|
Света Троица |
Внеси реплика | страница <1234 26> |
Автор | ||
Corporal^^
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 833 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
CEJ SA TI NA SILA MI ODIS, JAS VERVAM VO TO SO "JAS" LICNO JAS VERVAM NE VO SO MI KAZALA MAMA ILI TATO RAZBRA, I SEKAKO DEKA IMAM MOE MISLENJE, I NE BILE SLEPI ZATO TI GARANTIRAM A I USTVARI NE ZNAM TI SO SAKAS DA MI KAZIS SO OVA |
||
Its not the size of the warrior in the fight, its the size of the fight in the warrior
|
||
Miralem
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 1056 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Abe Brat... Krivo im e sto se najde uste eden koj moze Argumentirano da dokaze deka Biblijata e sosema pogresna.Pa nemozes da primetis deka toa e samo izbegnuvanje od postavenite prasanja ? Pa sega nema odgovor na toa i sto ke pravime.... Corbadzija e ustvari Miralem i ne odgovarame. Snaodlivi se za taka... Tuku Krale,koga sum veke tuka... ti prvo resi se dali ke veruvas vo Darvinovata teorija ili ke veruvas vo Boga. Za Biblijata,posle mozes da ni kazuvas,,, ti uste,kako sto mozev da vidam na podforumot "Filozofija" ne si siguren uste kako covekot nastanal. |
||
krale
Сениор Регистриран: 18.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 923 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не бе Миралем, грешка си. Тоа беше само прашање што поставив таму. Ако сакаш и по таа тема ќе дискутираме.
|
||
Miralem
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 1056 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Gospod i Darvin,spored "nadri filozofot" krale se isto. Damiti e Alal vo (ne)verata tvoja. |
||
krale
Сениор Регистриран: 18.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 923 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Хехе, колку си малечок бе Миралем, ситен си многу...
Сосема легитимно прашање беше. Што не ти е јасно? Прашав што мислат другите, и толку. Мислиш си ја открил америка бреееј. ХЕХЕХЕ, комедија жива си... А ти не мораш да ми се обраќаш со „надри филозофе“. Доволно за те*е е „ефенди ефенди“... |
||
krale
Сениор Регистриран: 18.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 923 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Него Миралем, ако си уште тука, ќе можеме ли на една друга тема да разговараме.
Ама без бегање како досега. Темата е „101 грешка во Коранот“, планирам да ја отворам наскоро, ама само ако си тука, пошто за другиве и онака не вреди, не се толку „упатени“ како ти. |
||
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Исто така во откровението Исус приоѓа до престолот и од рацете на Бога ја прима книгата. Овде очигледно се зборува за две различни појави во исто време Бог и Исус (Отец и Син)
|
||
krale
Сениор Регистриран: 18.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 923 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ама што докажуваш овде Чорбаџија не ми е јасно??? Бог има раце и тело и му ја дава книгата на Исус? Малце размисли што зборуваш човеку. Си читал ли некогаш поезија? Знаеш ли што е тоа симболика? Си слушнал ли за тип наречен Витгенштајн и за тоа како функционира човековиот јазик и говор? Оди прочитај наоколу па после врати се со вакви смешни аргументи. Пфф, Исус ја зема книгата од Бог.
Немој да се навредиш, ама ова стварно премногу личи на Макед. Народни приказни. Немој те молам вакви работи ако сакаш озбилна дискусија. Изменето од krale |
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За сите неписмени деца постојат сликовници па разбираат преку слики,еве ние христијаните како луѓе кои пробуваат да го описменат неукиот и неверниот свет го пробуваме истото па јас да допринесам како дел од тие Христијански луѓе.Овде многу убаво е насликано светото тројство и што воопшто значи тоа
|
||
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
“И ние сега ви соопштуваме дека ветувањето, дадено на нашите татковци Бог го исполни на нас, чедата нивни, откога Го воскресна Исуса. Како што е и во вториот псалм напишано: Син мој си Ти, денес те родив Јас“ делата Апостолски 13. 32-33 Бог значи родил.... ???? Изменето од Чорбаџија |
||
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
крале дај соземи се. Која симболика која поезија не го цитирам Есенин, го цитирам Светото писмо бе крале немој така ... ме загрижуваш веќе...
|
||
krale
Сениор Регистриран: 18.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 923 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Го цитираш Откровението, на пример, што е ПРЕПОЛНО со симболика. Друг проблем е што ти не си ја поминал (или така барем изгледа) теоријата како функционира човековиот јазик и говор.
Ти кога наутро велиш дека „сонцето изгрева“ (или чуеш на радио), де факто кажуваш научна небулоза. Сонцето никогаш не изгрева, туку земјата се врти околу се*е и сонцето се појавува. Радио водителот и слушателите тоа многу добро го знаат, па не мора секој пат да се објаснува тоа, туку се користи перспективна реченица која симболично тоа го претставува. Исто е и со овие текстови што ти ги цитираш. И читателот и писателот зборуваат за божествени форми кои им е добро јасно дека се ослободени од антроформична димензија, но како симболика на перспективата користат јазик кој тоа го симболизира. Друг пример. Често ќе сретнеш луѓе кои велат во лутина „те убив“ или пак во болка „умирам“. Ниту едно ниту другото не е буквално наменето да се сфати, и тоа им е јасно и на изговорувачот и на слушателот. За да постои комуникација помеѓу два субјекта, мора да постои кодекс на симболи кои им се препознатливи и на двата субјекта (читај го Витгенштајн за подетална анализа). Јазикот значи, не може да функционира помеѓу два субјекта кои не го споделуваат овој културолошки предодреден кодекс (значи ако не го знаат јазикот, не ја разбираат симболиката, не ги знаат поговорките, не ги сфаќаат финтите итн.). Ова станува многу појасно кога ќе видиш како луѓе кои научиле одреден странски јазик до одреден степен, не го разбираат сленгот, или пак шалите за кои е потребно познавање на тој кодекс (знам многу странци во Македонија што знаат македонски, ама К-15 на пример, никогаш не можат да го сфатат). Е сега, до што доаѓаме. Доаѓаме до тоа да Светото писмо користи човечки јазик, кој исто така култоролошки е врзан за одреден кодекс и симболика на разбирање. За да се разбере тој јазик, треба да се разбере кодексот на Библиската комуникација. Затоа проучувањето на Откровението, на пример, не може да се одвои од разбирањето за тоа како функционирала апокалиптичната литература (која ја имало во изобилство) во тоа време. Ниту пак другите текстови (дека Бог имал грб, нозе или раце) кои се наоѓаат во Библијата можат да се сфатат без да се разбере како таа култура (староеврејската) користи вакви симболи (значи дали буквално или симболично). Затоа јас ти велам дека е смешно да зборуваш за буквално земање и давање, бидејќи тоа е симболичен јазик кој што претставително сака да претстави некое дејствие. Тоа е познат начин на изразување во апокалипсата, а и на други места во Светото Писмо. Ако сакаш да разговараме за тоа дали Исус е Господ или не, тоа можеш да го правиш, ама не врз основа на вакви текстови кои не се ни најмалку проблематични, заради нивната преполна симболика. |
||
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
да, хммм па да навистина, да... така е... нема сомнение... да да... али ова не е човечки јазик... ова е Реч Божја. Ако речи Бог - “те убив“ така и ќе биде, ако рече “се вознесе“ тоа значи се вознесе ако речи Бог “ова е блаженство, сигурно е различно отколку кога човек ќе речи “ова е блаженство“ (јадејќи поховани шницли со компир пире и зелка салата) ако кажи бог дека Исус од рацете негови ја прима книгата тоа значи дека Исус од рацете на бог ја прима книгата, значи ова е реч божја дадена на човека. Закон, во закон немаш многу егзебици, треба да го почитуваш, она што е напишано. Тоа е и проблем на верските секти, што секоја ги толкува зборовите Божји на свој начин. Бог Писмото не го пишувал за струшките вечери на поезијата туку на луѓето Вистината и Законите да им ги даде. А вистината и законите се знае како се пишуваат. |
||
krale
Сениор Регистриран: 18.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 923 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Добро е, полека доаѓаме до вистината. Тоа што е Реч Божја не го намалува тврдењето дека е искажана низ човеки јазик, што значи за тоа важат истите правила како и за сето друго во човечкиот јазик (тоа барем од Бултман си требал да го научиш). Библијата не паѓа од небото (како Коранот), и затоа таа не може да се испитува на начин на кој што ти тврдиш. Црквата од секогаш верувала дека Библијата е Богочовечка книга (и Божја и човечка Реч), бидејќи и самите цитати кои ги даде ти, се всушност визијата на Јован Богослов, значи не ги искажува Бог зборовите, туку Јован. Се разбира Јовановите зборови не се обични човечки зборови, бидејќи ја добиваат својата вдахновеност и автентичност преку Светиот Дух. Комплексна е работата, затоа не држи твоето поедноставување. Инаку се сложувам за другото што го коментираше. |
||
Внеси реплика | страница <1234 26> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |