Испечати | Затвори го прозорот

Великиот пост

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=17868
Датум на принтање: 16.Мај.2024 во 08:25
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Великиот пост
Постирано од: makarios
Наслов: Великиот пост
Датум на внесување: 09.Февруари.2009 во 03:12
Од вчера (недела), започнаа подготовките за Великиот Пост, па предлагам етапно да го разгледаме значењето на Великиот Пост, и подготвителните недели пред самиот пост.

Оваа недела се нарекува недела на митарот и фарисејот. На Литургија од Светото Писмо се чита параболата за митарот и фарисејот. Ајде најпрвин да разгледаме едно објаснение на евангелското четиво (најпрвин за фарисејот, а пота за митарот):

„Два човека влегоа во храмот да се помолат: едниот фарисеј, а другиот митар.

Кога застана, фарисејот вака се молеше во себе: Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе: ајдуци, несправедливи, прељубодејци, или како овој митар.“

Некои велат дека сe до моментот до кој фарисеот на некој начин општо ги осудува и карактеризира луѓето како ајдуци, несправедливи и прељубодејци,  сѐ уште не може да се препознае неговата духовна состојба. И, дека од моментот кога го осудува митарот, односно конкретниот ближен, дефинитивно се препознава неговата прелест.

Јас пак, деца, ви велам дека уште веднаш, пред да го осуди конкретно присутниот митар, препознатлива е прелеста или лажната состојба на умот или високото мислење на фарисејот за себе! Ќе ме прашате, како? Од секојдневниот опит познати ни се две причини:

Прво, ја користи подочистената енергија на својот ум, односно првата светлинка на умот, за согледување на туѓите постапки и гревови и за карактеризирање на луѓето според нив (друго е да речете дека некој прељубодејствува, а друго е да речете дека е некој прељубодеец – во првиот случај само судите, а во вториот веќе и осудувате). Фарисејот го прави потешкиот грев. Мораме да сфатиме дека првата светлина е неупотреблива за согледување на туѓите гревови, дека не ѝ е дадена таква сила или продорност или својство.

И второ, „способноста“ да ги забележуваме, судиме и осудуваме туѓите постапки и грешки ја добиваме кога првата светлина на умот (во овој случај ограничена на голо знаење) ја поврзуваме со нашите страсти. Во тој момент демонот ни ги „отвора очите“ да ги гледаме грешките на другите, како и слабостите и недостатоците на нашиот духовен отец, и нѐ прелажува да ги судиме и осудуваме. Страстите кои ги забележуваме кај другите, поврзано со процесот на судење и осудување дефиниран во нашето срце, е само знак и несоборлив доказ дека истите страсти живеат во нас, а не и дека вистински постојат во другиот што го судиме и осудуваме. Дали одредена страст постои кај оној што му судиме или го осудуваме, најчесто зависи од тоа дали пројавувањето на страста го гледаме со свои очи или само слушаме од друг за тоа пројавување. Но, и во првиот случај кога гледаме со свои очи, како што велат светите Отци, не треба да сме толку сигурни, бидејќи сѐ што гледаме, гледаме преку страстите што живеат во нас, а камоли кога само слушаме од друг. Како и да е, во моментот кога судиме, не правиме ништо друго освен што истата осуда со која ги осудуваме другите ја навлекуваме на себе и отпаѓаме од Бог.

Значи, фарисејот (и тогашен и денешен), ниту ја користи првата светлина на очистената енергија на умот за согледување на сопствените гревови и наталожената валканост, ниту го има за единствен критериум во својот духовен живот Христос Бог, Кој дојде да нѐ спаси, а не да ни суди: „оти не дојдов да му судам на светот, туку светот да го спасам!“ (Јован 12, 47).

Што вели фарисејот во својата ‘молитва’ понатаму, според евангелието? „Постам двапати во седмицата, давам десеток од сѐ што добивам.“ Што би му рекле ние денес на таквиот вообичаено во ваков случај – кој со жал, кој ладно, кој со потсмев: „Пости ти сега ако сакаш надворешно и цела седмица и ако сакаш исполнувај ги надворешно и сите останати правила и типици од Законот, ама џабе ти е; дури и на очигледна штета и пропаст своја го правиш тоа...“ А што му вели Господ на таквиот, на друго место од евангелието, Кој најдобро ја познава неговата внатрешна духовна состојба која ние сега се обидовме да ја анализираме? „Слепи фарисеју, очисти ја чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор“ (Матеј 23, 26).



Коментари:
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 10.Февруари.2009 во 18:01



Постирано од: makarios
Датум на внесување: 10.Февруари.2009 во 19:43
видовме каква е суетната молитва на фарисејот, која сите ние повеќе или помалку ја негуваме. Или пак, горделиви сме што сме верници, па од инстанца на поучени и попросветлени од другите, се трудиме да им бидеме учители. Ајде малку да видиме каква треба да биде вистинската молитва. Како треба да го негуваме аскетскиот плач, и какво треба да биде нашето покајание и смирение.

Следува продолжение на претходниот текст, а понатаму (додека сме сеуште во оваа недела), може ќе поставам и други толкувања, а може и ние да се вклучиме во темата, т.е. да дадеме свое мислење како ние гледаме на молитвата (фарисејската и митарската).

„А митарот стоеше оддалеку; не смееше дури ни очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: Боже, биди милостив кон мене грешниот!“

Кај митарот пак веднаш се забележува обратниот процес, исцелителниот. И тоа го забележуваме не само преку знаењето и опитот на нашиот разум и ум, туку и преку силата на евангелскиот пример кој редовно со умилението го облива нашето срце. Должни сме оваа состојба на нашето срце и ум постојано да ја одржуваме и да ја разгоруваме, до нејзините соборни размери.

Забележуваме неколку восогласени видови на покајно однесување кај митарот: ‘стоеше оддалеку’, ‘ни очите да ги подигне’, ‘се удираше в гради’ и ‘велеше’ - „Боже, биди милостив кон мене грешниот!“

Што мислите, која од овие силни и взаемно поврзани пројави на покајание најповеќе ја открива неговата духовна состојба? – Аскетскиот плач по Бог, односно големиот напор да се принуди себеси на плач, односно удирањето в гради. Тоа е истиот или сличен метод кој Отците го користеле низ вековите. Тоа е истиот или сличен метод кој го препорачува и свети Игнатиј Брјанчанинов во своите дела. И тоа е истиот или сличен метод кој и до ден денес го користат и препорачуваат непосредните и посредните ученици на светиот старец Јосиф Спилеот и многу други.

Некои велат дека ваквиот начин изгледа соблазнително. Ние би им одговориле, и со збор и со дело, дека ако Господ Христос не го оценил како соблазнителен и дека ако Тој ни го препорачува, кои сме ние да умуваме вон и над Благата Вест. Севкупниот наш подвиг на степенот на очистување на срцето од страстите Отците го означиле и го опишале како аскетски – не чувствуваме, а континуирано се принудуваме; немаме отворена поддршка на благодатта, а живееме како да ја имаме!

„Ви велам, дека тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој што се воздига, ќе биде унижен, а кој се понизува, ќе биде воздигнат“ (Лука 18, 10-14).

Секој што заради гордост и човечка слава се воздига самиот себеси и следувателно го осудува својот ближен, во истиот момент се унижува, предизвикувајќи отсуство на Божествената благодат во себе. А секој што заради заедница со Бог се понизува и осудува самиот себе и следувателно го оправдува својот ближен, ја привлекува Божјата несоздадена благодат и во истиот момент бива воздигнат од Бог.

Деца, знајте го уште ова: сите оние на коишто срцето не им е отворено за умно-срдечната молитва треба да знаат дека причината за тоа е судењето и осудувањето на ближниот, кое произлегува од нивното високото мислење за самите себе. Односно, произлегува од неправилниот подвиг или, со други зборови, произлегува директно од непослушанието и духовното самораководење.

Со усвојување на мислата „јас сум виновен за сè“ се отвора простор за молитвата на митарот: „Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот!“. Се раѓа чувството на покајание и плач и, воопшто, текот на мислите е сосема спротивен (самоосудување) од оној што следи после мислата дека другиот е виновен (осудување). Кога во своето срце ја прифаќаме и се согласуваме со помислата дека другиот е виновен, покажуваме и дека ни е туѓ подвигот на аскетската љубов. Оној што го љубиме, макар и аскетски, никогаш не е виновен.


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 10.Февруари.2009 во 19:55

Убав пост! Тоа што го прави фаризејот кон митникот, денес модерните душогрижници (психијатри, психолози, психоаналитичари ...) го нарекуваат пројекција.





-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: makarios
Датум на внесување: 10.Февруари.2009 во 20:04
Originally posted by spiros spiros напиша:


Убав пост! Тоа што го прави фаризејот кон митникот, денес модерните душогрижници (психијатри, психолози, психоаналитичари ...) го нарекуваат пројекција.


spiros, точно е дека денешниот свет ја губи дури и фарисејската молитва. Едноставно, го отфрла Господ и не благодари за ништо. Само граби за себе, и ужива во својата отуѓеност.

Меѓутоа, јас повеќе мислев на фарисејската молитва што се крие во нас. Зошто, еве, ние сме тие кои се декларираме како верници (нели?), а како такви би требало да ја имаме покајната молитва на митарот.

Колку е искрен нашиот однос со Бога? Колку сме лицемерни пред Него, или, колку го имаме усвоено синовскиот однос (за тоа повеќе наредната недела, кога ќе зборуваме за блудниот син).


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 10.Февруари.2009 во 23:13
Originally posted by makarios makarios напиша:


spiros, точно е дека денешниот свет ја губи дури и фарисејската молитва. Едноставно, го отфрла Господ и не благодари за ништо. Само граби за себе, и ужива во својата отуѓеност.Меѓутоа, јас повеќе мислев на фарисејската молитва што се крие во нас. Зошто, еве, ние сме тие кои се декларираме како верници (нели?), а како такви би требало да ја имаме покајната молитва на митарот.Колку е искрен нашиот однос со Бога? Колку сме лицемерни пред Него, или, колку го имаме усвоено синовскиот однос (за тоа повеќе наредната недела, кога ќе зборуваме за блудниот син).


Така е макариос! Така!

Се радувам на наредната недела.

Господ сака најискрено да се покаеме за лажната гордост и грев, понижно и праведно да живееме и да ја прифатиме Неговата ЉУБОВ (ХРИСТОС)!
Тој засигурно несака буквално да се казнуваме самите, удираме со тапаници, сецкаме по кожата, тепаме со синџири, ...!

Има некои луѓе што неможејќи да ја прифатат Неговата Милост (незаслужена добрина) се изгубуваат во самоизмачување, депресии, мазохизам, ... и со тоа ја изопачуваат, ја прават тажна РАДОСТНАТА ВЕСТ!

Така?



-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: makarios
Датум на внесување: 12.Февруари.2009 во 19:55
Уште една статија поврзана со Неделата на митарот и фарисејот:

Оваа недела се нарекува „Недела на митарот и фарисејот”. Во пресрет на тој ден, на вечерната во саботата, за прв пат се отвора Посниот триод, книгата со великопосни богослужби и кон вообичаените воскресни стихири и канони се придодаваат и стихирите и каноните од Неделата на митарот и фарисејот. Во нив се нагласува смирението, како нешто што е неопходно за вистинско покајание.

Во делот од Евангелието што се чита (Лк.18, 10-14), е прикажан човек којшто е задоволен со себеси, затоа што смета дека го исполнува „целиот закон”, сите барања на својата вера. Тој е самоуверен и горд, а всушност ја искривува и не ја разбира смислата на барањата на верата. Тој во нив гледа само исполнување на надворешните обреди и своето благочестие го мери врз основа на она што го приложува во храмот. А што се однесува до цариникот, тој беше понизен и неговата смиреност најде оправдание пред Бога. Ако денес некој морален квалитет речиси потполно се омаловажува, тоа е смирението.
 
Културата во којашто живееме го всадува во нас чувството на гордост, самофалба и величање на сопствената праведност. Таа е изградена врз претпоставката дека човекот може сè да постигне сам, па дури и Бога Го претставува како некој што наградува, за да му плати на човекот за неговите достигнувања и добри дела. На смирението, личното или општото, етничко или национално, се гледа како на слабост недостојна за денешниот човек. Но зарем во нашите црковни заедници го нема тој фарисејски дух? Зарем не сакаме и ние, секој наш прилог, секое „добро дело” што го правиме „за Црквата”, да биде признаено, пофалено и објавено?

Но, што е смиреност? Одговорот на ова прашање може да изгледа парадоксален, затоа што е вкоренет во чудното тврдење: Само Бог е смирен. Меѓутоа, на секој што Го знае Бога, на секој што Го созерцува Него во Неговите созданија и во Неговите спасителни дела, му е јасно дека смирението навистина е божествена особина, содржина и зрачење на славата којашто, како што пееме на Божествената литургија, ги исполнува небото и земјата. Во нашето човечко сфаќање, ние сме склони да ги спротивставуваме славата и смирението, и на смирението да гледаме како на недостаток и слабост. Според човечкото разбирање, само нашата неспособност и отсуството на знаење можат во нас да предизвикаат чувство на смирение. На современиот човек, воспитан да се потпира на јавното мислење, на самоувереноста и на бесконечната самофалба, е речиси невозможно да му се објасни тоа што по порирода е совршено, прекрасно и добро, а во исто време по природа смирено. А токму поради неговото совршенство, на смирението не му е потребен „публицитет”, надворешна слава и пропаганда од каков било вид.

п.с. Следува продолжение од статијата.

п.п.с. Оваа тема ја замислувам како место за дискусија, за да се поучиме како треба да се подготвуваме за Великиот Пост, а и како да се однесуваме за време на самиот пост. Во недостаток на дискутанти (освен спирос), излегува дека постирам само статии. Откако ќе го постирам и вториот дел од статијата, ќе дадам и свое мислење за значењето на оваа недела.


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 12.Февруари.2009 во 20:48
Originally posted by makarios makarios напиша:

Уште една статија....
п.с. Следува продолжение од статијата...
Во недостаток на дискутанти (освен спирос), излегува дека постирам само статии..
Откако ќе го постирам и вториот дел од статијата...
 
А да не го замараш ти форумов непотребно со твоите статии и да ни дадеш линк од целата статија или пак да ни посочиш од која книга ни ги цитираш статиите, па фино лепо кој сака да си прочита таму, а форумов да го оставиме за оние кои сакаат да дискутираат? среќа
Каква дискусија очекуваш на една ваква БЛОГ-тема (како и сите останати православни теми), на која нема ни прашање за дискусија, туку едноставно истата се злоупотребува за православна пропаганда со копи-пејстирање на некакви си статии.


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Pentakostalec
Датум на внесување: 12.Февруари.2009 во 20:50
ili so pouki od Svetite Otci

-------------
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 12.Февруари.2009 во 20:51
Originally posted by Pentakostalec Pentakostalec напиша:

ili so pouki od Svetite Otci


Ако тебе ти сметаат поуките не ги читај. Мене ми се убави и сакам да ги читам. Кому не му се допаѓа, не мора да ги чита,никој со сила не е теран да ги чита.

-------------


Постирано од: Pentakostalec
Датум на внесување: 12.Февруари.2009 во 20:55
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

Originally posted by Pentakostalec Pentakostalec напиша:

ili so pouki od Svetite Otci


Ако тебе ти сметаат поуките не ги читај. Мене ми се убави и сакам да ги читам. Кому не му се допаѓа, не мора да ги чита,никој со сила не е теран да ги чита.

Epa togas ti si gledas samiot za sebe koga kje prinesete pouki od Sveti Otci koj nosat pravoslvna doktrina samo vie kje si gi citate a ako prinesuvate pouki od Bog Isus so zadolstvo bi citale site zosto site veruvaat vo nego i negoviot zbor.

-------------
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 12.Февруари.2009 во 20:58
Originally posted by Pentakostalec Pentakostalec напиша:

Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

Originally posted by Pentakostalec Pentakostalec напиша:

ili so pouki od Svetite Otci


Ако тебе ти сметаат поуките не ги читај. Мене ми се убави и сакам да ги читам. Кому не му се допаѓа, не мора да ги чита,никој со сила не е теран да ги чита.

Epa togas ti si gledas samiot za sebe koga kje prinesete pouki od Sveti Otci koj nosat pravoslvna doktrina samo vie kje si gi citate a ako prinesuvate pouki od Bog Isus so zadolstvo bi citale site zosto site veruvaat vo nego i negoviot zbor.


Како што реков никој никого не тера да чита или не чита нешто. Никаде не стои ова е само за православни, ова е само за муслимани и сл. Напротив, јас ги читам и муслиманските теми. Ако ти сметаш дека тие поуки се индоктринација, не ги читај. Остави некој што сака да ги чита, слободно да ги чита и да се поучува.

-------------


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 12.Февруари.2009 во 21:24
Молитвата на фарисејот е својствена на луѓе кои се опрелестени, и ги негуваат своите страсти. Лесно е да се откажеме од страстите на среброљубие и сластољубие на пример, но страста на славољубие останува непремостива пречка за нормален духовен живот.

Веќе зборувавме, но во склад со ова Евангелско четиво, пак ќе повторам што велат Светите Отци на Црквата. Без очистено срце од страсти (тоа подразбира и славољубие) - нема вистинска молитва, а со тоа сеуште го немаме спознаено внатрешниот човек - што значи, сеуште немаме започнато вистински духовен живот.

Ние можеме да ги знаеме сите знаци, и сите форми, и сите теософии (богомудрија) наизуст, но имаме ли горделиви помисли - сето тоа ни паѓа во вода.

Горделивиот ум секогаш е гладен за суетни помисли, и централната мисла секогаш е себенасочена. Во тој поглед, нормално е како критериум - не да го има Христос - туку критериумот е споредба со некој сличен или подолен од нас. Преку другите тој гледа колку духовно „напреднал“. Па, за да видиме дека сме „напреднале“, другите мора да ги гледаме како подолни (не сфаќајќи дека страстите што ги гледаме кај другите се всушност нашите непреобразени страсти). А пак, гледајќи ги другите како подолни, логичка следственост е да почнеме и да ги осудуваме.

И така, во Црквата гледаме дека некој епископ е таков или онаков - наместо во лицето на епископот да го гледаме Христос; гледаме кој се причестил на Литургијата, а кој не - наместо со аскетскиот плач на митарот да плачеме за нашата недостојност пред Телото и Крвта Христови!; потпрашуваме за некој кој направил јавен грев (не постел, се скарал со својот ближен, прељубодејствувал и сл.) - притоа не молејќи се најпрвин за себе - сметајќи се повеќе грешни, а потоа и за оној кој згрешил - не заради осуда, туку од љубов; а во потешките случаи негодуваме пред својот духовен отец (дури и му противречиме и го напуштаме!), наместо да се смириме пред него и да му бидеме послушни...

Така, страстите се собираат во нас, ние на почетокот стекнатата благодат ја злоупотребуваме за други работи, не бдееме над своите помисли, не си го очистуваме срцето - и еден ден стануваме стари и сенилни луѓе, кои наместо да почнат да се каат затоа што деновите од животот им привршуваат - тие пак тонат во страсти, односно кукаат дека животот е тежок, дека нешто ги боли, бараат внимание од други (демек насобрале години и мудрост). Полоша варијанта од ова е ненадејната смрт (а поради тоа треба уште повеќе постојано да живееме во покајание).


Постирано од: Ross
Датум на внесување: 12.Февруари.2009 во 21:29
Samo vie ste ovde ajde da ve prasam nesto, sto e daleku od temava, no e vi bidam blagodarna ako mi odgovorite..
Dali ima razliki pomegu terminite Histov sledbenik i vernik?


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 12.Февруари.2009 во 21:41

Ross, ќе ти одговорам на темата Општо и Неврзано, бидејќи оваа БЛОГ-тема е посветена за православниот ткн. "велик пост".



-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 12.Февруари.2009 во 21:46
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Ross, ќе ти одговорам на темата Општо и Неврзано, бидејќи оваа БЛОГ-тема е посветена за православниот ткн. "велик пост".



Братче, те замолувам да престанеш да се потсмеваш на православието, и да ја нарекуваш темата - блог тема. Последното што го напишав е мој коментар, а ако не знаеш да напишеш ништо во врска за покајничкиот плач или пак за горделивата „молитва“ - тоа не значи дека темата се претвара во блогерска. Јас на неколку наврати повикав да дискутираме сите.

Доликува ли на христијанин да се потсмева на другите? Та нели сега зборуваме за молитвата на фарисејот! Да не дозволиме да не совладаат фарисејските молитви, та да ги исмеваме другите.

Рос, кажи ми што поконкретно те интересира?


Постирано од: Pentakostalec
Датум на внесување: 13.Февруари.2009 во 08:02
Jas Licno za postovite ne gledam nisto loso dokolku postis denes primer samo bez jadeje a mozes da pies voda ili obratno ili slicno ne gledam loso dokolku e za bozja slava bas super pak toj sto kje posti taka saka da mu ugodi na Bog taka da ne e vazno kako kje postis dali bez odredena hrana ili pak nema nisto da jades ne gledam tuka nisto sporno bas moze i taka i kje e za golema slava na Bog i taka da postis.

-------------
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 13.Февруари.2009 во 10:57
Втор дел од статијата:

Бог е смирен затоа што е совршен. Неговата смиреност е Негова слава и извор на секоја вистинска убавина, совршенство и добрина, и секој што Му се приближува и што Го запознава Бога, се приопштува кон божественото смирение и убавина. Имено, благодарејќи му на своето смирение Дева Марија, Мајката Божја, стана радост за сиот свет, најголемо откровение на убавината на Земјата, а тоа може да се каже и за светиите и за секој човек, за време на неговите ретки блискости и заедништво со Бога.
Како човекот да стане смирен? За христијанинот, одговорот е прост: со созерцанието на Христа, воплотеното божествено смирение, на Оној во Којшто Бог ја покажал, сега и засекогаш, сета Своја слава во смирение и сето Свое смирение во слава. Сега – рече Христос на денот на Своето најголемо смирение – се прослави Синот човечки и Бог се прослави во Него (Јн. 13,31). Смиреноста се учи со созерцување на Христа Кој рече: Поучете се од мене бидејќи, сум кроток и смирен по срце (Мт. 11,29). На крајот од краиштата, смирението се учи кога секој свој збор, секоја своја постапка и сиот свој живот го споредуваме со Христа, затоа што без Него е невозможна вистинската смиреност, додека со фарисејот дури и верата станува гордост и во своето фарисејско славољубие тој се гордее со своите човечки, надворешни достигнувања.
Подготовката за постот почнува со прозба, со молитва за добивање на смирение, затоа што смирението е почеток на вистинското покајание. А покајанието е пред сè и над сè, враќање кон вистинскиот поредок на нештата, кон вистинските поимања. Тоа е вкоренето во смирението, а божественото и прекрасно смирение е негов плод и негов крај. Да го избегнеме високоумниот говор на фарисејот – се вели во кондакот на тој ден – и да се научиме на величественоста на смирените зборови на митарот...
Ние сме на вратите на покајанието, во најторжествениот момент на воскресното бдение, по воскресението и јавувањето Христово, и откако го „видовме воскресението”, за прв пат ги пееме тропарите коишто ќе не спроведуваат во текот на целиот Велики пост:
Отвори ми ги дверите на покајанието Животодавче, Оти мојата душа уште од утрини се стреми кон Твојот свет храм носејќи го телесниот храм сиот осквернет: но како штедар, очисти ме со милосрдието на Твојата милост.
На патот на спасението води ме, Богродице, зашто со срамни гревови ја извалкав душата и во мрзливост сиот живот го минав: но со Твоите молитви избави ме од секоја нечистотија.
Размислувајќи за мноштвото злодела што ги сторив јас бедниот, треперам заради страшниот ден на Судот: но надевајќи се на милосрдието на милоста Твоја, како Давид Ти повикувам Смилувај се на мене Боже по твојата голема милост.


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 14.Февруари.2009 во 09:28
Originally posted by makarios makarios напиша:




... Па, за да видиме дека сме „напреднале“, другите мора да ги гледаме како подолни (не сфаќајќи дека страстите што ги гледаме кај другите се всушност нашите непреобразени страсти). ...



Убави статии, макариос!

Ете баш за оваа (горе болдирана) работа пишав погоре во мојот прв пост, дека модерните душогрижници (психолози, психоаналитичари, психијатри, ...) ја нарекуваат пројекција и која е причината за многу конфликти.

Поради гордоста, како индивидуата така и колективите постојано ги пројицираат свои несвестни гревови врз другите и неретко доаѓа до губење на мирот и заоштрување на меѓучовечки, меѓупартиски, меѓунационални, меѓуконфесионални, ... односи со катастрофален размер, што сёповеќе и повеќе нё оддалечува од Царството на Совршеноста!


Пред неколку години - преку Mилоста БОЖЈА - ми се отвори да видам дека несум ништо подобар од ниедна негативна личност што е опишана во Евангелиските списи и со тоа се случи едно приближување до СОВРШЕНАТА ВИСТИНА (до ХРИСТА).

Денес сум повеќе од сигурен дека на овој свет ретко некој (ако воопшто) е погрешен од мене!
Ова не го викам како флоска или фраза туку со потполна сигурност дека е тоа така.


Неможам да се изначудам дека Исус Христос за вакви луѓе како мене Го дал својот живот, како би им ги додирнал нивните проклетоскаменети срца и би ги преобразил!

Кога ќе размислам за мојот грешен живот и кога јас би бил Господ - превентивно за да ги заштитам другите луѓе и створенија - ваквите како мене воопшто не би дозволил да се родат. Но и самото вакво мое држење и гледање на светот, ми открива дека сёуште сум многу далеку од СОВРШЕНАТА БОЖЈА МИЛОСТ и МУДРОСТ!

Единственото добро кај мене
и мојата единствена среќа и надеж е МИЛОСТА БОЖЈА (ХРИСТОС) !




БОГ да ги благослови сите луѓе и уште повеќе да ни ги отвори очите за Совршената Вистина!




АМИН




-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 14.Февруари.2009 во 16:29


Леле Спирос човеку........

Како успеваш вака да размислуваш??????


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 14.Февруари.2009 во 17:13
Originally posted by spiros spiros напиша:


Денес сум повеќе од сигурен дека на овој свет ретко некој (ако воопшто) е погрешен од мене!
Ова не го викам како флоска или фраза туку со потполна сигурност дека е тоа така.



Братче, јас сум ти конк*ренција. голема%20насмевка


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 15.Февруари.2009 во 02:35
Малку и за аскетскиот плач на митарот...

Процесот на исцеление на нашата душа е процес на очистување на срцето од страстите. Тој процес подразбира отфрлање на секоја демонска помисла, преобразба на нашиот ум и преумување односно покајание.

Тој процес многу едноставно се одвива, ако ние во нашиот ум го имаме постојано Христос. Господи Исусе Христе, помилуј ме. И таа мисла, таа молитва се трудиме да ја живееме во нас, колку што можеме повеќе и почесто. Светите Отци велат, дека секоја мисла која не е Христос, може да се смета за прелест, затоа што природната состојба на нашата душа е да биде постојано со Бога, а ние обично ја приземјуваме, и на некој начин ја правиме телесна, полнејќи ја и валкајќи ја секојдневно со непотребни помисли и световни грижи.

Добар почеток е да се осознаеме дека ние го немаме Бога при себе, дека нашата душа е извалкана, и страда, затоа што не е во својата природна состојба. Овој почеток е добар, но меѓутоа и натамошниот тек на настаните треба да биде добар, ако сакаме вистински да оздравиме.

Има некои луѓе, кои застануваат на тоа: грешен сум, и што да правам, не ме бива (некои дури ни тоа не го осознаваат).

Други луѓе велат, да, грешен сум, ама во такво време живееме, или пак, тој и тој постојано ме мести, такви се условите на работа, односно причината за сопствената паднатост ја бараат во други луѓе или појави. Тоа може да се смести во фарисејското молење, затоа што, ако вината за нашата слабост ја бараме во другите, тоа значи дека другите се криви, и пак се враќаме на оној дел кога зборувавме за осудувањето.

Трети луѓе пак велат, да, грешен сум и сакам да се поправам. Како го прават тоа? Принудувајќи се секоја нивна мисла да биде Богонасочена. Плачат за своите гревови, бидејќи тие гревови им тежат и ги оддалечува од Христос. Таквите луѓе не ги интересира многу кој што рекол или што направил. Таквите луѓе  се удираат во градите и плачат. Како што вели старец Тадеј, имаат благодатни солзи, кои се спасоносни.

Ваквиот покајнички начин на живот, постепено ги преобразува нашите страсти, и душата почнува да се наоѓа во умиление, или како што вели Свети Силуан, во таговна радост, односно радосна тага. Таквата душа, станува кротка и смирена, и секое нарушување на овој мир таа го доживува со тага, затоа што нарушувањето на мирот подразбира и оддалечување од Бога...

п.с. Оваа недела што ни доаѓа е неделата на блудниот син, па наредните коментари да ни бидат поврзани со таа парабола од Евангелието.


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 15.Февруари.2009 во 20:07
Од денеска започна втората подготвителна недела за Великиот Пост, неделата на блудниот син. Најпрвин ќе постирам една икона, а подоцна ќе го разгледаме и значењето на оваа недела.




Постирано од: spiros
Датум на внесување: 15.Февруари.2009 во 21:47
Убава икона!
Ако смеам ќе постирам и јас една слика која не е православна но восебе си има нешто чудесно!
Оваа слика истотака прекрасно го опишува враќањето на блудниот син.






-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: makarios
Датум на внесување: 16.Февруари.2009 во 18:56
Деца, евангелието за блудниот син веднаш и доволно ќе го разбереме ако ги имаме предвид следниве теолошки рамки во кои се одвива дејствието на приказната: Човековата природа и Божјата благодат не се меѓусебно спротивставени туку, токму напротив, се подразбираат. Човекот престанува да биде вистински човек ако го промаши своето сопствено предназначение, односно личната заедница со Бог и непрестајното растење и восовршување во неа, со помош на Божјата благодат. Исто така и човековата слобода и Божјата благодат не се меѓусебно спротивставени туку, токму напротив, се подразбираат. Човекот престанува да биде вистински слободен кога ќе престане да ја исполнува Божјата волја и кога на тој начин ќе отпадне од Божјата благодат, односно ќе ја отфрли заедницата со Бог.

Но, да се вратиме на денешното евангелие.

„Рече Господ во приказна: еден човек имаше два сина.“

Постариот е образ и претставник на Стариот Израел, а помладиот е образ и претставник на Новиот Израел.

„Помладиот од нив му рече на татка си: татко, дај ми го делот што ми припаѓа од имотот.“

Кај помладиот син ја забележуваме слободата и свесноста дека му се обраќа на својот Отец Небесен и дека бара нешто што чувствува дека природно му припаѓа, но исто така забележуваме дека тој очигледно не ја сфаќа и самата природа на имотот чија поделба ја бара. Но, да не должам, што е нашиот вистински имот? Тоа е полнотата на Божјата Благодат која сите ние ја примаме во нашите срца на денот од светото Крштение; која ниту заради множеството на оние што ја примаат се зголемува и ниту од истата причина се намалува; која ниту се дели, ниту се умножува.

„И таткото им го раздели имотот.“

Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе се однесуваме кон таа благодат, како и кога, колку и дали ќе ја употребиме. Бог само внимава да не ја наруши нашата слобода, а со тоа и нашиот взаемен однос: Родител – дете. Деца, ние немаме ништо посвето од овој однос! Овој однос е единствената надеж на нашето спасение!

„После неколку дена, помладиот син, кога собра сѐ, отиде во далечна земја и таму го потроши својот дел, живеејќи блудно. И откако потроши сѐ, настана голем глад во таа земја и тој се најде во неволја; па отиде при еден човек од таа земја и се погоди, и тој го прати во своето поле да пасе свињи. И страден беше да го наполни својот стомак со корења што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.“

Зошто после неколку дена? Демонот не нѐ навлекува на злото и гревот одеднаш туку постепено затоа што ако од почеток ни ја открие неговата крајна цел сигурно ќе нѐ преплаши и ќе нѐ одврати од гревот. Демонот нѐ лови како и ловците што ги ловат бесловесните животни, преку примамливи мамки од кои не се гледа смртната стапица. Непросветленоста во духовната борба е исто што и бесловесност. Затоа е потребно духовно раководство и апсолутно послушание кон духовниот раководител до доволната зрелост на просветлението. Значи, демонот, прво го наговара помладиот син да побара и присвои ‘дел’ од она што не се дели и што не се присвојува само за себе, а потоа, врз основа на утврдената и прифатената помисла дека ‘нешто има’, го прелажува да се одлучи на самостоен и себедоволен живот. Зарем не ве потсеќа сето ова на оние што гледањето на првата светлина го злоупотребуваат, и кои помислувајќи си дека достигнале просветленост на умот и дека нешто знаат и умеат, одлучуваат заради тоа духовно да се самораководат, а уште полошо, и други да раководат? Да, тоа е токму тоа! Деца, запамтете: просветленоста не е знаење, тоа е сила и власт на умот, на словото и на делата, односно на севкупното присуство.

Зошто далечна земја, односно кое место може да биде толку далечно од Сегдеприсутниот? Тоа ‘место’ пред сѐ е неисполнувањето на Божјата волја, пројавено како непослушание кон духовниот отец и предвремено духовно самораководење, заради што Божјата благодат постепено се оддалечува од нас. Како што послушанието носи со себе смиреност, собраност во молитвата и просветлување на умот (послушниот нема потреба од грижа за што било), така и непослушноста или веќе пројавената гордост носи со себе расејување и затемнување на умот. Расејувањето на умот преку сетилата, грижата за овоземните работи и иднината, фантазиите, демонските предлози во вид на помисли и паранојата, според светите Отци е вистинскиот блуд на нашата душа и основа за секој понатамошен блуд. И нормално, секој што живее блудно го потрошува својот ‘дел од имотот’ односно ја губи Божествената благодат и останува, сиромашен и гладен, надвор од заедницата со Бог.

Ако се сетиме сега на погоре поставените теолошки рамки во кои треба да ја читаме оваа евангелска приказна веднаш ќе ни стане јасно за каква голема глад станува збор и во каква неволја се нашол блудниот син. Ние сме од Бог и заради Бог создадени и само со Него можеме да бидеме исполнети, во секоја добра смисла на зборот. Бог е и наш родител, и наш најблизок, и наша радост, и наша утеха, и наша трпеливост, и наша издржливост, и наше покајание, и наши солзи, и наша молитва, и наша љубов, и наша слобода, и наша среќа, и наше здравје, и наша храна, и наше питие, и наша облека, и наша иднина, и наша цел, и наша сила и сѐ наше.

Но човек, што чувствува духовна глад и празнотија, а по грешка мисли дека вистинската храна за него е задоволувањето на неговите страсти, всушност станува пасач на свињи (страсти) и вработен на демонот. Не знае сиромавиот дека задоволувањето на страстите отвора само нов и поголем апетит и создава чувство на поголема глад. Таква е незаситната природа на страстите, потребата од нивно постојано и сè поголемо задоволување води кон смрт на човекот; прво на душата, а потоа и на телото.

Деца, да ве потсетам уште на ова: состојбата на ‘блуден син’ може да ни се повтори и на вториот степен од духовниот развој – просветлување на умот. Ако таа состојба на првиот степен значи злоупотреба на првото гледање на несоздадената светлина или на светлината што доаѓа од чистењето на енергијата на умот, истата состојба на степенот од просветленост се пројавува како злоупотреба на светлината што доаѓа од чистењето на суштината на умот. Секој оној што во текот на умносрдечната молитва ќе го восредоточи своето внимание на ефектите и споредните плодови на молитвата, наместо на Христос со Кого преку молитвата на срцето стапуваме во заедница, ќе доживее затворање на срцето и прекин на умносрдечната молитва, сѐ додека не се покае и не сфати каде греши. Поголема беда од тоа, здравје... Што вели еврејската клетва: да имаш, па да немаш!


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 18.Февруари.2009 во 15:23
А кога дојде на себеси, рече: колку наемници при татка ми имаат леб во изобилие, а јас пак умирам од глад. Ќе станам и ќе отидам при татка си и ќе му речам: татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од своите наемници. Па стана и отиде при татка си.“

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла, и дека без Бог вистински не ни постоиш и во духовна и во материјална смисла! Тоа може да се случи на два начина: или кога со неисполнување на Божјите заповеди, односно кога со неправилен духовен живот, човек сосема ќе се одголи од Божјата благодат; или кога со правилен духовен подвиг човек го достигнува обожението. Првото е да се види себеси расчовечен, а второто е да се види себеси (колку што може) во споредба со Божјото совршенство. Тоа првото му се случило на блудниот син.

Но што е тоа што во тие моменти може да го спаси човекот? – Опитот од претходно воспоставениот однос со Бог и човековата слобода, која, според светите Отци, демонот никогаш до крај не може да ја оневозможи. Да се потсетиме што кажавме во првиот дел од беседата: Бог само внимава да не ја наруши нашата слобода, а со тоа и нашиот взаемен однос Родител – дете. Деца, ние немаме ништо посвето од овој однос! Овој однос е единствената надеж на нашето спасение! Токму на овој однос, Татко – дете, се присетува во тие безизлезни моменти блудниот син и токму тој однос, воопшто неповреден од Татковата страна, го спасува. Од каде го знаеме ова? Од самото освестување на фактот дека токму тој однос е нарушен и дека тој самиот е виновен за нарушувањето на тој однос: „татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син!“ Секако на тој однос ‘малку го потсетил’ и празниот стомак, односно полнотата на животот што претходно ја чувствувал во радоста на првата благодат.  

Наше е само да имаме добра намера, да го употребиме дарот на слободата за градење на заедница со Бог и да се подвизуваме во таа насока, а сè друго е дело на Божјата благодат, која ни содејствува. Без Бог и без Божјата благодат ние ништо не можеме да направиме! Тоа значат зборовите: „И кога беше уште далеку, го виде таткото негов и се сожали над него, па потрча, го прегрна и го целива.“ (Само да напоменам, токму ова се случува при добивањето на дарот на умносрдечната молитва.)

„И синот му рече: татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум достоен да се наречам твој син.“ Помладиот син не ја завршува претходно замислената молба: „но прими ме како еден од своите наемници!“ Зошто? Затоа што е беспредметно тоа да го рече гледајќи го доследното родителско однесување на својот Татко, кое и самиот него го одредува и го удостојува со називот „син“. Татко, значи, како да не се случила неверност и нарушување на односот, и при повторното среќавање се однесува како кон свој син: „И кога беше уште далеку, го виде таткото негов и се сожали над него, па потрча, го прегрна и го целива.“

И како уште се однесува таткото?

„А таткото рече на слугите свои: изнесете најубава промена и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете; па дотерајте и заколете угоено теле: да јадеме и да се веселиме, оти овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде. И почнаа да се веселат.“

Се случува: обнова на благодатта, потврда на односот и просветление на умот, добивање на сила и свест за поголем подвиг кој води кон совршенство, учество во светата Евхаристија и причестување со Светите Тајни на Телото и Крвта Христови. Бог, како што вели свети Григориј Палама, ги дарува оние што живеат во вистинско покајание со такви дарови кои, кај оние што неправилно се подвизуваат, предизвикуваат завист.

„А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до куќата, чу песни и извици. Па како повика еден од слугите го праша: што е ова? А тој му рече: брат ти си дојде и татко ти го закла угоеното теле, оти го виде здрав. Тој се налути и нејќеше да влезе.“

Еве како реагираат оние што се од ‘Стариот Завет’, оние што се на првиот степен, а што не внимаваат на своите страсти (на страста на умот – гордоста), оние што имаат високо мислење за самите себе, оние што неправилно се подвизуваат, оние што ја злоупотребуваат првата благодат, односно плодовите од гледањето на првата светлина, оние што другите ги осудуваат, а самите себе се оправдуваат, оние што мразат и завидуваат. За жал, нешто многу ни е познато, нели?

„Тогаш излезе татко му и го молеше.“

Што гледаме? Непроменет и константен татковски однос и кон постариот син, односно кон сите Свои деца што ги создал без оглед на нивниот однос кон Него.

Еве ја најпрвин бедната слика на самооправдувањето: „А тој одговори на татка си и му рече: еве, ти служам толку години и никогаш не прекршив твоја заповед.“ А еве ја и целата слика на демонската опседнатост откако ќе се доврши со осудувањето: „и мене не си ми дал ни едно јаре, за да се провеселам со моите пријатели, а кога дојде овој твој син, кој го упропасти твојот имот со блудници, за него ти го закла угоеното теле.“

Да, најпрвин Бог Го осудуваме во самите себе, пред да го осудиме конкретниот човек! Односно, за да го осудиме конкретниот човек, најпрвин ги злоупотребуваме плодовите од гледањето на првата светлина. И додека се самооправдуваме и сакаме да се прикажеме праведни – „никогаш не прекршив твоја заповед“ – веќе исто толку грешиме и ги прекршуваме сите „исполнети“ заповеди дотогаш. Очигледно, постариот син само формално ги исполнувал Татковите заповеди, додека така одговарало на неговиот наемнички интерес и однос. Да ги исполнувал навистина сите негови заповеди, сигурно би се восовршил духовно во личниот однос со својот Татко. Но, тука нема ни трага од личен однос. Ако забележувате, деца, постариот син ниту во едно обраќање не го ословува својот родител со зборот „Татко“. Како што и во ниту еден момент не го осудува својот помлад брат заради нарушување на односот „Татко – син“ туку заради упропастување на имотот.

 „А тој му рече: синко, ти си секогаш со мене и сѐ мое е твое; но требаше да се зарадуваме и развеселиме, оти овој твој брат беше мртов и оживе, изгубен беше и се најде“ (Лука 15, 11-32). Навистина, човек самиот себеси, со своето однесување, се осудува и се одделува од заедницата со Бог, грешејќи кон својот ближен. Наместо да се радуваме со својот ближен, ние му завидуваме и го мразиме заради неговите успеси. Да не зборувам и за обидите да му попречиме и да му наштетиме. И тоа му го правиме на нашиот ближен со кого Богочовекот Христос се поистоветува. Како што читаме во Светото Евангелие: „доколку не сте го направиле тоа на еден од овие (Мои) најмали браќа и Мене не сте Ми го направиле!“ (Матеј 25, 45). Забораваме дека на тој начин стануваме богоборци. А Бог, смирено и трпеливо, на сите ни вели: „синко... сѐ мое е твое...“

Навистина, деца, прекрасна и чудесна е оваа евангелска приказна, за чие толкување и запис се потребни можеби страници и страници. Само за ова „синко... сѐ мое е твое...“ – потребен е цел еден том од Догматика. Но, еве, според моите сили се обидов да ви пренесам нешто од мојот, каков таков, опит и знаење и од преданието на светите Отци. Како што видовте, духовната возраст на двата сина ја пронаоѓам на првиот степен од духовниот раст, на степенот од очистување на срцето од страстите, при добивањето на првата благодат и при гледањето на првата светлина. Оваа духовна возраст е посоодветна и поразбирлива за евангелска приказна заради тоа што на оваа возраст се наоѓаат најголемиот број од православните христијани. И додека, од една страна, на помладиот син падот му помага да се освести, да види каде е, вистински да се покае (да го промени целиот дотогашен начин на живот, а не само теоретски да се кае) и да го добие дарот на просветлување, од друга страна, формалното исполнување на заповедите и градењето на наемнички (или правен) однос кон Бог својот Татко само ја храни суетата и високото мислење на постариот син за самиот себеси и го предизвикува неговото отпаѓање.

И уште нешто: духовниот отец никогаш не смее да го остави своето духовно чедо без благослов, па макар тој бил и изнуден – во случај кога тоа сака да си замине од него. Тој благослов може да биде даден и усно и премолчно и на дело. Тој благослов може да биде даден и со опомена и без опомена. Но тој благослов мора да биде даден, ако духовниот отец е вистински татко. Со тој благослов, духовниот отец ќе сострадува со своето духовно чедо и ќе го покрива и штити со својата љубов и молитва каде и да е тоа и колку и да греши. Со тој благослов никогаш нема да се прекине взаемната врска, за духовното чедо да има, ако му затреба еден ден, каде да се врати... Значи, при непослушанието и предвременото заминување на духовното чедо од својот духовен отец, проблемот не се состои во убедување и одвраќање од намерата туку проблемот е да се овозможат услови за враќање.

Но, приказната сепак нема завршеток. Затоа да внимаваме: зашто, ако нивното отпаѓање е спасение за светот што ли ќе биде нивното примање, ако не воскресение од мртвите (Рим. 11, 15)!? Простете ми и молете се за мене...! 


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 22.Февруари.2009 во 01:20
Накратко, што беше целта на оваа оваа подготвителна недела.

Да размислуваме за состојбата на нашата душа, да се преиспитаме себеси (тоа треба постојано!) дали сме се извалкале во калта и сме станале свињари (односно сме допуштиле страстите да управуваат со нашите мисли, чувства и душа), и секако да каеме за нашите страсти и да се молиме на Бога (заблагодарувајќи му за се`!).

Благодатта од Крштението, и онаа благодат при воцрковувањето, ние ја губиме од невнимание преку небдеење над своите помисли, а најчесто прелажани од овоземската примамлива „убавина“. Со самото тоа што не внимаваме над своите помисли, дозволуваме тие да завладеат над нас, и потоа демонот лесно си поигрува со нас, бутајќи ни секакви фантазии (помисли на сластољубие, среброљубие и славољубие). Веќе кажав дека најчесто ние таквите помисли ги сметаме за свои, и сметаме дека не правиме ништо лошо. На овој начин, ние сме во иста состојба како и блудниот син, кој решил да го напушти (а потоа и го напуштил) татка си. Зошто? Па, страстите секогаш не` оддалечуваат од Бога, а не туркаат кон кал и пропаст. Многу е жално што ова ние го сметаме како нешто природно, односно сметаме дека страстите се природна состојба на нашата душа и на нашето тело. Овде состојбата е уште пострашна, затоа што тогаш стануваме пасачи на свињи и се храниме со храната што ја јадат и свињите.

Кога ќе се освестиме за паднатоста на нашата природа, односно дека во себе носиме непреобразени паднати страсти, тогаш сме во иста состојба кога блудниот син посакал да се врати кон својот татко, а кога ќе почнеме да плачеме со аскетскиот плач, да се каеме удирајќи се во гради (како што тоа го правеше митарот), и да се молиме е состојбата кога синот се враќа кај својот татко и се кае за своите постапки.

Не треба многу да се грижиме и замараме за страничните ефекти. Секогаш  кога се каеме и молиме, нашата главна и единствена цел е Христос.

п.с. Неделава што следи е месопусната недела, што значи од исхраната се отпушта месо, а се јадат јајца, млеко и млечни производи (ова е општо установеното правило, меѓутоа секој верник треба да прави како му е благословено и разрешено од духовниот отец). Неделава уште се нарекува и недела на Страшниот Суд.


Постирано од: Miki_P
Датум на внесување: 22.Февруари.2009 во 16:26




                                                http://www.filetolink.com/26dbb0e8 - Недела месопустна







-------------
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 23.Февруари.2009 во 00:10



Постирано од: makarios
Датум на внесување: 26.Февруари.2009 во 01:35
Деца, забележувате ли дека прашањата на коишто ќе треба да одговориме на Страшниот суд воопшто не се однесуваат на верата и Црквата на која припаѓаме, туку на конкретните лични дела на милосрдие: дали кога Господ Христос беше гладен Му дадовме да јаде; дали кога Господ беше жеден Му дадовме да пие; дали кога Господ беше странец Го примивме; дали кога Господ беше необлечен Го облековме; дали кога Господ беше болен Го посетивме; дали кога Господ беше во затвор дојдовме при Него... А ако некој Го праша Господ, кога сето тоа се случило? Одговорот барем на нас христијаните ни е многу јасен: вистина ви велам, доколку сте го направиле тоа на еден од тие Мои најмали браќа, на Мене сте Ми го направиле (Мат. 25, 40).

Знаеме и веруваме дека Господ, преку целиот Свој Домострој на спасението, се поистоветува со секој човек, а дури и најповеќе со секој еден страдалник. Затоа секогаш кога ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат, Христос Го правиме свој брат. А секој што ќе презре еден од овие најмали Христови браќа, од Христос се одрекува.

Но, нема со вас сега да зборувам за социјалната и за чисто хуманитарната димензија на денешното евангелско четиво. Нема со вас монасите да зборувам за минимумот што секој христијанин којшто живее во светот треба да го исполни со надеж за спасение. Зошто велам минимум? Според светите Отци, од две причини: прва, затоа што, на пример, Господ не бара од христијаните да ги исцелат болните или да ги ослободат заробените, туку да ги посетат и утешат. Што полесно од тоа? И втора: затоа што не го става Господ како критериум за спасение нечинењето на злото, туку чинењето на доброто. Што полесно и од ова?

И пред да им ја препуштиме грижата за возобновување на христијанскиот морален лик на оние што раководат со парохиите во светот, сакам уште еднаш да потсетам на она што велат светите Отци: кога страдајќи правиме добро „не треба да мислиме дека земаме учество во страданијата Христови. Само Божјиот суд може да ги види нашите страданија како учество во истоштението на Единородниот Свој Син. Нашиот пат е да се смируваме... Само Бог може да нè подигне и да нè прослави!“

Но, за ова доста. Ред е, ние овде во манастирот, да зборуваме за аскетско-исихастичкиот аспект на прочитаното. Православното монаштво е пред сѐ и над сѐ исихастичко, а дури потоа, по можност, на свое место и во свое време, и харитативно. Значи, сето ова погоре напишано и објаснето начелно важи најнапред и најповеќе за луѓето што живеат и работат во светот. За монахот, како оној што е мртов за овој свет, начелно важи друго правило. Монахот е должен да Го нахрани, напои, прибере, облече, посети и да Му послужи на Христос во своето срце.

Од аскетско-исихастички аспект, ова што денеска го слушнавме, не можам а да не го поврзам со евангелието во коешто се вели дека „лисиците имаат легла, птиците небески гнезда, а Синот Човечки нема каде глава да приклони“. Местото каде што Синот Човечки нема каде ‘глава да приклони’ е нашето срце заробено и извалкано од страстите. А бидејќи нашиот ум не може да влезе во затвореното срце и да допре до Синот Човечки, Христос престојува таму: осамен, гладен, жеден, странец, необлечен, во затвор... Затоа, за да допреме до Христос и да Му послужиме најнапред треба да го очистиме своето срце од страстите, да го осознаеме ‘местото’ на срцето, да го откриеме влезот на Царството Небесно внатре во себе и со својот ум смирено да застанеме пред Царот на Славата, Кој страда заради нас и наше спасение.

И на крај, како заклучок, ќе кажам: кога од аскетско-исихастички аспект се толкува денешното евангелие, треба да знаеме дека единствениот начин на којшто ние, монасите, треба да Му послужиме на Христос, осамен и напуштен во нашето срце, и единствен начин со кој го оправдуваме својот призив, е подвигот на умносрдечната молитва. Доволно очистеното срце – од страстите што го валкаат и што дотогаш го држат затворено – е единственото место каде што ние монасите се среќаваме со Христос и каде што само Нему Му служиме. Друго место и друг начин не постои за оние што се мртви за светот.


Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 26.Февруари.2009 во 01:52
Originally posted by makarios makarios напиша:

Деца, забележувате ли дека прашањата на коишто ќе треба да одговориме на Страшниот суд воопшто не се однесуваат на верата и Црквата на која припаѓаме, туку на конкретните лични дела на милосрдие: дали кога Господ Христос беше гладен Му дадовме да јаде; дали кога Господ беше жеден Му дадовме да пие; дали кога Господ беше странец Го примивме; дали кога Господ беше необлечен Го облековме; дали кога Господ беше болен Го посетивме; дали кога Господ беше во затвор дојдовме при Него... А ако некој Го праша Господ, кога сето тоа се случило? Одговорот барем на нас христијаните ни е многу јасен: вистина ви велам, доколку сте го направиле тоа на еден од тие Мои најмали браќа, на Мене сте Ми го направиле (Мат. 25, 40).Знаеме и веруваме дека Господ, преку целиот Свој Домострој на спасението, се поистоветува со секој човек, а дури и најповеќе со секој еден страдалник. Затоа секогаш кога ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат, Христос Го правиме свој брат. А секој што ќе презре еден од овие најмали Христови браќа, од Христос се одрекува.Но, нема со вас сега да зборувам за социјалната и за чисто хуманитарната димензија на денешното евангелско четиво. Нема со вас монасите да зборувам за минимумот што секој христијанин којшто живее во светот треба да го исполни со надеж за спасение. Зошто велам минимум? Според светите Отци, од две причини: прва, затоа што, на пример, Господ не бара од христијаните да ги исцелат болните или да ги ослободат заробените, туку да ги посетат и утешат. Што полесно од тоа? И втора: затоа што не го става Господ како критериум за спасение нечинењето на злото, туку чинењето на доброто. Што полесно и од ова?И пред да им ја препуштиме грижата за возобновување на христијанскиот морален лик на оние што раководат со парохиите во светот, сакам уште еднаш да потсетам на она што велат светите Отци: кога страдајќи правиме добро „не треба да мислиме дека земаме учество во страданијата Христови. Само Божјиот суд може да ги види нашите страданија како учество во истоштението на Единородниот Свој Син. Нашиот пат е да се смируваме... Само Бог може да нè подигне и да нè прослави!“Но, за ова доста. Ред е, ние овде во манастирот, да зборуваме за аскетско-исихастичкиот аспект на прочитаното. Православното монаштво е пред сѐ и над сѐ исихастичко, а дури потоа, по можност, на свое место и во свое време, и харитативно. Значи, сето ова погоре напишано и објаснето начелно важи најнапред и најповеќе за луѓето што живеат и работат во светот. За монахот, како оној што е мртов за овој свет, начелно важи друго правило. Монахот е должен да Го нахрани, напои, прибере, облече, посети и да Му послужи на Христос во своето срце.Од аскетско-исихастички аспект, ова што денеска го слушнавме, не можам а да не го поврзам со евангелието во коешто се вели дека „лисиците имаат легла, птиците небески гнезда, а Синот Човечки нема каде глава да приклони“. Местото каде што Синот Човечки нема каде ‘глава да приклони’ е нашето срце заробено и извалкано од страстите. А бидејќи нашиот ум не може да влезе во затвореното срце и да допре до Синот Човечки, Христос престојува таму: осамен, гладен, жеден, странец, необлечен, во затвор... Затоа, за да допреме до Христос и да Му послужиме најнапред треба да го очистиме своето срце од страстите, да го осознаеме ‘местото’ на срцето, да го откриеме влезот на Царството Небесно внатре во себе и со својот ум смирено да застанеме пред Царот на Славата, Кој страда заради нас и наше спасение.И на крај, како заклучок, ќе кажам: кога од аскетско-исихастички аспект се толкува денешното евангелие, треба да знаеме дека единствениот начин на којшто ние, монасите, треба да Му послужиме на Христос, осамен и напуштен во нашето срце, и единствен начин со кој го оправдуваме својот призив, е подвигот на умносрдечната молитва. Доволно очистеното срце – од страстите што го валкаат и што дотогаш го држат затворено – е единственото место каде што ние монасите се среќаваме со Христос и каде што само Нему Му служиме. Друго место и друг начин не постои за оние што се мртви за светот.



AMIN, brate makarios!


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 27.Февруари.2009 во 02:39
Деца, отсекогаш моето внимание, во денешново евангелие, најмногу го привлекувале зборовите: Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме? Кога Те видовме странец и Те прибравме, или необлечен и Те облековме? Кога Те видовме болен, или во затвор, и Те посетивме?

Од една страна, се восхитував на смирението на оние што застанаа од десно на Господ, а од друга страна се чудев на лудоста и на дрскоста, пројавена преку самооправдувањето и окривувањето, и тоа на Господ, на оние што се најдоа на левата страна. Ова е само уште еден пример дека самооправдувањето секогаш оди заедно со префрлување на вината на другиот (па макар тоа бил директно и Господ) и со отпаѓање од Бог.

Да се вратиме на однесувањето на оние што Господ ги оправда. Интересно е и полезно да знаете што значат зборовите „Господи, кога Те видовме...“ на оние што Страшниот суд ги затекнува на секој од степените на духовниот развој, поодделно:

Оние што Страшниот суд ги затекна на степенот на очистување на срцето од страстите ги велат гореспоменатите зборови затоа што и покрај подвигот да ги  исполнат Христовите заповеди во пракса, живеејќи во грижите на светот, не Го видоа Господ во своето срце преку дарот на умносрдечната молитва.

Оние што Страшниот суд ги затекна на степенот на просветлување на умот ги велат гореспоменатите зборови затоа што и покрај подвигот на умносрдечната молитва и на љубовта кон непријателите, најчесто заради пастирски обврски во светот, не Го видоа Господ во своето срце и надвор околу себе преку дарот на гледање на несоздадената светлина.

Оние што Страшниот суд ги затекна на степенот на обожение ги велат гореспоменатите зборови затоа што и покрај подвигот на непрестајната молитва и на плачот за целиот свет, заради злоупотреба на слободата од страна на оние што сами себе се ставија на левата страна, не Го видоа Господ и во нив. Господи помилуј...!

Со еден збор, сите оние што во текот на целиот свој живот се смируваа, што друго знаат освен и пред Христос на Страшниот суд да се смират.

Интересно е и полезно да знаете и што значат зборовите „Господи, кога Те видовме...“ на оние што Страшниот суд ги затекнува во грев и пад.

За да сфатите полесно, прво сакам да ве потсетам на Адамовиот пад. Како што сите знаеме, откако Адам и Ева каснуваат од забранетиот плод, остануваат одголени од Божјата благодат и ја нарушуваат заедницата со Бог. Но, кога Бог ги прашува дали јаделе од забранетиот плод, наместо да се покајат Адам покажува голема гордост самооправдувајќи се и обвинувајќи ги за својот пад пред сè Бог (жената која ми ја даде Ти), а потоа и Ева (таа ми даде од плодот на дрвото и јас јадев). И Ева одговара гордо, самооправдувајќи се: змијата ме измами и јас јадев. Светите Отци велат дека само еден од нив двајцата да побарал прошка, и двајцата немало да бидат избркани од рајот, со сите последици што сите ние до ден денес ги гледаме и ги трпиме, како наследници на последиците од нивниот пад. Сакам да заклучам дека, со тоа што Бог ги бара нашите Праотци Адам и Ева и стапува во дијалог со нив, не се работи за ништо друго освен што и на двајцата им дал само уште една можност за покајание.


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 28.Февруари.2009 во 02:31

Истиот заклучок сакам да го изведам и за оние што Страшниот суд ги затекнува во грев и пад. Со тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно (одете од Мене, проклети), не се работи за ништо друго освен што Тој на сите им дава само уште една можност за покајание. И наместо да признаат дека ја заслужиле казната и да побараат прошка и милост од Семилостивиот Христос и да се спасат во последен момент, тие се самооправдуваат и Го обвинуваат Господ и на самиот Страшен суд: „Господи, кога Те видовме...“ О, безмерно безумие!? О, демонско непокајание!?

Со еден збор, сите оние што во текот на целиот свој живот се самооправдуваа и ги обвинуваа другите што друго знаат освен и пред Христос на Страшниот суд истото тоа да го повторат.

Остануваме неми пред Твојата љубов и долготрпеливост Христе, Боже наш... Кој сакаш сите да се спасат...  

Но време е да се приземјиме малку со уште две практични поуки кои произлегуваат од толкувањето на денешното евангелие.

Доколку не сте го направиле тоа на еден од овие најмали браќа, Мене не сте Ми го направиле. Ајде сега да ги погледнеме овие зборови и од аспект на љубовта спрема непријателите и да се потсетиме на нешто што и порано сме го чуле... Имено, кога ние се трудиме аскетски да ги љубиме оние што нас нè мразат и кога се трудиме да не им враќаме со зло на злото што ни го прават, тогаш на таквите им оставаме простор за покајание. Само Господ знае кога ќе им истече времето за покајание, но исто така и нема да дозволи тие бесконечно да ни причинуваат зло. Нашиот подвиг не треба да е втемелен врз нашето очекување да им помине времето за покајание и да им се случи некое зло, туку врз надежта дека тие навистина ќе се покајат и ќе се спасат.

Кога, пак, овие зборови ги поврзуваме со делот од Евангелието во којшто се вели „Кој ве прима вас Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Мене Ме прима, туку Оној Којшто Ме прати“, тогаш тие се однесуваат на нашиот однос кон оние што Господ ги поставил да управуваат со Црквата, а меѓу другото тие се однесуваат и на односот на оние што живеат во манастир кон нивните настојатели. Што значи дека, ако вие што живеете во манастир не ја примате сестрата или не го примате братот што јас сум ги поставил за старешини, тогаш немате ништо со мене којшто сум ги поставил на тоа место. Ако не ме примате мене, тогаш немате ништо со Христос и со нашиот Отец Небесен.

Инаку, страшен Суд, пред страшниот Суд, е секоја средба со нашиот ближен. Страшен суд, пред страшниот Суд, е секое наше застанување на молитва, особено кога нашиот ум ќе застане пред престолот на нашето срце, пред Господ. Страшен Суд, пред страшниот Суд, е и секоја Света Литургија, како веќе и уште не: спомнувајќи си ја сега оваа спасителна заповед, а и сето она што заради нас стана – крстот, гробот, тридневното воскресение, вознесението на Небесата, седнувањето од десно на Тебе Бог и Отецот како и второто и славно Христово пришествие – Твои дарови од Твоите на Тебе Ти принесуваме за сите и за сѐ...



Постирано од: Miki_P
Датум на внесување: 01.Март.2009 во 17:23





http://www.filetolink.com/73b1688c - Кликни овде

Сиропустна (Бела) недела



Драги форумџии, денес е празник Недела Сиропоустна („Прочка - Поклади“). Овој ден во Црквата Христова е од големо значење. Денес, секој со секого, треба да се измири за да можеме, растоварени, да го започнеме Великиот Велигденски пост. Низ овој период, верувам, секој од нас различно ќе се однесува. Секојдневните обврски, и општо, животот продолжува. Во него ние сме активни чинители. Што ќе рече, од нас многу работи ќе зависат.

Добро и богоугодно би било ако тоа биде во согласност со Одредбите на Црквата. Сè треба добие правилно насочен тек. „Двигателот“ (нашиот разум) треба сите наши делови да ги насочува кон Севишниот - сите да Му служат Нему. И стомакот, и рацете, и ноѕете, и ушите, и очите - сè. Ако, пак, малку „подзаборавиме“ на храната (телесна) нема ништо (телесно) да изгубиме, а, живеејќи согласно Божјите заповеди, ќе можеме да се издигнеме над себе си. Тогаш ќе се увериме дека Бог прави чуда, дека лесно можеме да ги направиме нашите (телесни) потреби да бидат движечка сила во обезбедувањето на „подобри позиции“ на нашата, од Бога дадена, душа.

На сите членови на Форумов, припадници на Светата Православна Христова Црква, што се подготвуваме да го започнеме подвигот на постот, Семилостивиот Господ Бог да ни помага подготвени да го дочекаме Христовото Воскресение.

Ги молам сите форумџии што, во изминатиот период, на било кој начин, сум ги растревожил или навредил да ми простат.

Господ нека биде со сите нас.







-------------
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 01.Март.2009 во 17:51
Нека ни е лесен, благословен и радосен постот

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: nelson
Датум на внесување: 01.Март.2009 во 18:18
naaa tie so postat

-------------
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 02.Март.2009 во 01:21
Од денеска започна Сиропусната недела, односно недела со која започнува Великиот Пост. Сиропусна значи, дека од исхраната се отпушта сирење, т.е. млеко, јајца и млечни производи. Оваа недела уште се нарекува и недела на простувањето.

На вечерната богослужба доаѓаат сите свештеници од парохијата, и сите се простуваат еден со друг, а исто така бараат прочка и од народот. Исто така, и народот се простува еден со друг, а бараат прочка и од свештениците.

Сакам да ви ја пренесам беседата на владиката Наум, кажана денеска на вечерната богослужба во Струмица:

Деца, влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со „тримерот“. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е пред сè период на посебна благодат. Знаеме дека овој период на радост е Божји дар во кој целиот наш подвиг полесно го доживуваме. Полесно постиме, полесно се молиме, полесно простуваме, полесно ја живееме тајната на севкупното покајание. Кога некој би побарал од мене со еден збор да го опишам овој период, а посебно првите три дена, јас би го употребил за таа цел зборот „слобода“. Тоа е чувството што ме прозема и што го доживувам секој пат на почетокот од светата Четириесетница. Без слобода нема ни личност, ни личносни односи. Без слобода нема ни љубов.

Најнапред треба да се ослободиме од ропството на нашите страсти, односно да се ослободиме од ропството на гревот, смртта и ѓаволот. Ова сите го знаеме. Но видете го овој предвкус на слободата што ни го дарува Бог во првите три дена. Видете ја оваа радост. Повеќето од нас ниту нешто јадеме, ниту нешто пиеме. Кога светот ќе слушне за ова, просто не верува дека е ова возможно. Но дали е сè во нејадењето и во непиењето? Нормално не е. Постот е пред сè во смирението. Сите што имаме опит од „тримерот“ знаеме дека колку повеќе од времето поминуваме во исполнување на послушанието од нашиот духовен отец и колку повеќе од времето поминуваме во молитва и читање на светите Отци, толку полесно и порадосно ги поднесуваме гладот и жедта. И обратно, колку повеќе сме расеани и зафатени со обврските од овој свет, толку потешко ни паѓа телесниот пост.

 Оние пак што се вратиле во домот на својот Небесен Отец, односно оние кои молитвено влегле во своето срце, можат да ви посведочат дека ниту жед ниту глад чувствуваат, и не само во тие три дена туку многу повеќе. Богочовекот Христос вели: „Човекот не ќе живее само од леб, туку од секој збор што излегува од устата на Бога“ (Матеј 4, 4). Тоа значи дека вистинскиот живот на човекот произлегува од благодатта Божја. Благодатта Божја била главното јадење и пиење и облека на Отците од пустината на чии неверојатни подвизи се восхитуваме. Ги имаме примерите во житијата на светите Отци. Во нашите денови, го имаме примерот на преподобниот Отец Гаврил, Епископот Велички. Но, пред сè го имаме примерот на нашиот Господ Богочовекот Исус Христос, Кој четириесет дена ништо не јадеше во пустината (види Лука 4, 2; Матеј 4, 2).

Значи, деца, послушанието и молитвата, посебно за нас монасите, се единствена основа на која се крепи нашиот подвиг на постот како севкупно ослободување од страстите (и од славољубието и од среброљубието), а не само како ослободување од телесните страсти (од сластољубието). Тоа е одликата на вистинскиот пост. Инаку сè друго мириса на суета и демонска гордост. Затоа кога учениците Го молеа да јаде, Христос им одговори: „Јас имам храна за јадење што вие не ја знаете“. А кога учениците зборуваа помеѓу себе: „Да не Му донел некој јадење?“, Исус им ја открива тајната: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној, Кој ме прати и да го извршам Неговото дело“ (Јован 4, 32-34). Тоа е и Христовата и нашата вистинска храна. А Божјото, односно Христовото дело е спасението на човекот и светот, кое Тој го извршува и го извршил во и преку Своето Тело – Црквата, преку нас христијаните. И затоа полнотата на креативноста на секој христијанин се состои во посовршено исполнување на Божјата волја и во посовршена молитва за целиот свет. Во тоа се состои и соборната димензија на подвигот на постот.

Гледате, деца, од сето ова погоре кажано, колку подвигот на „тримерот“ личи и одговара на моментот кога пред светото Крштение се одрекуваме од сатаната и од сите негови мисли, зборови и дела, од сета негова гордост и од сите негови помошни сили. Гледате ли колку подвигот на „тримерот“ го објаснува монашкото одрекување од светот како смрт за овој свет, до добивањето на дарот на умносрдечната молитва. Гледате ли колку периодот на „тримерот“ е и икона на Царството Небесно каде што Богочовекот Христос на сите им е сè, па дури и вистинско јадење и пиење. Затоа, деца, подвигот на „тримерот“ значи и возобновување на заветите што сме ги дале при светото Крштение, значи и возобновување на монашките завети и подвиг и значи возобновување на надежта на Царството Небесно внатре во нас. Христос воскресе!


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 02.Март.2009 во 01:29
А сега следува објаснувањето во врска со оваа недела:

Тајната на Крстот Христов се состои всушност во простувањето. Оној што со надеж на учество во Христовиот Крст сака да учествува и во големата Тајна на Христовото Воскресение, тој простува. И обратно... Ако не му простиме на својот ближен или на својот непријател – сеедно, тогаш сме надвор од евхаристиската и од молитвената заедница со Бог. А ако сме надвор од заедницата со Бог, како воопшто би се случувал процесот на нашето очистување што посебно очекуваме да се интензивира во Великиот пост? Ако не почнеме да се ослободуваме од страста на славољубието преку простувањето и барањето прошка, напразно е да се подвизуваме против сластољубието и среброљубието. Ѓаволот ни јаде, ни пие, ни жени (или мажи) има, ни пари собира, ама е горд и славољубив и тоа му беше доволно да отпадне од Бог. И само заробеноста од славољубието, без другите страсти, е доволна човек да се демонизира.

Видете, деца, да не должиме многу, работите се многу едноставни: оној што им простува на сите што му згрешиле, па дури и на своите најцрни непријатели, има Божја благодат во себе, а оној што нема да му прости и само на еден човек, па макар бил тоа и најцрниот непријател, има демон во себе. Простувањето е сведоштво за присуството на благодатта Божја, а непростувањето е сведоштво за заробеноста од демонот. Скоро истото важи и за барањето прошка. Оние што се на вториот степен од духовниот развој – просветление на умот, и ‘да сакаат’ не можат да не простат. Тоа би значело моментално затворање на срцето за умносрдечната молитва. Оние што се наоѓаат на првиот степен – очистување на срцето од страстите, или водат борба со самите себе аскетски на дело да простуваат и да бараат прошка или, за жал, не простуваат и не бараат прошка...

Ви зборувам за реално простување, а не за фантазија. Реално простување се случува кога се молиме за оној што нѐ повредил (или заради високото мислење за самите себе, што најчесто е така, мислиме дека нѐ повредил); кога не го озборуваме, судиме и осудуваме тој што нѐ повредил; и кога на дело му помагаме, му чиниме добро и на секој начин гледаме како да се простиме и смириме со оној што нѐ повредил. Ова е задача на сите оние што се подвизуваат во послушание на степенот на очистување на своето срце од страстите. Нивниот подвиг е сѐ уште аскетски затоа што со разумот и со верата сфаќаат дека треба да простуваат и се принудуваат себеси да простуваат иако тоа во тој момент не го чувствуваат. Исто така аскетски бараат и прошка.

Ова е задача и на оние што се наоѓаат на степенот на просветлување, со тоа што најчесто тие не си замислуваат дека некој ги напаѓа и повредува туку нападот реално се случува од надвор, преку луѓе, и најчесто без сериозна причина. Кај оние што го имаат дарот на умносрдечната молитва, како што знаете, демонот нема простор да нападне од внатре затоа што нивното срце е доволно очистено од страстите и квантитативно и квалитативно. Господ допушта однадвор напад врз нив за тие да се восовршат во две крстовидни насоки: и во дејствителна љубов кон непријателите односно кон ближните, преку чинење добро, пред сѐ молитвено; и во дејствителна љубов кон Господ, не дозволувајќи умот заради повредената суета да ја прекине својата заедница со Него во срцето која се случува преку умносрдечната молитва. Без дејствителна љубов и кон непријателите, нема премин од просветлување на умот кон обожение.

А ова се делата на оние што се дел од светот, а коишто велат за себе дека се христијани, но кои неправилно се подвизуваат (да не кажам нешто пострашно): не се во конкретно послушание на духовен отец, туку неподготвени се самораководат во духовниот живот; го озборуваат, се самооправдуваат, го обвинуваат, го судат и го осудуваат оној што мислат дека ги повредил; и, ако сето тоа не им се види доволно, измислуваат големи лаги и јавно ги шират само за да му наштетат, а себеси да се оправдаат. Забораваат, заслепени од одмаздољубието или од користољубието, дека колку е поголема лагата толку е таа полесна за проверување и толку и тие самите, наместо веродостојни, излегуваат во очите на оние пред коишто лажеле многу сомнителни. Таквите никогаш не бараат прошка. Знам дека треба да помине време за сето ова да се освести, но човек треба да работи на себе и да се покае на дело, а не уште повеќе да заглавува. Оној што сè уште се самооправдува и ги осудува другите, не може вистински да простува и да бара прошка. За оние, пак, што се посветиле на Бог, ваквиот начин на живот значи страшно губење на време, голема неплодност и промашување.


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 02.Март.2009 во 01:33

Но, како простувањето и барањето прошка да ни стане освестен подвиг, а не само подвиг кој го правиме со вера и послушност кон Евангелието? Станува освестен подвиг кога ќе осознаеме дека критериум на нашата вина е Богочовекот Христос и Божјата правда, а не човекот и човечката правда. Што значи тоа во пракса? Кога некој ќе нè повреди, ние во тој момент не размислуваме за оправданоста или неоправданоста на неговата постапка туку нашето внимание е свртено кон тоа дали нашите мисли, зборови и дела во тој момент се согласни со Христовите или не!? Дали во мојот ум и срце се случува истото тоа што и во Христовиот ум и срце при таков случај? Дали постапувам исто како и Христос што постапува со оние што го повредуваат? Секако, не! Секако, бескрајно сме далеку од тоа! Па, ете од каде произлегува нашата вина, па дури и вината на оние што се на степенот од обожение, а не од оправданоста или од неоправданоста на повредите што другите ни ги причинуваат... Па, ете каде се наоѓа и неисцрпниот извор на нашето покајание... Затоа никогаш, ама во ниту еден единствен случај немаме оправдание кога не бараме прошка и кога не простуваме!

И зборовите од Евангелието: „ако ли не ги простите грешките на луѓето и вашиот Отец небесен нема да ви ги прости вашите“, не се разбираат така како што буквално ги читаме, туку овие зборови значат дека ако не им ги простуваме грешките на луѓето, не дека Бог пак не ни простува (чувај Боже од таква хула!), туку ние самите се одделуваме од Божјата благодат и сами себе се осудуваме и одделуваме од Бог. Ние самите на себе не си простуваме.

Но, да се надоврзам на она што најпрво го реков дека: само славољубието, и без другите страсти, е доволно човек да се демонизира. Да не зборуваме за тоа дека ако не внимаваме на славољубието, сите други подвизи можат само да го хранат и да го зголемуваат истото. Затоа Господ Христос и во делот на ослободување од другите два вида страсти посебно нѐ опоменува на славољубието, додека, пак, во делот за славољубието не ги ни спомнува сластољубието и среброљубието. Кога говори за постот вели: „кога постите, не бидете жалосни како лицемерите затоа што тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат“. Значи, со ова што го вели, Господ нè опоменува да не бараме човечка слава. А кога говори за тоа да не собираме богатство на земјата, вели: „затоа што каде е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше“. Значи, оние што живеат во светот и со светот, Господ ги опоменува дека собирањето богатство само на земјата е барање на сигурност, во крајна инстанца, во себе и во своите способности (самодоволност и самољубие), наместо во Бог и со Бог.

А за оние што живеат во манастир тие Господови зборови значат дека не смеат да се задоволат со нивото од првиот степен, туку дека мора да го достигнат второто ниво од духовниот развој. Односно, дека не смеат да се задоволат со чистење на енергијата на умот, туку мораат доволно да ја очистат и суштината на умот, која е во срцето и да го достигнат блаженството на чистите по срце. Зашто, не вели Господ дека каде што е богатството ваше таму ќе биде и умот или разумот ваш, туку вели: „таму ќе биде и срцето ваше.“ Ако страста на славољубието останува и натаму наше богатство, а ние не се бориме против неа, тогаш оваа страст го држи извалкано, заробено и затворено (за умносрдечната молитва) нашето срце, и станува наш идол пред кој на дело се поклонуваме. Нашето единствено богатство е Христос. При умносрдечната молитва, сѐ повеќе и повеќе Го откриваме Христос како единствено богатство на нашето срце и само Нему Му се поклонуваме и го откриваме нашето срце во Него. Ги откриваме бескрајните соборни простори и можности на нашето срце во Богочовекот Христос.

Дај Боже да го достигнеме и степенот на обожение и да дознаеме што значат и зборовите на светиот апостол Павле: „јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене“ (Гал. 2, 20), Кој на Крстот го вели она, за нас уште непоимливо, но сигурно есхатолошко и сигурно спасително, дури и за оние што во последен момент ќе се покајат и ќе побараат прошка: „Оче, прости им, не знаат што прават...!“

Простете ми и мене... во Господ Исус Христос и заради Него!



Постирано од: makarios
Датум на внесување: 02.Март.2009 во 01:44
Особено ме погодија зборовите кои погоре ги задебелив.

Периодот на тримирот претставува вистинско умирање за светот. Својот ум го насочуваме да внимава на зборовите од молитвата, и се обидуваме целото наше битие да се внесе во молитвата.

Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот...
Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот...
Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот...

И според силите, да се трудиме овие зборови да ги повторуваме непрестајно.

Подвигот на телесниот пост не е толку тежок, кога во своите мисли постојано го имаме Христос, и кога целиот пост е во рамките на послушанието кон својот духовен отец.

Благословот од духовникот не` крепи, а молитвата не` нахранува, така што телото не чувствува никаква телесна глад, а се повеќе чувствуваме духовна глад, сакајќи да се насладиме со Преслаткиот наш Господ, Исус Христос.

Токму тоа е вистинското умирање за овој свет. Токму ова е оставање на се` и врвење по Него.

Господ да не` укрепи во постот, да ни даде сила со леснотија, радост и благодат да го поминеме, во смирение, и колку можеме повеќе во молитва.

Проштевајте братчиња и сестрички што ви грешев, со дела, на збор и во помисли... и молете се за мене грешниот!


Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 02.Март.2009 во 01:59
Originally posted by makarios makarios напиша:



Особено ме погодија зборовите кои погоре ги задебелив.Периодот на тримирот претставува вистинско умирање за светот. Својот ум го насочуваме да внимава на зборовите од молитвата, и се обидуваме целото наше битие да се внесе во молитвата.Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот...Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот...Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот...И според силите, да се трудиме овие зборови да ги повторуваме непрестајно.Подвигот на телесниот пост не е толку тежок, кога во своите мисли постојано го имаме Христос, и кога целиот пост е во рамките на послушанието кон својот духовен отец.Благословот од духовникот не` крепи, а молитвата не` нахранува, така што телото не чувствува никаква телесна глад, а се повеќе чувствуваме духовна глад, сакајќи да се насладиме со Преслаткиот наш Господ, Исус Христос.Токму тоа е вистинското умирање за овој свет. Токму ова е оставање на се` и врвење по Него.Господ да не` укрепи во постот, да ни даде сила со леснотија, радост и благодат да го поминеме, во смирение, и колку можеме повеќе во молитва.Проштевајте братчиња и сестрички што ви грешев, со дела, на збор и во помисли... и молете се за мене грешниот!


Moli se i ti za mene gresniot, brate makarios. AMIN!


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 08.Март.2009 во 20:47


Во оваа недела од светиот пост - Недела на Православието, или издигнувањето на светите и чесни икони, Црквата Христова го прими празнувањето на она што се случи за време владеењето на Михаил и блажената царица света Теодора, и светиот патријарх константинополски Методиј, сеќавајќи се на победата над иконоборството и воспоставувањето на почитувањето на иконите.


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 08.Март.2009 во 21:12
Пред што било да кажам за денешното евангелие, сакам да ви обрнам внимание на Филиповиот одговор: „Дојди и види!“, на прашањето на Натанаил: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?“, од една страна, како и на Натанаиловото прифаќање на овој едноставен метод на проверка на нештата, од друга страна. Да не навлегуваме во тоа колку сила носеле со себе овие зборови изговорени од Филип заради неговата средба со Христос, бидејќи одговорноста за одлуките и постапките е пред сè наш личен проблем, а не на оној што нè повикува нешто да сториме или не. Затоа, за мене тука се битни две работи: прво, зборовите ‘Дојди и види!’ во контекст на православниот начин на живот и подвиг не значат ништо друго освен пракса и теорија, очистување на срцето од страстите и просветлување на умот. Едното без другото едноставно не оди. И второ, дека овој метод очигледно му е веќе применет, познат и многу приемчив на Натанаил, само што овојпат го спроведува на најлично можно ниво, во лична средба со Богочовекот Христос. За ова, толку.

Денешново евангелие е уште едно историско сведоштво и конкретен пример на совршена молитвена заедница и однос помеѓу Бог и човекот создаден според образот Божји, помеѓу Прволикот и Неговата икона; сведоштво за исполнета молитва. Кога Христос му вели на Натанаил ’кога беше под смоквата, Јас те видов’, всушност му открива Кој го слушал, но и Кој му одговорил на молитвата додека тој се молел под смоквата. Нормално, Христос веќе му открива на Натанаил и Кој му ја исполнува во целост и во живо таа молитва сега. А Натанаил со својот одговор ни открива и ни сведочи дека во Богочовекот Христос Го препознава Оној Кому се молел и Кого единствено Го барал во молитвата – Синот Божји и Царот Израилев, очекуваниот Месија. А кој друг би можел да знае што се случува во срцето и умот на Натанаил, ако не Самиот Бог? Така што, не знам на што попрво да се воодушевувам, дали на Натанаиловата молитва, во која Го бара само Него, или на нејзиното совршено исполнување, и како мистично доживување и како лична средба во живо, од страна на Богочовекот Христос? Или, пак, овие две работи не можат да се одделат, ни како случка, ни како инспирација...

Инаку, нашата молитва кон Господ може да личи како кога толпа луѓе, кои стојат оддалеку, му се обраќаат на царот. Тој гледа пред себе мноштво луѓе, слуша дека сите нешто зборуваат и бараат, но ниту некого препознава, ниту знае точно кој што кажува и кој што бара. Таква е силата на молитвата на оние чиј духовен развој соодветствува на нивото на чистење на срцето од страстите. Не дека Бог не ја слуша и таа молитва, но позади неа не стои потполна посветеност на Бог пројавена преку умирање (туѓинување) во однос на светот, апсолутно послушание и постојан молитвен подвиг. Тоа е молитва чиј одговор е тешко забележлив, особено за неопитните и особено кога се случува надвор од периодот на првата благодат. И бидејќи најчесто, сакале ние или не, таа е наемничка и робовска молитва, ниту може да трае долго, ниту е чиста, ниту ни носи редовно солзи и покајание.

Нашата молитва може да прилега и како да се наоѓаме меѓу десетина луѓе блиски до царот. Тогаш тој знае точно кој и како му се обраќа и кој што бара. Таква е молитвата на носителите на дарот на умносрдечната молитва на степенот на просветление. Ова е веќе молитва на ниво на личен однос со Бог, која во истиот момент носи со себе и одговор, ни Го носи Господ. Генерално, сите наши проблеми поврзани со борбата против помислите, со борбата против страстите, па дури и проблемите со телесни болести и болки може веднаш или брзо да се надминат со просто молитвено симнување на умот во срцето. Кога со оваа молитва се призива Божјата помош за нашите ближни, тогаш нејзиното исполнување е сигурно, доволно е да има добра намера и надеж за спасение во оној за кого се молиме.

Но, молитвата може да биде и како кога се зборува со царот лице в лице. Таква е молитвата на совршените. Тоа е молитва чудотворна. Во текот на оваа молитва, во рамките на личниот однос, Господ не може а да не одговори и да не му се јави на оној што се моли во вид на несоздадена Светлина, прекинувајќи ја притоа и самата молитва. Кога се во прашање другите, исполнувањето на молитвата повторно зависи од постоење на добра почва во срцето на оние што имаат потреба од неа. Таква, лице в лице, била и молитвата на Натанаил. Потврда за тоа е и неговото апостолско достоинство, дарувано од самиот Господ. Неговото апостолско достоинство очигледно одговара на неговата внатрешна духовна состојба, каков и што бил обичајот за ракополагање и поставување на Апостолите и Епископите во првите три века. Потврда за неговата совршена молитва е и неговата совршена, односно, маченичка смрт.

Што можеме да заклучиме од средбата помеѓу Христос и Натанаил и воопшто од преданието на светите Отци за подвигот на богопознанието, а во контекст на денешниот празник – Неделата на Православието?

Согласно опитот на сите Светии, единствен темел на вистинскиот духовен живот е вистинската вера. Вистинската вера го соединува човекот со Бог. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено значи и учество во вистинска благодат. Вистинската вера е критериум за вистински духовен живот. Но и вистинскиот, православен и подвижнички духовен живот во Црквата е единствен метод со кој се стигнува до спознание на вистинската вера, до богопознание. Спознанието на вистината, на лично ниво, во строго православна смисла, не е интелектуално човечко достигнување туку, пред сè, е Божји дар на ‘просветленост на умот’ и ‘обожение на личноста’. Дар Божји кој се добива после големиот подвиг на ‘очистување на срцето од страстите’, до крај. Затоа, многу е потребно, покрај подвигот за сочувување на вистинската вера по секоја цена, да се сочува и вистинското аскетско-исихастичко предание во Црквата, преданието на умносрдечната молитва.


Постирано од: sade um
Датум на внесување: 08.Март.2009 во 21:19
1) 1 Коринќани 8 - ред 8

"Меѓутоа Храната НЕ НЕ ПРАВИ УГОДНИ на Бог : НИТУ ГУБИМЕ НЕШТО , АКО НЕ ЈАДЕМЕ

НИТУ ДОБИВАМЕ НЕШТО АКО ЈАДЕМЕ ."--затворен цитат

2)
Колошаните 2- ред 20 , 21 ,22 и 23

" Ако веќе умревте со Христос за првобитните принципи на светот , зошто им се потчинувате на прописите како уште да живеете во овој свет "Не фаќај" "Не вкусувај " "Не допирај" се што пропаѓа со употреба - според ЧОВЕЧКИТЕ (Мојсееви и на било кој друг смртник) ЗАПОВЕДИ ( а не божји како што некој лаже ) и УЧЕЊА .?
Овие нешта навистина изгледаат како мудрост која се состои во самоволна набожност ,ЛАЖНА ПОНИЗНОСТ И НЕПОШТЕДНА СТРОГОСТ КОН ТЕЛОТО А НЕМААТ НИКАКВА ВРЕДНАСТ , ТУКУ СЕ САМО ЗА УГОДУВАЊЕ НА ТЕЛОТО " - затворен цитат ..им се обраќа Павле на Колошаните .


НЕ ИЗЛАЖАВ НИТУ ЈАС А БОГАМИ НИТУ АПОСТОЛОТ ПАВЛЕ .!

А ЗОШТО ПОВТОРНО РЕЛИГИИТЕ ИНСИСТИРААТ НА СТАРОЗАВЕТНИ
РАБОТИ КОЈ ИСУС ГИ УКИНАЛ КАКО НЕДУХОВНИ - НЕПОТРЕБНИ




СЕКОЈА РЕЛИГИЈА е закон на ТЕЛЕСНИТЕ ПРОПИСИ..прости механички правила и прописи и не се разликува по ништо од сите други луѓе. и од било кој друг држвен закон..затоа НЕМА ВЕЧЕН ЖИВОТ ЗА РЕЛИГИОЗНИТЕ..............

Евреите 7 - ред 15 и 16......."...И станува уште појасно......тој не станал тоа СПОРЕД НЕКОЈ ЗАКОН ( било кој било чив од било кој смртник) НА ТЕЛЕСНИТЕ ПРОПИСИ........"
.
.

и точно е ! ДОБРО РЕКОЛ ПАВЛЕ .!

и тогаш луѓето поготово женскиот пол водел сметка за својот изглед ....постеле - се воздржувале од храна и пред религиите ....

.
..
денес ако е според постот најголеми недостижни верници ќе бидат СИТЕ АНОРЕКСИЧНИ МАНЕКЕНКИ


Постирано од: Pravoslaven
Датум на внесување: 08.Март.2009 во 21:28

sade um, цитатите на Павле не се однесуваат на постот, туку на јадењето/нејадењето на храна принесена на идоли.

А доказ за тоа дека Исус не го укинал постот е следниов библиски стих:
 
Евангелие по Лука 5та глава:
А тие му рекоа: “Зошто учениците Јованови постат често и се молат, како и фарисеите, а Твоите јадат и пијат?”
Toj им рече: ”Зар можете да ги натерата сватовите да постат, додека е со нив младоженецот? Но ќе дојдат денови, кога ќе се оддели од нив младоженецот и тогаш, во тие денови, ќе постат.
 
Оттука гледаме дека Исус не го укинал постот, туку рекол дека додека е Тој со Своите ученици, тие не треба да постат, но кога тој ќе си замине од нив (по вознесувањето) тогаш тие ќе постат.
 
Сепак, библискиот пост и православниот пост немаат допирни точки, бидејќи едниот значи нејадење/гладување, а другиот значи селектирање на храна и јадење посни велелепни гозби среќа


-------------
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 09.Март.2009 во 00:05
Originally posted by makarios makarios напиша:


Во оваа недела од светиот пост - Недела на Православието, или
издигнувањето на светите и чесни икони, Црквата Христова го прими
празнувањето на она што се случи за време владеењето на Михаил и
блажената царица света Теодора, и светиот патријарх константинополски
Методиј, сеќавајќи се на победата над иконоборството и воспоставувањето на почитувањето на иконите.





Се извинувам на упадот и прашањето!
Што е со оние верници на кои ЖИВИОТ ХРИСТОС им е безкрајно поважен од цртаните христоси?

БОГ да ве благослови за одговорот што ќе ми го дадете, а да ве благослови и ако не ми го дадете!

АМИН


-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: Pravoslaven
Датум на внесување: 09.Март.2009 во 00:08
Originally posted by spiros spiros напиша:


Што е со оние верници на кои ЖИВИОТ ХРИСТОС им е безкрајно поважен од цртаните христоси?
 
Ним, во Оној ден, Христос ќе им се обрати со следниве зборови:

Матеј: - 7:23 ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’



-------------
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !


Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 12.Март.2009 во 23:01
Ве молам, браќа, пазете се од оние, кои прават раздори и соблазни против науката, која вие ја научивте, и отстранувајте се од нив!

Зашто, таквите не Му служат на нашиот Господ Христос, туку на својот желудник, и со благи и ласкави зборови ги заведуваат срцата на простодушните.


-------------
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”


Постирано од: sade um
Датум на внесување: 13.Март.2009 во 16:08
ЗНАЧИ ВИДОВМЕ ДЕКА НОВИОТ ЗАВЕТ НЕ ГО ПРИЗНАВА ПОСТОТ – ВОЗДРЖУВАЊЕТО ОД ХРАНА КАКО НЕКАКВА НАВОДНА ДУХОВНОСТ ВЕРУВАЊЕ И ПОБОЖНОСТ ...ПАВЛЕ ГИ НАРЕКУВА ..ЛАЖНИ !

Оти тоа се прописи според стариот Мојсеев Закон кого Исус Христос ГО УКИНАЛ..како закон на телесните прописи за кој битито Бог НЕДАЛ ветување за вечен живот . Библиската гаранција е дека физичкото тело без личност е мртва природа па затоа нема потреба ..апсурдно е да се казнува нешто што нее свесно за своето постоење . Раката нема да земе оружје да убива ако Личноста не и нареди .

И Стариот Завет НАПИСМЕНО Е ЗАПИШАНО дека постот – воздржувањето од храна НЕ СЕ ПРИЗНАВА како верување , духовност и побожност .

Еве :

1 )
Книга на пророкот Исаија 58 – ред 5 ..ТАКОВ ЛИ Е ПОСТОТ ШТО ЈАС ГО ОПРЕДЕЛИВ ? ( епа каков е ?) човек да ја изнемоштува душата своја во денот кога наведнува главата како трска и под себе постила вреќиште и пепел ? ТОА ЛИ ЌЕ ГО НАРЕЧЕШ ПОСТ И ДЕН УГОДЕН НА ГОСПОДА ? (е како да не ...утре од сабајле ..тоа е само религиозна измислица )


2)
Книга на пророкот Јеремија 14 – ред 12 ...Ако и ПОСТАТ, нема да го чујам писокот нивни : и ако принесат сепаленица и дар нема да ги примам , но со меч , со глад и со помор ЌЕ ГИ ИСТРЕБАМ

ЗНАЧИ БИТИЕТО БОГ – ГОСПОД ЈАСНО КАЖАЛО ДЕКА НЕПРИЗНАВА ТАКВИ ЕКСТРЕМНИ НЕПОТРЕБНИ СПОРТОВИ НАРЕЧЕНИ ПОСТ – ВОЗДРЖУВАЊЕ ОД ХРАНА

.
.
.
НО БИТИЕТО ГОСПОД БОГ ...КАЖАЛ – ДЕФИНИРАЛ ШТО ПРИЗНАВА ПОД ПОИМОТ ПОСТЕЊЕ

ДЕФИНИЦИЈА
Книга на пророкот Исаија 58 – ред 6 ... Ова е ПОСТ што Ми е по ВОЛЈАТА: да ги кинеш неправедните окови, да ги разврзеш врските на јаремот ( наметната туѓа волја , туѓо управување ), да ги пуштиш на слобода угнетуваните ( експлоатираните од капиталистите ), да ги скршиш сите окови; ( се она што го прави човека неслободен )

ЕТЕ КАЖАЛ – ДЕФИНИРАЛ БОГ ШТО Е ПОСТОТ
ЈАСНО СЕ ГЛЕДА ДЕКА БИТИЕТО БОГ Е ИДЕАЛИСТ ...КОМУНИСТ АНАРХИСТ

.
.
.
Исус никогаш НЕПОСТЕЛ – не се воздржувал од храна

Еве :

Лука: 5:33 А тие Му рекоа тогаш: „Јовановите ученици постат често и се молат, така и фарисејските, а Твоите јадат и пијат?”
5:34 Исус пак им рече: „Можете ли да ги натерате сватовите да постат додека е младоженецот со нив?
5:35 Туку ќе дојдат дни кога младоженецот ќе биде грабнат од нив; тогаш ќе постат, во тие дни.

ОВА МУ КАЖАЛЕ НА ИСУСА ЗА И САМИОТ ДА СЕ СЕТИ .......ДЕКА И САМИОТ НЕПОСТЕЛ ЗА РАЗЛИКА ОД РЕЛИГИОЗНИТЕ .

Е ДАЛИ ПА ПОСЛЕ Исус навистина постеле Апостолите кога Павле НАПИСМЕНО ВЕЛИ ДЕКА ПОСТОТ – ВОЗДРЖУВАЊЕТО ОД ХРАНА СЕ ЛАЖНА ДУХОВНОСТ , ЛАЖНО ВЕРУВАЊЕ ЛАЖНА ПОБОЖНОСТ .

Новиот завет вели дека Исус и Апостолите и Христијаите не се воздржувале о д храна туку ПОСТЕЛЕ ТАКА КАКО ШТО ИМ КАЖАЛ ГОСПОД

ЕВЕ ВАКА :

ДЕФИНИЦИЈА :
Книга на пророкот Исаија 58 – ред 6 ... Ова е ПОСТ што Ми е по ВОЛЈАТА : да ги кинеш неправедните окови, да ги разврзеш врските на јаремот ( наметната туѓа волја , туѓо управување ), да ги пуштиш на слобода угнетуваните ( експлоатираните од капиталистите ), да ги скршиш сите окови; ( се она што го прави човека неслободен

Исус Христос го спроведувал цело време ПОСТОТ кажан од Господ .....
Бил против : 1 ) Религиите , 2 ) Против Капиталистите , 3 ) Против државата како апарат за насилство на капиталистичките властољупци .
Ова свето тројство и го убило ..така си пишува во Новиот завет ....и 300 години ги прогонувале Христовите следбеници.

ЕВЕ КАКО ПОСТЕЛЕ ОД ШТО СЕ ВОЗДРЖУВАЛЕ ХРИСТИЈАНИТЕ :

Дела 2 – ред 44...А СИТЕ оние кој ПОВЕРУВАА беа заедно и се им беше општо – заедничко
Ред45 – И ги ПРОДАВАА СВОЈТЕ Сопствености и Имоти и тоа го споделуваа со сите секому според неговата потреба .
Ред 46 – И секој ден беа заедно и Еднодушно............

Евангелие по Јован 17 – ред 22 ......”.......за да се Усовршат во Единство..”..- вели Исус Христос

1 Коринќани 1 – ред 10...Браќа ве молам во ИМЕТО на нашиот господ исус христос Сите да зборувате исто и да нема раздори меѓу вас туку да бидете совршено соединети во ЕДНА МИСЛА И ЕДЕН УМ .... .- СЕ БАРА ЕДНОУМИЕ

Филипјани 4 – ред 2....”....да бидат ЕДНОМИСЛЕНИ – КОНСЕНЗУС ..”- Павле


Дела 4 – ред 32 .”..А народот кој ПОВЕРУВА имаше едно срце и една душа И НИКОЈ НЕ ВЕЛЕШЕ ДЕКА НЕШТО ОД НЕГОВИОТ ИМОТ Е НЕГОВО ТУКУ СЕ ИМ БЕШЕ ЗАЕДНИЧКО…”..

Јаков 1 – ред 25 .”..А кој ќе се загледа во во Христовиот Совршен закон на Слободата – Безсуетноста и остане во него , не како заборавлив слушател туку како ДЕЛОТВОРЕН ИЗВРШИТЕЛ тој ќе биде блажен-(блажен = исполнителен кон Божјите барања )во она што го врши..”.—..оти тоа е веќе Вера..вистинско Верување видливо со голо ОКО неспорно за атеистите ....оти е ОЧИГЛЕДНО


Книга на пророкот Исаија 1 – ред 17 ...научете се да правите добро , барајте ПРАВДА ,спасувајте УГНЕТЕН – ЕКСПЛОАТРАН ., заштитете сирак , застапувајте се за вдовица .

Еве цело време битието Бог кажува каков пост – ВОЗДРЖЛИВОСТ бара .
Бара религиите да не постојат оти тие служат за генерирање лоши меѓучовечки односи . Бара да се укине капиталот и капиталистите кој ги угнетуваат – експлоатираат луѓето .Бара да се укине државата како инструмент за насилство на капиталистите и религиозните врхушки .

Е ОВА Е ВИСТИНСКИ ПОСТ .


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 13.Март.2009 во 16:56
Originally posted by sade um sade um напиша:

ЗНАЧИ ВИДОВМЕ ДЕКА НОВИОТ ЗАВЕТ НЕ ГО ПРИЗНАВА ПОСТОТ – ВОЗДРЖУВАЊЕТО ОД ХРАНА КАКО НЕКАКВА НАВОДНА ДУХОВНОСТ ВЕРУВАЊЕ И ПОБОЖНОСТ ...ПАВЛЕ ГИ НАРЕКУВА ..ЛАЖНИ !

Оти тоа се прописи според стариот Мојсеев Закон кого Исус Христос ГО УКИНАЛ..
 
Грешка си, ние не го видовме тоа, туку го видовме токму спротивното...среќа
 
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

sade um, цитатите на Павле не се однесуваат на постот, туку на јадењето/нејадењето на храна принесена на идоли.

А доказ за тоа дека Исус не го укинал постот е следниов библиски стих:
 
Евангелие по Лука 5та глава:
А тие му рекоа: “Зошто учениците Јованови постат често и се молат, како и фарисеите, а Твоите јадат и пијат?”
Toj им рече: ”Зар можете да ги натерата сватовите да постат, додека е со нив младоженецот? Но ќе дојдат денови, кога ќе се оддели од нив младоженецот И ТОГАШ, ВО ТИЕ ДЕНОВИ, ЌЕ ПОСТАТ.
 
Оттука гледаме дека Исус не го укинал постот, туку рекол дека додека е Тој со Своите ученици, тие не треба да постат, но кога тој ќе си замине од нив (по вознесувањето) тогаш тие ќе постат.
 
Сепак, библискиот пост и православниот пост немаат допирни точки, бидејќи едниот значи нејадење/гладување, а другиот значи селектирање на храна и јадење посни велелепни гозби среќа


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 13.Март.2009 во 17:33
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:


А тие му рекоа: “Зошто учениците Јованови постат често и се молат, како и фарисеите, а Твоите јадат и пијат?”

Toj им рече: ”Зар можете да ги натерата сватовите да постат, додека е со нив младоженецот? Но ќе дојдат денови, кога ќе се оддели од нив младоженецот и тогаш, во тие денови, ќе постат.

 

Оттука гледаме дека Исус не го укинал постот, туку рекол дека додека е Тој со Своите ученици, тие не треба да постат, но кога тој ќе си замине од нив (по вознесувањето) тогаш тие ќе постат.



Sigurno?

Isus im veli deka dodeka toj (mladozhenecot) e so niv, togash tie (svatovite) kje pravat kako sto toj ja vodi svadbata (propovedanjeto i uchenjeto) bidejki nema da ima poglema sila od nego i negovata Radosna Vest za da gi obmani onie sto go sledat, no koga kje dojdat denovite koga toj kje gi napushti, ovie povorno kje postat.

Negovite zborovi se chista parabola (zarem ne gledate deka nikade samiot ne se spomnuva vo prvlo lice ednina?) i postenjeto go koristi kako simbolika. Ako beshe obratnoto, toj kje recheshe "Vistina, vistina vi velam, nemojte da postite dodeka sum so vas, a otkoga kje si zaminam prodolzhete so postenjeto".

Interesno svetlo na ova frla sledniov citat:

I reche Gospod: "so kogo da gi sporedam lugjeto od ovoj rod? I komu se slichni? Tie lichat na deca sto sedat po pazarishtata i vikaat edno na drugo, velejki: Vi svirevme i ne igravte; vi peevme zhalni pesni i ne plachevte!" Zashto, dojde Jovan Krstitel, koj nitu leb jade, nitu vino pie, a vie velite: "Bes ima". Dojde Sinot Chovechki, Koj jade i pie, a vie velite: "Eve chovek sto mnogu jade i pie, prijatel na mitnicite i greshnicite!"
Luka 7:31-34


-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 15.Март.2009 во 22:46


Тропарот на Свети Григориј Палама:

Светилнику на Православието,
Тврдино на Црквата и учителу!
Убавино на монасите,
непобедлив поборнику на богословите!
Чудотворче Григорие, славо Светогорска,
и проповеднику на благодатта,
моли Го Бога непрестајно
да ги спаси душите наши.

Оваа химна посветена на Григориј Палама, Православната Црква ја пее на богослужбите во втората недела на Великиот пост. Посветена е на човекот кој неколку децении пред падот на Византија изврши научна синтеза на исихазмот, тоа старо предание на созерцателното монаштво на Источната Црква.

Исихазмот е монашко движење што потекнува од пустинските Отци. Самиот Палама може да се нарече учител на православната мистика, затоа што неговото дело ги надминува границите на една духовна школа, а по својата најдлабока суштина го обновува животот на христијанската сетајна.

Источното монаштво уште пред Палама, зад себе имало долга историја. Големите учители му оставиле изобилство од пишани дела. Преживеало многу тешкотии и искушенија. Меѓу современиците на Палама монаштвото имало огромен углед, а самиот Палама без резерва го прифатил целокупното негово наследство. Паламиното дело ги нагласило и ги подвлекло трајните доктринарни и духовни елементи на монаштвото, токму во моментот кога духот на ренесансата првпат ја допрел Византија и кога христијанскиот Запад преживувал една од своите најрадикални трансформации. Ако многуте вредности коишто средниот век ги сметал за апсолутни исчезнале без трага, дали и суштината на христијанството требало да исчезне? Дали новопостигнатата автономија на интелектот и на самата природа оставила место во новото општество за духовниот живот кој го дава Христос, а којшто е далеку над сите чисто човечки достигнувања?

Делото на Палама ги разреши овие проблеми. Поради тоа, победата на неговото учење во византискиот 14 век, Православната Црква ја смета не како триумф на некаков посебен облик на мистицизам, туку како победа на самото Православие. Потврдата на Паламиното учење од страна на Црквата порасната од чисто монашка традиција, има вечна и универзална вредност.


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 15.Март.2009 во 22:54
Деца, слушајте внимателно за да ви го објаснам евангелието од неделата што пројде. Главно, во последнава реченица што ви ја прочитав се крие она што треба да се толкува.

Во текстот од евангелието најнапред се истакнува верата на фатениот и на оние што го носат. Пред сè верата на фатениот...

Еднаш веќе ви зборував дека и верата или верувањето многу зависи и се разликува од тоа на кој степен од духовниот развој се наоѓа човек. Она во што уште верува и кон што се стреми оној што се наоѓа на степенот на очистување на срцето од страстите, веќе е знаење и опит за оној што е на вториот степен, а не прашање на вера. Она во што уште верува и кон што се стреми оној што се наоѓа на степенот на просветлување на умот, веќе е знаење и опит за оној што е обожен, а не прашање на вера...

Но, за да премине верата во знаење и опит, потребен е голем подвиг и смирение. Таков подвиг и смирение гледаме и во напорот пред сè на фатениот да дојде до Христос Богочовекот. Пред сè смирение... Внесувањето преку покривот на куќата со надеж и за исцеление (како и во многу случаи досега), а наместо него јавно да ја слушне само причината за својата болест (гревот) и без помисла да го прифати сето тоа, зарем ова не покажува смирение и благодарност? Да, однесувањето на фатениот покажува дека тој ја освестил причината за својата болест, а тоа е гревот, како што потврди и Христос, и со смирение и благодарност ја прифаќа Господовата одлука, сметајќи се себеси недостоен и за толку – да му ги прости ‘само’ гревовите.

Како што и другпат сум ви спомнал, прифаќањето на Божјото слово за нас, прифаќањето на Божјата волја за нас и прифаќањето на Божјата промисла за нас, со смирение и благодарност, истовремено значи и наше отворање и наше прифаќање на Божјата благодат. Следувателно, тоа значи и наше исцеление, и душевно и телесно. Значи, второ нешто што истакнува денешното евангелие е и гревот и отпаѓањето од Бог како причина за нашите болести, и душевни и телесни.

Трето нешто што е истакнато во денешното евангелие е и вистината дека Господ Бог е единствениот Кој има власт да ги простува гревовите, ако со вера и покајание, односно со смирение и благодарност, пристапиме кон Него. Вистинското покајание значи неповторување на гревот. Вистинското простување на гревовите исто така се препознава од неповторувањето на гревот. Оној што има вистинско покајание ќе добие и вистинско простување на гревот од Самиот Господ, што значи и исцелување од последиците на гревот. Вистинското простување на гревот и исцелувањето на неговите последици не е ништо друго туку возобновување на нашата заедница со Бог, со Богочовекот Исус Христос.

Токму овој момент, простувањето на гревот, е причина за помислите на книжниците. Тие знаат од Книгите на Законот дека единствено Бог има власт да простува гревови. Затоа немаше можеби и ништо да помислат ако Христос само го исцелеше фатениот, затоа што тоа ќе беше само уште едно исцеление од многуте кои во тоа време Он ги правеше; но, објавата на простувањето ги соблазнува. Заради нивно обраќање и спасение Христос постапува по редот по кој следуваат настаните: прво јавно простува, па потоа и јавно исцелува. И на крај, ем љубовно (без да ги кара како што Он знае кога ќе види непокајание) им ги открива помислите на нивните срца, ем им ја пројавува Божјата сила и власт од Себе со исцеление на фатениот. Ова го потврдува и самото евангелие – „така што сите [без исклучок] се дивеа и Го славеа Бог, велејќи: никогаш вакво чудо не сме виделе!“

Деца, забележувате дека не ви го толкувам евангелието алегориски, како што е обичај во ‘Александриската школа’ и како што некои сакаат да толкуваат, па да речам, на пример, дека куќата во која престојува Христос е срцето на човекот и благодатта на Светиот Дух во него, а дека отвoрањето на покривот и спуштањето на фатениот низ него е отвoрањето на срцето и симнувањето на умот во него. Ниту пак ви го толкувам само историски и етички, како што е обичајот во ‘Антиохиската школа’. Ова е аскетско-исихастичко толкување на ‘Македонската школа’, кое секогаш во своите толкувања тргнува од личносниот принцип, од хармонијата на православниот духовен живот и не повеќе од она што Бог ни дал. За ова толку.

Вистинското простување на гревовите е очистување на срцето од страстите и негово отворање за умносрдечната молитва. Тоа е ослободување од ропството на страстите, од гревот и од демонот. Тоа е одвојување од светот. Затоа и Господ на фатениот му се обраќа татковски со зборот ‘синко’... 


Постирано од: vaskapraska
Датум на внесување: 21.Март.2009 во 14:25
Originally posted by makarios makarios напиша:

Деца, слушајте внимателно за да ви го објаснам евангелието од неделата што пројде.


Cicko, a sto e toa maliot post?


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 23.Март.2009 во 00:22


Во оваа недела од Воскресниот пост се поклонуваме на Чесниот и Животворниот Крст Господен, кој нè укрепува во деновите на жалост, потсетувајќи нè на бесконечната љубов на нашиот Спасител, Кој прими крстни страдања заради нас грешните. Оваа Недела се нарекува Крстопоклона и се одликува со тоа што Крстот се изнесува на средината на храмот за поклонение.

Тропар:
Спаси ги, Господи, Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство, победи на православните над противниците дарувај им, сохранувајќи го со Крстот Твој, Твојот народ.


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 23.Март.2009 во 00:25
„Ако некој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој и нека врви по Мене! Оти кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби душата своја заради Мене, тој ќе ја спаси“ (Марко 8, 34-35).

Како го носиме Крстот свој одрекувајќи се од себе и врвејќи по Богочовекот Христос? Преку распнувањето на нашиот ум на Крстот. Ако умот не се распне и не умре за овој свет закован на Крстот Христов, тогаш не е возможно ни погребение негово во срцето. Ако нема погребение на умот во срцето тогаш нема и надеж за дарот на воскресението.

А како го распнуваме ние нашиот ум на Крстот Христов? Преку чувањето на чистотата на Православната вера, преку послушанието на духовниот отец во исполнувањето на заповедите Христови и преку собраната молитва во Бог. На тој начин го запираме валкањето на умот, го ставаме во процес на чистење и го чистиме сè повеќе и повеќе, а со тоа и нашето срце. Затоа што сè нечисто преку енергијата на умот влегува во нашето срце и го валка, исто како што и сè чисто преку енергијата на умот влегува во нашето срце и го чисти. Срцето се валка кога умот ќе се согласи со лошите помисли, со лошите зборови и со лошите дела.

Доволно очистеното срце од страстите станува како гроб на умот кој молитвено престојува во него. Ако успееме да го поминеме без пад (односно без предвремено напуштање на молитвениот престој во срцето) периодот во кој непреобразениот дел од страстите ќе биде поттикнат со реален предизвик за нивно задоволување, тогаш можеме да се надеваме и на дарот на воскресението – и на душата и на телото. Помислата не е реален предизвик на второто ниво од духовниот развој, туку телото предизвикано од вистинско тело, купчето пари кои се чувствуваат во џебот и непријателството на оние на кои никогаш не сме им направиле зло.

Носењето на Крстот свој и одрекувањето од себе се исполнува, за второто ниво, со доволна љубов и кон непријателите. За што доволна? За премин на степенот на обожение, кој е вистинско одење по Христос.


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 23.Март.2009 во 00:28
Светите апостоли Матеј, Марко и Лука во светото Евангелие скоро идентично ги имаат запишано зборовите со кои Христос ги поучува Своите ученици: „Ако некој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој и нека врви по Мене! Оти кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби, а кој ја загуби душата своја заради Мене, тој ќе ја спаси’’ (Матеј 16, 24-25; Лука 9, 23-24 и Марко 8, 34-35). Овие зборови со кои Господ лично му се обраќа на секој од нас, денес се уште поактуелни, а ќе бидат и до крајот на овој свет и век.

Забележуваме два дела во оваа поука. Во првиот дел – кога ни вели да се одречеме од себе, да го земеме својот крст и да врвиме по Него – Господ Исус Христос нè повикува да ги поминеме трите степени од нашиот духовен развој: чистењето на срцето од страстите, просветлувањето на умот и обожението на личноста. Значи, намерно Богочовекот Христос ги нагласува трите степени од духовниот развој за наша поука, инаку можеше едноставно да рече: Кој сака да е со Мене, нека врви по Мене! Во вториот дел нè потсетува дека нашата душа е болна и заробена од страстите и дека ако сакаме да ја спасиме трeба да ја исцелиме од нив. Вториот дел од поуката нè освестува за важноста на првиот. И навистина, ако не го освестиме фактот дека сме болни, односно дека сме заробени од страстите, од гревот, од демонот и од смртта, никогаш нема да ја почувствуваме потребата од Лекар и Спасител на нашите души и тела. На луѓето со високо мислење за самите себе, како и на оние што пребиваат во незнаење, им се случува да го освестат фактот за заробеноста дури после доживувањето на сериозни несреќи и болести во својот живот. Да не бидеме како нив!

1. Одрекувањето од себе одговара на првиот степен од духовниот развој – чистење на срцето од страстите, и трае сè до отворањето на срцето за умносрдечната молитва. Одрекувањето од себе подразбира одрекување од нашето болно јас, кое заради гревовната навика просто се поистоветува со своите страсти: сластољубие, среброљубие и славољубие. Токму заради тоа Господ и нè повикува да се одречеме од себе – заради нашето поистоветување со страстите. Исто така, со тоа што овој степен од нашиот духовен развој Господ го нарекува одрекување од себе, сака да нè предупреди дека овој подвиг воопшто не е лесен, и дека нас навистина нè чека одрекување од нашето болно јас. Страстите се тие што го валкаат нашето срце и ја држат благодатта на Крштението закопана и недејствителна во него. Живееме како некрстени, без да ја познаваме полнотата на животот и радоста на благодатта Божја. Нашиот ум останува непросветлен, а демонот, користејќи ги нашите страсти, непречено нè води од искушение во искушение. Целиот живот ни се претвора во една постојана неизвесност, загриженост, несигурност, страдање и мачење. Одрекувањето од болниот себе е предуслов за исцелителна заедница со Бога. Ова одрекување се случува од моментот кога ќе ги исповедаме своите гревови и кога ќе почнеме да живееме под раководство на духовен отец. Само заради љубов и вера во Бога, човек може да се одрече од себе и од своите страсти. Колку ги исполнуваме Божјите заповеди, толку се исцелуваме од своите страсти и толку Го љубиме Бога: „Ако ги запазите Моите заповеди ќе останете во љубовта моја’’ (Јован 15, 10). Исполнувањето на заповедите е аскетска љубов на дело и кон нашите ближни, затоа што ќе ги поштедиме од тоа да бидат објект или средство за задоволување на нашите страсти.  


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 23.Март.2009 во 00:28
2. Земањето, односно, носењето на крстот е поврзано со вториот степен од духовниот развој – просветленоста и дарот на умносрдечната молитва. Од една страна тоа е голем молитвен подвиг, односно љубов кон Бога, а од друга страна, заради луѓето што нè напаѓаат и мразат, тоа е голем подвиг на аскетска љубов и кон непријателите. На првиот степен демонот нè напаѓа однатре, преку страстите од коишто сме заробени, додека на вториот степен тој не може да нѐ нападне однатре, бидејќи срцето веќе не ни е заробено од страстите, па затоа нè напаѓа однадвор, преку луѓе кои се негови слуги. Носењето на крстот ја означува токму љубовта и кон непријателите така како што Христос ни покажа на Крстот: „Оче прости им, не знаат што прават'' (Лука 23, 34). Господ така премудро го устроил нашето духовно восовршување што, без љубовта и кон оние што на кој било начин ни прават зло (со лоша мисла и чувства, со зборување против нас или со лоши дела), не можеме да поминеме од вториот на третиот духовен степен – од просветленост во обоженост. Љубовта и кон непријателите е конечно уништување на секоја суета, високо мислење и гордост во нас.

3. Одењето по Христос, во вистинска смисла на зборот, се однесува на третиот степен на духовниот живот – обожение, кога човекот е ослободен од страстите и од дејството на демонот и ги љуби благодатно сите без исклучок. Најреткиот дар од Бога што го краси највисокиот степен на духовно совршенство на човекот е непрестајната умносрдечна молитва за спасение на светот. Карактеристична појава за овој духовен степен е т.н. грабнување на умот, кога соединет со Бога умот пребива во Неговата слава и светлина. Молитвата на светите луѓе е највисок креативен дострел што може да го достигне човекот. Молитвата на светите луѓе го држи светот во постоење и нè спасува сите нас за Царството Небесно. Таква молитва имаат Богородица и Светителите Божји.

Како што видовме, Тајната на Крстот Христов ги содржи истовремено и двете димензии: и љубовта кон Бога и љубовта кон секој човек. Или, можеме да речеме дека љубовта кон Богочовекот Христос покажува дека љубовта и кон Бога и кон секој човек е двоедна и неразделна љубов: Ако некој рече: „Го сакам Бога’’, а го мрази својот брат, лажец е: оти, кој не го сака својот брат, кого го видел, како може да Го сака Бога, Кого не Го видел? (1 Јов. 4, 20); или, „тогаш и тие ќе Му одговорат и речат: ‘Господи кога Те видовме гладен, или жеден, или странец, или необлечен, или болен, или во затвор и не Ти послуживме?’ Тогаш ќе им одговори и рече: ‘Доколку не сте го направиле тоа на еден од овие најмали браќа и Мене не сте Ми го направиле’’ (Матеј 25, 44-45). Богочовекот Христос се поистоветува со секој човек, и што и да му направиме ние на некого, добро или зло, Господ го прима тоа како Нему да Му е направено. Затоа во евангелска смисла на зборот, секој човек што на кој било начин Божјата промисла го внесува во нашиот живот е наш ближен!   

Господ да нè чува од лоши мисли и чувства, од лоши зборови и од лоши дела кон нашите ближни, а особено да нè чува од грев кон оние што стојат пред светиот олтар и се молат за нас!


Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 23.Март.2009 во 01:53
Originally posted by makarios makarios напиша:


Значи, намерно Богочовекот Христос ги нагласува трите степени од духовниот развој за наша поука, инаку можеше едноставно да рече:



газење%20од%20смеење газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење

-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 23.Март.2009 во 01:56
Братче, може да ни објасниш што е смешно?


Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 23.Март.2009 во 02:01
Болдираното,не е смешно,трагично е.

-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 23.Март.2009 во 02:03
Братче, ајде уште еднаш појасни се, да те разбереме што сакаш да кажеш. Остануваш недоречен и несмислен.


Постирано од: ahmar1
Датум на внесување: 23.Март.2009 во 14:07
Болдиран е зборот Богочовек,инаку еден од најубавите термини со кој се опишува двојната природа на Господ Исус Христос,божествената и човечката.
Сега ако не го разбираш терминот е едно(па ти е чуден),а ако ти е смешно е друго.
Ако во прашање е првото може да се дообјасниме(без разлика дали се согласуваме или не потоа),но а ако е второто во случај тогаш кога има постмевање,според правилата на пристојно однесување во секоја култура, мислам дека не вреди да се објаснуваме,тогаш тоа не е разговор туку губење време.Па сега одлучисе.
поздрав


-------------
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 29.Март.2009 во 21:58


Споменот на св. Јован Лествичник во четвртата недела од постот и на света Марија Египетска во петтата недела, според својата суштина се силно поврзани со Великиот пост. Во нив Црквата гледа не само носители на аскетизмот, туку и негов најсовршен пример: кај св. Јован Лествичник во неговите списи, а кај св. Марија Египетска во нејзиниот живот. Споменувањето на овие светители во втората половина на постот очигледно треба да служи за ободрување и вдаховение на верните во нивната духовна борба во текот на целиот подвиг во Великиот пост. За тоа дека за аскетизмот не треба само да си спомнуваме, туку и дека треба да го применуваме на дело, и за тоа дека споменот на овие светители се допира до нашиот личен подвиг во постот, ќе проговориме одделно во последната глава.


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 29.Март.2009 во 22:15
Во евангелското четиво од четвртата недела на Големиот Пост значајни за толкување се следниве две случувања: А Исус му рече: ако можеш да поверуваш, сè е можно за оној што верува. И одеднаш таткото на момчето извика и со солзи говореше: верувам, Господи, помогни му на моето неверие! (Марко 9, 23-24). Како и ова: И кога влезе Исус во една куќа, учениците Негови Го прашаа насамо: зошто ние не можевме да го истераме? Им одговори: тој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост (Марко 9, 28-29).

Со првата евангелска случка Господ Исус Христос меѓу другото сака да нè поучи и да ни го покаже постоењето на аскетски и на благодатен подвиг во православниот духовен живот и разликата меѓу нив. Едно е аскетска вера и доверба во Господ, а друго е благодатна вера: благодатната вера веќе преминува во познание, знаење и сигурност. Едно е аскетското исполнување на Божјите заповеди, а друго е благодатно исполнување. Едно е аскетска молитва, а друго е благодатна молитва. Едно е аскетска љубов кон нашите ближни, а друго е благодатна љубов. Истото важи и за подвигот во сите други добродетели на нашиот христијански живот. Едно е аскетско трпение, или смирение, или плач, или пост итн., а друго, кога кој било од овие подвизи ќе го осени благодатта Божја.

Во што е разликата помеѓу аскетскиот и благодатниот подвиг и од каде произлегува таа разлика? Во зависност од тоа на кое ниво или степен од духовниот развој се наоѓа човек, различен е и неговиот подвиг. На првиот степен, кој се нарекува чистење на срцето од страстите, подвигот на секој човек во која било добродетел е аскетски. Тоа значи дека срцето на овој степен е сè уште подлежно на страстите и заробено од нив, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, го наведува човекот на грев. Исто така, на овој степен, бидејќи срцето е сè уште заробено и извалкано од страстите, благодатта на светото Крштение не ја пројавува својата сила и отворена помош на оној што се труди да ги исполни Божјите заповеди и да се ослободи од гревовната навика. Затоа и подвигот на степенот од очистување на срцето од страстите изгледа многу тежок, а некојпат дури и безнадежен. Треба да се вложи многу напор и труд во моменти кога ни се чини дека нема помош од никаде. Треба да ги исполнуваме заповедите Божји, добродетелите, и кога за тоа воопшто немаме желба и волја и не го чувствуваме тоа како потреба во нас. Присилувањето на самите себе е клучниот момент заради кој подвигот се нарекува аскетски. На човек му останува само да се присили себеси во творење добро, а врз основа на одлука од својот умот, потпрена на некои непроверени сознанија од верата – верувајќи дека Бог ќе му помогне. Затоа и таткото на демонизираното момче низ солзи вели: верувам, Господи, помогни му на моето неверие!

Но не е точно дека Бог со Својата благодат и на првиот степен не му помага на човекот, затоа што ние ништо без Него не би можеле да направиме, но таа помош е некако скриена токму за да се пројави слободната определба на човекот за доброто, за Бога. Бог сака да нè научи да ги исполнуваме Неговите заповеди од љубов кон Него, како деца Божји, а не како робови, од страв или како наемници, за награда. Лесно е да ги исполнуваме заповедите кога благодатта е со нас. Лесно е да даваме кога добиваме. Но сепак, тоа е трговија, а не љубов. Љубовта дава и кога не добива.

Благодатта во одредени моменти се пројавува посилно во нашиот живот, но само за да нè одмори од подвигот, да нè утврди во верата и да нè утеши. Тогаш сè ни е лесно. Секоја добродетел ја извршуваме како нешто најприродно. Сепак, тоа не се моменти кога ние духовно растеме. Духовниот развој ни е овозможен само во моментите кога Божјата благодат останува скриена, а ние продолжуваме да се трудиме во исполнување на добродетелите. Секогаш кога паѓаме и не успеваме да ја извршиме добродетелта, во тие моменти на скривање на благодатта, ние не сме го поминале испитот и повторно ќе треба да го полагаме сè додека не успееме. Тоа е еден вид постојано вежбање во добро. И самиот старогрчки збор ‘аскеза’ во суштина значи вежбање. Светите Отци велат дека во моменти кога благодатта се крие треба да постапуваме – иако тоа воопшто не го чувствуваме така – како да е таа присутна. Само тогаш растеме.

На вториот степен, кој се нарекува просветлување на умот, подвигот на секој човек во која било добродетел е веќе благодатен. Тоа значи дека срцето е доволно очистено од страстите и благодатта на светото Крштение во сила се пројавува од него и отворено му помага на човекот да се бори против гревот и демонот. Нема веќе подвиг во голем труд и напор туку природно тежнеење кон добродетел. Демонот не може да нè нападне од внатре туку напаѓа и искушува од надвор, преку луѓето кои се негови слуги. На ова ниво од духовниот развој, откако подвижникот ќе биде проверен со двете груби страсти на среброљубие и сластољубие, целата понатамошна борба се случува околу суптилната страст на славољубие. Уште поконкретно кажано, целиот подвиг и борба со демонот се случува околу љубовта и кон непријателите. Ако слугите на демонот ги прашаме да ни одговорат зошто нè мразат и напаѓаат, што зло сме им сториле, не ќе знаат да ни кажат. На овој степен нашата вера сè повеќе станува опит и знаење отколку само гола вера. На третиот степен – обожение, се случува она Павловото: и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене (Гал. 2, 20); како и ова: а ние имаме ум Христов (1Кор. 2, 16).


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 29.Март.2009 во 22:20
Во второто евангелско случување Христос нè поучува дека демонскиот род може да се истера само со молитва и пост. Што значат овие Господови зборови? Тие значат дека со страстите, од кои луѓето се заробени, поврзани се демоните и сè додека човек не се ослободи, очисти од своите страсти, сè дотогаш не ќе може да се ослободи и од демонот поврзан со нив, кој, пак, преку страстите слободно влегува во внатрешноста на срцето и предизвикува искушенија и пад. Од страстите се исцелуваме, се чистиме, кога, од една страна, не ги исполнуваме, кога се воздржуваме од нив и кога, од друга страна, ги твориме светите заповеди Божји. Според светите Отци, секоја страст е како една змија: ако ја затвориме во кош и ако не ѝ дадеме да јаде и да пие таа ќе умре; а ако ја храниме редовно, таа ќе живее и ќе се развива. Молитвата и постот што ги спомнува Господ значат токму тој подвиг на воздржување и исцелување од страстите и истовремено исполнување на Божјите заповеди.

Вистинско простување на гревот е очистувањето од страстите и изгонувањето на демонот внатре од човекот. Духовниот отец, кој преку духовното раководство ќе му помогне на своето духовно чедо да се очисти од страстите и да се ослободи од демонот, истовремено му помага и да не го повторува истиот грев, а тоа значи и вистинско простување. Ако на некого му речеме дека гревот му е простен, а тој повторно го прави, тогаш очигледно е дека ниту се случило исцелување од страстите, ниту простување на гревот, ниту изгонување на демонот поврзан со страстите од кои човекот е заробен. Се разбира, без учество во Светите Тајни на Црквата бесплодно е подвизувањето во добродетелите, односно скоро ништо не вредат само молитвата и постот.

По молитвите на нашиот духовен отец, Господ да нè исцели од страстите и да нè ослободи од демонот поврзан со нив! Амин!


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 31.Март.2009 во 01:38
На секој збор му претходи мисла. А сеќавањето на смртта и на гревовите му претходи на плачот и риданието. Затоа сеќавањето на смртта по логичен ред и го ставаме на ова место.

Сеќавањето на смртта е секојдневна смрт; сеќавање на крајот на животот, непрестајно воздивнување.

Стравот од смртта е својство на природата, коешто произлегува од непослушноста, а треперењето пред смртта е знак за непокајани гревови. Христос се плаши од смртта, но не трепери, за јасно да ги пројави својствата на двете природи.

Како што лебот е попотребен од секоја друга храна така и сеќавањето на смртта е попотребно од секој друг подвиг. Сеќавањето на смртта ги поттикнува монасите што живеат во заедница на труд и длабоко размислување, па дури и на радосно поднесување на навредите. А кај оние што живеат во безмолвие доведува до престанок на грижите за сè што е земно, до непрестајна молитва и чување на умот. Тие добродетели се и мајка и ќерка на сеќавањето на смртта.

Како што калајот се разликува од среброто иако навидум личи на сребро таква и разликата меѓу природниот и противприродниот страв од смртта е јасна и очигледна за оние што умеат да расудуваат.

Прв знак дека човекот во длабочината на своето срце се сеќава на смртта е волната непристрасност кон сè што е создадено и целосното одрекување од својата волја. Искусен е оној којшто секој ден со сигурност ја очекува смртта, а свет е оној којшто во секој миг и ја посакува.


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 31.Март.2009 во 18:41
Постот беше тргнат од другата тема, па еве ќе го постирам на вистинското место:

Кога во човекот ќе се разгори божествениот копнеж, се` што е лошо изгорува. Лошите помисли повеќе не пребиваат во него. Односно, ѓаволот не престанува да уфрла лоши помисли, но духовниот човек, бидејќи оган, ги изгорува. Потоа ѓаволот ќе се измори и престанува со тој вид на искушенија, затоа апостол Павле и вели: „На чистите им е се` чисто“. Кај таквите луѓе, значи, нема ништо нечисто. Чистиот човек и во ѓубре да го фрлиме ќе остане чист, како и сочевите зраци, каде и да паднат, остануваат светли и чисти.

Духовниот човек се раководи од светителите, но ни телесниот човек не го соблазнува. Страда заради него но со тоа не се валка, не навлегува во сферата на злото. Телесниот човек не го сфаќа светиот човек. И додека демонизираниот човек кога ќе види свет човек веднаш бега, додека телесниот човек му се приближува на светителот за да го искуша. Човек кој дошол во состојба на Содом се соблазнува дури и од ангелите.

Смирениот човек, дури и ако е духовно неискусен, го разликува ангелот Божји од ѓаволот бидејќи има духовна чистота и со тоа му е сличен на ангел
. Самољубивиот и телесен човек, освен што лесно паѓа во демонска замка, со својата телесност шири измама и со своите микроби ги заразува душите на болните.

Во чистото (од страсти) и искрено срце се пројавува благодатта која ја имаме скриено (поточно потиснато заради нашите страсти) со печатот на Светото Крштение, и таквото срце непрестајно плаче за својата грешност.

Чистото срце никогаш не глуми преподобие, а уште пострашно да си замислува преподобие, односно дека ако поверувало во Господ, по автоматизам му следува спасение.

Чистото срце секогаш гледа кон своите страсти, и со своите солзи ги измива. Но... таа светотаинска теологија може да се разбере само внатре во Црквата. Надвор од Црквата Христова.. може само да се знае како лекција и ништо повеќе.

Така браќа и сестри.. да се потрудиме да го разбудиме духовниот човек внатре во нас, па со духовни очи да го видиме Христовото Воскресение, и со духовна радост да се причестиме со Телото и Крвта Христова.


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 01.Април.2009 во 03:06
Не е секоја желба за смрт добра. Има луѓе коишто моќта на навиката постојано ги наведува на грев, па се молат за смрт од смирение. А ги има и такви кои веќе и не сакаат да се покајат (зашто мислат дека тоа е невозможно), па ја повикуваат смртта од очајание. Некои не се плашат од смртта затоа што во својата надменост мислат дека станале бестрасни. А има и такви луѓе (доколку денес воопшто можат да се најдат) коишто по дејство на Светиот Дух копнеат по својата сопствена смрт.

Некои истражуваат и поставуваат прашање зошто Бог го сокрил од нас мигот на смртта кога помислата на неа е толку благотворна за нас. Тие, меѓутоа, не знаат дека Бог токму преку тоа на чудесен начин го изведува нашето спасение. Бидејќи ниеден човек на когошто часот на смртта би му бил познат не би брзал да прими Крштение или да се посвети на монашки живот; целиот свој живот би го поминувале во беззаконија, а кон Крштението и покајанието би пристапувале дури пред својата смрт.

Кога плачеш, немој никогаш да му веруваш на она куче што ти шепоти дека Бог е човекољубив (зашто неговата цел е да ги истреби од тебе плачот и неплашливиот страв), освен ако видиш дека пропаѓаш во бездна од очајание.

Оној што сака постојано да ја држи во себе помислата на смртта и на судот Божји а се предава на грижи и земни работи, личи на човек кој сака да плива без да ги движи рацете.

Дејствителното сеќавање на смртта ја отсекува невоздржливоста во храната. А кога оваа е отсечена со смирение, заедно со неа се отсекуваат и другите страсти. Нечувствителноста на срцето го ослепува умот, а големото количество храна го исушува изворот на солзите. Жедта и бдеењето го притискаат срцето, а кога срцето е потиштено, цели реки солзи навираат во нас. Тоа што го велам непријатно е за лапачите, неверојатно за мрзливите. Но човек ревнител усрдно ќе го испита тоа. Оној што го открил тоа во своето лично искуство, ќе се радува на ова. А оној кој уште бара, ќе биде уште понесреќен.


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 01.Април.2009 во 03:17
Originally posted by makarios makarios напиша:


Кога плачеш, немој никогаш да му веруваш на она куче што ти шепоти дека Бог е човекољубив (зашто неговата цел е да ги истреби од тебе плачот и неплашливиот страв), освен ако видиш дека пропаѓаш во бездна од очајание.
 
Бог е човекољубие. Тоа е недвосмислена библиска вистина и со неа се сложуваат сите христијански деноминации.
Од друга страна, многу утешително е некој да ти каже дека Бог те љуби во твојата мака.
Значи, кучето за кое ти зборуваш шепоти вистина и утешува. Затоа...
Кој е Духот на Вистината?
Кој е Утешителот?
Ѓаволот или Светиот Дух, или пак мислеше за некој сосема трет?
Се надевам дека е третото или пак дека погрешно си се изразил, во спротивно нарекувањето на Светиот Дух "куче" е големо богохулство.


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: belichka
Датум на внесување: 01.Април.2009 во 09:27
Dovolno bea huli od tebe Evangelos!

Mozes da bides kriterium samo  vo tvojata zaednica!

A ako ne razbiras potrudi se da razberes prashaj!

Bog e Covekoljubiv!

Utesh*telno e koga se kazuva da Bog te ljubi, no i demonot te ljubi Evangelos i toa e utesh*telno!?

Bog te ljubi za spasenie, drugiot te ljubi za vo ad!

Kuceto/demonot te uteshuva prividno i te laze isto kako i prvata laga vo rajskata gradina toj nadvor od prirodnoto ne e vo sostojba da tvori vistina!
Toj te uteshuva so zborovi pred koj ni samiot ne padnal, samiot nepoveruval..uteshuva vo svoite zamki sedodeka ne ti spletka dushata vo  pajazinata na svoite crnila...
ti sovetuva, poucuva deka Bog e Covekoljubiv, i deka nemapotreba od pokajanie nema potreba od solzi, zasto setoa toa koga i beztoa Bog e aposolutna ljubov Bog e Milostiv, Covekoljubiv.
Ti nemorash voopshto da se trudis za tvoeto spasenie.
Kako demonot vlijae vo pravoslavnata duhovnost e tema poshiroka..

A, pak kako da gi razlikuvame dejstvuvanjata nash*te Sveti Otci ni ostavile ogromen broj na dela od iskustvo praksa koi se so sovrshenost istencenost za coveshkata dusha i dejstvuvanjeto na duhovnite sili!

Utesh*telot Svetiot Duh koga dejstvuva na spasenie na dushata toj gi pokazuva grevovite gi pokazuva ralno nivnata golemina i ogrevovenosta na dushata, sto e i normalno deka taka bio dejstvuval vo ovoj slucaj ne budi od zaspanost ne povikuva na pokajanie na gorko placenje nad nash*te grevovi so solzi i plac da gi izmivame grevovite kako dete sto place i koga tatkoto ce mu rece dobro dobro vnimavaj naredniot pat..toa ushte povekje place i ja custvuva vinata...

Togash Bog e Covekoljubiv!


Togash Bog uteshuva!






-------------
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 01.Април.2009 во 10:28

Грешка си belichka. Исус во евангелиот по Јован го кажа следново за ѓаволот:

"Вие потекнувате од вашиот татко - ѓаволот, и сакате да ги исполнувате желбите на татка си. Тој беше човекоубиец од почеток и не остана во вистината, зашто нема вистина во него. Кога зборува лага, зборува од своето, зашто е лажец и татко на лагата."
(Исус Христос во Ев. Јован 8:44)
 
Од тука следи дека ѓаволот нема никогаш да ни "зашепоти" вистина за Бог, туку само лаги за Него. Ѓаволот нема никогаш да ни шепоти дека Бог е човекољубец, туку напротив, од петни жили ќе се обидува да не убеди дека Бог повеќе не не љуби, дека ние не сме повеќе во фокусот на Неговата љубов, дека заради нашите гревови Бог не напуштил и залудно е да се каеме затоа што Бог нема да ни прости и сл.
 
Кога христијанинот ќе направи некој поголем грев, тој е свесен дека го повредил Бог и се чувствува како да го разочарал Бог со својата постапка. Верникот во таа состојба се чувствува недостоен верник, недостојно Божјо чедо, недостоен за божјата љубов. Во тие моменти верникот заборава дека Божјата љубов кон него е вечна и дека со ништо не ја заслужил, ниту пак со нешто може да ја изгуби. Доколку Бог не сака под услов да не грешиме, под услов да сме верни итн. тогаш станува збор за УСЛОВНА љубов. Но сите знаеме дека Божјата (Агапе) љубов е БЕЗУСЛОВНА и не зависи од нас, туку од Бог.
 
"Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ. "
(Римајаните 8:38-39)
 
Но што кога сме му неверни на Бог? Дали Тој и понатаму останува верен на својот вечен Завет со нас?
 
"ако сме неверни, Тој останува верен! Зашто Сам Себе не може да се одрече"
(2 Тимотеј 2:13)
 
Затоа belichka биди убедена дека кога верникот е во очај, направил некаков грев, му бил неверен на Бог, го разочарал Бог и во моментите на духовна криза е несигурен дека Бог го љуби... СВЕТИОТ ДУХ (а не ѓаволот) е Тој што го потсетува на библиската аксиома дека Бог сеуште го љуби, дека Неговата љубов е вечна и дека Бог може и сака да му прости за неговите гревови за кои тој се кае.
Зарем има поголемо утешување за грешникот кој мисли дека Бог го сокрил лицето од него да му кажете дека Бог го љуби? Епа тоа е Утешителот, тоа е Светиот Дух, а не ѓаволот (кучето) кој во моменти на духовна криза сака да го дотолчи верникот, а не да му зборува Божји вистини и да го утешува.
 
Затоа покајте се сите вие што шепотот на вистината и утехата го нарекувате "куче", затоа што хулата на Светиот Дух е непростлив грев. Свесен сум дека тој што напишал "куче" сигурно не мислел на Св. Дух (туку на ѓаволот), но сепак сега откако знаете дека тој шепот не може да биде од ѓаволот, туку од Светиот Дух, не би требало повеќе тој шепот да го нарекувате "куче".


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: ahmar1
Датум на внесување: 01.Април.2009 во 13:07
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Од тука следи дека ѓаволот нема никогаш да ни "зашепоти" вистина за Бог, туку само лаги за Него.


Се гледа дека не ја знаеш Библијата доволно добро,освен нели кога се фалиш со тоа ко паун.
Али ај еве размисли за ова,во едемската градина кога змијата и рече на ева дека "ќе станете како богови"дали и кажа: лага,вистина или ПОЛУВИСТИНА?
Или кога гледачкиот дух(демонот)во една слугинка(во дела апостолски) секој ден велел за апостолот Павле дека е слуга на вистинскиот Бог,се додека не му здосадила на Светиот апостол и го изгонил демонот од нејзе.Дали демонот лажел со тоа негово тврдење?!


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Ѓаволот нема никогаш да ни шепоти дека Бог е човекољубец,

Грдно си се зафркнал брате ако мислиш така! Нели едно од имињата на сатаната е и ЛУКАВ.,Што практично тоа би значело?Дека он ги користи сите средстава за да не' измами и клевети пред Бога.Не ли за врховно средство на таа лукавост би го навел и лажното наведување,преку користиње на ситна вистина за да се прикрие поголема лага(што секогаш следува потоа)или уште полошо ПОЛУВИСТИНА.(што понекогаш може да е полоша и од лагата)

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

туку напротив, од петни жили ќе се обидува да не убеди дека Бог повеќе не не љуби, дека ние не сме повеќе во фокусот на Неговата љубов, дека заради нашите гревови Бог не напуштил и залудно е да се каеме затоа што Бог нема да ни прости и сл.


Од огромниот духовен опит на безбројни светии низ овие 2000 години,Светата Црква не' поучува дека навистина демонот не' напаѓа со тие помисли како што ги наведуваш.
Но тоа следува откако ќе го направиме гревот,додека пред да го направиме гревот, тој(демонот)ни вметнува помисли како Бог е семилостив и сигурно ќе ни прости.Со еден грев се прават две хули на Светиот Дух тука.
Првин е преголемата надеж во Божјата милост,па конкретниот грев ,па на крај ко шлаг иде очајанието и сомневање дека Бог може воопшто да ни прости!!Инаку за твоја информација,ова е нешто што секој православен,кој редовно се исповедува,го знае.Т.С и многу помалади од тебе,но нели вие немате исповед па затоа и појма немате за финесите во духовната борба за спасението.Но што да се прави, толку ви сече.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Затоа покајте се сите вие што шепотот на вистината и утехата го нарекувате "куче", затоа што хулата на Светиот Дух е непростлив грев.


Јао богати!!ти нешто као пастор тука си се поставил па сега ќе ни држиш проповед да се покаееме за заблудите
ЕХ!!Православните секогаш велата Јас сум грешен, додека вие протестантите (нели нормално бидејќи сте веќе спасени)па им велите на другите дека се грешници .која разлика во духот!!


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Свесен сум дека тој што напишал "куче" сигурно не мислел на Св. Дух (туку на ѓаволот), но сепак сега откако знаете дека тој шепот не може да биде од ѓаволот, туку од Светиот Дух, не би требало повеќе тој шепот да го нарекувате "куче".


Аууу па ти се уфилмал бре човече у ова пасторството!!Друга разлика од мојата до твојата вера е што православен што се дрзнува неповикан,(и уште самиот целиот огревовен)да поучува други ,па бетер(!!)уште и да ги разобличува, е во прелест(со други збори го мајмунишаат демоните како сакаат).Но нели ти веќе имаш билет за у рајот па сега може да им одржиш лекција на ова клошариве и глупациве.Искрено те жалам.....
п.с
Абе си ме разочарал братче...Абе не сум знаел дека омилена страници за сурфање меѓу две "пасторства" ти биле содомитските..Штета


-------------
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 01.Април.2009 во 13:37
ahmar1, искрено претчувствував дека ти како кривославен наместо со поучлив и понизен дух, ќе ги примиш горните поуки со бунтовнички, навредлив и непослушен дух. Многу ми е жал што е така. Јас само сакав да ве предупредам да не го нарекувате Светиот Дух "куче" знаејќи кои се последиците од таа хула.
Јас сум чист пред Бог затоа што ви го кажав тоа што требаше да ви го кажам, а сега одговорноста е на вас. Прости.


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 01.Април.2009 во 13:45
Беличка мошне добро објасни. Ѓаволот се труди да ни внуши дека Бог е Човекољубец (што е и вистина), ама тоа ни го кажува во подруга конотација за да не наведе во неговите мрежи. Односно, тој често пати ни вели: „Греши, не грижи се, направи го гревот, а потоа Господ ќе ти опрости затоа што е човекољубец“ што е сосема погрешно, затоа што јасно е дека оној кој свесно греши без покајание во моментот на гревот (значи, не поради својата слаба падната природа, туку поради тоа што не сака да стапне на подвигот на одењето по тесниот и трнлив пат кој води до Царството Небесно) нема да го најде покајанието и после тоа, а Бог не опростува гревови без покајание од сето срце и преумување (менување на начинот на живот, кое може да биде постепено, но и целосно од истиот момент во согласност со силите).  Согласно на ова кажаното, поуката која беше напишана е сосема на место. Никој не треба свесно да греши и после без покајание да очекува дека ќе му биде простено!!!

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Од тука следи дека ѓаволот нема никогаш да ни "зашепоти" вистина за Бог, туку само лаги за Него. Ѓаволот нема никогаш да ни шепоти дека Бог е човекољубец, туку напротив, од петни жили ќе се обидува да не убеди дека Бог повеќе не не љуби

Интересно е тоа што постојано се користиш со цитати од Светото Писмо, ама очигледно дека не си ја прочитал Библијата како што треба. Ај лекција за прваче:

Во Дела Апостолски многу убаво е кажано дека и ѓаволот, односно нечистиот дух кој се наоѓал во една слугинка, цело време соопштувал вистина за Бог.

Дела 16:16,17 Еднаш, кога одевме на молитва, по патот не сретна една слугинка, која имаше гатачки дух. Таа на господарите свои им донесуваше големи приходи од гатањето. И одејќи по Павле и по нас другите викаше, зборувајќи: „Овие луѓе се слуги на Севишниот Бог! Тие го навестуваат патот на спасението.”

Од ова излегува дека или веза немаш што демагогуваш, или апостол Павле не бил слуга на Бог и не го наветувал патот на спасението! Што мислиш, кое е поверодостојно?

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

"Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ. "
(Римајаните 8:38-39)


Друг погрешен потег ти е тоа што користиш цитати на погрешни места. Овој цитат јасно кажува дека никој нема да ги оддели верните од Бога, и тие ќе се трудат секогаш да се со Него, но никаде не вели дека ѓаволот не може да те прелаже поради неработење на искоренување на своето его, суета и гордост. А дали и меѓу првите христијани имало такви што биле прелажани од ѓаволот? Па се разбира:

1 Тимотеј 1:19,20 имајќи вера и добра совест, која некои ја отфрлија и претрпеа бродолом во верата; меѓу нив се Именеј и Александар, што ги предадов на сатаната за да се научат да не хулат.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Затоа покајте се сите вие што шепотот на вистината и утехата го нарекувате "куче", затоа што хулата на Светиот Дух е непростлив грев. Свесен сум дека тој што напишал "куче" сигурно не мислел на Св. Дух (туку на ѓаволот), но сепак сега откако знаете дека тој шепот не може да биде од ѓаволот, туку од Светиот Дух, не би требало повеќе тој шепот да го нарекувате "куче".


Уффф, и сега откако се виде дека и ѓаволот кажува вистина (ама тоа секогаш е лага помешана со вистина за да може полесно да не заблуди) што ќе кажеш на тоа? Ќе видиме ли покајание од тебе???


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 01.Април.2009 во 13:47
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

ahmar1, искрено претчувствував дека ти како кривославен наместо со поучлив и понизен дух, ќе ги примиш горните поуки со бунтовнички, навредлив и непослушен дух. Многу ми е жал што е така. Јас само сакав да ве предупредам да не го нарекувате Светиот Дух "куче" знаејќи кои се последиците од таа хула.
Јас сум чист пред Бог затоа што ви го кажав тоа што требаше да ви го кажам, а сега одговорноста е на вас. Прости.


Брат, ти упорно не внимаваш на себеси, и продолжуваш да хулиш.
Тоа само во твојата глава може да се увртат такви работи за Светиот Дух. А како може воопшто да си замислиш такво нешто? Внимавај, пак ќе речам, да не би си навлекол некаква осуда од Бога. Затоа што во последниве месеци, не правиш ништо друго, ами хулиш.


Постирано од: ahmar1
Датум на внесување: 01.Април.2009 во 13:51
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

ahmar1, искрено претчувствував дека ти како КРИВОСЛАВЕН(ahmar1.мое истакнување) наместо со поучлив и понизен дух, ќе ги примиш горните поуки со бунтовнички, навредлив и непослушен дух.


Ова ко народнана...Му рекло магарето на зајакот леле ама големи уши имаш!



-------------
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++


Постирано од: belichka
Датум на внесување: 01.Април.2009 во 23:12

Evangelos, sonce moe najmilo, opitnost opitnost vo verata...


-------------
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 01:00
Како што Oтците велат дека совршената љубов не може да падне, така и совршеното сеќавање на смртта е слободно од страв.

Многубројни се активностите на дејствителниот ум: мислата на љубовта кон Бога, сеќавањето на смртта, сеќавањето на Бога, сеќавањето на Царството Небесно, на ревноста на Светите маченици, сеќавањето на сегдеприсутноста на Самиот Бог (според она: ‘секогаш Го гледав Господа пред себе’ - Пс. 15, 8), сеќавањето на напуштањето на телото, на Судот, на маките, на пресудата...
(Почнавме со големите нешта, а завршивме со оние што нè спречуваат да паднеме во грев).

Имало еден безмолвник од гората Хорив кој живеел во потполна небрежност, не грижејќи се ни малку за својата душа. Најпосле се разболел и бил како мртов за време од цел еден час. Кога си дошол на себе, ги замолил браќата веднаш да си одат од него. И откако ја заѕидал вратата на својата келија, поминал во неа дванаесет години, а не прозборел со никого ни мал ни голем збор и не вкусил ништо друго освен леб и вода. Само седел и со ужас размислувал за она што го видел во својата екстаза, не менувајќи го никако својот начин на живот пред Господа. Постојано бил како надвор од себеси, не престанувајќи да пролева тивко врели солзи. А кога требало да умре, братјата ја скршиле вратата и влегле во неговата келија. На многубројни молби од него го чуле само ова, и ништо повеќе:
„Простете! Ниеден човек што стекнал сеќавање на смртта нема никогаш да биде во состојба да згреши”.

Братјата се восхитиле, знаејќи колку небрежен бил порано кон своето спасение и гледајќи каква блажена и неочекувана преобразба доживеал. Откако го погребале со сите почести на гробиштата што се наоѓале во близината на Кастро, по извесно време ги побарале неговите свети мошти и не ги нашле, зашто Господ и со тоа сакал да го посведочи неговото сесрдно и пофално покајание, и да ги поучи дека Он ги прима и оние коишто после долготрајна небрежност сакаат да се поправат.


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 05.Април.2009 во 21:34
Недела на Света Марија Египетска



Житието на оваа светителка го напиша ерусалимскиот патријарх Св. Софрониј. Еден свештеномонах, старецот Зосим, се оддалечи еднаш за време на Чесниот Пост во Задјорданската пустина на растојание од дванаесет дена одење. Одеднаш здогледа едно човечко суштество, суво, голо во телото, со коса бела како снег, кое веднаш почна да бега од погледот на Зосим. Старецот долго трчаше додека онаа човечка прилика не прилегна во потокот и не викна: „Авво Зосиме, прости ми заради Господ, не можам да ти се обратам, зашто сум гола жена!“ Тогаш Зосим ѝ ја дофрли својата горна наметка и таа му се јави. Старецот беше застрашен од звукот на своето име што го изговорија усните на таа непозната жена. На негово долго настојување жената му го раскажа своето житие. Таа била родена во Мисир и од својата дванаесетта година почнала да живее развратно во Александрија и во разврат поминала цели седумнаесет години. Гонета од блудниот телесен оган еден ден седнала на кораб што пловел за Ерусалим. Кога пристигнала во Светиот Град, посакала и таа да влезе в црква и да му се поклони на Чесниот Крст, но некоја невидлива сила ја задржувала и не ѝ допуштала да влезе. Во голем страв погледнала во иконата на Пресвета Богородица во припратата на црквата, молејќи се кон Пречистата да ѝ дозволи да влезе и да го целива Чесниот Крст, исповедајќи ја својата грешност и нечистотија, а ветувајќи дека по ова ќе појде таму каде што ќе ја упати Богородица. Тогаш ѝ било дозволено да влезе в црква. Откако го целивала Чесниот Крст повторно излегла во припратата пред иконата и Ѝ се заблагодарила на Пресвета Богородица, но во тој миг чула глас: „Ако го преминеш Јордан, ќе најдеш мир!“ Таа веднаш купила три леба и тргнала кон Јордан, каде што стигнала истата вечер. Утредента се причестила во манастирот на Св. Јован и ја преминала реката. Во пустината поживеала цели четириесет и осум години, во преголеми маки, во страв, во борба со страсните помисли како со диви ѕверови. Се хранела со зелје. Сега таа го замоли Свети Зосим идната година да дојде на брегот на Јордан и да ѝ донесе Причест, ветувајќи му дека ќе дојде да се причести. Следната година авва Зосим дојде на брегот носејќи ѝ Света Причест, а се чудеше како светителката ќе го премине Јордан. Во тој миг виде на блесокот од месечината дека таа дојде до реката, ја прекрсти и појде по водата како по суво. Кога ја причести, го замоли идната година да дојде кај истиот оној поток каде што се видоа првпат. Авва Зосим појде и на она место го најде нејзиното мртво тело, а над главата натпис: „Погребај го, авво Зосиме, на ова место телото на смирената Марија, предај му го правот на правот, се преставив на први април, во ноќта на спасоносното Христово страдање, по причестувањето со Божествените Тајни“. Од овој натпис авва Зосим го дозна прво нејзиното име, а второ страшното чудо дека таа претходната година, истата онаа ноќ кога се причести, стасала до овој поток до којшто тој мораше да патува дваесет дена. Вака Зосим го погреба телото на чудесната Светителка Марија Египетска. А кога се врати во манастирот, ја раскажа целата историја на нејзиниот живот и чудото коешто самиот го виде од неа. Така ја прослави Господ покајаната грешница. Света Марија се споменува и во петтата недела на Чесниот Пост. Во тие денови Црквата им ја предочува на верните како пример за покајание. Се упокои во Господ околу 530 година.



Постирано од: makarios
Датум на внесување: 07.Април.2009 во 23:31
Штом е во прашање свадба на која има промена на местата за седење, тогаш во ова евангелско четиво не се зборува и не се мисли на есхатолошкото Царство Небесно туку на Црквата која престојува во времето и просторот на овој свет и на нејзината света Литургија како предвкус на Царството. Не се мисли на ‘Вистината’ туку на ‘Иконата’. А посебно се мисли на местата што свештенството ги зазема на светата Литургија. Како што е убаво речено: едно е да заземеш место по Божја волја, а друго е да заземеш место по Божјо допуштение. Што тоа понатаму значи и како сето тоа ќе се заврши, секој нека си мисли...

Исто така, едно претставува последното место што го зазема некој откако ќе го засрамат, а друго претставува последното место што повиканиот на свадбата сам, согласно Господовата заповед, си го зазема. Денес ќе зборувам за ова второто...

Според Господовите зборови: Секој што заради човечка слава се воздига себеси, односно секој што бара внимание, почести и покорност од луѓе и себеси се смета за некој многу важен, ќе биде понижен. А оној, пак, кој се понижува себеси заради Бога, барајќи последно место низ подвигот на самоосудување, прифаќајќи дури и да биде отфрлен од сите, ќе биде воздигнат од Бога. Сетете се на мачениците, јуродивите и вистинските монаси...

Последното место, на степенот на очистување на срцето од страстите, значи умирање за светот, туѓинување, апсолутно послушание и во рамките на тоа послушание - да се биде послушен и слуга на сите. Ако има некој на кого не сме му послушни, значи не сме застанале на последно место. Не сме ја исполниле Божјата заповед: отиди и седни на последното место! На почетокот овој подвиг е претежно аскетски, односно ние претежно се присилуваме во него, додека од нашето срце не потечат реки од жива вода, а потоа подвигот станува претежно благодатен односно ние самите го посакуваме последното место и тежнееме кон него.   

Последното место, на степенот на просветлување на умот, значи повеќечасовно молитвено задржување на умот во срцето и претежно аскетска љубов кон непријателите. Можете да замислите кое прво место и колку човечката слава и утеха му значат на оној на кого после неколкучасовното молитвено задржување на умот во срцето му треба некое време, од кога ќе излезе од таа состојба, да освести кој е, каде се наоѓа или колку е часот...

Зошто зборуваме за аскетска љубов на ова ниво? Што се однесува до љубовта кон непријателите, треба да се знае дека она што е благодатно и ‘природно’ на третиот степен, сѐ уште е аскетски подвиг на вториот степен. Љубовта кон непријателите е единствен критериум на божественоста на нашата љубов кон ближните. Сe она друго што ние го нарекуваме љубов е само на ниво на душевност или времена посета на благодатта.

Сметајте го секој ден за загубен ако не сте плачеле во него, вели негде свети Јован Лествичник, а јас пак ви велам, дообјаснувајќи, сметајте го загубен денот и ако не ве повредиле, или ако не ве понижиле, или ако не ве ставиле на последно место, односно, ако не згазиле по вашата гордост. Зашто во тоа се состои првото блаженство (блажени се сиромашните по дух), а плачот спаѓа во второто блаженство. Без смирение и седнување на последно место, остануваме без основа за понатамошен духовен живот.

Но, да не чекаме да се случи тоа т.е. да се смируваме преку трпење на неволни страдања, така што други ќе нe стават на последно место, затоа што очистувањето преку ваквиот пасивен подвиг трае подолго. Смирете се сами (со активен волев подвиг), сами ставете се на последно место! Бидете како Оној Кој вели: Не дојдов да Ми служат, туку да им служам.

Поуката е: Треба што побргу да се ослободиме од високото мислење за себе и од гордоста. А дека сме заробени од оваа страст на умот, гледаме од тоа што кога ќе нѐ повреди некој (намерно или ненамерно), срцето веднаш реагира. Веднаш ни се случува демонска затемнетост, веднаш рој на помисли кои го расејуваат умот, веднаш лоши чувства кои ја обземаат нашата душа. Значи, гледаме дека нашиот ум и срце се сѐ уште заробени од гордоста. Ако не се ослободиме од оваа страст со аскетски (волев) подвиг и преку неволни страдања, нема отворање на срцето, нема умносрдечна молитва. Значи, и промашување на монашкиот живот, на пример...

Во сето, интересно е тоа дека против она што најмногу ни користи духовно - газењето по нашата гордост, ние најмногу се противиме, клоцаме. Непријателствуваме против оној што го повредил нашето славољубие, наместо да го сметаме за најголем доброчинител. Како времено да забораваме дека има и демони и дека нашата борба не е против тело и крв...

Господи, Исусе Христе, помилуј нe!


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 08.Април.2009 во 01:53
Како што некои ја замислуваат бездната како бесконечна (веќе врз основа на самиот збор) така и помислата на смртта прави нашата чистота и подвиг да станат бесмртни. Тоа го потврдува и преподобниот за којшто зборувавме. Таквите луѓе непрестајно додаваат страв на страв и не престануваат со тоа додека силата не им исчезне и од коските.

Треба да знаеме дека и сеќавањето на смртта, како и секое друго добро, е дар Божји. Ние често остануваме без солзи, тврди дури и кога стоиме покрај гробовите, а многу често се разнежнуваме и кога немаме пред себе таква глетка. На смртта се сеќава само оној што умрел за сe` што е земно. А оној на кого сe` уште нешто му е важно, не може ни да се навикне на мислата дека му претстои смртта, зашто со своите желби самиот себеси се заробува.

Не треба да посакуваме секој човек со зборови да го уверуваме во својата љубов кон него, но подобро да бараме од Бога Он да му ја открие нашата љубов без зборови. Инаку, не ќе имаме доволно време и за изјавување љубов и за покајание.

Да не се залажуваме, правејќи се неразумни подвижници, мислејќи дека лесно ќе го надоместиме изгубеното време: ни цел еден ден не ни е доволен да Му отплатиме на Господ за она што сме Му го згрешиле за само еден ден. Невозможно е за човекот, рече некој, невозможно е побожно да го мине денешниот ден, ако не мисли дека тоа е последниот ден од неговиот живот. 


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 11.Април.2009 во 19:13



Постирано од: makarios
Датум на внесување: 12.Април.2009 во 08:38



Постирано од: makarios
Датум на внесување: 16.Април.2009 во 00:46
Оваа заповед ви ја давам: да се љубите еден со друг. Ако светот ве мрази, знајте, дека Мене светот уште пред вас Ме замрази. Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот, затоа светот и ве мрази (Јован 15, 18-19).

Гледате, Христос ни дава заповед да се љубиме едни со други, додавајќи на друго место дека по таа љубов ќе не` познаат како Негови ученици. Љубовта е отсуство на секое зло. Не е возможно во нас да негуваме лоши мисли, од нашата уста да излегуваат лоши зборови (озборување, осудување) и да правиме лоши дела, и тоа најчесто против нашите ближни по вера, а истовремено да се наречеме ученици Христови.

Злото кое го прифаќаме и негуваме внатре во нас, самите нас не` разорува, а не оној против кого е насочено. Еве на пример, кога му мислиме лошо на некого, зар не чувствуваме дека ја прекинуваме молитвата, зар не чувствуваме дека расположението на душата ни се менува кон зло, зар не чувствуваме дека си го валкаме срцето, зар не чувствуваме дека отстапува благодатта Божја од нас и зар не чувствуваме дека пребиваме во темнина? Кому тогаш му штети злото во нас, на оние против кое е насочено или на нашите душа и срце? Секако, плодот на злото ние ќе го вкусиме.

Кога некого озборуваме, клеветиме и осудуваме, зар не чувствуваме дека ги нарушуваме Божјите заповеди и дека отпаѓаме од Него? Кому тогаш му штетат озборувањето, клеветите и осудувањето, на оној против кого се насочени или на оние кои тоа го прават? Нормално, на оние кои тоа го прават. Според Светото Евангелие, кој суди и осудува ќе биде суден и осуден. А што се случува со оној кого го озборуваат, клеветат и осудуваат? Ако е праведен, ќе добие достоинство на блажен: Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно заради Мене (Мат. 5, 11). Ако е неправеден, Бог ќе му прости, затоа што кога веќе еднаш го осудиле на земјата, нема да му судат за истото и на Небото. Секако, треба да се покае и да не ги повторува своите гревови.

Кога против некого правиме лоши дела, зар не стануваме противници Божји? Затоа што Христос рече: ако сте му направиле на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми направиле. Сега да ве прашам: лошите дела му штетат на оној против кого ги правиме, или ги разоруваат нашите душа и срце? Нормално, дека штета се случува кај оној што обземен од демонот ја исполнува неговата волја и на тој начин се подготвува за вечна заедница со него и за вечно оддалечување од Оној Кој е бесконечен и сегде присутен. А што се случува со оној кој го трпи лошото дело? Истото. Ако е праведен, ќе добие и маченички венец. Ако е неправеден, ќе добие соодветно простување на гревовите, затоа што не може и тука и во Царството Небесно за исто дело да трпи казна.

Но, дали е лесен нашиот подвиг на љубовта? На почеток – не! Треба да се принудуваме да љубиме и чиниме добро, иако можеби тоа не го чувствуваме во нас. Како што вели старец Силуан: треба да живееме исто како кога благодатта не се крие од нас. Тоа е активен аскетски подвиг во очекување на благодатниот... Без аскетско-благодатна љубов и кон непријателите нема премин од вториот на третиот степен од духовниот раст – обожението, и нема непрестајна умносрдечна молитва. За премин од прв на втор степен воопшто и да не збориме.

Но, што значи тоа: бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот, затоа светот и ве мрази? Кој е тој „свет“ што не` мрази? Според светите Отци, тоа се демоните и луѓето кои наоѓајќи се под нивна контрола ја исполнуваат нивната волја. А кој не е дел од светот? Само кога сме во апсолутно (слепо или совршено) послушание на нашиот духовен отец, односно кога сме вистински на патот на очистувањето на нашето срце или кога веќе доволно сме го очистиле срцето од страстите и сме го добиле дарот на молитвата во срцето, ние престануваме да бидеме дел од светот. Оние чие срце е заробено од страстите (и затоа не го знаат местото на срцето и го немаат дарот на умносрдечната молитва), а не се и во послушание кон духовен отец, се сè уште дел од светот.

Но, не треба да се плашиме од овие кутри созданија, од демоните и од луѓето под нивна контрола: не плаши се мало стадо, зашто волјата на Мојот Отец Небесен е да ви го даде Царството. Значи не треба да се плашиме, затоа што Господ ни дал и сила да ги победиме и ја ограничил интензивноста на нивната борба против нас согласно силите со кои ние располагаме.

Господ сѐ мудро устроил за наше спасение и духовно растење. На првиот степен од духовниот раст демонот има дозвола да не` нападне само од внатре преку помислите кои ни ги предлага, а согласно страстите од кои сме заробени. На вториот степен демонот нема сила да не` нападне од внатре бидејќи срцето е доволно очистено од страстите (така што ние не сме дел од светот, односно под негова контрола); и за да го поттикне непреобразениот дел од нив, тој има дозвола да користи не само помисли туку и реално искушение преку луѓето, неговите слуги (кои се дел од светот, односно под негова контрола).

 На пример: наместо помисла за жена или маж се случува искушение од реален човек; наместо помисла за имот и пари се случува реално искушение, преку човек, за стекнување со пари и имот на недозволен начин (а дури и да е начинот дозволен, не треба сигурноста на нашата ипостас да ја базираме на парите туку на Господ); наместо помисла за човечка власт и слава, се случува реално и предвремено добивање на истите во замена за Божјата власт и слава. Како што велат Отците, демонот толку многу се плаши од умносрдечната молитва што е спремен дури и од крајот на светот да придвижи човек преку кого ќе се обиде истата да ја прекине во нас, преку кој било од горенаведените начини. На третиот степен од духовниот раст демонот има дозвола и реално, видливо да се појави пред очите на светите луѓе за да ги исплаши и одврати од патот, како што гледаме во житијата на Светиите, или да ги натера луѓето – неговите слуги, да ги мачат и убијат Светиите, како што исто гледаме во житијата на свети Димитриј Мироточив и на другите свети маченици.

По молитвите на светиот великомаченик Димитриј, и на сите Светии, Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј не`!“


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 18.Април.2009 во 18:31
Историското случување, опишано во Светото Евангелие, на распнувањето Христово на Крстот помеѓу двата разбојника, исто така распнати на други два крста, е можеби една од највистинитите претстави во која може да се препознае состојбата на сите луѓе, како во однос на Бог така и во однос на самите себе.

Крстот се сите наши волни и неволни страдања кои ги среќаваме на тесниот Евангелски пат на исполнувањето на Божјите заповеди. Крстот може да остане и само една голема казна за оние што не се покајуваат заради своите гревови. Не дека Бог нѐ казнува, туку сами себе се казнуваме одделувајќи се од Бог и присоединувајќи се кон ѓаволот со исполнувањето на неговата волја. Исполнувањето на демонската волја не е ништо друго освен грев, отсуство на благодат, отпаѓање од Бог, душевно и телесно страдање и болест и на крај смрт, без надеж.

Сите ние можеме да се видиме и да се препознаеме во еден од двајцата разбојници. Сите ние го носиме својот крст, само што некои од нас Му благодарат на Бог за својот крст и го носат истиот со трпение и смирение, свесни за својата грешност и несовршенство, а други пак хулат на Бог заради својот крст. На оние што Му благодарат на Бог, крстот им помага да го очистат своето срце од страстите, да го просветлат својот ум и да се обожат. На оние што хулат на Бог, крстот им останува само како еден неподнослив товар и како една неразбирлива и неподнослива казна. Секако, имате во предвид дека ви зборувам за генералната линија, а не за повремените осцилации. Исто така, самопознанието во однос на Бог и благодарноста за крстот што Бог ни го дарувал се нераздвојни.

Со трпение и смирение може да го носи својот крст само оној кој што што Му благодари на Бог за своите страдања и кој што освестил во себе дека навистина ги заслужва. Колку поголемо страдање доживуваме и колку поискрено и од сѐ срце Му благодариме на Бог за тоа, толку повеќе Божја благодат привлекуваме кон себе. Благодатта Божја е, пак, таа што ни дава сила да ги издржиме страдањата, е таа што нѐ утешува во страдањата и е таа која дури и нѐ прави да заборавиме на нив. Или, со други зборови, благодатта Божја е таа што нѐ очистува, просветлува и восовршува, во зависност од тоа на кој степен од духовниот развој се наоѓаме носејќи го својот крст.

Навистина убав евангелски пример за правилно носење на својот крст е разбојникот распнат заедно со Христос, на кого, во моментот кога ја исповеда својата грешност смирено и без хулење поднесувајќи ги страдањата – ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според нашите дела; но Он ништо лошо не направил  – му се отвораат очите да Го види и препознае распнатиот Богочовек: и Му рече на Исуса: ‘Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое!’ А Исус му рече: ‘Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот!’ (Лука 23, 41–43). Очигледно е дека на разбојникот не само што му се отвораат очите да Го препознае Христос, односно не само што го добива дарот на просветлување, туку нему му се открива и тајната на целиот Домострој на спасението, тајната на Царството Небесно.

За разлика пак од разбојникот, кој како појдовна основа за примање на овој дар од Бога го има само сознанието за својата грешност и правилната исповед со благодарност, ние денес како критериум и темел на нашето христијанско постоење и дејствување ги имаме Христовите збор и дело, совршената љубов на Бог Отецот (Матеј 5, 44–48) и печатот на дарот на Светиот Дух. Го имаме единството на верата и  соборната заедница на Светиот Дух и помеѓу себе и со нашите Отци кои со својот вечно жив пример постојано го осветлуваат нашиот живот и постоење во Црквата. Затоа не треба да дозволиме Царството Небесно внатре во нас да го откриеме при крајот на нашиот живот (ако воопшто и тогаш го откриеме) претрпувајќи со благодарност разни болести и страдања, туку уште во нашата младост принесувајќи Му го целиот наш живот на Богочовекот Христос, без остаток.

Уште два духовни закона треба да знаеме. Прво, и во тоа ја препознаваме Божјата љубов, што Бог ни допушта страдање само толку колку што е доволно за наше спасение, а не толку колку што сме заслужиле, соодветно со гревот што сме го направиле. Ако Бог ни судеше само согласно она како ние им судиме на другите луѓе, а да не зборуваме согласно нашите гревови, тогаш подобро да не се родевме! Господи, слава на Тебе! Божјата правда е љубов, а не враќање на зло за зло. Таква треба да биде правдата и на секој што сака да се нарече себеси христијанин. И второ, крстот на оној што е на првиот степен од духовниот развој се состои во подвигот на очистување на своето срце од страстите преку совршено послушание и преку окривувањето на самиот себе за кое било зло што се случува. Крстот на оној што е на вториот степен од духовниот развој се состои во повеќечасовниот молитвен подвиг на умот во срцето и во љубовта кон непријателите. Крстот на оној што е на третиот степен од духовниот развој, според светите Отци, се состои во плачот за целиот Адам...

Но не зборувам за Крст без Воскресение! И не зборувам за Крст кој истовремено во себе не ја носи и силата, и утехата и несоздадената светлина на Воскресението! 



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk