IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Аикидо
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Аикидо

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 25>
Автор
Порака
DamjanC Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 98
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DamjanC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2008 во 17:28
Здраво Крсте,

Прости ако моето објаснување го сфати како навреда, нема потреба да го сфаќаш лично во никој случај. Веќе сум пишувал за ова на различни места, и еве уште еднаш ќе кажам, моите критички ставови кон „Реалното аикидо“ се упатени општо кон вештината, а не и кон поединци кои се занимаваат со неа. Стои тоа дека некој некаде вежбајќи и „Реално аикидо“ можеби вежба аикидо...

А „Реалното аикидо“ го познавам, инаку не би се осмелил да го коментирам на овој начин. Имам положено за зелен појас своевремено, а тренинрав и долго после тоа. Прво во клубот „Маруи“, а потоа во клубот „Бушидо“ кој веќе не постои. Имам посетено многу семинари, од кои 3 кај Врачаревиќ, кај нас и во Белград.

Мислам дека тоа доволно ме квалификува да го пишувам она што го пишувам...

Отворен сум за дискусија и нови сознанија, и уште еднаш, без намера да навредам било кого.

Голем поздрав! среќа


Кон врв
Рокси Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Рокси Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2008 во 22:36
Ајде сега едно прашање

Техниките за полагање (пример за 4 кју) се секаде истите, или зависи од клубот во кој тренира членот?

Eternity is a mere moment.. just long enough for a joke!
Кон врв
DamjanC Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 98
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DamjanC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2008 во 01:43
Програмите за полагање вообичаено се составени од некои од учителите кои имаат високи ДАН степени, а согласно нивните лични гледања на тоа каква систематизација на подучување употребуваат. И потоа се усвојуваат на ниво на федерации. А понекогаш и поединечни клубови имаат свои програми, ако не се членки на некоја федерација или сл. Еве неколку линкови како пример:

Програмата за полагање во светскиот аикидо штаб во Токио - Аикикаи Хомбу:
http://www.aikikai.or.jp/eng/gradingsystem.htm

Програмата за полагање во Италијанската аикидо федерација:
http://www.aikikai.it/esami/programma/index.htm

Програмата за полагање во Македонската аикидо федерација:
http://maf.aikikai.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=47&Itemid=102&lang=mk
поточно тука: http://maf.aikikai.org.mk/images/stories/Programa%206kyu-4dan%20MAF.pdf

Поздрав!


Кон врв
osavkov Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај osavkov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јануари.2009 во 10:20
Среќна Нова Година!
Добро здравје, среќа и многу аикидо во новата година! среќа


Љ.Ошавков
www.kenbukan.org.mk


Кон врв
DamjanC Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 98
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DamjanC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2009 во 18:48
Се придружувам кон желбите за во новата година!

Нека има љубов и се друго ќе произлезе без тешкотии!

среќа

Во употреба официјално е пуштен сајтот на: Македонската аикидо федерација - Аикикаи Македонија!

Еве линк:

www.aikikai.org.mk

па, посетете го!

Дамјан Цингарски



Кон врв
Krste Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 21.Јануари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 12
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Krste Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 21:17

         Здраво Дамјан

         Гледам дека во многу нешта нашата престава за аикидото се разликува.

         Јас воопшто се сум навреден туку погоден од несоодветен одговор на прашањето од Рокси.
         Ќе се навратам малку назат
   -Рокси побара одговор за разликите на реалниот аикидо со останатите аикидо стилови(фор. 05.12.2008г.)
    -кај што не наведе ниеден стил ти одговори дека е корисно прво да се знае за аикидото... да на крајот од текстот наведеш дека клучна разлика на реалниот аикидо со другите стилови на аикидо е дека не се  користи на силата на противникот.
      Е сега кажими ти на мене како ја користиш силата на противникот во дирекниот ирими наге?
 
     Во втората порака " објаснуваш " во три банални точки т.с. само наведуваш  што се вежба а што не и тоа во загради наведуваш само заради осет.
 
 (Во натамошниот текст со зелени фонтови ке те цитирам тебе)
 
"""Во аикидо се вежба и со меч (заради развивање на осет, не заради одбрана од напад со меч), а во „Реално аикидо“ не се вежба.

Во аикидо се вежба и со стап 130 см ( повторнозаради развивање на осет, учење на разни позиции, а не заради одбрана од напад со стап), а во „Реално аикидо“ не се вежба.

Во аикидо се вежбаат техники во седечка позиција (suwari-waza - заради градење на добра рамнотежа, не заради одбрана од напад при седење), а во „Реално аикидо“ не се вежба."""

 
     Четвртата точка ти  ја разбирам само како твој личен избор во вежбањето при што не знам колку на светов би се сложиле со тебе.
"""Аикидо не се вежба само за одбрана од евентуален напаѓач, туку се учи многу повеќе за надградба во повеќе различни категории."""
  
     Додека за последната пета точка јас навистина не знам како воопшто си стигнал до зелен појас во реален аикидо за да имаш вакво мислење.-Ќе предложам декрет да ти го одземат  збунетост
"""И можеби најважно од се, во вежбањето аикидо има 99% помалку повреди отколку во „Реално аикидо“, а ефктивноста на наученото во однос на одбрана е иста, ако не и поголема."""
 
    Податокот од 99% за повредувањето изгледа ти е познат само на тебе и не знам од каде ви е  ефикасноста  во наученото е иста ако не и подобра кога вежбате толку многу  осет и надградба во повеќе различни категории
    Јас мислем дека луѓето вежбаат самоодбрана за да научат првенствено самоодбрана а после се друго

      На сето ова додатна тежина става и твојот текст на фор. од 27.10.2008год. каде се забележува ( но и од досега се напишано)дека навистина не  знаеш во што  се разликуваат боречките вештини, кои се нивните особености дали е тоа филозофски коцепт,  особеност,методичност, принцип или начин на кои се изведуваат техниките или се заедно.

"""Јас од одамна инсистирам на тоа дека „Реално аикидо“ всушност не е аикидо туку српска боречка вештина која треба да има поинакво име, па затоа би сакал да не се создаваат забуни овде, ве молам."""
     За тоа дали е оваа српска или е таа јапонска, каква ти е дилемата навистина не можам да разберам да се става посебни национални предзнаци на вештините или науките т.с. на општо прифатени  вредности и сл.
(дали мораме да ги почитуваме возилата како посебни во денешно време од земјите  каде излегоа првите автомобили, ќе си купиме кола таква како што ни одговара или ќе гледаме да биде од чешка и ако се раководиме од твоите размислување само шкода е автомобил а другите возила се германски,англиски и др. возни предмети )
 
     Како тебе ти стои-некој некаде вежбајќи и „Реално аикидо“ можеби вежба аикидо... е ова е веќе лично,имаш навистина уште многу да учиш за социјалните,педагошките и боречките принципи,вредности, почит и респект кон масата и луѓе кон кои си приклучил,учел,следел и си го постигнал ова што си денес.
     И за крај-
     Колку ти ги цениш твоте претходници толку и тебе ќе те ценат твоите следбеници.
 

 
Кон врв
DamjanC Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 98
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DamjanC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 02:29
Здраво Крсте,

Во ред. Ќе ти одговорам на сите наведени коментари и прашања, што е можно попрецизно, но пред тоа, само едно прашање сакам ти да ми одговориш - Што мислиш, знаел ли Морихеи Уешиба што е тоа аикидо?


Изменето од DamjanC - 26.Јануари.2009 во 19:15
Кон врв
Krste Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 21.Јануари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 12
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Krste Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 21:20
Дамјане Дамјане
 
Е ова веќе многу збори,како да се надминуваш себеси?
Но што да ти оговорам кога гледам дека се знеш.
Извини моја гршка е што мислев дека конструктивна критика ќе те потикне на размислување и ќе придонесе  доволно самокритичност, чесност и објективност како вистински аикидока.
Јас не сум ти крив што ти имаш негаторски став кон реалниот аикидо(УБАВО СИ ПРОЧИТАЛ-НЕГАТОРСКИ А НЕ КРИТИЧКИ), не го разбираш личниот влог на мајсторот,неговите лични мотиви,ставови итн.
Сега во овој момент, па и понатака те оставам да се тешиш со двојни негации и твои лични размисли
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 21:23
мир
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
DamjanC Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 98
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DamjanC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 03:50
Хм,

Не сум сигурен што да напишам, оти очигледно е дека пак ќе бидам погрешно разбран.
Ама ајде, еве, ќе се обидам. Ќе почнам од последново.

Прашав да ми одговориш дали Морихеј Уешиба знаел што е аикидо, не затоа што имав намера да кажам дека ти можеби не го знаеш одговорот, туку за да поставам појдовна точка за дискусија. Имено, јас навистина не знам што мислиш по тоа прашање, бидејќи вежбаш „Реално аикидо“ кое е востановено од г. Љубимир Врачаревиќ (тој е основач, а не Морихеј Уешиба). Тоа пак, не е мое гледиште и мислење. На официјалниот сајт за „Реално аикидо“ (www.wcra.rs), може јасно да се прочита дека тоа е автентична српска боречка вештина на самоодбрана.  На еден од неговите претходни официјални сајтови стоеше и слика од сертификатот за признавање на „Реалното аикидо“ како нова, посебна боречка вештина.
Имајќи го ова на ум, ако знаеш како го дефинира аикидото неговиот творец Морихеј Уешиба, ќе мора да се согласиш дека има разлики. И затоа, сакав да знам што можеме да користиме како заедничка основа, за оваа дискусија да има смисла. Во спротивно едниот од нас ќе е во клин, а другиот во плоча, а тоа е губење време.

Е, сега, по ред (твоите искази се со портокалов фонт):
1. Цитирам: „Гледам дека во многу нешта нашата престава за аикидото се разликува.
Нашата претстава за „Реално аикидо“ е сигурно различна, а за претставата за аикидо не знам. Сеуште никаде не прочитав твој став или мислење за аикидото.

2. Цитирам: „Е сега кажими ти на мене како ја користиш силата на противникот во дирекниот ирими наге?
Едноставно, силата на противникот се користи кога ја има. Ако ја нема - не се користи неговата, туку својата. За конкретниов пример важи истото, ама тука нема да навлегувам во детална анализа, предолго е за една порака.

3. Вежбањето на сувари-ваза (техники во седечка позиција), е дел од аикидото насекаде по светов. Не разбирам со што би требало некој со мене да се сложува... Попрво јас сум тој што се сложил со сите останати. среќа И да, личен став ми е дека тоа е од голема помош за усовршување на аикидото.

4. Во однос на повредите: податокот ми е познат на мене и на сите со кои сум вежбал додека вежбав „Реално аикидо“. Не се сеќавам дека знам некого од бившите совежбачи кој не бил повреден на тренинг. Па, самиот знаеш и сигурно така и подучуваш, дека лостот создава болка и болката го тера противникот во одредена позиција или пад... На семинарите на Врачаревиќ, неговиот асистент умираше во маки додека тој покажуваше одредена техника. Можеби вие го објаснувате тоа како некакво челичење, ама те молам направи муабет со некој лекар да видиш што ќе ти каже за таквите „ситни“ трауми на зглобовите кои ги правите на секој тренинг и во што ќе резултираат тие на стари години. А да не зборам дека во „Реално аикидо“ толку многу отсуствува основно познавање за оваа проблематика што НИКЈО им се дозволува да прават и на мали деца, со зглобови во развој. Па тоа е создавање на инвалиди!!! Ова не се мои констатации, јас не сум стручен, ама затоа сум прашал.
Во аикидото нема вакви ситуации, и затоа нема повреди. Во скоро четири години постоење, во нашиот клуб имало само една повреда, и тоа слабо набиено рамо од неправилно направен пад при загревање.

5. Не знам како успеа да процениш колку знам за тоа по што се разликуваат боречките вештини од една куса порака на форум. Но добро, тоа си е твој суд, нема да те разубедувам.

6. Цитирам: „За тоа дали е оваа српска или е таа јапонска, каква ти е дилемата навистина не можам да разберам да се става посебни национални предзнаци на вештините или науките т.с. на општо прифатени  вредности и сл.
За тоа дали е српска вештина или каква е, можеш да ја отвориш уште еднаш официјалната страница на „Реалното аикидо“ и да прочиташ што пишува горе во насловот. Јас ни приближно на ова не мислев кога напишав српска и јапонска, едноставно сакав да упатам на потеклото, ама еве, убаво што спомна ти, па да се разјасни кој има национални претензии на „општо прифатени вредности“. голема%20насмевка
Само за илустрација, отвори ја и официјалната страница на аикидото www.aikikai.or.jp и прочитај дека јапонците не се толку оптеретени со национални предзнаци. Аикидото едноставно го дефинираат како Будо, т.е. Боречка (воена) наука (вештина, уметност).

7.
Цитирам: „Како тебе ти стои-некој некаде вежбајќи и „Реално аикидо“ можеби вежба аикидо... е ова е веќе лично,имаш навистина уште многу да учиш за социјалните,педагошките и боречките принципи,вредности, почит и респект кон масата и луѓе кон кои си приклучил,учел,следел и си го постигнал ова што си денес.
Види, некој некаде, значи некој некаде, а лично е само ако ти сакаш да го сфатиш лично, т.е. „ако си ја имаш мувата на капата“, кажано народски. Колку почит имам кон луѓето од кои сум учел, знаат тие самите. Од тебе не сум имал прилика да учам, но без разлика, исто те почитувам како учител по боречка вештина. Почетоците за ова што сум денес, навистина, ги направив во клубот „Маруи“ кај одличните мајстори Влатко и Дејан, потоа во „Бушидо“ кај Дарко, и на сите нив сум им многу благодарен. Но неспоредливо повеќе потоа научив од Кваранта сенсеи од Швајцарија, и не сум завршил со учењето, има уште многу.

8. За крај: „
Колку ти ги цениш твоте претходници толку и тебе ќе те ценат твоите следбеници.
Токму така е.

Поздрав!


Изменето од DamjanC - 27.Јануари.2009 во 04:00
Кон врв
aikido master Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aikido master Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 13:02
Околу поимот Аикидо и Реални Аикидо е многу лесно да се објасни.

Аикидо е Јапонска борецка вештина која не можеш да ја искористиш во реална ситуација.

Додека Реални Аикидо која е составена од Љубомир Врачаревич 10 дан е употреблива во реална ситуација и е една од нај ефикасните вештини во светот.

Чаос амигос
Кон врв
osavkov Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај osavkov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 13:33
Драги пријатели, најпрво еден голем поздрав!

Вашата дискусија беше инспирација, вчера по тренингот, на кој по подолго време беа присутни и наши постари членови со поголемо искуство во тоа што денес се нарекува "реално аикидо", да поразговараме, да се потсетиме. Сите се сложивме дека форумот не е место каде е можно да се објаснат овие разлики, но сепак можеби ќе придонесе сите ние да научиме нешто повеќе за вештините што сме ги избрале.
Се подолу напишано, е мој личен став базиран на моето искуство во тоа што денес се нарекува "реално аикидо" и досегашното искуство во аикидо тренингот по октомври 1998 година.
Не знам дали кај некого сеуште има дилема, но, тоа се две сосема различни работи.
Господинот Љубомир Врачаревиќ има голема заслуга за тоа да се слушне за името аикидо во Македонија (замислете, во тој период немаше интернет среќа ) и да мотивира повеќе луѓе да истражуваат понатаму.
За да бидеме искрени, верувам со тоа ќе се сложат и повеќето од постарите вежбачи, во првите години од неговите доаѓања во Македонија, немаше ниту "Р" од тоа што денес се нарекува "реално аикидо". Значи, на неговите семинари од тоа време, тоа што тоагаш се обидуваше да не научи, беше неговото разбирање за аикидото.
Г-динот Врачаревиќ е личност со голема харизма и голема страст за тоа што го работи и јас го почитувам тоа, но секогаш ќе остане енигмата зошто никогаш не се потрудил да добие аикидо ранг од аикидо организација со неспорен кредибилитет. Зошто во сите свои рангови се самопромовирал и се самонаградил. Тука вклучувајќи го и неговиот 10-ти Дан, доделен од некој т.н. "совет на големи мајстори", во кој, ако се информирате повеќе, ќе видите дека членуваат некои шампиони за кршење камен, мраз и некои основачи на новоформирани џу-џитсу стилови, но ниту еден аикидо мајстор од висок ранг. Тогаш како тие го промовирале во толку висок степен.
Некој можеби ќе рече и најверојатно ќе биде во право дека рангот и не е толку важен туку вистнската вештина на мајсторот, но, навистина е важен патот, начинот на кој некој стигнал до тој ранг.
Според мене испитот за соодветен аикидо степен е многу важен за аикидо тренингот и учењето на методологијата на тренингот.
Дури и ако некогаш во својот почеток го имал за своја база аикидото, тоа што денес се нарекува "реално аикидо" нема никаква врска и никаква сличност со тоа што е системот на аикидо, неговата структура и методологија на тренинг.
За техничкиот дел, за тоа зошто од таа вештина што денес се нарекува "реално аикидо" биле отфрлени од нејзината структура "кихон", основните форми и принципи и биле воведени т.н. применливи форми во реални ситуации, а со тоа, според мое мислење, драматично е снижено техничкото ниво на таа вештина и секако и техничкото ниво на нејзините следбеници, можеби е посоодветно да зборуваме на темата за реално аикидо.
Се надевам дека нема да ми замерат вистинските и искрени вежбачи на таа вештина.
Како и во другите вештини така и таму има луѓе кои искрено и од срце вежбаат и истражуваат!
Нив ги поздравувам!

Љ. Ошавков
kenbukan.org.mk


   

Изменето од osavkov - 27.Јануари.2009 во 16:34
Кон врв
DamjanC Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 98
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DamjanC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 22:16
Originally posted by aikido master aikido master напиша:

Околу поимот Аикидо и Реални Аикидо е многу лесно да се објасни.

Аикидо е Јапонска борецка вештина која не можеш да ја искористиш во реална ситуација.

Додека Реални Аикидо која е составена од Љубомир Врачаревич 10 дан е употреблива во реална ситуација и е една од нај ефикасните вештини во светот.

Чаос амигос


ОХОХООО! Аикидо мастеров нè просветли!!! смеење
Кон врв
sisko Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Септември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 21
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sisko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 22:52
И Крки,

- Мислам дека не треба да чепкаш кај што не ти е место. Очигледно сакаш да полемизираш на оваа тема, тема за која многу работи не ги познаваш особено Аикидото (не мислам на српската вештина).

- Даваш несоодветни метафори за чешки автомобили.

- Како трето премногу настапуваш арогантно, и попуваш за социјалните, педагошките, боречките принципи, вредности, почит и респект.

Доколку продолжиш со твојата ароганција, ќе се приклучам и јас со некои факти и докази за твојата си ценета вештина кои сигурно нема да ти се допаѓаат.

Затоа би те замолил барем ароганцијата да ја потсмириш.

Поздрав,
Шишко.
http://myaikido.blog.com.mk/

П.С. Јас преферирам MAZDA, и TOYOTA не е лоша.


Изменето од sisko - 27.Јануари.2009 во 22:53
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 25>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.