IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Великиот пост
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Великиот пост

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
Автор
Порака
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Великиот пост
    Испратена: 09.Февруари.2009 во 03:12
Од вчера (недела), започнаа подготовките за Великиот Пост, па предлагам етапно да го разгледаме значењето на Великиот Пост, и подготвителните недели пред самиот пост.

Оваа недела се нарекува недела на митарот и фарисејот. На Литургија од Светото Писмо се чита параболата за митарот и фарисејот. Ајде најпрвин да разгледаме едно објаснение на евангелското четиво (најпрвин за фарисејот, а пота за митарот):

„Два човека влегоа во храмот да се помолат: едниот фарисеј, а другиот митар.

Кога застана, фарисејот вака се молеше во себе: Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе: ајдуци, несправедливи, прељубодејци, или како овој митар.“

Некои велат дека сe до моментот до кој фарисеот на некој начин општо ги осудува и карактеризира луѓето како ајдуци, несправедливи и прељубодејци,  сѐ уште не може да се препознае неговата духовна состојба. И, дека од моментот кога го осудува митарот, односно конкретниот ближен, дефинитивно се препознава неговата прелест.

Јас пак, деца, ви велам дека уште веднаш, пред да го осуди конкретно присутниот митар, препознатлива е прелеста или лажната состојба на умот или високото мислење на фарисејот за себе! Ќе ме прашате, како? Од секојдневниот опит познати ни се две причини:

Прво, ја користи подочистената енергија на својот ум, односно првата светлинка на умот, за согледување на туѓите постапки и гревови и за карактеризирање на луѓето според нив (друго е да речете дека некој прељубодејствува, а друго е да речете дека е некој прељубодеец – во првиот случај само судите, а во вториот веќе и осудувате). Фарисејот го прави потешкиот грев. Мораме да сфатиме дека првата светлина е неупотреблива за согледување на туѓите гревови, дека не ѝ е дадена таква сила или продорност или својство.

И второ, „способноста“ да ги забележуваме, судиме и осудуваме туѓите постапки и грешки ја добиваме кога првата светлина на умот (во овој случај ограничена на голо знаење) ја поврзуваме со нашите страсти. Во тој момент демонот ни ги „отвора очите“ да ги гледаме грешките на другите, како и слабостите и недостатоците на нашиот духовен отец, и нѐ прелажува да ги судиме и осудуваме. Страстите кои ги забележуваме кај другите, поврзано со процесот на судење и осудување дефиниран во нашето срце, е само знак и несоборлив доказ дека истите страсти живеат во нас, а не и дека вистински постојат во другиот што го судиме и осудуваме. Дали одредена страст постои кај оној што му судиме или го осудуваме, најчесто зависи од тоа дали пројавувањето на страста го гледаме со свои очи или само слушаме од друг за тоа пројавување. Но, и во првиот случај кога гледаме со свои очи, како што велат светите Отци, не треба да сме толку сигурни, бидејќи сѐ што гледаме, гледаме преку страстите што живеат во нас, а камоли кога само слушаме од друг. Како и да е, во моментот кога судиме, не правиме ништо друго освен што истата осуда со која ги осудуваме другите ја навлекуваме на себе и отпаѓаме од Бог.

Значи, фарисејот (и тогашен и денешен), ниту ја користи првата светлина на очистената енергија на умот за согледување на сопствените гревови и наталожената валканост, ниту го има за единствен критериум во својот духовен живот Христос Бог, Кој дојде да нѐ спаси, а не да ни суди: „оти не дојдов да му судам на светот, туку светот да го спасам!“ (Јован 12, 47).

Што вели фарисејот во својата ‘молитва’ понатаму, според евангелието? „Постам двапати во седмицата, давам десеток од сѐ што добивам.“ Што би му рекле ние денес на таквиот вообичаено во ваков случај – кој со жал, кој ладно, кој со потсмев: „Пости ти сега ако сакаш надворешно и цела седмица и ако сакаш исполнувај ги надворешно и сите останати правила и типици од Законот, ама џабе ти е; дури и на очигледна штета и пропаст своја го правиш тоа...“ А што му вели Господ на таквиот, на друго место од евангелието, Кој најдобро ја познава неговата внатрешна духовна состојба која ние сега се обидовме да ја анализираме? „Слепи фарисеју, очисти ја чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор“ (Матеј 23, 26).
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2009 во 18:01

Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2009 во 19:43
видовме каква е суетната молитва на фарисејот, која сите ние повеќе или помалку ја негуваме. Или пак, горделиви сме што сме верници, па од инстанца на поучени и попросветлени од другите, се трудиме да им бидеме учители. Ајде малку да видиме каква треба да биде вистинската молитва. Како треба да го негуваме аскетскиот плач, и какво треба да биде нашето покајание и смирение.

Следува продолжение на претходниот текст, а понатаму (додека сме сеуште во оваа недела), може ќе поставам и други толкувања, а може и ние да се вклучиме во темата, т.е. да дадеме свое мислење како ние гледаме на молитвата (фарисејската и митарската).

„А митарот стоеше оддалеку; не смееше дури ни очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: Боже, биди милостив кон мене грешниот!“

Кај митарот пак веднаш се забележува обратниот процес, исцелителниот. И тоа го забележуваме не само преку знаењето и опитот на нашиот разум и ум, туку и преку силата на евангелскиот пример кој редовно со умилението го облива нашето срце. Должни сме оваа состојба на нашето срце и ум постојано да ја одржуваме и да ја разгоруваме, до нејзините соборни размери.

Забележуваме неколку восогласени видови на покајно однесување кај митарот: ‘стоеше оддалеку’, ‘ни очите да ги подигне’, ‘се удираше в гради’ и ‘велеше’ - „Боже, биди милостив кон мене грешниот!“

Што мислите, која од овие силни и взаемно поврзани пројави на покајание најповеќе ја открива неговата духовна состојба? – Аскетскиот плач по Бог, односно големиот напор да се принуди себеси на плач, односно удирањето в гради. Тоа е истиот или сличен метод кој Отците го користеле низ вековите. Тоа е истиот или сличен метод кој го препорачува и свети Игнатиј Брјанчанинов во своите дела. И тоа е истиот или сличен метод кој и до ден денес го користат и препорачуваат непосредните и посредните ученици на светиот старец Јосиф Спилеот и многу други.

Некои велат дека ваквиот начин изгледа соблазнително. Ние би им одговориле, и со збор и со дело, дека ако Господ Христос не го оценил како соблазнителен и дека ако Тој ни го препорачува, кои сме ние да умуваме вон и над Благата Вест. Севкупниот наш подвиг на степенот на очистување на срцето од страстите Отците го означиле и го опишале како аскетски – не чувствуваме, а континуирано се принудуваме; немаме отворена поддршка на благодатта, а живееме како да ја имаме!

„Ви велам, дека тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој што се воздига, ќе биде унижен, а кој се понизува, ќе биде воздигнат“ (Лука 18, 10-14).

Секој што заради гордост и човечка слава се воздига самиот себеси и следувателно го осудува својот ближен, во истиот момент се унижува, предизвикувајќи отсуство на Божествената благодат во себе. А секој што заради заедница со Бог се понизува и осудува самиот себе и следувателно го оправдува својот ближен, ја привлекува Божјата несоздадена благодат и во истиот момент бива воздигнат од Бог.

Деца, знајте го уште ова: сите оние на коишто срцето не им е отворено за умно-срдечната молитва треба да знаат дека причината за тоа е судењето и осудувањето на ближниот, кое произлегува од нивното високото мислење за самите себе. Односно, произлегува од неправилниот подвиг или, со други зборови, произлегува директно од непослушанието и духовното самораководење.

Со усвојување на мислата „јас сум виновен за сè“ се отвора простор за молитвата на митарот: „Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот!“. Се раѓа чувството на покајание и плач и, воопшто, текот на мислите е сосема спротивен (самоосудување) од оној што следи после мислата дека другиот е виновен (осудување). Кога во своето срце ја прифаќаме и се согласуваме со помислата дека другиот е виновен, покажуваме и дека ни е туѓ подвигот на аскетската љубов. Оној што го љубиме, макар и аскетски, никогаш не е виновен.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2009 во 19:55

Убав пост! Тоа што го прави фаризејот кон митникот, денес модерните душогрижници (психијатри, психолози, психоаналитичари ...) го нарекуваат пројекција.



Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2009 во 20:04
Originally posted by spiros spiros напиша:


Убав пост! Тоа што го прави фаризејот кон митникот, денес модерните душогрижници (психијатри, психолози, психоаналитичари ...) го нарекуваат пројекција.


spiros, точно е дека денешниот свет ја губи дури и фарисејската молитва. Едноставно, го отфрла Господ и не благодари за ништо. Само граби за себе, и ужива во својата отуѓеност.

Меѓутоа, јас повеќе мислев на фарисејската молитва што се крие во нас. Зошто, еве, ние сме тие кои се декларираме како верници (нели?), а како такви би требало да ја имаме покајната молитва на митарот.

Колку е искрен нашиот однос со Бога? Колку сме лицемерни пред Него, или, колку го имаме усвоено синовскиот однос (за тоа повеќе наредната недела, кога ќе зборуваме за блудниот син).
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2009 во 23:13
Originally posted by makarios makarios напиша:


spiros, точно е дека денешниот свет ја губи дури и фарисејската молитва. Едноставно, го отфрла Господ и не благодари за ништо. Само граби за себе, и ужива во својата отуѓеност.Меѓутоа, јас повеќе мислев на фарисејската молитва што се крие во нас. Зошто, еве, ние сме тие кои се декларираме како верници (нели?), а како такви би требало да ја имаме покајната молитва на митарот.Колку е искрен нашиот однос со Бога? Колку сме лицемерни пред Него, или, колку го имаме усвоено синовскиот однос (за тоа повеќе наредната недела, кога ќе зборуваме за блудниот син).


Така е макариос! Така!

Се радувам на наредната недела.

Господ сака најискрено да се покаеме за лажната гордост и грев, понижно и праведно да живееме и да ја прифатиме Неговата ЉУБОВ (ХРИСТОС)!
Тој засигурно несака буквално да се казнуваме самите, удираме со тапаници, сецкаме по кожата, тепаме со синџири, ...!

Има некои луѓе што неможејќи да ја прифатат Неговата Милост (незаслужена добрина) се изгубуваат во самоизмачување, депресии, мазохизам, ... и со тоа ја изопачуваат, ја прават тажна РАДОСТНАТА ВЕСТ!

Така?



Изменето од spiros - 10.Февруари.2009 во 23:23
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2009 во 19:55
Уште една статија поврзана со Неделата на митарот и фарисејот:

Оваа недела се нарекува „Недела на митарот и фарисејот”. Во пресрет на тој ден, на вечерната во саботата, за прв пат се отвора Посниот триод, книгата со великопосни богослужби и кон вообичаените воскресни стихири и канони се придодаваат и стихирите и каноните од Неделата на митарот и фарисејот. Во нив се нагласува смирението, како нешто што е неопходно за вистинско покајание.

Во делот од Евангелието што се чита (Лк.18, 10-14), е прикажан човек којшто е задоволен со себеси, затоа што смета дека го исполнува „целиот закон”, сите барања на својата вера. Тој е самоуверен и горд, а всушност ја искривува и не ја разбира смислата на барањата на верата. Тој во нив гледа само исполнување на надворешните обреди и своето благочестие го мери врз основа на она што го приложува во храмот. А што се однесува до цариникот, тој беше понизен и неговата смиреност најде оправдание пред Бога. Ако денес некој морален квалитет речиси потполно се омаловажува, тоа е смирението.
 
Културата во којашто живееме го всадува во нас чувството на гордост, самофалба и величање на сопствената праведност. Таа е изградена врз претпоставката дека човекот може сè да постигне сам, па дури и Бога Го претставува како некој што наградува, за да му плати на човекот за неговите достигнувања и добри дела. На смирението, личното или општото, етничко или национално, се гледа како на слабост недостојна за денешниот човек. Но зарем во нашите црковни заедници го нема тој фарисејски дух? Зарем не сакаме и ние, секој наш прилог, секое „добро дело” што го правиме „за Црквата”, да биде признаено, пофалено и објавено?

Но, што е смиреност? Одговорот на ова прашање може да изгледа парадоксален, затоа што е вкоренет во чудното тврдење: Само Бог е смирен. Меѓутоа, на секој што Го знае Бога, на секој што Го созерцува Него во Неговите созданија и во Неговите спасителни дела, му е јасно дека смирението навистина е божествена особина, содржина и зрачење на славата којашто, како што пееме на Божествената литургија, ги исполнува небото и земјата. Во нашето човечко сфаќање, ние сме склони да ги спротивставуваме славата и смирението, и на смирението да гледаме како на недостаток и слабост. Според човечкото разбирање, само нашата неспособност и отсуството на знаење можат во нас да предизвикаат чувство на смирение. На современиот човек, воспитан да се потпира на јавното мислење, на самоувереноста и на бесконечната самофалба, е речиси невозможно да му се објасни тоа што по порирода е совршено, прекрасно и добро, а во исто време по природа смирено. А токму поради неговото совршенство, на смирението не му е потребен „публицитет”, надворешна слава и пропаганда од каков било вид.

п.с. Следува продолжение од статијата.

п.п.с. Оваа тема ја замислувам како место за дискусија, за да се поучиме како треба да се подготвуваме за Великиот Пост, а и како да се однесуваме за време на самиот пост. Во недостаток на дискутанти (освен спирос), излегува дека постирам само статии. Откако ќе го постирам и вториот дел од статијата, ќе дадам и свое мислење за значењето на оваа недела.


Изменето од makarios - 12.Февруари.2009 во 19:58
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2009 во 20:48
Originally posted by makarios makarios напиша:

Уште една статија....
п.с. Следува продолжение од статијата...
Во недостаток на дискутанти (освен спирос), излегува дека постирам само статии..
Откако ќе го постирам и вториот дел од статијата...
 
А да не го замараш ти форумов непотребно со твоите статии и да ни дадеш линк од целата статија или пак да ни посочиш од која книга ни ги цитираш статиите, па фино лепо кој сака да си прочита таму, а форумов да го оставиме за оние кои сакаат да дискутираат? среќа
Каква дискусија очекуваш на една ваква БЛОГ-тема (како и сите останати православни теми), на која нема ни прашање за дискусија, туку едноставно истата се злоупотребува за православна пропаганда со копи-пејстирање на некакви си статии.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2009 во 20:50
ili so pouki od Svetite Otci
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2009 во 20:51
Originally posted by Pentakostalec Pentakostalec напиша:

ili so pouki od Svetite Otci


Ако тебе ти сметаат поуките не ги читај. Мене ми се убави и сакам да ги читам. Кому не му се допаѓа, не мора да ги чита,никој со сила не е теран да ги чита.
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2009 во 20:55
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

Originally posted by Pentakostalec Pentakostalec напиша:

ili so pouki od Svetite Otci


Ако тебе ти сметаат поуките не ги читај. Мене ми се убави и сакам да ги читам. Кому не му се допаѓа, не мора да ги чита,никој со сила не е теран да ги чита.

Epa togas ti si gledas samiot za sebe koga kje prinesete pouki od Sveti Otci koj nosat pravoslvna doktrina samo vie kje si gi citate a ako prinesuvate pouki od Bog Isus so zadolstvo bi citale site zosto site veruvaat vo nego i negoviot zbor.
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2009 во 20:58
Originally posted by Pentakostalec Pentakostalec напиша:

Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

Originally posted by Pentakostalec Pentakostalec напиша:

ili so pouki od Svetite Otci


Ако тебе ти сметаат поуките не ги читај. Мене ми се убави и сакам да ги читам. Кому не му се допаѓа, не мора да ги чита,никој со сила не е теран да ги чита.

Epa togas ti si gledas samiot za sebe koga kje prinesete pouki od Sveti Otci koj nosat pravoslvna doktrina samo vie kje si gi citate a ako prinesuvate pouki od Bog Isus so zadolstvo bi citale site zosto site veruvaat vo nego i negoviot zbor.


Како што реков никој никого не тера да чита или не чита нешто. Никаде не стои ова е само за православни, ова е само за муслимани и сл. Напротив, јас ги читам и муслиманските теми. Ако ти сметаш дека тие поуки се индоктринација, не ги читај. Остави некој што сака да ги чита, слободно да ги чита и да се поучува.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2009 во 21:24
Молитвата на фарисејот е својствена на луѓе кои се опрелестени, и ги негуваат своите страсти. Лесно е да се откажеме од страстите на среброљубие и сластољубие на пример, но страста на славољубие останува непремостива пречка за нормален духовен живот.

Веќе зборувавме, но во склад со ова Евангелско четиво, пак ќе повторам што велат Светите Отци на Црквата. Без очистено срце од страсти (тоа подразбира и славољубие) - нема вистинска молитва, а со тоа сеуште го немаме спознаено внатрешниот човек - што значи, сеуште немаме започнато вистински духовен живот.

Ние можеме да ги знаеме сите знаци, и сите форми, и сите теософии (богомудрија) наизуст, но имаме ли горделиви помисли - сето тоа ни паѓа во вода.

Горделивиот ум секогаш е гладен за суетни помисли, и централната мисла секогаш е себенасочена. Во тој поглед, нормално е како критериум - не да го има Христос - туку критериумот е споредба со некој сличен или подолен од нас. Преку другите тој гледа колку духовно „напреднал“. Па, за да видиме дека сме „напреднале“, другите мора да ги гледаме како подолни (не сфаќајќи дека страстите што ги гледаме кај другите се всушност нашите непреобразени страсти). А пак, гледајќи ги другите како подолни, логичка следственост е да почнеме и да ги осудуваме.

И така, во Црквата гледаме дека некој епископ е таков или онаков - наместо во лицето на епископот да го гледаме Христос; гледаме кој се причестил на Литургијата, а кој не - наместо со аскетскиот плач на митарот да плачеме за нашата недостојност пред Телото и Крвта Христови!; потпрашуваме за некој кој направил јавен грев (не постел, се скарал со својот ближен, прељубодејствувал и сл.) - притоа не молејќи се најпрвин за себе - сметајќи се повеќе грешни, а потоа и за оној кој згрешил - не заради осуда, туку од љубов; а во потешките случаи негодуваме пред својот духовен отец (дури и му противречиме и го напуштаме!), наместо да се смириме пред него и да му бидеме послушни...

Така, страстите се собираат во нас, ние на почетокот стекнатата благодат ја злоупотребуваме за други работи, не бдееме над своите помисли, не си го очистуваме срцето - и еден ден стануваме стари и сенилни луѓе, кои наместо да почнат да се каат затоа што деновите од животот им привршуваат - тие пак тонат во страсти, односно кукаат дека животот е тежок, дека нешто ги боли, бараат внимание од други (демек насобрале години и мудрост). Полоша варијанта од ова е ненадејната смрт (а поради тоа треба уште повеќе постојано да живееме во покајание).


Изменето од makarios - 12.Февруари.2009 во 21:32
Кон врв
Ross Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 12.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ross Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2009 во 21:29
Samo vie ste ovde ajde da ve prasam nesto, sto e daleku od temava, no e vi bidam blagodarna ako mi odgovorite..
Dali ima razliki pomegu terminite Histov sledbenik i vernik?
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.