IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Исусова молитва - исцелител
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Исусова молитва - исцелител

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2009 во 22:07
Исусова молитва:
 
Татко Мој! Ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како што сакам Јас, туку како што сакаш Ти!”
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2009 во 13:29
Старец Јосиф Исихаст

Молитва – тоа е постојана присилба над нашата природа


Чедо мое, ако внимаваш што ти пишувам, и ако си наложиш себеси подвиг ќе имаш голема полза. Сè што ти се случува ти се случува бидејќи не се присилуваш на молитва. Значи, присили се! Постојано кажувај ја молитвата! Воопшто да не запре твојата уста. Ќе се навикнеш на неа внатре во себе така што потоа ќе ја преземе умот. Не се ослободувај во внимавањето над помислите, бидејќи ќе станеш млак и ќе се оскверниш.

Не барај совршен спокој. Нашиот Христос го подигна Крстот, и ние ќе го подигнеме. Доколку ги истрпиме сите таги ќе добиеме благодат од Господа. Затоа, Господ нè става под искушение, за да ја испита нашата ревност и љубов спрема Него. Заради тоа е потребно трпение. Без трпение човекот не станува практичар, не ги осознава духовните нешта, така што не може да ја достигне мерката на добродетелта и совршенството.

Возљуби Го Исуса и кажувај ја непрестајно молитвата и таа ќе ти го просветлува Неговиот пат.

Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 16:42
продолжение на предходниот текст

Внимавај да не осудуваш, бидејќи заради тоа допушта Бог и да отстапи благодатта од тебе така што те остава да паднеш и да се смириш согледувајќи ги своите гревови. Тоа што го пишуваш е во ред. Она што најпрво го чувствуваш е благодат Божја којашто кога наидувао го прави човека продуховен. И сè му изгледа убаво и добро. Тогаш сите ги љуби, има умиление, солзи и топлина во душата. Но, кога ќе се повлече благодатта, телесното надвладува и духот паѓа. Ти сепак, дури и тогаш не губи ја твојата ревност, туку постојано кажувај ја молитвата, со сила, со напор, со многу болка. Господи Исусе Христе, помилуј ме! И повторно и многупати исто и постојано. И како ќе Го гледаш мислено Христа, да кажуваш - Ти благодарам Господи мој за добрата што ми ги даде и за злото што го трпам. Слава тебе, Боже мој, слава Тебе. И кога ќе истрпиш, пак ќе дојде благодатта, пак радоста. Но, пак ќе дојде и искушението, и тагата, и стресот и напнатоста. Но, повторно борба и победа, и благодарност. И така ќе биде сè додека лека-полека не се очистиш од страстите и не станеш духовен така што созревајќи да стигнеш до бестрастие. Но, бори се. Не барај добрите нешта да дојдат сами по себе. На пердуви не стануваш монах. Монахот треба да биде навредуван, исмеван, искушуван, да падне, да стане, да стане човек. Не во прегратките на својата мајка. Не се чуло некој да станал монах близу својата мајка. Само што си рекол “оф”, ќе слушнеш “јади, да не се разболиш”. Подвигот бара лишување. Арното нема да го најдеш во бања и во лесен помин. Тоа бара борба и многу труд. Бара ден и ноќ да Го повикуваш Христа. Бара трпение во сите искушенија и таги. Бара да го удавиш гневот и желбата (или сопствената волја).
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 16:52
Ќе се измориш многу, додека да сфатиш дека молитвата без внимание и трезвеност над себе самиот е губење време, труд без наплата. Треба над сите свои чувства одвнатре и однадвор да го ставиш будниот чувар, вниманието. Бидејќи, без него умот и силите на душата се разлеваат над обичните и суетни работи како водата што се разлева по улиците.

Никој никогаш не ја нашол молитвата без внимание и без трезвеност. Никој никогаш не се удостои да се искачи кон она што е горе без претходно да го презре она што е долу.

Многупати ти се молиш, а твојот ум го разгледува она што е овде или таму, тоа што му се допаѓа, тоа што од навика го привлекува. Ти треба присилба да го оттргнеш од таму, за да внимава на молитвените зборови. Могупати во твојата помисла, во твојот збор, во твојот слух, во твојот поглед, лукаво навлегува непријателот, а ти не го препознаваш. Потоа ќе го препознаеш но, ти треба борба за да се очистиш. Сепак не се изнемоштувај борејќи се со духовите на лукавството. Со благодат Божја ќе победиш и ќе се радуваш за сите твои таги.

Внимавај на овие нешта и кажи им на другите да бидат предострожни во самопофалбите, бидејќи тоа им штети и на совршените, а камоли на вас коишто сте сè уште слаби. На еден светител, некој гостин три пати му рекол дека добро го извршува ракоделието. И на третиот пат светителот му рекол “…од мигот кога влезе овде човеку, го избрка Бога од мене”.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2009 во 16:27
старец Јосиф Исихаст

Гледаш ли колку се внимателни во однос на духовните закони светиите?

Заради тоа, за сè е потребна голема предострожност. Само навредите и омаловажувањата духовно го градат човекот. Бидејќи од нив се раѓа смирение. На тој начин добива венци. Трпејќи, ги дави егоизмот и славољубието.

Тогаш кога ќе те навредуваат: горделивче, лицемере, нетрпеливко, време е за трпение. Ако прозбориш, загуби. Значи, секогаш имај страв Божји. Имај и љубов за сите и внимавај да не повредиш некого вака или онака, бидејќи додека молитвиш ти пречи тагата на твојот брат. На сите, биди им добар пример во збор и во дело и Божјата благодат секогаш ќе те чува и ќе ти помага.

И внимавај чедо мое никогаш да не заборавиш во сиот свој живот, дека монахот треба да е пример за мирјаните, а не соблазна, како што тој самиот зема пример од ангелите. Затоа, должен е многу да внимава за да не го обземе сатаната. Навистина ли е неопходно монахот да излезе во светот? Нека излезе! Сепак, потребно е целиот да стане око, светлина, добро да внимава, за да не се случи помагајќи им на другите, самиот да си наштети. Особено се во опасност младите монаси и монахињи што излегуваат во светот а сè уште се во цветот на својата младост. Поминуваат помеѓу стапици. За оние што се повозрасни при што се имаат исушено во подвигот, не постои толкава опасност. Тие не претрпуваат голема штета, дури можат и повеќе да помогнат, ако имаат опит и познание.

Во секој случај воопшто, секој монах, нема никаква полза од светот, освен славата и пофалбите коишто само го разгалуваат. И тешко нам ако Божјата благодат соодветно не ги покрива потребите и делата на секој што излегува во светот.         


крај на писмото

Изменето од Опитен - 18.Февруари.2009 во 16:30
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2009 во 21:45
Старец Ефрем Филотејски

Молете се, ве преколнувам, според советот на Апостолот Павле: Молете се непрестајно (1 Сол. 5; 17).

Светите тихуватели велат: „Ако си богослов, тогаш вистински ќе се молиш и ако вистински се молиш, тогаш си богослов!“

И навистина, пустинските тихуватели учат дека со посредство на различните подвизи, со аскезата и созерцанието (‘праксата’ и ‘теоријата’), со моралната и духовна философија на трезвеноумието и молитвата, човековиот ум се очистува, просветлува и восовршува и според тоа, се здобива со дар на богословие, но не со академско богословие какво што поседуваат богословите на универзитетите, туку со богословие што происходи и извира од Божествениот извор, од каде што постојано се излеваат реките на вистинското, Божественото богословие.

Умот човеков, станува или животински или ѕверски. Напротив, преку молитвата, а особено со умствената молитва, умот станува боголик и просветлен со Божествено озарување.

Човековото спасение зависи од молитвата, бидејќи тоа е она што приближува и соединува кон Бог. Кога човекот се наоѓа во близина Божја, наполно природно е да не скршнува од етичкиот пат, зашто вложува внимание во секој свој чекор. И покрај сето наше внимание, ѓаволот не престанува да нè сопнува, зашто сака да нè изненади во миг на слабост и да нè одвлечка на својот пат, кој секогаш води вртоглаво надолу. Од таа причина, драги мои чеда, од нас нужно се бара постојано да се вооружуваме со непрестајната молитва на нашиот најсладок Исус.

Не смееме да заборавиме дека демоните ја напаѓаат молитвата и дека со помош на зли мечтаења се устремуваат на неа за да ја направат неделотворна. Во време на молитва, низ човековиот ум кружат најразновидни мисли, тежнеејќи да го украдат плодот од молитвата и на човекот што се моли да му ги остават само коските, односно трудот и напорот.

Од таа причина, оној што сака добро да се моли, пред почетокот на молитвата треба да ги оддалечи сите грижи, а потоа и сите помисли. Умот, како надзорник, треба многу да внимава на секој збор што го изговараат усните - за молитвата да стане плодоносен извор на Божествената благодат и помош.

Според Светите отци, сатаната секогаш ќе се поставува како трн и камен за сопнување за Светата молитва. Тоа е така затоа што молитвата многу го обеспокојува и гори. Значи, чеда мои, присилете се на молитва, а спомнете ме и мене, вашиот кутар Старец, за Бог да ми се смилува.

2. Ревносната молитва е непосредна духовна должност за зачувување на круната на добродетелите - љубовта. Подвизувајте се во молитвата доколку сакате во вас да престојува Христос и Тој, како најопитен војсководец, ќе се бори заедно со вас. Ќе се бори со вас и ќе ви ја подари победата.



   




Изменето од Опитен - 19.Февруари.2009 во 21:49
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2009 во 00:51
Свети Серафим Саровски

Одејќи или доаѓајќи, седејќи или стоејќи, на работа, или во црква, твоите усни секогаш треба да повторуваат: „Господи, Исусе Христе, Сине Божји, смилувај се на мене, грешниот.“

Со оваа молитва во срцето ќе најдеш внатрешен мир и чистота на душата и телото. Кога ќе ја почнеш оваа молитва, собери ги сите внатрешни сили на духот и поврзи ги со моќта на срцето и истрај внимателно додека Господ не го загрее твоето срце со Својата благодат и не се соедини со тебе во еден единствен дух. Тогаш внатрешната молитва ќе постане извор на жива вода, која непрестајно тече и непрестајно те храни и оживува. Амин!
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2009 во 02:28
Ученикот: Ми се чини дека мислењето на старец Серафим е премногу строго( дека треба постојано да ја кажувама Исусовата молитва).

Старецот: Тоа изгледа така само при површно гледање на него. Тоа така се покажува при недоволно поимање на великите духовни богатства што христијанството ги крие во себе. Блажениот Серафим го изнел не само сопственото мислење, тој го изнел мислењето кое им припаѓа на сите свети Отци и на Православната Црква.

Кога преподобен Агатон, свештеноинок на Египетскиот Скит, го прашале што е поважно, телесниот подвиг или внатрешниот подвиг, тој одговорил: ”Човекот е сличен на дрво; телесниот подвиг одговара на она што е листот за дрвото, а внатрешниот на плодот. Но, како што е речено во Писмото, секое дрво, што не дава добар плод, се сече и фрла во оган. Од тоа следи дека сета наша грижа треба да е за плодот, то ест за тоа како да се чува умот. Потребно е, секако, дрвото да биде покриено и украсено со лисја, тоа е слика што го претставува телесниот подвиг.”

“О чудо! - восклика блажениот Никифор Атонски, наведувајќи ги зборовите на преподобниот Агатон во своето дело за духовниот подвиг, каква изрека изрече овој светител против сите оние кои не го чуваат умот, а се надеваат само на телесниот подвиг! Секое дрво кое не раѓа род добар, т.е. чувањето на умот, и има само лисја, т.е. телесен подвиг, се сече и в оган се фрла! Страшна е, оче, твојата изрека!”

Чувањето на умот, заштитата на умот, трезвеноумието, вниманието, умното делување, умната молитва, сите тие се различни наименувања на еден и ист подвиг на душата во неговите разни видови. Во свое време, душевниот подвиг поминува во духовен. Духовниот подвиг е истиот оној душевен но само осенет од Божествената благодат. Тој душевен или духовен подвиг, Отците вака го определуваат:” Вниманието е срдечно, непрестајно безмолвие, молитвено тихување, што секогаш и постојано Го повикува Исус Христос, Синот Божји и Бог, за преку Него да се дише, со Него храбро да се напаѓа непријателот,за Нему да му се исповеда, единствениот Кој има власт да ги простува гревовите.” Едноставно речено, внатрешно делување, умно, душевно делување, умна молитва, трезвеност, чување и заштитување на умот, внимание, сето тоа е исто што и грижливо, исполнето со стравопочит вежбање на Исусовата молитва.

Блажениот Никифор Атонски ги споредил овие називи со пресеченото парче леб кое сообразно на обликот, може да биде наречено и залак, и парче, и комат. Божественото писмо на Стариот Завет заповеда: Од сè што е за пазење, најмногу чувај го срцето свое, зашто од него се изворите на животот (Изрек. 4,23). Пази се, да не влезе во срцето твое лукава мисла.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2009 во 18:38
“Ако пак сакаш да ги посрамиш помислите што те напаѓаат, да тихуваш молитвено во душевен мир, слободно да се отрезнуваш и да бдееш со срце, тогаш Исусовата молитва нека се соедини со твоето дишење и ќе видиш дека тоа ќе се изврши после малку денови.”

“Коработ не може да плови без вода и умот не може да се заштити без трезвеност, споена со смирение и со непрестајна Исусова молитва.”

Ако имаш желба за Господа, не само да изгледаш како монах, но да бидеш благ и кроток, постојано соединет со Бога, ако имаш желба да бидеш навистина таков монах, тогаш сесрдно посвети се на добродетелта на будното внимание, која се состои од чување и заштитување на умот, од исполнување на срдечна молитва и тихување, од блажена состојба на душата, на која ѝ е туѓо мечтаењето, што може да се сретне само кај малкумина. Вистински и суштински земено, монах е оној кој извршува трезнење. Навистина извршува трезнење оној кој во срцето е монах.

Како основа на ова учење на светите Отци служи учењето на Самиот Господ, онака како што и крајаголниот камен е темел на зградата. Но иде време и дошло веќе, вели Господ, кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот во дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние, кои Му се поклонуваат. Бог е дух и оние што Му се поклонуваат, треба да се поклонуваат во дух и вистина.

Се сеќавам, некои благочестиви мирјани(световни луѓе), ги имаше дури и дворјани, современици од мојата младост, водејќи многу едноставен живот, се занимаваа со Исусовата молитва.

Тој скапоцен обичај, денес, при општа исцрпеност на христијанството и монаштвото, речиси се загубил. Молењето со името на Господ Исус Христос бара трезвен, строго етички живот, живот во туѓинување, бара напуштање на страстите. А ние денес не можеме без расеаност, широк круг на познаници, задоволување на нашите многубројни потреби, без добротвори и добротворки. Но, Исус се беше отстранил, оти на тоа место имаше многу народ.




(продолжение од предходниот текст)
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 18:52
Старец Ефрем Филотејски

Почетникот што се учи на Исусовата молитва мора да започне така што усно ќе изговара: „Господи Исусе Христе, помилуј ме“. Тој мора да вложи напор за да го одвлече својот ум од овоземните нешта. Звукот што излегува - звукот на неговите зборови - ќе го привлече умот да обрне внимание на зборовите на молитвата. На тој начин умот, малку по малку, ќе се привикнува да биде собран наместо расеан.

Се разбира дека напорот, вниманието, намерата, ревноста и постојаното трезвено чување на  целта кон којашто тежнееме, односно непрестајната молитва  -  ќе помогнат да го собереме својот ум.

Кога ќе ја кажуваме молитвата на овој начин, таа со време ќе почне да предизвикува во нас извесно задоволство, извесна радост, мир, нешто духовно коешто порано не сме го поседувале. Тоа, малку по малку, ќе го привлече умот.

Како што ќе напредува и ќе го привлекува умот внатре, усната молитва ќе почне да му дава слобода самиот да ја кажува молитвата, без учество на усните. Со други зборови, ќе почне да донесува некој плод. Потоа, молитвата кажувана некогаш со усните а некогаш со умот, лека полека ќе почне да ја освојува душата.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2009 во 01:58
Свети Игнатиј Брјанчанинов

Вистинската пракса во Исусовата молитва природно происходи од вистинското богопознание, од пресветото Име на нашиот Господ Исус, и човековиот однос со Бога.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 00:00
Секоја молитва на Црквата помага да се очисти срцето. Но, посебно е корисна молитвата во една реченица, „Молитвата на срцето“ или „Исусовата молитва“, која гласи: „Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот!“. Оваа молитва ги има следниве предности: таа, бидејќи се состои само од една реченица, му помага на човекот успешно во својот ум да го собере сето молитвено внимание. Преку таквата прибраност, молитвеникот го „спушта“ својот ум во срцето, внимавајќи да не го вознемирува својот ум со никакви други работи, ниту помисли, ни добри ни лоши, и тогаш се посветува само на Бога. Употребата на умносрдечната молитва, која со текот на времето и со помош од Божјата благодат, може да стане непрестајна, е една цела наука, за која што светителите од нашата вера говорат во своите дела, а особено во обемната антологија на делата на православните отци  наречена „Добротољубие“.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 00:12

Прости ни ги гревовите наши, како што и ние им ги проштеваме на должниците наши.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 17:18
     
Од Преданието на светите Отци

Моли се непрестајно со Исусовата молитва и таа сè ќе доведе во ред

Што е поубаво од молитвата? Кој и да се моли, бива просветлен и доаѓа до познание на Божјата волја. А како го знае тоа? Се разбира, ако се моли добро. А кога се моли добро? Кога молитвите што Му ги упатува на Бога ги имаат сите составни елементи. А кои се елементите што ја прават молитвата угодна? Смирението, солзите, самоукорувањето, простодушноста и посебно - послушанието соединето со љубовта. Молитвата излева светлина и таа светлина го покажува спасителниот пат каков што го сака Господ.

            Молитвата треба да биде нераслабена. Ако се молите на тој начин, од сите страни ќе бидете неранливи. Кога ќе ве обземат острастени помисли, фрлете се на молитва напрегнато и ревносно и истиот миг ќе најдете олеснување. Цврсто држете се за Исусовата молитва.

            Изговарај ја молитвата со болка и со душевен плач и ќе се почувствуваш сосем поинаку. Насочи го вниманието единствено кон себе! Тогаш ќе се видиш себеси и ќе почувствуваш болка и оваа болка ќе ти ја донесе милоста Божја. Додека ја изговараш молитвата, не обрнувај внимание на отчукувањата на срцето. Сочувај го само својот ум да не отскита од молитвата, зашто тоа е тежиштето и целта на молитвата.

            Моли се непрестајно со Исусовата молитва и таа сè ќе доведе во ред. Оној што се моли бива просветлен, а оној што не се моли - помрачен, каков што сум јас. Молитвата е светлост небесна и оној кој ја има молитвата во себе или на усните, ја има и светлината на молитвата што извира внатре во срцето. Таа го просветлува човекот што да мисли и како да се дочува од ѓаволските стапици.

            Присилете се на Исусовата молитва и таа ќе ви стане сè - храна, пијалок, облека, светлина, утеха и духовен живот. Оваа молитва станува сè за оној што ја поседува. Без неа не може да се исполни празнината на душата. Ја сакате ли љубовта Христова? Копнејте по молитвата и прегрнете го смирението и тогаш ќе сфатите дека Царството Божјо е внатре во вас.

            Не дозволувајте злите помисли да завладеат со вас. Веднаш оддалечете ги со молитвата. Ех, какви чуда прави таа молитвата! Повикајте со молитва и вашиот ангелчувар ќе ви го испрати духовното благоухание! Ангелите се многу радосни кога монахот се моли со молитвата на нашиот најсладок Исус. Исус нека биде насладата на вашите души.

            Изговарајте ја молитвата непрестајно. Бог да ви подари благословен почеток! Нека не ве напушта молитвата или, подобро кажано, вие не ја напуштајте, бидејќи таа ѝ е живот на душата, таа му е дишење на срцето, миризлива пролет што во душата на борецот создава духовен процвет.

            Молитвата и смирението, чеда мои, се семоќното оружје што со недремливо внимание непрестајно мораме да го држиме во рацете. Тоа, со Божја помош, ќе ни ја донесе победата над демоните.

            Бидете трпеливи, чеда мои. Не губете храброст. Кажувајте ја молитвата напрегнато. Нека не се расејува вашиот ум по земните работи, дури и ако имате грижи. Сметајте ги за минливи. Имајте ги пред очи единствено непрестајната молитва и сеќавањето за смртта. Секогаш Го гледам пред себеси Господа. Тој е од мојата десна страна за да не се поместам (Пс. 15; 8). Ако се молите силно и непрестајно, нема да паднете. Ќе разберете, меѓутоа, дека ќе искусите сеопшто паѓање ако ја запоставите молитвата.



Старец Ефрем Филотејски


Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.