|
Само Љубовта е вистина, се друго е... |
Внеси реплика | страница <1 1011121314> |
Автор | ||||||
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Осмиот член од Символот на верата:
„И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој исходи од Отецот; Кому Му се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот, и Кој говорел преку пророците;“ Духот Свет, е едно од Трите Лица од Светата Троица, со еднаква чест и слава со Отецот и Синот, со Кои сопостои од вечност. Затоа Го нарекуваме „Господ“, зашто кога ќе речеме Света Троица, тогаш мислиме за Три различни Лица: Отец, Син и Свет Дух, Кои се еднакви по суштина. Од друга страна, тоа единство на кое мислиме кога велиме Еден Бог се огледа во Личноста на Бога Отецот, чија Личност е извор на единството во Светата Троица, па според тоа, ние веруваме во Еден Бог, а не во три. Поинаку речено: Бог е една Заедница, единство на Три Лица, па Го нарекуваме Еден, зашто Божјата Заедница не можеме да ја споредиме со никаква друга заедница. Ние за Бога знаеме толку, колку што Он им се открил на луѓето, а Бог не им ја откривал својата суштина на луѓето, затоа што не им е (неопходно) потребно за спасение. За нас, доволно е да знаеме дека Светиот Дух произлегува од Отецот, како што и Синот се раѓа од Отецот, вечно и неизменливо. Овде не станува збор за произлегување или раѓање во човечка смисла на зборот, како што човекот се раѓа или произлегува од својот родител (татко), во еден временски момент, а дотогаш не постоел. Кога е во прашање Божјата суштина, тогаш секој збор или поим добива поинаква смисла, зашто човечкиот ум, а со тоа и јазик, не е во состројба да ја сфати или да ја искаже или опише Божјата суштина. Тоа што ние го знаеме е дека Бог Отецот е изворот на единството во Светата Троица. Во толкувањето на ова прашање има разлика помеѓу Православната и Римо-католичката Црква. Римо-католиците и протестантите во 8. член од Символот на верата вметнале: и од Синот..., што би значело дека Светиот Дух произлегува и од Отецот и од Синот. Овој богословски проблем се нарекува - filioque. Не влегувајќи, засега, подлабоко во овој проблем, можеме да кажеме дека Православната Црква цврсто се држи до Христовите зборови, кога на Своите ученици им дава ветување дека ќе им го „испрати Духот на Вистината, Кој излегува од Отецот...“ (Јн. 25, 26.) Светиот Дух се нарекува и Животворен, затоа што Он му дава дух на живот на целото создание. Тоа го забележуваме кај Христовото зачнување, како што Архангелот Гавриил Ѝ објавува на Пресвета Богородица: „Светиот Дух ќе слезе над тебе и силата на Севишниот ќе те осени...“ и на крштението Христово, кога Он (Светиот Дух) во облик на гулаб, слегува над Христа и (преку Неговото присуство и гласот на Отецот) бидува објавен на светот дека Христос е Помазаник, Месија и Спасител. Светиот Дух говорел преку пророците, вдахновувајќи ги да објавуваат и да ја исполнуваат Божјата волја. Црквата е основана со слегувањето на Светиот Дух на Апостолите. Затоа Црквата Христова, празникот Духови – Педесетница (денот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите во вид на огнени јазици) го нарекува „Роденден на Црквата Христова“. Од овој момент, сè она што Христос го говорел и го правел се оживотворило, т.е., започнало да живее во Црквата. Секој што ќе се крсти, постанува член на Црквата, т.е., ги прима благодатните и животворни дарови на Светиот Дух - добива нов живот во Црквата Христова. Всушност, во крштението, умира стариот човек, а се раѓа нов, во Светиот Дух. Светиот Дух Го подига Христа од мртвите, објавувајќи му повторно на светот дека Светата Троица сè прави заедно. И ние веруваме дека Светиот Дух ќе нè подигне (воскресне) од мртвите во денот на Судот, како што се вели во Светото Писмо: „Но ако Духот на Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исуса, живее во вас, тогаш Оној, Кој Го воскресна Христа од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас“ (До Римјаните, 8, 11.). Изменето од Miki_P - 30.Јануари.2009 во 19:30 |
||||||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Miki_P, dobro i nashiroko ja objasni dogmata za Svetiot Duh, ama ne dade odgovori na prashanjata sto gi potavi Marko sk
. |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Се надевам дека следниве зборови ќе ти помогнат за во пронаоѓањето на точниот одговор. Ветерот дува каде што сака, и го слушаш неговиот шум, а не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој, кој е роден од Дух.” |
||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||||
melhisedek
Сениор Регистриран: 12.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 225 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
mnogu ubav odgovor brate spirose pozzz |
||||||
----------osana--------
|
||||||
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Asya, a normalno i site drugi koi se smataat za kompetentni) bi sakal da gi iskomentirate dolenavedenive prashanja:
Miki so osmiot chlena od Simvorot na Verata dava odgovor :
No sepak moite prashanja ne se odgovoreni ? Mozhe li prvin na ovie da se dadem komentar, stav, mislenje, pa posle na sl. dve - tri novi prashanja: Zashto se veli deka samo hulata na Sv Duh nema da se prosti. Zoshto samo ovaa hula ima takov tretman, a ne i hulite kon Otecot i Sinot ? Mozheme li , analogno na ovoj stav za hulite da konstatirame deka Sv Duh e posenzitiven i funkcionalno poznachaen ? Dali zabelezhuvate - vo vash*te diskusii, deka go potencirate Sv Duh so negovoto deluvanje - dodeka sme zhivi na ovoj svet, Toj ima konkretna funkcija i deluvanje. Toj ne vodi i ni ja pokazhuva vistinata, patot i t.n. a Otecot i Sinot se na nebesa. E sega , bez da bidam pogreshno razbran, a mozhebi i od nedostatok na crkoven vokabular (deluva malku “nesmasno” i nesoodvetno kako prashanje), no mozhe li da se pojasni - koja e funkcijata na Hristos i na Otecot dopdeka sme nie ovde na zemjava ? Pogore spomenav, Otecot e Tvorecot na se’ i Sudijata, Hristos gi otkupi sita nashi grevovi, so smrta ja pobedi smtra i ni go najavi Crastvoto Bozhje i ni go dade uchenjeto za nasheto spasenie, no koi se nivnite segashni deluvanja ? ( pak nesmasno definiranje na poimite, no ok, prostate za ova) Se nadevam deka pravilno me razbravte, i ne bi sakal da mi se odgovara vo stilot: Stani crkoven pa kje razberesh. Toa e isto ako jas- kako economist, koga bi se pobaralo objasnuvanje za bankarskiot sistem, da recham: Pochni da shtedish pari vo banka pa kje razberesh shto e bankarski sitem, monetarisam , uloga na centralna banka i t.n. Znam deka sporedbata ne e soodvetna, nemozhe bank. sistemi da se sporeduvaat so vera, no sepak mislam deka primerov e dovolno indikativen za da bidam pravilno razbran. PS. Ako mozhe po red na postavenite prashanja ( pochnuvajkji od mojot kvotiran post za Sv Duh, vnimatelno sledejkji go simvolot na verata - boldirav edna rechenica kako primer, pa potoa na novive prashanja) da se odgovori ? Изменето од Marko sk - 30.Јануари.2009 во 12:48 |
||||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Здраво Марко.
Ке ти биде одговорено на твоите прашања секако. Ке се обидам понатаму сега само за твојата забуна околу хуката на Светиот Дух. Светиот Дух е духот на Вистината и оние кои упорно се противат на вистината а ја знаат тие хулат на Светиот Дух и на нив нема да и се просте гревот. Бог е семилостив но ништо неправи наслино , се со наше содејство или дозвола. Непокајанието е најголемаа хула на светиот дух и само тој грев нема да ни се прости односно секој непокаен и неисповедан грев а секој друг па макар и ерес, одкако ке се освестиме и се покаеме ке ни биде простено, но ако упорно стоиме во гревот тогаш... Не се вели за Синот затоа што вистина имало забуна мегу народот кој е Христос, нели сите неможеле да го препзнаат и НЕСВЕСНО грешиле како Савле, односно Павле. А Отецот пак никој никогаш не го Видеј, нНего го Објави Неговиот Единороден Син и затоа и тој грев е од непознавање |
||||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||||||
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Stanuva pojasno, ok Opiten, thx a lot....pozdrav! _________ PS. da ne ja zaterame diskusijava vo drug pravec, no zabelezhuvam velish : Najgolema hula e nepokajanieto...pa neli najgolema hula e samoubistvoto i na nivnite pogrebi pravoslavnite sveshtenici ne drzhat ni opelo, nitu se molat za nivno sapasuvanje...? Изменето од Marko sk - 30.Јануари.2009 во 17:52 |
||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ако дозволиш, би ги одговорил твоите прашања според учењето на прахристијанската заедница Универзален живот.Овие информации немаат ништо заедничко со православното или протестантското теолошко учење.
Според моето убедување тоа се информации кои се примени директно од Христос преку пророчицата за денешно време преку кој Тој се објавува повторно. Дел од ова длабоко знаење го имале и манихејците, Ориген, богомилите, катарите и други движења кои се влеваат во прахристијанската струја низ историјата, но за жал нив институционалните цркви ги прогонувале како еретички и кривоверни. Христос повторно му го открива на човештвото, но за прв пат во сите детали.
a) да, бидејќи тој е самиот Животот. б) ?(се извинувам, но не го разбирам прашањето) Божјиот Дух, е врвната реалност, затоа и се вели дека тој е духот на вистината.
Божјото создавање е духовно-етерично, тој не го создал Адама. Адам и Ева се првите потполно материјални луѓе кои почнале да се размножуваат преку сексуални односи. Тие се првите луѓе кои се идентични во форма со денешните. Но пред нив исто така имало луѓе - делумно материјални битија, но нивната метаморфоза во луѓе во тоа време сеуште не била завршена - огрубувањето и обвиткувањето на нивните духовни тела со материја бил процес којшто траел со милиони години. После Адам и Ева и други парови станувале потполно материјални и тие понатака се размножувале преку сексуални односи, независно од Адам и Ева. Настанокот на човекот и материјалниот универзум е последица на падот, не на директно Божјо создавање.
Светиот Дух е сеприсутен. Тој се наоѓа во душите на луѓети, животните, растенијата, минералните царства, ѕвездите и тн... Без него ништо не би можело да постои. Сите создадени форми се проструени од светиот Дух. Чистите духовно-небесни форми се израз на светиот Дух, а материјалните форми тој само ги одржува.
Значи Бог е владетел со царството Небесно, а Христос негов помошник, воедно моменталната мисија Христова е враќање на сите души во вистинската Татковина - духовниот универзум.
Христос го распределил своето огромно духовно наследство, кое се всадило во форма на искри во сите луѓе и души. Таа е еден вид, духовен осигурач. Христовата искра овозможува, колку и да некој згреши против Божјите закони (а преку тоа се оддалечи од Светиот Дух кој е извор на Животот) сепак еден ден му биде возможно преку процес на чистење на душата, да се врати дома кај Бога. Тоа значи дека ниту еден човек и ниту една душа нема да бидат вечно проколнати, изгубени и уништени. Но секој ќе мора да си ја срка манџата што самиот си ја зготвил преку сопствените гревови доколку правовремено гревовите не ги спознае и исчисти преку каење, молење за прошка, простување, поправање и не правење повеќе. Изменето од Majkl - 30.Јануари.2009 во 19:03 |
||||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
да де, кој самоубиец се самоубил покајан. Тоа е разликата помегу Петар и Јуда.
и двајцата згрешиле ама едниот се покајал и му било простено а другиот останал непокајан во својот грев. во Филмот на Мел Гипсон е многу убаво преставен ликот на Јуда |
||||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||||||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
И Јуда се покајал самошто тоа било световно покајание.Признал пред самиот себе дека згрешил и самиот се казнил.Се ставил во својство на судија.
|
||||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
||||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
покајанието не само осознавање на својот грев, туку смирено признавање и барање на прошка за да се исправи и си го промени животот. Метаноиа- преумување.
Јауда си го осознал својот грев и свесно останал во него несакајки да го исповеда, и нели е баш тоа Хулата на Светиот Дух. |
||||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Da ne beshe Juda nemashe da se ostvari Isusovata misija onaka kako sto se sluchi.
Juda e najmalu razbranata karika vo lanecot na zbidnuvanjata. |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Јуда се покајал, сватил дека згрешил, дека направил грев.Инаку зашто би се самоказнил.
Затоа викам дека тоа не е Библиско покајание. |
||||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
||||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
немораше, Меси. Господ е семоќен да го оствари својот спасотелен план и не му се потребни жртви |
||||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||||||
Внеси реплика | страница <1 1011121314> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |