IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7576777879 138>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2009 во 22:09
СЕНИШТА

Се будат сеништата,
се исправаат:
сенки полегнати,
една во друга скалпени;
сенки
- реки напресушни,
води матни разматени,
води распливнати
- во мислите поплави
нестивнати.

Се будат сеништата
во дамарите на стравот испопикани,
сеништата
- црни светлини светлосани,
ветришта невитосани;
сеништата
- кремен искри гламјосани,
се будот
дур сонот пресонет се траќа
во кожурец глочкав,
дур мислата премислена
двојничката си ја бара
- одговор неодговорен да замолчи.

Се будат сеништата
се исправаат,
сеништата
- стрв стрвен настрвени;
сеништата
-низи долги разнижани...
Запирот
од нигде не им се гледа...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2009 во 22:11
мојот даскал големо%20гушкање  ...се сто знам за жените, од него научив
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 09:48
МИГОВИ

На Мики, за неговиот 14-ти роденден

Ги собирам во крпа од крпено време,
а како вчера се да беше
и како завчера да почнав да ја нижам низата
од твоите насмевки неотсмеани
- мои сонца недогреани.

Колку да се – доста не се:
душата ми е иловица испостена
- сува земја зажедната...

Придај боже - фазла не ќе се!

Ги собирам во очите, во душата,
сите твои зборови првпат изречени,
јас, ненаситен собирач на капки роса
со нокти ги прекопувам
скржавите карпи на секој ден пред заоѓање
- уште една капка да украдам од нив.

Колку да се – доста не се,
ноктитете канџи ми се железни:
ненасит – точило ми ги остри...

Придај боже – од кожава не се може...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Didi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Summer flower

Регистриран: 14.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 15583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Didi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 15:02

Kako poroen dozhd

solziteve tecat,
a mislite kon tebe me vlechat.
I povtorno likot tvoj
pred oci mi paga,
i povtorno pocna nova ljubov da se raga,
i zaoga sonceto
neboto gubi sjaj,
neosetno dojde
neocekuvaniot kraj.


Изменето од didi26 - 19.Март.2009 во 15:05
Srekata vo tvojot zhivot zavisi od ubavinita na tvoite misli....
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 00:37
Си била една слепа девојка која се мразела себе си затоа што е слепа. Таа ги мразеше сите, освен нејзиниот возљубен дечко. Тој секогаш бил покрај неа. Таа еднаш му рекла: "Ах, кога би можела да го видам  светот, би се омажила за тебе!"
 
Еден ден, некој и донирал пар очи на девојката. Откако завоите биле тргнати, таа го видела светот, вклучувајќи го и нејзиниот дечко.
Тој и рекол: "Сега, откако го гледаш светот, дали ќе се омажиш за мене?" Но девојката го видела дечкото и забележала дека тој е слеп. Неговите затворени очи ја шокирале. Мислата дека ќе мора да го гледат таков целиот свој живот, ја натерало да одбие да се омажи за него.
 
Нејзиниот дечко си заминал насолзен и неколку дена потоа и напишал писмо на девојката:
"Грижи се добро за твоите очи драга моја, затоа што пред да бидат твои, тие беа мои..."
 


Изменето од EvAngelos - 20.Март.2009 во 00:38
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 00:39
prekrasno
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 00:45
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 00:45
 аплауз    аплауз    аплауз
Кон врв
fragola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3829
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fragola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 00:48
I od mene eden gromoglasen...
I get enough exercise...just pushing my luck.
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 01:38

Како прoѕирна, невидлива сенка,

Тивко низ мракот се движам

Нежно, полека.....

Знам  дека нема за што да се грижам,

Нема потреба да се кријам,да трчам, да бегам

И онака сум сенка, никој не ме гледа,

Немам звук, ни шепот, ни глас,

Немам ни лице, ни срце,ни стас....

Само сум една мала сенка меѓу Вас...



Изменето од marija1000 - 20.Март.2009 во 01:43
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 07:24
Размислувам за тебе
и некоја необична тага
ми го обзема срцето.
Далечно мечтаење
ми ги растргнува мислите.
И неке недефинирано чувство
ми го растреперува телото.
Мислам на тебе,
а погледот ми лута
во некоја далечина,
по некои нејасни патеки.
Небото над мене
немо ме гледа,
а сонцето за момент
светнува гордо,сјајно
и пак се губи
некаде во синилото.
Синилото се заматува
станува далечно,
недостижно....
Се прашувам...
Има ли едно место
за мене таму?
Има ли на него
траги од моето постоење,
од проголтаните солзи
и неизречени молби,
кои барем за миг
ќе го потсетат
на моето постење,
тука некаде
во далечината.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 13:15
На онаа магија мислам
кога силата
играта ја водеше
како да се возиме
низ светот
кој постоеше само за нас
кога бевме
заради волјата на силата
кога не намести
да спознаеме дека има
нешто над нас
која знае што е подобро за нас
ние сме само луѓе
со мисли и колебања
додека се препуштиме и заборавиме
дека некогаш ситни бевме
како прашинка во очи нечии
пораснавме
сега сме џинови
кои се љубат
заштитени
само за таа цел.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 13:23
 Покрај толку вино останав жеден



Велат во него била вистината,а јас не верувам ама ич,зошто?- и самиот не знам.Можеби затоа што не сум го сакал од секогаш-онака како што некои уживаат во него,како што го пијат со сласт и уживање - како што тврдеше еднаш една вечер еден мој роднина.
-Биро!-виното е еликсир некаков,каков?-и самиот не знам
но знам дека секоја голтка е живот а воедно и смрт,и знам дека ме воздигнува во височините кога ќе претерам со него,и тогаш се можам да и речам на жена ми,се што ми останало како грутка на срцето во овие триесет поминати години од животот,време низ кое ми ја изгриза душава.
Човекот си продолжи да реди се и сешто,а јас де го слушав,де бев длабоко заминат со мислите во некои мои нестварни филмови,за кои си пишував сценарио во главата.Го гледав мојот роднина како го демонстрираше својот бес кон кутивчето со цигари кое го држеше во рацете и слушав како си ги кажуваше своите маки и проблеми кои ми се случувале низ животот,и знаев дека ја кажува вистината и дека е тој човек мевлем на рана,што би се рекло,цел живот не згазил ни мравка.Но што беше причината за оваа негова искреност?
Дали тоа беше момент на слабост?
Што се случуваше со него?
За цело ова време пиеше вино,муабетот си течеше за едно те исто,само бокалчињата на масата се менуваа,и имаше се поголеми дамки од црвената течност на белиот чаршав со кој беше покриена масата на која седевме ние двајца.
И јас пиев од виното,но многу,многу помалку одколку мојот соговорник.Мразам јас вино,не го сакам,но бев приморан заради атер да ја консумирам таа омразена пијачка за мене,таа црвена течност кој ни ги обои нашите усни и на придушеното кафанско светло изгледавме како да имаме раскрвавени усни после некоја тепачка.Знаев дека кога ќе се разбудам наредното утро,ќе се чувствувам како некој да ме удирал по главата со чекан,и малечки чеканчиња ќе ја бараат својата наковална во мојата глава.
Се поинтензивно почнав да пијам и јас,чувствував како виното и мене почна да ме воздигнува во височините,како што тврдеше мојот соговорник.Но јас стигнав само до мала височина,додека мојот роднина се наоѓаше високо над облаците кои се повеќе го прикриваа летното небо.Како што пиеше,така човекот се уништуваше со помош на виното,неговото како катапулт,предходно затегнато тело омлитави и стана меко како тесто,кое секој може да го обликува,онака како што ќе му биде моменталната желба.
Виното го земаше својот данок без ни малку милост и жал кон својот верен обожавател и при тоа обожавателот остана само со својот говор кој се уште беше разбирлив и силен,како на почетокот од таа вечер.
Тоа беше вечер на бес,искреност и вистина,искажани од човек кој цел живот ја бараше вистината во виното.
Бес кон својата сопруга и искреност кон мене.
А вистината?-каде беше таа и дали ја најде?-дали дојде да се појави и да ги каже своите аргументи?
Од вистината немаше ни в,таа беше застрамена и ни предходно а ни потоа не го посети мојот роднина,не дојде да се појави пред човекот кој цел живот ја бараше само неа,и копнееше да ја најде,да ја слушне,да ја дофати ако може.Повеќе немаше енергија да говори,и само кажа едно нешто што ми остана во сеќавањата врежано како во камен.
-Биро!-цел живот ја барав вистината.Ја барав секаде и во сешто,но не е најдов.На крај почнав да ја барам во виното,следејќи ја изреката IN VINO VERITAS!
-Знаеш ли што најдов во IN VINO VERITAS?-ме запраша со тага која доаѓаше од дното на неговата измачена душа.
-Не знам!-му одговорив јас со прашален поглед.
-Во виното најдов само жед!-Покрај толку вино останав жеден!
-Само таа вистина постои во виното,се друго е лага биро.Најголемата лага е дека во виното е вистината.Во виното ќе најдеш само неизмерна болка и тага,кои ке ти ја уништат душата и вербата во себе,тоа е единствената вистина кој постои во виното,мој мил внучко.
-Запамети ли сега?-Покрај толку вино останав жеден.
Го кажа тоа и без збор,тетурајќи се низ масите исчезна низ темнината,како ноќна пеперутка која бара светлина.
По некое време,се уште скаменет од последниот муабет и јас го зедов патот под нозе,а низ главата ми одѕвонуваше.
Покрај толку вино останав жеден!
 
 
Еве за Анакин бидејќи сакаше нешто напишано од мене,ова е постирано на друга тема,еве тука да стои од сега.


Изменето од fiks - 20.Март.2009 во 13:24
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 15:00
Originally posted by fiks fiks напиша:

 Покрај толку вино останав жеден



Велат во него била вистината,а јас не верувам ама ич,зошто?- и самиот не знам.Можеби затоа што не сум го сакал од секогаш-онака како што некои уживаат во него,како што го пијат со сласт и уживање - како што тврдеше еднаш една вечер еден мој роднина.
-Биро!-виното е еликсир некаков,каков?-и самиот не знам
но знам дека секоја голтка е живот а воедно и смрт,и знам дека ме воздигнува во височините кога ќе претерам со него,и тогаш се можам да и речам на жена ми,се што ми останало како грутка на срцето во овие триесет поминати години од животот,време низ кое ми ја изгриза душава.
Човекот си продолжи да реди се и сешто,а јас де го слушав,де бев длабоко заминат со мислите во некои мои нестварни филмови,за кои си пишував сценарио во главата.Го гледав мојот роднина како го демонстрираше својот бес кон кутивчето со цигари кое го држеше во рацете и слушав како си ги кажуваше своите маки и проблеми кои ми се случувале низ животот,и знаев дека ја кажува вистината и дека е тој човек мевлем на рана,што би се рекло,цел живот не згазил ни мравка.Но што беше причината за оваа негова искреност?
Дали тоа беше момент на слабост?
Што се случуваше со него?
За цело ова време пиеше вино,муабетот си течеше за едно те исто,само бокалчињата на масата се менуваа,и имаше се поголеми дамки од црвената течност на белиот чаршав со кој беше покриена масата на која седевме ние двајца.
И јас пиев од виното,но многу,многу помалку одколку мојот соговорник.Мразам јас вино,не го сакам,но бев приморан заради атер да ја консумирам таа омразена пијачка за мене,таа црвена течност кој ни ги обои нашите усни и на придушеното кафанско светло изгледавме како да имаме раскрвавени усни после некоја тепачка.Знаев дека кога ќе се разбудам наредното утро,ќе се чувствувам како некој да ме удирал по главата со чекан,и малечки чеканчиња ќе ја бараат својата наковална во мојата глава.
Се поинтензивно почнав да пијам и јас,чувствував како виното и мене почна да ме воздигнува во височините,како што тврдеше мојот соговорник.Но јас стигнав само до мала височина,додека мојот роднина се наоѓаше високо над облаците кои се повеќе го прикриваа летното небо.Како што пиеше,така човекот се уништуваше со помош на виното,неговото како катапулт,предходно затегнато тело омлитави и стана меко како тесто,кое секој може да го обликува,онака како што ќе му биде моменталната желба.
Виното го земаше својот данок без ни малку милост и жал кон својот верен обожавател и при тоа обожавателот остана само со својот говор кој се уште беше разбирлив и силен,како на почетокот од таа вечер.
Тоа беше вечер на бес,искреност и вистина,искажани од човек кој цел живот ја бараше вистината во виното.
Бес кон својата сопруга и искреност кон мене.
А вистината?-каде беше таа и дали ја најде?-дали дојде да се појави и да ги каже своите аргументи?
Од вистината немаше ни в,таа беше застрамена и ни предходно а ни потоа не го посети мојот роднина,не дојде да се појави пред човекот кој цел живот ја бараше само неа,и копнееше да ја најде,да ја слушне,да ја дофати ако може.Повеќе немаше енергија да говори,и само кажа едно нешто што ми остана во сеќавањата врежано како во камен.
-Биро!-цел живот ја барав вистината.Ја барав секаде и во сешто,но не е најдов.На крај почнав да ја барам во виното,следејќи ја изреката IN VINO VERITAS!
-Знаеш ли што најдов во IN VINO VERITAS?-ме запраша со тага која доаѓаше од дното на неговата измачена душа.
-Не знам!-му одговорив јас со прашален поглед.
-Во виното најдов само жед!-Покрај толку вино останав жеден!
-Само таа вистина постои во виното,се друго е лага биро.Најголемата лага е дека во виното е вистината.Во виното ќе најдеш само неизмерна болка и тага,кои ке ти ја уништат душата и вербата во себе,тоа е единствената вистина кој постои во виното,мој мил внучко.
-Запамети ли сега?-Покрај толку вино останав жеден.
Го кажа тоа и без збор,тетурајќи се низ масите исчезна низ темнината,како ноќна пеперутка која бара светлина.
По некое време,се уште скаменет од последниот муабет и јас го зедов патот под нозе,а низ главата ми одѕвонуваше.
Покрај толку вино останав жеден!
 

 
Еве за Анакин бидејќи сакаше нешто напишано од мене,ова е постирано на друга тема,еве тука да стои од сега.


Mnogu poucen raskazголемо%20гушкање
No,mnogu e bitno i toa koj go sipa vinotoсреќа
Jas znam slicna prikazka,otprilika vaka ide:Maz i zena sakale da napravat poubava relaksirana atmosfera kupile crveno vino,kako sto vikas ti vo tvojot raskaz da go pijat so slast i uzivanje popoleka.No mazot sipal se poveke i poveke i kaj nea i kaj nego.Sakala da go spreci i mu rekla duso ke se opijanime i ke si ja rasipeme vecerta t.e pijana vecer, ne e ubava vecer.Toj i rekol veruvaj mi znam sto pravam,sledi go mojot ritam,koga do sega vo nesto sum te razocaral.Zenata mu veruvala i si rela "Da,taka normalno deka ke mu veruvam"Se opjanile,toj izgubil kontrola i kazal deka ima svalerka,deka ona e kriva za site problemi,deka ja lazel itn.Zenamu zanemela i normalno se cuvstvuvala dlaboko povredena,omlitavena od udarite i bidejki i taa pijana se simnala na nisko nivo i pocnala da mu upatuva ponizuvacki iminja.
Naravoucenie:Koga se pie vino,mnogu e bitno toj sto ja organizira vecerta da znae da se kontrolira vo sipanjeto vino za dobroto na site.Mudar covek,ne saka pijani gosti.Drugo,ako ste mudri osven toa "Lele kolku go sakam" barajte i drugi BITNI-SUSTINSKI kvaliteti kaj drugata licnostсреќа


Изменето од lotus flower - 20.Март.2009 во 15:13
~Live the life you love, love the life you live~
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7576777879 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.