IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Болеста и религијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Болеста и религијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Болеста и религијата
    Испратена: 27.Јануари.2009 во 19:04
Здраво вероисповед-стручњаци и дискутанти,


Би сакала да продиксутираме на следнава тема:
Болеста и религијата.
Особено ме интересира ставот на христијанството и исламот како две водечки и широко прифатени религиски учења кон ова прашање: причините за појавување на болеста, нејзиното значење во животот на верникот и препораки за избавување од истата.
И тоа, под болест не мислам само на грип, иако најверојатно телесното заболување има објаснување и се зборува за тоа во светите книги, туку повеќе ме интересира објасувањето и гледањето на душевните болести.
Но, ајде да започнеме па да видиме:)

Кон врв
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 19:11
pa  za  bolesta  i  religijata  edno  e  jasno  deka    do  nekoj  stepen  mozat  da  se  zamenat  bolkite  so  blagodet  a  sizofrenijata  da  se  sostoi  od  postoejne  samo  svetlina  vo  memorijata   ne  ludi  misli.
 
   NO  RELIGIJATA  JA  PRIZNAVA  MEDICINATA  KAKO  NAUKA  I   BARA  ZADOLZITELNO  LECEJNE  PO  MEDICINSKI  PAT   DOKOLKU  SE  ZABELEZI  ZABOLUVAJNE  ZA  KOE  TREBA  DOKTOR   .
Кон врв
becenevem Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2108
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај becenevem Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 19:33
bolesta e jazikot na dusata
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 20:24


Болестите и несреќите на човекот се последица на гревот.

Гладот, војните, сушите, поројните и прекумерни дождови, земјотресите и останатите непогоди доаѓаат поради гревот на луѓето. Но, и многу други лични, семејни трагедии се последица на помрачената, од гревот, природа.

Значи, коренот на сите страдања лежи во нас самите.

Оттаму се наметнува, како неодложна, потребата да „завртиме друг лист“ - да живееме согласно Христовите повелби, да Го умилостивиме Бога да ни ги прости сите прегрешенија, но и да започнеме нов (исправен) живот, живот - исполнет со жива и непоколеблива вера исполнета со добродетели.

Таквиот наш живот ќе предизвика бура од радост на Небесата, изобилна Небесна помош за „справување“ со страданијата на телото и, најважното, - спасение за најскапоценото во личноста на човекот - душата.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 21:50

Фала му на Бога што ми ја донесе болеста која ми го смени погледот на светот и ме упати на проучување на религијата.....
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 01:03

Според христијанството болестите се последица на гревот, а истите се надминуваат со помош на молитвата (кон Бог) и медицината.

Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 03:09
За подобро разбирање од духовен аспект на болестите но и на другите видови судбински удари неопходно е да се вклучи знаењето за законот на причина и последица како и знаењето за реинкарнација. Имено, дека човекот самиот го држи во сопствените раце камшикот за казнување на себе си, а не Бог.

Информациите кои ги прераскажувам накратко тука, т.е. по смисла, се примени од Божествениот свет телепатски, преку пророчицата за денешно време, во прахристијанската заедница Универзален живот. Христос 1986 год. даде една сеопфатна објава со наслов:Причина и настанок на сите болести - Што човек сее, тоа тој и ќе жнее.

Причината за болестите, како физичките така и душевните е намалување и ограничување на духовно-енергетскиот законски тек во душата и телото на човекот. Причина за реметење на тој законски ток е човековото погрешно чувствување, мислење, зборување и постапување.

Се` е енергија. Така и мислите се енергија, и тие тендираат кон реализација. Доколку мислите се исполнети со негативни емоции како на пр. страв, омраза, завист и сл. тие го намалуваат течението на етеричните сили во човекот и доколку тоа потрае тој заболува. И обратно, доколку човекот своите мисли ги исполнува позитивно со надеж, несебична љубов, разбирање, хармонија и сл. тоа соодветно се одразува во и на телото, и во човековиот живот.

Сето она што луѓето го мислат и прават, најпрвин се регистрира и остава трага во нивната аура. Ако благовремено не се трансформира во позитивна енергија - преку покајување, позитивно насочување, поправање и постапување од страна на самиот човек, тогаш се складира најпрвин во подсвеста. Доколку ни таму не се исчисти, оттаму по некое време преоѓа во душата, а од душата пак во космичкиот компјутер - ѕвездите. Космичкиот компјутер е причинско-последичниот закон наречен и закон на сеење и жнеење, или во источните религии велат карма-закон. Се што е таму складирано, доколку правовремено не се препознае и исчисти(преку простување и молење за прошка и поправање), порано или подоцна се зрачи назад до испорачателот т.е. до душата на човекот во форма на последица. Последицата може да се изрази и во облик на болест, било во ова или некое наредно отелотворување каде наследните склоности (гените) соодветствуваат на квалитетот(светлите и темните страни) на душата.

Душата своите засенчени страни, т.е. своите гревови може да ги отплаќа и во отадестраните подрачја, тнр. астрални светови за на тој начин се прочисти и најде повторно мир и среќа. Но во тие, за окото невидливи подрачја, отплаќањето оди многу поболно и побавно отколку на Земјата. Затоа душата при инкарнирање настојува тоа што лежи во неа како причина т.е. грев да го предаде целосно или делумно на сопственото тело, бидејќи две тела полесно поднесуваат отколку едно.

Доколку некој намерно учествувал и/или организирал во убивање на животни, на пр. преку спортски лов, една од можните облици на делување на причините е да таа особа во ова или некое наредно отелотворување(инкарнација) се зарази со болест која ја пренесуваат животните и поради тоа телесно ќе пати.

Друг пример: Ако некој во текот на својот живот дејствува како свештеник или некаков верски водач(сеедно на која религија) и своите верници ги води во заблуда така што ги врзува за догми и надворешни форми наместо да ги подучи верниците за причините кои настануваат преку сетилата, мислите, зборовите и постапките и не ги води кон Оној кој во сечија душа живее т.е. кон Бога, тогаш една од можностите е дека тој во следниот живот ќе западне под такви животни околности кои ќе доведат до тоа да мора да поднесува тешки депресии, и/или помрачување на умот. Но и тука формите на последиците варираат од поединец до поединец веќе според интензитетот и постојаноста на создадените причини.

Бог и Христос меѓутоа сакаат на човека да му помогнат и да му го покажат излезот од заплетканоста во неговите сопствени причини. Христос го нуди излезот од болеста и судбинските удари, но дали тоа човек ќе го прифати, апсолутно се препушта на неговата слободна волја! Излезот се наоѓа во живеење на Десетте Божји заповеди и Беседата на Гората.

Од голема помош за оздравувањето може да биде современата медицина со своите лекови и апарати, но од суштинска важност е добрата волја на човекот да го препознае своето погрешно мислење и однесување кое довело до болеста или судбинскиот удар. Во спротивно, лекувањето без Божјиот Дух, исклучиво со надворешни средства, води само кон привремено оздравување на телото, но не и на душата. Тогаш таа кога ќе се реинкарнира, повторно ќе пати од истата или сличната болест бидејќи длабинските причини не биле отстранети.

Изменето од Majkl - 28.Јануари.2009 во 03:32
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 08:40
Причина за болеста е гревот.И тоа е многу јасно како ја навлекуваме болеста.Алкохоличарите секојдневно пијат го разоруваат организмот однатре и нормално е да заболат од некоја болест.Исто е и со пушачите наркоманите итн.Преку гревот се навлекуваат и болестите.

Наследените болести може да дојдат преку гревовите сторени од предците затоашто и тие грешеле против соственото тело.

Христос кога го излечил слепородениот присутните го запрашале, заради чии гревови човекот е слепороден дали негови лични или гревови од неговите родители.Христос одговорил дека не се работи ниту за негови ниту пак од неговите родители, туку Бог да се прослави преку слепордениот.

Библијата кажува покајте се (променете го умот) молете се и Бог преку Неговата милост ке ви прости и ке ве исцели.




Изменето од izvoren - 28.Јануари.2009 во 08:40
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 09:12
sto koga ke se razboli bebe tukusto rodeno ? koj grev go napravilo toa? sto koga covek ke navlece infekcija poradi nehigiena na bolnickiot personal? samo alkohilicarite , narkomanite i olosote se razboluvaat?

Bolesta bez razlika sto taka pisuva vo biblijata, ne e nikakov grev, uste pomalku se leci so molbi
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 18:21
Originally posted by butel2 butel2 напиша:

sto koga ke se razboli bebe tukusto rodeno ? koj grev go napravilo toa? sto koga covek ke navlece infekcija poradi nehigiena na bolnickiot personal?

Novorodenoto bebe i prasanjeto koj grev go napravila toa? se bazira na pretpostavkata deka nie ziveeme samo ednas i deka ja poznavame dushata na deteto, ili deka covekot nema dusha. No nasata dusha zad sebe ima povece zivoti, vo koi mozela da se optereti so razlicni grevovi preku pogresno odnesuvanje i mislenje kon svoite so-ludje, zivotnite, prirodata, mineralnite carstva i tn... Posledicata ne sekogas se izrazuva vo ovoj zivot. Toa e taka, bidejci postoi tnr. vreme na milost vo koj sto period dushata i covekot treba da go prepoznaat svoeto greshno za blagovremeno da go iscistat. Dokolku toa ne se sluci, grevot se vraca vo forma na posledica(na pr. bolest) na onoj koj go predizvikal. Bog so toa nema nisto zaednicko.

Ako sakas mozes da go procitas mojot post pogore, rabotite gi objasnuva vo sosema poinakva svetlina. Slucajnosti ne postojat. Sekoj si ja srka mandzata sto samiot si ja zgotvil.

Изменето од Majkl - 28.Јануари.2009 во 18:37
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 18:45
Originally posted by butel2 butel2 напиша:

sto koga ke se razboli bebe tukusto rodeno ? koj grev go napravilo toa? sto koga covek ke navlece infekcija poradi nehigiena na bolnickiot personal? samo alkohilicarite , narkomanite i olosote se razboluvaat?
 
Кога рековме дека болеста е последица на гревот, не мислевме на тоа дека личниот грев е последица за личната болест, туку дека општо човековиот грев е причинител за сите зла на овој свет, па и на болестите.
Бебето не направило грев, ама се родило со грешна падната природа, затоа што го родиле такви родители, кои пак исто биле родени од такви родители итн.
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 22:52
Pravoslaven, sega sum mnogu umorna , pa ne mozam bas da razmisluvam i da go iskomentiram tvojot post,

Majkl tvojot pogore post utre ke go procitam ubavo, obicno niz taka dolgite postovi pominuvam linearno ..
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 23:25
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

Originally posted by butel2 butel2 напиша:

sto koga ke se razboli bebe tukusto rodeno ? koj grev go napravilo toa? sto koga covek ke navlece infekcija poradi nehigiena na bolnickiot personal? samo alkohilicarite , narkomanite i olosote se razboluvaat?

 

Кога рековме дека болеста е последица на гревот, не мислевме на тоа дека личниот грев е последица за личната болест, туку дека општо човековиот грев е причинител за сите зла на овој свет, па и на болестите.

Бебето не направило грев, ама се родило со грешна падната природа, затоа што го родиле такви родители, кои пак исто биле родени од такви родители итн.


Ова се вика јал не јал, три и пол.Исламот не се согласува со Христијанскиот став за болеста. Болеста не е никаква последица на гревот,туку последица на одредени пореметувања во организмот на човекот, и како такви треба да се санираат по пат на медицината.

Можеби ќе излезам малце надвор од темата,но, дозволете ми да ви кажам еден к*р,ански рецепт за исхрана,кој се смета за најдобар лек против сите болести.



Др. Џемил Кудси Дувејк специјалист по исхрана, по потекло од Палестина. Поаѓајќи од размислувањето дека во к*р`анот се наоѓа одговор на секое прашање, тој , открил потполно нов пристап на лекување, со земање на храна по к*р`ански рецепт. Дувејк напишал поопширна енциклопедија под наслов “Исламски концепт на енергијата и исхраната” која се состои од 7.000 страници.Се надеваме дека ова дело ќе го види светлото на денот и на нашиот јазик, а во ова прикажување ќе пробаме во кратки црти да му дадеме приказ на ова вредно откритие, кое најдобро говори како нашиот однос спрема к*р`анот дефинитивно мора да се менува.

Др. Дувејк го почнал своето истражување од Ајетот во кој се говори дека во к*р`анот има одговор на сите прашања, дека Аллаховото џ.ш. знаење е Сеобфатно и дека во к*р`анот ништо не е пропуштено. Возвишениот Аллах џ.ш. вели: “к*р`нот не е измислен говор, тој потврдува, дека се вистинити Книгите објавени пред него, и објаснува се, и патоказ и Милост е, за народот кој верува.” (Јусуф, 111)

“Зошто , покрај Аллах ,да барам друг судија, кога Тој Kнигата ви ја објавува потанко? А на оние, кои Ние им ја дадовме Книгата добро знаат дека к*р`анот Го објавува твојот Господар, со вистина, и никако, не биди меѓу оние кои се сомневаат!” (Ел-Ен`ам, 114)

Др. Дувејк тргнува од к*р`анските Ајети, во кои се зборува дека к*р`анот е лек:

“Ние, го објавивме во к*р`анот она што е лек и милост за верниците...”
(Ел-Исра`,82)

“Кој ме создаде и Кој по вистинскиот пат ме упати,
и Кој ме храни и Кој ме пои,
и Кој, кога се разболам, ме лекува. “

(Еш-Шуара, 78,79,80)


“О луѓе , веќе ви пристигна порака од Господарот ваш и лек за вашите срца и упатство и милост за верниците.”     (Јунус, 57)


“ ...Кажи:”тој за верниците е упатство и лек.” (Фуссилет, 44)


Пратеникот с.а.в.с. рекол: “Лекувајте се! Навистина Аллах џ.ш. , не дал ни една болест, а да за неа не дал и лек.Тоа го знаат оние кои им е дадено знаеењето, а многу и не знаат.” (пренесува Ахмед)

Аллах џ.ш. исто така , во к*р`анот вели: ”Ние , се со мерка создадовме.” (Ел-Камер, 49)



“Оној чија Власт е Негова, на небесата и на Земјата, Кој не присвои дете, Кој во Власта нема придружeник и Кој се Создал и се со мера Одредил!” (Ел-Фуркан, 2)


“И на Месечината и одредивме состојби, се додека таа не стане како суво палмино гранче. “ (Ја-син, 39)


“И сонцето се движи до својата одредена граница, тоа е одредба од Силниот и Сезнајниот.” (Ја-син, 38)


к*р`анот и придава голема важност на мерата (микдар) во се:
”Тој сите ги запомна и точно ги преброи.” (Мерјем, 94)


“Тој Го знае бројот на се што постои.” (Ел-Џинн,28)

Аллах џ.ш. одредил дa зборот месечина во к*р`ан се споменува 12 пати, точно толку пати , колку е бројот на месеци во годината . Зборот ден во к*р`анот е споменат 365 пати, зборот намази (во множина) пет пати, зборот азм (решителност) пет пати, точно толку пати, колку се споменати посебно одбраните пратеници на кои е даден азм... Такви примери навистина, се многу во к*р`анот. Др Дувејк понатака вели: “Тогаш, на самиот себеси, си реков: Пошто Аллах џ.ш., за се одредил мера, тогаш и јас сигурно од к*р`анот ќе ја откријам мерата (формулата) за исхраната и пиењето.”

Ги издвоив сите ајети кои говорат за јадење (екеле,таиме) и пиење. Заклучив дека терминот јадење во к*р`анот се наведува 109 пати, од тие, ги издвоив јадењата што се харам , кои се споменуваат 19 пати, и го добив бројот 90 . Потоа ги наведов сите видови на храна кои се споменати во к*р`анот , и колку кој вид се споменува , после долга анализа дојдов до фантастично откритие.

Бројот 90 претставува, бројот на залогаи кој секој од нас би требало да го внесе во организмот секој ден, да нормално би функционирал организмот.

90 залаци треба да се состојат од сите видови на храна, кои во к*р`анот се споменуваат, секој вид на храна во онолкав број на залаци – колку пати се споменува. Така на пример, месото се споменува 4 пати, еден залак тежи 20 до 25 грама, што значи дека, треба да се јаде секој ден по 100 грама, ни помалку, ни повеќе. Потоа останатите видови на храна, точно онолку колку е по овој к*р`ански рецепт одредено.

Потоа направив една голема табела,која ја поделив на 240 квадратчиња, зошто к*р`анот се дели на 30 џузеви, секој џуз на два хизба, секој хизб на 4 четвртини, и сите ајети за еден вид храна ги препишав во едно квадратче во кој првиот вид храна, прв пат се споменува.
Така добив 6 оброци со точен список на храна, што би значело , најидеално секој од нас да јаде 6 пати на ден – помали оброци. По пат на таа шема дојдов до прецизни податоци што треба да се јаде наутро, што напладне, и што навечер.

Наутро доаѓа во предвид полесна храна, а на пладне појака, како грав и месо, а навечер само три работи: урми, грозје и нар (калинка)

Во к*р`анот постојат и општи правила на кои треба да се придржува во исхраната:
Во к*р`анот секогаш прво се споменува храната па после пијалокот, што значи дека оброкот треба да се започне прво со храната, а да се заврши со пијалок.
Во к*р`анот секогаш прво се споменува овошјето па после храната , што значи дека оброкот би требало секогаш да се почне со овошје , па после со храната.
Многу е интересно дека , во к*р`анот секогаш се споменува месото на морските животни, пред месото на копнените животни.

Современата медицина ни укажува дека месото од риба соодржи незаситени маснотии кои ги растопуваат заситените маснотии во нашето тело и го спречува вишокот на маснотии во крвта и запушување на крвните садови, што дирекно предизвикува срцеви или мозочни удари.Медицината тврди дека разликата на заситените масноти (омега 6) наспроти незаситените масноти би требало да биде 4 : 1 , а што тој однос , поради неисправната исхрана , денес е 20 : 1.

Интересно е, за маслиновото масло, кое посебно се споменува во к*р`анот, ги соодржи заправо незаситените маснотии (омега 3).

Др. Дувејк , во својата опширна енциклопедија , појаснува уште многу правила , од кои ги истакнуваме следниве:

-После млекото обавезно да се испие сирче,
-Мед да се зема обавезно после сирчето,
-Секогаш да се јаде урми после грозје, а не обратно,
-Нар(калинката) секогаш треба да биде она последно што јадеме,
-Киселото млеко подобро е од слаткото,
-Мед и млеко да не се јаде заедно.

Пратеникот с.а.в.с. практикувал како пијалок да користи небиз (туршија) која ја правел , така да би сипал чиста вода во сад, а потоа во неа ставал една шака суво грозје , или урми, или бадеми или сл. И после 12 до 48 часа , кога ќе почне да се вари, го користел како сок.
Денес во медицината е познато дека на таков начин се формираат посебни видови на бактерии, кои се неопходни за правилно функционирање на стомачниот систем.

Би требало човекот, тие бактерии секој ден да ги внесува во организмот, зошто се многу важни за регулирање на метаболизмот.Тие бактерии соодржат и течен јогурт. Интересно е како сме запоставувајќи го Суннетот на Пратеникот с.а.в.с., и користејќи газирани сокови , кои се најефтина роба , дошле во ситуација да го плаќаме она што му шкоди на нашиот организам.

Важно е да се истакне дека др.Дувејк својата теорија на лечење и очувување на здравјето со користење на к*р`анскиот рецепт на исхрана и практично го потврдил.
Споменатиов начин го понудил на 200 болни луѓе кои боледувале од неизлечливи болести и од физички и од психички природа. После само 21 ден добил невероватни резултати. Процентот на потполно излечени изнесувал 90%, а останатите болни почуствувале знатно подобрување.Меѓу пациентите биле и шеќераши, ревматичари, од оние кои имале проблем со зглобовите, со дробовите, или боледувеле од рак и сл. Моментално др. Дувејк работи на тоа да својот експеримент го потврди на 10.000 пациенти и да се подолго користење на таква терапија покаже дека се потполно излечени, како неговото откитие би било медицински признато и прифатено.

Со споменатиот проект , исто така е, докажано дека покрај зајакнувањето на имунитетот на организмот , се подобрува и oднесувањето на пациентот, Нивната психичка состојба многу брзо се нормализира. Помеѓу останатото , зависниците од тутунот за само 21 ден од третманот , многу лесно постануваат непушачи, зошто, нивниот организам едноставно, одбива да прими се што е неприродно и штетно.

Др. Дувејк , покрај останатото, не учи како да го правиме природното сирче, обрано кисело млеко, како да го користиме пченичното зрно со лушпа и сл..
А најважно од се е дека примерот на др. Дувејк не учи како треба да се однесуваме спрема к*р`анот и на кој начин да го изучуваме. Тој ги повикува муслиманите , стручњаците по разни области , да пристапат на изучување на к*р`анот од аспект на својата струка и да ја откријат к*р`анската формула, како најдобро решение за секоја област.

Се надевам дека во споменатиов пример ќе најдеме многу нешта , што ќе можеме да ги применуваме во својот начин на исхрана и дека ќе бидеме доволен поттик за секој од нас , да направеме ВИСТИНСКИ ПРЕОКРЕТ во својот живот и да му го дадеме на к*р`АНОТ местото кое му припаѓа, зошто само на таков начин , ќе дојдеме до решенија за сите проблеми , и со тоа да се припреми проект за излегување од кризата во која се наоѓаме.

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2009 во 04:43
Interesna informacija od aspekt kako chovekov se koristel so k*ranot za da dojde do podatoci koi se poznati od zhivotnoto iskustvo ili od nutricijskite istrazhuvanja.

Deshad, me interesira sto podrazbirash pod сирче? Dali mislish na kiselina (kako vinska ili jabolkova kiselina)?

Skoro site raboti mi bea poznati osven neshto sto mi zvuchi kontradiktorno. Chovekov veli:

-После млекото обавезно да се испие сирче,
-Мед да се зема обавезно после сирчето,

Pa potoa, na krajot od toj pasus zabelezhuva:

-Мед и млеко да не се јаде заедно.

Onoa poslednoto, deka mleko i med ne treba da se zemaat zaedno e vo sprotivnost na prethodno kazhanoto kade sto se veli deka obavezno posle mlekoto treba da se zema sirche i med. Zarem pravi nekoja razlika toa sto so mlekoto i medot se zema i neshto drugo, na primer sirche? Ne sum nutricionista ili hemichar, pa zatoa prashuvam pottiknat od tekstov...

Bilo kako, se izvinuvam sto izlegov nadvor od temata, kako sto izleze i komentarot kon koj repliciram. Se nadevam deka po odgovorot na deshad kje se vratime na topik, a dehsad ako saka neka otvori nova tema za religijska ishrana, pa ovie nekolku komentari kje gi izbrisham od tuka. Mislam deka edna takva nova tema ne sme imale do sega i verojatno kje svrti vnimanie kako kaj vernicite, taka i kaj site ostanati chlenovi i posetiteli na ovoj sajt.

Изменето од Messenger - 29.Јануари.2009 во 04:54
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.