IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Смислата на постоењето ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Смислата на постоењето ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2009 во 15:36
Originally posted by ZoraNaSlobodata ZoraNaSlobodata напиша:


Сакам да кажам да не се обидуваме да најдеме смисла за нашето постоење,бидејќи досега никој не нашол.


Како за кого, сите различно си ја наоѓаме смислата на нашето постоење во различни нешта

Изменето од Lithium - 15.Март.2009 во 15:37
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2009 во 20:03
Originally posted by Lithium Lithium напиша:

Originally posted by ZoraNaSlobodata ZoraNaSlobodata напиша:


Сакам да кажам да не се обидуваме да најдеме смисла за нашето постоење,бидејќи досега никој не нашол.


Како за кого, сите различно си ја наоѓаме смислата на нашето постоење во различни нешта


ЗораНаСлободата, твојот пост е пишан баш на роденденот на мојот син, кој ми значи безкрајно многу!

Несакам да ти сугерирам, но секој кој барем малку слушнал за ЕВАНГЕЛИЕТО, знае што е смислата на живеењето!

Честопати кога интроспективно го набљудувам мојот досегашен живот се прашувам, како можеш да бидеш толку слеп?!

Се надевам и верувам, дека БОГ набрзо ќе ни дари на сите, очи што гледаат и уши што слушаат!


АМИН



Изменето од spiros - 17.Март.2009 во 20:11
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2009 во 12:17
Originally posted by spiros spiros напиша:

... ЗораНаСлободата, ... како можеш да бидеш толку слеп?! ...

Ц - ц - ц, Спиросе!изненадување Како си дозволуваш да речеш овакво нешто кон човек кој не ги дели твоите ставови?
Се сеќавам дека и порано имаш направено овакви (ненамерни?) лапсуси, кога даваше некои цитати од библијата каде за тие кои не веруваат во (твојот) бог се вели: „безумни“, или нешто во тој стил. Не ми се бара сега назад по постовите за да најдам каде беше тоа. Одамна беше. Те молам, во иднина внимавај на зборовите, оти знаеш и самиот, малку фали да се даде реплика со која ќе бидеш нападнат од некого, па ти ќе возвратиш ... и отиде темата. Се надевам оваа  критика ќе ја прифатиш добронамерно.

За темата.

     Како врв на вечните прашања: што сме, од каде сме, каде сме,... се поставува ова филозовско прашање - која е смислата на сето тоа?
     Нормално, на ова прашање очекувам теистите да дадат теолошко толкување на смислата на постоењето, односно доближување кон бог ... (и на тоа слично), а атеистите ... секој различно (тука дијапазонот за можни одговори е многу по голем).
     Но, овде сакам да поставам едно друго прашање (нормално, поврзано за оваа тема) кое се однесува за луѓето со теистички поглед на светот:
    Како животните и растенијата размислуваат за ова прашање?збунетостизненадување
    Знам, „малку“(?) е збунувачки - ќе си речете - што овој треска?!
    Зборот ми е, дали ќе можете да замислите ситуација во која би ги апстрахирале луѓето, едноставно, како да не постојат? Која би била тогаш смислата на постоењето на сите останати суштества?
     Во овој контекст и уште еден дополнителен аргумент, дополнително прашање со кое би се дообјаснила смислата на моето размислување, која е смислата на постоењето на останатите вселенски објекти? Ајде, овде да го исклучиме Сонцето, кое е неопходно за да човекот живее и да му се „придружи на бог“, но која е смислата на постоењето на другите небесни тела (ѕвезди, комети, маглини, квазари, галаксии... други живи суштества (!?) ...)? Дали и тие придонесуваат да се оствари божјата замисла за човекот?

     Во крајна инстанца, која е смислата да се отиде кај бог? Што ќе правите таму? Вечност? Како тоа си го замислувате? За кого ќе се однесува тоа? За тие кои живееле до „судниот ден“ кога бог ќе распореди кој каде ќе оди? Дали после тој ден ќе нема нови раѓања, и со самото тоа ќе нема безгрешност? 

Која ќе биде смислата на таквото „живеење“?размислување

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2009 во 16:23

Како прво, залтнику, ти го манипулираш цитатот и го вперуваш само кон една личност, омаловажувајќи ја истата!
Во ниеден случај и во споредба со никого не се чувствувам супериорен, а најмалку со човек кој барем малку верува на Евангелието на ЉУБОВТА!

Што се одесува до темата:

Дали теисти или атеисти, дали цицачи или растенија, ... смислата на Животот е таа, една единствена, вечна сёопфатна, Животопријатна ЉУБОВ!

Јас лично верувам и се надевам, дека човекот ќе се разбуди за смислата на Животот и тоа во многу блиска иднина!

Или ќе се разбуди, или ќе нема иднина!

поздрав

Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2009 во 18:40
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Како врв на вечните прашања: што сме, од каде сме, каде сме,... се поставува ова филозовско прашање - која е смислата на сето тоа?
Za da se dojde do smislata na seto toa treba tokmu tie prasanja da se odgovorat.       
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Како животните и растенијата размислуваат за ова прашање?збунетостизненадување
Rastenijata i zivotnite ne se optereteni kako lugjeto(iako prevzele nekoi programi na odnesuvanje od niv, na pr. agresivnosta) tie ziveat vo Boga a po napustanjeto na fizickite tela prodolzuvaat vo duhovnata evolucija, no mozat i da se reinkarniraat na zemjata dokolku imaat uste nekakva misija tuka. Povekje moze da se procita vo otkrovenieto Ti, zivotno, Ti covek, - Koj ima povisoki vrednosti? dadeno od Liobani, eden angel gospodov, preku bozjata prorocica Gabrielle od Würzburg.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Знам, „малку“(?) е збунувачки - ќе си речете - што овој треска?!
Ne e zbunuvacki i mislam deka voopsto ne "treskas"! Prasanjata ti se mnogu interesni i jas imav slicni pred da dojdam vo kontakt so ucenjeto na Prahristijanska zaednica - Univerzalen Zivot i objavite od Bozestveniot svet koi tamu se primaat.   
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Зборот ми е, дали ќе можете да замислите ситуација во која би ги апстрахирале луѓето, едноставно, како да не постојат?
Mozam, toa bi bil vistinski raj ako bi se rabotelo za Zemjata. Porazvienite zivotni imaat samo delumni dusi, a pomalite (na pr. inesktite) pripagjaat vo tnr. kolektivi. Vo niv potencijalot na slobodnata volja seuste ne e razvien i ottamu tie i nemozat da se optovarat a bez covekot ne bi imale od kade da se inficiraat so negativnosti.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Која би била тогаш смислата на постоењето на сите останати суштества?
Vo prasanjeto e daden odgovorot. Postoenje - i toa vecno, no ne staticno tuku vo smisla na vecna dinamika i evolucija.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

... која е смислата на постоењето на останатите вселенски објекти? Ајде, овде да го исклучиме Сонцето, кое е неопходно за да човекот живее и да му се „придружи на бог“, но која е смислата на постоењето на другите небесни тела (ѕвезди, комети, маглини, квазари, галаксии... други живи суштества (!?) ...)?
Na ova tema isto taka nebesniot svet objavi informacii, no najprvin treba da se ima vo predvid deka materijalniot univerzum e posledica na padot na angelite(koi so tek na vreme stanale fizicki lugje) a ne direktno Bozjo sozdavanje. Posledicite od dejstvijata na nekogasnite pad-bitija seuste se zabelezuvaat vo vselenata.

Nakratko za dzvezdite: dzvezdite se mocni kosmicki kompjuteri koi go tvorat mokjniot kauzalen zakon. Vo dzvezdite se skladira sè ona koe se slucuva vo vselenata. Po odredeno vreme, skladiranite informacii se transformiraat ili zracat povtorno nazad(vo oblik na posledica). Vo nekoi objavi bea dadeni informacii i za drugite raboti no jas zasega ne sum procital na taa tema.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Дали и тие придонесуваат да се оствари божјата замисла за човекот?
Bozjata zamisla, plan za covekot ili potocno za coveckata dusa, e posle fizickata smrt na teloto taa povtorno da se vrati vo izvornata tatkovina, vo vecnata Realnost - Neboto.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

...која е смислата да се отиде кај бог?
Koja e smislata da se vratis doma kaj sakanite? Zemjata e znaci samo edna popatna(no mnooogu vazna) stanica vo naseto patuvanje doma.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Што ќе правите таму? Вечност?
Sekoj ce go pravi toa sto nego najmnogu mu soodvetstvuva spord negoviot mentalitet. Generalno toa se sveduva na nesebicna sluzba edni za drugi i ponatamosno sirenje na duhovniot univerzum i vecna evolucija na bitijata. Vo toa postoi , spokoj, srekja, radost t.e. vecno zadovolstvo.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Како тоа си го замислувате?

Kako i da go zamislime, ce bide covecki zamisleno a ottamu ne soodvetno na bozestvenata realnost. Vo taa smisla e kazano vo prvata zapoved preku Mojsej deka ne treba da si pravime predstavi za Boga i Neboto itn... bidejki toa ce bide slika za ona sto NE E, a ne slika za ONA STO E!. No bozestveniot svet vo povekje navrati im go doblizi na lugjeto izgledot na Apsolutnosta - duhovniot univerzum i negovite ziteli(kade spagjame i nie, no odamna sme si zaminale) so cel da go dorazbudi kopnezot po vecnata Tatkovina kade nema patenje. Eden od pocetnite preduslovi e covekovata slobodna volja da saka da se vrati tamu.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

За кого ќе се однесува тоа?
Doslovno za site lugje i dushi, poznati i nepoznati, no duri otkoga nivnoto dushevno telo ce ostane bez damka - grev.

Glavniot cekor koj ce treba da go storat pred sè e: prostuvanje, molenje za proska, popravanje na storenoto i povekje ne pravenje na istoto ili slicnoto. Koga dusata ce sozree bilo za vreme dodeka e kako covek na Zemjata ili najdocna vo cistilisnite podracja(gi ima 4 osnovni, nareceni: Red, Volja, Mudrost i Serioznost) da stanuva sposobna postepeno da go primenuva tnr. Apsoluten Zakon. Toa go uci vo tnr. 3 podgotvitelni podracja(se vikaat i: Trpelivost, Ljubov i Milosrdie), kade ziveat dushi koi se pretezno cisti, no seuste ne se sovrseni kako Otecot Nebesen i angelite. Koga ce gi pominat i tie posledni 3 skalila, tie dusi dogjaat do svetlosniot dzid, i bidejkji vo sebe nosat Nebo, mozat i samite da vlezat vo tnr. cisto Nebo odnosno vo Apsolutnosta.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

За тие кои живееле до „судниот ден“ кога бог ќе распореди кој каде ќе оди?
Sekoj sam si odreduva kade ce odi, sudniot den e denot na vistinata koga dusata samata ce si uvidi dobrovolno kade e sto e, ne nekoj termin vo nekoja sudska palata. Se narekuva uste i STRASEN SUD bidejki e strasno za naseto ego za koe tolku cvrsto se drzime mislejki deka toa e realno, a vsusnot e iluzija koja samo ni sozdava problemi i patila postojano.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Дали после тој ден ќе нема нови раѓања, и со самото тоа ќе нема безгрешност? 
Kje dojde relativno naskoro den koga povekje nema da bidat vozmozni reinkarniranja za tesko-optovarenite dusi na Zemjata. Toa ce bide koga Hristovoto Carstvo na mirot kje ja opfati Zemjata. Na krajot od Carstvoto na Mirot na planetata Zemja, nakratko ce moze povtorno da stapat(se rodat) potemnite dusi vo covecki tela, no togas nabrgu kje dojde i krajot na planetata Zemja koja ce ja ispusti svojata dusa. Togas dusite koi ne go iskoristile vremeto na Zemjata dovolno duhovno da naprednat za da vlezat vo Neboto ili barem vo predvorjeto, svojot razvoj ce mozat da go prodolzat vo otadestranoto(cistilisnite sferi-astralni podracja) no tamu raZvojot e daleku potezok i podolg otkolku na Zemjata.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Која ќе биде смислата на таквото „живеење“?размислување
Vidi odgovor na petotto prasanje.

Изменето од Majkl - 18.Март.2009 во 19:16
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 00:05
Ооооооооооо, Златник........па кај си ти???? Ми недостигаше.......

Еве некои од моите согледувања на твоите прашања...

1. Како растенијата и животните РАЗМИСЛУВААТ за нивното постоење?????? Прашањево ми е малку смешно.....па растенијата не размислуваат....ниту животните (тие инстинктивно реагираат). Рационалноста им е дадена само на луѓето. А што би било со растенијата и животните кога не би биле луѓето е сосема непотребно трошење на енергија за мислење......Што ни е гајле што би било..... Веројатно не би ни постоеле, затоа што тие постојат поради задоволување на потребите на човекот (не сите се разбира). Небеските тела исто така ги создал Бог зашто сметал дека треба да бидат создадени...Нели Бог е Сезнаен и Он се знае...како сега ние да се сомневаме дека било потребно за луѓето да бидат создадени небески тела...Впрочем, ние знаеме само милионити дел од тоа како функционира вселената (мислам од научен аспект). Таа на луѓето им е сеуште една гооооооооолема енигма. Кога би откриле барем пола од нејзините законитости (со научни методи) од кај знаеш дека нема да сфатиме дека небеските тела постојат заради луѓето???????????????

2. Каква е вечноста?.....Хм......има поими кои човековиот ум рационално со помош на логиката е тешко (да не речам невозможно) да ги сфати. Поимите како вечност, вонвременост итн веројатно Бог намерно ни оставил да ни бидат недоразјаснети. Доколку би биле кристално јасни сите би ги сфатиле, би ја разбрале религијата и би поверувале...која е тогаш поентата на верувањето...кога се би било јасно, очигледно сите би верувале...кога нештото го гледаш, го пипаш, го мирисаш...целосно ти е јасно, се ти е очигледно...се ти е на мегдан (што би рекла баба ми) ќе има ли потреба од ВЕРУВАЊЕ????????НЕЕЕЕЕЕЕ......во тој случај сите би ЗНАЕЛЕ.......нема што да веруваат или не.......
Но Бог вели: Блажени се оние кои не виделе, а поверувале.......Ете вечноста не сме ја виделе, но во неа би требало да веруваме......

3. Која е смислата да се отиде кај Бог? Смислата е вечниот живот- живеењето во вечноста, засекогаш, до бескрај блиску до Бог..во безстрастие, во љубов, во СОВРШЕНСТВО.......

МИР со сите
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 02:08

Smislata na zivotot e da se raduvame na sekoj podaren den od Boga, da ja izvrsuvame Bozjata volja dodeka sme na ovaa zemja, da se predademe celosno na Boga so seto svoe srce , um i dusa i da go cekame vremeto koe Bog go vetil, "koga ke nema ni starost, ni bolest, ni smrt" vo zivotot vo rajot(Otkrovenie 21:4)
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2009 во 10:23

АМИН, кингдавиде!
Од твоја уста, во БОЖЈИ уши!
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2009 во 20:11
На Земјава сум пратен да го прославам Божјото име и да помогнам на други луѓе да дојдат до единство со Господ!
Тоа е целта на секој човек...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,195 секунди.