IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ настани, вести и актуелности
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ настани, вести и актуелности

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3536373839 173>
Автор
Порака
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2009 во 12:29
Originally posted by да бе да бе напиша:

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E84332B313F04145B251300928399B19

много здравие на слушателитеголема%20насмевка
 
Fala ti na ubavite chestitki, ama veke nie si "chestitavme". голема%20насмевка
 
 
 
 
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2009 во 12:34
не коментирам билитерални прашания освен ако не сум страна

ако мислиш дека е трилитерално мое и да коментирам
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2009 во 09:07
НА ПОЛУФИНАЛЕТО ОД „БЕОВИЗИЈА“

„Некст тајм“ во Белград како пејачи од ПЈРМ

Македонските евровизиски избраници, „Некст тајм“ во саботата настапија во ревијалниот дел во полуфиналното издание на српскиот Избор на песна за Евровизија, но од страна на организаторот беа претставени како пејачи од ПЈР Македонија. Сепак, тие со победничката нумера „Нешто што ќе остане“ се претставија во најдобро светло, а по изведбата на македонската народна песна „Јовано, Јованке“, која и ја посветија на водителката на вечерта, Јована Јанковиќ, беа поздравени со бурен аплауз и овации. Во ревијалниот дел од полуфиналето на „Беовизија“ беа доделени и награди за најдобрите изведувачи од претходната година. За пејач на годината беше прогласен Жељко Самарџиќ, наградата за најдобар спот ја доби Ана Станиќ, за песната „Више ниси мој“, а ѕвезда на годината е Наташа Беквалац.

 
 
Ja smenuvaat li Srbite politikata kon Makedonija ili vsushnost samo se vrakaat na istoriskata? збунетост 
 
 
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2009 во 09:29
А1 и Велија емитуваат бугарска пропаганда
 
Велија Рамковски има низок деловен морал што се гледа од неговата серија големи долгови. Но, дали долговите на Велија ќе ги плати некој трет, откако Велија и А1 ќе ја завршат работата што на третиот му треба. А1 емитува ТВ шоу Идол - бугарска продукција во соработка со А1, на кое јасно и гласно учесници изјавуваат: Македонците се Бугари, поделени во две држави и во Македонија живее бугарски народ. А1 ова го емитува и премиерно, а во неделата и репризно. За ова А1 заработи приватна кривична пријава и тужба за дело по етничка основа . Ова е логичен редослед откако пред три недели А1 ја искара Владата зошто поставувала знамиња во Скопје
 
Црногорец и Бугарка кои повеќе од деветнаесет години живеат и заработуваат во Македонија, јавно го негираа постоењето на македонскиот народ. Приватната македонска телевизија А1 дозволи дуото Лили & Меланж јавно да декларира дека македонскиот и бугарскиот јазик се едно исто и дека Македонците и Бугарите се еден народ во две држави. На аудицијата на бугарскиот идол, на кој од се уште непознати причини му се дозволи да прави аудиции и во Скопје, учествуваше ќерката на Марјан Кликовац, Црногорец кој долги години живее во Македонија и неговата сопруга, Бугарката Лили. Двајцата, како што себеси се декларираат, естрадни уметници. Пред настапот на нивната ќерка, Лили изјавува дека немала проблеми со јазикот, бидејќи и онака бил ист со бугарскиот. Нејзиниот сопруг, Црногорец, поголем Бугарин и од Тодор Живков, само ја потврди нивната теза дека Македонците и Бугарите се еден народ во две држави. Ова А1 го емитуваше без никаков проблем во ударен термин, во 21 часот. Бугарите емисијата ја завршија со заклучокот дека и покрај најавите во Скопје поминале без никакви негодувања и протести. На сајтот на А1 телевизија стои дека шоуто го подготвува бугарската БТВ во соработка со А1.
 
Prochitajte gi SITE gluposti na Velija Mafija ovde;
 
 
Ushte li ovoj ne e vo zatvor? збунетост
 
 
Кон врв
chuchuliga Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај chuchuliga Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2009 во 12:38
Ова е текст од Дневник (за кој ДаБе вчера стави линк, а сега истиот веќе не функционира), а никој не го прокоментира.
Вакво нешто не смее да помине без коментар бидејки е показател во кој правец се „развива“ Македонија:

Ќе не' прислушуваат секаде и во секое време

Со новиот закон, „бубачки“ ќе се поставуваат дома, во канцеларија, во автомобил, а за да прислушува, на полицијата и' е доволно да се посомнева во некого


Новиот закон за кривична постапка, донесе нови грижи за борците за човекови права

Драстично ќе се зголемат овластувањата на полицијата и на обвинителите со новиот Закон за кривичната постапка, кој е во изработка. Но, поголем проблем може да биде ефикасната контрола на тие институции, особено во врска со посебните истражни мерки. Меѓу нив, како најпроблематични и погубни за човековите права се посочуваат прислушувањето на комуникациите и поставувањето прислушни уреди во приватни простории и во возила.

Новиот ЗКП предвидува сосема изменет систем на водење на кривичната постапка, почнувајќи од апсењата до завршувањето на судењата, за да имаме поефикасен, побрз и поекономичен систем на постапување со кривични дела. Главниот збор ќе го имаат обвинителите под чија „палка“ ќе работи и полицијата без можност, како што беше досега, да ги ескивира барањата што доаѓаат од обвинителството. МВР добива нов шеф - обвинителот.

ГОЛЕМИ ЗЛОУПОТРЕБИ

Во летото 2008 година на мала собраниска врата, без присуство на опозицијата, беа протуркани измените на Законот за следење на комуникациите со кои се воведе можноста полицијата да прислушува дури и ако само се посомнева дека некој сака да стори кривично дело. Се зголеми и листата со дела, па сега некој може да биде прислушуван само ако бил пријавен дека „барал“ поткуп за некаква услуга, значи без да има основано сомневање.

Борците за заштитата на правата на граѓаните се побунија дека со ваквата широка примена на прислушувањето најпогодени ќе бидат граѓаните и предупредија дека може да се очекуваат големи злоупотреби. Сепак, на јавната расправа за новиот закон за кривична постапка (ЗКП), која се одржа минатата недела во Охрид, никој од судиите и обвинителите, кои утре ќе треба да бараат и даваат налози за прислушување, не ги проблематизира разликите во ЗКП и во Законот за следење на комуникациите.

- Кога веќе полицијата добива поголеми овластувања, мора да се најдат механизми за нејзина ефикасна контрола. Мора да се најде начин како на обвинителите да им се засилат гаранциите за нивната независност и непристрастност бидејќи нивната улога не е само да гонат криминал, туку и да ги штитат човековите права. Реформата на ЗКП е најголемата и најзначајната реформа на правниот систем бидејќи тој е Устав за човековите права и слободи. Решенијата што се нудат треба да го поминат тестот на демократската правна држава од аспект на можноста за нивна злоупотреба и за санкционирање на таквите злоупотреби - рече Владо Камбовски, професор на Правниот факултет во Скопје.

МИНИМУМ КОНТРОЛА

Богданчо Гогов, професор на Полициската академија, вели дека при прислушувањето мора да има рамнотежа меѓу интересите на државата и на индивидуата за да се ограничи нарушувањето на уставно гарантираното право на приватност и семеен живот. Според него, поголемо нарушување на приватноста е кога се поставуваат прислушни уреди во домови и други приватни простории и во автомобили, отколку при тајно слушање на нечии комуникации.

- Во сегашната верзија на ЗКП се предвидува такви мерки да може да се применуваат за дела казниви над 10 години затвор, ако постои основано сомневање дека се извршени од организирана група, банда или друго злосторничко здружение. Значи за тешки кривични дела. Тие ќе може да се изречат ако постои соновано сомневање дека некој веќе презел одредени дејства или веќе го извршил делото. Барањето за прислушување го дава обвинителот, а налогот го потпишува судија - објаснува Гогов.

Правни и експерти за заштита на човекови права тврдат дека засилувањето на борбата против тероризмот, организираниот криминал и корупцијата во светот, а особено состојбата во САД и во Велика Британија по терористичките напади, кај нас беа искористени за да им се овозможи на полицијата и безбедносните служби легално да упаѓаат во приватноста на граѓаните кога ќе им се посака. Тие велат дека човековите права во Македонија доживуваат ерозија, особено ако се има предвид фактот што, како што велат, нема сила во државата (тоа не го може ни надлежната собраниската Комисија за надзор над работата на ДБК и Агенцијата за разузнавање), која може да влезе во Петтата управа во ДБК и да добие податоци за бројот на прислушуваните, за делата за кои се користи оваа специјална истражна мерка, за колку прислушувања има одобрение од истражен судија, дали имало злоупотреби и слично.

Моника Маковеј, советничка на премиерот за борба против корупцијата и поранешна министерка за правда на Романија, која е и иницијатор за озаконување на ваквите ригорозни мерки, прислушувањето е неопходно и при најпростиот облик на корупцијата - примање и давање мито и дека тоа е практика во многу европски држави.

Обвинителот - шеф на истрагата

Јавниот обвинител целосно ќе ја преземе истрагата за кривичните дела во сите фази од постапката, а истражните судии ќе станат судии за претходна постапка со задача да се грижат за правата и заштитата на осомничените и обвинетите. Ова е една од клучните новини во нацрт верзијата за измена и дополнување на Законот за кривична постапка, кој ќе претрпи измени во 80 отсто од содржината и со него казнено-правниот систем целосно се менува.

Наспроти првичните брзања, тој да биде што побргу донесен, професорите на Правниот факултет во Скопје, Владо Камбовски, Гордан Калајџиев и Гордана Бужаровска, со помош на ОБСЕ и на Фондацијата „Отворено општество“, успеале да добијат поддршка од Министерството за правда процесот на негово донесување да се забави. Измените на кривично-правниот систем други држави го прават и по 20 години.Со измените се предвидува воведување правосудна полиција, која постојано ќе му биде на располагање на обвинителот, кој ќе биде неприкосновен шеф на истрагата.

(Н.Н.С.)

 
 
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2009 во 12:43
poleka no sigurno ideme kon diktatura ...
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2009 во 13:17
Pa toa e normalno za sekoja zemja, pa i nashata! Toa e del od "razvienoto opshtestvo"! Samo shto mnogu zemji odluchuvaat javno da ne kazhuvaat, shto vo nashiov sluchaj NE e taka i e ushte eden pokazatel poveke deka SME DEMOKRATSKA ZEMJA! намигнување
 
 
 
Кон врв
oon Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 397
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2009 во 18:32
Гладот ќе предизвика светска војна


Гладот ќе предизвика светска војна
Гневот предизвикан од кризата е добра подлога за револуционерна закана за демократијата, а загрозените држави стануваат воинствени кон соседите и се извор на конфликти и војни, предупредува „Фајненшл тајмс“
Гладот и гневот на луѓето предизвикани од светската криза се добра подлога за револуција и закана за демократијата, а загрозените држави стануваат воинствени кон соседите и се извор на конфликти и војни. Ова го предупредува весникот „Фајненшл тајмс“ во текстот во пресрет на самитот на групата Г-20, што ќе се одржи на почетокот на идниот месец во Лондон.

„Големиот пад во светската економија е најголемото зло за кое се' уште никој и не знае каква и колкава ќе биде цената што ќе мора да се плати“, пишува лондонскиот весник.Според „Фајненшл тајмс“, депресијата никому не му е потребна, исто како и растот на сиромаштијата која е сериозна закана за стабилноста на демократијата во светот.Револуциите обично почнуваат поради гладот и гневот на луѓето, а државите што се наоѓаат во длабока стагнација, стануваат воинствени кон своите соседи и не ретко почнуваат конфликт. Сето тоа ја наметнува неопходноста од брза обнова на стопанскиот раст, што самитот на Г-20 треба да ја има како своја прва задача.

Ако кризата се прошири на земјите од Источна Европа, Азија и Јужна Америка, светската рецесија ќе навлезе во нова и уште потешка фаза, поради што сите учесници на Г-20 на претстојниот самит мора да настапат обединети, забележува весникот и сугерира засега да се остават настрана големите теми, како што е изгледот на светската економија.Тоа прашање може да се одложи се' додека не се обезбеди иднината на процесот на глобализацијата, па затоа е потребно целата енергија сега да се употреби за запирање на рецесијата, смета весникот.Од рецесијата може да настрадаат и цели држави, па затоа лидерите на најразвиените светски економии што ќе учествуваат на самит на Г-20, да се согласат за да се стимулира потрошувачката која сега незапирливо опаѓа, предупредува „Фајненшл тајмс“.Весникот им забележува на некои земји, како што се Германија и Јапонија, кои иако се во можност, не работат доволно на тоа прашање. На самитот на групата Г-20, што ќе се одржи на почетокот од идниот месец, треба да биде постигнат договор за да се совлада глобалната рецесија.

„Фајненшл тајмс“ пишува дека втората работа за која самитот треба да се договори е преземањето одговорност од страна на секоја земја за средување на нејзиниот финансиски систем и за тоа дали во исто време и нејзиниот банкарски систем е соодветно искористен. Конечно, вели „Фајненшл тајмс“, секоја земја одделно ќе треба да издвои повеќе пари за фондовите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).Групата Г-20 ја сочинуваат министрите за финансии и гувернерите на централните банки на 19 држави: Аргентина, Австралија, Бразил, Велика Британија, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Канада, Кина, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Соединетите Американски Држави, Турција и Франција, плус Европската Унија, која е претставена од ротатирачкото претседателство и Европската центарална банка.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=72...661EF0D8557146

Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2009 во 22:07
со оглед на тоа дека Рузвелт ја внесе Америка во војна ветувајќи излез од тогашната криза, сигурно ќе има нова војна газење%20од%20смеење
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 10:45
E pa da sekogash koga ke gi potroshat ukradenite pari i bogatstvo im treba NOVA vojna za da mozhat da ispokradat za narednite 100 godini. голема%20насмевка
 
 
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2009 во 17:07

Човек на ВМРО-ДПМНЕ го украл автомобилот на Трајковски?

 

Еден од осомничените кој го украле и демолирале автомобилот на Мојсеј Трајковски е човек на ВМРО-ДПМНЕ.

Како доказ за ова градоначалникот на Струмица Зоран Заев, денеска приложи фотографија на која министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска е фотографирана со осомниченото момче.

Фотографијата била направена лани на завршниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

„Министерке Јанкуловска, ова ли е причината поради која одолговлекувавте со процесот? Момчето до вас на оваа фотографија е полнолетното лице Ф.Т. кој е еден од петемина осомничени“, рече Зоран Заев кандидат за градоначалник на Струмица.

„Ќе ја повикате ли на информативен разговор госпоѓа Силвана Бонева, можеби таа има нешто да ви каже за мотивите“, додаде Заев.

Заев го праша и Мојсеј Трајковски дали дваесет и две годишното момче личело на удбаш или косовец. Трајковски денеска не беше достапен за одговор.

Според Заев, семејството на момчето добило социјален стан во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а Силвана Бонева му наредила на началникот на струмичката полиција да заташка друго дело на истото момче.

Бонева денеска не реагираше, а без реакција остана и министерката Јанкуловска. Скоро една недела откако беше украдено и демолирано возилото на Мојсеј Трајковски, траат препукувањата меѓу Бонева и Заев.

Полицијата уапси петмина деликвенти од Струмица. Истражниот судија за А1 потврди дека сите, освен полнолетниот Ф.Т., се во 30 дневен притвор.

....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2009 во 17:09
bas ubava slika ...
Mrs. Gordana Jankullovska with two guys ... so sexy ...
sigurno i za ova e kriv branko ...


Изменето од Pacifist - 12.Март.2009 во 17:10
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2009 во 17:19
sigurno...
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2009 во 01:54
Во политичките и научни кругови се’ почесто се зборува за потребата од донесување Закон за рехабилитација на политички прогонувани и репресирани лица, а има најави (Стојан Андов) дека веќе се работи на проектот. Според Андов, се работи на закон со кој би се рехабилитирале сите лица за кои има докази дека биле жртви на монтирани судски процеси, потоа би следувала национализацијата и други неправди (меѓу нив и неправди сторени кон Албанците и Турците).
Согласни се и историчарите дека неправдите од минатото направени кон Македонски револуционерни, политички, културни и историски личности конечно треба да се исправат, и да се расчисти со историските табуа кои ја оптоваруваат државата.
Но, како што е и поставено прашањето во написот кој следи, дали Македонија, десетици децении подоцна, е подготвена да расчисти со премолчениот дел од својата историја?
Дали политиката овојпат ќе остане на страна и ќе им ја остави историјата на историчарите?
----------------------------------------------------------------------------------------

Политиката удри црни печати врз илјадници личности од историјата, револуционерни и културни дејци од илинденскиот период, од периодот меѓу двете светски војни, но и по Втората светска војна. Стигмата врз нивните семејства се протега до денес, предрасудите се влечат низ историските читанки, а партиите ги валкаат нивните имиња во изборната кампања.Такво беше на пример обвинувањето дека актерот Петар Арсовски своевремено го кодошел својот колега Ристо Шишков.Македонија ќе мора да ги откопа гробовите на репресираните за идејата за македонска самостојност, препорачуваат дел историчари што ги проучуваат и полека ги отвораат табу-темите во историографијата.

Се отвора кошмарна историска и политичка дилема - дали Македонија, десетици децении подоцна, е подготвена да расчисти со премолчениот дел од својата историја.

Општа констатација е дека не сме начисто со многу контроверзни личности. Обично оцените за одредени ликови варирале според политичката клима и политичките потреби на владејачките гарнитури, вели Виолета Ачкоска, професорка на Институтот за историја.
- Тоа што историјата не го напишала е премолчената вистина за општеството. Кај нас 50 години табу-теми беа токму оние личности со кои Македонците требаше да се гордеат. Но ние се гордеевме со личности што беа или просрпски расположени, или го продаваа македонскиот национален интерес за сметка на југословенските или други идеи, како што сега ни ги продаваат името и историјата. Ние Македонците секои 50 години ја почнуваме историјата од нула. Од 1945 година почнавме да создаваме нов човек, комунистички, отфрлајќи многу личности од националната историја со кои требаше да се гордееме. Потоа, кога дојдоа новите сили со Љубчо Георгиевски, рекоа: „Ќе уништиме се што беше комунистички, па ај историјата ќе ја почнеме одново“. Тоа е погубно за еден народ. Сега новиве глобалисти велат: „Не ни треба минато, важна е иднината“. Натаму, некому му пречи античката, некому словенската, некому комунистичката историја. Одредени историски ликови се обликуваа според моменталната идеолошка клима во државава, да се задоволи некое вмроовско его или социјалдемократите да покажат дека ВМРО се предавници. Кај нас се злоупотребува минатото според потребите на политиката - вели Ачкоска.

До 1956 година помасовно, но, и потоа се одеше во затвор за идеолошко затсранување или за вербален деликт.

Потомците на репресираните не сакаат многу да зборуваат за тоа што се случувало во нивните семејства. Емоциите се уште се силни, актерите во дел од тие настани се уште се живи. Тоа го прави процесот на рехабилитација болен. Затоа многумина од нив не поведуваат постапки пред судовите за да почне процес на рехабилитација на жртвите.

Нов поглед на историјата

- Не може да се зборува за ново, туку за научно толкување на историските настани и личности. Тоа беше маргинализирано во претходниот комунистички систем од идеолошки причини. За многу настани и личности има голем број неправилности, кај македонските историчари можеби не постои согласност за сите работи - вели Никола Жежов, доцент на Факултетот по историја.

- Сме учеле идеологизирана историја. Главна причина се предрасудите со кои дел историчари ја проучуваат историјата. Македонската историографија до 1991 година се што беше десноориентирано го третираше како негативно. Тоа го правеа дел историчари. И да сакале да се спротивстават, биле под супервизија од тогашната власт, која ги принудувала на таков начин на размислување. Поради притисокот тие сами правеле автоцензура на своите монографии и статии. Многу се обраќаше внимание на периодот на НОБ, малку се изучуваше македонската национална историја. Од Илинденското востание директно се одеше на Втората светска војна. Како да не постоел периодот меѓу двете светски војни. Голем број монографии од стариот систем беа пишувани врз основа на претпоставки или од извори во Комунистичката партија. Без никого да напаѓам, потребна е промена на генерации, која треба да се склучи кај дел од историчарите. Некои градеа кариери во тој поранешен систем и сега тешко е да си плукнат по кариерите - вели Жежов.
Според него, ситуацијата сега се менува, излегуваат нови научни сознанија, се пишуваат монографии, доаѓаат млади генерации историчари, кои не се оптоварени со југословенството.

Жежов вели дека историјата веќе ги рехабилитира политичките и културните дејци по Втората светска војна. Тоа е генерацијата на поранешниот претседател Киро Глигоров, Шишков, Мајски, Ченто, Шатев, Соколов и други. Жежов вели дека сега останува судовите да ја завршат својата работа.

- Политичарите треба да им ја остават историјата на историчарите. Со години државата не даде пари за ниту еден научен проект. По 1991 година, ние сме фрлени во „аут“, а историјата ја толкуваат тие што најмалку ја разбираат. Толкави историски глупости слушаме во парламентот што ја понижуваат нашата професија - велат на Институтот за историја.

Рехабилитацијата многу зависи и од тоа дали ќе профункционира Законот за лустрација и ќе се отворат досиејата на репресираните и ќе се откријат имињата на нивните кодоши. Научните работници што при истражувањата имале пристап до документите велат дека досиеја од по 7-8 илјади страници се педантно исчистени, сведени на стотина страници, а преостанатите биле уништени. Ги уништиле истите тие што и ги напишале досиејата.

(Целиот напис тука)


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3536373839 173>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.