IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5758596061 138>
Автор
Порака
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2009 во 02:46
сепак постои некој чуден глас
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2009 во 00:32
Ноќ.Тивко е.
Само ситните капки дожд
ја реметат тишината.
Паѓаат без престан
а скоро неприметливи се.
Само тивкото тропање
по ламарините ги оддава.
Се лепат врз мене,
како водена прашина.
Не ги чувствувам
кога слетуваат врз мене.
Само нивната влажност
ми кажува дека се тука.
Нека се.Не ми сметаат.
И така нема никој друг.
Нема кој да е тука
да ја развесели душава.
Налепена со тага,сомнежи...
Како јас со водената прашина.
Тивко е.Нoќ е.
А тивко е и во душава.
Ќути секое делче од неа.
Гледам пред себе,
а не гледам.
Слушам наоколу,
ништо не слушам.
Тивко е.Празно е.
Tabula Rasa...


Изменето од butterflyM55 - 02.Февруари.2009 во 00:47
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2009 во 02:00
Додека на сонот
се жалев
дека лага е се
се насмевна милозливо
зрак светлина покажа
на делот од будноста
која следува
не разбрав
насмевка разиграна
на мене израдувана
долго очекувана
под езера близначки
со глава во крило
со поглед кон небо.
Небото отстапи
твојот лик се појави
со поглед мој се суочи
во будниот дел од денот
се насмевнав
сега разбрав.
Кон врв
aphrodite Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aphrodite Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2009 во 23:37
А

                                                 Р


               Б       

                                                                О

Т                                                                             
                                                                              К


Оброк?        НЕ
Табор?          НЕ
Оратор?        НЕ
Кораб?          НЕ
Робот?           НЕ
Торба?           Џек Пот baby!
Борба???       X


     Умирачка пред сон, замираме без сон, умираме за сон, сонуваме сон, сонуваме за умирањето. Синоокиот истрпнува прегладнето од својата јунаштина на бесрамни подвизи во пролетната августовска мандарина стилизирана од the diabolic one inside the blue-eyed.
     Го зеде ножот и сакаше, САКАШЕ се пресече на левата и десна рака на местото каде се наоѓаше зглобот, ги пресече вените. Се тресеш од болка никаквецу, а току ја сакаш, САКАШ, во водата дамнешно се изми ракијата на твоето тело зашто ја исцеди доброволно таа материја “сочна” , уживаш да глумиш! Фрли ја во вода, ја фрли и повторно ја сети, за да ја вкусиш. Знаев. Си вкусив, си отшив копче од кошулката, го полив со неа, кошулката не е повеќе она што беше.
/What I can ne'er express, yet can not all conceal./
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2009 во 03:45
Каде и да сум,
со кого и да сум,
секогаш сум само твоја.
Ти ја давам крвта своја,
ти ја давам душава моја,
само биди и остани мој.
Те имам,а те немам...
Твојата насмевка само тага дарува.
Тонам во своите сонови,
а за туѓите и не ми е гајле,
никого не сакам во сонов мој,
само тебе те повикувам.
Дури и кога би ги знел
сите сонови мои,
се би било залудно
ако љубовта ја даруваш на друга...
Би умрела за тебе...
Би го зела сиот твој грев на себе,
и би останала само твоја,засекогаш.
Не руши ги мостовите
кои не спојуваат сега.
Расчисти го патот до мене,
дигни ги рампите,
расчисти ги препреките.
Дозволи ми да напијам
од изворот твој.
И кога би знеладека од него отров тече,
пак би дошла до твојот извор
и би пиела од душата твоја.
Попрво би била тажна со тебе,
отколку среќна со некој,
чие срце е многу далеку од моето.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2009 во 04:39
Лелееее!!!!!!!!!
Итаница,брзаница...
Хаос невиден...
Ти мене,јас тебе.
Брзаме како да сме на рели.
Ти ме прашуваш мене,
јас тебе во исто време.
Јас одговарам на прашање твое.
Ти одговараш на прашање мое.
Ти брзаш,јас останувам...
Недокажана,недоречена...
Ти заминуваш,јас останувам...
Кој ќе разбере?
Вртам разговор низ глава...
Ништо не разбирам,нејасно е
а сепак се разбравме.
Нејасно е а сепак сме среќни.
Колку малку ни трба само.
Трошка вистина...
Трошка љубов...
Трошка среќа...
И мали-големи зборови...
Се е јасно-се е нејасно
Се е како допир преку стакло...
Разговор преку ѕид...
Љубов преку мориња...
А сепак е јасно...Чисто

Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2009 во 22:42
Дали денес е тој ден
оној
помрачениот
сонцето го нема
месечината навидум ја има
на апокалиптични сведоци
се подсмевавме
со качулки
и грбави носеви
низ мракот се движат
мумлајќи тивко
дека така ни треба
семето да ни се сотре
не ми се ни моча
а за друго и да не збориме.
Што ли ме тераше
кој ли ѓавол беше тој
што ме тераше
вести да гледам.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2009 во 16:48
Од утроба горчина извира
Се пени,се качува нагоре,
никако да излезе.
Отварам уста да те повикам.
место збор горчила лебдат.
Цветовите што цветаа,свенаа веке
и ним не им е пролет без тебе.
Сама конверзации вртам.
Се мрднав ли со умот веке?
Или тоа само
некој филм се врти таму
некаде длабоко во веригите?
Срцето не го слушам,
го нема,како да умира
а поживо никогаш не било.
“Не се предавај“
мислата е тука,се повторува.
Од што?Од што да не се предадам?
Од тоа што никогаш не било мое?
Од тоа што не е мое?
Од тоа што можеби никогаш нема да е мое?
Или само сум магнет за тага
Колекционер на илузии
Трагач во празно,во невидливо...
Таму некаде е знам...
Сеуште не е време.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2009 во 23:23
Во дождовни капки
лик ми се причинува
налик на оној
кој мисли ми сочинува
со боја онаа
на коса разлетана
со поглед таинствен
дека во мене гледа
замислувам.
Ма што ми е гајле
и вистина што не е
живот е еден
онаков
каков го замислувам
таинствен
од него да се срамам
не сакам.
На што да се смеам инаку
зар да се надевам
има на што ?
Зар важно е многу
што очи полни со желби имам
а навистина
ниедна немам.


Изменето од zbunet - 04.Февруари.2009 во 23:26
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 07:48
Затварам очи
сонот го барам.
Го нема!
И него ми го украде
исто како и срцево.
Затварам очи
чекам да потонам.
Но никако!
И мирот ми го украде
исто како и душава.
Затварам очи
и пак ти си во нив.
Ќе си одиш ли веќе?
И мисливе ми ги украде
исто како и телово.
Се е твое,недопрено
Се ти припаѓа,невидено
Се ми зеде безмилосно.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 10:18

Пајажина


Не заминувај
сеуште има надеж
нов облак,сонце
нова љубов доаѓа
смртта е само бекство
не се предавај
не бегај,бори се
животот е кучка
завива,не се плаши
ќе молкне еднаш
и таа е сама
те довикува
те мами со цвилење
црно,бело,
бело,црно
се е бело ,црно
црнило ќе се претвори во белило
белило во црнило,
црн е гавранот,
лета не се предава
не предавај се
биди гавран црн
во ноќите пајак девојка
пајажина исплети
во пајажина зароби
во пајажина нови жртви
отров сладок ќе го бараат.
Даница Петровска „08„

Љубов и само љубов
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 12:34
Јас трчам
ти трчаш
еден кон друг
а меѓу нас гомненици
ти се лизуваш
јас паѓам
чиви ли се
се прашуваш
поважно е
иако сум валкан
иако сум втор
меѓу гомнениците и мене.
Копачки ќе навлечам
подалеку ќе стигнам
ќе отрчам
баш ми е гајле
еден да стигне
мора прв.
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 12:46
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 13:17

                                  Château du Désespoir -Histoire

Go vide moeto carstvo, opsednato so nesreka i Désespoir…..Te gledam…….gledam kako biseri ti se trkalaat niz vrelite obrazi……..biseri , chisti, so vkus na razbiranje…..

Gi stekam moite usni i onaka veke iskriveni od bolka i se vozdrzuvam od site gestovi……go vrtam pogledot kon kaminot , kade oganot nezno go miluva zarot so silna toplina…..toplina veke odamna zaboravena…..

Ti!!!.......patniku nepoznat, so angelsko lice, so zvezdeni ochi, koj znaese da go pronajde patot, ……eve me pred tebe, so moeto srce uste polno so gorchina…..

I dusa polna so kaenje…..za edno vreme, za eden zivot…..

Eve me pred tebe…..se soblekuvam ,za da mozes da gi vidis moite luznite napraveni od edno vreme……..od eden zivot……od edna LJUBOV…..

LJUBOV……tolku chista,……tolku silna…….



Изменето од marija1000 - 05.Февруари.2009 во 13:18
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5758596061 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.