IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 61>
Автор
Порака
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2009 во 13:46
Крај на драмата
Сериа%20АКака одлучи...


За целото време додека траеја шпекулациите за неговото заминување во Манчестер Сити, Кака јавно не се огласуваше, што за многумина беше знак дека се помирил со заминувањето. Првиот знак дека сепак одлучил да остане го даде за време додека неговиот татко разговарал со претставниците на Манчестер Сити, кога се појавил на прозорот од својата куќа и ги поздравил навивачите со дресот во рацете, а дури откако се се заврши на најсреќниот начин за навивачите на Милан им се обрати преку службената клупска телевизија и потврдил дека никогаш не ни помислил да си замине.

„Сите пораки кои ми стигаа ми велеа да одлучам со своето срце и мислам дека на крајот тоа е случај, а не финансиските причини. Имаше многу вести и шпекулации последните денови и некои велеа дека не се согласувам со мојот тако, но тоа не е вистина. Јас своите одлуки ги донесувам во согласност со семејството, мојата сопруга беше со мене и ја поддржа мојата одлука. Целото мое семејство беше постојано со мене и никогаш никој од нив не ми рече дека треба да заминам.“ - изјавил Кака.

„Јас секогаш бев среќен во Милано. Морам да им се заблагодарам на Галијани, Берлускони, Леонардо, кој ми е повеќе од пријател. Сега сакам само да останам мирен и да победувам. Мечот во саботата беше нешто посебно, бев многу возбуден, особено што многу дечиња преку цртежи ми ги испратија своите пораки. Кога заминував од Сао Паоло протестираа многу мал број луѓе. Сега сите навивачи го скандираа моето име и многу сум среќен поради тоа. Прославувам со неколку приајтели во мојата куќа. Милан е мојот дом и не ни помислив за преселба во Манчестер Сити ниту на секунда.“ додал Бразилецот.
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2009 во 17:19

НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ ВО ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ МИЛАН И МАНЧЕСТЕР СИТИ

Кака останува на Сан Сиро!

На задоволство на сите искрени љубители на фудбалот, а особено на навивачите на Милан, бразилскиот "волшебник" Кака останува на Сан Сиро. Управата на "росонерите" во понеделникот доцна навечер потврди дека нема да го продаде својот најдобар играч на Манчестер Сити и со тоа ги прекина сите шпекулации во врска со иднината на еден од најдобрите фудбалери на денешницата.
Скај Италија во понеделникот околу 22:30 часот објави дека преговорите меѓу европскиот гигант и англискиот премиерлигаш официјално се запрени во доцните вечерни часови и дека од најголемиот трансфер во историјата на фудбалот нема да има ништо. Во преговорите кои се одвиваа во Милано учествуваа таткото и менаџер на Кака, Боско Леите, директорот на Манчестер Сити, Гери Кук, и службениците на Милан. Неофицијално, Сити за фудбалерот на Милан пред крајот на преговорите понудил неверојатни 130 милиони евра и плата од 19 милиони по сезона во следните пет години, што значи дека Кака одбил вкупно 95 милиони. На договорот на двата клуба недостасувал само потписот на Кака, но поранешниот најдобар светски фудбалер уште еднаш & порачал на управата на Милан дека не сака да оди во Сити, па Берлускони немаше друг избор освен на навивачите на својот клуб да им каже: "Кака останува".
"Кака е непроценлив, едноставно не може да се продаде. Тој не е само феноменален фудбалер, туку и чесен човек на кого парите не му се с$ на светот. Беше поласкан од сето она што го слушна од навивачите во последните денови, никогаш не сакаше да го злоупотреби интересот од Сити за да н$ уценува за зголемување на платата. С$ што се случуваше последните денови по понудата на Манчестер Сити покажува дека парите не се с$ во фудбалот. Наша должност беше да го известиме Кака за понудата, како што направивме со Шевченко кога тој си замина во Челзи. Единствената разлика беше што оваа понуда беше значително повисока, но Кака одлучи да остане во Милан и јас поради сум енормно среќен", изјави Берлускони, кој во текот на викендот категорично тврдеше дека ќе го продаде Кака.
Во понеделникот вечерта пред домот на Кака во Милано се собраа околу 500 навивачи на Милан кои на тој начин само го продолжија притисокот врз фудбалерот и клубот да ја продолжат заедничката соработка. Кака излезе пред навивачите со својот дрес и со тоа сакаше да им порача дека нема шанси да се пресели во Англија.
"Ни на 30 секунди не помислував за заминување. Никогаш не ме интересираа парите, се чувствувам одлично во Милано, овде луѓето ме сакаат и среќен сум што сум овде. Многу работи беа напишани последниве денови, меѓу другото и за моите барања. Сакам да потврдам дека никогаш не сум го условувал своето останување со поголема плата. Да ја прифатеше Милан понудата од Сити ќе бев многу разочаран. Сакам уште еднаш да им заблагодарам на сите кои ми ја дадоа поддршката во последно време и се радувам на нашето дружење во иднина", им се обрати Кака на насобраните навивачи.
Од Манчестер Сити ги негираа информациите дека Милан се откажал од преговорите и додадоа дека англискиот клуб се повлекол поради несериозноста на претставниците на "росонерите".
"Поминавме неколку фази од преговорите, но луѓето од Милан воопшто не беа сериозни. Ние немавме ниту можност да преговараме со Кака иако од Милан излезе таква информација. Ние бевме мошне конкретни и навистина не разбирам од каде такво однесување од Милан", изјави Кук.
Со ова конечно е ставен крај на сагата што го забавуваше фудбалскиот свет во последните две недели. По она што се случуваше летоска со Роналдо и ова сега со Кака ништо чудно ако во јуни почне нешто слично со сосема трет фудбалер.

Робињо исчезна

Најверојатно исфрустриран од неуспехот при преговорите со Кака, Робиењо во понеделникот навечер исчезнал од тренинг-кампот на Сити на Тенерифе и никој од клубот с$ уште не може да го најде. Некои англиски медиуми шпекулираат дека отишол да го прослави својот 25. роденден, а други дека се вратил во Бразил, но дека претходно побарал дозвола од раководството на клубот.
"Јасно најавив дека морам да се вратам дома поради семејни причини. Сепак, ќе се вратам навреме за следниот натпревар од Премиер-лигата против Њукасл идната среда. Точно дека ме погоди неуспехот со Кака, но тоа нема врска со ова", наводно изјавил Робињо за Дејли меил.
Дирекоторот Кук негира дека Робињо побарал дозвола и додаде дека тоа е класично кршење на клупската дисциплина. Бразилецот е најдобар фудбалер на Сити оваа сезона и на 16 натпревари постигна 11 гола.

Циркусот се сели во Мадрид

Тукушто заврши сапуницата околу трансферот на Кака од Милан во Манчестер Сити кој на крај не беше реализиран, шпанскиот спортски дневник АС почна нова приказна која може да продолжи налето. Весникот објави изјава на Дејвид Бекам, кој наводно дал објаснување за неуспехот на Сити со тоа што Кака летово ќе се пресели во Реал Мадрид.
"Кака сака да се пресели во Реал, а не во Манчестер Сити. Мислам дека во јуни ќе стане играч на Реал, така тој ми рече", изјави Бекам.
АС додава дека Бекам веќе има добро искуство со предвидувањето трансфери затоа што пред повеќе од три години, додека беше фудбалер на Реал, најави дека неговиот тогашен соиграч Роналдо ќе стане нов член на Милан.

КАРЛО АНЧЕЛОТИ

Пресреќен сум што останува

Цело време откако почнаа преговорите за трансферот на Кака, тренерот на Милан, Карло Анчелоти, беше воздржан. Сега, кога ништо од тоа не излезе, тој е можеби најсреќниот човек во Милан.
"Конечно можам да здивнам, навистина сум пресреќен што на крајот пресуди срцето. Би сакал да му се заблагодарам на клубот, на претседателот Берлускони и се разбира на Кака. Не беше тоа едноставна одлука затоа што во игра беа големи пари. Веста за останувањето на Кака ќе ни биде дополнителен мотив да го стигнеме Интер и да ја освоиме титулата", изјави Анчелоти, чија екипа по првата полусезона има заостанување од шест бода во однос на Интер.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2009 во 10:35
Се местат "коцките" во спортскиот дел

Новото Собрание на "црвено-црните" најавено за среда, 4 февруари, треба и официјално да го означи новиот почеток на "вардарци" сега под палката на српскиот бизнисмен Мишо Поповиќ.

И покрај претходно истакнатите проблеми при преговорите со досегашниот финансиер Трифун Костовски, кој неочекувано активираше побарувања, во вредност од 340.000 евра, стари повеќе од десет години за свои вложувања во 1996 година а кои не се дефинитивно разрешени и низ викендов, сепак, се очекува без апсолутно никакви проблеми в среда компанијата "МЈД Инвестмент Гроуп" да ја добие довербата на членовите на Собранието на Вардар како свој иден инвеститор.

"Нема никаква новина и околу разговорите со досегашните финансиери. Нашите ставови беа прецизно изнесени на прес-конференцијата во петокот. Како и да е, согласно договорот со двата колективни члена на Собранието на клубот, легален транспарентен собир на кој ќе следи раководствената трансформација ќе има в среда", истакнуваат новите раководители.

Во меѓувреме веќе и се местат "коцките" околу спортското функционирање на клубот. Мишо Поповиќ, како што претходно најави, викендов во Белград реализираше, заедно со својот соработник задолжен за спортскиот дел Аца Булиќ и разговори со неколку потенцијални кандидати за позицијата нов шеф на стручниот штаб, меѓутоа засега се уште се држи во тајност името на наследникот на Милко Ѓуровски.

"Нема потреба од шпекулации. Се ќе биде транспарентно познато на претстојното Собрание на кое низ една свеченост би биле презентирани комплетните раководни структури, шефот на стручниот штаб како и новите играчки засилувања", вели Поповиќ.

Во финална фаза, според изјавите од новите финансиери, се и преговорите со засилувањата во играчкиот кадар. Се најавуваат фудбалери од домашниот, но и од странскиот пазар, пред се од Србија.

"Верувајте ќе има навистина квалитетни звучни засилувања согласно реномето на еден Вардар", истакнува Поповиќ.

Инаку, српскиот бизнисмен во очекување на официјалното негово преземање на тимот од "Градски" веќе стартуваше и со свои донации во Македонија.

"Веќе е реализирана и првата донација од страна на Мишо Поповиќ во Македонија", соопшти Небојша Давидовски, идниот потпретседател на "црвено-црните" притоа прецизирајќи:

"Донација вредна околу 200.000 евра се состои од куќа со површина од 200 квадратни метри во 'СОС селото' во Скопје и изградба на спортско игралиште, што е уште еден доказ дека Поповиќ има навистина сериозни и искрени намери во нашата држава. Верувам дека Мишо Поповиќ ќе го врати Вардар на старите победнички патеки на задоволство на целокупната домашна спортска јавност".
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
ZIKS Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 43
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZIKS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 20:01
Battle Control - Terminated
Кон врв
ZIKS Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 43
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZIKS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2009 во 18:49
Сколари си оди од Челзи

Изменето од ZIKS - 12.Февруари.2009 во 10:05
Battle Control - Terminated
Кон врв
OUST Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај OUST Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2009 во 15:28
Хидинк очекува идната недела да го преземе Челзи

Селекторот на руската фудбалска репрезентација Гус Хидинк денеска изјави дека очекува на почетокот на идната недела да го преземе раководството со англискиот премиерлигаш Челзи.

Челниците на Челзи во понеделникот го отпуштија Луис Фелипе Сколари поради слабите резултати.

Медиумите наведуваат дека сопственикот на Челзи Роман Абрамович и Хидинк се во добри односи. Рускиот милионер помага во финансирањето на репрезентацијата на Русија.

„Го преземам Челзи за да му помогнам на пријателот. Абрамович прави многу добри работи за рускиот фудбал и јас сакам да му возвратам“, изјави Хидинк за холандската радио станица „538“.

Хидинк ќе ја комбинира работата во Челзи со селекторската позиција во руската репрезентација, а во таква ситуација бил и порано, кога истовремено бил тренер на ПСВ Ајндховен и националниот тим на Австралија.

„Кон крајот на март имаме два квалификациски натпревари за Светското првенство, а потоа играме во јуни. Можно е успешно да ги искомбинирам обврските, бидејќи првенството во Англија до јуни ќе биде завршено“, рече Хидинк.

„За неколку денови патувам во Лондон. Очекувам на почетокот на следната недела да бидам на клупата на Челзи“, додаде Хидинк.

Хидинк освен репрезентациите на Русија и Австралија, бил селектор и на Холандија и Јужна Кореја, а ги тренирал уште Де Графшап, Фенербахче, Валенсија, Реал Мадрид и Бетис.

превземено од http://www.a1.com.mk
Кон врв
OUST Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај OUST Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2009 во 15:34
Фудбалерите на Бразил ја совладаа Италија

На лондонскиот „Емирати“ стадион фудбалерите на Бразил во пријателски меч ја победија Италија, актуелниот светски шампион со 2:0.

И покрај фактот што играа без најдобриот играч Кака и најдобриот стрелец во последно време Луис Фабијано, фудбалерите на Бразил убедливо триумфираа во мечот во кој се очекуваше подобра игра, особено од страна на составот на Липи.

Бразил одигра многу добро прво полувреме во кое постигна и два гола Елано и Робињо, па уште неколку пати му се закани на Џиџи Буфон.

Можеби се ќе беше поинаку да не беше поништен погодокот на Италијанецот Гросо веќе во 4-та минута поради офсајд ситуација, како и голот на Лука Тони во вториот дел поради недозволено играње со рака. Сепак, Бразилците оставија многу подобар впечаток.
Кон врв
OUST Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај OUST Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2009 во 17:32
Кон врв
OUST Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај OUST Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2009 во 17:36
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2009 во 18:00
Ето'o има 400 мобилни телефони

Чудно хоби има камерунскиот напаѓач во дресот на Барселона, Самуел Ето, пишува весникот Спорт. Според информацијатана изданието, голгетерот има манија по мобилни телефони и со нетрпение го чека секој нов модел за да го купи. Во моментов Ето е сопственик на 400 апарати.


Кон врв
Тречи Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Царевићот

Регистриран: 22.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 414
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Тречи Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2009 во 15:15
Партизан - Црвена Звезда играат сега

НАПРЕД ПАРТИЗАН!
Книге децо книге......
Речи свима ко си,не штиди се своје вере,и буди поносни син Православја!

Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2009 во 23:16
nisto 1:1
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2009 во 17:13
Бекам во Милан до крајот на сезоната

Челниците на Лос Анџелес Галакси и Милан постигнаа договор Дејвид Бекам да остане во италијанскиот клуб до крајот на сезоната, јавила денес телевизијата Си-Би-Ес (CBC).

Според наводите на телевизијата, Бекам, кој е од јануари на позајмица во Милан, во јули ќе се врати во Лос Анџелес, а до договор дојде откако Галакси сепак ја прифатија понудата на „Росоњерите“ од нешто помалку од 10 милиони евра.

До крајот на сезоната во Италија останаа уште 12 кола, а Бекам досега одигра 7 натпревари и постигна два гола.

Екипата на Милан го зазема третото место на табелата во Серија „А“ со 48 бода, 12 бода помалку од водечкиот Интер.


Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 15:43
Олимпик и Вердер четвртфиналисти во купот на УЕФА

Фудбалерите на Олимпик Марсеј и Вердер од Бремен се пласираа меѓу осумте најдобри во купот на УЕФА.

Во Сент Етјен Вердер избори нерешен резилтат 2:2, па после победата од првата средба на домашен терен од 1:0 успеа да го елиминира францускиот тим од понатамошната фаза на натпреварувањето.

Многу неизвесен натпревар одиграа Олимпик и Ајакс во Амстердам каде што Французите по продолжувањата успеаа да стигнат до 2:2 и така да се изборат за следната рунда. По 90 минути резултатот беше 2:1 за Ајакс идентично како на првиот меч во Марсеј.

Преостанатите четвртфиналисти ќе се знаат денеска по одигрување на реванш-натпреварите во кои се среќаваат: Металист-Динамо Киев (0:1 прв натпревар), Шахтјор-ЦСКА Москва (0:1), Зенит-Удинезе (0:2), Галатасарај-Хамбургер (1:1), Алборг-Манчестер Сити (0:2) и Брага-ПСЖ (0:0).
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.