|
Биди член на ЦРКВАТА ХРИСТОВА |
Внеси реплика | страница <1 23456 22> |
Автор | |
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Учењето на Јеховините сведоци: Мешавина од сите ереси осудени од седумте Вселенски собори - нема ништо христијанско што не го одрекле или извитопериле: 1. Сметаат дека во Светото Писмо нема ни трага од учењето за Светата Троица, дека тоа е многубоштво, бидејќи 1+1+1=3, а не 1; 2. Бог не е секаде присутен, има свое место - престол и може да му се пристапи; 3. Исус Христос не е Бог. Не воскреснал телесно, туку духовно; 4. Светиот Дух не е Бог, туку Божја сила; 5. Сметаат дека душата не постои како таква, туку дека крвта е душа, затоа на верниците не им дозволуваат трансфузија со крв, што често доаѓа до непотребно губење на животот; 6. Веруваат во скорото доаѓање на Христовото илјадагодишно овоземно царство; 7. Сметаат дека Исус Христос по вторпат дошол на земјата невидливо 1974 година; 8. Се служат со нов, „поточен“ превод на Светото Писмо. Одговор на учењето на Јеховините сведоци Православен одговор: 1. Токму Светото Писмо учи за еден Бог по суштина, кој се јавува во три Лица (Ипостаси), како Бог Отец, Бог Син и Бог Свети Дух: „Зашто Троица се, Кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и Троица се едно“ (1. Јов. 5, 7). Да се прочита: 1. Мој. 1, 26-27; 3, 22; 18, 1-4; Мат. 3, 16-17; 28, 19-20. 2. Бог насекаде е присутен. Во Светото Писмо има многу докази. Овде ги наведуваме: „Каде да одам од Твојот Дух и каде да побегнам од Твоето лице? Ако се вознесам на небото: таму си, ако легнам во подземјето и таму си“ (Псал. 139,7-10). „Може ли некој да се скрие на тајно место да не го видам Јас? - зборува Господ; не ги исполнувам ли Јас небото и земјата? - вели Господ“ (Јерем. 23, 24). 3. Исус Христос е Бог. Апостол Павле вели: „Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20, 28). Да се прочита: Иса. 9, 6; Јован 1, 1; 10, 30; 14, 9; 16, 30; Рим. 9, 5; 1. Јов. 5, 20 итн. 4. И за божеството на Светиот Дух постојат многу докази во Светото Писмо: „...рече Богот на Израел“ (2. Цар. 23, 2-3); „...не ги излага луѓето туку Бога“ (Дела 5, 1-4). (Да се прочита Матеј 12, 32). 5. Душата постои, свесна по телесната смрт, и бесмртна: „Луѓето на умирање офкаат низ градовите и душите на ранетите викаат за помош“ (Јов 24, 12). „Не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат“ (Мат. 10, 28). Да се прочита за разбојникот што се покајал (Лука 23, 43), и Лука 16, 19-31; Марко 9, 1-8. Во Стариот Завет пишува: „Авраам им се придружи на своите луѓе“ (1. Мој. 25, 8; 49, 29, 33), а тој не е погребан кај своите предци (1. Мој. 52, 8-9). Татко му е погребан во Харан (1. Мој. 11,32). Повторно да се прочита: 1. Мој. 15, 15; 1.Петр. 3, 18-19; 4, 6! 6. Нема ништо од царството на земјата, бидејќи „земјата ќе изгори“ (2. Петр. 3,10), но „ќе дојде ново небо и нова земја“ (2. Петр. 3, 13). 7. „Никој не го знае денот ни часот“ (Марко 13, 23). 8. Јеховиниот превод не треба ни да се коментира, бидејќи на сите страни има манипулации, скратувања, дополнувања и сл. Изменето од Miki_P - 30.Јануари.2009 во 19:12 |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Би сакал да дадам неколки забелешки за линковите кои ги постираше Miki_P. 1. За Јеховините сведоци и баптистите се наведени лажни верувања, верувања кои тие не ги веруваат, а потоа истите се демантирани. Тоа е смешно. Замислете јас да напишам текст во кој ќе пишам дека православните веруваат дека Исус бил распнат во Египет, а потоа да ги демантирам наведувајќи библиски аргументи дека Исус бил распнат во Голгота, до Ерусалим.
2. За адвентистите е релативно поточно напишано од овие погоре, но сепак има доста непрецизности и клевети т.е.
3. За Пентекосталците не е напишано речиси ништо т.е. авторот изнел само една од нивните догми и потоа навел свое мислење за истата.
Мојот заклучок е дека станува збор за навистина неупатен автор на дадената веб страна, за човек кој се дрзнал да демантира некои верувања за кои дознал од рекла казала муабети или пак од некои оскудно флаерче. Верувам дека истиот не би можел да се носи во една дискусија со еден просечен верник од било која од наведените деноминации. Значи, кај самиот не е доволно упатен, па уште сака и другите да ги учи како да бидат погрешно упатени и да се засрамат во првата дискусија со некој верник од наведените деноминации.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
брате евангелосе,се израдувава(и чекав)мислејќи дека ќе дадеш коментар на првиот текст од Свештеникот Џејмс Бернштајн.(Што било првин црквата или новиот завет).
Колку за информација се работи за роден евреин кој на 16 години се преобратил по читањето на новиот завет и станал евангелистички христијан(или у Македонија како што се нарекуваат самит себе изворни христијани)па сега да заврши како православен свештеник во Сиетл (Антиохиска Патриаршија). мнооооогу интересен текст,прочитај па бујрум на дискусија,многу би ме радувало ако размениме мислења за тоа што може да научиме од неговиот животен пат. поздрав и секое добро |
|
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најочигледен доказ за тоа дека протестантизмот е идеен извор на сектантството е верската положба во САД.
Во оваа држава владее „демократија“ (читај - ѓаволократија), и како последица на неа, ѓаволот се обидува да ја растури Црквата Христова. За ова да го можам да го потврдам ќе се послужам со статистички податоци од 1952 година. Имено, во оваа година таму постоеле 261 верска организација, сите регистрирани пред државните власти, од кои на протестантите им припаѓаат 238. Во постарите протестантски верски заедници (отпадници од Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква), т.е., оние, чии почетоци се од XVI до половината на XIX век, спаѓаат: Една американска епископална црква; Дваесет лутерански цркви; Четири реформаторски цркви; Пет адвентистички цркви; Шеснаесет евангелистички цркви; Девет цркви на кверите; Дваесет и седум цркви на баптистите; Седум Божји цркви; Шест цркви на мормоните; Четиринаесет цркви на менонитите; Дваесет и две цркви на методистите; Седум цркви на педесетниците (пентекостни); Единаесет цркви на презвитеријанците. Во поновите протестантски секти, што настанале во текот на последните сто години, спаѓаат: Сионска црква; Осветената света Христова црква; Црквата Божја или верата на Авраам; Сојузот на животот и доаѓањето; Апостолската борбена света Божја црква; Обединетата христијанска црква на светоста; Црквата на вечниот живот; Божјата црква на Христовите светии; Црквата на Евангелието; Црквата на назореите; Црквата на откровението; Црквата на живиот Бог; Црквата на новиот Ерусалим; Евангелската црква на обединетите браќа; Огнениот столб; Светата црква на огненото крштавање; Слободната сионска Христова црква; Домот Давидов; Христијанската наука; Јеховините сведоци; Христовите ученици; Црквата на Емануил Котеш; Црквата на знакот на отворената Библија.......... Уште ли не разбравте каде е „вистината“!? Еве, гледајте погоре (околу 300)„вистини“. Верувам дека ќе имаше уште мнооогу, мнооогу повеќе „вистински“ (читај - кривоверски) учења, ама се случи голем проблем - како да си најдат име, зашто, се што можеше да се употреби веќе го зафатија други - жално - дури и трагично. Сполај Ти, Господи, вака ли не казнуваш заради нашето непокајување!? Смилувај се, над нас, Господи. Изменето од Miki_P - 30.Јануари.2009 во 18:58 |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поздрав Мики. Најпрво за спиењето, можам да кажам дека потребите на секој од нас за сон се индивидуални. На некого му се доволни и 5-6 часа ефикасен сон за да биде орен за извршување на сите дневни активности. На друг осум часа...на трет девет. Е сега убаво е после потребниот сон денот да се започне со молитва, но те молам кажи ми зошто баш да ги читам молитвите од молитвеник. Зар не е подобро “Оче наш“ или некоја споинтана молитва од срце упатена до Бога? Зар вниманието така не ќе е поголемо кога на Бог лично Му заблагодаруваме за нешто и истовремено како на наш Татко Му ги кажуваме нашите дневни потреби? Дали Исус, нашиот образец се молеше од Молитвеник? Јас мислам дека треба да се биде спонтан, само така целосно нашата молитва ќе биде усредоточена, простете ако грешам. |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pentakostalna crkva sekta bila???
od kaj znae avtorot na toa so go pisal BOG mu kazal??? angel mu se pojavil??? procital vo bozjiot zbor??? hmmm epa aj barem ako procital kazi mi go stihot kaj so glasi "PENTAKOSTALNATA CRKVA E SEKTA"a Pravoslvnata ne e... Ok znaci avtorot odi so svoi zborovi i nema fakti jas se sto kje recam so fakt kje kazam prvo BOG vika znaci BOG vika ne jas 1-Korintijasni 14-1 Ljubovta neka vi bide najvozvisena cel! BIDETE ZELNI I ZA DUHOVNI DARBI a posebno da prorokuvate{2}ZASTO KOGA NEKOJ ZBORVA NA NEPOZNATI JAZICI Bog kje go RAZBERE no ne i LUGJETO,toa sto go ZBORVA VODEN OD SVETIOT DUH,kje ostane tajna ZA LUGJETO, i ima greska avtorot PENTAKOSTALNATA crkva zapocnala od izrael ne od america. e sega da vidime uste so vika BOG ne jas {4stih} ONOJ sto zborva na NEPOZNATI JAZICI samiot sebe se Nagraduva,a onoj sto prorokuva gi nagraduva site sto se vo crkva. E jas ti dadov fakti za zboreje jazici zosto tamu avtorot samo zaradi jazicite gi narekuva sekta a naj interesno nema faktis/laze/sudi naprazno bez fakti za toa sto si go cital toa samo sto im prilega na pravoslvna crkva. e sea nejkam pak da otvoram diskusija okolu vasite "Sveti Ikoni" vasite ikoni ve pravat sekta nemate stih ni eden vo noviot zavet... Na edno mesto vo noviot zavet petar i jovan mislam koga bea vo judeja po se izgleda koga pravea cuda lugjeto im napravi idoli i darovi im davaa sto oni odvaj gi zapraa lugjeto i tamu petar vika NEMOJTE I NIE SME SAMO LUGJE KAKO VAS...a vie si pravite crkvi po ime SV.JOVAN/SV.PETAR i ne znam use koj im se molite im ostavate zejtini/4orapi/pari/im palite svekji da im se gleda:D:D:D e sea zborot ne mi e da ve navredam tuku da vi dokazam deka PRAVOSLVNA sto pati povekje izgleda na Sekta vie kje recete nie ostavame zejtini ne znam sto zaradi siromasnite e toa nema vrska za toa sto site ostavate za srekja ova ona SV.Jovan kje ti dade zdravje na prolet BOG ako ne ti dade ISUS e edinstven posrednik pomegju tatkoto i lugjeto zamislite togas da se molele lugjeto na petar so bi im rekle{razmislete sami} vo ovaj slucaj ispaja deka PRAVOSVLNA E SEKTA a pa da ne spomnuam BOG sto ja dava zapovetaa za idolite... |
|
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
|
Внеси реплика | страница <1 23456 22> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |