IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Бугарска пропаганда
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бугарска пропаганда

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112>
Автор
Порака
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2007 во 10:47
Историјата не треба да се претвора во политика

Повеќето бугарски медиуми пишуваат позитивно за Македонија, додека кај вас е обратно, вели вториот човек на бугарската дипломатија
ТАМАРА ГРНЧАРОСКА

Што се промени во Бугарија и во која насока по приемот на земјата во НАТО, а пред се' во ЕУ?

- Промените во Бугарија се во позитивна насока, затоа што Бугарија стана дел од една голема заедница. Второ, од гледна точка на сосема конкретните чекори, членството во ЕУ, и во политичките и во економските односи, создаде можности за контакти меѓу луѓето. И од секаква друга гледна точка, Бугарија добива.

Кои се искуствата на Бугарија во евроинтеграцискиот процес кои може да и' бидат пренесени на Македонија и дали е нешто направено на тој план?

- Да, многу конкретно. Бугарија политички ја поддржува евроатлантската интеграција на сите држави од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, и има потпишано Меморандум за соработка за евроатлантска и европска интеграција со сите земји од регионот. Тоа е на политички план. Инаку, ние работиме и многу конкретно и практично со знаењата и искуствата на експертите што учествуваа во преговорите. Ние сме подготвени и натаму да помагаме.

Како ќе ги оцените бугарско-македонските односи во моментот?

- Оцената е заедничка и таа беше споделена и за време на официјалната посета на премиерот Никола Груевски на Бугарија, дека односите се развиваат позитивно и дека има добра основа за нивни натамошен развој. Ние разговаравме тогаш и за економската соработка и за развојот на проекти како што е Коридорот 8, за размена на луѓе и, се разбира, за натамошно зацврстување на добрососедските односи кои се исклучително важен елемент во односите на двете држави.

Бугарските медиуми постојано тврдат дека во Македонија се објавуваат антибугарски текстови. Го делите ли Вие тоа мислење?

- Тоа е исклучително важно прашање присутно во меѓусебните односи на двете држави. Во 1999 година е потпишана декларација меѓу премиерите на двете држави со која двете влади категорично се обврзуваат за тоа да работат против негативната пропаганда во своите земји. Ние сметаме дека тоа е одговорност на двете влади. За тоа беше разговарано и на средбата, да се вложат напори во таа насока за позитивно да се развиваат односите. Сметаме дека во таа сфера треба да се направи уште многу. Ние сметаме дека во македонските медиуми Бугарија не е претставена доволно балансирано. За жал, во македонските медиуми негативните материјали спрема Бугарија се значително побројни.

Неодамна во Кавадарци Божидар Димитров, директор на Националниот историски музеј на Бугарија и советник на бугарскиот претседател Георги Прванов, промовираше две книги со антимакедонска содржина. Дали со вакви постапки на бугарски високи претставници можат да се релаксираат односите меѓу двете земји?

- Прво, треба да кажам дека ангажирањето на претседателската институција околу тоа прашање нема никаква релевантност. Божидар Димитров е научник и директор на бугарскиот Национален музеј и ние сметаме дека прашањата за историјата меѓу двете држави треба да останат на историчарите. Тие треба да бидат разгледувани меѓу историчарите. Прашањето на историјата не треба да се претвора во политика, односно историјата не треба да влијае на сегашните односи.

Дали бугарската влада има увид во ваквите провокации, бидејќи тоа влијае на односите, и ако се промовира такво нешто во Македонија, нормално е да предизвика негативни реакции кај македонската јавност?

- Нормално, тоа што бугарската држава се обидува да им го каже на бугарските медиуми е дека ние сакаме да имаме добри односи со соседите, и со Македонија. Најголемиот број од бугарските медиуми имаат позитивен однос во насока на меѓудржавните односи.

Колку историјата ги обременува односите меѓу двете држави и нации?

- Историјата треба да им биде оставена на историчарите, на научниците, тоа е нивно поле на дејствување, а двете држави треба да ја заложат својата политика за позитивен развој на своите односи. Историјата не треба да се меша во политиката.

Што треба да направат двете страни за да ги остават зад себе таквите прашања и позиции?

- Треба да постои одговорен однос од страна на двете влади во исполнување на тоа што го договориле. И второ, многу висок степен на одговорност на општеството како целина и на медиумите.

До кога Бугарија ќе се спротивставува на признавањето на регистрацијата на партијата на Македонците ОМО „Илинден“ - ПИРИН и покрај одлуката на Судот во Стразбур?

- Секоја бугарска политичка партија што ги испочитувала условите на законот може да биде регистрирана, и тоа не е прашање на државата, тоа е прашање и правила на судскиот систем, правила за регистрација на политичките партии во Бугарија. Во таа смисла нема никакво значење која е партијата што се регистрира ако ги исполнува условите од законот.

Стразбур смета дека Бугарија треба да ја регистрира партијата на Македонците, бидејќи се исполнети сите услови?

- Решението на Стразбур е со малку поинаква содржина. Таму пишува дека на таа партија треба да и' се даде можност да се регистрира ако ги исполни условите на бугарското законодавство. И точно така, ако таа партија сака да се регистрира, тоа треба да го направи.

Во Македонија се смета дека Бугарија не ја регистрира партијата поради тоа што не го признава македонското малцинство во Бугарија и македонската нација, воопшто.

- Тоа се две апсолутно неповрзани прашања. Знаете дека Бугарија беше првата што ја призна Македонија како држава и од таа гледна точка Бугарија има целосен интерес да развива нормални односи со неа и да има како сосед една навистина стабилна европски ориентирана и прогресивна Македонија.

Ве прашуваме за признавање на нација, а не за признавање на држава...

- Филозофијата на бугарскиот Устав се заснова на универзални права на граѓани, независно од нивната религиска и национална припадност. Сите тие имаат еднакви права. Бугарскиот устав во својата суштина не се занимава со поимот националност и малцинство.

Постои ли начин Бугарија да го олесни визниот режим за македонските граѓани? Неофицијално, за виза се чека и по неколку недели, дури и месеци.

- Бугарија го воведе визниот режим во последен момент, на 1 јануари 2007 година. Потоа ги воведе бесплатните визи за македонските и за српските граѓани. Бугарија се труди максимално да применува многу либерален режим, кој е полиберален од гледна точка на стандардите на Европската унија. Се стремиме да го олесниме добивањето визи за определени категории граѓани, за дејци од културата, за бизнис-елитата. Од друга страна, се трудиме да издаваме повеќекратни влезни визи и со сите тие мерки постепено би требало да се регулира и чекањето пред амбасадите. Тоа што не можеме да го направиме е да ги одминеме барањата на Европската унија од гледна точка на нашите подготовки за шенген-зоната.

Откако Бугарија влезе во ЕУ, се зголеми бројот на македонски граѓани што бараа бугарски пасош. Колку е тоа реална слика за потреба од бугарски пасош за влез во ЕУ или реална бројка на луѓе во Македонија кои се чувствуваат како Бугари?

- Многу е тешко да се каже, да се коментира, мотивацијата на граѓаните што поднесуваат молба за добивање бугарско државјанство. Сигурно има и такви граѓани на кои им е тоа примамливо од гледна точка на членството на Бугарија во Европската унија. Не би рекол дека бројот се зголемува последните години. Присутна е една постојана тенденција, бројка од неколку илјади граѓани од Македонија, но и од други држави, кои поднесуваат барање. Но, само мал број од нив добиваат државјанство. Треба да се признае дека процедурата е многу тешка, барањата и критериумите се многу високи, и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Молдова, Украина, каде што, исто така, има голема бугарска дијаспора.
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2007 во 21:45
Originally posted by m__g__ m__g__ напиша:

айде да продолжиме в История в 100 % Турко мунголи или како беше темава непомня




Во историјата на Македонскиот народ не постојат словени, нити словенско потекло.
Античко е потеклото на македонскиот народ. Запомнетего тоа еднаш за секогаш.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Калпазан Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Јуни.2006
Локација: Slovenia
Статус: Офлајн
Поени: 466
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Калпазан Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 09:11
Toa govno treba da se protera od Makedonija i da se proglasi za persona non grata.
Kako i pederot Kalfin i negoviot mentor, car na nepostoecka monarhija!
 
Македонија - Моја Дежела
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2008 во 14:13
Bravo Makedonijo, bravo Kavadarchani.
Za sitni pari se prodadovte.
Aferim.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 23:10

„Во Бугарија има се, само Бугари не, па ги бараат надвор“

  
 

Пред претстојните пописи и избори во Косово и Албанија, Бугарија се поактивно бара Бугари меѓу гораните во Гора и Голо Брдо, каде отвори канцеларии за издавање на бугарско државјанство.

„Бугарската влада го помага барањето на Бугарија во Косово, во Албанија, дури испраќаат комесари по посебни територии, отвораат канцеларии, како што во Речане е отворена бугарска канцеларија за пасоши“, изјави Исмаил Бојда, горанец од Гора, Косово.

Бугарската дипломатија ја спонзорираше промоцијата на документарниот филм „Голо Брдо - непознатите Бугари“ од Веселка Тончева во Виена, каде на 30 март ќе се одржи промоција и на книгата на бугарската новинарка Тања Мангалакова со наслов „Нашинците во Косово и Албанија“.

Во книгата која ќе има промоција во април во Скопје и Охрид, се наведува дека гораните во Косово и Албанија имаат криза на идентитетот поради што наводно се декларираат како Македонци и Бошњаци наместо како Бугари.

„Јас лично по обиколката на 19 села во Призренска Гора и 9 села во Кукеска Гора сметам дека тоа е едно културно пространство на Бугарија, по своите обичаи, менталитет и најмногу по дијалектот кој што го зборуваат луѓето, а кој се учи дома и се предава од колено на колено“, изјава Тања Мангалакова.

 

„Во Бугарија има сè, само Бугари нема, па сега тие надвор од нивната територија ги бараат Бугарите, можат да ги побараат и на Сицилија и на Корзика. По националност ние сме си Македонци и во Гора и во Западна Македонија и во Голо Брдо и во Гора во Албанија“, изјави Исмаил Бојда.

За Македонците во Албанија и Косово ова е обид бугарската влада да докаже дека во овие две земји нема Македонци, туку Бугари, за да го реши својот проблем со непризнавањето на македонското малцинство во Бугарија.

Македонски дипломати пак признаваат дека знаат за дипломатската офанзива на Бугарија, но дека се немоќни да ја сопрат.

Гораните кои минатата година регистрираа македонско-горанска заедница на Косово и сега бараат да влезат во косовскиот устав како малцинство, велат дека македонската држава може барем да помогне за опремување на канцеларијата на македонската заедница во Гора со телефон, компјутер и факс.

....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 23:16

vo posledno vreme i bugarite pocnaa so "alla grcka" propaganda ... pred nekoja godina eden bugarski funkcioner izleze so izjava deka vo Allbanija ziveat okollu 100000 bugari i deka tie 100000 bugari ziveat vo reonot okollu Korca i deka imaat edna opstina koja se vika Pustec ... kolku sto site znaeme vo Pustec lugjeto sekogas se vikalle makedonci ... sigurno i za niv ke kazaat deka imaat kriza na identitet ...

....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2009 во 03:39
Пацифист, еве ја темата за бугарска пропаганда.
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 146
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да   бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2009 во 09:55

NOVINAR.NET – ВЕЧЕ И НА МАКЕДОНСКИ



С две думи от 16-ти март 2009 г. сайтът NOVINAR.NET ще стане двуезичен. Това е част от рекламната стратегия на Новинар Медия АД, свързана с популяризирането и разширяването на аудиторията на сайта в условията на тежка финансова криза.
задоволство
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2009 во 10:47
Originally posted by anastea anastea напиша:

Пацифист, еве ја темата за бугарска пропаганда.
ne sum znael za ovaa tema ...
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2009 во 18:10
sega me interesira
pri glasanje za IZVESTAJOT ZA MAKEDONIJA VO EVROPSKIOT PARLAMENT
OD TIE 92 SO BEJA PROTIV NAS
KOLKU BEA GRCI A KOLKU BUGARI

VEKJE CITAM VO BUGARSKITE VESNICI KAKO PLANIRAAT DA NI GO ZACUKAT
KO PO OBICAJ, PA SE CUDAT SO NE GI SAKAME
ABE VE SAKAME
NO NA KUP VO CERNOTO MORE NA DNO SE RAZBIRA


SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2009 во 18:34
Нищо чудно.
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2009 во 11:56
Originally posted by anakin anakin напиша:

sega me interesira
pri glasanje za IZVESTAJOT ZA MAKEDONIJA VO EVROPSKIOT PARLAMENT
OD TIE 92 SO BEJA PROTIV NAS
KOLKU BEA GRCI A KOLKU BUGARI

VEKJE CITAM VO BUGARSKITE VESNICI KAKO PLANIRAAT DA NI GO ZACUKAT
KO PO OBICAJ, PA SE CUDAT SO NE GI SAKAME
ABE VE SAKAME
NO NA KUP VO CERNOTO MORE NA DNO SE RAZBIRA


 
Eve gi znacite намигнување
 
Бугарска провокација за македонските поети
 

 
Кон врв
chuchuliga Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај chuchuliga Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2009 во 13:14
Бугаринот Милен Радев, кој живее во Берлин и како официјален преведувач ги придружуваше највисоките македонски државни претставници што доаѓаа на политички разговори во германската престолнина...
 (цитатов е од линкот во претходниот пост)
 
Добро, немаме ние македонски преведувачи, па ангажираме бугарин да врши таква висока дејност на највисоко државно ниво? И ни се случува вакво нешто? Ваква невидена СРАМОТА????Или некој тоа смислено го прави? Вакви работи од кожа ме вадатлутиналутиналутина
 
Дали некој знае кој е одговорен да назначува преведувачи за македонски во странски земји? Претпоставувам дека
или делегацијата од МК сама носи преведувач
или е некој ангажиран од нашата амбасада во конкретната земја.
Ако овој човек живее во берлин, веројатно е од нашата амбасада ангажиран. Значи? Кој треба за ова на сноси одговорност? И тоа веднаш?


Изменето од chuchuliga - 14.Март.2009 во 13:20
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 146
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да   бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2009 во 13:21
Originally posted by chuchuliga chuchuliga напиша:

Бугаринот Милен Радев, кој живее во Берлин и како официјален преведувач ги придружуваше највисоките македонски државни претставници што доаѓаа на политички разговори во германската престолнина...
 (цитатов е од линкот во претходниот пост)
 
Добро, немаме ние македонски преведувачи, па ангажираме бугарин да врши таква висока дејност на највисоко државно ниво? И ни се случува вакво нешто? Ваква невидена СРАМОТА????Или некој тоа смислено го прави? Вакви работи од кожа ме вадатлутиналутиналутина
 
Дали некој знае кој е одговорен да назначува преведувачи за македонски во странски земји? Претпоставувам дека
или делегацијата од МК сама носи преведувач
или е некој ангажиран од нашата амбасада во конкретната земја.
Ако овој човек живее во берлин, веројатно е од нашата амбасада ангажиран. Значи? Кој треба за ова на сноси одговорност? И тоа веднаш?



пишува дека си е македонче
...
Милен Радев живее во Берлин, а неговиот татко по потекло е од Западна Македонија. Тој досега редовно беше ангажиран како официјален преведувач и ги придружуваше највисоките македонски државни претставници што доаѓаа на политички разговори во германската престолнина. Или, со други зборови, лебот го вадеше од држава и народ кои, според него, се измислени!


Изменето од да бе - 14.Март.2009 во 13:22
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.