|
Исусова молитва - исцелител |
Внеси реплика | страница <1 2122232425 29> |
Автор | |||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
100% tochno, pogodeno pravo vo centar! |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Опитен, тоа е 100% точно, според учењето на Црквата Христова. |
|||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Starec Josif Vatopetski arno veli, ama koj da slusha! "Da se kazhuva molitvata na ednostaven i smiren nachin", ne znachi da se ima "shkola za isihazam", nitu Evangelieto da se tolkuva "asketsko - isihastichki". Tokmu taka: Postojanata Isusova molitva ne go nosi chovekot vo gordost, no gordiot chovek gi precenuva svoite sposobnosti. A kako nekoj bi mozhel da ima postojana bezmolvna molitva, koga ne prestanuva da zbori za molitvata? Hristijaninot treba postojano da se moli, i ne mora bezmolvno (ako ne mozhe), a naizust da ja povtoruva Isusovata molitva. No, toa ne znachi deka spasenieto e nevozmozhno bez da se postigne "darot na umnosrdechnata molitva", nitu deka e potrebna "shkola za isihazam". Naprotiv. Bozhji darovi ne se postignuvaat, a Bog na dar gi dava, Komu e Nemu ugodno. Toa, pak, ne znachi deka hristijaninot ne treba da se trudi, a sekoj neka se podvizhuva vo svojot povik i spored svoite sposobnosti. |
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Asya, таман „вие“ те пофалив, „ти“ одма почна со твоите умувања.
Ама ако, направи добар почеток. Се надевам не престануваш да се молиш за мене. Јас тебе те љубам. Изменето од makarios - 31.Јануари.2009 во 00:42 |
|||
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
|||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
"Da se misli deka chovekot ne e vo prelest", se odnesuva na sopstvenoto mislenje, a ne na realnosta. No, zatoa shto realnosta potvrduva deka nekoj e vo prelest, ne znachi deka mora da se ima svoe mislenje za sopstvenata duhovna sostojba. Pa, nema shto da se misli, bidejki spored uchenjeto na Crkvata, "prv greshnik" sum sekogash jas, duri i pred samata Prichest: Veruju Gospodi i ispovedayu, yako ti esi voistinu Hristos, Sin Boga zhivago, prishedshi v mir greshniya spasti, OD NIHZHE PERVI ESM AZ (od niv prv sum jas). Shto znachat ovie zborovi za vas? Ili, naprazno se izgovaraat? Изменето од Asya - 31.Јануари.2009 во 01:03 |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ova e uchenje na site veruvanja i zhivotni filozofii, kako i moto na site religiozni lugje. Vo sushtina, ovaa misla e tolku fundamentalna za chovekovata svest i duhovnost, i ima tolku dlaboki reperkusii vrz celiot chovekov zhivot, sto samo za nea mozhe da se napishi edna biblioteka knigi. Nejzinoto osoznavanje, a ne samo intelektulnoto razbiranje, e pochetok na prosvetluvanjeto. Изменето од Messenger - 31.Јануари.2009 во 03:30 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
"Светите отци" направиле грешка во ова тврдење. Сега ќе објаснам и зошто.
Ако "светите отци" го кажале тоа и не се убедени дека тоа е вистина, тогаш немаме причина и ние да веруваме во тоа.
Ако пак ако се убедени дека тоа што го кажале е вистина, тогаш тие веруваат дека не се во прелест.
А пак ако веруваат така, тогаш според сопствената изјава произлегува дека тие се во прелест - затоа што таа изјава, колку што важи за нас, толку важи и за нив.
Ако пак се во прелест, тогаш зошто да им веруваме?
Значи, врти сучи, изјавата е контрадикторна самата на себе, а со тоа и погрешна.
Ако "светите отци" погрешиле во оваа изјава, тоа значи дека нивните дела не се непогрешливи.
Ако пак не се непогрешливи, тогаш како можеме да ги сметаме за "боговдахновени"?
Заклучок: Само Божјиот Збор е Божји и едниствено Тој треба да ни биде духовен авторитет. Човечкиот збор не е умин на грешки и како таков треба секогаш да го примаме со доза на резервираност и истиот да го читаме низ призмата на Библијата.
|
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Погрешна констатација "Православен".
Вистинските православни Христијани секогаш мислат дека се во прелест и постојано се спротивставуваат на тоа и се трудат да се исчистат од таа прелест. Варијација на тема - страв лозје чува... |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Rekov deka toa treba da se osoznae, a ne da se intelektualizira, ama...
|
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ако тие што ги нарекуваш "вистински православни" секогаш мислат дека се во прелест, тогаш тие не се убедени дека се во Вистината и не се убедени во сопствените дела што ни ги пишале мислејќи дека се во прелест.
Ако пак тие не се убедени во нивните дела дека се "боговдахновена вистина", тогаш зошто да сме убедени ние? Зарем би следеле човек кој самиот не е убеден дека оди во вистинската насока?
Православците мислат дка се во прелест затоа што не се осветени во Вистината. Исус јасно кажа во својата молитва кон Небесниот Татко како Неговите следбеници ќе бидат осветени во Вистината: "Освети ги во Својата вистина, Твоето Слово е вистината." (Јован 17,17).
Но проблемот кај ткн. "православни" е во тоа што тие не се осветуваат преку Божјото Слово, туку преку писанијата на Григориј Палама, Јован Дамаскин, преку писанијата на свети овој, свети оној. Многу лесно ќе препознаете православец меѓу христијани на еден форум. Додека христијаните, во своите коментари, се повикуваат на Светото Писмо, православците се повикуваат на светите отци, на аввите, на преподобните свои великодостојници, на разни светци, монаси, на секакакви самонаречени титули, на се и сешто, а речиси никогаш на Бог и Божјиот Збор.
Епа оттаму и сомнежите, оттаму и вербата дека се во прелест.
Но дали апостолите мислеле дека се во прелест? Да видиме што вели апостолот Јован:
Второ послание на апостолот Јован 1 глава:
Од старешината, до избраната госпоѓа и нејзините деца, кои ги љубам во вистина, и не само јас, туку и сите, кои ја познаа вистината, заради вистината, што останува во нас и што ќе биде со нас довека.
|
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Potrebno e da se pravi razlika pomegju mislenje i realnost, a realna sostojba na pravoslavniot hristijanin e sekogash taa: Prv greshnik sum jas. No, nekoj odbiva da ja sogleda realnosta i se polaga na sopstvenite ugodni misli i preceneti duhovni sposobnosti. Da se bide duhovno buden, znachi da se bide svesen za svojata greshnost, duhovna beda i nemokj. Prvoto blazhenstvo glasi: "Blazheni se bednite po duh, zashto nivno e carstvoto nebesno". Odnosno, tie shto se svesni za svojata duhovna beda, go prosat Carstvoto Nebesno od Boga, zatoa e nivno. A onie shto mislat deka se duhovno bogati, postignle ili poseduvaat darovi so svojata sila i trud, se naogjaat vo sostojba na duhovna samoizmama - prelest. Da se bide beden (nischi, staroslovenski), znachi da se bide prosjak. Zatoa, sekogash koga chovekot misli deka duhovno se zbogatil, nastapuva gordosta i pagja vo duhovna prelest. Pravoslavniot hristijanin nikogash ne treba sam da ja ocenuva svojata duhovna sostojba, tuku cvrsto da se drzhi za realnosta, t.e. za da se sochuva od prelesta, treba da se chuva od svoite misli. Arno velat Sv. Otci, ama koj da gi chue i razbere?!
Изменето од Asya - 01.Февруари.2009 во 07:14 |
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Бидејќи повеќе се однесува на молитвата, разговорот од биди член ќе ја префрлам тука.
Светите Отци велат дека секоја мала помисла може да биде опасна. Таа навидум е безначајна, и мислиме дека секој ја има таа помисла (оттука и помала опасност за длабок пад). Но, за луѓето што се молат и една таква помисла ја сметаат за опасност, затоа што една помисла може да им го наруши мирот. Веднаш се прекинува молитвата, односно во молитвата се внесуваат помисли. Ако не сме го имале вистинскиот мир Божји, ние веднаш стануваме раздразнети, се нешто ни смета, другите ни се криви. А вистинските Божји угодници, тие помисли веднаш ги отфрлаат, или пак стапуваат во борба со нив за да ги победат и преобразат. Кога човекот пребива во молитва, неговата душа се враќа во својата природна состојба. Се друго, теоретизирање, кој бил во право, дали некој епископ не чинел, дали парохијата била таква, или тој и тој брат направил глупост... сето тоа се работи кои немаат врска со вистинскиот духовен живот. Мерило за тоа ни е колку ние сакаме да слушнеме дека нашиот збор е највистинскиот. Некој ако ни противречи, ние веднаш се смутуваме, и сакаме да му одговориме. Додека духовниот човек тоа не го интересира. Тој копнее да се моли, и да го сочува својот ум во постојана молитва. Старец Порфириј вели дека човекот радоста ја бара единствено на небесата. Човекот ја бара вечноста, а тоа е вечната радост во Бога. Затоа треба умот постојано да се насочува кон Него. Старецот уште вели дека за да пребиваме во молитвена состојба и да не ја изгубиме, треба да имаме Божествен ерос, односно Божествена, огнена љубов за Христос. Таа огромна енергија, таа пламена љубов - како што вели старец Тадеј - го топи човекот како што свеќата го топи восокот. Таа љубов човекот ја насочува и кон сите луѓе и кон секое Божјо создание. Гледаме како некои расипници станале кротки, смирени, добри... а тоа е дека нивната душа станала кротка, смирена и добра. Во таквата душа пребива благодат Божја. Ова може да го има само во рамките на Црквата, и никако надвор од неа. Затоа што Светиот Дух пребива внатре во Црквата, и Светите Тајни ги имаме внатре во Црквата. Изменето од makarios - 01.Февруари.2009 во 12:39 |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ne se zanimavajte so rekla-kazala i ostanete on-topic.
|
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Внеси реплика | страница <1 2122232425 29> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |