|
Венко Марковски (Венијамин Миланов Тошев) |
Внеси реплика |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 21.Февруари.2009 во 09:54 |
I mesto moe kazuvanje za vrakjanjeto na Venko Markovski vo ucebnicite na Makedonija napisot na Katerina Blazevska vo Dnevnik.
Патриот (На Зафира и Спира) На овои тажен век сал еден видоф кот... От бубаќ е помек Се вика патриот... За народ душа бере, А народ вечно дере, и в гради сал се бие, и свето лице крие опретано у крф! И пости секои пос, и оди гол и бос, и нема празник тои до олтар да не стои... Со радост свеќи пали, От срце мртви жали и ропски Бога слуша, низ вера чисти душа и лази како црф! (Од стихозбирката „Огинот“) Македонец во Софија Венко Марковски (Венијамин Миланов Тошев) е роден на 15 март 1915 година во Скопје, каде што завршил основно и средно образование, а славјанска филологија на универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија. Од 1932 до 1934 година е член и еден од основачите на Македонската младинска револуционерна организација. Во 1937 година емигрирал во Софија, каде што една година подоцна на македонски народен јазик ги објавил стихозбирките „Народни бигори“ и „Огинот“. Во текот на Втората светска војна се вратил во Македонија. Станал член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, потоа делегат на Второто заседание на АВНОЈ и член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ. По војната дошол во судир со властите, по што бил затворен на Голи Оток. Но и по издржувањето на казната, постојано и бескрупулозно бил малтретиран и сосила туркан кон Бугарија. По дведецениски притисок, во 1967 година емигрирал во Бугарија. Неговата изјава „Од Скопје дојдов како Бугарин, во Софија станав Македонец“, најсликовито ја опишува неговата судбина. Почина во 1988 година во Софија. Блаже Миневски: Да го вратиме во нашата книжевност Блаже Миневски, новинар што во неделникот „Фокус“ објавува серијал
за начинот и околностите во кои е извршен прогонот на Венко Марковски,
е изненаден од сознанието дека органи на поетот се чуваат во музеј во
Софија. Кога не би било така, Венко не би имал потреба уште во 1938 година
првите две стихозбирки на современата македонска поезија, „Народни
бигори“ и „Огинот“, да ги објави во Софија на македонски јазик.
Податокот дека некој сака да го зачува неговото срце и мозок, надвор од
неговата поезија, сам по себе зборува за бизарноста на животот во
времето кога вистината се чуваше во формалин. Сметам дека срцето и
мозокот треба да му се вратат на Венко таму каде што е сега, во
скромниот дел на Централните софиски гробишта, далеку од Алејата на
заслужните граѓани на Бугарија. Нашата, пак, обврска е многу полесна:
ние треба да го вратиме Венко во нашата книжевност со она што го напиша
пред да го изгуби или пред да му го одземат „срцето“. a koj saka povekje moze da procita tuka Срцето на Венко во тегла со формалин ...no toj del od napisot e za vo istorija ili Politika. Ovdeka vo Obrazovanie, da zboruvame za makedonskite poeti i pisateli, pokonkretno za poezijata na venko Markovski. |
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас не се сеќавам дека некогаш сме го учеле овој Венко Марковски во литература. Ако некогаш бил дел од македонската книжевност и вклучен во лекциите за литература по македонски јазик може некој да ми каже од која година било тоа?
|
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па не го учевме поради тоа што бил противник на комунизмот Глен,го гонеле на Голи Оток и слично.
Насловниот пост објаснува се Глен. Изменето од fiks - 22.Февруари.2009 во 14:03 |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, да вистина насловот ах, насловот! Некогаш ми се распува логиката од сабајле
|
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тој ти е првиот македонски поет и далеку позначаен и подобар од другите,ама неговото бугарофилство уште не е исчистено.Како и да е,тој е најзначајна личност за македонската литература по 45та. |
|
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пред неполна година пишував една статија за него која за жал сеуште не е објавена. Наидов на трагични податоци, како човекот полека го направиле да се повлече , да страда и да се декларира нешто што никогаш не бил.
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |