|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 119120121122123 146> |
Автор | |
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со убаво
Бисеру мој, сокриј се во школката, идат арамиите. Пеперутко, напикај се во кожурецот, идат студови. Самовило, стисни се во ореова лушпа, идат змејови. Најскапа моја, ти ѕирка стопалцето ти ѕирка раменцето, ах, на месецот ти блеска лиценцето. Премногу пафташ со крилјата, прегласно дишеш, ангелу. Тај се и заби стисни. Кога ќе минат сите бури и фортуни, тогаш излези, среќо, и биди весела. Тогаш биди бучна и разиграна. Биди моја простирка и покривка. Биди моја медовина и ладовина. Тогаш излези од мракот, од школката, од кожурецот, од некаде, од никаде, ако се сетиш каде си се стуткала, во кој ќош, ако се пронајдеш тогаш кога ќе ти кажам, некогаш ... никогаш. |
|
Didi
Сениор Summer flower Регистриран: 14.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 15583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Povedime na ona mesto
kaj sto se vkrstija nash*te pogledi. Kaj sto za prv pat go zalaza moeto srce, kade sto za prv pat te sretnav, kade sto prv pat me sretna, kade sto prv pat se pregrnavme. Povedime tamu, kade sto se vljubiv vo tebe tamu kade sto gi ukradov tvoite pogledi, tvoite slatki nasmevki, tvoite prekrasni oci. Povedime, na mestoto za koe napishav: nebroeni pesni za taa nasha nezaboravna sredba. |
|
Srekata vo tvojot zhivot zavisi od ubavinita na tvoite misli....
|
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од навика
Лежам и размислувам... Со мислите се судирам Ги разбивам на делчиња Не сакам да ги составам... Земам еден лист Нешто чкртам, пречкртувам Кршам прсти, се заборавам Го сакам звукот...ме смирува И знам да се насмеам И тогаш кога нема потреба Гледам напред не се вртам Од навика не застанувам Барам нешто далеку Гледам во хоризонтот Во една далечина На еден ист камен Двапати се сопнувам Единствено само од навика.... Изменето од Lithium - 15.Март.2009 во 20:15 |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
со други зборови
не гледај што гледам не мисли што мислам не сакај што сакам оти ќе станеш сам на себе центар на светот |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЈАС И ТИШИНАТА
Тишино, на мојот перон секогаш згазнуваш како испраќач... Никако како чекач... Знаеш дека сум уморен од себе си, од селењето во други очи, од враќањето под дождот... Тишино... Акордите на песнава би биле уште поубави ако ги испееш ти... Наместо да му вдовичиш верно на звукот, дојди обвиткај ја мојата желба да блудничам со тебе... јас инцестуoзно удрениот... оти и самиот сум тишина... Изменето од Quentin - 16.Март.2009 во 21:44 |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
види...види...кој ни дошол
|
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Трошки
Се лутев на шумските птици дека ги исколваа трошките со кои ја бележев патеката до тебе. Рекоа, не сме ние. Потоа се лутев на мравките, додека утката бдејачка не ми шепна, тој ги собра твоите трошки за да го обележи својот пат од тебе. |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Волшебно самоубиство на ветувањата. Една насмевка умре на циркускиот трапез. - Ќе живееш - му рече ветрот на перцето од глуварче, пред да открие ливчиња од роза. - Ќе те сакам - му рече слепата на слепиот, ...пред да прогледа. |
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Непоканет ми доаѓа во мисливе Без да сакам ми предизвикува немир Не ми кажува ништо, молчи Некојпат е дарежлив Шепоти... Неочекувано ќе ми го разбранува сонот Без да сакам тој ќе ме разбуди И будна го гледам ликот И слушам сеуште.... Зборови... Не дека сакал, ама залутал уште еднаш Знам се изгубил по патот Тој се губи по стопати Скршнал накај мене, повторно И знае дека...не згрешил!!! Изменето од Lithium - 22.Март.2009 во 22:39 |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Предавничка
Скршнав од патот на радоста уште во раното детство. Ме проголта животот заглавувајќи ме на неговиот најостар заб полека растопувајќи ме со плунката погребувајќи ме во порите на јазикот. Одвратно и поразително, војник со скршено копје на бојно поле надевајќи се на победа. Сега надежта со својата лопата ја фрла студената земја врз моето поразено тело... Предавничка која ми беше единствена ѕвезда водилка во животот на патот до тагата. |
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бесмисленост
Не го гледај моето лице удавено во очај, тоа е само едно обично платно каде се исцртува безживотноста. Не број ги моите солзи, залудно е да го трошиш скапоценото време чекајќи да истечат... Не, нема крај. Секоја клетка ја губи својата вредност губејќи ја својата смисла во бесконечноста, та и мојата фигура сеедно е дали е тука или на пат од каде нема назад. Сакам да заминам. Не, нема толку голема сила која ќе ја угаси оваа желба. Што е битно каде сум и која сум? И онака ништо нема крај ниту знаечење. Не, нема крај. Ништо нема смисла. |
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Носталгија
Како мало дете кое плаче за својата мајка која заминува, или пак заљубениот пар кој се разделува на шините кај возот така и јас сама без себе со испиени очи го гледам часовникот кој неуморно го одбројува секој миг поминат во оваа глува одаја без трошка од неисцрпната присутност на лепливиот допир на нежноста. Изменето од ekszi88 - 28.Март.2009 во 02:31 |
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ме нема, ама таму сум, таму во соништата јас сум реалноста Јас сум и во ветерот што секогаш те одминува Малиот блесок во темнината Ме нема, ама сепак сум таму , таму во морето јас сум само капката Јас знам да бидам и бранот што надоаѓа Да се најдам сред бура и пустина Ме нема, ама јас сеуште сум таму, таму заробена во имагинацијата Јас не сакам ама знам и дека морам Да бидам една, но со две лица |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
Внеси реплика | страница <1 119120121122123 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |