IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Биди член на ЦРКВАТА ХРИСТОВА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Биди член на ЦРКВАТА ХРИСТОВА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 22>
Автор
Порака
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 22:38





Мајката Божја вели: Од сега ќе ме ублажуваат сите родови. (Лука 1, 48)

Кој друг човек се осмелил да каже вакво пророштво?

Кој друг човек е ублажуван од СИТЕ РОДОВИ?






Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 22:44
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

газење%20од%20смеење Miki_P кај ги наоѓаш овие прикаски алал да ти е, секогаш убаво ме насмејуваш со нив големо%20гушкање
 

неAhmar, не ми одговори на прашањето зошто не го култивизирате Симон Киринеецот како што ја култивизирате Марија? Зошто и него не го китите со богохулни титули од типот: Цар на Небото, Пресвет, Пречист, Владетел, Најголем, Капина несогорлива, Спасител на сите луѓе, Господар на сите итн како што ја етикетирате и Марија?

 

Зарем сте вие на местото на Бог па да пресудите кој ќе седне рамо до рамо со Бог и ќе биде Цар на Небото, а кој заради услугата нема да добие ниту една божествена титула?

Зарем не рече Исус дека таквите почесни места ги дава Бог Таткото?

 

да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не го давам Јас, туку ќе им припадне на оние, за кои Мојот Татко го приготвил. (Матеј 20,23)

 

Од ова излегува дека вие православните се замислувате дека сте како Бог Таткото, поголеми дури и од Исус, па затоа се дрзнувате да судите кој на која позиција ќе биде на Небото, демек се собравте вие таму на некој собор и одлучивте Марија да ја седнете рамо до рамо со Господ и ја прогласивте за Царица на Небото и Господарка на сите, а Симон Киринеецот не ви се бендисал (според вашите критериуми) па не сте му дале некоја таква велелепна позиција на небото.

 

До каде мислите да гурате со овој памет? тајм%20аут

Сериозно прашувам, има ли во вас страв Божји???


Ti nemash odgovor nitu na edno prashanje, a svojstveno na sektantstvoto, prodolzhuvash da ja napagjash Pravoslavnata Crkva. Seriozno, sam treba da se prashuvash, ima li vo tebe strav Bozhji?
   

Изменето од Asya - 05.Февруари.2009 во 22:45
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2009 во 02:15

Miki_P, прочитај го овој стих внимателно:

А кога (Исус) го зборуваше тоа, една жена извика од народот и му рече: “Блажена е утробата, што Те носела, и на градите, од кои си се хранел!”
А Toj рече: “Дa, но блажени се и оние што го слушаат Божјото слово, и го пазат.”
(Лука 11,28)
 
Од овој цитат гледаме дека Исус воопшто не ја истакнува блаженоста на Марија над останатите блажени во Библијата. Кога оваа жена ја благословувала Марија, тој не го одрекол благословот, но гледаме дека Исус тука одма го менува фокусот од Марија кон сите останати кои го слушаат Божјото слово и го пазат.
Марија не е единствената благословена во Библијата. Слично на неа и Јаила е благословена меѓу жените:
 
Судии: 5:24 ”Благословена да е меѓу жените Јаила,
 
Христос во својата проповед на гората ја започна со благословување на бедните по дух, на чистите по срце, миротворците, кротките, оние кои гладуваат по правда, милостивите, оние кои се гонети заради правда, оние кои се гонети заради Христос итн. Потоа ако се потсетиме колку луѓе Бог благословил во Стариот Завет почнувајќи од Авраам чиј благослов неколкупати го повторил, потоа Исак, па Јаков, па Јосиф итн итн...
и вие од сите овие решивте т.е. си ја земавте позицијата на Бог и се дрзнавте да ја прогласите Марија за најблагословената и во улога на Бог и ја дадовте позицијата "Царица на Небото" и ја сместивте рамо до рамо со Бог и покрај тоа што Исус рече дека почесните позиции на Небото единствено Бог ги дава:
 
да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не го давам Јас, туку ќе им припадне на оние, за кои Мојот Татко го приготвил. (Матеј 20,23)
 
Затоа ве прашав дали има во вас страв Божји, затоа што и Луцифер се обиде еднаш да се прави како Бог, но беше исфрлен од Небото заради тоа. Затоа ве советувам и вас православните, да не му ја земате позицијата на Бог и да се дрзнувате да судите кој каква положба има или треба да има на Небото, затоа што тоа е улога на Бог. Покајте се додка е време, затоа што не знаете кога ќе се врати Христос.
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2009 во 21:45
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

Miki_P, прочитај го овој стих внимателно:


А кога (Исус) го зборуваше тоа, една жена извика од народот и му рече: “Блажена е утробата, што Те носела, и на градите, од кои си се хранел!”

А Toj рече: “Дa, но блажени се и оние што го слушаат Божјото слово, и го пазат.”

(Лука 11,28)


И ти го изедначуваш “Блажена е утробата, што Те носела, и на градите, од кои си се хранел!” со

“Дa, но блажени се и оние што го слушаат Божјото слово, и го пазат.”

Каква сулудост, тоа го може само безбожник, кој мисли дека Го нашол Христа, од Кого, всушност, е премногу далеку. Гледаш ли дека и сатаната прави чуда - се изнамачил ама си свршил работа - си нашол борец кој ќе ги застапува неговите интереси - да се омаловажи и да се понижи сè што е свето, во случајов - Мајката Божја!?!?!? Аферим за еретиците.




Изменето од Miki_P - 06.Февруари.2009 во 21:45
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2009 во 21:55
Originally posted by Miki_P Miki_P напиша:

Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

Miki_P, прочитај го овој стих внимателно:


А кога (Исус) го зборуваше тоа, една жена извика од народот и му рече: “Блажена е утробата, што Те носела, и на градите, од кои си се хранел!”

А Toj рече: “Дa, но блажени се и оние што го слушаат Божјото слово, и го пазат.”

(Лука 11,28)


И ти го изедначуваш “Блажена е утробата, што Те носела, и на градите, од кои си се хранел!” со

“Дa, но блажени се и оние што го слушаат Божјото слово, и го пазат.”

Каква сулудост, тоа го може само безбожник, кој мисли дека Го нашол Христа, од Кого, всушност, е премногу далеку. Гледаш ли дека и сатаната прави чуда - се изнамачил ама си свршил работа - си нашол борец кој ќе ги застапува неговите интереси - да се омаловажи и да се понижи сè што е свето, во случајов - Мајката Божја!?!?!? Аферим за еретиците.







Bas me interesira kako gleda nasiot Spasitel Isus Hristos na vasite raspravii koj e popameten.

Izvinete sto se mesam vo vasite repliki, ama krivo mi e koga gledam kako se napagaat hristijani so hristijani, narekuvajki se eretici ili poispravni hristijani.

Mozete da zamislete kako se cuvstvuva Hristos koga gleda kako edni na drugi si presuduvate koj e eretik a koj vistinski hristijanin, a zboruvate vo Negovo ime?

Sigurno ne naviva za vas i ne vika aferim Miki, ili bravo Pravoslaven, ubavo mu kaza na ovoj eretik...
Katastrofa
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2009 во 21:57
Ајде сите смирете тензии и престанете да се нарекувате взаимно еретици...
Мики, Асја и православен имате опомени за дискусијава! Ако продолжите вака, ќе ве банирам!
Do what is right, come what may...
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 11:02
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

Miki_P, прочитај го овој стих внимателно:


А кога (Исус) го зборуваше тоа, една жена извика од народот и му рече: “Блажена е утробата, што Те носела, и на градите, од кои си се хранел!”

А Toj рече: “Дa, но блажени се и оние што го слушаат Божјото слово, и го пазат.”

(Лука 11,28)

 

Од овој цитат гледаме дека Исус воопшто не ја истакнува блаженоста на Марија над останатите блажени во Библијата. Кога оваа жена ја благословувала Марија, тој не го одрекол благословот, но гледаме дека Исус тука одма го менува фокусот од Марија кон сите останати кои го слушаат Божјото слово и го пазат.

Марија не е единствената благословена во Библијата. Слично на неа и Јаила е благословена меѓу жените:

 

Судии: [COLOR=#800080">5:24[/COLOR"> ”Благословена да е меѓу жените Јаила,

 

Христос во својата проповед на гората ја започна со благословување на бедните по дух, на чистите по срце, миротворците, кротките, оние кои гладуваат по правда, милостивите, оние кои се гонети заради правда, оние кои се гонети заради Христос итн. Потоа ако се потсетиме колку луѓе Бог благословил во Стариот Завет почнувајќи од Авраам чиј благослов неколкупати го повторил, потоа Исак, па Јаков, па Јосиф итн итн...

и вие од сите овие решивте т.е. си ја земавте позицијата на Бог и се дрзнавте да ја прогласите Марија за најблагословената и во улога на Бог и ја дадовте позицијата "Царица на Небото" и ја сместивте рамо до рамо со Бог и покрај тоа што Исус рече дека почесните позиции на Небото единствено Бог ги дава:

 


да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не го давам Јас, туку ќе им припадне на оние, за кои Мојот Татко го приготвил. (Матеј 20,23)

 

Затоа ве прашав дали има во вас страв Божји, затоа што и Луцифер се обиде еднаш да се прави како Бог, но беше исфрлен од Небото заради тоа. Затоа ве советувам и вас православните, да не му ја земате позицијата на Бог и да се дрзнувате да судите кој каква положба има или треба да има на Небото, затоа што тоа е улога на Бог. Покајте се додка е време, затоа што не знаете кога ќе се врати Христос.



Luka 11:28 ne se odnesuva na Bogorodica, koja go slushala i pazela Bozhjoto slovo, i stanala Prevseta, tuku Hristos istaknuva princip nad familijarnite vrski, t.e. Bozhjata blagoslov ne zavisi od vazhni rodstveni vrski, a ja dobivaat tie shto go slushaat i pazat Bozhjoto slovo. Hristos koristi retorika vo govorot, t.e. ne ja prekinuva Svojata beseda, zatoa shto edna zhena izvikala od narodot, nitu go ignorira nejziniot zbor, a efektivno go vmetnuva vo svojot govor, so cel da go pouchi narodot.

No, koj si ti, za da sovetuvash nekogo?



Изменето од Asya - 07.Февруари.2009 во 11:19
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 11:30
Originally posted by Asya Asya напиша:

Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

Miki_P, прочитај го овој стих внимателно:


А кога (Исус) го зборуваше тоа, една жена извика од народот и му рече: “Блажена е утробата, што Те носела, и на градите, од кои си се хранел!”

А Toj рече: “Дa, но блажени се и оние што го слушаат Божјото слово, и го пазат.”

(Лука 11,28)

 

Од овој цитат гледаме дека Исус воопшто не ја истакнува блаженоста на Марија над останатите блажени во Библијата. Кога оваа жена ја благословувала Марија, тој не го одрекол благословот, но гледаме дека Исус тука одма го менува фокусот од Марија кон сите останати кои го слушаат Божјото слово и го пазат.

Марија не е единствената благословена во Библијата. Слично на неа и Јаила е благословена меѓу жените:

 

Судии: [COLOR=#800080">5:24[/COLOR"> ”Благословена да е меѓу жените Јаила,

 

Христос во својата проповед на гората ја започна со благословување на бедните по дух, на чистите по срце, миротворците, кротките, оние кои гладуваат по правда, милостивите, оние кои се гонети заради правда, оние кои се гонети заради Христос итн. Потоа ако се потсетиме колку луѓе Бог благословил во Стариот Завет почнувајќи од Авраам чиј благослов неколкупати го повторил, потоа Исак, па Јаков, па Јосиф итн итн...

и вие од сите овие решивте т.е. си ја земавте позицијата на Бог и се дрзнавте да ја прогласите Марија за најблагословената и во улога на Бог и ја дадовте позицијата "Царица на Небото" и ја сместивте рамо до рамо со Бог и покрај тоа што Исус рече дека почесните позиции на Небото единствено Бог ги дава:

 


да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не го давам Јас, туку ќе им припадне на оние, за кои Мојот Татко го приготвил. (Матеј 20,23)

 

Затоа ве прашав дали има во вас страв Божји, затоа што и Луцифер се обиде еднаш да се прави како Бог, но беше исфрлен од Небото заради тоа. Затоа ве советувам и вас православните, да не му ја земате позицијата на Бог и да се дрзнувате да судите кој каква положба има или треба да има на Небото, затоа што тоа е улога на Бог. Покајте се додка е време, затоа што не знаете кога ќе се врати Христос.



Luka 11:28 ne se odnesuva na Bogorodica, koja go slushala i pazela Bozhjoto slovo, i stanala Prevseta, tuku Hristos istaknuva princip nad familijarnite vrski, t.e. Bozhjata blagoslov ne zavisi od vazhni rodstveni vrski, a ja dobivaat tie shto go slushaat i pazat Bozhjoto slovo. Hristos koristi retorika vo govorot, t.e. ne ja prekinuva Svojata beseda, zatoa shto edna zhena izvikala od narodot, nitu go ignorira nejziniot zbor, a efektivno go vmetnuva vo svojot govor, so cel da go pouchi narodot.

No, koj si ti, za da sovetuvash nekogo?




Асиа,

Колку што гледам и ТИ делиш совети.......

...си се запрашала ли која си ТИ да делиш совети......


Изменето од gospel - 07.Февруари.2009 во 11:32
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 11:38
Zarem prashanjeto e nekakov sovet?
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 12:05
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

А кога (Исус) го зборуваше тоа, една жена извика од народот и му рече: “Блажена е утробата, што Те носела, и на градите, од кои си се хранел!”
А Toj рече: “Дa, но блажени се и оние што го слушаат Божјото слово, и го пазат.”

(Лука 11,28)


Од овој цитат гледаме дека Исус воопшто не ја истакнува блаженоста на Марија над останатите блажени во Библијата. Кога оваа жена ја благословувала Марија, тој не го одрекол благословот, но гледаме дека Исус тука одма го менува фокусот од Марија кон сите останати кои го слушаат Божјото слово и го пазат


Originally posted by Asya Asya напиша:

Luka 11:28 ne se odnesuva na Bogorodica, koja go slushala i pazela Bozhjoto slovo, i stanala Prevseta, tuku Hristos istaknuva princip nad familijarnite vrski, t.e. Bozhjata blagoslov ne zavisi od vazhni rodstveni vrski, a ja dobivaat tie shto go slushaat i pazat Bozhjoto slovo. Hristos koristi retorika vo govorot, t.e. ne ja prekinuva Svojata beseda, zatoa shto edna zhena izvikala od narodot, nitu go ignorira nejziniot zbor, a efektivno go vmetnuva vo svojot govor, so cel da go pouchi narodot.

Odlichno objasnuvanje na ovoj tolku "zloupotrebuvan" stih od strana na nekoi "the name & no name denominations", t.e. ukazhuvanje na "naivnosta - bukvalnosta" na nivniot pristap vo tolkuvanjeto...   
Da, inteligentno - logichki izdrzhano objasnuvanje. Bravo !



Изменето од Marko sk - 07.Февруари.2009 во 13:05
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 15:26
Се сложувам, одлично објаснување дека Христос ја воздигнува духовната фамилија НАД телесната и дека Божјата благослов не зависи од роднинските врски, од тоа дали некој е крвна роднина на Исус или не. Тоа најдобро го гледаме од следниов пример:
 
И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.”
(Матеј 12то поглавје)
 
Интересно е да се забележи дека Исус во евангелијата никогаш не ја нарекол Марија со "мајко", туку со "жено", а од горниов цитат многу јасно се гледа кои се вистинските мајки, браќа и сестри на Исус - Неговите ученици (меѓу кои се разбира подоцна се приклучиле и Марија и браќата на Исус, но јасно гледаме дека Исус не прави никаква разлика меѓу нив т.е. Исус не е непотист и не им дава почесни титули само затоа што крвно се поврзани со Него)
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 20:10
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

Се сложувам, одлично објаснување дека Христос ја воздигнува духовната фамилија НАД телесната и дека Божјата благослов не зависи од роднинските врски, од тоа дали некој е крвна роднина на Исус или не. Тоа најдобро го гледаме од следниов пример:
 
И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.”
(Матеј 12то поглавје)

 

Интересно е да се забележи дека Исус во евангелијата никогаш не ја нарекол Марија со "мајко", туку со "жено", а од горниов цитат многу јасно се гледа кои се вистинските мајки, браќа и сестри на Исус - Неговите ученици (меѓу кои се разбира подоцна се приклучиле и Марија и браќата на Исус, но јасно гледаме дека Исус не прави никаква разлика меѓу нив т.е. Исус не е непотист и не им дава почесни титули само затоа што крвно се поврзани со Него)


Evangelieto go sodrzhi osnovnoto i najbitno hristijansko uchenje, no ne i sekoj detal od Hristoviot zhivot, t.e. privatnite razgovori i momenti pomegju Hristos i Bogorodica ne se registrirani vo Svetoto Pismo. Svadbata vo Kana e javen nastan, kade Bogorodica i Hristos bile pokaneti kako gosti, a "zheno" (zhena), kako shto Hristos i se obratil na Svojata Majka, vo togashnite svakjanja na judejskiot narod, e titula na pochit i posebnost.

Matej 12:46-50, voopshto ne se odnesuva na lichniot odnos pomegju Hristos i Bogorodica, koi imaat ne samo krvno, tuku i neraskinlivo duhovno rodstvo. Hristos chesto se sluzhel so retorika vo govorot, so izvonredna oratorska veshtina, t.e. bez da ja prekine Svojata beseda, komentarite i porakite pushteni od strana efektivno gi vmetnuval vo Svojata propoved. Koga Hristos propovedal pred mnoshtvo narod, nekoj mu soopshtil deka majka mu i brakja mu stojat nadvor, i sakaat da zboruvaat so Nego. Hristos ne go prekinal govorot, a go primil soopshtenieto, i korisno go upotrebil vo Svojata propoved, za da go pouchi narodot deka duhovnoto rodstvo e povisoko od krvnoto. Toa ne znachi deka Hristos i Bogorodica nemaat duhovno rodstvo, tuku deka uchenjeto na Hrista e prosledeno so realni primeri od Negoviot zhivot, t.e. Hristos ne samo shto ne pouchuva so slovo (zbor), za toa kako treba da zhiveeme i da postapuvame vo konkretni situacii, a Sam ni dava primer. "Brakjata i sestrite" na Hristos, se deca na Josif od prviot brak, a bi mozhele da bidat i bratuchhedi, bidejki vo aramejskiot jazik ne postoi toj zbor, t.e. bratuchedite se brakja, kako vo srpskiot i drugi jazici, dodeka na hebrejski mozhe da znachi i drug rodnina.

Gospod ne dava pochesni tituli po linija na krvno rodstvo, tuku po Svojata Volja, i Sam gi proslavuva Svoite ugodnici!



Изменето од Asya - 07.Февруари.2009 во 20:18
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 22:13


МОЛИТВА ПРЕД ВЕЧЕРА


    Ќе јадат сиромасите и ќе се наситат, и ќе го прослават Господа оние што го бараат, нивните срца ќе живеат во вечни векови. Амин.



МОЛИТВА ПО ВЕЧЕРА


    Господи, Ти нè развесели со Твоите созданија; се радуваме на делата од Твоите раце. Господи, се покажа светлината на Твоето лице и на нас; Ти го развесели моето срце повеќе отколку што ќе се развеселеше од пченица, вино и елеј. Во мир ќе заспијам и ќе се успокојам, зашто Ти си со мене, Господи, моја единствена надеж.



ВЕЧЕРНИ МОЛИТВИ

пред легнување


    Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух. Амин.
    
    Господи Исусе Христе, Сине Божји, по молитвите на Твојата Пречиста Мајка, на преподобните и богоносни отци наши и на сите светии, помилуј нè. Амин.

    Слава Ти, Боже наш, слава Ти!

    Слава Тебе, Боже наш, слава Тебе.

    Цару Небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и сè исполнуваш, ризницо на добрини и делителу на животот, дојди и всели се во нас, и очисти нè од секаква нечистотија и спаси ги, Благи, душите наши!

    Свети Боже, свети Крепки, свети Бесмртни, помилуј нè! (Трипати)

    Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови! Амин!

    Пресвета Троица, помилуј нè. Господи, очисти ни ги нашите гревови. Владико, прости ги нашите беззаконија. Свети, посети ги и исцели ги нашите немошти, заради името Твое. Господи, помилуј! (Трипати)

    Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

    Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како и ние што им ги проштаваме на нашите должници; и не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

    Помилуј нè, Господи, помилуј нè. Не наоѓаме никакво оправдување ние грешните, но како на Владика Ти ја принесуваме оваа молитва: Помилуј нè.

    Слава Ти, Боже наш, слава Ти!

    Господи, помилуј нè, на Тебе се надеваме. Не гневи се многу на нас и не спомнувај ги нашите беззаконија, туку и сега милостиво погледни и избави нè од нашите непријатели, зашто Ти си нашиот Бог, а ние сме Твои луѓе. Сите сме дело на Твоите раце и кон Тебе се обрнуваме, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

   Благословена Богородице, отвори ни ги вратите на милосрдието, да не пропаднеме ние што се надеваме на Тебе, но, да се избавиме преку тебе од беди Ти си спасение на родот христијански.

   Господи помилуј! (12 пати)


МОЛИТВА КОН ГОСПОДА

(од свети Макариј Велики)


    Вечни Боже и Царе на секое создание, Ти ме удостои да живеам до овој час. Прости ми ги гревовите што ги направив со дело, зборови и помисли, и исчисти ја, Господи, мојата несреќна душа од секаква телесна и духовна нечистотија. Дај ми, Господи, во оваа ноќ да имам спокоен сон, та кога ќе станам од мојата грешна постела, да му угодувам на Твоето пресвето име во сите дни на мојот живот и да ги победувам телесните и духовните непријатели што ме напаѓаат. Господи, избави ме од лоши помисли што ме осквернавуваат и од грешни желби, зашто Твое е царството, силата, и славата на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.



МОЛИВА КОН ГОСПОДА ИСУСА

(од свети Антиох)


    Седржителу, Слово на Отецот, Исусе Христе, Ти си единствен совршен. Поради Твоето големо милосрдие, Ти се молам, никогаш не оддалечувај   се од мене, Твојот слуга, но секогаш живеј во мене. Исусе, Добар Пастиру на Твоето стадо, не оставај ме на ѓаволските искушенија, бидејќи во мене има семе на гревот. Господи Боже, Тебе Ти се поклонувам, Царе свети, Исусе Христе, чувај ме во сонот преку силата на Твојот Свет Дух, преку Кого си ги осветил Твоите ученици. Господи, дај ми го и мене, на Твојот слуга, Твоето спасение. Просвети го мојот ум со светлината на Твоето Евангелие, душата - со љубовта кон Твојот Крст, срцето - со чистотата на Твоето слово, телото мое - со Твоите големи страдања, мислата моја запази ја со Твоето смирение и крени ме навреме да Те славословам, зашто си Прославен со Беспочетниот Твој Отец и Пресветиот Твој Дух во вечни векови. Амин.



МОЛИТВИ КОН ПРЕСВЕТИОТ ДУХ


1


    Господи, небесен Царе, Дух на вистината, смилувај се на мене и помилуј ме мене грешниот Твој слуга, прости ми, мене недостојниот, сè што сум Ти згрешил денес како човек, дури и полошо од човек - како животно. Прости ми ги моите волни и неволни, свесни и несвесни гревови што сум ги правел од младини и - од лоша навика, од бесчувственост и малодушност. Ако сум се колнел во името Твое, ако со мисла сум го похулил Твоето име, ако сум укорил или наклеветил и наскрбил некого, разгневил или за нешто сум се разлутил, ако сум излагал и ако сум спиел премногу, ако при мене дошол сиромав и сум го презрел, ако сум го нажалил братот, ако сум предизвикал кавга или ако некого сум осудил, ако сум се погордеал или разгневил, ако, за време на молитвата, мојот ум се свртел на лукави светски мисли или сум мислел нешто развратно, ако сум се прејал, или сум се опил, или безумно сум се смеел, или сум помислил нешто лукаво, ако сум зборувал неприлични зборови, или сум се потсмевал на гревот на мојот брат, иако моите согрешенија се безбројни, ако не сум ја сакал молитвата или сум направил нешто лошо, за кое не можам да се сетам - а ете, сето тоа и дури нешто повеќе сум направил, Ти се молам, помилуј ме, Создателу и Владико мој, разреши ме, ослободи ме и прости ми како Благ и Човекољубив, та со мир да легнам, да заспијам и да се успокојам јас блудниот, грешниот и нераскајаниот да Ти се поклонам, да го воспевам и прославам Твоето пречисто име заедно со името на Отецот и Единородниот Син Негов, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.



2


    Душе Свет, живеј во мене. Не сакам ништо друго, освен да бидам со Тебе и спрема Тебе да живеам. Сакам да се дарувам, да се отворам и да бидам како на дланка пред Тебе. Делувај во мене така, да ми бидеш мој живот, биди околу мене, да ми бидеш мој свет. Опфатиме за да си бидам на себе си неважен и само Ти да останеш.



3


    Дојди, Свети Душе! Создавај го и понатака светот. И нашето срце е свет на кого му треба Твојата создателска моќ; одново создавај го тоа што еднаш си го направил. Составувај го тоа што се распаѓа, буди го тоа што е неплодно, подмладувај го старото. Дај ни очи да го гледаме светлото, создаденото и несоздаденото. Дај ни сила да донесеме род и да се радуваме со телото и со душата.

    Омекнувај ги камените особини. Се здрвуваме од страв, оживи нè. На очајните дај им сила, на нејаките јачина, на должниците опростување, вера на оние кои ја бараат. На немите дај им зборови; зборови на љубовта на оние коишто љубат, збор на благодарноста на благодарните, збор вистинит на тие што ја бараат вистината. Збор на доверба на недоверните, збор на пофалба на тие што не знаат како да Те прославуваат, Боже мој.

    Оживувај ги мртвите; немоќните да се подигнат, паднатите да се исправат, куците да проодат, загубените да го најдат патот којшто Ти го покажуваш. Дај им да ја видат целта, тие коишто не ја наоѓаат смислата. Дојди Свети Душе.



МОЛИТВА КОН ГОСПОДА ИСУСА


    Што да Ти принесам и како да Ти благодарам, штедар Дарителу, Цару бесмртен и човекољубив Господè Јас сум мрзлив да ја извршам Твојата волја; ништо добро не сум направил, а Ти ме доведе до крајот на денешниов ден, промислувајќи за обраќањето и спасението на мојата душа. Биди милостив кон мене грешниот и, макар што сум лишен од секакво добро, издигни ја мојата падната душа, осквернавена од безбројни согрешенија. Изгони од мене секаква лукава мисла за земен живот, прости ми ги, единствен безгрешен Боже, согрешенијата што ги направив денес, свесно или несвесно, со зборови, дела, помисли и со сите мои чувства. Закрилувај ме и варди ме од секаков непријателски напад со Твојата божествена сила и со неискажливото човекољубие. Очисти ме, Боже, очисти ме од многубројните гревови. Благоволи, Господи, да ме избавиш од мрежата на лукавиот, спаси ја мојата страдна душа кога ќе дојдеш во слава, осени ме со светлината на Твоето лице. Сега дај ми да заспијам неосудено и без мечтателен занес, зачувај ја незаблудена мислата на Твојот слуга, изгони го од мене секое сатанско дејство, просвети ги разумните очи на моето срце, за да не заспијам во смртен сон. Испрати ми го ангелот на мирот, пазителот и учителот на мојата душа и на моето тело да ме избави од непријателите, да станам од постела и да Ти принесам благодарствени молитви. Откако ќе станам од сон, дај ми да се поучувам од Твоето слово и преку Твоите ангели прогонувај ја од мене малодушноста, која доаѓа од бесовите, та да го благословувам и прославувам Твоето свето име, да ја славам Пречистата Богородица Марија, Која е застапница за нас грешниците. Послушај ја Неа, Таа се моли за нас, знам дека е човекољубива како и Ти и не престанува да се моли за нас. Со нејзина помош, со знакот на чесниот Крст и поради молитвите на сите Твои светии, сочувај ја мојата бедна душа, Исусе Христе, Боже наш, зашто си свет и прославуван во вечни векови. Амин.



МОЛИТВА КОН ГОСПОДА


    Господи, Боже наш, како Благ и Човекољубив, прости ми сè што згрешив денес со зборови, дела и помисли. Дај ми мирен и спокоен сон, испрати ми го Твојот ангел чувар да ме закрилува и чува од секакво зло, зашто Ти си чувар на душите и телата наши, Тебе Те славиме - Отецот, Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.



МОЛИТВА КОН ГОСПОДА ИСУСА ХРИСТА

(од свети Јован Златоуст)


    Господи, не лишувај ме од Твоите небески блага. Господи, избави ме од вечните маки. Господи, ако сум згрешил со ум, со мисла или со дела, прости ми. Господи, избави ме од секакво незнаење и заборавност, малодушност и скаменета бесчувственост. Господи, избави ме од секакво искушение. Господи, просвети го моето срце помрачено од лоши желби. Господи, јас како човек, згрешив, а Ти, како милосрден Бог, гледајќи ја слабоста на мојата душа, помилуј ме. Господи, испрати ми ја на помош Својата благодат, за да го прославам Твоето свето име. Господи Исусе Христе, запиши ме мене, Твојот слуга, во Книгата на животот и дарувај ми добар крај. Господи, Боже мој, иако не сум направил никакво добро пред Тебе, по Твојата милост, дај ми да направам добар почеток. Господи, ороси го моето срце со росата на Твојата благодат. Господи на небото и на земјата, спомни си во Твоето царство за мене грешниот, бесрамниот и нечистиот Твој слуга.

    Господи, прими го моето покајание. Господи, не изоставај ме. Господи, не оставај ме да паднам. Господи, дај ми да мислам добро. Господи, дај ми солзи, скрушеност и да си спомнувам за смртта. Господи, дај ми да мислам за исповедување на моите гревови. Господи, дај ми смирение, целомудреност и послушност. Господи, дај ми трпение, великодушност и кроткост. Господи, насади го во мене коренот на добродетелите; стравот Твој - во моето срце. Господи, удостој ме да Те сакам со сета моја душа и помисла и во сè да ја извршувам Твојата света волја. Господи, закрилувај ме од лоши луѓе, од бесови и страсти и од секаква друга неприлична работа. Господи, Ти правишсè што сакаш, нека биде Твојата волја и во мене грешниот, зашто си благословен во вечни векови. Амин.



МОЛИТВА КОН ГОСПОДА ИСУСА


    Господи Исусе Христе, Сине Божји, заради молитвата на Твојата Пречиста Мајка и по молитвите на Твоите бестелесни ангели, на Твојот пророк, претеча и крстител, на пророците, апостолите, светителите, мачениците, преподобните и богоносни отци и сите светии, избави ме од сегашното мое бесовско притеснение. О, Господе мој и Создателу, Ти не ја сакаш смртта на грешникот, туку сакаш да се врати и да биде жив; дај ми и на мене грешниот, недостојниот и несреќниот да се обратам. Истргни ме од устата на сатаната, кој сака да ме голтне и жив да ме вовлече во пеколот. О, Господе мој, Утехо моја! Ти, поради мене несреќниот, се облече во гнилежно тело, избави ме од оваа тешка положба и утеши ја мојата душа. Насади во моето срце волја, за да ги исполнувам Твоите заповеди, да ги оставам лошите дела и да ги добијам Твоите блаженства. На Тебе, Господи, се надевам, спаси ме.



МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА


    Блага Мајко на преблагиот Цар, Пречиста и Благословена Богородице Маријо, излиј ја врз мојата страдална душа милоста на Твојот Син и наш Бог. Со Твоите молитви води ме кон добри дела, за останатото време од мојот живот да го поминам без грев и преку Тебе, Богородице Дево, единствена чиста и благословена, да го најдам рајот.



МОЛИТВА КОН АНГЕЛОТ ЧУВАР


    Ангеле Христов, ти си мој свет чувар и покровител на мојата душа и моето срце, прости ми сè што сум згрешил денеска и избави ме од секакво лукавство на непријателот што ме гони, та со никаков грев да не Го разгневам мојот Бог. Моли се за мене грешниот слуга и направи ме достоен за благоста и милоста на Пресветата Троица, на Мајката - кон мојот Господ Исус Христос и на сите светии. Амин.


МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА


    Откако се избавивме од беди, ние, Твоите слуги, Ти пееме победни песни на Тебе, Богородице. Ти имаш непобедлива сила, избави нè од секакви опасности, та велегласно да Ти пееме: Радувај се, Невесто неневесна!

    Преславна вечна Дево, Мајко на Христа Бога, принеси ја нашата молитва на Твојот Син и Бог наш, за да ги спаси преку Тебе нашите души.

    Сета надеж ја полагаме на Тебе, Мајко Божја, земи нè под Твоја закрила.

    Богородице Дево, не отфрлај ме мене грешниот, ја барам Твојата помош и Твојата закрила. На Тебе се надева мојата душа, помилуј ме.

    Мојата надеж е Отецот, мое засолниште - Синот, а покрив ми е Светиот Дух. Света Троице, слава Ти.

    Огради ме, Господи, со силата на чесниот и животворен Крст варди ме од секакво зло.
       


МОЛИТВА ПРЕД ЗАСПИВАЊЕ


    Во Твоите раце, Господи, Исусе Христе, го предавам својот Дух. Благослови ме, помилуј ме и дарувај ми вечен живот. Амин.

    

    Почитувани, со радост ви ги постирам Вечерните молитви, со надеж дека некој што ги нема ќе си ги копира и отпечати.

    Христос помеѓу нас!




Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2009 во 02:41
 
Originally posted by Miki_P Miki_P напиша:


МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА


    Откако се избавивме од беди, ние, Твоите слуги, Ти пееме победни песни на Тебе, Богородице.
 
Не знаев дека православните се слуги на Марија.

Originally posted by Miki_P Miki_P напиша:

 

    Сета надеж ја полагаме на Тебе, Мајко Божја, земи нè под Твоја закрила.
 
Ех, кога барем еден мал дел од надежта би ја положиле во Господ, колку би биле поинакви работите. Но вие, како што велите, сета надеж ја полагате во Марија.
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.