IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 119120121122123 146>
Автор
Порака
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2009 во 00:09
Со убаво

Бисеру мој,
сокриј се во школката,
идат арамиите.
Пеперутко,
напикај се во кожурецот,
идат студови.
Самовило,
стисни се во ореова лушпа,
идат змејови.
Најскапа моја,
ти ѕирка стопалцето
ти ѕирка раменцето,
ах, на месецот
ти блеска лиценцето.
Премногу пафташ со крилјата,
прегласно дишеш, ангелу.
Тај се и заби стисни.
Кога ќе минат сите
бури и фортуни,
тогаш излези, среќо,
и биди весела.
Тогаш биди бучна
и разиграна.
Биди моја простирка
и покривка.
Биди моја медовина
и ладовина.
Тогаш излези од мракот,
од школката,
од кожурецот,
од некаде,
од никаде,
ако се сетиш
каде си се стуткала,
во кој ќош,
ако се пронајдеш
тогаш кога ќе ти кажам,
некогаш ...
никогаш.


Кон врв
Didi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Summer flower

Регистриран: 14.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 15583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Didi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2009 во 14:26
Povedime na ona mesto
kaj sto se vkrstija nash*te pogledi.
Kaj sto za prv pat go zalaza moeto srce,
kade sto za prv pat te sretnav,
kade sto prv pat me sretna,
kade sto prv pat se pregrnavme.
Povedime tamu,
kade sto se vljubiv vo tebe
tamu kade sto gi ukradov
tvoite pogledi,
tvoite slatki nasmevki,
tvoite prekrasni oci.
Povedime,
na mestoto za koe napishav:
nebroeni pesni
za taa nasha nezaboravna sredba.
Srekata vo tvojot zhivot zavisi od ubavinita na tvoite misli....
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2009 во 19:44
Од навика

Лежам и размислувам...
Со мислите се судирам
Ги разбивам на делчиња
Не сакам да ги составам...
Земам еден лист
Нешто чкртам, пречкртувам
Кршам прсти, се заборавам
Го сакам звукот...ме смирува
И знам да се насмеам
И тогаш кога нема потреба
Гледам напред не се вртам
Од навика не застанувам
Барам нешто далеку
Гледам во хоризонтот
Во една далечина
На еден ист камен
Двапати се сопнувам
Единствено само од навика....


Изменето од Lithium - 15.Март.2009 во 20:15
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2009 во 16:35
со други зборови

не гледај што гледам
не мисли што мислам
не сакај што сакам
оти ќе станеш сам на себе
центар на светот
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2009 во 21:37
ЈАС И ТИШИНАТА

Тишино,
на мојот перон секогаш
згазнуваш како испраќач...
Никако како чекач...
Знаеш дека сум
уморен од себе си,
од селењето во други очи,
од враќањето под дождот...
Тишино...
Акордите на песнава
би биле уште поубави
ако ги испееш ти...
Наместо да му вдовичиш
верно на звукот,
дојди обвиткај ја мојата желба
да блудничам со тебе...
јас инцестуoзно удрениот...
оти и самиот сум тишина...


Изменето од Quentin - 16.Март.2009 во 21:44
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2009 во 21:38
види...види...кој ни дошолголемо%20гушкање
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2009 во 21:41


Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2009 во 00:19
Трошки

Се лутев на шумските птици
дека ги исколваа трошките
со кои ја бележев патеката
до тебе.
Рекоа, не сме ние.
Потоа се лутев на мравките,
додека утката бдејачка не ми шепна,
тој ги собра твоите трошки
за да го обележи својот пат
од тебе.


Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 13:18

Волшебно самоубиство на ветувањата.
Една насмевка умре на циркускиот трапез.
- Ќе живееш - му рече ветрот на перцето од глуварче,
пред да открие ливчиња од роза.
- Ќе те сакам - му рече слепата на слепиот,
...пред да прогледа.
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2009 во 22:34




Непоканет ми доаѓа во мисливе
Без да сакам ми предизвикува немир
Не ми кажува ништо, молчи
Некојпат е дарежлив
Шепоти...

Неочекувано ќе ми го разбранува сонот
Без да сакам тој ќе ме разбуди
И будна го гледам ликот
И слушам сеуште....
Зборови...

Не дека сакал, ама залутал уште еднаш
Знам се изгубил по патот
Тој се губи по стопати
Скршнал накај мене, повторно
И знае дека...не згрешил!!!


Изменето од Lithium - 22.Март.2009 во 22:39
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2009 во 12:20
Предавничка

Скршнав од патот
на радоста
уште во раното детство.

Ме проголта животот
заглавувајќи ме
на неговиот
најостар заб
полека растопувајќи
ме со плунката
погребувајќи ме
во порите на јазикот.

Одвратно и поразително,
војник со скршено копје
на бојно поле
надевајќи се на победа.
Сега надежта
со својата лопата
ја фрла студената земја
врз моето поразено тело...

Предавничка
која ми беше единствена
ѕвезда водилка во животот
на патот до тагата.

Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 13:29
Бесмисленост

Не го гледај
моето лице
удавено во очај,
тоа е само едно
обично платно
каде се исцртува
безживотноста.

Не број ги
моите солзи,
залудно е
да го трошиш
скапоценото време
чекајќи да истечат...

Не, нема крај.

Секоја клетка
ја губи својата вредност
губејќи ја својата смисла
во бесконечноста,
та и мојата фигура
сеедно е дали е тука
или на пат од каде нема назад.

Сакам да заминам.
Не, нема толку голема
сила која ќе ја угаси
оваа желба.
Што е битно каде сум и која сум?
И онака ништо
нема крај ниту знаечење.

Не, нема крај.

Ништо нема смисла.


Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2009 во 02:30
Носталгија

Како мало дете
кое плаче
за својата
мајка која заминува,

или пак заљубениот пар
кој се разделува
на шините кај возот

така и јас
сама без себе
со испиени очи
го гледам
часовникот кој
неуморно го одбројува
секој миг
поминат
во оваа глува одаја
без трошка
од неисцрпната присутност
на лепливиот
допир на нежноста.




Изменето од ekszi88 - 28.Март.2009 во 02:31
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2009 во 01:17


Ме нема, ама таму сум, таму во соништата јас сум реалноста
Јас сум и во ветерот што секогаш те одминува
Малиот блесок во темнината

Ме нема, ама сепак сум таму , таму во морето јас сум само капката
Јас знам да бидам и бранот што надоаѓа
Да се најдам сред бура и пустина

Ме нема, ама јас сеуште сум таму, таму заробена во имагинацијата
Јас не сакам ама знам и дека морам
Да бидам една, но со две лица
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 119120121122123 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.