IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поуки од Светите Отци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поуки од Светите Отци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 32>
Автор
Порака
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2009 во 07:47
Старец Паисиј Светогорец

Егоизмот во повеќето случаи ни ги прави најголемите духовни штети, бидејќи е најживото и најопакото дете на гордоста. Природно, ако не постоеше тоа “јас” и доколку луѓето би го употребувале само она “ти”, “тој”, “оној”, ќе постоеше смирение, љубов и благослов Божји во светот, така што луѓето ќе живееја рајски уште на земјата. Милостивиот Бог нека го даде овој благослов на своите созданија. Амин.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2009 во 21:56
Свети Јован Златоуст

Како што сонцето е светлина за телата така молитвата е светлина за душата. И така ако бедата на слепиот се состои во тоа што не го гледа сонцето, колкава ли е бедата на христијанинот кој не се моли непрекинливо и не ја внесува преку молитвата во својата душа светлината Христова? Исто така, кој не би се чудел и восхитувал на човекољубието што го излева Бог над нас, дарувајќи ни нам на луѓето толку голема чест  што сме удостоени со молитвата, и со разговорот со Него? За време на молитвата ние навистина зборуваме со Бога, преку неа стапуваме во заедница и со ангелите и толку јасно се издвојуваме од множеството на бесловесните суштества.

А дека и самото дело на молитвата е - нешто возвишено, нè учат тие самите, со голем страв вознесувајќи ги своите молитви и давајќи ни да знаеме и да сфатиме, дека на Бога треба да Му пристапуваме со радост и со страв, за да не се покажеме недостојни за молитвата; со радост заради величината на честа, со оглед дека како смртен род сме удостоени со ваков голем дар, непрестајно да се насладуваме со Божествениот разговор, преку кој, иако по природа смртни, престануваме да бидеме смртни и минливи, зашто општејќи со Бога влегуваме во бесмртниот живот. И според природата на нештата, ползувајќи се со заедничарењето со Бога се издигнеме над смртта и секоја пропадливост. Сходно на тоа, како совршено неопходно, насладувајќи се со сончевата светлина ја избегнуваме темнината, токму како што е совршено потребно за насладувајќи се со Божественото заедничарење по ова да не бидеме смртни со оглед дека самата величина на славата нѐ возведува кон бесмртност.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 16:46
Го прашаа авва Агатон: „Што е поголемо: телесниот труд или внатрешното воздржување?“ Старецот одговори: „Човекот е сличен на дрво. Значи, телесниот труд се лисјата, а внатрешното воздржание плодот. Зашто, напишано е: „секое дрво што не раѓа добар род се сече и во оган се фрла“, па јасно е дека треба да се грижиме за плодот, односно за воздржанието на умот. А потребна е и покривката и украсот на лисјата, што е телесниот труд.“
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2009 во 00:52
Свети Силуан Атонски

Колку е поголема љубовта, толку е поголемо страдањето на душата.
Колку е попотполна љубовта, толку е попотполно познанието.
Колку е поогнена љубовта, толку е попламена молитвата.
Колку е посовршена љубовта, толку е посвет животот.

Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2009 во 02:30


Старец Паисиј

За време на молитвата, особено пред молитвата, во своето послушание, чувај се од непотребни разговори, за да можеш подоцна да се молиш нерасеан и неповреден, бидејќи многуте зборови предизвикуваат и многу недоразбирања. Ако сакаш да зборуваш, Христос со радост сака да Му се обраќаат Неговите деца низ молитвата.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2009 во 18:41

Старец ПаисијСветогорец

Често, искушенијата самите си ги создаваме, кога сакаме да се издигнеме себеси над другите. На небото никој не се качува со световно качување, туку со духовно слегување. Кој оди ниско, секогаш оди сигурно и никогаш не паѓа. Оној што не се советува при својот духовен од, ги меша патиштата, многу се заморува и заостанува. Ако не се смири да праша, макар и подоцна, тешко ќе стигне до целта. Додека пак, оние што се советуваат го минат патот одморени, сигурни, просветлени од смирението и под закрилата на благодатта Божја.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 18:49
Старец Паисиј

  Веќе кажав дека, за да го очисти умот и срцето, човекот не треба да прима лоши помисли кои му ги наметнува ѓаволот, ниту тој самиот треба да помислува зло. Треба да настојува секогаш да има добра помисла, лесно да не се соблазнува и со благост и љубов да гледа на гревовите на другите. Кога ќе се умножат добрите помисли, човекот во душата се осветува, се однесува побожно, станува помирен и животот му станува рај. Во спротивно, на сѐ гледа со недоверба и неговиот живот се претвора во пекол. Така човекот самиот свој живот го претвора во пекол.

Потребно е да се помачиме околу очистувањето. Можеме и да бидеме свесни за она што е лошо во нас, но тоа не е доволно. Ако не само што не прифаќаме лоши помисли и сами не помислуваме лошо, туку уште и за сѐ што ни кажуваат и што гледаме имаме добри помисли, ќе ни се очистат и умот и срцето. Искушувачот, се разбира, нема да престане да ни праќа лоша телеграфска порака. Бидејќи, дури и откако ќе се ослободиме од сите лоши помисли, и понатаму ќе има ѓаволски напади, но тие немаат влијание, ако е срцето чисто.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2009 во 02:47
Некој монах дојде при авва Макариј Египетски, и му рече:
– Авва, кажи ми поука како да се спасам.
А старецот му рече:
– Појди на гробиште и почни да ги кудиш умрените.
И отиде монахот на гробиштето и почна да ги куди умрените и да фрла камења по нив. Кога се врати, му раскажа на старецот. А овој му рече:
– Ти кажаа ли нешто?
Монахот одговори:
– Не.
Старецот му рече:
– Појди повторно утре, и пофали ги.
И, откако повторно отиде на гробиштето, монахот почна да ги фали, велејќи:
– Апостоли свети и праведници.
Па се врати при старецот и му рече:
– Ги фалев.
А авва Макариј го праша:
– И ништо не ти одговорија?
Монахот рече:
– Не.
Тогаш старецот му рече:
– Гледаш ли, ги навредуваше и ништо не ти рекоа, и ги фалеше и пак ништо не ти одговорија; така и ти, ако сакаш да се спасиш, биди мртов: како и овие умрени, немој да ја имаш на ум ниту неправдата ниту славата човечка, и ќе можеш да се спасиш.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2009 во 04:43
Митрополит Стумички Наум

Телесниот пост е неразделно поврзан со духовниот пост. Нема вистински пост без покајание и плач, без смирение, без молитва, без трпение, без љубов и милост кон ближните и без другите Свети Добродетели. Од телесниот пост духовниот отец, како што видовме, може да не разреши, но од духовниот пост – никој, па дури ни ангел од небото.


Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2009 во 11:23
Интересно, зборуваме за духовен пост, а сега кога држиме и телесен пост, ние не можеме да си го зауздаме телото, а уше помалку помислите, па зборуваме со ситење и клевети кон еден настан (баптистите), со лаги, провоцирања, со бес...

Никој не сака да излезе со добра мисла и намера, ниту пак да пострада за ближниот свој. Никој не сака да си го наруши својот комфор - принесувајќи венци на жртвена љубов кон братот свој. А православната Црква не учи дека страстите (страдањата), се последица на нашиот грев и нашата падната природа, и дека за тоа не ни е крив ниту Господ, ниту некој друг (како што обично знаеме да кажеме).

Значи, и целава ситуација која настана, е последица од нашиот пад, а тоа значи дека не сме се молеле доволно, ниту сме се потрудиле да го очистуваме срцето од страстите. И така, ние сме криви за се`! Логичка последица од оваа мисла е да почнеме да се поправаме. А телесниот пост ни е добар почеток да го смириме своето тело, а преку него постепено да ги смируваме и помислите, проследено со молитва и духовен плач.

Тој процес е болен и за нашето тело и за нашето его, но само на тој начин можеме да се восовршуваме, да го возљубиме Господ највистински, и ништо друго на светот да не ни е важно, освен совршената љубов кон Бога, а со тоа и кон сите луѓе на светот (вклучително и непријателите).

Болката која произлегува приличи на болката на жена која раѓа, но откако ќе роди, болката се преобразува во неизмерна радост (на болката дури и се заборава). Така, и нашата телесна болка, и болката од повредената суета, постепено преминува во неизмерна таговна радост, односно радосна тага, во еден благодатен живот, а срцето наше од молитвата се топи, слично како што се топи восокот од огнот на свеќата.

Ова, според учењето на Светите Отци на нашата света Црква, чија глава е Христос; учење дадено на апостолите и Отците на Црквата, и нам предадено во наследство се до последните времиња. Амин!
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 01:46
Zosto Makarios nekade velis: ,, православната Црква не учи дека страстите (страдањата), се последица на нашиот грев и нашата падната природа, и дека за тоа не ни е крив ниту Господ, ниту некој друг (како што обично знаеме да кажеме)". Ova e Biblisko, Hristijansko ucenje a ne e pravoslavno, i ne e vo red da mu ja zalepis etiketata.
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 01:55
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Zosto Makarios nekade velis: ,, православната Црква не учи дека страстите (страдањата), се последица на нашиот грев и нашата падната природа, и дека за тоа не ни е крив ниту Господ, ниту некој друг (како што обично знаеме да кажеме)". Ova e Biblisko, Hristijansko ucenje a ne e pravoslavno, i ne e vo red da mu ja zalepis etiketata.



pravoslavnata crkva uci poucuva!

site ostanati te ostavaat sam da si mislis i razmisluvash! Ona sto pogore go spomna Opiten,te ostavaat na tvoeto sopstevno "jas" egoizmot da si kreiras sto i kako ce svatis. A sto ragja egoizmot i koi se negovoite plodovi...???




Изменето од belichka - 01.Април.2009 во 01:57
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
vaskapraska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vaskapraska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 01:57
Originally posted by belichka belichka напиша:


pravoslavnata crkva uci poucuva!site ostanati te ostavaat sam da si mislis i razmisluvash! Ona sto pogore go spomna opiten. te ostavaat na tvoeto "jas" egoizmot. A sto ragja egoizmot i koi se negovoite plodovi...???


хм....

тепање? насилство? омраза? гнев?

погодив?
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 01:58
Belichka, komentarov ic ne ti trebase. Jas ubavo prasav zosto ova ucenje se pretstavuva kako pravoslavno, a ne kako Biblisko i Hristijansko. Tamu trebase da stoi akcentot.
A toa koj poucuva i sto poucuva, e toa e druga prikazna.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.