IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6768697071 138>
Автор
Порака
fragola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3829
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fragola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 23:53
kako letno vetre sto gi rasteruva oblacite   
I get enough exercise...just pushing my luck.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2009 во 06:48
Влегов во вителот разнобоен
храбро чекорам напред
иако тој ме влече
по негова воља,кај тој сака
Сепак сум храбра,или...
барем сакам да сум,
се правам дека сум храбра
пред себе,пред тебе.
А стравот врие внатре
па сепак одам напред
оти знам...сега е мигот.
Тука е животот.
Одам напред по патот,
патот кој животот
пред мене го отвара.
Одам кон целта смело.
Се приближувам гордо,
иако длабоко во себе
го чувствувам треперот
на зборот кажан
од усните слатки,
што кожата ја горат.
Иако знам дека ќе платам,
оти сето ова има цена.
Висока цена,која утре
јас ќе ја плаќам
за мигот сегашен што ме мами.
Но не ми е гајле сега.
Сега е убаво.
А утре....ќе се снајдам,
ќе смислам како да се одбранам
од ова денес и сега.
Утре ќе ја спасувам
оваа трошка душа,
која денес од среќа клика,
а можеби утре....


Изменето од butterflyM55 - 27.Февруари.2009 во 06:48
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2009 во 07:39
Приближи се,не зборувај
оваа болка ја лечи
само допирот твој.
Дојди допри ме,не гледај
овие усни ги смирува
само бакнежот твој.
Види,зар не гледаш
па и слеп би видел
колку горам за тебе.
Не стој помрдни се
стегни ме во прегратка
нема да ме убиеш со неа
само ќе се стопам од среќа.
Не молчи,што не ти е јасно
искажи го молкот
што душа ти стега.
Ќјути,не кажувај сега
па и нем повеке ќе каже
од изговорите празни
што молкум ги кажуваш.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2009 во 07:50

THE POWER OF WORD IS A WHEEL
IT ROLLES YOU EVERYWHERE
IT TAKES YOU UP AND DOWN
IT MAKES YOU GO CRAZY
IT FILLES YOU WHIT LOVE
IT HEALS YOU WHIT LETTERS
SMALL BUT POWERFULL
BUT DONT FALL ON THAT
SOMETIMES THEY CAN BE DANGEROUS
THAY CAN KILL YOUR SOUL
YOU SPIRIT CAN BLOW
IN HUNDRED PISES IN THE SPACE
WATCH OUT FROM WORDS....
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2009 во 15:12
Уште ѕвони гласот
на насмевката твоја
што пред малку ја остави тука,
во главчево мало да ѕвони.
Ја зтаворив вратата да ја чувам.
Да ја слушам мелодијата
од насмевката твоја.
Да остане тука со мене
до следното твое враќање.
Уште ми горат образите
црвенеат како јаболко во есен
од сонот што го сонив за тебе.
Насмевка ме заспа.
Среќна потонав во сонот.
Ме лулкаше во сон.
Твојата ѕвонлива смеа
ми беше музиката
а ти беше мојата тема
за сонот сладок,
од кој не сакав
да се разбудам денес.


Изменето од butterflyM55 - 27.Февруари.2009 во 15:19
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
леа Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 10
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај леа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2009 во 17:09
Патеката од мене до тебе
поплочена со желби
ја следат гушнати
птици во лет.
Мојот здив
ти е единствен патоказ
следи го
пред да го изгубам
оти ова е љубов
што треба
да ме умре

Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2009 во 22:34
Ништо не е убаво
како моментите со тебе.
Дури и ноќта е грда
без присуството твое.
И мирисот на студот
не е тоа што беше.
Чекам да се појавиш
да ме прегрнеш,а те нема.
И се околу мене е еднолично,празно.
Ништо не е убаво
без присуството твое.
И сама сум си грда на себе
додека чекорам по улицата
за да не ми смрзнат нозеве.
И прстиве вкочанети
со лакот твој омилен
не се тоа што некогаш биле.
Се е грдо,еднолично,
кога тебе те нема
да им дадеш сјај на нештата.
Да ја оживееш природата
со својата убавина.
Да ја исполниш со смеа
ноќта празна,глува.
Да ме вратиш мене
во светот на смеата,
да ме ставиш на тронот
веднаш до твојот.
Да ме зачуваш до тебе
во царството твое,
каде смеата и среќата
никогаш не згаснуваат.

Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2009 во 23:12
Igraat dve senki na zidot ,
Koj go deli sonot i javeto,
Igraat so bel list hatrija
na nego zborovi ,
napisani so nevidlivo mastilo,
melodiçni zvuci od zborovi neprozboreni,
razletani vozdiski po site kosovi,
sobrani zvezdi ,
navezeni vo gerdani,
prsti od ubavini zgrçeni,
usni zapaleni od vreli baknezi.
Pssst!!!......igraat dve senki
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2009 во 00:10
Нежни светулки
околу мене играат
мрак околу мене да разгонат
облаци се спуштаат
сенки да сокријат
гледам и знам
потребен сум некаде
но не тука и сега
ни утре
ни задутре.
Кога најлошо ќе биде
ќе се појавиш
ќе ме надлеташ
крила свои ќе покажеш
видик ќе ми освежиш
да ме држи
до следниот лет
сем тебе
друго не ќе имам
како и сега
како и до сега.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2009 во 01:44
Спиј мирно мало мое
додека те чувам во сонот.
Спиј и не грижи се
дали ќе ме има пак тука.
Оти не мислам да заминувам
останувам
да ти го чувам сонот
од лошите самовили.
А кога ќе отвориш очи
прво што ќе видиш
ќе бидат две очи сјајни
насмевка голема за тебе
раце раширени за прегратка
и безброј бакнежи врели.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2009 во 23:39
Чекорам по патот нерамен
зашеметена од мисли за тебе
и не приметувам дека
сум застанала насред пат
насред крстосница
која води некаде
по различни патишта.
За миг сваќам
одлука мора да донесам.
По кој пат сега?
Кој е патот кој води
кон она вистинското.
Пробам да осетам
од каде доаѓа твојот мирис.
Но ми се меша твојот мирис
со мирисот на стравот.
Страв од вистината за тебе.
Знам,познав кој е патот
но,сега...да тргнам ли?
Одлучив!Ќе тргнам!
Ќе одам по твојот пат
ќе те следам на секој чекор.
Не плаши се,нема да ти сметам.
Само ќе бидам тука зад тебе.
Ќе го пратам секој твој чекор.
Секое движење твое
ќе биде храна моја.
Нема ни да приметиш
дека сум тука,
зад твоите чекори.
Ќе те сакам силно.
Ќе бидам тивка,безгласна.
Ако ти затреба сила
ќе ти ја дадам.
Ако ја изгубиш вербата,
ќе ти ја вратам.
Ако ти затреба љубов
ќе те сакам.
Не барам ништо за возврат
само да те гледам
и само да знам
дека си на вистинскиот пат
до твојата среќа.




Изменето од butterflyM55 - 28.Февруари.2009 во 23:41
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2009 во 23:55
Некако
да се видам во огледало
не можам
онаков
каков бев
ни тебе
ни се околу мене
можеби
некое друго време е
непрепознатливо некое
кога нејасно е
што ми треба
како кога во фрижидер зјапам
не знаејќи што сакам
нешто аздисано барајќи
заради глад
која не е тоа
заради тоа што
да живеам сакам
и да живеам за да љубам
а не знам веќе како
иако само за тоа знаев
иако можеби престанав да знам.
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2009 во 23:59
....MAESTRO......аплаузголемо%20гушкање
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2009 во 00:30
Сончеви ливади гледам
расцветани со мирис
ноздрви што ми шири
песнопојки
на раме твое слетани
никаде никој
сем нас
си замислувам
доволно дека е
кога прашан ќе бидам
како вечноста ја замислувам
за разлика од сега
кога чесен миг немаме
без страв од часовник
и тегнење за ракав
надевајќи се
на бар еден чесен миг
за кој во разминувања
ќе се потсетуваме.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6768697071 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.