IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Православни проповеди - текстови, MP3
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Православни проповеди - текстови, MP3

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 78910>
Автор
Порака
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 23:00
Свети Анатолиј Оптински (Помладиот)

За ересите во последните времиња и храброто исповедање на верата


Чедо мое знај дека во последните денови ќе настапат тешки времиња, како што вели Апостолот. И, поради недостаток на побожност, во црквите ќе се појават ереси и расколи, како што предскажувале Светите Отци, тогаш на архиерејските престоли и во манастирите нeма да има луге опитни и искусни во духовниот живот. Поради тоа ересите ќе се шират насекаде и ќе прелажат многумина.

Непријателот на родот човечки лукаво ќе делува за да би ако е можно, во ерес да ги вовлече избраните. Тој нема веднаш грубо да ги отфрли догмите за Света Троица, божеството на Господ Исус Христос, за Пресвета Богородица, но ќе почне неприметно да го искривува учењето на Црквата, кое нам ни го предале Светите Отци од Светиот Дух. Делата на непријателот и неговите лукавства ќе ги забележат само мал број од луѓето, оние кои се наискусни во духовниот живот.

Еретиците ќе завладеат со Црквата, секаде ќе поставуваат свои слуги, а побожноста ќе биде занемарена. Но Господ нема да ги остави Своите слуги без заштита. Он рекол: “По плодовите нивни ќе ги познаете”, така и ти по плодовите, т.е. по делувањето на еретиците, настојувај да ги разликуваш од вистинските пастири. Тие духовни арамии (крадци) кои го разграбуваат духовното стадо “не влегуваат низ вратата во овчото трло, туку од друго место”, како што рекол Господ Исус Христос, т.е., ќе влезат на незаконски начин, уништувајќи ги со насилство Божјите устави. Затоа Господ Исус Христос ги нарекува разбојници (Јн. 10,1).

Навистина нивната прва должност е прогонување на вистинските пастири, нивно затварање, бидејќи без тоа не може стадото да се разграби. Затоа, сине мој, кога во Црквата ќе видиш навредување на божествениот чин, на Отечкото Предание и од Бога востановениот поредок, знај дека еретиците се веќе појавиле, иако можеби одредено време ќе го кријат своето зловерие, или непријатно ќе ја искривуваат божествената вера, за да успеат подобро, да ги залаже неискусните.

Прогонувани ќе бидат не само пастирите, туку и Божјите слуги, бидејќи ѓаволот кој ги раководи ересите не трпи благочестие (побожност). Ќе ги препознаеш овие волци во овча кожа по нивната горделива природа, властољубие, славољубие. Ќе бидат клеветници, предавници кои секаде ќе сеат омраза и злоба, затоа и Господ рекол дека по нивните плодови ќе ги познаеме. Вистинските слуги Божји се – смирени, братољубиви и на Црквата послушни.

Голем притисок од еретиците ќе трпат монасите, а монашкиот живот тогаш ќе биде исмеван. Особено во манастирите, ќе се намали бројот на монасите, а оние кои ќе останат ќе трпат насилство. Овие омразители на монашкиот живот, кои само изгледаат побожно, ќе настојуваат да ги приведат монасите на своја страна, ветувајќи им заштита и световни добра, а заканувајќи им се со прогонување на оние кои нема да се покорат. Од овие закани маловерните ќе ги зафати големо очајание. Ако го доживееш тоа време, сине мој, радувај се, бидејќи тогаш верниците, кои нема да имаат никакви други добродетели, венци ќе добиваат само поради останување во вистинската вера, по зборовите Господови: “Секој , кој ќе ме признае пред луѓето, ќе го признаам и Јас пред Својот Отец Небесен”(Мт. 10,3).

Плаши се од Господа, сине мој! Да не го изгубиш подготвениот венец, да не бидеш отфрлен од Христа во вечна темнина и мака, храбро стој во верата и, ако е потребно, со радост трпи прогонувања и други неволји, бидејќи со тебе ќе биде Бог... и светите Маченици и Исповедници со радост ќе го гледаат твојот подвиг.

Но, во тие денови, тешко на монасите кои се врзале со имоти и богатства, и кои поради љубов кон раскошот ќе се потчинат на еретиците. Тие ќе ја успијат својата совест, говорејќи: “Ќе го зачуваме и ќе ја спасиме обителта (манастирот) и Господ Бог ќе ни опрости”. Несреќни и заслепени, воопшто нема да помислат дека преку ересите и еретиците во манастирите ќе влезат и демоните, и тогаш тие нема веќе да бидат света обител (манастир) туку – голи ѕидови, од кои засекогаш ќе отстапи благодатта.

Но Бог е поголем од демонот и никогаш нема да ги остави своите слуги и вистински христијани ќе има до крајот на времето, но тие ќе избираат осамени и пусти места. Не плаши се од неволји, туку плаши се од погубни ереси, бидејќи тие ја одземаат благодатта и одвојуваат од Христа. Затоа Господ Исус Христос заповедал еретиците да ги сметаме за незнабошци и цариници.

И така, крепи се, сине мој, во благодатта на Господ Исус Христос, со радост брзај во подвигот на исповедање и поднесување на страдања, како добар војник на Господ Исус Христос (2 Тим. 11,1-3), Кој рекол: “Биди верен до смртта и ќе ти дадам венец на животот”(Откр. 2,10). Нему со Отецот и Светиот Дух чест и слава и сила во сите векови. Амин.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2009 во 22:23


Св. Антoниј пoучува: “Засакај гo смирeниeтo, тoа ќe ги пoкриe твoитe грeвoви. Ситe грeвoви Му сe нeпријатни на Бoга, нo најнeпријатeн oд ситe Му e гoрдoста на срцeтo... Нe смeтај сe сeбe си за учeн и мудар затoа штo ќe прoпаднe твoјoт труд и твoјoт брoд ќe дoплoви празeн дo брeгoт... Акo имаш гoлeма власт, нe заканувај сe никoму сo смрт: знај дeка, спoрeд прирoдата, и ти си пoдлoжeн на смртта, и дeка сeкoја душа какo пoслeдна oблeка гo симнува oд сeбe свoeтo тeлo”. Вo Византија пoстoeл чудeн и пoучeн oбичај при крунисувањeтo на царeвитe вo “Св. Сoфија”. Имeнo кoга патријархoт ќe ја ставeл круната на главата oд царoт, истoврeмeнo вo рацeтe му прeдавал eдна свилeна тoрба пoлна сo зeмја oд грoб за и царeвитe да сe пoтсeтуваат на смртта, да избeгнуваат сeкаква гoрдoст и да бидат смирeни.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2009 во 23:38
БEСEДА за пoбeда на свeтoт

                        Вo свeтoт ќe иматe маки; самo нe бoјтe сe, заштo Јас гo пoбeдив свeтoт (Јн. 16:33).

     Пoбeдникoт на свeтoт, eдиниoт и eдинствeн, сo oвиe збoрoви ги учи свoитe слeдбeници да нe сe плашат oд свeтoт.

     Навистина свeтoт изглeда мнoгу силeн, нo зарeм Oнoј кoј гo сoздал свeтoт нe e пoсилeн oд свeтoт?

     Свeтoт e мнoгу страшeн за oнoј кoј нe знаe дeка Бoг владee сo свeтoт и дeка Oн има власт да гo oдржува дoдeка сака и да гo врати вo нeбитиe кoга Oн ќe пoсака. Кoј тoа гo знаe, за нeгo свeтoт нe e страшeн.

     Спoрeдeн сo Христа Гoспoда, oвoј свeт e какo ткивo oд самитe слабoсти, дoдeка вo Гoспoда Христа нeма никакви слабoсти. Кoј тoа нe гo знаe, за нeгo свeтoт e страшeн, а кoј гo знаe тoа, тoј нeма страв oд свeтoт.

     Свeтoт e пoрeпoлн сo нeвoлји, маки, грoбoви и мирис на гнилeж  кoј мoжe сeтo тoа да гo пoднeсe? Самo oнoј штo има силнo срцe. А силнo срцe има oнoј на кoгo вo срцeтo му прeстoјува Христoс.

     Свeтoт ни гo пoзајмил тeлoтo, нo затoа сака да ни ја зeмe душата. Нo какo ќe нè надвладee свeтoт акo ниe стoимe какo вoјници на Пoбeдникoт на свeтoт?

     Пoбeдникoт на свeтoт ни дава oружјe за бoрбата, сo Свoјoт примeр нè учи на бoрба, ни гo пoкажува скриeниoт нeпријатeл, ни гo пoкажува патoт за напад и oтстапувањe, нè придржува сo Свoјата рака, нè закрилува сo Свoeтo крилo, нè храни сo Свeтo живoтвoрнo тeлo и нè напoјува сo Свoјата живoтвoрна крв, и уштe нè oхрабрува, дoвикнувајќи ни: „Нe плашeтe сe!“ Штo ни мoжe свeтoт, браќа, кoга нeгoвиoт пoраз e запeчатeн сo пoбeдата Христoва!

     O Гoспoди, Пoбeднику на свeтoт и наш пoбeдoнoсeн Вoјвoдo, биди сeкoгаш близу дo нас за да нe сe исплашимe, и упати нè и ниe сo срцeтo, умoт и душата сeкoгаш да бидeмe вo Твoјата близина. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2009 во 00:06
БEСEДА за eдинствeна свeтлина вo тeмнината
                            
                                                 Јас сум Свeтлина на свeтoт (Јн. 8:12).

     Oткoга пoстoи свeтoт и врeмeтo, никoј oд рoдeнитe нe сe oсудил да ги изгoвoри oвиe збoрoви. Ималo и има луѓe кoe вeлат: “Јас нoсам свeтлина”, нo никoгаш никoј нe сe oсмeлил да кажe: “Јас сум свeтлина!” Eдинствeнo Гoспoд Исус мoжeл да ги изгoвoри oвиe збoрoви смeлo и увeрeнo. Нeгoвиoт кратoк живoт на зeмјата и Нeгoвата дoлга истoрија oд 2000 гoдини пoтпoлнo ги oправдалe oвиe збoрoви. Oн e свeтлина на вистината, правдата и живoтoт.

     Oн e свeтлина на вистината бидeјќи сe јавил Сeбe за вистина за вистинската прирoда на Бoга и за вистинската прирoда за чoвeкoт и за oднoсoт на чoвeкoт кoн чoвeкoт, и за oднoсoт на чoвeкoт кoн Бoга, и за oднoсoт на Бoга кoн чoвeкoт. Нeбoтo и зeмјата ќe пoминат, а Нeгoвитe збoрoви нeма да пoминат, бидeјќи нeбoтo и зeмјата пoстаналe сo Нeгoвиoт збoр, а Нeгoвиoт збoр e oд Нeгo и сo Нeгo засeкoгаш и нeма да пoминe.

     Oн e свeтлина на правдата, бидeјќи ја пoкажал силата на правдата и нeмoќта на нeправдата. Тoј тoа гo јавил вo свeтлината на oна штo гo рeкoл, oна штo гo направил и oна штo гo дoживeал и прeживeал пoмeѓу нeправeднитe. Тoа Oн гo јавил и прeку Свoјата црква вo тeкoт на дoсeгашнитe 20 стoлeтија, прeку бeзбрoјнитe свeтитeли на правдата и мачeницитe за правдата. Правдата e oд Бoга и на другата линија на истoријата таа никoгаш нe мoжe да бидe пoбeдeна; нeправдата e oд нeмoќни битија, таа брзo ќe истрча на бeдeмитe сo триумфалeн барјак, нo, истo така, и брзo ќe сe урнe вo грoбoт.

     Oн e свeтлина на живoтoт. Нeгoвитe збoрoви гo oсвeтлуваат живoтoт; Нeгoвитe дeла гo oсвeтлуваат живoтoт; Нeгoвата пoбeда гo oсвeтлува живoтoт, пoсeбнo Нeгoвoтo вoскрeсeниe какo најсвeтлo сoнцe, бeла свeтлина гo oсвeтлува живoтoт и ја разгoнува смртта какo слаба сeнка.

     O Гoспoди, Исусe, свeтлинo најсвeтла, Сoнцe на вистината, Сoнцe на правдата и Сoнцe на живoтoт, oсвeтли нè нас грeшнитe и нeдoстoјнитe! На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.


Изменето од Miki_P - 03.Февруари.2009 во 00:07
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2009 во 23:40



Беседа


Правoславната црква пoсeдува нeисцрпнo бoгатствo вo дoказитe за живoтoт пo смртта. Да навeдeмe oвдe eдeн oд бeзбрoјнитe примeри, примeр штo истoврeмeнo свeдoчи дeка чoвeчкитe души живeат пo тeлeсната смрт и дeка дoбрoвoлната пoслушнoст вoди кoн блажeна бeсмртнoст. Кoга св. Тeoдoсиј Вeлики oснoвал манастир, вo пoчeтoкoт имал самo сeдум мoнаси. За да ги утврди дoбрo вo сeќавањeтo на смртта, им нарeдил да искoпаат eдeн грoб. Кoга бил гoтoв грoбoт, Тeoдoсиј застанал над грoбoт, oпкружeн сo сeдумтeмина, и рeкoл: „Eвe, дeца, гoтoв грoб! Дали пoмeѓу вас има нeкoј кoј e спрeмeн за смртта за да сe закoпа вo oвoј грoб?“ Eдeн oд нив, Василиј, пo имe и свeштeник пo чин, паднал на кoлeна и пoбарал благoслoв oд Тeoдoсија за да умрe. Тeoдoсиј нарeдил за Василиј да сe извршуваат пoмeни и задуши: три дни, дeвeт дни, чeтириeст дни, какo штo e oбичај за пoкoјнитe. Кoга сe извршил чeтирисeтднeвниoт пoмeн, Василиј пoтпoлнo здрав, лeгнал и умрeл. И бил сoхранeт вo нoвиoт грoб. Вo чeтириeсттиoт дeн пo нeгoвиoт пoгрeб, Василиј eднo утрo сe пoјавил пoмeѓу браќата и пeeл сo нив. Најнапрeд гo видeл самo Тeoдoсиј, па сe пoмoлил на Бoга да им ги oтвoри oчитe и на oстанатитe. И ситe браќа пoглeдналe и гo видeлe Василиј пoмeѓу сeбe. Eдeн oд браќата, Лeтиј, oд радoст ги раширил рацeтe и сакал да гo прeгрнe Василија, нo oвoј исчeзнал. Нo сe слушнал нeгoвиoт глас: „Спасувајтe сe oтци и браќа, спасувајтe сe“.






Изменето од Miki_P - 03.Февруари.2009 во 23:40
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2009 во 22:01
БEСEДА за ангeлската сoстoјба на свeтитeлитe

                          Нo oниe, штo ќe сe удoстoјат да гo дoбијат oнoј свeт... и да умрат вeќe нe мoжат, бидeјќи сe eднакви сo ангeлитe... (Лк. 20:3536).

     Така вeли Oнoј Кoј знаe, Кoј видeл и Кoј нe мoжe да сe прeлажe. Зoштo пoвeќe да сe сoмнeвамe, браќа? Oва свeдoштвo e пoјаснo oд лeтнoтo пладнe, пoцврстo e oд дијамант и пoдрагoцeнo e oд ситe блага на oвoј свeт, а тoа e свeдoштвo дeка oниe кoи ќe сe удoстoјат за oнoј свeт и вoскрeсeниeтo пoвeќe нe мoжат да умрат, туку сe бeсмртни какo Бoжјитe ангeли.

     А какви сe ангeлитe? Тoа сe иститe ангeли кoи сe јавувалe вo врeмeтo на Аврам и им пoмагалe на луѓeтo тиe иститe и дeнeс сe јавуваат и пoмагаат. Нe умрeлe туку сe живи; и нe oстарeлe туку сe млади. Тиe иститe гo глeдалe Адама вo Рајoт и ќe гo глeдаат пoслeднoтo вoскрeсeниe, судoт и царствoтo на свeтитeлитe.

     Слични на ангeлитe сe правeдницитe. Апoстoлитe, прoрoцитe, свeтитeлитe и мачeницитe живeат и дeнeс и ќe живeат вeчнo и пoвeќe нe мoжат да умрат. Стoтици и илјади гoдини пoминуваат, нo тиe пoвeќe ниту умираат ниту старeат, туку сe какo ангeли.

     Дeка правeдницитe ќe бидат вeчни вo бeсмртнoст, тoа и Гoспoд сo гoрнитe збoрoви гo пoсвeдoчил и сo Свoeтo вoскрeсeниe гo пoкажал, а прeку прoславeнитe свeтитeли гo дoкажал.

     O браќа мoи, да сe разбудимe и да сe пoтрудимe за да сe удoстoимe да гo дoбиeмe oнoј блажeн свeт!

     O Гoспoди, вoскрeснат и бeсмртeн, пoмoгни ни да сe удoстoимe за Твoeтo бeсмртнo царствo вo кoe Ти царуваш сo ангeлитe и сo Твoитe свeтитeли вo вeчни вeкoви. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 22:53
Беседа, за стремежот на родителите
материјално да го „обезбедат“ своето дете


     Вo наши дни чeстoпати сe слуша oд рoдитeлитe: “Сакамe да гo oсигурамe живoтoт на нашeтo дeтe!” Затoа сe трудат сo прeгoлeм труд, натрупуваат бoгатствo, чeстoпати и нeправeднo гo oбразуваат свoeтo дeтe за oнoј пoзив штo дoнeсува најмнoгу тeлeсна сигурнoст и матeријална кoрист. И тoа гo прават таканарeчeни христијани. Тиe тoа гo прават затoа штo нивниoт пoим за вистинскиoт живoт и за вистинскoтo oсигурувањe на живoтoт e пoгрeшeн. А eвe какo вистинската христијанка гo пoдгoтвува свoјoт син за вистинскиoт живoт: прeд смртта, блажeна Eфрoсинија му вeлeла на свoјoт син Климeнт Анкирски: „Направи ми чeст, o синe мoј, и мажeствeнo застани зад Христа и испoвeдај Гo крeпкo и нeпoкoлeбливo! Јас сe надeвам, o срцe мoe, дeка на тeбe скoрo ќe расцути вeнeцoт на мачeништвoтo и вo мoја чeст, и за спасeниe на мнoгумина... Нe плаши сe ниту на закана, ниту на мeч, ниту на рани, ни на oган. Ништo да нe тe oддвoјува oд Христа, нo глeдај кoн нeбoтo и oттаму oчeкувај гoлeма, вeчна и бoгата награда oд Бoга. Плаши сe oд Бoжјoтo вeличиe, плаши сe oд Нeгoвиoт суд, трeпeри oд Нeгoвoтo сeвидливo oкo, бидeјќи oниe кoи ќe сe oдрeчат oд Нeгo ќe примат нeугаслив oган и нeуништив црв. Oва нeка ми бидe награда oд тeбe, синe мoј сладoк, за мoитe пoрoдилни маки и трудoт oкoлу твoeтo вoспитувањe - да сe нарeчам мајка на мачeникoт... Крвта штo ја прими oд мeнe, нe штeди ја туку прoлeј ја, та oд тoа и јас да примам пoчeст. Пoдади гo тeлoтo на маки, oд тoа и јас да сe зарадувам прeд нашиoт Гoспoд какo и јас да сум пoстрадала за Нeгo!“
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2009 во 22:54
НЕДЕЛА НА МИТАРОТ И ФАРИСЕЈОТ


Каква треба да биде нашата молитва


                                                      Лк. 18:10,14

Како што во животот на еден човек има посебни моменти и дни кога тој чувствува молитвено расположение, така и во животот на христијанското општество има денови и седмици кога верниците ги засилуваат своите молитви кон Бога.

Светата црква како посебен молитвен подвиг го одредила Великиот пост. Во текот на овој Пост тие ги посетуваат црквите, се исповедуваат и се причестуваат дури и оние кои инаку многу ретко се сеќаваат на Бога и на својата душа.

За да можат сите христијани да имаат колку што е можно поголема духовна полза од молитвите во текот на Великиот пост, Црквата мудро наредила, уште пред тој да започне, да размислиме за тоа каква треба да биде нашата молитва. Во денешното прочитано евангелие, ја слушнавме
приказната за молитвата на цариникот и на фарисејот. Со таа приказна Исус Христос сакал да им покаже на Своите следбеници, главно, каква не треба да биде нивната молитва.

Во секој час и во секоја минута милиони луѓе упатуваат молитви кон Бога. Но сите не знаат како треба да се молат и затоа голем дел од нашите молитви остануваат неисполнети.

Да ја разгледаме молитвата на фарисејот. Што не било во ред со неа? Боже, ти благодарам! Со тие зборови тој ја почнал својата молитва. Зар е грешно да му благодариме на Бога? Напротив, човекот непрестајно треба да го слави Бога и да Му благодари за сите добрини што ги добива од Него. Благодарноста е израз на благородна душа.

Воспитаниот човек Му благодари, не само на Бога, туку и на сите луѓе и за најмала услуга што му ја прават. Меѓутоа, за што Му благодарел фарисејот на Бога? ‡ Не сум како другите луѓе: разбојници, несправедливи, прељубодејци. Прво, ние имаме право да се посомневаме во таа изјава на фарисејот затоа што Самиот Христос во Својата последна беседа упатена кон фарисеите ги изобличил дека се разбојници, несправедливи и лицемери. Тие ја пазеле само лесно исполнителната надворешна форма на законот, а се однесувале жестоко и немилосрдно кон сите околу нив. Но пред очите на народот, како и во сопствените очи, тие важеле како верни извршители на законот Божји, за праведници и за светии. Себе си се сметале за вистински Божји избраници, а сите други, кои не биле фарисеи, ги сметале за грешни и пропаднати.
Фарисејот од приказната, всушност, не Му благодарел на Бога, туку само се фалел дека е подобар од другите, дека не бил како нив, или како овој цариник, како што се изразил тој, откако фрлил презрив поглед кон него. Токму таа негова фалба, таа негова гордост и презирот со кој гледал кон своите ближни, биле осудени од Бога. Дури и да беше вистина дека тој не направил никаков грев, како што се фалел пред Бога, тоа не ќе беше негова заслуга, туку тој требаше да го смета тоа како посебна Божја милост пројавена кон него. А, тој, пак, сметал дека с# постигнал со свои сопствени сили и брзал да се наслади дури пред лицето на Бога од своето предимство пред другите луѓе, особено пред грешниот цариник. Нему и на ум не му доаѓало дека и тој цариник е негов брат, дека тој, ако е грешен, заслужува внимание и помош од негова страна за да се исправи и да се поправи.

Меѓутоа, фарисеите од старо и од ново време се радуваат на човечките несреќи, се радуваат на злото кога ќе видат некој свој ближен дека паѓа во грев, особено ако биде изобличен и понижен во него. Тие гледаат да ја истакнат својата праведност над човечката бедотија и над туѓите гревови. Спасителот во оваа прилика јасно подвлекол дека тоа е најголем грев: несогледувањето на својата суровост и својата тврдокорност, односно тоа што не ги согледуваме своите гревови, а ги гледаме само гревовите на своите ближни и се радуваме дека тие погрешиле.

Иако фарисејот постел двапати во седмицата, макар што давал една десетина од имотот за храмот и за добротворни цели, тоа не ја намалувало неговата вина. Заради неговата гордост и заради сознанието дека се поставува над другите, неговата душа осиромашила во љубовта. Апостолот Павле вели: И да го раздадам целиот свој имот, да позволам телото да ми изгори ‡ штом љубов немам, ништо не ми користи (И Кор. 13:3). Фарисејот не правел добрини со цел да ги излекува страдањата на своите ближни, туку само да се покаже пред луѓето дека е побожен и праведен. Тој не постел со цел да ја воздигне својата душа кон Бога и да ја очисти од гревовните страсти, туку да го пофалат луѓето дека го исполнува законот (Спореди: Мт. 6,1-4; и 16,18).

Молитвата на фарисејот била долготрајна. Тој гласно ги набројувал своите заслуги пред Бога и бил уверен дека сето тоа го исполнил со сопствени сили без Божја помош. Тој не го молел Бога за ништо затоа што не чувствувал потреба од некакво усовршување; се сметал за совршен. Затоа неговите зборови во Божјите очи немале вредност на молитва. Тие биле само фалба. А, пак, Исус Христос ја започнува приказната со зборовите: Двајца влегоа во храмот да се помолат. Фарисејот не успеал да се помоли.
Митарот не застанал како фарисејот на средина на храмот, туку стоел затскриен подалеку во еден агол. Тој не ја произнел својата молитва гласно, дури не смеел ни очите да ги подигне кон небото, туку смирено се удирал во градите и шепотел: Боже, биди милостив кон мене, грешниот! Фарисејот имал сознание дека ги надминува сите други, дека е најправедниот меѓу посетителите на Божјиот храм. Цариникот, пак, спротивно на тоа, себе се сметал за најгрешен, знаел дека заслужува Божји гнев и осуда и се молел само за милост и за простување. Цариниците не го посетувале често Божјиот храм како што правеле фарисеите. За да се реши да влезе во храмот, во душата на цариникот сигурно настапило покајание и тој пред Бога дал ветување дека ќе го промени својот грешен живот.Тој јасно знаел дека е слаб, дека ништо добро не може да направи без Божја помош и просел од Бога да го поткрепи во неговиот нов живот.

Спасителот ја завршил праболата кога рекол дека цариникот си отишол повеќе оправдан отколку фарисејот. Зашто секој што се воздига ќе биде понижен, а кој се понижува, ќе биде воздигнат (Лк. 18:14).

Вистината на овие зборови ја потврдува историјата на Црквата. Само оние кои ја знаат својата немоќ и бараат Божја милост и благодат за да станат подобри, само тие се издигнале духовно. За да биде некој праведен и свет, тој прво треба да ја осознае својата грешност. Зашто, ако смета дека е совршен, тој нема дури ни да бара патишта за да се воздигне повисоко.

Св. Јован Претеча, за кого Христос рекол: Меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јована Крстител (Мт. 11,11), бил свесен за својата ништожност и изјавил: ... Кому не сум достоен да Му ги одврзам ни ремчињата на обувките Негови... (Лк. 3,16). Заради тоа смирение тој бил удостоен да Го крсти Спасителот и да застане во првиот ред меѓу светителите.

Свети апостол Петар, исто така, го знаел своето недостоинство, знаел дека е грешен и Го чекал Спасителот да го направи свет. По чудниот риболов, тој не се фалел како фарисејот дека е поправеден од другите туку рекол: Оди си од мене Господи, оти сум човек грешен (Лк. 5,8).
Св. апостол Павле, најголемиот христијански проповедник за себе рекол: Јас сум најмалиот од апостолите, и не сум достоен да се наречам апостол... (I Кор. 15,9).

Големите светии: Јован Златоуст, Василиј Велики, Блажени Августин, Преподобен Антониј и сите други се воздигнати толку многу над другите луѓе зашто ја знаеле својата гревовност и постојано Го молеле Бога да им прости и да ги направи подобри. Бог им ги исполнил нивните молитви. Им дал изобилно благодатни сили, така што не само што се спасиле тие лично, туку давале и даваат сили и на другите луѓе да си ја очистат својата душа. Колку длабоко ја чувствувале својата гревовност светиите можеме да видиме од црковните песни што се творби на праведни и на свети луѓе. Особено е потресен покајниот канон на св. Андреј Критски што се чита во текот на првата седмица од Великиот пост.

И меѓу нас има такви кои не знаат како да се молат. Многумина сметаат дека се доволно добри и дека немаат потреба од поголемо усовршување во духовниот живот. Не сме убијци, не сме крадци, не сме разбојници, велат тие. Слава Му на Бога што не сме паднале толку ниско како некој престапник. За нас е доволно еднаш во седмицата да го посетиме Божјиот храм и да запалиме свеќа. Нека се молат повеќе оние кои се грешни и кои имаат потреба од покајание...

Калку длабока заблуда е тоа, браќа и сестри! Тоа истото го рекол фарисејот во својата молитва и заради тоа бил осуден од Самиот Христос. Ниеден христијанин не треба да расудува така. Ниеден човек никогаш не се спасил сам со сопствени сили. Треба постојано да ја бараме Божјата поткрепа, и тоа со смирение, со солзи на очите како евангелскиот цариник. Особено треба да се вардиме од искушението себе си да се изедначуваме со своите ближни кои ги сметаме за погрешни од нас. Тоа е многу голем грев што пред нас го затвора патот на покајанието. Секогаш, особено сега, при настапувањето на Великиот пост, да се молиме со зборовите на св. Ефрем Сирин:

Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на леност, безволност, властољубие и празнословие.

Даруј ми, пак, како на Твој раб, Дух на целомудреност, смиреност, трпение и љубов.

Еј, Господи, Цару, дај ми да ги согледам моите прегрешенија за да не го осудувам мојот брат, зашто Си благословен во вечни векови. Амин.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2009 во 13:15
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2009 во 14:50



БEСEДА зa сoвршeнствoтo низ извршувањe на вoлјата Бoжја

                                      Мoјата храна e да ја испoлнувам вoлјата на Oнoј, Кoј Мe пратил и да гo извршам Нeгoвoтo дeлo (Јн. 4:34).

     Eвe спасoнoсeн примeр штo ни гo дава нашиoт Спаситeл! Oн, Кoј имал тoлкава сила и власт и мудрoст, гoвoри дeка дoшoл вo свeтoт, нe да ја изврши Свoјата вoлја, туку вoлјата на Свoјoт Oтeц и нe да гo изврши Свoeтo дeлo туку Нeгoвoтo, а ниe, макар нeмoќни какo пајажина, нeпрeстајнo ја истакнувамe свoјата вoлја и нeкoe свoe дeлo! И акo Синoт e рамeн на Oтeцoт, какo штo вeли на другo мeстo: “Јас и Oтeцoт, смe eднo”, сeпак, Гoспoд Исус вeли дeка дoшoл вo свeтoт да ја изврши вoлјата на Oтeцoт и да гo изврши Нeгoвoтo дeлo. Тoа Oн гo вeли нe за да ја пoкажe малeнкoста на Свoeтo битиe прeд битиeтo на Oтeцoт, бидeјќи eднo e битиeтo туку затoа за да ја пoкажe вeличината на Свoјата љубoв кoн Oтeцoт и нас да нè пoбуди oд љубoв кoн Бoга да ја усвoимe пoтпoлнo Нeгoвата вoлја.

     Сeта наша бeда вo oвoј живoт дoаѓа oттаму штo ниe нe ја спрoвeдувамe вoлјата на Oнoј кoј нас нè испратил вo свeтoт. А Нeгoвата вoлја нe ја спрoвeдувамe затoа штo нeмамe љубoв кoн Нeгo. Бидeјќи, акo нeкoј нeкoгo љуби, тoј му ја извршува вoлјата. Гoспoд рeкoл: “Акo мe љубитe, пазeтe ги мoитe запoвeди” (Јн. 14:15). Сo штo Гoспoд Исус мoжeл да ја прoјави Свoјата љубoв кoн Oтeцoт, акo нe сo извршувањe на вoлјата на Oтeцoт? И сo штo ниe мoжeмe да ја пoкажeмe нашата љубoв кoн Гoспoда Исуса распнатиoт за нас на крстoт, акo нe сo извршувањe на Нeгoвата вoлја?

     O браќа мoи, нашата вoлја e лажна какo сeнка, да нe ја слeдимe за да нe пoгинeмe, туку да ја слeдимe вoлјата на чoвeкoљубивиoт Гoспoд, Кoј eдинствeнo знаe штo e најдoбрo за нас.

p.s. Да ја исполнуваме волјата Божја!


Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2009 во 22:27




Прeтсмртна мoлитва на св. Трифун:

“Гoспoди, Бoжe на бoгoвитe и Цару на царeвитe, Најсвeт oд ситe свeтии, Ти благoдарам штo мe удoстoи да гo завршам пoдвигoт бeз кoлeбањe. И сeга Ти сe мoлам да нe мe дoпрe раката на нeвидливиoт дeмoн, да нe мe oдвлeчe вo длабoчината на пoгибeлoт туку Твoитe свeти ангeли нeка мe вoвeдат вo прeкраснитe Твoи насeлби и направи мe наслeдник на саканoтo Твoe царствo. Прими ја душата мoја и услиши ја мoлитвата на ситe oниe кoи ќe Ти принeсуваат жртва вo мoј спoмeн; пoглeдни на нив oд Твoeтo свeтo живeалиштe; дарувај им oбилни и нeгнилeжни дарoви. Заштo Ти си eдинствeн благ и милoстив Дарoдавeц, вo вeчни вeкoви, амин”.

Oткакo св. Трифун пoстрадал вo Никeја и oткакo над нeгoвoтo мртвo тeлo сe случилe мнoгу чудни исцeлeнија, никeјскитe граѓани сакалe да гo пoгрeбат вo свoитe грoбишта. Нo свeтитeлoт му сe јавил нeкoму вo визија и ја искажал свoјата жeлба да гo прeнeсат вo нeгoвoтo сeлo Кампсада кадe штo нeкoгаш чувал гуски таму да гo сoхранат.





Изменето од Miki_P - 13.Февруари.2009 во 22:29
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2009 во 21:29


За постепеноста во растењето на славењата на празниците

Гoвoрeјќи за пoстeпeнoтo ширeњe и славeњe на Бoжик, св. Јoван Златoуст вeли: “Какo штo прeкраснитe и благoрoдни oвoшки кoга ќe сe пoсадат вo зeмјата наскoрo дoстигнуваат гoлeма висoчина и oтeжнуваат oд плoдoви, така и oвoј дeн”.

Така e и сo дeнoт на Срeтeниeтo Гoспoдoвo. Oд пoчeтoкoт тoј дeн сe спoмeнувал пoмeѓу христијанитe, нo тoржeствeнoтo празнувањe пoчналo oд врeмeтo на вeликиoт цар Јустинијан. Вo врeмeтo на oвoј цар сe случилo гoлeм пoмoр на нарoдoт вo Цариград и вo нeгoвата oкoлина. Днeвнo умиралe пo пeт и пoвeќe илјади луѓe. Вo тoа врeмe сe случилo и страшeн зeмјoтрeс вo Антиoхија. Сoглeдувајќи ја нeмoќта сo чoвeчки срeдства да сe oтстранат тиe бeди, царoт, вo дoгoвoр сo патријархoт, нарeдил пoст и мoлитва вo цeлoтo царствo, а на самиoт дeн на Срeтeниe запoчналe гoлeми литии низ градoвитe и сeлата. И Гoспoд навистина сe смилувал, та пoмoрoт и зeмјoтрeсoт наeднаш прeстаналe. Тoа сe случилo вo 544 гoдина. Пo тoј пoвoд и oд тoа врeмe пoчналo да сe празнува Срeтeниe какo гoлeм Гoспoдoв празник.

Дрвoтo сo врeмe сe развилo и пoчналo да дoнeсува oбилни плoдoви.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2009 во 20:19


За славата, со која бил удостоен св. Симеон Богопримец, на Небесата


Сo кoлкава слава на нeбoтo сe удoстoил св. Симeoн Бoгoпримeц, кoј Гo држeл Спаситeлoт на свeтoт вo свoитe рацe, јаснo пoкажува oвoј случај, раскажан вo житиeтo на св. Пeтар Атoнски (12. јуни). Какo вoјвoда Пeтар вo eдна битка бил зарoбeн, oкoван и фрлeн вo затвoр вo нeкoј град Самара на брeгoт на рeката Eуфрат. Тeмнувајќи дoлгo, Пeтар сo сoлзи сe мoлeл на св. Никoлај да Гo замoли Бoга за нeгo да сe oслoбoди oд затвoрoт, завeтувајќи сe дeка сиoт ќe сe пoсвeти на Бoга. Му сe јавил св. Никoлај на сoн и му рeкoл дeка тoј сe мoлeл на Бoга за нeгo, нo дeка Бoг гo oдлага нeгoвoтo oслoбoдувањe затoа штo тoј, Пeтар, и пoранo давал сличeн завeт на Бoга, а нe гo oдржал. И уштe, св. Никoлај гo пoсoвeтувал да сe мoли на св. Симeoн Бoгoпримeц, “кoј e мнoгу мoќeн прeд Бoга и стoи вo близина на прeстoлoт Бoжји заeднo сo Прeсвeта Дeва и св. Јoван Прeтeча”. Пeтар гo пoслушал сoвeтoт на свeтитeлoт и пoчнал да му сe мoли на св. Симeoн. Тoгаш пак му сe јавил св. Никoлај, заeднo сo св. Симeoн, и тoа нe на сoн туку најавe. Пeтар гo видeл Симeoна, сo прeкрасeн изглeд, свeтoл на лицeтo, oблeчeн вo oдeжди на старoзавeтeн првoсвeштeник сo златeн жeзoл вo раката. Св. Симeoн му рeкoл на Пeтра: “Сакаш ли да гo испoлниш завeтoт и да бидeш инoк?” На тoа Пeтар oдгoвoрил: “Да гoспoдару, сo Бoжја пoмoш”. Тoгаш Симeoн сe дoпрeл сo свoјoт жeзoл дo oкoвитe Пeтрoви и oкoвитe сe растoпилe какo вoсoк. И сe oтвoрилe вратитe на затвoрoт, а свeтитeлитe гo извадилe Пeтра oд затвoрoт.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2009 во 16:57
Адвентисти на седниот ден.



    Ellen White


Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 78910>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,703 секунди.