|
Религиозноста- расте или опаѓа? |
Внеси реплика | страница <1 456 |
Автор | |
butel2
Сениор Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 4138 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
hmm, jas ja prifakam podelbata na vernici, ateisti i neopredeleni.
klasiciranje na vernikot vo kategorii mi e neprifatliv. ako imame tocno opredelena rabota vo koja treba da veruvame ili veruvame ili ne , ili pak ne ni e dovolna jasna pa ne mozeme da se opredelime. onoj tret tip koj go opisuvas i go stavas vo kategorija tradicionalni vernici e tokmu toj tip na neopredeleni lugje koi i mnogu malku navistina znaat prvenstveno za svojata religija i ne se vernici po svoj izbor, tuku se rodeni vo semejstvo so odredena religija i po avtomatizam velat deka se pripadnici na taa religija. mislev deka vo temava treba da se diskutira navistina dali raste religioznosta ili ne, a ne samo da se prikazuva brojot na lugjeto koi ja posetuvaat crkvata. za razlika od pred 20 godini Изменето од butel2 - 28.Јануари.2009 во 12:21 |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот Дух човек го добива откако ќе поверува во Христос, но за да поверува во Него треба да дознае Кој е Тој, со која цел дошол на земјата, што направил и што прави за нас, кое е Неговото учење итн. А каде тоа подобро човек ќе го научи ако не во извештаите на Неговите апостоли содржани во кориците на Новиот Завет?
За какво толкување зборуваш? Исус не прпоповедаше на доктори по науки, на филозофи, на филолози и сл. па да користи висок речник и стил на зборување. Тој не проповедаше по грчките аеропаги каде што се собираа филозофите и да се надмудрува во реториката со нив.
Напротив, Тој одите кај најпростите луѓе, кај оние необразованите и им зборуваше со едноставен народен јазик, им зборуваше илустрирајќи им со приказни, користеше обични секојдневни зборови како: смоква, жито, квасец, лозје, камен, песок, татко, син итн.
Бог го испрати својот Збор (Библијата) до обичниот човек, а не до великодостојниците на "црквите" па сега овие да им го преџвакуваат на обичната раја и да им велат: "Не разбираш ти обичен смртнику што вели Бог таму. Тој не вели тоа, туку ова. пр. Иако таму пишува да не си правиш икона и да не и се поклонуваш, сепак Бог сакал со тоа всушност да го каже обратното, да си купиш слика од кај нас и да и се поклонуваш, да и палиш кандило (исто така купено само од кај нас!!) и да ја целиваш."
Жалам Asya, но Бог, за големо разочарување на ткн. "свештеници", не постапил така. Официјалната црква во раниот и мрачниот среден век пробувала да ги убеди луѓето дека тоа е така, дека тие не требаат да ја читаат Библијата, дека тие не ја разбираат, дека тоа е тешка духовна книга која само тие можат да ја разберат, а потоа да им ја претолкуваат на обичните смртници и на тој начин ги влечела за нос како ќе посакала, ги злоупотребувала неинформираните верници до сто едно и назад.
Но заврши тој период. Благодарение на Бог, на Гутенберговата печатница, на реформацијата на Црквата, на нејзиното преведување на околу 2000 јазици, на нејзиното печатење во милијарди примероци, денес Библијата е достапна и до обичниот човек, до обичниот трагач на вистината и залудни се сите твои средновековни обиди да го спречиш она што Бог веќе одамна го направил.
Фала ти прекрасен Боже за тоа. Фала ти што денес го имаме твојот Збор на дланка и што можеме да бидеме осветени со Твојата Вистина.
"Освети ги во Својата вистина, Твоето Слово е вистината."
(Исус Христос во евангелие по Јован 17:17) |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мојот став за темава е дека религиозноста во Македонија расте, но верата опаѓа. Тоа не ме изненадува затоа што сето тоа е проречено во Библијата: "А ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња, зашто луѓето ќе бидат саможиви, среброљупци, самофалци, горделиви, хулители; непокорни на родителите, неблагодарни, несвети; без природна љубов, непомирливи, клеветници, невоздржани, жестоки, непријатели на доброто, предавници, избувливи, надуени, повеќе сластољубиви, а не богољубиви, кои имаат изглед на побожност, а се одрекле од нејзината сила; отстранувај се и од нив!"
(2 Титемој 3:1-5) Значи, како што вели апостолот погоре, повеќето луѓе ќе наликуваат на побожни, ќе носат крстче на вратот, ќе имаат истетовирано икона на рамо или трицепс, ќе палат свеќи, ќе се прекрстуваат од автобуси кога ќе видат црква, ќе вапцаат јајца за Велигден, ќе се џиткаат по крстови за водици, ќе се клањаат на икони, ќе прават колекција од истите дома, ќе си празнуваат разни слави (на свети овој, свети оној), ќе се шетаат со великодостојнички мантии, луѓето ќе им бацуваат раце итн. но вистинската вера во Христос во нив ќе ја нема, туку истата меѓу нив ќе биде задушена од човечки преданија, традиции, обичаи, адети, суеверија и празноверија.
Кој има уши нека чуе што вели апостолот погоре и ако го верува тоа нека го примени.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се распаѓа. Не нуди ништо ново.
|
|
Внеси реплика | страница <1 456 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |