|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 7273747576 138> |
Автор | |
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ме гледаш со очи
полни со дива страст. Очекувам бакнеж од усни твои слатки. А ти ме грабнуваш одеднаш како ѕвер разјарен. Губам контрола под допирот на канџите твои силни. Усни диви ме гризат оставаат рани слатки. Касаш и гребеш по голо тело кое под твоите допири се опушта,се предава. Ме качуваш на маса миг еден го гледаш пленот кој трепери пред тебе и наеднаш,во лет ми ги шириш нозете за следната секунда да се набиеш диво во мене. Мешавина од нежност и дива желба. Се спија во едно убавицата и ѕверот. Ме параш со себе а јас не се бунам само се претворам полека во ѕверка твоја. Дива и опасна. Нокти ти ријам во плеќи погледи опасни летаат. Движења диви не водат и го будат ѕверот во нас. Изменето од butterflyM55 - 12.Март.2009 во 16:16 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
Didi
Сениор Summer flower Регистриран: 14.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 15583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vleze vo moeto srce,
Taka tivko,tolku neosetno... Vleze i zavladea so mene, vo mislite moi, zarem sakash da se tvoi? Ljubovta na sonishtata, Iskrenosta so nezhnosta! Se ke e tvoe veruvaj mi. Mojot zhivot e tvoj, tvojot ke e moj. Zhiveam so tajna, tajna,shto ja cuvam samo za sebe, tanja deka te sakam samo tebe. Zhiveam vo son, son vo koj sme vljubeni jas i ti, sonuvam vljubeni, po celi dni po celi sni... |
|
Srekata vo tvojot zhivot zavisi od ubavinita na tvoite misli....
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пијам од тебе
капка по капка. Полека се лизгаш ми го гориш ждрелото јазикот ми трпне, градите набрекнуваат, стомакот се грчи, нозете не ме слушаат. Чувствувам... пловиш полека по вените мои. Слабост ме обзема. Се губам во транс. Отров ли си? Дрога ли си? Ме опиваш силно. Ме допираш цврсто. Ме убиваш нежно. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Eve ti gi!...Poveli! Ne mi ni trebaat veke prokletite krila, mislev angelçe bev, a ustvari ne sum bila! Samo sum senka na zidot, Koja ja osvetluva ponekogas na meseçinata zrakot, I tancuva sama i tazna vo mrakot. Ne,…..Si vetuvam deka nema da plaçam….. Zosto i solzi veke nema I nasmevka i dusata, Taka na podmuklo mi ja zema. Zemi ,nosi,slobodno, Çim mislis deka treba! No se nadevam deka nekoj nad nas gleda. Pa ke vidime koj posleden ke se smee, Moze ke se zavrtat rabotite, Pa i mene sonceto ke me gree!!! |
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто си ладен?
Се правиш недопирлив, силен,неповредлив... А всушност си мало срце. Само зборот мој те пали во ноќта. Само еден допир мој и ти си мало маче кое чека галење. Еден бакнеж сочен и ти се топиш како сладолед во уста. Допри ме! Земи ме! Ќе те запалам со тело. Ќе те милувам со раце. Ќе те стопам со љубов. Изменето од kejt-d-grejt - 13.Март.2009 во 12:38 |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРЕКОВУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО
Ноќта ги вознемирува мирисите во мене - моите мириси собрани во шишенца од лузни што залек немаат. Мртвиот господар на вистината воскренува, кога најмалку сакам да воскресне, од засирената крв на обезглавените јанѕи... Ти ме прашуваш за зракот светлина од која го ковев ликот на твојата болка пред да сфатам дека ја измисливме од немајкаде. Ноќта ги вознемирува мирисите во мене, обезглавени јанѕи ми се повампируваат во коските - ковачот од немајкаде го прековува времето... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ме прашуваш за мислите
видливи на моето лице ме прашуваш колкави се чувствата кон тебе се сомневаш за верување секогаш не сум велиш, а јас само се обидувам времето да го замрзнам никаде да не оди без мене и тебе, а тешко е многу моќен да се биде додека времето за ракав го тегнам од наумот негов да го одвратам да се сврти и да ме погледне бар еднаш да ме разбере и на моето лице само очи вжарени да светнат вперени кон тебе залепени. |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се викам Заборав
девици распуштеници домаќинки ајдарки слугинки и господарки ти трчаат во пресрет со раце раширени насмевки нацрвени и бедра настрвени. ќе загинеш слатко со нечие име на усни. јас сум сите тие и ниедна. |
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
.....Gledas…..istostena e taa zemja ….siva , bleda ,monotona….mozebi i ne vredi da se frli niedna semka vo pepelta, so nadez deka bi mozela da izrti i da se izvie vo prekrasna crvena roza…. Zedna e, zedna za topol leten dozd, topli kapki da ja natopat….nezno pagajki, i kako biseri da se trkalaat i obvitkuvaat vo pepelta za da potoa se pretvorat vo poroen dozd ,koj bi ja prekril celata…..odamna nema zavrnato….. godini , decenii, vekovi….a bese, bese rajska gradina obrasnata so najrazliçni bilki koi mozes samo da gi zamislis , prosarana so najubavite cvetovi koi gi imaa ukradeno boite na vinozitoto ,koe sramezlivo se protegase niz celata nea, vrz nejzinite oblini i potoci…..letot i pesnite na pticite ja ozivuvaa…..a sega?……susa, dolga, maçna, beskonecna,….siviloto gi izumre site boi ostana samo toa i tisinata, koi ja obvivaa celata nea, nejzinite oblini i presuseni potoci….i ostana samo edna mala nokna ptica koja odvreme navreme ja nadletuva….tivko….bezçujno vo nokta….pomisluvas…..ima nadez..... Изменето од marija1000 - 13.Март.2009 во 23:34 |
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А да заспијам
меѓу твоите гради а да заспијам врз тебе без да посакаш нешто друго без да посакам нешто друго можно ли е ? Ако ме прашуваш мене само после не пред, од влажни моменти во сон да потонам можно е меѓу твоите гради дур ме галиш дур ми шепкаш колку ти значам јас дур те гледам отворено па полека затворено пред да заспијам меѓу твоите гради. |
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
.......Maestro
|
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што ако те сакам
кога најповеќе сум сам што ако те сакам кога повремено ми велиш од патот да ти се тргнам да не те кочам да бидеш слободна онака како сакаш. Ќе ти се тргнам ќе ме снема но веќе не ме барај тогаш кога сите спијат еден сум со ниеден друг не сум патот мој чист е кон јасност тежнеам во именик ме нема не сум еден од многуте меѓу нив не барај ме ма не барај ме веќе воопшто ме нема. Изменето од zbunet - 15.Март.2009 во 16:31 |
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога погледнувам наназад
лицето ми менува бои, душата ми се стега, погледот ми се мати, и само една грутка голема ми притиска гради. Филмот се врти,се враќа лентата е веке излитена,стара нема ништо убаво таму достојно за гледање. За последен пат ја пуштам и ја гледам нејзината содржина. Нема да запомнам ни еден миг, ниту еден кадар од тој филм. Само ќе ја прелистам лентата за последен пат. И ќе ја уништам засекогаш, како и да не била. Како да не постоела. Изменето од butterflyM55 - 14.Март.2009 во 19:02 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колку сакам да не сум
а тоа сум. Колку сакам да сменам а неможам. Колку сакам да останам а се губам. Колку сакам да те допрам а недопирлив си. Колку сакам да те бакнам а усни нема. Колку сакам да заспијам а несоница ме прати. Колку само те сакам а те немам. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
Внеси реплика | страница <1 7273747576 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |