IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Јуда Искариот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Јуда Искариот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 789
Автор
Порака Обратен редослед
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 18:43
Многу убав пример, навистина чесен човек бил твојот дедо.
Не секој кој работи со пари мора да е Јуда, како што велиш, но колкумина денес не се такви? Колку чесни луѓе останаа?


МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4489
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 18:40
Баш вчера после зајдисонце, синот ми кажуваше дека во нивниот клуб, тој од другарите членови бил избран да им биде благајник.

Така си разговарав со него (тој набрзо 10 а јас 40 годишен) за таа благајничка служба.
Веднаш дојде муабетот на Јуда Искариот и поуката како нетреба да бидеме.

Ако погледнам во минатото, таму ми се појавува еден од мојте дедовци кој имал работа со многу (туѓи) пари.

Една вечер - според кажувањето - кога пребројал парите, што ќе види?!    Вишок!     И тоа голем вишок!
Нити едно, нити две, си ја зел ташната со пари и право тргнал од куќа до куќа кај луѓето што им припаѓале парите. Кога ги прашал (биле многу луѓе) дали неприметиле дека имаат помалку пари, тие му одговориле дека тие се задоволни и со толку.

Одкако им ги вратил на сите до динар, се вратил дома и блажено си заспал.

Оваа случка и најзиното прикажување од стриковците и таткоми, ми ја грее душата моја грешна и ми укажува дека не секој кој работи со пари мора да постапува како Јуда!



Изменето од spiros - 07.Февруари.2009 во 18:42
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 16:23
И тоа што викате...Јуда знаел-ама бил заробеник на својата алчност, како еден вид страст.
Ама и мене некако ми е жал за Јуда. Сепак верувам дека Бог најдобро знае, околу тоа каде му е местото на Јуда.

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 15:15

Јас не би рекол дека е жртва. Жртва е кога даваш нешто свое заради некоја цел, но во случајов Јуда не бил Исусов иако Исус му ја даде таа шанса. Јуда бил крадец уште од почетокот (Јован 12,6), така што тој уште од почетокот бил со погрешни мотиви влезен меѓу 12мината. Тој најверојатно мислел да заработи нешто материјално, или пак мислел дека Исус ќе станел овоземен Цар на Израел па ќе грабне некоја позиција. Не знаеме, можеме само да нагаѓаме, но сепак провидно е дека Јуда не бил христијанин, така што не бил тој жртвуван од Бог, туку Бог му дал шанса да биде еден од Христовите, но тој самостојно одлучил да биде против. Бог го знаел тоа, но Божјото предзнаење нема врска со нашата лична и слободна одлука.

Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 14:56
Исус знаше кој ке го предаде како Бог, Но Бог ја почитува и загарантира слободата на секоја, па и на злочинецот.
Но подоцна , кога ке дојде судот, прадата за секо од нас и на секој ке му се суди според неговите дела, затоа и Господ може да не предупреди , на пример како на Јуда, но не не спречува на сила затоа што тоа не по слободта и не е по правдата.

А дека Јуда знаел, точно е но знаел и дека е злодело но заробеноста на неговите страсти не му дале да се покае и ослободи. тоа е вистинско заробеништво. и сам си пресудил. За жал.

искрено и јас жалам за Јуда иако и тие се во прво што му судат зашто го предадел Господа, Спасителот на светот       
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 14:45
Многу интересно спирос, и јас многу размислувам за ова, да не речам, ми ја земата темата од уста.

Секако, делото е за осуда.
Но...ај да размислиме аналитички, со своја глава, и ослободени од осуда поради тоа.

1.Исус знаеше кој ќе го предаде.
2. На Тајната Вечера му рече “Стори го тоа што мораш побрзо“.
3. Јуда знаеше дека Исус знае што треба да стори...
4. И го стори тоа...
5. Потоа се обеси на Крвната Нива, како што беше предвидено во Пророците...

Се прашувам, нели и Јуда имал однапред одредена мисија?
Ако Исус дојде да не спаси, да не погине никој освејн “погибелниот син“ како што е напишано...нели е и тоа еден вид жртва?

Многу ме интересира.


Поздрав до сите.




МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4489
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 08:51
Делото на Јуда е за осудување и поука какви вистинските верници (следбеници Христови) нетреба да бидат, бидејќи тоа е животонепријатна ѓаволштина која нанесува бол и води во пекол.

Да, делото на Јуда било и ќе биде за осуда а неговата душа и сите негови сродни души за сожалување и милост!
Затоа и некои верници (и заедници) вршат молитви за помилување на душата Јудина (Искариот)и за сите грешни души!

Јас мислам дека за БОГА е можно душата на Јуда Искариот да биде во Рајот, но од неговиот карактер (како што е преставен во Евангелието) таму нема да има нити трага.

Што мислите вие?




Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 789
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.