IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ настани, вести и актуелности
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ настани, вести и актуелности

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3637383940 173>
Автор
Порака
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2009 во 13:06
Тодор Александров,Венко Марковски...
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2009 во 17:58
Стејт департментот им порачува на американските граѓани да бидат внимателни при посета на Атина
 
E pa isto ke mu dojde..a Bangladesh a Atina! голема%20насмевка
 

 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2009 во 02:07
Остра вербална нота и' е упатена на амбасадорката на Сојузна Република Германија во Скопје Урлике Марија Кноц во неделата кога била повикана на разговор во македонското МНР, изјави вчера претставник на МНР. Причина за оваа дипломатска реакција се изјавите и оценките на амбасадорката дадени по симулацијата во која учествувале студенти од неколку земји.

Една навидум студентска игра стана дипломатски скандал, оценија вчера претставници на македонската влада, при што посочуваат дека амбасадорката излегла од рамките на својот мандат. Убавата германска визија за тоа како ја гледа Македонија по 10 години, Кноц им ја пренела и на студентите од Педагошкиот факултет, а таа е дека Македонија ќе биде земја-членка на ЕУ, но со сменето име и со двојазичност.

На разговорите со Кноц, која во МНР била примена „на највисоко ниво“, и' било укажано дека треба да се држи во рамките на своите овластувања и надлежности, односно да не излегува од мандатот амбасадор во земјава.„Од амбасадорката е побарано да не се меша во внатрешните работи како што беше нејзиниот коментар за многу суптилни теми при претставувањето на визиите и симулациите за РМ креирани од некаков нерепрезентативен примерок малолетници. Германската амбасадорка беше замолена во иднина да се воздржува од вакви контроверзни и штетни изјави“, изјавија вчера од МНР.Оттаму додаваат дека амбасадорката се извинила за недоразбирањето што настанало и рекла дека во иднина ќе внимава во своите јавни настапи, особено кога се работи за вакви чувствителни работи.

Дипломатски извор во Скопје оценува за „Дневник“ дека должност на секој амбасадор е да го почитува Уставот. - Не само Уставот, туку и Рамковниот договор, на кој странските претставници постојано се повикуваат, а германската амбасадорка и него го прекрши. Македонија е унитарна и мултиетничка држава, а не двонационална, како што ја замислува Кноц - вели дипломатот.
------------------------------------------------------------------------------------------

Ова дури да не ти се верува... остра вербална нота, па германската амбасадорката дури и се извинила...изненадување


Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 00:24
Антонио Милошоски испрати писмо до шефицата на грчката дипломатија, Дора Бакојани,во кое се вели: -Имајќи ги предвид неодамнешните недоразбирања околу историските прашања изнесени јавно од високи грчки функционери и со цел да се надмине застојот во билатералните односи и повторно да заживее политичкиот дијалог, сметаме дека двете држави би сакале заеднички да ја искажат својата обврска и одговорност за натамошното развивање на грчко-македонските односи во духот на добрососедството и партнерството.


Во овој дух на пријателството, би сакал да ги повторам трите македонски иницијативи предложени до грчката страна на официјалниот состанок во рамките на ОН за прашањето за името меѓу двете страни што се одржа во Охрид на 21 јануари 2008 година. Овие иницијативи сведочат за нашата постојана подготвеност за заеднички ангажман и тесна соработка во сите области кои се важни за нашите меѓусебни односи и за нашата целосна посветеност на решавање на сите отворени прашања на најдобар можен начин.
Оттука, а воден од словото и духот на Времената спогодба од 13 септември 1995 година, би сакал да го повторам и, со тоа, по втор пат да предложам потпишување на Декларација за пријателство, добрососедство и соработка меѓу нашите две земји. Цврсто сум уверен дека оваа Декларација не само што ќе придонесе кон пријателството на народите од двете земји за денешните и идните генерации, туку и ќе даде значаен придонес кон мирот и развојот на регионот на Југоисточна Европа и на Европа во целина.
Земајќи ја предвид искажаната чувствителност на Грција за историските прашања, верувам дека еден од можните чекори за градење доверба меѓу двете држави и народи е заедничко разгледување на историските настани. Во овој контекст, би сакал уште еднаш да предложам основање Заеднички комитет за образование и историја. Подучувањето заедничка и повеќеперспективна историја на Балканот може да игра важна улога во процесот на помирување со минатото, преку спречување на употребата на историските настани за поттикнување идни недоразбирања.


Врз основа на начелата на Времената спогодба од 13 септември 1995 година, инструмент што мојата Влада длабоко го почитува, и со цел да се зајакне меѓусебното разбирање, сметам дека двете држави треба да ја продолжат праксата на одржување редовни консултации и состаноци на различни нивоа, како и на потпишување билатерални спогодби во сите области од заеднички интерес. Затоа, би сакал да го повторам нашиот Рамковен предлог за унапредување на билатералните односи меѓу нашите две земји. Ова ќе придонесе кон понатамошното зајакнување на соработката и меѓусебното разбирање, како и кон унапредување на регионалната соработка, што е неопходен услов за создавање стабилен и просперитетен регион и негова интеграција во европските и евро-атлантските структури.


Длабоко сум убеден дека Грција, како земја со силна посветеност на целите и начелата на Повелбата на Обединетите нации, Финалниот документ од Хелсинки и Париската повелба, отворено и искрено ќе ги поздрави овие иницијативи во позитивен дух во целите на развивање на пријателските односи меѓу двете земји.


Покрај тоа, цврсто сум уверен дека со прифаќање на овие три иницијативи обете влади ќе испратат силна порака за својата силна посветеност и конструктивен приод кон тековните разговори меѓу Република Грција и Република Македонија под покровителство на ОН за надминување на разликата околу името.


Со искрени желби и надеж дека пријателската и блиска соработка меѓу нашите две земји уште повеќе ќе зајакне во иднина, Ви ги упатувам изразите на моето највисоко почитување.-

Автор на веста: Нетпрес
некој си игра топло-ладно?
последново посебно ме трогна-
...пријателската и блиска соработка меѓу нашите две земји УШТЕ ПОВЕЌЕ ЌЕ ЗАЈАКНЕ во иднина....
значи ние у ствари сме се сакале и до сега..а од сега уште повеќе


Изменето од anastea - 31.Март.2009 во 03:40
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 00:46
Некои тактики нивни изгледа,ние да испадниме добрите и дружељубивите а грците јадачи на деца.
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 00:50
мислиш дека после сета гунгула која се крена некој ќе поверува дека сме сепак ние добрите?
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 00:51
Па да не треба да се докажваме дека сме добрите,има некој сомнеж?
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 01:06
не,не...само прашав...имам чувство дека во последно време од жртви станавме јуришницинамигнување
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 01:14
Па фактички и јуришници сме,судиме тужиме и незнам ти шо.Важно не ги дрвиме на каучите пред телевизорите.


Изменето од ZoraNaSlobodata - 19.Март.2009 во 01:14
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 09:35
POPE , GREV LI E DA GLLASAM ZA SELMANI ???????
 
газење%20од%20смеење  газење%20од%20смеење
ovae hit na predizbornata kampanja ... samo ova moze da mu konk*rira na gllupostite na Ivanov ....
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 09:39
голема%20насмевкаda...go gledav...cirkus...nemam zborovi kolku se ojdeni!
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
chuchuliga Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај chuchuliga Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 23:24

Најпознатиот македонски роман „Пиреј“ на Петре М. Андреевски прв пат е преведен на англиски јазик (после скоро 30 години од првото издание)од австралиската издавачка куќа „Политекон“ со седиште во Сиднеј.

„Пиреј“ е единаесетта македонска книга на „Политекон“, која досега ги издаде и првите преводи на англиски јазик на македонските романи „Црно семе“ од Ташко Георгиевски и „Големата вода“ од Живко Чинго.

Преведувачите Вил Фирт и Мирјана Симјановска се професионални преведувачи од Австралија. Фирт има преведено повеќе од 20 книги, а Симјановска е професорка и академик.

Романот „Пиреј“ може да се нарача преку Интернет на веб-страницата www. pollitecon.com.

 
Eх, македонијо.....заспан народ...
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 01:10
Не да сме заспани, се ми се чини дека сме во длабок зимски мечкин сон, кој трае и трае и трае...
Во ерата на интернет и брзи информации, во ерата на немилосрдна борба за освојување нови пазари, инвестиции, туристи... нашата земја на Болоњскиот саем на книгата, покрај нашите книги за деца, Македонија ќе ја презентира со брошура со фотографии од Охрид од минатиот век и со имиња на цркви напишани на бугарска кирилица?!!!



Стара карта со погрешни имиња на градовите во Македонија, напишана со бугарски букви ќе биде македонски каталог што ќе биде презентиран заедно со нашите книги за деца на меѓународниот саем во Болоња, Италија. Од издавачката куќа „Просветно дело“, која годинава ќе биде организатор на нашето претставување, рекоа дека ќе се обидат пред посетителите да ја претстават целокупно нашата култура и земја, па затоа заедно со одделот за туризам и угостителство на Министерството за економија, обезбедиле и дополнителен рекламен материјал.

Во тој материјал е брошурата со карта од охридската ривиера, на која црквата „Св.Софија“ е напишана како „Св.Софи\“, манастирот „Св. Јован Канео“ како „Св. Јоан Канео“, планината Галичица, стои како Galicitsa, Скопје во латиница е напишано како Ckopje, Трпејца, на латиница е преименувана во Trapeyca, а планинскиот врв Стар Врв, прераснал во Star Vruv. На картата има и бледи фотографии од Охрид од минатиот век, на кој недостигаат многу нови градби и споменици што денес се таму, кои даваат лажна слика за вистинската состојба на градот. Брошурата е во издание на „Просветно дело“, а била печатена во Софија, Бугарија.



Изменето од anastea - 03.Април.2009 во 13:33
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 16:02

Официјална Атина ја одби иницијативата на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Оценувајќи ги понудените иницијативи како „декларативни изјави со сомнителна корист и делотворност“, министерката Бакојани во одговорот, како што соопшти МНР, првпат во официјалната дипломатска кореспонденција помеѓу двете земји, признава дека освен името на државата, предмет на оспорување е и идентитетот на македонскиот народ.

Во однос на прашањето за името, кое ја сочинува суштината на проблемите на кои наидуваат односите меѓу нашите земји, Грција направи значаен чекор напред прифаќајќи единствено ерга омнес сложено име, кое исто така може да го вклучи и терминот „Македонија“, со одредница која ќе ја појасни разликата меѓу Вашата земја и народ и грчка Македонија и нејзиното население“, посочува Бакојани.

„Ова е значајно поместување од нашата првична позиција, а со надеж дека ова би можело да претставува основа за постигнување заемно прифатливо решение“, вели Бакојани.

Во однос на предлогот за формирање заеднички Комитет за образование и историја, Бакојани смета дека нема потреба од експертски тимови кои ќе ги „чешлаат“ историските настани кои се претставуваат како пречки во односите меѓу двете држави.

Основањето Заедничка комисија за образование и историја, земајќи ја предвид изразената чувствителност на Грција кон прашања од историјата, би сакала да нагласам дека историјата е наука која ја утврдува историската вистина преку научни методи. Таа не може, ниту треба да биде предмет на политичка корист или на кои било други политички согледувања“, вели Бакојани.

„Во оваа смисла, историјата не е нешто за кое може да се преговара. Историјата на античкиот свет е веќе напишана и документирана, веќе со векови, преку макотрпни научни истражувања од страна на меѓународно угледни историчари и археолози. Билатерална комисија не може одново да ја напише историјата“, додаде Дора Бакојани.

---------------------------------------------------------------------------------------------

Дали некој уште се двоуми што бараат грците од нас?!

Значи сложено име, со кое “нивните“ МАКЕДОНЦИ, кои живеат во Грција ќе си останат Македонци, а сите останати кои живеат во Македонија ќе бидат некои други МАКЕДОНЦИ: северни, нови, горни...?!! И тоа не било чепкање во идентитетот на еден народ?!

Зошто не прифатат заедничка комисија, за пеглање на разликите и надминување на недоразбирањата (не за пишување нова историја), барем како добронамерен обид, ако нема од што да се плашат?
Ако нема што да кријат?!

Од што произлегува нивната “изразена чувствителност“ кон историјата? Од искривувањето на фактите можеби, во нивна полза?

Секој народ е чувствителен на својата историја.
Зошто МАКЕДОНЦИТЕ не би биле чувствителни на својата историја, кога нам се обидуваат да ни го оспорат и променат идентитетот, државното име, националните обележја?!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3637383940 173>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.