|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 116117118119120 146> |
Автор | |
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МИРИСОТ НА СОЛЗИТЕ
Кога ветрот го бои воздухот Со жолтиот мирис на узреаните дињи Од тезгите во пазарот Jaс упорно го премолчувам вкусот На резбите од твоите длета Во кората на летните ноќи , И раскажувам сказни од небило До не се случило... Колку да му ја затворам устата на срцето Што сака нешто да каже. Сепак, ниедна миризба не е толку впечатлива Како миризбата на твоите солзи... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пропаст
Ти молчи кога јас молчам. Ниеден оган не ми ја дава пепелта, да ја спрострам зад стапките испружени кон залезот. Ти плачи кога јас плачам. Пеперутките ги соголеа цветовите на кои спие бојата на нашата последна ноќ. Ти страдај кога јас страдам. Струните на ветрот ќе ги изгорат последните ноти од петолинието на дождот. Ти замини кога јас копнеам. Раката што ме води кон пропаст реши да ме погали пред да ме докрајчи. |
|
Trikson
Нов член Регистриран: 23.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 13 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Streets of forever
Long... is the nite, alone I walk ...these streets of forever, desires in the eyes, I can not see... but not the desire I wish, from You for Me reason tell warns ! to set my heart free as the rush of the hungers of ages, flows... ...I wonder...as I walk , do you think of me ? Bad choices, pride on the fall searching for compassion, where none is found only with you do I find understanding. The karmic bond eternal seeking a solution to my cravings... ...only you truly have the answer, for you alone hold the key to feed, from scarlet delight...at your side. Arms to enfold me... ...oh, hold me so tight... and, wispers I long for, saying..."all will be alright"... But things can't be that way I understand all to well starry skies tell me true...what my heart truly seeks... ...I found in you. The time is never right, it seems so many things complicate in my imprisoned captive heart can only wait we pass each other on... knowing what the heart says, is true we drift trought our lives both working hard to survive a purpose clear and true wishes made from You and Me Time can only tell what this life shall bring for You and for Me cause I'm the Emperor...the KING... of magic, sweet charm and darkest passions...and you...you reign, as QUEEN. |
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Магливото есенско утро
покрива нечиј лик, во далечината само силуета се гледа, ја фиксирам со поглед не ја испуштам од вид и се прашувам кој е? О, па тоа си ти! И тргнувам по тебе а гледам далеку си, не можам да ги стигнам твоите чекори чувствувам времето ме гази... А ти чекориш лесно без да запреш, стапалата ти тонат во морето од листови жолти, го слушаш шушкањето на последните лисја шушкањето на лисјата тебе те води... И се смееш и газиш напред, во вирчиња по земјата студена, каллива, ма кога чекориш ти а јас те гледам и есента не ми изгледа толку мизерна...!!! Изменето од Lithium - 23.Јануари.2009 во 15:21 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Se zapoznaja slucajno na pivo fest
od Prilepa grada organizirano , ubav gest taa ja digna kriglata i slatko piese , a toj suvi goltki golta i srceto mu biese taa sakase usnite so race da gi izbrise od pivo a toj se ponudi so negovi usni da brise na zivo i taka usnite se spoija ludo i do den denesen ne se odelija za cudo !!! |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
*****
(со нарко интро) За хероин си премала. За лепило – преголема. Земи од љубовта што плива во гумена ќесичка, колку да се рече дека од нешто си зависна. Имаш кожа допрена од луѓе кои не сакам да ги замислам. И парчиња далечини донесени од места каде мојата блискост скрстува раце за да умре спокојно. Ја изгубив вселената на коцка и станав поет со мисла што ми ги разголува зборовите на обичен, но длабок молк. Еднаш посакавме да сме вечни.... ...Тогаш не знаевме што е време. |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дупки
Луѓето постојано си ветуваат верност во дупки. И постојано во нив ги прекршуваат ветувањата. Тогаш е најмалку важно кој кому пишувал стихови. Луѓето нон-стоп се разделуваат едни од други поради дупки. И поради нив нон-стоп се среќаваат. Без длабочина во духот, и без волумен во сеќавањата. Луѓето излегуваат од дупки, копнеат по дупки, си раздаваат дупки и гнијат во дупки. (Во целиот животен циклус на дупкарење, најлесно поминуваат оние со дупка во мозокот). |
|
kraljj
Нов член Регистриран: 26.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од kraljj - 26.Јануари.2009 во 15:30 |
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Трагачот по изгубениот простор и време Како скитник оди, без патоказ, без цел тој е трагачот по изгубениот простор и време Само сенката го следи неговиот сопатник вечен тој е трагачот по изгубениот простор и време Чекори сам не гледа ништо пред себе тој е само трагачот по изгубениот простор и време И нема што да даде нема што да земе еден беден трагач по изгубениот простор и време Ќе се одмори, па ќе се замисли ``Време е да се крене`` тој е само еден трагач по изгубениот простор и време И тој самиот не знае дали ќе ги најде или не тој е сеуште упорниот трагач по изгубениот простор и време! Изменето од Lithium - 10.Јуни.2009 во 00:05 |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МОЛИТВА
На син ми Мики Ти си мојата молитва: утринска, вечерна, пладневна... Во секое време (па и во сонот) на радост што мириса, што ги блажи горчините на црните снегови, таму, по осоите на душата, со музика блажена кај што ги топи и низ жилите набуени реки растекува - реки осветени, со мирото на копнежот миросани, реки од светлини расклокотени - реки од сни неодсонувани... Ти си мојата молитва… |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Скржава
Не давам повеќе ништо ни на питачи, ни на коледари, ни на врапци разџивкани. Не оставам повеќе ништо на ачик: ни алишта сушам на жицата зад куќа, ни калливи чизми оставам пред влезот. Не ти давам ништо пред туѓи очи, зинати муцки и грабливи шепи - ќе го раскубат и излигават пред да стигнеш ти. Ти биди дарежлив без остаток, биди сонце, свети им на сите насмеани и опулени во тебе. Јас морам да го чувам ова малкуто за нас. Изменето од filmadzijka - 30.Јануари.2009 во 14:03 |
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знае што е среќа
никогаш не ја почувствувал Не знае што е казна никогаш не ја заслужил Нема појма што е страв никогаш не се исплашил Нема појма што е врева кога тишината му е придружник |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ГЛАС
Колку ли траеше, све ли си кажавме... Уште ѕвони не знам што ми рече... Не,нели не ме караше? Исто ти значеше ќе почекам... Само глас беше на твоето скорешно пристигање |
|
Внеси реплика | страница <1 116117118119120 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |