|
СТРЕС-Методи и техники за одбрана од стрес |
Внеси реплика | страница <1 34567> |
Автор | ||
Storm2
Сениор Регистриран: 07.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 432 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
BRZATA HRANA I STRESOT
Napisot e prevzemen od 'nova makedonija', od 14.11.2008 Македонија Брзата храна и стресот ги множат дијабетичарите Автор: Н.Б. Брзата храна, прекумерната телесна тежина, стресот, предолгото време поминато пред телевизор или компјутер се само дел од причините поради кои постојано се зголемува бројот на дијабетичарите. Се претпоставува дека во Македонија има околу 80.000 регистрирани случаи на заболени од шеќерна болест. На денешниот Светски ден во борба против дијабетесот лекарите велат дека посебно ги загрижува се поголемиот број болни. - Последните години имаме по 24.000 болни во Центарот за дијабетес. Годишно забележуваме по 1.000 до 2.000 нови случаи. Дијабетесот е светски, а не само наш проблем. Може да скрати по 15 години од животот, а не се лекува. Луѓето мора да си ги променат навиките на живот, а пред се на исхрана. Брзата храна е страшно штетна за здравјето. Прекумерната тежина е една меѓу главните причини за шеќерна болест – вели проф. д-р Чедо Димитровски, директор на Клиниката за ендокринологија. Тој објаснува дека конечно годинава преку посебно информатичко решение почнало броењето болни со шеќерна болест. - Во Скопје имаме 7.000 болни. Наскоро очекуваме да добиеме податоци и за целата држава – вели д-р Димитровски. Според резултатите на Националната студија за шеќерна болест направени во Институтот за јавно здравство, се смета дека околу 150.000 луѓе во возрасната група од 20-74 години се под ризик да добијат шеќерна болест, а околу 20.000 веќе ја имаат, но за тоа ниту знаат ниту се лекуваат. Бројот на нерегистрираните случаи на дијабетес е многу поголем што претставува голем здравствен проблем - укажува Републичкиот завод за здравствена заштита. Според дефиницијата на Светската здравствена организација, шеќерната болест претставува синдром на хронична хипергликемија што настанува како резултат на недоволно ниво на инсулин во крвта од една страна или пак неможност клетките во човековиот организам да го користат инсулинот за искористување на гликозата како храна. Во сите развиени општества дијабетесот е рангиран меѓу водечките причини за слепило, бубрежна слабост и ампутација на долните екстремитети. Околу 70-80 проценти од луѓето со дијабетес умираат од кардиоваскуларни болести. |
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Прееска ќерка ми ме замоли да и помогнам со ликовно, како би имала време да ги учи другите предмети.
Требаше да и насликам нешто на една стаклена тегла. Воопшто не ми беше до цртање, но ги земав темперните боички и седнав така на столче во кујната. Се одлучив да и насликам аквариум.... Абе кога се задлабочив, прво една основа нацртав, океан, а потоа кога се засуши тропски рипки....тек тук по некое бранче....Сосема се заборавив, од другата соба допираа акорди на гитарата на син ми... Милина. Дури кога завршив, си реков “Бре, па ајс сум знаела да сликам“. Потоа ми текна, па зашто да не си купам едни чаши ефтини (за почеток) и некои бои за стакло, па да не си направам самата време за одмор? Добро не сум Рушка од форумов, ама колку за опуштање. Сакам да ви кажам, не е лошо да се проба. |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
monitor
Сениор Регистриран: 19.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 97 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
НЕ ЗЕМАЈТЕ СВЕ ЗДРАВО ЗА ГОТОВО.ДЛАБОКО ВДИШЕТЕ И ИЗДИШЕТЕ И РЕЧЕТЕ СИ ВО СЕБЕ -АЈ СВЕ УПМ!
НАЈДОБАР РЕЦЕПТ Е ОВОЈ,ПРОБАЈТЕ |
||
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Си го викам ова,ама само за момент е малку подобро. Зошто кога ми е навистина тешко од некој што ме повредил,размислувам и размислувамкако да се справам со тоа или да си најдам некоја занимација,или да излезам на прошетка...... |
||
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
MOJ RECEPT E: POZITIVEN STAV PO SEKOJA CENA !!! |
||
PARADISE MACEDONIA
|
||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Бидејќи голем дел од членовите дадоа исцрпни информации за стресот,а дел од прашањето е и како индивидуално се бориме против стресот? јас според листата со бодови за најстресни ситуации собирам многу особено во последниве 3/4 год, искрено вербата во подобро утре ми помогна да ги пребродам кризите кои се појавија после стресните ситуации, молитва секогаш ми помага. И многу често и се молам на својата светица да ме избави од невољите кои ме снаоѓаат. Длабоко верувам кога се молам и верувам дека бог има спремено многу убави работи за мене, само ќе треба да се помачам.
И кога сум депресивна(ова ми се јавува како последица на стрес) ,се повлекувам,несакам луѓето да ми солат памет во овие моменти,се осамувам и размислувам и по некој месец заздравувам и носам одлуки за промени или нови почетоци. А ситните секојдневни стресови ми е доволно да ја напуштам просторијата каде ми се случувале и просто заборавам. Досега ми успевало. |
||
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Стресот е неизбежен дел од животот. Го преживуваме често,во најразлични облици и со различен интензитет, додека сме на работа,дома,со пријателите...Причините можат да бидат најразлични:
-важни животни случувања(болест,смрт на близок...) -важни животни пресвртници(развод, преселба,завршеток на школување,запишување на факултет, промена на работно место...) - не ретко, фактори кои придонесуваат за појава на стрес се и неподнослива бука и галама, гужви(посебно оние во сообраќајот), јака светлина... -контакти со безобразни,агресивни,прекритични и строги луѓе за некого исто знае да биде причина за стресна состојба, а неретко и самите можеме да си предизвикаме стрес благодарение на менталните замки како што се негативно размислување,нереални очекувања, премногу самокритичност... -стрес на работното место... Бидејќи стресот е еден од причинителите на разни болести важно е да се научи како да се редуцира и како да се справи со него. Најпрво треба да се најдат причинителите,а потоа и да се најде начин да се справиме со него без некои посериозни последици по здравјето. Најчести совети за справување со стресот кои се препорачуваат се: -Земајте доволно B витамини кои се важни за мозокот и делуваат кај депресиите како и C- витамин кој е клучен во борбата против стресот. -Физичка активност -Урамнотежете си го животот- расподелите ги обврските на работа и дома.Избегавајте ги конфликтните колеги,познаници па дури и таквите членови на пошироката фамилија -Организирајте си го времето-одредете си ги приоритетите,мислете на себе,мислете однапред како сакате да го поминете слободното време -Спијте доволно -Научете да поставите граници,како за себе така и за другите и научете кога е потребно да кажете НЕ -Променете го начинот на размислување,не очекувајте совршенство ни од себе ни од другите,бидете реални -Бидете флексибилни-не се нервирајте за работи и ситуации на кои не можете да делувате и да ги смените -Опуштете се,забавувајте се, и најважното-СМЕЈТЕ СЕ што е можно повеќе -смеењето го намалува стресот |
||
Eli
Сениор Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1968 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Dosta sum nervozna i cesto sum pod stres..i iskreno dolgo vreme ne znaev kako da se spravam so seto toa..ali koa pocnav da bidam poaktivna fizicki mislam deka na toj nacin pocnav malce da se osloboduvam od nego..ima use milion drugi nacini a isto dobar poteg e sto poveke smeenje,godi toa mnogu
|
||
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
||
elenasweet
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 25.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
imam 1 prasanje..........imam 13 god spijam okolu 8h ne sum sigurna.........zdravo s ehranam.....no postojano sum pod pritisok stres i voopshto nemam koncenracija........sto da pravam?
|
||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да ја најдеш причината зошто си под стрес и да се ослободиш од неа......... |
||
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Што е стрес?
Постојат многу дефиниции за тоа што е стрес, во зависност од тоа дали поимот го дефинираат психолози, медицински лица, менаџмент консултанти итн. Пристапите се различни и пристрасни. Она што ја комплицира целата ситуација е тоа што секој од нас интуитивно го разбира стресот, како да е тоа нешто што сите ние сме го искусиле. Поради тоа, логично е да помислиме дека би требало да биде лесно да го дефинираме овој поим, меѓутоа тоа не е баш така... Стресот е тешко да се дефинира затоа што е составен од многу елементи. Станува збор за серија поврзани искуства и реакции предизвикани од многу различни настани или околности. Различни луѓе доживуваат различни аспекти на стресот и се идентификуваат со различни дефиниции. Во моментот општо прифатена дефиниција е следнава - стресот е состојба или доживување кај личноста при што таа мисли дека очекувањата од средината кон неа ги надминуваат личните и социјалните капацитети кои оваа личност може да ги ангажира. |
||
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
||
elenasweet
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 25.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
pa.....da bidam iskrena mn se rasprav so mojte odnosno so tatkomi.....samo mi pravi nervozi..........ne mozam da se oslobodam od nego!msm samo se dere nesh..... |
||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Слатко Еленче со твоите 13 години тек влегуваш во пубертетот и нормално е да бидеш понервозна, понапната, пооптоварена од порано. Сепак......... Велиш тато се дере, а?.........А зошто се дере? Зошто те кара? Прво причината побарај ја во себе.....помисли да не правиш нешто што го лути тато? Ако мислиш дека не си ти виновникот разговарај со татко ти. Ова мора да се случи. Знам дека е тешко ама собери сила. Еден ден отиди му и речи му: Тато сакам нешто сериозно да разговарам со тебе. Имаш ли време сега? Само сакам да бидеш смирен и да ме ислушаш... Кажи му дека имаш тежок период, дека постојано се нервираш, дека ти е мака, а сето тоа заради неговото дерење. Прашај го во што грешиш што толку го лутиш и ако ти даде одговор, вети му дека повеќе тоа нема да го правиш. И прашај го зошто тој е толку нервозен? Можеби ќе се изненадиш од одговорот. Можеби има проблеми на работа, некои притисоци. Можеби има проблем со некој пријател, финансиски проблеми и што ли уште не. Може после разговорот ќе ти биде и жал за татко ти. Понуди се да му помогнеш и прашај дали ти на некој начин можеш да му се најдеш........ најважно: НЕ СЕ ПОВЛЕКУВАЈ ВО СЕБЕ (кажи си ги своите потреби).....НЕ СЕ БУНТУВАЈ ПРЕМНОГУ (не може се да е и по твое па почитувај ги туѓите потреби)........ едноставно РАЗГОВАРАЈ........ |
||
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
so samoto doagjanje na svet sme pod nekakov stre....samo zavisi kolkav stres...bidete trpelivi i pozitivni pa ne se taka crno...balansirajte i brojte do 5
|
||
Внеси реплика | страница <1 34567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |