IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - Судбина на жената низ вековите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Судбина на жената низ вековите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Судбина на жената низ вековите
    Испратена: 06.Јули.2008 во 07:54
 ...Koga ke procitame nekoja kniga za vreme "pred nasheto"... vo nas se javuva cudenje...zarem e mozno toa... zenata niz epohite na opshtestveniot zivot...imala razlicna uloga... ragala... se grizela za semejstvoto... no...i...
Албанките што облекоа панталони и станаа маж во семејството

Паше Кеќи се сеќава на денот пред речиси 60 години кога одлучила да стане маж. Таа ги потстрижила своите долги црни коси, го заменила фустанот со широките панталони на татка си, се вооружила со ловечка пушка и се заколнала да заборави на брак, сексуални односи и на деца.
Со векови затвореното и конзервативно општество во рурална северна Албанија го сметало менувањето на родот за практично решение во семејствата што останале без мажи. Таткото на Кеќи бил убиен во крвна одмазда, а во семејството немало машки наследник. Според обичаите, Кеќи (78) се заколнала на доживотна невиност. Таа станала тобелија и ја презела улогата на маж и нов „татко“ на семејството, со сите карактеристики на машкиот авторитет, вклучувајќи ја и обврската да ја одмазди смртта на татка си.
Кеќи вели дека не би го сторила тоа денес, кога половата еднаквост и модерноста, интернет-состаноците и Ем-ти-ви навлегоа дури и во Албанија. Девојките во Албанија повеќе не сакаат да бидат момчиња. Оваа појава умира. Во земјата останале уште само четириесетина „женски татковци“ на семејствата, како Кеќи.
- Порано беше подобро да станеш машко бидејќи жените и животните беа сметани за исто. Жените во Албанија сега имаат исти права со мажите. Дури се и помоќни од нив. Мислам дека денес е забавно да бидеш жена - вели Кеќи со длабок глас, седејќи на столче со раширени нозе како машко и пиејќи ракија.

ТРАДИЦИЈА ИЗРОДЕНА ОД НЕОПХОДНОСТ

Традицијата на заколната девица може да се најде уште во каноните на Лек Дукаѓини, односно во правилата на однесување што повеќе од 500 години се пренесуваат усно меѓу клановите во северна Албанија. Според каноните, улогата на жената е тотално намалена: да се грижи за децата и да го одржува домот. И додека животот на жената вреди половина од животот на мажот, вредноста на една девица е иста: 12 вола. Оваа традиција се изродила од општествената неопходност во овој земјоделски регион, проткаен со војни и со убиства. Ако таткото или главата на семејството починал и не оставил машки наследници, немажените жени во семејството останувале сами и незаштитени. Заколнувајќи се на невиност, жените можеле да ја преземат улогата на маж како глава на семејството, да носат оружје, да поседуваат земја и слободно да се движат. Тие се облекувале како мажи и го минувале целиот живот во друштво на други мажи, иако повеќето ги задржувале женските имиња.
Овие жени не биле исмевани, туку биле прифаќани во јавниот живот, па дури и почитувани. За некои жени изборот да станат маж бил начин на изразување на женската автономија или избегнување договорен брак.
- Откажувањето од сопствената сексуалност и ветувањето да останат девици претставувало начин за учество во јавниот живот во поделеното општество, во кое мажите имале апсолутна доминација. Тоа било начин на преживување во свет со кој владееле мажите - вели Линда Гусиа, професорка по родови студии на Универзитетот во Приштина.
Според социолозите, заколнувањето на невиност не смее да се изедначува со хомосексуалноста, која се уште е табу-тема во рурална Албанија. Исто така, овие жени немаат операција за промена на полот.

И КРВНАТА ОДМАЗДА ДЕЛ ОД ОБВРСКИТЕ

Позната во своето домаќинство како „паша“, Кеќи вели дека одлучила да стане татко, односно глава на семејството на 20-годишна возраст, кога татко и бил убиен. Четирите браќа на Кеќи биле против комунистичкиот режим на Енвер Хоџа, кој владееше со Албанија 40 години, до неговата смрт во 1985 година, и биле убиени или завршиле во затвор. Таа вели дека се решила да ја смени општествената улога зашто тоа бил единствениот начин за да ги заштити мајка си, четирите снаи и петте внуци и внуки.
Кеќи управувала со своето пошироко семејство во трошната куќа во Тирана, каде што нејзините внуки ја служеле додека таа заповедала. Кеќи смета дека животот како маж и овозможил поголема слобода, која им била негирана на другите жени. Таа работела на градилишта и се молела во џамии со други мажи. Нејзините внуци и внуки денес велат дека не би се осмелиле да стапат во брак без дозвола од „вујкото“.
Кеќи вели дека уживала во машката улога кога ќе излезела надвор од нејзиното село.
- Целосно бев слободна бидејќи никој не знаеше дека сум жена. Можев да одам каде што сакам и никој не се осмелуваше да ме опцуе бидејќи можев да го претепам. Се дружев само со мажи. Не знам да зборувам како жена. Никогаш не ми е страв - нагласува Кеќи.
Неодамна таа била примена во болница на операција, а жената до нејзиниот кревет била преплашена бидејќи мислела дека ја дели собата со маж.
Како глава на семејството, Кеќи ја презела одговорноста да ја одмазди смртта на татко си. Убиецот на татко и излегол од затвор пред пет години (тогаш имал над 80 години), а нејзиниот 15-годишен внук го убил. Тогаш семејството на убиениот се одмаздило и го убило внук и.
- Отсекогаш сонував да ја одмаздам смртта на татко ми. Нормално жалам. Ми го убија внукот. Но ако ме убиеш, морам да те убијам - вели Кеќи.

„АЛБАНКИТЕ ДЕНЕС СТОЈАТ ЗАД СЕ“

Во Албанија каноните ги почитуваат и муслиманите и христијаните. Албанските историчари велат дека почитувањето на средновековните обичаи, кои одамна се отфрлени во други земји, е резултат на изолацијата на земјата во минатото. Тие велат дека сепак традиционалната улога на Албанките се менува.
- Жената во Албанија денес е еден вид министерка за економија, министерка за чувства и министерка за внатрешни работи, која контролира кој што прави. Жените во Албанија денес стојат зад се - вели Илир Изери, кој пишува за албанскиот фолклор.
Некои заколнати девици се против овие промени. Диана Ракипи (54), која работи во агенција за безбедност во Драч и која ја презела улогата на маж за да ги заштити своите девет сестри, вели дека со носталгија гледа кон ерата на Хоџа. За време на комунизмот, Ракипи била висок армиски офицер, одговорна за обука на жени. Денес, вели таа, жените не знаат каде им е местото.
- Жените денес одат полуголи во диско. Цел живот ме третираа како маж, секогаш со почит. Не знам да чистам, готвам, пеглам. Тоа е женска работа - вели Рекипи.
Но и во оддалечените планински предели северно од Тирана селаните велат дека влијанието на каноните врз улогата на жените се намалува. Тие нагласуваат дека промената на традиционалното семејство, во кое некогаш сите живееле под еден покрив, ја изменило позицијата на жената во општеството.
- Мажите и жените сега се речиси еднакви. Ние многу ги почитуваме заколнатите девици и ги сметаме за мажи, поради големото жртвување. Меѓутоа, семејствата без маж во куќата повеќе не се жигосувани од средната - вели Цаца Фикри, чија вујна Ќамиле Стема (88) е последната заколната девица во неговото село.
Сепак, нема двоумење кој носи панталони во камената куќа на Стема во селото Барганеш. Таму до неодамна „вујко“ Ќамиле била опколена од нејзиниот клан. Само розовите влечки ја оддаваат нејзината женственост.
Откако станала маж на 20-годишна возраст, Стема почнала да носи пиштол. На свадбените прослави таа седела со другите мажи. Кога зборувала со жени, тие се виткале од срам. Таа вели дека станала заколната девица бидејќи тоа било неопходно.
- Понекогаш се чувствувам осамено. Сите мои сестри починаа и сега живеам сама, но никогаш не сакав да стапам во брак. Некои во семејството се обидуваа да ми ги сменат алиштата и да ме натераат да носам фустани, но кога увидеа дека сум станала маж, ме оставија на мира - нагласува Стема.
Таа вели дека ќе умре невина. Стема се шегува дека ако се одлучела да се „ожени“, ќе земела традиционална албанска жена.
- Најверојатно може да се каже дека сум делумно маж делумно жена. Но го сакав мојот живот како маж и не жалам за ништо - признава Стема.

The New York Times
... da "pozboruvame"malku za sudbinata na zenata ...nekogash..sega...
Кон врв
IQ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Darling

Регистриран: 11.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 12382
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај IQ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2008 во 14:43
za ova znam od porano, albanskite zeni morale da ostanat devici ako sakaat da se borat nekade i da bidat pochituvani od mazite, demek togash bile ednakvi imam gledano sliki od takvi zeni, nema shansi da poznaesh deka e zena


inaku ushte mnoooogu odamna, koga lugjeto nemale poima kako se sozdavaat deca, ja smetale zenata za bozestvo bidejki daruvala zivot, mislele deka ima natprirodna mokj. taa bila glava na semejstvoto-matrijahat
e posle koa se videle ova mazive deka i tie se potrebni za da se sozdade dete, zenata ne bila vekje smetana za bozestvo i nastapil patrijahat i taka ostanalo do denes.


inaku zenite niz vekovite bile dosta omalozuvani, tetirani bez pochit, kako sluginki, kako neshto shto ne vredi, im se nametnuvani sekakvi glupavi pravila i ogranichuvanja i bile i USHTE se prisutni dvojni standardi za mazite i zenite.

edna zena se ushte zema pomala plata od nekoj maz koj ja raboti istata rabota...
vo Makedonijava a i vo drugi delovi vo svetot, osobeno kaj muslimanite, se ushte mazite gi tretiraat zenite kako sluginki a ne kako zeni koi treba da gi sakaat i pochituvaat. im sluzat samo da im ja odrzuvaat kukjata i da im ragjaat deca!

ne mi se veruvashe deka ushte postojat takvi mazi, mislev deka se promenile nekoi raboti, ama gledam deka ima i 20 godishni koi se ponesuvaat taka i ima i zeni koi toa go trpat ama sami si se krivi!

mislam deka denes zenite dokazuvaat deka vredat povekje od kolku shto im bilo priznavano niz vekovite. najgolem del od niv ne dozvoluvaat da bidat ponizuvani ili omalozuvani i ne dozvoluvaat nekoj da im veli deka vredat pomalku ili deka ne mozat da rabotat nekoja rabota samo zatoa shto se zeni.

dobar del i od mazite se osvestija kako treba da se odnesuvaat i kako treba da tretiraat edna zena. za zal nekoi ushte ziveat vo 19 vek.

[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 09:44
... cesto pati sum ja prashuvala baba mi kolku vreme "odele" so dedo mi... taa slatko ke se nasmeeshe i odgovarashe...pa tri godini bevme armasani... i ke pocneshe da ni raskazuva... kako se dogovarale brakovite... se pravelo dogovor megu tri familii koi imale kerki i sinovi... pa kerkata od prvata familija se mazela za sinot vo vtorata... a kerkata od vtorata za sinot na tretata familija... od koja kerkata se mazela vo prvata... znaci eden vid triagolnik...na novi  semejni relacii... rodninski vrski... no grizata za decata bila golema... momcinjata i nevestite ne se poznavale... tuku se zapoznavale na prvata bracna nok... Na svadbata ne mozele da se vidat bidejki nevestata zadolzitelno nosela vel... Se slucuvalo ubava moma da bide mazena za nekoj akrep... i obratno akrep moma za strojno momce...Koga ke ja prashav baba mi....shto ako ne se bendisaa... taa se smeeshe i veleshe deka samo bog eden odlucuval kakva sreka ke imaat... zatoa shto moralo dozivotno da ostanale vo brak...razvodi nemalo...roditelite bile tie koi odlucuvale... vo slucaj na smrt... na eden od partnerite... sega pak semejstvoto na momceto mozelo da ja vrati nevestata so se deca... mozele da gi zadrzat decata a nevestata da ja vratat... a mozele i da ja omazat za nekoj drug... bez da ja prashaat.... najcudno e shto vo princip brakovite funkcionirale.... tokmu zaradi "sudbinata"... iako na primer vo nekoi semejstva nekoi roditeli ...prekutno...vo krugot na semejstvoto...se dogovarale... i imale pravo da odbijat strojnistvo...baba mi cesto koga ja prashuvavme kako bez da si zaljubena se mazish za stranec... veleshe... odnosno umeehse da ni odgovori... deka tie vo princip znaele za kogo ke se mazat... a kako da ne si zaljubena mori babe ...koga dedo ti... i so ljubov vo ocite ke kazuvashe... beshe najubav... najstroen... i najhrabar... od Pind do Pelister.... znaci i pokraj teshkata sudbina na nekoi zeni... drugi imale sreka da si go zemat toj shto go posakuvale... najteshaka sudbina imale nerotkinjite... niv im nalozuvale da posvojat dete od semejstvoto...i da go iscuvaat kako svoe... 
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 20:00
isto i vo crna gora do pred okolu 100 godini se praktikuvalo vo semejstva kade shto se nema rodeno mashko dete da se prepravi nekoe od devojcinjata vo mashko no od samoto raganje dokolku negovata majka e vo poodminati godini i ne moze poveke da ima deca...znaci od samoto raganje se oblekuva i se drzi kako mashko i gi raboti site mashki raboti no seto ova e vo tajnost da ne razberat sosedi, selani ili najbliski rodnini...znaele samo domashnite t.e.roditeli i sestri na devojceto i ne smeele da kazat za toa nikogash... bideki ako ne se rodelo mashko dete vo semejstvo se smetalo deka toa e prokolnato od boga...
gi narekuvale virdzini......

Изменето од fiks - 07.Јули.2008 во 20:06
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2008 во 07:26
... Nekoj i odredil cudna sudbina na zenata vo segashniot vek.Vo deneshen Dnevnik..da dena e edna takva sudbina?!
Ќерката ја „продал“ за 600 евра

Четири девојки, од кои две малолетнички, биле откриени во полициска рација во угостителскиот објект „Дани“ во Тетово, каде што работеле како танчарки и келнерки, а газдата Д.А. (49) е уапсен под сомнение дека е замешан во трговија со малолетно лице. Таткото на една од девојките ја продал ќерката за 600 евра, а таа за возврат требало да работи како придружничка на гостите во локалот.Акцијата ја спровела тетовската полиција во соработка со Одделот за организиран криминал и Секторот за трговија со луѓе и шверц на мигранти при МВР.

Koj mu go dava pravoto? Samo zatoa shto e roditel, zatoa shto mu trebale pari za dogradba na kukata. A da stavi natpis...Izgradena so prodavanje na kerkata...



Изменето од mamamd - 28.Јули.2008 во 07:27
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2009 во 10:27
...ushte edna potresna i teshka zenska sudbina...
Албанската опозиција бара милост за „баба марихуана“
Албанската јавност бара итно ослободување на 75-годишната Фериде Бако, која повторно се најде зад решетки во затворот воТирана,откако била ослободена само на пет дена, за да биде со своите внуци-сираци во текот на новогодишните празници. Бако е осудена за одгледување марихуана на максимална казна, а била уапсена во април 2008 година, кога починал нејзиниот сопруг. Оттогаш живеела со внуците од синот кој бил убиен во Грција. Старицата лежи в затвор веќе девет месеци, а треба да отслужи уште пет години.

Казната што и' била изречена предизвика жешки дебати за нејзино ослободување во политиката и во невладиниот сектор. Прашањето повторно се актуализира пред Нова година, кога таа преку медиумите молеше да биде ослободена за празниците, за да биде со своите внуци. Студентите и средношколците од понеделникот почнаа да собираат потписи за нејзино ослободување.

- Ги повикуваме сите граѓани на Тирана да се обединат со нас и да се избориме за слобода на една мајка, една старица чие срце е распарчено од тага. Таа треба да биде слободна, за да се грижи за своите внуци, кои имаат потреба од неа - рече студентот Ермал Брахимлари.Петицијата, која за еден ден ја потпишале над десет илјади граѓани на Тирана, ќе му биде доставена на претседателот Бамир Топи.

- Не еден, туку сто потписи ќе дадам за мајка Фериде. Жал ми е за двете деца-сираци, кои немаат ниту корка леб. Ова е нешто многу болно - вели жителка на Тирана.Лидерот на опозициските социјалисти, Еди Рама, упати до претседателот Топи јавен повик за амнестија на старицата. Во кампањата за ослободување се вклучиле и медиумите и невладиниот сектор.
 Ova se slucuva vo zemjite so neregulirana socijalna politika. Zakonot ne se sproveduva za da i se pomogne za da gi izgleda vnucinjata no vednash stapuva na sila ako nashla nacin i toa pogreshen da obezbedi egzistencija za svoeto semejstvo...
Кон врв
afrodit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 272
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај afrodit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 22:36
mnogu zalno.e ova ne moze da se sluci vo eu zemji.no vo drzavi siromasni so mnogu slaba socijala,ima vakvi slucai stvarno zalno za babata
Кон врв
afrodit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 272
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај afrodit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 22:37
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


... Nekoj i odredil cudna sudbina na zenata vo segashniot vek.Vo deneshen Dnevnik..da dena e edna takva sudbina?!<span id="ArticleTitle">Ќерката ја „продал“ за 600 евра</span>
<p align="justify"><span id="ArticleSummary">Четири
девојки, од кои две малолетнички, биле откриени во полициска рација во
угостителскиот објект „Дани“ во Тетово, каде што работеле</span> како
танчарки и келнерки, а газдата Д.А. (49) е уапсен под сомнение дека е
замешан во трговија со малолетно лице. Таткото на една од девојките ја
продал ќерката за 600 евра,
а таа за возврат требало да работи како
придружничка на гостите во локалот.Акцијата ја спровела тетовската
полиција во соработка со Одделот за организиран криминал и Секторот за
трговија со луѓе и шверц на мигранти при МВР.

<p align="justify">Koj mu go dava pravoto? Samo zatoa shto e roditel, zatoa shto mu trebale pari za dogradba na kukata. A da stavi natpis...Izgradena so prodavanje na kerkata...

za zal ima takvi debili
Кон врв
afrodit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 272
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај afrodit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 22:41
sekogas zenata pati.za zal zenite se ponezastiteni.tocno sudbinata na zenata sekogas e pocrna.no pazete vo balkanot.
Кон врв
tamara1990 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 293
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tamara1990 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 19:31
O boze kolku bila teska i zalna sudbinata na zenite niz vekovite pa na nekoi mesta i den denes..Bile maceni,ugnetuvani,povreduvani,se odnesuvale so niv kako so zivotni,bile povreduvani fizicki a sto e najlosoto i dusevno..Kako da nemale cuvstva.Sluzele samo za ragjanje deca,za teska fizicka rabota,ne im bilo dozvoluvano da se skoluvaat.Nesto sto go procitav pred nekolku nedeli i me zgrozi totalno e toa sto ne znam bas kade ama znam deka tamu nekade vo Nigerija vo nekoi ``zabutani`` predeli koga ke napolni devojceto okolu 13 14 godini mu go secat klitorisot za da ne moze i ne smee da uziva ni vo nisto..a za skoluvanje da ne raspravam...Alo 21 vek sme...ZALNO ZALNO
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 20:25
е ова мора да се признае дека жените имале тешко минато и може да наброиме милиони примери, но затоа денес се си имаат големо%20гушкање
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
tamara1990 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 293
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tamara1990 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 22:26
Ama lugje...Zalno e sto seuste postoi....
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 01:01
штотуку завршив со читањето на една книга и сеуште сум еуфорична...црвенеење...простете...
на почетокот на книгата има еден податок кој ме запрепасти
вака-
,,во Европа,од 10 до 18 век изгорени се на клада
меѓу четвртина и половина милион жени,под
обвинение дека се вештици и дека склучиле
сојуз со ѓаволот,односно дека комуницирале
сексуално со него.Најчести тужители се
сопрузите на тие жени.Станува збор за еден
од најголемите геноциди во историјата на човештвото
до сега,геноцид на машкиот врз женскиот род,
за што ретко кој сака да зборува дури и денес.
За овој злостор по библиотеките постои само скромна
номенклатура на инаку богатата библиографија,
под симптоматичната,,правна,,формулација-
impotentio ex maleficio(импотенција предизвикана
од злоба и магија)“
значи секој маж кој чувствувал страв од женската природа,не бил сигурен дека ќе ги исполни нејзините желби,најлесно му било да ја пријави жената на инквизиторите
и тогаш почнува ловот на вештерки
страшно
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 19:05
ne ja razbiram temava vo segasnoto vreme
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.