IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Болеста и религијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Болеста и религијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
Автор
Порака Обратен редослед
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2009 во 21:06
Originally posted by polzavce polzavce напиша:


Ај некој ова теолошки нека ми го објасни........само поеноставно да биде сфатливо......

Добив тешка болест.....докторите викаат не се лечи......само организмот ако може да ти се бори со неа. Пиев триста чуди за имунитет...не биваше.

Отидов на еким- надрилекар...лечел со енергија со не знам што. Идам на контрола резултатите солза чисти...како никогаш....ништо немам........

Иде така година и пол......и после пак се враќа болеста.......

Како ова се објаснува од религиозен аспект. Нели не треба да се оди по бајачи......



Polzavce, bas mi e zal za tebe... Moli se na Bog da ti dade mudrost kako da se lecis, daj Boze da najdes lek i da ni bides ziva i zdrava mnogu godini.

Inaku od Bozja gledna tocka pogresno e da se bara pomos od bajaci,zatoa sto tie sorabotuvaat so Gavolot . Edno ke ti izlecat, a drugo ke ti nastetat, posebno vo mentalen i duhoven pogled.

Bog neka ti dade vodstvo pri izborot na lekuvanje.AMIN
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2009 во 16:53
Originally posted by polzavce polzavce напиша:


Ај некој ова теолошки нека ми го објасни........само поеноставно да биде сфатливо......

Добив тешка болест.....докторите викаат не се лечи......само организмот ако може да ти се бори со неа. Пиев триста чуди за имунитет...не биваше.

Отидов на еким- надрилекар...лечел со енергија со не знам што. Идам на контрола резултатите солза чисти...како никогаш....ништо немам........

Sekoja bolest e posledica na poremetuvanje na energetskiot tek na duhovnite sili vo teloto na covekot. Sekoe poremetuvanje na duhovno-energetskiot tek e posledica na covekovoto sopstveno pogresno mislenje, govorenje i postapuvanje.

Preku odredeni vezbi ili energetsko vmesuvanje na drugi ludje koi sto delumno ili celosno se razbiraat vo toa(treba da se reca deka tuka mozat da demneat i opasnosti), moze da se predizvika povtorno tecenje na silite - posledicata e telesno ozdravuvanje ili ublazuvanje. No toa e samo odstranuvanje na simptomot. Pricinata lezi podlaboko vo covekovoto odnesuvanje i razmisluvanje.

Originally posted by polzavce polzavce напиша:

Иде така година и пол......и после пак се враќа болеста.......

Како ова се објаснува од религиозен аспект. Нели не треба да се оди по бајачи......

Toa znaci deka pricinata koja dovela do energetski zastoj ne bila odstraneta, tuku samo potisnata nazad vo dushata. Toa sto ne e iscisteno, porano ili podocna povtorno ce dojde do izraz vo forma na bolest ili nekoj drug sudbinski udar.

Trajniot lek e vo prepoznavanjeto na naseto pogresno odnesuvanje i koregiranje na istoto so Hristova pomos. Toa za posledica ce ima i podobro tecenje na energiite vo teloto i ozdravuvanje na teloto(dokolku e toa dobro za dushata).

Za podetalno ja preporacuvam knigata "CELOVITO ISCELUVANJE" voopsto ne e skapa - no ako sakas na makedonski mozam da ti ja podaram (znaci, besplatno) i pratam po posta. Vo toj slucaj kontaktiraj me vo L.p.

Изменето од Majkl - 04.Февруари.2009 во 16:59
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2009 во 09:11
1. Само организмот може да се бори со неа (болеста)! Да, има такви случаи кога самиот организам создава одбрамбен механизам. Прост пример се леукоцитите, кои, ако влезе туѓо тело (бактерија, вирус, па и обично трнче ... ) тие бројчано се зглемуваат и се собираат околу него за да го уништат. (Затоа, кога ќе ја видиш крвната слика, бројот на леукоцитите ти е зголемен).
2. За каков надри лекар или поточно за какви „лекарства“ станува збор? Дали со биоенергија, баење... или со тревки, масажа, вежби ...? Ако е нешто од оваа вторава група, да прифатливо е. Познато е дека секоја тревка содржи разни материи (алкалоиди и сл.) кои стимулативно делуваат на клетките. Од тука не е чудно да се појави (привремено) подобрување на состојбата.
Полжавче, извини што не давам одговор од религиозен аспект, но морав да го пишам овој „логичкиот“. Ако не за друго, барем за да, при евентуелен „религиозен“ одговор, можат да се споредат. Баш и мене ме интересира кое е нивното мислење.ајде чекање
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2009 во 02:29
За каква болест се работи,ја откри на време овај пат?
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2009 во 02:27

Ај некој ова теолошки нека ми го објасни........само поеноставно да биде сфатливо......

Добив тешка болест.....докторите викаат не се лечи......само организмот ако може да ти се бори со неа. Пиев триста чуди за имунитет...не биваше.

Отидов на еким- надрилекар...лечел со енергија со не знам што. Идам на контрола резултатите солза чисти...како никогаш....ништо немам........

Иде така година и пол......и после пак се враќа болеста.......

Како ова се објаснува од религиозен аспект. Нели не треба да се оди по бајачи......

Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2009 во 22:15
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Originally posted by spiros spiros напиша:

Болеста - иакое е допуштена од БОГА - таа не потекнува од Него, како некој што сака тоа да го прикаже...
1.Од ова логички следи дека ако болеста не е од бог, значи таа е од ѓаволот, а бог ја допушта. Значи бог допушта ѓаволски работи!?
Originally posted by spiros spiros напиша:

... Ако родителите живеат против законот на слободата БОЖЈА, тоа со голема вероватност може да се изрази и на новороденчето (или децата воопшто) !
2.Која логика има и ова? Јас да грешам, а децата (па и до седмо колено) да ги трпат последиците? Љубов невидена!
Originally posted by spiros spiros напиша:

... Ако и покрај злоупотребата на законот на слободата БОЖЈА детето е здраво, тоа се должи само на Милоста БОЖЈА!
3.И по трет пат, логички следи прашање, по кои критеруми бог одредува на кого ќе му се смилува, а на кого не? Од тежината на делото? Или тоа е божја воља која никој не ја знае и нетреба да ја знае?ма%20ајдеНе, не. Секако не е така. По се изгледа јас не треба да размислувам логички.



1.БОГ допуштил многу неубави работи бидејќи не е диктатор!


2. Човекот треба да се труди со цело срце да живее според БОЖЈАТА Волја чиста и да не ја загадува иднината на децата, внуците, правнуците, ...!


3.Милоста БОЖЈА е дар! Кој е човекот да му диктира на БОГА кому да му дари Милост а кому не?
Зарем нема право дарителот на тие што се исмејуваат со Неговата Милост, ними и да не им ја дари?




Изменето од spiros - 03.Февруари.2009 во 22:21
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2009 во 21:30

Темнината е одсуство на Светлината. Болеста е одсуство на здравјето.
Како што е темнината неудобна, така и болеста не е пријатна. Нормалната состојба на телото е здравата состојба, зашто Се’Милостивиот и Се’Добриот Татко и Творец на сите и на се’ не создава болни и нездрави, ами здрави луѓе, тела и души.

Телото и душата се два организма кои се меѓусебно поврзани. Умот со мозокот и со нервниот систем, срцето на сокриениот наш човек со телесното срце. Здравјето на нашиот сокриен човек се одразува на здравјето на нашето тело. Здравјето на телото зависи од здравјето на сокриениот човек. Па така доколку некој кажат дека “го боли срце“, тоа е поради тоа што неговото внатрешно - нетелесно срце страдало поради омраза од другите, страдало поради невозвратена љубов, страдало од навреди, предавства (личностни)... И таквите состојби се одразиле на онаа мала мускулеста пумпа под градите. Ако некој кажат дека се “шекнал со умот“, тоа е поради тоа што бил премногу напнат, под стрес, нервозен, многу се оптоварувал со размислувања и сета таа ненормална умствена состојба му го разорила умот и оставиал последици и во неговиот мозок (т.е. телесниот орган).

Апсолутно најсигурниот лек за сите болести е без сомневање - близината до ЖИВИОТ БОГ! Колку поблиски до Него, толку се болестите подалеку од нас. Причината е таа што: близината до Бога не’ нахранува и не’ исполнува со Божјата БлагоДат, а оваа пак ја нахранува нашата душа со сета за неа потребна и соодветна вистинска Храна. Како што на телото му е потребно леб, млеку, масло, јајца, сирење... кои го снабдуваат телото со витамини, минерали, а вежбањето му помага да биде витално и јако и здраво... така читањето на Светото Писмо, отците на Црквата, Молитвите ја хранат, ја исчистуваат од немир, хаос, зло и ја исполнуваат со добро, со љубов, со мир, со радост и со здравје и ја облагородуваат нашата душа, а активното мислење на добри работи, правењето на дела подобни на Светлината, духовниот тренинг... овие ја утврдуваат нашата душа во доброто и и’ даваат сила за да истрае на својот Пат кон Небесниот Отец и ја насочуваат кон каде треба да оди и што треба да прави.

Животот во здравите состојби на душата и’ го обезбедува здравјето и нејзе и на нејзиниот слуга - телото.



Изменето од Pravoslavie - 03.Февруари.2009 во 21:33
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2009 во 15:20
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

... И по трет пат, логички следи прашање, по кои критеруми бог одредува на кого ќе му се смилува, а на кого не? Од тежината на делото? Или тоа е божја воља која никој не ја знае и нетреба да ја знае?ма%20ајдеНе, не. Секако не е така. По се изгледа јас не треба да размислувам логички.


Бог не одредува кому ќе му прости а кому не. Тоа зависи од нашата слободна волја. Ако свесно му приоѓаме на проблемот и сакаме гревот да го прсечеме во коренот, треба искрено да се покаеме и да се исповедаме. Тој (свештеното лице), кај кого ќе се исповедаме, има благодат да разрешува и да остава гревови на паднатите. Таквата духовна власт потекнува од Христа, преку апостолите па се до денешни дни, т.е., до крајот на светот, додека некаде (како во случајот со протестантите и сите други што го изгубија апостолското преемство) не се прекине врската со Христа.

Значи, ќе му се прости на лице што ќе го промени оживотот од корен. Што ќе се преобрази.   На кого ќе му се прости, не зависи од Бога. Само, како што реков, од нашата слободна волја.

Сите сме повикани да го слушаме Словото Божјо, но, и да го пазиме. Оној кој прави поинаку - тој сам се определил да не му биде простено.


Изменето од Miki_P - 03.Февруари.2009 во 15:23
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2009 во 15:06

Lugeto na pocetokot se stvoreni od Bog sovrseni, nivna zadaca bila da ja napolnat Zemjata so sovrseni luge , i kaj niv nema da postoelo starost, bolest ni smrt.

No posle grevot na Adam i Eva, lugeto go gubat sovrsenstvoto i kaj niv se javuvaat bolesta, starosta i smrtta i nasledno kaj nivnite potomci se prenesuvaat istite raboti.(1 Mojseeva 2:16; Rimjanite 5:12)

Da go poslusaa Boga i da ne trgnaa po Satanata, lugjeto nikogas ne bi se razboluvale i ne bi umirale.

Grevot vodi vo smrt. Adam i Eva gi ragale decata posle napraveniot grev i nivnite deca go nasledile grevot.

Site sme rodeni vo grev, koj, pokraj starosta, bolesta i smrtta ni nosi i zelbi za neispravno postapuvanje, so telesni i dusevni slabosti koi na krajot vodat kon smrt.

Zatoa sto site denes na Zemjata se rodeni vo grev, site nie (i vernicite i nevernicite ) sme podlezni na razlicni bolesti i neispravni postapki.(1 Mojseeva 8:21;Rimjanite 5:12).
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2009 во 13:55
Originally posted by spiros spiros напиша:

Болеста - иакое е допуштена од БОГА - таа не потекнува од Него, како некој што сака тоа да го прикаже...

Од ова логички следи дека ако болеста не е од бог, значи таа е од ѓаволот, а бог ја допушта. Значи бог допушта ѓаволски работи!?
Originally posted by spiros spiros напиша:

... Ако родителите живеат против законот на слободата БОЖЈА, тоа со голема вероватност може да се изрази и на новороденчето (или децата воопшто) !

Која логика има и ова? Јас да грешам, а децата (па и до седмо колено) да ги трпат последиците? Љубов невидена!
Originally posted by spiros spiros напиша:

... Ако и покрај злоупотребата на законот на слободата БОЖЈА детето е здраво, тоа се должи само на Милоста БОЖЈА!

И по трет пат, логички следи прашање, по кои критеруми бог одредува на кого ќе му се смилува, а на кого не? Од тежината на делото? Или тоа е божја воља која никој не ја знае и нетреба да ја знае?ма%20ајде

Не, не. Секако не е така. По се изгледа јас не треба да размислувам логички.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2009 во 22:18
Болеста - иакое е допуштена од БОГА - таа не потекнува од Него, како некој што сака тоа да го прикаже.
Лекот 100% потекнува од БОГА!

Ако родителите живеат против законот на слободата БОЖЈА, тоа со голема вероватност може да се изрази и на новороденчето (или децата воопшто) !

Ако и покрај злоупотребата на законот на слободата БОЖЈА детето е здраво, тоа се должи само на Милоста БОЖЈА!

За жал многу често, баш преку болот и болестите доаѓа до духовно будење кај нас луѓето.


Бидете здрави, живи и во законот на Духовната (Христова) Слобода!


АМИН
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2009 во 10:30
Хм, интересни работи наведе Дешад. Овие наведени лекувања сосема се прифатливи од биолошки и нутриционистички аспект. Знаеме дека секој прехрамбен артикл содржи разни материи (витамини, минерали, ензими, алкалоиди ...) кои влијаат на човековиот организам. Веројатно тие рецепти се врз база на долгогодишни искуства од тамошните простори. Најдоброто во сето горенаведено е што оваа терапија не е „помешана“ со некакви баења, гатања, молитви или било какви други „духовни“ исцелителни методи.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2009 во 04:43
Interesna informacija od aspekt kako chovekov se koristel so k*ranot za da dojde do podatoci koi se poznati od zhivotnoto iskustvo ili od nutricijskite istrazhuvanja.

Deshad, me interesira sto podrazbirash pod сирче? Dali mislish na kiselina (kako vinska ili jabolkova kiselina)?

Skoro site raboti mi bea poznati osven neshto sto mi zvuchi kontradiktorno. Chovekov veli:

-После млекото обавезно да се испие сирче,
-Мед да се зема обавезно после сирчето,

Pa potoa, na krajot od toj pasus zabelezhuva:

-Мед и млеко да не се јаде заедно.

Onoa poslednoto, deka mleko i med ne treba da se zemaat zaedno e vo sprotivnost na prethodno kazhanoto kade sto se veli deka obavezno posle mlekoto treba da se zema sirche i med. Zarem pravi nekoja razlika toa sto so mlekoto i medot se zema i neshto drugo, na primer sirche? Ne sum nutricionista ili hemichar, pa zatoa prashuvam pottiknat od tekstov...

Bilo kako, se izvinuvam sto izlegov nadvor od temata, kako sto izleze i komentarot kon koj repliciram. Se nadevam deka po odgovorot na deshad kje se vratime na topik, a dehsad ako saka neka otvori nova tema za religijska ishrana, pa ovie nekolku komentari kje gi izbrisham od tuka. Mislam deka edna takva nova tema ne sme imale do sega i verojatno kje svrti vnimanie kako kaj vernicite, taka i kaj site ostanati chlenovi i posetiteli na ovoj sajt.

Изменето од Messenger - 29.Јануари.2009 во 04:54
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 23:25
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

Originally posted by butel2 butel2 напиша:

sto koga ke se razboli bebe tukusto rodeno ? koj grev go napravilo toa? sto koga covek ke navlece infekcija poradi nehigiena na bolnickiot personal? samo alkohilicarite , narkomanite i olosote se razboluvaat?

 

Кога рековме дека болеста е последица на гревот, не мислевме на тоа дека личниот грев е последица за личната болест, туку дека општо човековиот грев е причинител за сите зла на овој свет, па и на болестите.

Бебето не направило грев, ама се родило со грешна падната природа, затоа што го родиле такви родители, кои пак исто биле родени од такви родители итн.


Ова се вика јал не јал, три и пол.Исламот не се согласува со Христијанскиот став за болеста. Болеста не е никаква последица на гревот,туку последица на одредени пореметувања во организмот на човекот, и како такви треба да се санираат по пат на медицината.

Можеби ќе излезам малце надвор од темата,но, дозволете ми да ви кажам еден к*р,ански рецепт за исхрана,кој се смета за најдобар лек против сите болести.



Др. Џемил Кудси Дувејк специјалист по исхрана, по потекло од Палестина. Поаѓајќи од размислувањето дека во к*р`анот се наоѓа одговор на секое прашање, тој , открил потполно нов пристап на лекување, со земање на храна по к*р`ански рецепт. Дувејк напишал поопширна енциклопедија под наслов “Исламски концепт на енергијата и исхраната” која се состои од 7.000 страници.Се надеваме дека ова дело ќе го види светлото на денот и на нашиот јазик, а во ова прикажување ќе пробаме во кратки црти да му дадеме приказ на ова вредно откритие, кое најдобро говори како нашиот однос спрема к*р`анот дефинитивно мора да се менува.

Др. Дувејк го почнал своето истражување од Ајетот во кој се говори дека во к*р`анот има одговор на сите прашања, дека Аллаховото џ.ш. знаење е Сеобфатно и дека во к*р`анот ништо не е пропуштено. Возвишениот Аллах џ.ш. вели: “к*р`нот не е измислен говор, тој потврдува, дека се вистинити Книгите објавени пред него, и објаснува се, и патоказ и Милост е, за народот кој верува.” (Јусуф, 111)

“Зошто , покрај Аллах ,да барам друг судија, кога Тој Kнигата ви ја објавува потанко? А на оние, кои Ние им ја дадовме Книгата добро знаат дека к*р`анот Го објавува твојот Господар, со вистина, и никако, не биди меѓу оние кои се сомневаат!” (Ел-Ен`ам, 114)

Др. Дувејк тргнува од к*р`анските Ајети, во кои се зборува дека к*р`анот е лек:

“Ние, го објавивме во к*р`анот она што е лек и милост за верниците...”
(Ел-Исра`,82)

“Кој ме создаде и Кој по вистинскиот пат ме упати,
и Кој ме храни и Кој ме пои,
и Кој, кога се разболам, ме лекува. “

(Еш-Шуара, 78,79,80)


“О луѓе , веќе ви пристигна порака од Господарот ваш и лек за вашите срца и упатство и милост за верниците.”     (Јунус, 57)


“ ...Кажи:”тој за верниците е упатство и лек.” (Фуссилет, 44)


Пратеникот с.а.в.с. рекол: “Лекувајте се! Навистина Аллах џ.ш. , не дал ни една болест, а да за неа не дал и лек.Тоа го знаат оние кои им е дадено знаеењето, а многу и не знаат.” (пренесува Ахмед)

Аллах џ.ш. исто така , во к*р`анот вели: ”Ние , се со мерка создадовме.” (Ел-Камер, 49)



“Оној чија Власт е Негова, на небесата и на Земјата, Кој не присвои дете, Кој во Власта нема придружeник и Кој се Создал и се со мера Одредил!” (Ел-Фуркан, 2)


“И на Месечината и одредивме состојби, се додека таа не стане како суво палмино гранче. “ (Ја-син, 39)


“И сонцето се движи до својата одредена граница, тоа е одредба од Силниот и Сезнајниот.” (Ја-син, 38)


к*р`анот и придава голема важност на мерата (микдар) во се:
”Тој сите ги запомна и точно ги преброи.” (Мерјем, 94)


“Тој Го знае бројот на се што постои.” (Ел-Џинн,28)

Аллах џ.ш. одредил дa зборот месечина во к*р`ан се споменува 12 пати, точно толку пати , колку е бројот на месеци во годината . Зборот ден во к*р`анот е споменат 365 пати, зборот намази (во множина) пет пати, зборот азм (решителност) пет пати, точно толку пати, колку се споменати посебно одбраните пратеници на кои е даден азм... Такви примери навистина, се многу во к*р`анот. Др Дувејк понатака вели: “Тогаш, на самиот себеси, си реков: Пошто Аллах џ.ш., за се одредил мера, тогаш и јас сигурно од к*р`анот ќе ја откријам мерата (формулата) за исхраната и пиењето.”

Ги издвоив сите ајети кои говорат за јадење (екеле,таиме) и пиење. Заклучив дека терминот јадење во к*р`анот се наведува 109 пати, од тие, ги издвоив јадењата што се харам , кои се споменуваат 19 пати, и го добив бројот 90 . Потоа ги наведов сите видови на храна кои се споменати во к*р`анот , и колку кој вид се споменува , после долга анализа дојдов до фантастично откритие.

Бројот 90 претставува, бројот на залогаи кој секој од нас би требало да го внесе во организмот секој ден, да нормално би функционирал организмот.

90 залаци треба да се состојат од сите видови на храна, кои во к*р`анот се споменуваат, секој вид на храна во онолкав број на залаци – колку пати се споменува. Така на пример, месото се споменува 4 пати, еден залак тежи 20 до 25 грама, што значи дека, треба да се јаде секој ден по 100 грама, ни помалку, ни повеќе. Потоа останатите видови на храна, точно онолку колку е по овој к*р`ански рецепт одредено.

Потоа направив една голема табела,која ја поделив на 240 квадратчиња, зошто к*р`анот се дели на 30 џузеви, секој џуз на два хизба, секој хизб на 4 четвртини, и сите ајети за еден вид храна ги препишав во едно квадратче во кој првиот вид храна, прв пат се споменува.
Така добив 6 оброци со точен список на храна, што би значело , најидеално секој од нас да јаде 6 пати на ден – помали оброци. По пат на таа шема дојдов до прецизни податоци што треба да се јаде наутро, што напладне, и што навечер.

Наутро доаѓа во предвид полесна храна, а на пладне појака, како грав и месо, а навечер само три работи: урми, грозје и нар (калинка)

Во к*р`анот постојат и општи правила на кои треба да се придржува во исхраната:
Во к*р`анот секогаш прво се споменува храната па после пијалокот, што значи дека оброкот треба да се започне прво со храната, а да се заврши со пијалок.
Во к*р`анот секогаш прво се споменува овошјето па после храната , што значи дека оброкот би требало секогаш да се почне со овошје , па после со храната.
Многу е интересно дека , во к*р`анот секогаш се споменува месото на морските животни, пред месото на копнените животни.

Современата медицина ни укажува дека месото од риба соодржи незаситени маснотии кои ги растопуваат заситените маснотии во нашето тело и го спречува вишокот на маснотии во крвта и запушување на крвните садови, што дирекно предизвикува срцеви или мозочни удари.Медицината тврди дека разликата на заситените масноти (омега 6) наспроти незаситените масноти би требало да биде 4 : 1 , а што тој однос , поради неисправната исхрана , денес е 20 : 1.

Интересно е, за маслиновото масло, кое посебно се споменува во к*р`анот, ги соодржи заправо незаситените маснотии (омега 3).

Др. Дувејк , во својата опширна енциклопедија , појаснува уште многу правила , од кои ги истакнуваме следниве:

-После млекото обавезно да се испие сирче,
-Мед да се зема обавезно после сирчето,
-Секогаш да се јаде урми после грозје, а не обратно,
-Нар(калинката) секогаш треба да биде она последно што јадеме,
-Киселото млеко подобро е од слаткото,
-Мед и млеко да не се јаде заедно.

Пратеникот с.а.в.с. практикувал како пијалок да користи небиз (туршија) која ја правел , така да би сипал чиста вода во сад, а потоа во неа ставал една шака суво грозје , или урми, или бадеми или сл. И после 12 до 48 часа , кога ќе почне да се вари, го користел како сок.
Денес во медицината е познато дека на таков начин се формираат посебни видови на бактерии, кои се неопходни за правилно функционирање на стомачниот систем.

Би требало човекот, тие бактерии секој ден да ги внесува во организмот, зошто се многу важни за регулирање на метаболизмот.Тие бактерии соодржат и течен јогурт. Интересно е како сме запоставувајќи го Суннетот на Пратеникот с.а.в.с., и користејќи газирани сокови , кои се најефтина роба , дошле во ситуација да го плаќаме она што му шкоди на нашиот организам.

Важно е да се истакне дека др.Дувејк својата теорија на лечење и очувување на здравјето со користење на к*р`анскиот рецепт на исхрана и практично го потврдил.
Споменатиов начин го понудил на 200 болни луѓе кои боледувале од неизлечливи болести и од физички и од психички природа. После само 21 ден добил невероватни резултати. Процентот на потполно излечени изнесувал 90%, а останатите болни почуствувале знатно подобрување.Меѓу пациентите биле и шеќераши, ревматичари, од оние кои имале проблем со зглобовите, со дробовите, или боледувеле од рак и сл. Моментално др. Дувејк работи на тоа да својот експеримент го потврди на 10.000 пациенти и да се подолго користење на таква терапија покаже дека се потполно излечени, како неговото откитие би било медицински признато и прифатено.

Со споменатиот проект , исто така е, докажано дека покрај зајакнувањето на имунитетот на организмот , се подобрува и oднесувањето на пациентот, Нивната психичка состојба многу брзо се нормализира. Помеѓу останатото , зависниците од тутунот за само 21 ден од третманот , многу лесно постануваат непушачи, зошто, нивниот организам едноставно, одбива да прими се што е неприродно и штетно.

Др. Дувејк , покрај останатото, не учи како да го правиме природното сирче, обрано кисело млеко, како да го користиме пченичното зрно со лушпа и сл..
А најважно од се е дека примерот на др. Дувејк не учи како треба да се однесуваме спрема к*р`анот и на кој начин да го изучуваме. Тој ги повикува муслиманите , стручњаците по разни области , да пристапат на изучување на к*р`анот од аспект на својата струка и да ја откријат к*р`анската формула, како најдобро решение за секоја област.

Се надевам дека во споменатиов пример ќе најдеме многу нешта , што ќе можеме да ги применуваме во својот начин на исхрана и дека ќе бидеме доволен поттик за секој од нас , да направеме ВИСТИНСКИ ПРЕОКРЕТ во својот живот и да му го дадеме на к*р`АНОТ местото кое му припаѓа, зошто само на таков начин , ќе дојдеме до решенија за сите проблеми , и со тоа да се припреми проект за излегување од кризата во која се наоѓаме.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.