку ќе победевме и тогаш. Сега е друго, влегуваме во двомечот во подобра форма и мислам дека можеме да славиме.

к*рИОЗИТЕТ

Тренерот на Баерн Минхен, Јирген Клинсман, е единствениот од осумте во четврт-финалето на Лигата на шампионите што се уште не претрпел пораз во ова натпреварување. Точно е и тоа дека како тренер има најмал број натпревари во Лигата на шампионите, но и покрај се неговиот успех е за секаков респект. На осумте натпревари во оваа сезона (шест во фазата по групи и два во осмифиналето), Клинсман има ист однос: шест победи и два нерешени резултати што исто така го прави доста успешен.

ЈУБИЛЕЈ

Голманот на Ливерпул, Пепе Реина, вечерва ќе стане првиот чувар на мрежата на клубот од Енфилд со 50 настапи во Лигата на шампионите. Шпанскиот репрезентативец дојде во Ливерпул во 2005 година од Виљареал, но за време на својот престој на Островот се промовираше во еден од најквалитетните не само шпански, туки и европски голмани. Еднаш го однесе својот тим во финалето на Лигата на шампионите, една година претходно му донесе титула во ФА Купот откако во финалето против Вест Хем одбрани три пенали, а во 2006 и 2007 година беше прогласен за најдобар голман во Премиер-лигата со 20, односно 19 натпревари без примен гол во една сезона.


Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 43>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,157 секунди.