|
Аикидо |
Внеси реплика | страница <1 1213141516 25> |
Автор | ||
DamjanC
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група Регистриран: 27.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 98 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Еве уште збор-два за дипломите. Како што кажа и Љупчо, и Аикикаи дипломите се исти низ целиот свет. Но тоа е корисно само од некаква административна гледна точка, оти како и сите други дипломи (и во „Реално аикидо“, но и факултетските и какви и да има други) можат да бидат добиени на различни, да не речам, сомнителни начини. Сигурен сум дека никој од нас не негува илузии дека дипломата гарантира и знаење. Е сега, против ваквите девијации и неправди кои ги има низ цел свет, може да се бориме на различни начини. Еден од прилично ефикасните начини е полагањето секогаш да се прави јавно и широката публика да види дали и колку кандидатот ја заслужува дипломата. Втор, исто така мноогу ефикасен начин, е учителот кој има дозвола за држење на полагања, да не зема додатни пари за тоа. Ова, чуствувам дека треба подобро да го објаснам: Имено, секоја диплома има цена утврдена од Аикикаи фондацијата во Јапонија и тие се важечки на светско ниво. Но, околу 95% од учителите кои имаат дозвола за испрашување, на таа цена си додаваат своја такса, која може значително да варира. Тоа не е забрането од Аикикаи фондацијата, веројатно затоа што се свесни дека и да е забрането, ќе се случува, како што се случува и на факултетите. Затоа, кога знаете дека некој учител држи полагања без притоа да си зема такса за него, јасно ви е дека нема материјален интерес од тоа да одржи што повеќе полагања за да си го наполни џебот, туку навистина бара да му покажете знаење. Таков учител (додека беше активен) беше Масатоми Икеда сенсеи. И за среќа, неговиот најдобар ученик го следи не само во техничкото знаење, туку го има прифатено и тоа да не наплаќа за одржување на полагања - тоа е М. Кваранта сенсеи (во моментов 6.Дан) од Швајцарија. Ако некогаш во иднина дојдам до степен да добијам дозвола за одржување на полагања и јас нема да наплаќам. Ама ќе барам знаење! Поздрав! www.henbo.com.mk Изменето од DamjanC - 08.Февруари.2009 во 10:58 |
||
osavkov
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група Регистриран: 15.Ноември.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 62 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Само мало дообјаснување овде. Признавањето и непризнавањето на дипломи од други аикидо организации во Македонија, што погоре пробав да го објаснам се однесува на ученичките Кју степени. Дан степените регистрирани во Аикикаи со потпис на Аикидо Дошу, нема што да се признаваат или непризнаваат од локалните аикидо организации, тие се факт. И патем, за Љупчо, извинувањето - непотребно. Ти не кажа ништо лошо. поздрав Љ.Ошавков kenbukan.org.mk |
||
Љупчо
Нов член Регистриран: 06.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 22 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Вака сега...ќе дадам еден осврт на теоријата на аикидо(нели рековме да зборуваме за аикидо).
Аикидо законитости (принципи) - Сферичност За разлика од др.бор.вешт.во Аикидо скоро и да не постои движење без оваа законитост.Оваа законитост е опфатена со повеќе елементи на природните закони кои во себе содржат низа др.движења. -Кружно движење- Како и во природата,така и во Аикидо техниките „течат“ сферично,односно спирално спојувајки ги кружните движења по хоризонтала и по вертикала,или пак движења во круг (елипсоидно)дијагонално на повеќе страни. -Центрифугална и центрипетална сила- е вториот елемент кој ја надополнува сферичноста.За своја потреба круж.движ. по своја основа ги користи силите кои исто така владеат воприродата,и тоа оние сили кои ја привлекуваат напаѓачката техника кон центарот на круж.движ.за да се надоврзе во конечно центрипетално движење.Човекот-напаѓачот се воведува во сферично-спирално движење со центрифугална сила-вртејки го околу вертикалната и хоризонтална оска на движење,а тоа пак резултира со отфрлање на негативната силина со кружни движења оддалечено од центарот на движење. -Создавање и зголемување на инерција-Со др.зборови законитост на нарушување на равнотежа кај субјектот.Воведување во лабилна положба на опонентот. (извадок од мојот „Прирачник за Аикидо `03“) За други работи,понатаму. Поздрав. |
||
„Ништото секогаш во себе содржи се`“.
|
||
sisko
Нов член Регистриран: 13.Септември.2006 Статус: Офлајн Поени: 21 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Хахаха, за овој така наречен, само прогласен аикидо мастер изгледа Србија е „низ цел свет“ И верувам дека не е ни одблизу запознаен како неговиот „семоќен“ Љуба добил 3ти, па 5ти, па 8ми и после само 3 години 10ти Дан. Или од 3ти Дан во 1989 стигнал до 10ти Дан во 2003. За да денеска тој истиот кажува дека неговото Аикидо е реално, а некое друго не е. Каква бурлеска ви е тоа вештината, не си ни свесен. И ќе те замолам и тебе да не се вклучуваш во дискусија, кога... стварно везе немаш. И ваков анонимус како што си ти, ефтин, ефтин... не знам ни зошто ти реплицирам. Поздрав до сите кои искрено се идентификуваат, Шишко. http://myaikido.blog.com.mk |
||
osavkov
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група Регистриран: 15.Ноември.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 62 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Драги пријатели, Ве молам, смирете го тонот на вашите дискусии!
Секој има право на избор. Дури и кога тој избор е заблуда во очите на другите. Поздрав! Љ.Ошавков kenbukan.org.mk |
||
Љупчо
Нов член Регистриран: 06.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 22 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Доколку нема спорење....Продолжувам со теоретскиот пристап на Аикидо.(пожелно е надополнување од оние кои бар малку размислуваат на тема аикидо).
.....техниките на напад во аикидо(како и кај секоја бор.вешт.) можат да бидат пласирани на различни начини преку фаќања до удирања,во секаков правец и насока и со одредена цел-напад на одредена личност.Како и да е одбраната се состои секогаш да се елиминира нападот,но не и по цена на елиминација на опонентот(уке),односно се избегнува директен судир со опонентот(уке).Се вклопува во неговиот напад,или пак се врши избегување од самата линија на напад со вклопување на одбраната.Во сето ова влегуваат низа елементи кои допринесуваат да се оствари принципот на вклопување или избегување од линија на нападот: - поместување на тежиште на телото - избегување на удари - временост(тајминг) - динамика на техниката - исфрлување на напаѓачот(уке) од равнотежа. (Прирачник за Аикидо `03) Доколку сте заинересирани можеме да разговараме и на ваков начин. Поздрав |
||
„Ништото секогаш во себе содржи се`“.
|
||
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се смирија страстите.Почнавме сите по нешто да учиме.
|
||
Љубов и само љубов
|
||
Љупчо
Нов член Регистриран: 06.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 22 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ве нема некако на темава.Ок.Знам оти ќе се јавите.Продолжувам со излагањето(знам оти сум досаден,ама.....да ве видам!).Овојпат за философскиот осврт кон аикидо.
Како и кај другите јапонски бор.вешт.,така и во Аикидо застапен е философско-практичниот систем на класификација на техниките,систем на 5 форми или Го-Кјо -Но Ваза.Превземен по принципот на природниот систем на пет елементи од кои е создадена природата и тоа: - елемент на земјата (ЧИ),кој ја симболизира стабилноста - елемент на вода (МИЗУ),симболизира приспособливост, делува на емоции, - елемент на огин (КА,Хи),симбол на активност и интелект, - елемент на ветер (КАЗЕ),променливост,извор на мудроста, - елемент на етер-воздух (КУ,Кара)-извор на моќ и креативност,елемент кој ги соединува предходните елементи. Ваквото излагање го најдов застапено и во Икеда методологијата на системот Аикидо,но за неговото толкување...понатаму. Поздрав. |
||
„Ништото секогаш во себе содржи се`“.
|
||
DamjanC
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група Регистриран: 27.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 98 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ПОКАНА ЗА АИКИДО СЕМИНАР ВО СКОПЈЕ !!!
На 28-ми февруари и 1-ви март 2009 (сабота и недела). 3 тренинга (2 во сабота и 1 во недела). Во клубот Хенбо (КЦ Работнички - Капиштец). Повелете! |
||
criminal-F
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2009 Локација: Japan Статус: Офлајн Поени: 173 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
pa imam odeno na seminari od aikido i bas bilo interesno :D
|
||
Љупчо
Нов член Регистриран: 06.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 22 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Семинарот организиран од Македонската аикидо федерација и Аикидо клубот „Хенбо“,а под водство на сенсеи г.дин Микеле Кваранта - одличен.Беше исцрпно објаснета методологијата на Аикидо вештината,преку основни и напредни форми на вежбање.Микеле - во својот елемент.....несебично укажуваше на практичната и теоретска поврзаност на техниките.Како гости на семинарот беа и аикидоки од Бугарија,Србија,како и АК „Заншин“од Куманово .Со еден збор - незаборавно.Штета што се нема поголемо учество на нашите домашни клубови(без оглед на припадноста),зошто ова беше шанса да се осознае нешто повеќе за практичната поставеност на Аикидо во рационалниот секојдневен живот.Браво Дамјан,продолжи така,има што и од тебе да се научи.
Поздрав. |
||
„Ништото секогаш во себе содржи се`“.
|
||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
steta sto ne go vidov ova vcera
|
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
DamjanC
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група Регистриран: 27.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 98 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Фала Љупчо, се трудам да дадам сè од себе... Секако дека ќе продолжиме. Еве и јас да им се заблагодарам на сите гости од Бугарија и од Србија, а домашните посебно ги поздравувам, кои освен од Заншин од Куманово, ги имаше и од клубот Кенбукан од Битола и од Агатсу од Куманово. Се надевам дека убаво си поминаа и дека убаво се дружевме. Пред семинарот слушнав дека за некого бил премногу скап... Што да речам, кога би имале можност секако дека би ја намалиле цената за што повеќе луѓе да можат да учествуваат, со оглед на финансиските можности овде во Македонија. Но од друга страна, убеден сум и дека она што на семинарот беше покажано, вреди многу повеќе од 25 евра. Но, еве, ќе се трудиме следноит пат да најдеме некакви спонзори, па да можеме да ја намалиме цената на таксата. Поздрав! Дамјан www.henbo.com.mk |
||
Љупчо
Нов член Регистриран: 06.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 22 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Има една мисла......„Се поскапо ќе ве чини освен....аикидо“.Мислам дека спонзорирањето треба да одигра поголема улога и во „малите“,„рекреативни“ т.н.„спортови“,кои немаат натпреварувачки карактер,а,се по репрезентативни и од самите колективни „масовни“ спортски игри(без граници).
|
||
„Ништото секогаш во себе содржи се`“.
|
||
Внеси реплика | страница <1 1213141516 25> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |