IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Универзален Живот - Прахристијани
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Универзален Живот - Прахристијани

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 26>
Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2009 во 16:27
Taka e, no teologojata i nejzinite braniteli toa nema nikogash da go priznaat bidejki se plashat deka taka kje pochne da im se rushi gradbata... a nim gradbata im e najvazhna.

Eden primer e spomnatiot Pavle (Savle). Se znae deka toj bil pribran od Barnabas (Varnava) vo hristijansata komuna i deka bil poduchuvan od nego za Isusovite propovedanja. Se znae deka na pochetokot bil voden od Barnabas kako preveduvach zatoa sto toj techno gi govorel jazicite na toa vreme, dodeka Banabas bil hendikepiran do dobro poznavanje samo na svojot majchin jazik. Se znae deka po izvesno vreme, otkoga Pavle dobro se zapoznal so Hristijanstvoto pochnal da ne se soglasuva so Barnabas okolu negovoto propovedanje, pa se razdelile i Pavle prodolzhil samiot da propoveda na nachin sto smetal deka e poblizok za razbiranjeto na togashnite pagani. Toa e periodot koga Pavle pochnuva da go modificira uchenjeto. Ushte povekje, denes se znae deka polovinata od pisanijata koi se vneseni vo noviot Zavet pod negovo ime vsushnost ne se nitu negovi.

Zarem ochekuvate ova da bide priznaeno od Crkvata?

Ili da se navratime na samite Evangelija... Vo onoa spored Jovana, koga Isus se soochuva so sveshtenicite, tie mu velat "nie ne sme rodeni od bludstvo; eden otec imame" (Jovan 8:41), a Isus na toa im odgovara "Vashiot tatko e gjavolot; i vie sakate da gi ispolnuvate zhelbite na svojot tatko; toj e chovekoubiec od pochetokot i ne stoi na vistinata, zashto vo nego nema vistina. Koga zboruva laga, govori od sebe, zashto e lazhen i tatko na lagata". (Jovan 8:44).

Zarem ochekuvate Crkvata da priznae deka onoj koj im nareduval na evreite ushte na pochetokot na Stariot Zavet da ubivaat vo Negovo ime ne e Otecot, tuku gjavolot? Zarem ochekuvate Crkvata koja veli deka Stariot Zavet e polnovazhen i pretstavuva temel za Noviot e korumpiran od gjavolot? Taa kje stori se toa da go izvrti i da mu dade sekakva druga interpretacija samo da si go zadrzhi kontinuitetot i nepromenlivosta vo teoloshkata dogmatska gradba.


Изменето од Messenger - 14.Февруари.2009 во 16:32
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2009 во 22:09
Савле во моментот на просветлувањето доживува најдрастичен и радикален обрт од сите просветлени!

Кој вели дека :
Цитирај ... од него произлегле основите за библијско потврдување околу нееднаквоста меѓу мажот и жената, ...
   тој недоволно го знае она што го плука и понижува!
Епистел до Галатјаните 3:28

Се надевам дека нема да ги газите и понатаму бисерите кои БОГ имги дарувал на оние што веруваат!!!





Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2009 во 01:11
Originally posted by spiros spiros напиша:

Савле во моментот на просветлувањето доживува најдрастичен и радикален обрт од сите просветлени!
Нему му била дадена можноста да престане да греши т.е. да престане да ги прогонува христијаните, он наместо тоа станал проповедник на учење кое отстапува од Христовото, или барем оноа кое евангелистите ни го пренеле.
Originally posted by spiros spiros напиша:

Кој вели дека :
Цитирај ... од него произлегле основите за библијско потврдување околу нееднаквоста меѓу мажот и жената, ...
   тој недоволно го знае она што го плука и понижува!
Епистел до Галатјаните 3:28

Овој стих само го потврдува тоа што го реков, а воедно оди во контекст на она што messenger го спомна.

Да го видиме стихот од Послание до Галатјаните глава 3, стих 28:

„Оти нема веќе ниту Евреин ниту Грк, ниту роб ниту слободен, ниту маж ниту жена, бидејќи сите сте едно во Христа.„

Ако тоа е така, тогаш очигледно Павле тоа не го напишал или не знаел што пишува, бидејќи во Првото писмо до Коринтјаните во 11 глава, помеѓу другите потценувања на жената, вели:

„Освен тоа не е мажот створен заради жената, туку жената заради мажот„ или „А жената го срамоти мажот ако се моли или прорекува гологлава„

или во 1 Коринтјани 14:34,35
„Жената нека молчи на состаноците(во црквите). Не им е дозволено да говорат. Нека се покорат во врска со тоа на одредбите на Законот. Ако имаат прашања, дома нека си ги прашаат мажите свои, оти не доликува жените да зборуваат на состаноците црковни.„

И за да му стави печат на „божја„ волја на кажаното, Павле(или некој во негово име) се заканува во 37 и 38 стих:

„Ако тврди од вас дека некој е пророк или дека е обдарен со духот, треба да се знае дека сето ова јас што го пишувам е заповед на самиот Господ. Кој тоа не го признава, него ниту Господ нема да го признае.„ - а кутриот не го познавал воопшто Исуса, но сепак тврди дека ги знае неговите заповеди.

И на крајот за да се допобие себе си вели во 39 и 40 стих:

„Затоа браќа и сестри чезнејте за дарот на пророкувањето и говорењето јазици. Но се` нека биде примерно и уредно„
Со други зборови кажано, џабе е и да се примат информациите од пророчката реч(која првите заедници ја негуваа) ако тоа не е во склад со неговите представи за „примерно и уредно„.
Originally posted by spiros spiros напиша:

Се надевам дека нема да ги газите и понатаму бисерите кои БОГ имги дарувал на оние што веруваат!!!
Ние не ги газиме, само сакаме да ги видиме јасно работите во Духот на вистината, а ти?
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2009 во 21:47
Духот на ВИСТИНАТА е ДАР од Господа, кој се доделува на оние кои не се прават дека се повисоки од оние кои лично Го видоја и посведочија за ХРИСТА!

Но, денеска живееме во едно многу интересно време, во кое (скоро) секој се прави повисок од оние кои сведочат во Писмото за Евангелието.

Многу дури - поради својата гордост, неразбирајќи го Евангелието во неговата длабина - го отфрлаат и го навредуваат, омаловажуваат, ...!

Дека сё тоа треба да дојде, добро знаат оние што веруваат со искрено срце.

Но, каде може човек денес да најде едноставно, понижно и искрено срце?

Денес кога жените повеќе ги сакаат панталоните, раководството, канцаларијската катедра, политичкото водство, пророчкиот статус и тн. повеќе дури и од мајчинството?

Денес кога поради својата (површна) мудрост, ја изгубиле онаа што е карактеристична за жената?

Постојано во приватниот живот, во пословниот, но и во јавниот, денес може човек сёповеќе и повеќе да сретне женски со типични машки особини. Тие имаат женска фигура на телото, женски глас, некои носат дури и сукњи, но одними зборува машки карактер.

На сите овие жени би сакал да им дадам и ги посочам на еден пример од Евангелието каде Марија мајката на Исус (предвемено) го активира Исус (а со тоа и Евангелието) на еден начин кој е специфичен за вистинската женска мудрост.

Сите жени би можеле да учат од Марија и да допринесат со тоа за ширење на Царството на Љубовта, од кое највеќе би профитирале баш нивните синови и черки!

Но како можеш да научиш од некого и од нешто кое (поради својата гордост, плиткост и заслепеност) не го признаваш?

Така мој Макл, да знаеш дека стиховите кои ги напиша горе цитирајќи го Св.Ап. Павле во Евангелиските списи се потполно во ред, кога ги чита верникот во ДУХОТ на МИЛОСТА и ВИСТИНАТА, Кој за жал (од првата светска војна па навака) се помалку и помалку го има на овој свет!

Во надеж дека ќе ме сватиш

Те поздравувам

п.с. Интересно што Откровението од Евангелиските списи е прифатено од страна на вашата заедница и покрај тоа што животните таму ...







Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2009 во 21:51
Blagodaram spiros na komentarot, primen e na znaenje, srdecni pozdravi i do tebe!
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2009 во 01:10
Во продолжение го давам линкот кон второто Габриелино писмо кое носи интересен наслов:


„Огледалце, огледалце, што висиш на бресто` - дали сега Бог престојува на некое друго место?„



Божјата вестојавителка Габриеле од Вирцбург, анализира неколку изјави кои се појавиа во европските медиуми 2002 година, имено тогашниот поглавар на римо-католичката црква, папата Јован Павле Втори изјави дека „Бог се повлекол во небото згрозен од акциите на човештвото. Бог молчи.„
Но зошто рекол папата дека Бог молчи? Кога тој и кругот околу него знаат дека Бог повторно говори. Тие со тоа беа запознаени 1980 година со писмото кое едно високо духовно битие го упати до Ватикан со понуда за помош за „...Да се спаси тоа што сеуште може да се спаси„.

Но ако е сепак така како што папата изјавил - имено дека Бог се повлекол во Небото и дека молчи - тогаш тоа значи дека Бог си заминал и од олтарите во црквите, и од садовите во кои се држеа осветените лепчиња за причест, и од догмите... Тој значи се иселил. И ги спомнува зборовите на Erich Kästner(1899-1974), германски книжевник:

„Тука веќе не помага ниту подсмев, ни подбив, ниту пцости, ниту молитвата... Драгиот Бог истапил од Црквата„

Во брошурата, исто така, во светлина на Христовото едноставно но генијално учење, се коментира за изјавите и апелите од протестантската и католичка црква во однос на тогашните актуелни подготовки за нападoт врз Ирак.

Целото Габриелино Писмо бр.2. може да се чита бесплатно на српски јазик, на следниов линк:

Габриелино писмо бр. 2 „Огледалце, огледалце што висиш на бресту, пребива ли сада Бог на неком другом месту?„


Изменето од Majkl - 18.Февруари.2009 во 01:13
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2009 во 15:59
Аууу!колку работи беа тука кажани...мора по ред..

Taka e, no teologojata i nejzinite braniteli toa nema nikogash da go priznaat bidejki se plashat deka taka kje pochne da im se rushi gradbata... a nim gradbata im e najvazhna.

Ова е изнесување на суд,кој што е бесмислен.Никој не се плаши од фасада на лицемерие.Верниците се плашат само од Бога (со страв божји)се друго е лицемерие!
Крвта на светите маченици што се излеаа не е пролеана залудно и затоа што не биле доволно запознаени со теологијата.(која ја користиш во многу пежоративно значење на зборот).
Светиот апостол Павле иначе му бил роднина на Барнаба,и не се разминале заради концепциски разлики на проповед туку(и тоа било еднаш само!!) зашто барнаба сакал да го зема на едно од патувањата некој си ученик Марко кој на претходното патување ги напуштил и Св.Павле сметал дека не е достојно да го земат со себе..И тоа не значи дека прекинале да зборат меѓу себе!!

Toa e periodot koga Pavle pochnuva da go modificira uchenjeto.

Ова е априори став.Дај пример што модифицирал?

Ushte povekje, denes se znae deka polovinata od pisanijata koi se vneseni vo noviot Zavet pod negovo ime vsushnost ne se nitu negovi.

Ај молимте просветлиме кај ова е утврдено?!дај линк или нешто слично.Па не се верниците глупи,ние знаеме дека некои книги во канонот не се авторски дела на тие што се наведени.Пасламите не ги напишал само давид,како ниту цел куп од книгите од стариот завет.така да според мене ама ич не ми значли дали тоа го напишал светиот апостол Павле(а го напишал) или некој негов ученик бидејќи Светиот Дух посведочил за исправноста на тоа!!без разлика кој е авторот.

Zarem ochekuvate Crkvata da priznae deka onoj koj im nareduval na evreite ushte na pochetokot na Stariot Zavet da ubivaat vo Negovo ime ne e Otecot, tuku gjavolot? Zarem ochekuvate Crkvata koja veli deka Stariot Zavet e polnovazhen i pretstavuva temel za Noviot e korumpiran od gjavolot? Taa kje stori se toa da go izvrti i da mu dade sekakva druga interpretacija samo da si go zadrzhi kontinuitetot i nepromenlivosta vo teoloshkata dogmatska gradba.

Извини месинџер, но по извртено толкување на светото писмо и на тие стихови немам видено!!Ова се граничи со невкус!!!
И тие гностици што го тврделе ова тргале од други премисии а не од светото писмо а посебно не како ти што го наведуваш.Еве глеам се разбираш малце у гностицизам,па сигурно си прочитал некои гностички списи?!(у матица книжарата може да ги имаш у рака за 200 денари,и тоа на македоски!!)е сега по нивното читање мој заклучок е: какви бакрачи какви дрн дрн јариња(!!)за тоа дека Црквата криел, нешто мењала и слични тврдења.Веќе кога се чита богохулна теолгија барем у контекст треба да се чита на времето и просторот,али ипак секој има право на слободно мислење.нели хартијата трпи се..
поздрав







Изменето од ahmar1 - 18.Февруари.2009 во 16:01
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2009 во 03:11
Третото Габриелино писмо носи наслов:

„Љубовта кон Бога и ближниот и искривеното, изобличено христијанство„




Бидејќи ова трето писмо е нешто подолго, тоа на почетокот има и содржина поради полесен преглед.
Од содржината: Еднаквост, слобода, праведност, братство и единство: основата за мирољубиво заедништво помеѓу луѓето - Талентите на човека му се дадени за да ги вложува во добробитта на сите - Дали се институциите цркви против војна? Насилство за да се создаде мир? - Конзорциумот црква: кобната алијанса со државата - Секоја државна власт е од Бога дадена? - Вон црквата нема спасение? - Божествената праведност и човечкото право - Реинкарнација: прахристијанското знаење - Налогот да бидам божја пророчица - Поимот „секта„: средство за озлогласување и исклучување на оние кои размислуваат поинаку - и тн...

„Човекот во кој што пребива љубовта кон вистината, се држи себе си понастрана од пинг-понг играта на интелектуална размена низ ударите со кои што егоистите тежнеат едни други да се надјакнат бидејќи тие своите шаблони на мислење ги сметаат како мерило за сите работи. Трагачот по вистината истражува со срцето и разумот со помош на својата совест. Тој стекнува внатрешна самостојност и цврстина затоа што тој се бори за јасни спознанија кои му покажуваат чекори во свесниот живот.„ - извадок од Габриеле писмо бр.3: Драги пријатели...(воведен текст)

При крајот од брошурата, во Поговорот, соработниците во издавачката куќа DAS WORT објаснуваат дека Габриеле, меѓу другото, во ова нејзино писмо само накратко и мошне воздржано допре некои од директните и индиректните активности на службените цркви против Христос и неговото дело на Земјата, но исто така и против нејзе, Божјиот инструмент - пророчицата. Со оглед на тоа што и самите соработници во издавачката куќа се активни во делото Господово речиси од почеток, и преку тоа и самите многу нешто смееа заедно да проживеат, сметаат дека тоа би требало да го дознаат луѓето во целиот свет. Поради тоа тие во поговорот пренесуваат еден извадок од автобиографијата на Габриеле од Вирцбург, кој им беше достапен.

Брошурата бесплатно може да се нарача или чита он-лајн на хрватски јазик, но бидејќи линкот не работи како што треба(има некаков технички проблем) ќе објаснам као да дојдете до он-лајн текстот „рачно„ .

Кликнете на следниот линк: Универзален живот (хрватски) потоа во левата страна побарајте го зборот Prorostvo и кликнете го, па одберете го зборот Publikacije. Десно ќе се отвори местото каде што можете да го читате.


Изменето од Majkl - 11.Март.2009 во 10:33
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 11:29
Четвртото Габриелино писмо на околу 150 страни, го разгледува човековиот однос кон природата и носи наслов:


Габриеле-писмо бр.4
„Божјата реч - Законот на љубовта и единството, и обесправените на оваа Земја„





Габриелиниот поглед во овој свет со очите на Божјата љубов и вселенското единство: Многу луѓе се плашливи подмолници кои се потчиниа себе си на сфаќањата наметнати од црковните и световните тирани. Најголемите жртви од тоа се нашите со-созданија, животните, да, целата мајка Земја.

Од содржината: Силата на Христос Божји во човекот - искра на делото; Фарисеите и писмопознавачите - и нивните вазали: плашливи подмолници и сервилни поданици; Наводните „тајни Божји„ - до денес погубни последици од незнаењето за многумина луѓе;
Противното поле на индоктринација, „црковното христијанство„. „Праведната војна„ и „праведното„ убивање; Хармоничен ред на Вечниот во Неговото создавање - дур човекот не се вмеша; „-Животните имаат заразни болести - кој ги заразил?„; Опоменувачките гласови низ вековите; Мислата на Падот - гигантска по своите последици;

Доживување на животното единство во природата - искуство: јас во „ние„. „Јазикот„ на природата: процесите на пренесување слики; Од разумот до разбирањето и разбирањето на работите; Луѓето ги убиваат животните. Бог е животот!; Првата непосредна средба со „опасните диви свињи„. „-Животните немаат топол стан.„; Мајката срна, лисицата и ежот ни ги покажуваат своите деца. Мајката земја е трпелива и попустлива со животните.; „Црното величество„ вели: Насилно потчинете си ја себе си Земјата!; Срдечна молба во врска природата и животните;
и тн...

Брошурата содржи десетици фото-илустрации во боја и е бесплатна и моментално може да се нарача на српски, англиски, хрватски, шпански, француски и полски јазик. На интернет има линк за бесплатно читање:
Габриелино писмо бр.4 (на српски јазик)




Изменето од Majkl - 14.Март.2009 во 06:25
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2009 во 06:09
Следното Габриеле-писмо се бави со една интересна, но истовремено за многумина луѓе една непријатна тема: смртта. Брошурата носи подолг наслов кој гласи:

Габриелино писмо бр. 5





Секој умира самиот засебе. Да се живее и да се умре за понатака да се живее-Смртта е ноќта на душата.

Да се умре во вечниот Живот е вечниот Ден на душата!


Наслови од содржината:
Помислата на смрт радо се потиснува од совеста; Животот е непресушно струење на течечката Божја енергија, силата на светлината; По земскиот живот нема живот? Духовното незнаење - занданата на нашата душа; Кој научи да го разбира својот живот, повеќе не се плаши од смртта; Земскиот опстанок е животна задача, него човекот може позитивно да го користи и обликува; Процесот на умирање - одвојување на нашата бесмртна душа од физичкото тело; Природата не познава уништување туку преобразување; Свесниот живот е критичко сфаќање на животот; Институционалните цркви немаат одговор на прашањето за „Живеењето и умирањето за да се живее понатака„; Дали е отадестраното една бесмислица?; Во отадестраното важи Божјата праведност;

Опасности при воспоставување на контакт со отадестраното(спиритизам); Зрачењето на душата го обележува човекот. Тоа покажува што човекот впил во себе; Исто привлекува исто. Човековите гени се одлучувачки; Кој сериозно се труди да го промени своето мислење, нему Христос му доаѓа побргу во пресрет; Збиднувањата за време на длабокиот сон - Сонот: малиот брат на смртта; Сребрената духовно информациона лента; Дали е мртовецот секогаш мртов? - Незамсливи маки и болки на душата која неможе правовремено да се одвои од телото; Освртот на душата врз сопствениот живот. На сопственото тело таа ги чувствува болките кои им ги нанела на другите; Жртвите на насилство, како души, ги бараат виновниците за да им се осветат; Душите ги зрачат своите фреквенции. Тие можат да влијаат на луѓе со ист квалитет на зрачење; Специфичната задача на душата во нејзиниот овоземски опстано: „Кој не сака да чуе, мора да осети.„; Во смртниот час повеќе неможе да се промени состојбата на душата Битна е: лесноста или тежината; „Небото„ и „Пеколот„ се состојби на човековата свест на душата која тој си ги создава самиот на себе си ;

Судбоносен зафат во Внатрешната религија: исфрлање на реинкарнацијата од учењето на мудреците и пророците; Бог не ги водел луѓето по погрешни патишта, туку свештеничката каста со цел да ги врзе луѓето за себе; Патот на душата од светлината, па се до настанување на човекот на Земјата Човековото: Каде? - Неговата задача да се врати кон своето вистинско потекло; Мостот кон Бога е проживеаната свесност за длабоката врска помеѓу Бога, човекот, природните царства и космосот; Помеѓу сеидбата и жнеењето лежи времето на созревање во кое можеме да ги осознаеме и одбегнеме нашите причини пред да надојдат последиците;
и тн..



Оваа брошура откога излезе и се раздели на германски јазик, подоцна, на германски и уште некои странски јазици се појави во форма на книга(види илустрација горе) со тврд повез. Но истата може на интернет бесплатно да се симне од сајтот на издавачката куќа ДАС ВОРТ, а како бесплатна брошура може да се добие на хрватски и српски јазик. Тука го наведувам линкот за бесплатно читање на српски јазик:

Габриелино писмо бр. 5 - Секој умира самиот за себе (на српски јазик)


Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 23:19
Со голема внатрешна радост ве известувам дека:



Сабота 21ви март во 17:00ч. на фреквенциите 103ФМ на радио ГОЛДИ од Велес ќе биде емитувана снимката од:

БОЖЕСТВЕНО ПРОРОЧКО ИСЦЕЛУВАЊЕ
- ХРИСТОВА ОБЈАВА -
директно преку неговата пророчица и вестојавителка, Габриеле од Вирцбург



Овој настан полн со благослов се зрачеше преку стотици радио станиците ширум светот и телефонски приклучените места на пренос, така да бројни луѓе можеа да го чујат на 21. јануари 1996 година. Сега повторно на брановите на радио ГОЛДИ граѓаните на Велес имаат можност да го чујат Бога кој Говори во нашето време. Во снимката покрај усмениот превод на македонски јазик може да се чуе и оргиналниот германски тон.

Христовиот Божји Дух на почетокот од објавата која е наречена и „МОЌТА НА ХРИСТОС БОЖЈИ ВО ТЕБЕ!„ преку својот инструмент, опоменува за крајот на светот кој што предстои и причините за тоа, објаснувајќи ја при тоа разликата помеѓу зборовите: „светот„ и „Земја„. Потоа преоѓа на објаснување за поврзаноста на човековото погрешно размислуавње и постапување со болеста, и како да се активираат самоисцелителските сили во човековотото тело и душа. При тоа изричито би сме сакале да напомене дека доколку некој имал или има телесни тегоби, слушањето на оваа снимка воопшто не треба да го одврати од посета на лекар во кој тој има доверба.





Изменето од Majkl - 20.Март.2009 во 23:23
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 08:01

Сабота 28ми март во 17:00ч. на фреквенциите 103ФМ на радио ГОЛДИ од Велес ќе биде емитувана снимката од една:

- ХРИСТОВА ОБЈАВА -

директно преку неговата пророчица и вестојавителка, Габриеле од Вирцбург на тема:
„После скокот на земјините полови: Царството на Мирот„


И оваа објава, примена и изговорена 1992 година, е една од серијата објави со општ наслов: БОЖЕСТВЕНО ПРОРОЧКО ИСЦЕЛУВАЊЕ.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2009 во 11:03
Последната брошура од серијата „Габриелини писма„ која на германски јазик излезе март 2004 година носи наслов:




Габриелино писмо бр. 6

За слободни мислители - Најдете ја слободно својата одлука



Дел од насловите од обемната содржина: Секој е одговорен за својот сопствен живот. Излез од законот на причина и последица преку законот на слободата. Уделот во групната карма - Сексуалната злоупотреба на животните, содомија - Еден млад човек со многу прашања: во потрага по вистината - Неслободата на човекот се развива исто така низ раздвојувачките мисли: „Другиот е виновен!„ - Верата самата по себе не не` прави слободни - Христос е тука за помош и спас за сите оние кои сакаат да допуштат да бидат помогнати и спасени - Наддимензионалноста на вечниот Живот е несфатлив за разумот - Размисла низ „Големиот инквизитор„ на Достојевски - и тн.

Божјата пророчица Габриеле во неколку поглавиа раскажува воедно за нејзиниот пат кон духовна слобода и единство, отпорот на нејзината средина и дел од нејзините блиски, нејзиниот продор во духовноста и контактот со Небесата.

Брошурата е бесплатна, но засега е достапна само на германски и шпански(во форма на книга) јазик, он-лајн може да се чита под следниот линк:
Gabrielle Briefe nr.6: für freiheitsdenker (на германски јазик)




Изменето од Majkl - 22.Јуни.2009 во 07:51
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 11:05
Во Скопје започна саемот на книга(влезница е 30 денари). Трае од 8.04. до 15.04.2009 година, работно време од 10:30 до 20:00 часот.

На еден од штандовите во анексот(просторот помеѓу халите) настапува и штандот на УНИВЕРЗАЛЕН ЖИВОТ со книги, касети, цд-а, двд изданија и повеќе бесплатни брошури. Секој, доколку сака, срдечно е поканет да го посети штандот.


Изменето од Majkl - 09.Април.2009 во 02:25
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.