|
Карате |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 17.Јуни.2008 во 19:29 |
КАРАТЕ - НА ШАМПИОНАТОТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА, ВО СЛОВЕНИЈА, НАШИТЕ СПОРТИСТИ ПОТФРЛИЈА Каратистите запрени, судиите не положиле Црн викенд за нашите каратисти на ЕП за региони, за земјите од Југоисточна Европа, кое се одржа во Марибор, Словенија. Сите македонски претставници, во борби, уште во 1. коло биле поразени од своите противници, што автоматски значело елиминација од натамошните натпревари. Срамот не го почувствува нашиот женски ката тим, кој неочекувано во последен момент остана дома, не замина за Словенија.Но место за разочарување не треба да има. Впрочем, спортот е таков. Подемите и падовите се негов составен дел. Научена е една лекција која веќе на Универзитетското СП во Полска, кое стартува за дваесетина дена, на 9 јули, веруваме дека ќе најде своја конкретна примена. Инаку, боите на нашата земја во делот на натпреварите ги бранеа О. Груевски, В. Груевски, В. Гонев, А. Беговиќ, Г. Петров, М. Несторовски и Ф. к*рблиќи, предводени од тренерот Мирче Јанушевски. Тоа можеби и не е страшно. Далеку потрагичен е фактот што од петмина судии колку што испративме на семинарот во Марибор ниту еден не го минал тестот. Сите паднале. Тоа е она што КФМ треба да го загрижува, да размисли. Тоа е главната причина зошто имаме чести недоразбирања, на домашните натпревари, меѓу судиите и луѓето кои стојат од другата страна, недоразбирања кои знаат да поминат во жолчни расправии, по што следуваат дисциплински постапки, за на крајот жртви да бидат каратистите или нивните тренери. А водата ја матат или ја мателе судиите. Толку знаеле или знаат. Семинарот во Марибор даде точна слика кој колку е поткован. Тоа значи дека треба да се соочиме со вистината, да работиме и на тој план. Во моментов судењето во каратето е катастрофално лошо, со исклучок на Димоски во кати, единствен судија од нашата земја со светска "А" лиценца. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КАРАТЕ - МЛАДАТА КАРАТИСТКА СИМОНА ЗАБОРСКА, ИМЕ КОЕ СЕ НАМЕТНУВА Бисер кој треба да се негува Еден од спортовите каде младата популација пројавува значаен интерес секако е каратето, спорт во кој најмладите се постојано присутни. Токму оваа категорија спортисти се најбројните и најверни членови во клубовите. Таквата масовност по дефиниција дава и квалитет, квалитет кој во догледно време задолжително дава резултати.Секако за сето ова потребни се и соодветни услови, кои, за жал, кај нас ги немаат сите клубови, односно имаат само неколку меѓу кои се Макпетрол и Металург. Токму во Макпетрол, чија школа брои преку 100 - тина деца, со најголем стаж, тренира талентираната четиринаесетгодишната Симона Заборска, која со карате спортот се занимава уште од својата 6. година. Дека станува збор за талентиран натпреварувач говорат бројните успеси, а првпат се наметна пред три години кога во својата категорија стана државен шампион, титула која ја потврди и следната година, и тоа во дисциплината борби, екипно. Таквиот тренд продолжи и оваа година. Таа е најмладата каратистка која пред петнаесетина дена, на државниот шампионат, во конк*ренција на преку 1000 учесници од 56 клуба се закити со златен медал во борби екипно и сребрен во кати. Симона исто така годинава има освоено злато во карате лигата за жени меѓу кадетките. Покрај успесите на домашен план Заборска има голем број медали и од меѓународните турнири во Трбовље (Словенија), Тузла (БиХ), Чачак (Србија), Белград (Србија)... Дека Симона е успешна каратистка и сестран спортист говори фактот дека се занимава и со пливање, таа е член на ПК "Младост" - Скопје. "Со оглед дека следува нужна смена на возрасната категорија Симона Заборска ќе мора да има чести настапи на интернационалната сцена со цел стекнување на потребно искуство. Само така Македонија ќе го избруси новиот бисер во карате спортот во нашата земја. Токму од тие причини таа веќе во февруари ќе учествува на ЕП за кадет(к)и во Франција каде очекуваме успешно деби", вели нејзинот тренер воедно и татко Бошко Заборски. А, пак, Симона лично ни откри и една друга тајна, дека за нејзините резултати покрај тренерот голема заслуга има и нејзината другарка Сара Радичевска, со која секојдневно тренираат карате и пливање. "Јас и Сара на секој турнир или натпревар во последните три години секогаш стасуваме до финалните борби и веќе имаме освоено голем број медали", вели Симона Заборска. Но семејството Заборски има и трет каратист. Тоа е братот Петар Заборски, кој е три години помлад од Симона, а оваа година имаше девет едноподруго победи кои му ја донесоа титулата првак во пионерска конк*ренција, поединечно и екипно во борби. Инаку, КК "Макпетрол", кој е расадник на млади талентирани каратисти, во Симона Заборска гледа голем бисер на македонското карате, бисер кој во периодот што доаѓа треба да донесе бројни радости на спортската јавност во Македонија. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КАРАТЕ - ЗА ПОТРЕБИТЕ НА БП ВО СРБИЈА Стартуваа викенд подготовките За три месеци во Србија, во Белград (21 - 23 септември), ќе се одржи Балканскиот шампионат во карате за категоријата пионери и помлади кадети.Токму за потребите на тоа првенство Карате федерацијата на Македонија веќе стартуваше со подготовките, кои засега се во викенд сесија. На повик на селекторите Муарем Имери за пионери и помлади кадети за борби и Петар Белистојановски за јуниори во борби се јавија 50 - тина спортисти од 20 - тина карате клубови од нашата земја. Ваквиот начин на работа, со оглед дека е летен период ќе се практикува безмалку цело лето. Се планира одржување семинари и летни кампови во Црна Гора. Во моментов наши каратисти престојуваат во Сутоморе, од клубовите Ботони и Јошитака. Следниот месец на ред ќе дојдат други каратисти од другите клубови, а кампот се сели во Буљарица, со цел формата да се одржи на посакуваното ниво, а воедно и да се совладаат новите техники кои ќе бидат од големо значење за претстојните првенства. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КАРАТЕ - ВО ПРЕСРЕТ НА УНИВЕРЗИЈАДАТА ВО ПОЛСКА Илиевска спречена, Гудеска се враќа Од вчера па до 6 јули нашата сениорска репрезентација во карате ќе
престојува во Буљарица, во Црна Гора, каде ќе бидат реализирани
десетдневни подготовки, а се во функција за претстојната Универзијата
во Полска (10 - 13 јули) во градот Вроцлав. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
macaparket
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 26.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас сум каратистка.Тренирам во К.К.Нике,кој беше на семинарот во Буљарица,заедно со ката тимот кој освои прво место на светското универзитетско првенство во Полска.
|
|
UMRENI LJUGE UMRENI LJUGJE
NA UVO MI SE DERAT UMENI LJUGJE UMRENI LJUGE MNOGU GOMNA SERAT |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КАРАТЕ - СЕНИОРИТЕ ПАТУВААТ НА СП ВО ТОКИО
Исени е нашата најголема надеж Ардита Исени е нашиот најголем адут за медал на претстојното Светско првенство во карате за сениори, кое ќе се одржи во Токио (13-16 ноември). По преселбата во Канада во август, бронзената од ЕП во Талин се подготвуваше независно од репрезентацијата, но селекторот Бошко Заборски смета дека таа ќе настапи на турнирот во Токио со мотив повеќе, со цел да го одбрани реномето што го ужива во меѓународни рамки. - Немаме некој увид во формата во која се наоѓа Исени бидејќи веќе неколку месеци е во Канада, но таа и натаму е меѓу десетте најдобри каратистки во својата категорија и мислам дека ќе направи се за да не претстави во најдобро светло. Секој пласман во најдобрите седум на кој било натпреварувач би го сметал за успех - изјави Заборски. Најголем хендикап за нашата селекција ќе биде отсуството на Иво Цветковски поради повреда, но, и покрај тоа, имаме солиден состав кој во секој момент би можел да изненади некого од фаворитите. Во борби ќе се натпреваруваат Богдан Мицов, Ване Гонев, Ферат Корбулиќи, Гоце Петров, Жарко Арсовски, Огнен Груевски, Наташа Илиевска и Ардита Исени, а во конк*ренција на кати ќе не претставуваат Тамата Рибарска, Марија Гудевска, Сања Николиќ. На првенството во Токио ќе настапат каратисти од стотина држави, а, освен на натпреварувачко ниво, нашата држава ќе ја претставува и Златко Димовски во улога на судија за кати. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
criminal-F
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2009 Локација: Japan Статус: Офлајн Поени: 173 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jas sum karatistka i ja sakam sportot mnogu kolku sto nikoj ne sakat i sum mnogu uspesna i iiiiii i tolku i nemat zbor za karate
da se znajt samo nesto vo istorjata na karate-do nemat borenje fizicki tuku imat duhovno i umstveno relaksiranje i pametno mislenje karateto e vazno za toj sto znajt sve za taa vestina a toa e vestina za mir a ne za vojna ke ve molam mislite po pametno i nemojte da vezbate karate ako ne ja sfakate vistinskata sustina karateto ne e natprevaruvanje so protivnik i dobivanje medal tuku samo zloupotrebate sportot..... |
|
tamara1990
Сениор Регистриран: 04.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
I jas sum karatistka i potpolno se soglasuvam so tebe..karateto ne e vestina za vojna tuku za mir...Prvo i najvazno e duhovnata stabilnost,koncentracijata,a potoa doagja fizickata sila.. |
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
I jas se soglasuvam deka karateto e da se izgradis ko licnost, a ne da gi pokazes svoite fizicki (tepacki ) sposobnosti... Steta sto deneska se forsiraat poveke boreckite sportovi otkolku starite vestini... so sto se dobiva pogresna slika za celta na boreckite vestini...
|
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mnogu go sakav ovoj sport kako mala ..trenirav 5godini,samo ne izdrzav sepak go obozavam
|
|
Љупчо
Нов член Регистриран: 06.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 22 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Карате-до (карате),сфатено како спорт и како вештина,како и сите др.бор.вештини,служи за изразување на личноста како практикант на самата вештина.За жал повеќе се афирмира во светот спортската форма на карате - спортска карате борба.
Па споредбено се има натпреварувачи (победници и поразени)по принципот Шо-Бу во т.н.борби ,кати ..... Додека традиционалниот став на Шу-ха-ри и понатаму се запоставува,а без тоа...личноста која вежба не станува целосна. |
|
„Ништото секогаш во себе содржи се`“.
|
|
criminal-F
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2009 Локација: Japan Статус: Офлајн Поени: 173 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
si vo pravo ama do negde ubo e karateto da se koristi kako vestina za svojata gradba no sho-bu se deli na kumite i kata a kumite po japonski znacit psihicka borba a ne fizicka...nie kumiteto koristime po negativen pat sum bidena i na natprevati ito mnogu ama ne poddrzavam mnogu natprevarite od karate |
|
Љупчо
Нов член Регистриран: 06.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 22 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да,да,се сложувам....па,кога ќе ги погледнам денешните карате натпреварувања......подобро и да ги нема.Се некако набрзина,се нема време,па некако денешните каратеки во кумите, ми изгледаат како „скокачки прозорци“.Тотално погрешно сфатен терминот динамика,кој се поистоветува со брзоплетост,зуки(цуки)ударите ме потсеќаат на „палење мотор за дрва“,додека ножните удари.....па,како и да ги нема.Се случува „нашминканиот“ да победи,а „фајтерот“ да изгуби.Мислам оти карате денес како е презентирано,многу изгуби.Но,тоа е само мој став и мое мислење......
|
|
„Ништото секогаш во себе содржи се`“.
|
|
criminal-F
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2009 Локација: Japan Статус: Офлајн Поени: 173 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pa milo mi e zs i ti kako mene mislis
cista zloupotreba |
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |