|
Биди член на ЦРКВАТА ХРИСТОВА |
Внеси реплика | страница <1 1213141516 22> |
Автор | ||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Vmesto da gi napagjate drugite neguvajte go svoeo.
Temava pochna ubavo, ama i taa se isprevrte vo raspravanje, kritiziranje, plukanje, anatemisuvanje... Изменето од Messenger - 03.Февруари.2009 во 21:04 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Koj gi napagja drugite? Nie (pravoslavnite hristijani) ja branime Crkvata od sektantskite napadi! Ako obratish vnimanie, kje vidish deka sektantite ja napagjaat i ismevaat Pravoslavnata Crkva, zapochnuvajki od krstot, Bogorodica, svetcite, ikonite, popovite, itn., duri i pravoslavniot molitvenik im smeta! A se dodeka sektantite ja napagjaat Pravoslavnata Crkva, manipuliraat so Biblijata i go zloupotrebuvaat imeto na Hrista, nasha hristijanska dolzhnost e da stoime vo odbrana! Изменето од Asya - 03.Февруари.2009 во 21:26 |
||
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА ТРОИЦА Слава Ти, Боже наш, слава Ти. Цару Небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и сè исполнуваш, ризницо на добрини и делителу на животот, дојди и всели се во нас, и очисти нè од секаква нечистотија и спаси ги, Благи, душите наши! Свети Боже, свети Крепки, свети Бесмртни, помилуј нè! (Трипати) Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови! Амин! Пресвета Троица, помилуј нè. Господи, очисти ги нашите гревови. Владико, прости ги нашите беззаконија. Свети, посети ги и исцели ги нашите немошти, заради името Твое. Господи, помилуј! (Трипати) Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како и ние што им ги проштаваме на нашите должници; и не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. Помилуј нè, Господи, помилуј нè, зашто ние грешните немаме никакво друго оправдување. Ти ја пренесуваме оваа утринска молитва како на Владар. Ние во Тебе се надеваме; не биди гневен на нас, туку со своето милосрдие погледни и избави нè од нашите непријатели, зашто Ти си Бог наш, а ние сме Твои луѓе, сите сме дело на Твоите раце и го повикуваме Твоето име, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. Благословена Богородице, отвори ни ги вратите на милосрдието, за да нè пропаднеме ние коишто се надеваме на Тебе, но да се избавиме преку Тебе од беди, зашто Ти си спасение на родот христијански. Благословена да си Пресвета и неразделива Троице! Те славиме зашто постапуваш со нас по своето милосрдие. Господи, Ти си наш Господ! Колку е убаво Твоето име по целата земја! Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови! Амин. Те сакам, Творецу мој, зашто ме сочува оваа ноќ; Тебе Ти ја посветувам својата работа, душата и телото Ти ги предавам. Ти благодарам за сите добрини, особено што оваа ноќ ме чуваше со милост. Нека денешниов ден биде сè во Твоја чест и слава, сè што ќе мислам и зборувам, сè што ќе работам и страдам! Откако станавме од сон, Ти се поклонуваме, Благи; ангелската песна Ти ја пееме, Силен: Свет, свет, свет си, Боже, по молитвите на Богородица, смилуј се на нас. Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух; од постела и од сон ме дигна, Господи. Просвети го мојот ум и срцето, и отвори ми ја устата, па да Те воспевам, Света Троице: Свет, свет, свет си, Боже, по молитвите на Богородица, помилуј нè. И сега, секогаш и во вечни векови. Амин. Ненадејно ќе дојде Судијата и делата на секого ќе се откријат, но со страв на полноќ викаме: Свет, свет, свет си, Боже, по молитвите на Богородица, помилуј нè!. Откако станав од сон, Ти благодарам, Света Троице, зашто поради Твојата голема добрина не се разгневи на мене мрзливиот и грешниот, ниту ме погуби заради моите беззаконија, но се покажа, како и обично, човекољубив, и кога лежев без надеж, ме крена за да станам рано и да ја прославам Твојата сила. И сега просвети ми ги моите духовни очи, отвори ми ја устата, за да се поучувам со Твоите зборови, да ги разбирам Твоите заповеди, да ја извршувам Твојата волја, да Ти пеам со искрена пофалба и да го прославам Твоето пресвето име - на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. МОЛИТВИ КОН ГОСПОДА (од свети Макариј Велики) 1 Боже, очисти ме мене грешниот, зашто никогаш не сум направил добро пред Тебе, избави ме од лукавиот; да биде во мене Твојата волја, та неосудено да ја отворам мојата нечиста уста и да го восфалам Твоето свето име, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. 2 Од сон станав, Спасителу, и Ти принесувам полноќна песна; поклонувајќи се пред Тебе, извикувам: Не давај ми да заспијам во гревовна смрт. Ти, Кој доброволно беше распнат на крстот, крени ме мене што лежам во мрзеливост, побрзај да ме спасиш во бдение и молитва, за да стојам пред Тебе и да Ти се молам. А по ноќниот сон, дај да изгрее во мене безгрешен ден, Христе Боже, и спаси ме! 3 Човекољубив Владико, станав од сон и брзам да дојдам при Тебе и по Твојата милост се трудам да ги извршувам Твоите дела. Ти се молам, помагај ми во секое време и во секоја работа; избави ме од секакво светско зло и од ѓаволски искушенија. Спаси ме и воведи ме во Твоето вечно царство, зашто Ти си мојот Создател, Промислител и Дарител на секакво добро. Во Тебе е сета моја надеж, Тебе Те прославувам сега, секогаш и во вечни векови. Амин. 4 Господи, со Твојата голема добрина и милост Ти ми помогна мене, на Твојот слуга, да ја поминам оваа ноќ без опасност од секакво непријателско зло. Ти, Владико и Создателу, удостој ме со Твојата вистинска светлина, та со просветено срце да ја извршувам Твојата света волја, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. МОЛИТВА КОН ГОСПОДА (од свети Василиј Велики) Господи, Седржителу, Боже на силите и на секое тело, Ти живееш во висините и милосрдно погледнуваш на нас смртните. Ти ги испитуваш срцата и јасно ги знаеш човечките тајни. Ти си беспочетна и вечна светлина, во која нема промена или сенка од измена. Бесмртен Царе, прими ги нашите молитви, што, надевајќи се на Твоето милосрдие, Ти ги принесуваме од нашите нечисти усти. Прости ни ги прегрешенијата што сме ги направиле со дела, зборови и мисли, свесно или несвесно. Очисти нè од секаква нечистотија на телото и духот. Ние, кои го чекаме доаѓањето на светлиот и славен ден на Твојот Единороден Син, Господ и Бог наш Исус Христос, кога ќе дојде во слава, како Судија на сите, за да даде секому според неговите дела; дај ни со бодро срце и трезвена мисла да ја поминеме ноќта на сегашниот живот. Да не бидеме безгрижни и мрзливи, туку да бидеме бодри и работливи, за да нè најдеш подготвени, за да влеземе во радоста на божественото живеалиште на Твојата слава, кајшто не престанува гласот на оние што празнуваат и неискажлива е радоста на оние што ја гледаат бескрајната убавина на Твоето лице, зашто Ти си вистинската светлина што го просветува и осветува целиот свет, Тебе Те прославува секое создание во вечни векови. Амин. МОЛИТВА КОН ГОСПОДА Те благословуваме, вишен Боже и милостив Господе, Ти што секогаш правиш со нас големи и неискажливи безброј славни и необични дела. Ти ни даваш сон за успокојување на нашата немоќ и за одмор на нашето преморено тело. Ти благодариме што не си нè погубил поради нашите беззаконија, но се покажа, како и секогаш, човекољубив. Нè крена нас, кои безнадежно лежевме, за да ја прославуваме Твојата сила. Затоа се молиме на Твојата бескрајна добрина да ни ги отвориш духовните очи и да го разбудиш нашиот ум од длабокиот сон на мрзливоста. Отвори ја нашата уста и исполни ја со пофалби за Тебе, та да можеме смело да Ти пееме и да Те прославуваме Тебе, Кој си во сè и од сите прославуван Бог и беспочетен Отец, со Твојот Единороден Син и сесветиот, благиот и животворниот Твој Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА Ја воспевам Твојата милост, Богородице, Ти се молам да го просветиш мојот ум. Научи ме да одам право по патот на Христовите заповеди. Окрепи ме за да бидам силен во песната што го прогонува сонот на очајанието. Со Твоите молитви, Богоневесто, одврзи ме од синџирите на гневот. Чувај ме дење и ноќе, прогонувајќи ги непријателите што ме напаѓаат. Ти, Која си Го родила Дарителот на животот, оживи ме мене, умртвениот од страстите. Ти, Која си ја родила светлината што не заоѓа, просвети ја мојата ослепена душа. О, пречудна Палато на Господа, направи ме да бидам дом на божествениот Дух! Ти, Која си Го родила Лекарот, излекувај ги многугодишните страсти на мојата душа. Јас сум понесен од брановите на животната бура. Ти се молам, Мајко Божја, да ме насочиш кон патот на покајанието. Избави ме од вечниот оган и од лошиот пеколен црвец. Не дозволувај да станам радост на бесовите, зашто сум виновен за многу гревови. О, Пречиста Мајко, об¬нови ме мене пропаднатиот, поради моите безбројни гревови! Помогни ми и моли Го Господарот на сите да отстрани од мене секаква мака. Удостој ме да ја добијам Дево, послушај го гласот на Твојот недостоен слуга. Давај ми, Пречиста Дево, поток од солзи и измиј ја нечистотијата од мојата душа. Непрекидно Ти принесувам срдечни воздишки - биди милостива, Владичице! Прими ја мојата молитва и принеси ја на милосрдниот Бог. Ти, повисока од ангелите, помогни ми да се издигнам над светските работи. Светоносна небеска Сенице, осени ме со духовна благодат. Кревам раце, Пречиста, и ги отворам моите осквернавени усти, за да Те прославам. Избави ме од душегубни беди и моли Го сесрдно Христа, Кому припаѓа чест и поклонување, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. МОЛИТВА КОН ГОСПОДА ИСУСА ХРИСТА Многумилостив Боже мој, Господи Исусе Христе, Ти слезе од небото и се овоплоти за да нè спасиш сите. Ти се молам, Спасителу, спаси ме со благодатта, зашто ако ме спасуваш поради делата, тоа не е благодат и дар, туку повеќе е од долг. О, премилостив Христе, Ти си рекол: Кој верува во Мене ќе биде жив и нема да види смрт во векови. Ако верата во Тебе ги спасува очајаните, ете, јас верувам - спаси ме, зашто Ти си мој Бог и Создател. Прими ја мојата вера место дела, зашто, Боже мој, не ќе најдеш дела во мене што ќе ме оправдаат. Но, верата моја да биде достатна за сè: таа да ме заштити, таа да ме оправда, таа да ме направи учесник на Твојата вечна слава. Слово Божјо, да не ме грабне нечестивиот и да се пофали дека ме украл од Твојата рака и од Твојата ограда. Сакал јас или не сакал, Христе, Спасителу мој, спаси ме, побрзај, загинувам. Ти си Бог мој уште од утробата на мојата мајка. Удостој ме, Господи, да Те засакам сега како што некогаш го засакав самиот грев и пак да отпочнам да Ти служам сесрдно, без мрзливост, Тебе, на мојот Господ и Бог Исус Христос, во сите дни на мојот живот, секогаш и во сите векови. Амин. Од ноќ подранува мојот дух кон Тебе, Боже, зашто Твоите повелби се светлина. Научи нè, Боже, на Твојата правда и на Твоите заповеди. Просвети ги нашите духовни очи, за да не заспиеме во гревовна смрт. Изгони секаков мрак од нашите срца. Озари нè со сонцето на Твојата правда и со печатот на Твојот Свет Дух, запази ги чисти нашите души. Упати ги нашите стапки по патот на мирот. Да дочекаме ново утро и нов ден во радост и да Те прославиме со утринските молитви, зашто Твое е царството, силата и славата на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. МОЛИТВА КОН АНГЕЛОТ ЧУВАР Ангелу свет, ти ја просветуваш мојата несреќна душа, ти се молам, не отстапувај од мене поради мојата невоздржливост. Не дозволувај му на лукавиот демон да владее над мене. Закрепи ја мојата слаба рака и упатувај ја кон спасение. О, свети ангелу Божји, чувару и покровителу на мојата несреќна душа и на моето грешно тело, прости ми сè со што сум те нажалил во сите денови на мојот живот. Ако сум згрешил во изминатата ноќ, закрилувај ме во денешниов ден и запазувај ме од секакво ѓаволско искушение, та со никаков грев да не Го разгневам Бога. Моли се за мене на Господа да ме утврди во страв пред Него и да ме направи достоен слуга на Својата благост. Амин. МОЛИТВА КОН СВЕТИТЕЛОТ ШТО ГО СЛАВИШ ИЛИ ЧИЕ ИМЕ ГО НОСИШ Свети Божји угодниче (името на светителот), моли го Бога за мене; јас сесрдно брзам кон Тебе, зашто ти си помошник и молител на мојата душа. Еве, ги постирам „Утринските молитви“, што ги имав ветено а поради кои некои се возбудуваа. p.so Тој што нема Православен Молитвеник, треба да ги копира молитвиве од овој пост, да ги пренесе во word, и да ги отпечати на печатар. Наскоро ќе ги постирам и Вечерните молитви, како и други - секојдневни и, молитви, за други потреби. Поздрав. Изменето од Miki_P - 04.Февруари.2009 во 10:02 |
||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Еремија: 17:5
Господ зборува вака: „Проклет да биде човек, кој се надева на човек.
|
||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Господ зборува вака: „Проклет да биде човек, кој се надева на човек и слабото тело го смета за своја мишка, и чие срце се одвратува од Господа (Eremija 17:5). Gorniot stih ne se odnesuva na molitvata upatena kon Bogorodica i svetcite, tuku na grevot -"chovekonadevanje", koj greshi protiv prvata Bozhja zapoved. A toa shto ti go chinish, se vika: Manipulacija! |
||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Asya, не знам каде бев нејасен.
Miki_P рече дека се надева на "Богородица" т.е. блажената Марија.
Господ во Библијата вели: "Проклет да биде човек, кој се надева на човек." (Еремија: 17:5 )
Марија е човек.
Значи импликацијата е на место колку и таа да изгледа застрашувачка.
|
||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Постојано се надевам на Мајката Божја - на Нејзиното застапништво пред Нејзинот Син и наш Бог. Таа е молитвеничка за сиот род човечки. p.s. Не знам дали Мајката Божја ги застапува и оние што си ја продале верата. |
||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Светото Писмо вели проклет да биде човек што се надева на човек. Вие православните се надевате на Марија, која е човек. Ние христијаните се надеваме на Бог и за нас Светото Писмо вели:Еремија 17,17 и 18
Благословен да биде човек, кој се надева во Господа, и кому Господ му е надеж. Сличен е на дрво засадено покрај вода што ги пушта корењата кон потокот: не треба да се плаши од ништо кога ќе дојде жегата, на него зеленилото останува секогаш. Во сушна година не се грижи, не престанува да донесува плод.
|
||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Pravoslaven me podsecasn na eden clen koj ovdeka na forumov isto kako tebe treseshe zeleni i na kraj zelen ispadna .... |
||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ti kako da sedish na ush*te, ili problemot ti e vo ochite?! Pogore objasniv deka prilozheniot stih od Stariot Zavet, se odnesuva na grevot - "chovekonadevanje", koj greshi protiv prvata Bozhja zapoved. Marija ne e samo chovek, bidejki e Presveta Bogorodica! Vsushnost, Hristos stana chovek, za chovekot da se obozhi. Se razbira, obozhenie (svetost) na chovekot e vozmozhno samo vo Boga, a Bogorodica e Presveta! Taka shto, stihot na Eremija, ne se odnesuva na Bogorodica i molitvite upateni kon nea. Eve, shto veli Sv. Apostol Pavle vo Noviot Zavet: Или не знаете дека светите ќе му судат на светот? И ако вие ќе му судите на светот, не сте ли достојни да судите во сосем мали спорови? Не знаете ли дека ќе им судиме на ангелите! А колку повеќе тогаш, работите во животот (I Korint.6:2,3). I ako svetite mu sudat na svetot, kako shto veli sv. Pavle, zoshto ne bi mozhele da se nadevame na Presveta Bogorodica? "И еден од старешините одговори, велејќи ми: „Кои се и од каде дојдоа овие, кои се облечени во бели облеки?" А јас му реков : „Господине мој, ти знаеш!” И ми рече: „Тоа се оние, кои доаѓаат од голема неволја, кои ги испраа облеките свои и ги избелија во крвта на Јагнето.” Затоа се пред Божјиот престол и Му служат дење и ноќе во Неговиот храм; а Оној, Кој седи на престолот, ќе го оптегне Својот Шатор над нив. Нема веќе да огладнат ниту да ожеднат, ниту сонцето ќе ги пече, ниту некаква жега; зашто Јагнето, Кое е среде престолот, ќе ги пасе и ќе ги води на извори жива вода; и Бог ќе ја избрише секоја солза од нивните очи" (Otkr. 7: 13-17). Nesomneno, oblechenite vo beli obleki se svetcite, koi se pred Bozhjiot prestol i mu sluzhat na Boga denje i nokje vo Negoviot hram. Ako Bog ja izbrishe sekoja solza od ochite na svetcite, toa znachi deka kje gi uslisha i nivnite molitvi, koishto se odnesuvaat na drugi lugje. "Царицата juzhna ќе се јави на суд со луѓето од ова поколение и ќе го осуди; зашто дојде од крајот на земјата, за да ја чуе Соломоновата мудрост. А ете, тука е поголемa од Соломона"! Luka 11:31. "Caricata juzhna" e metafora za Crkvata Hristova. Изменето од Asya - 04.Февруари.2009 во 22:40 |
||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Хаха, кога дебатиравме на темата за култот на Марија сите вие се браневте дека не ја обожувате Марија, дека не правите од неа никаков култ, а тука се издадовте дека сепак направивте од неа култна личност. Погледнете само, веќе не ја сметате ни за човек, што не е ни за чудење кога ќе се земе предвид дека и давате божествени титули. Ах православие православие..
|
||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Неправославен, лукавствуваш. Тоа што Асја го рече е:
А ти користиш протестантски методи на соопштување на полувистини. Изменето од makarios - 04.Февруари.2009 во 23:53 |
||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
немакариос, не искажувам јас полувистина туку целата вистина, а таа е дека вие не ја сметате блажената Марија за човек, туку за којзнае што (јас велам за Бог, ама вие не признавате иако ја китите со такви богохулни титули).
Сите добро знаеме дека Марија е родена од обични родители, значи наследила комплетно човечка природа и била и останала човек. А православната ерес оди дотаму што ете вели и дека не била човек и притоа и даваат и божествени титули. Изменето од Pravoslaven - 05.Февруари.2009 во 00:15 |
||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ме интересира, што мислите, дали Марија наследила грешна природа од своите грешни родители?
Ако пак наследила, тогаш како можете да и ја давате божествената титула "пресвета"? Зарем не е само Бог пресвет? Зарем е можно грешен човек да биде пресвет?
|
||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||
Внеси реплика | страница <1 1213141516 22> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |