|
ДОБРИТЕ РАБОТИ ВО РЕЛИГИИТЕ |
Внеси реплика | страница 123 8> |
Автор | |
vd
Сениор Регистриран: 13.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1539 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 11.Февруари.2006 во 22:18 |
Ме немаше едно време, и кога се вратив почнав да читам некои коментари па гледам почнавте очи да си вадите сами со се*е ... и си реков, ај подобро да коментирам јас нешто па да си имаат на кого да се нафрлаат ... на кого да го истураат гневот ... сепак будалата рогови нема! хех, ај ај да се смириме малку. Луѓе сме, нели? да се обидеме да бидеме добри, гледам вака никој никаде нема да стигне. Јас ќе кажувам мои факти кои ги побиваат вашите, вие ќе си кажувате некои ваши факти кои не секогаш побиваат нешто но сепак се интересни за читање. Значи, зошто отворив ваква тема? Да се обидам да докажам дека исламот нее воопшто лоша религија и дека ги толкува работите едноставно, смирено. Но, воедно сакам и христијанството да си ги покаже добрите страни. Сакам да говориме за се она што е добро во религијата, исламот и христијанството ... а на пример зошто не е добро да не се верува во Господ! Сепак, Исус ќе не соедини на сите кога ќе се врати на земјата, муслиманите, христијаните, сите ќе бидат и прават како што ќе рече Исус. Ве молам без навреди, само да си кажеме како религијата ги толкува работите, секојдневниот живот ... како е според исламот и како е според христијанството. Ај вие кажете нешто добро за христијантсвото, и јас ќе кажам нешто добро за исламот поврзано со тоа христијанското ... да видиме како се толкуваат работите од две разлилчни а сепак блиски религии. Имам гледано филм со пророкот Мухамед, кога ги прогонувале идолопоклониците на муслиманите во Мека, пророкот Мухамед ги натерал во христијанска земја да бараат помош. Тие се зачудиле зошто тамо ги тера а пророкот Мухамед им рекол дека тие се пријатели, тие се луѓе од книгата, тие кои се нарекуваат христијани се ваши пријатели. Отишле овие тамо, а пред нив отишол еден преставник од идолопоклониците за да го наговори христијанскиов крал да ги зароби муслиманите и да ги предаде на идолопоклониците. Но, христијанинот ги ислушал нив, видел дека нема ништо лошо во нив и им ја пружил неговата помош! При тоа рекол: Нас и вас не дели една многу тенка линија! Епа сеа луѓе, смирено да се обидеме да бидеме добри. Јас ова го презедов како иницијатива според тоа што прочитав во к*ранот, нешто што го имав заборавено! Читам јас и тамо пишува да не се навредуваат верувањата на луѓето затоа што тоа ќе придонесе и тие да те навредуваат те*е, ќе придонесе немир на земјата а Господ не сака немир! Ајде да бидеме добри, и мене и на вас ви тече крв! ВЕ МОЛАМ уште еднаш, СМИРЕНО! |
|
krale
Сениор Регистриран: 18.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 923 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добра ти е темава, немам ништо против.
Ама ме интересира како си гледал филм со Мохамед, кога нели не смее ликот негов да се претставува? |
|
vd
Сениор Регистриран: 13.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1539 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
крале, дури си тука, на филмот не се покажува ликот на пророкот Мухамед, знаеш кога пример треба нешто Мухамед да каже, тоа се зема како кажано според она што пишува во к*ранот, затоа што ние веруваме дека Мухамед го кажувал тоа што го слушал. Сваќаш? Искрено, ако несваќаш ќе се обидам да ти кажам културно се разбира, културни ќе бидеме Тоа што се обидов да го објаснам за христијанскиот крал, тоа се работи земени од животот на Мухамед, ете тој тамо ги натерал и тие на филмот тамо отидоа дека Мухамед им рекол .... тоа во филмот не го кажува Мухамед затоа што нема лик кој го глуми него ... туку се зема од животот и историјата на Мухамед .... Хммм незнам дали ме сваќаш! ако не, ќе се обидам реков пак да ти објаснам. |
|
krale
Сениор Регистриран: 18.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 923 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОК, значи нема глумец ниту глас кој го претставува Мохамед? Така?
|
|
vd
Сениор Регистриран: 13.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1539 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
е баш така. Гледаш дека се разбираме Тоа што прават другите актери е базирано на животот на Мухамед, а не на тоа дека им го кажува тој тоа на филмот! Ај сеа почни со нешто добро за христијанството, тоа е темава. |
|
vd
Сениор Регистриран: 13.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1539 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mislam povikav na kazuvanje na dobroto kaj religiite! Sto vaka? ne ve interesira temava ili sto! krale kaza: Добра ти е темава, немам ништо против. |
|
krale
Сениор Регистриран: 18.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 923 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОК, еве една племенита работа во христијанството.
Христос ги учеше своите ученици да простуваат едни на други, ако сакаат да им прости Господ. Ако Бог кој нам ни простува многу повеќе, тогаш зошто не би си простувале едни со други? Мислам дека простувањето е доблест, тоа е карактеристика која не може секој да ја има. Треба навистина силен карактер за да се прости. Ама сепак, човек кој ќе покаже милост, е повозвишен од оној кој ќе казни и нема да прости. Полесно е да се мрази и никогаш да не се простува, отколку да се има милост. Христијаните се повикани секогаш да простуваат, бидејќи нашиот Отец не*есен ни простил многу повеќе. Еве толку за сега... |
|
vd
Сениор Регистриран: 13.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1539 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Христос ги учеше своите ученици да простуваат едни на други, ако сакаат да им прости Господ. Ако Бог кој нам ни простува многу повеќе, тогаш зошто не би си простувале едни со други? Супер, затоа си има прошка слава мислам за да си простат луѓето меѓусебно! така? Ова го има и во Исламот. И ние сме учени да простуваме, исто како што викаш дека кога Бог простува тогаш зошто ние да не простиме еден на друг! Има во к*ранот пишува дека ако некој ти направи лошо, ти треба да му вратиш со добро, да му простиш за тоа лошото! сваќаш? Луѓето се оставени според своја желба да постапат, да си одлучат дали ќе простат или не, но сепак се потенцира во к*ранот дека да се прости е подобро, и Господ гледа дека ти си простил па тоа ќе ти се најде .... на овој и другиот свет. Ама сепак, човек кој ќе покаже милост, е повозвишен од оној кој ќе казни и нема да прости. Секако крале, се сложувам. Еве да кажам за простување на долгот на должникот што пишува Бекаре 280: Ako bi (duznjak) bio u teskim prilikama (treba da mu dati rok) i pricekati (ga s naplatom duga) dok mu se ne popravi stanje, a jos vam je bolje da mu poklonite (dug) ako znate (sto je dobro). Значи ако знаете дека е подобро да се прости долгот, тогаш простетего! Пророкот Мухамед ги учел на своите другари, нешто како апостолите на Исус, да бидат добри и да се однесуваат нешто како што се однесувал Мухамем. Еден другар на Мухамед му позајмил на еден човек пари. Тој другарот на Мухамед одел по пат со еден друг негов другар и, тамо пустина жешко па видел овој другиов дрво и рекол ајде да одмориме под сенката на дрвоно. Но, овој другарот на Мухамед му рекол на тој: Ова дрво е во поседовност на еден човек на кој јас му имам дадено пари на заем, и несакам да не види како седиме под ова дрво и ја користиме сенката на дрвото! Е зошто? па ќе му биде лошо на човекот и може да помисли дека затоа што ми должи, затоа јас сум дошол баш на ова дрво да одмарам! |
|
vd
Сениор Регистриран: 13.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1539 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ова што го кажа Полесно е да се мрази и никогаш да не се простува, отколку да се има милост. Мислам дека вака се оделуваат добрите од лошите луѓе, вака се делат вистинските верници на Господ од тие што така си се нашминкани и така се преставуваат! |
|
krale
Сениор Регистриран: 18.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 923 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, баш така. Вистински верник заради верата во Господ ќе прости, а оние кои се само на зборови, ќе мразат и ќе се осветуваат. |
|
vd
Сениор Регистриран: 13.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1539 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еден другар на Мухамед му позајмил на еден човек пари. Тој другарот на Мухамед одел по пат со еден друг негов другар и, тамо пустина жешко па видел овој другиов дрво и рекол ајде да одмориме под сенката на дрвоно. Но, овој другарот на Мухамед му рекол на тој: Ова дрво е во поседовност на еден човек на кој јас му имам дадено пари на заем, и несакам да не види како седиме под ова дрво и ја користиме сенката на дрвото! Е зошто? па ќе му биде лошо на човекот и може да помисли дека затоа што ми должи, затоа јас сум дошол баш на ова дрво да одмарам! Што мислите за ова? интресно нели? ете јас кажува дека ова е добро што го кажуваш за христијанството ... па си очекувам и ти да речеш ејјј ова е добро кај исламот ако не за друго барем ќејфот да ми го напраиш |
|
krale
Сениор Регистриран: 18.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 923 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не бе добра е приказната нема што. Мислам така се однесува човек кој има страв од Бога. А овие другиве безбожници, тие и со сила ќе му бараат пари назад...
|
|
vd
Сениор Регистриран: 13.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1539 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи замре малце темава. Ете да кажам мој став и да прашам за ваш! Јас клањањето го сметам како добра работа,корисна за човекот спрема ГОспод и спрема сите други а воедно спрема самиот човек, што мислите вие?
|
|
vd
Сениор Регистриран: 13.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1539 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да клањаш според мене е добра работа. Наведов но никој гледам не коментира ни добро ни лошо, можеби сакате повеќе да критикувате нешто отколку да кажете нешто добро! Сепак јас да се обидам накратко да кажам нешто основни работи. Значи, обврзани сме да клањаме пет пати на ден, дома или во џамија, мажи и жени! Во петок се клања во џамиа дел од молитвата, неможе да се изврши дома! Сега се поставува прашање ЗОШТО да се клањам? Епа накратко ќе ви кажам. Порано па дури и сега, ние се поклонуваме на луѓе, икони и др? ДА! Порано на цареви, фараони се поклонувале на различни начини. Сега ние во клањањето според мое мислење имаме начини на поклонувањата што се вршеле спрема тие поранешни владетели како поклонувања на ЕДЕН ГОСПОД и само тој е достоен да му се поклонуваме! Значи, тоа е молење на Господ, покажување покорност на се*еси и Висост на Господ. Зошто да му се поклонувам на некојси кога можам тоа да го правам на Господ и само на Господ! Објаснив начинот накратко, сега ајетов што следува кажува дека можеме да се свртиме каде што сакаме при клањање, нешто што го потбива тоа дека треба само накај мека да се вртиме, дека си играме рингишпил и другите несовесности што се искоментираа! Суре Бекаре, ајет 115: Bozji je istok i zapad, pa a koju se god stranu okrenete, tamo je Bozja strana. Bog je sveobuhvatan (svojom miloscu) i zna (sve). Пред да клањаш треба да се измиеш, да бидеш чист во молбата! Ги миеме рацете, устата, носот, лицето, рацете до глужд, дел од косата (главата) се наквасува, ушите, вратот, и нозете! Значи пет пати да се миеш вака дали ќе ти остане некоја дамка од нечистотиа на телото! Исто така, треба да внимаваме на урината, крвта, и други писнотии кои го расипуваат Абдесот (тоа миењето, ако се расипи треба пак да се премиеш). Еден студент бил во некој универзитет странство, ама студентов муслиман. Влага да земе Абдес во бањата тамо каде што се миеле луѓево, и овој миејќи нозете влегува еден професор и му вика: Како можеш нозете да ги миеш тука, ние лицето го миеме а ти нозете!!! А муслиманов му одговара: Господине, вие вашето лице го миете само сабајле, евентуално и навечер, а јас моите нозе ги миам 5пати на ден! После абдесот се вртиш накај што се вртиш (како на рингишпил како што љубите вие да кажете) и почнуваш со клањањето, молитвата! Во молитвата мора да си ептен концентриран, да ти е паметот тука, иначе тешко дека ќе ти се признае како молитва, тоа ест како скоро џабе! Нормално ќе бидеш награден за трудот но не онака 100%, знаете како на испит, нема да земеш 100 поени туку ќе земеш помалце, според напишаното во случајов според концентрацијата! За време на клањањето се кажуваат делови од к*ранот, но все*е или тивко да не се сметаат другите! Исто така се кажуваат молитви за те*е, за фамилијата и за се што си сакаш Господ да ти помогне. Завршуваш со клањањето и така. Е сега зошто е добро овА? Некои викаат лош бил Исламот барал обврски, пет пати на ден да се клањаш! Хммм тоа според мене се површни размислувања без согледување на доброто! Значи сабајле ќе станеш, ќе се клањаш 4рекаати (5мин ти одзема време). Со тоа ти веќе си го споменал Господ и си се потсетил на заповедите што тој ти ги дал ... значи го започнуваш денот со Господ. Така со мислите на Еден Господ одиш си работиш, доаѓа пак време да клањаш, ти пак клањаш уствари ти се прочистува душата, мислите (треба како шо реков да бидеш сконцентриран). Вака 5пати во одредени периоди на денот. Е сега, зошто преку ден да се клаљаме, односно на 24саати 5пати! Епа ти ќе одиш вџамија да клањаш, така? Или дома, каде и да е! Ако не се клањаш ти останува време за трошење без потреба, а во тоа време ти може да правиш гревови! Значи за да не направиш некој грев, подобро да се клањаш а со тоа да бидеш награден! Епа сеа, пет пати да го спомнуваш Господ, пет пати да клањаш и да се оттргнуваш од гревови, да се потсетуваш на заповедите господови ... нема тоа да придонесе во подобрување на личноста твоја, на духот твој? Ако се бањаш ти пет пати ќе ти остане дамка на телово? НЕ! И клањањето е како бањање, прочистување! Јас пример ако не одам да клањам, како млад има шански да задирам некоја женска, да одам во кафиџ и стегнам некое пиво и незнам што друго! Со тоа само ќе ја влошам мојата личност. Клањањето ти е и втиснување на сексуалните барања! Пример маструбација! Ако пример имаш маструбирано или имаш спиено со некоја неможе да се клањаш пред да се бањаш! Ова со маструбацијава е интересно, има последици ако маструбираш, нее дозволено според христијанство, слушав на ТВ еден поп! Во к*ранот вели дека ако неможеш ете пример како млад да се воздржиш од маструбација, оди клањај ... тоа СИГУРНО ќе придонесе да се потсетиш на Господ а не на некоја гола женска од Плај бој или некој порнич! Друго, зошто во џамија во Петок? Па ете едноставно да се запознаваш со луѓе! Ако неможеш да одиш секој ден во џамија, барем во Петок да одиш и со тоа ќе си запознаеш луѓе што ти е подобро за те*е ... пример ти треба нешто, или му требаш некому за нешто ... и исто така тоа симболизира ЕДНАКВОСТ. И богатиот и сиромавиот, и малиот и големиот да се клањаат во иста џамиа, еден до друг, некој напред некој назат! Тоа кажува дека за Господ сите сме ИСТИ и нас не учи да не се делиме според сиромав и богат и тн. А за жените, жените обично се клањаат оделно или назат! Зошто? Одма ќе речете Ете Нерамноправност! Не не, тоа е заштитување и на мажот и на жената! Како? Епа ако некоја жена ти е напрад додека клањаш, многу е тешко да го задржиш погледот а камо ли концентрацијата во клањањето! И ете грев правиш наместо да добиеш нешто! Друго што да кажам не ми текнува, ако ми текне тогаш ќе кажам, нормално. Ајде сега да видиме дали има нешто слично во христијанството, молење на еден Бог, клањање на Еден Бог, молитви кои те тераат да ја подобриш личноста и тн! |
|
Внеси реплика | страница 123 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |