Испечати | Затвори го прозорот

Судбина на жената низ вековите

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Интима
Име на форумот: Семејство
Опис на форумот: ... до шесто колено
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14432
Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 06:25
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Судбина на жената низ вековите
Постирано од: mamamd
Наслов: Судбина на жената низ вековите
Датум на внесување: 06.Јули.2008 во 07:54
 ...Koga ke procitame nekoja kniga za vreme "pred nasheto"... vo nas se javuva cudenje...zarem e mozno toa... zenata niz epohite na opshtestveniot zivot...imala razlicna uloga... ragala... se grizela za semejstvoto... no...i...
Албанките што облекоа панталони и станаа маж во семејството

Паше Кеќи се сеќава на денот пред речиси 60 години кога одлучила да стане маж. Таа ги потстрижила своите долги црни коси, го заменила фустанот со широките панталони на татка си, се вооружила со ловечка пушка и се заколнала да заборави на брак, сексуални односи и на деца.
Со векови затвореното и конзервативно општество во рурална северна Албанија го сметало менувањето на родот за практично решение во семејствата што останале без мажи. Таткото на Кеќи бил убиен во крвна одмазда, а во семејството немало машки наследник. Според обичаите, Кеќи (78) се заколнала на доживотна невиност. Таа станала тобелија и ја презела улогата на маж и нов „татко“ на семејството, со сите карактеристики на машкиот авторитет, вклучувајќи ја и обврската да ја одмазди смртта на татка си.
Кеќи вели дека не би го сторила тоа денес, кога половата еднаквост и модерноста, интернет-состаноците и Ем-ти-ви навлегоа дури и во Албанија. Девојките во Албанија повеќе не сакаат да бидат момчиња. Оваа појава умира. Во земјата останале уште само четириесетина „женски татковци“ на семејствата, како Кеќи.
- Порано беше подобро да станеш машко бидејќи жените и животните беа сметани за исто. Жените во Албанија сега имаат исти права со мажите. Дури се и помоќни од нив. Мислам дека денес е забавно да бидеш жена - вели Кеќи со длабок глас, седејќи на столче со раширени нозе како машко и пиејќи ракија.

ТРАДИЦИЈА ИЗРОДЕНА ОД НЕОПХОДНОСТ

Традицијата на заколната девица може да се најде уште во каноните на Лек Дукаѓини, односно во правилата на однесување што повеќе од 500 години се пренесуваат усно меѓу клановите во северна Албанија. Според каноните, улогата на жената е тотално намалена: да се грижи за децата и да го одржува домот. И додека животот на жената вреди половина од животот на мажот, вредноста на една девица е иста: 12 вола. Оваа традиција се изродила од општествената неопходност во овој земјоделски регион, проткаен со војни и со убиства. Ако таткото или главата на семејството починал и не оставил машки наследници, немажените жени во семејството останувале сами и незаштитени. Заколнувајќи се на невиност, жените можеле да ја преземат улогата на маж како глава на семејството, да носат оружје, да поседуваат земја и слободно да се движат. Тие се облекувале како мажи и го минувале целиот живот во друштво на други мажи, иако повеќето ги задржувале женските имиња.
Овие жени не биле исмевани, туку биле прифаќани во јавниот живот, па дури и почитувани. За некои жени изборот да станат маж бил начин на изразување на женската автономија или избегнување договорен брак.
- Откажувањето од сопствената сексуалност и ветувањето да останат девици претставувало начин за учество во јавниот живот во поделеното општество, во кое мажите имале апсолутна доминација. Тоа било начин на преживување во свет со кој владееле мажите - вели Линда Гусиа, професорка по родови студии на Универзитетот во Приштина.
Според социолозите, заколнувањето на невиност не смее да се изедначува со хомосексуалноста, која се уште е табу-тема во рурална Албанија. Исто така, овие жени немаат операција за промена на полот.

И КРВНАТА ОДМАЗДА ДЕЛ ОД ОБВРСКИТЕ

Позната во своето домаќинство како „паша“, Кеќи вели дека одлучила да стане татко, односно глава на семејството на 20-годишна возраст, кога татко и бил убиен. Четирите браќа на Кеќи биле против комунистичкиот режим на Енвер Хоџа, кој владееше со Албанија 40 години, до неговата смрт во 1985 година, и биле убиени или завршиле во затвор. Таа вели дека се решила да ја смени општествената улога зашто тоа бил единствениот начин за да ги заштити мајка си, четирите снаи и петте внуци и внуки.
Кеќи управувала со своето пошироко семејство во трошната куќа во Тирана, каде што нејзините внуки ја служеле додека таа заповедала. Кеќи смета дека животот како маж и овозможил поголема слобода, која им била негирана на другите жени. Таа работела на градилишта и се молела во џамии со други мажи. Нејзините внуци и внуки денес велат дека не би се осмелиле да стапат во брак без дозвола од „вујкото“.
Кеќи вели дека уживала во машката улога кога ќе излезела надвор од нејзиното село.
- Целосно бев слободна бидејќи никој не знаеше дека сум жена. Можев да одам каде што сакам и никој не се осмелуваше да ме опцуе бидејќи можев да го претепам. Се дружев само со мажи. Не знам да зборувам како жена. Никогаш не ми е страв - нагласува Кеќи.
Неодамна таа била примена во болница на операција, а жената до нејзиниот кревет била преплашена бидејќи мислела дека ја дели собата со маж.
Како глава на семејството, Кеќи ја презела одговорноста да ја одмазди смртта на татко си. Убиецот на татко и излегол од затвор пред пет години (тогаш имал над 80 години), а нејзиниот 15-годишен внук го убил. Тогаш семејството на убиениот се одмаздило и го убило внук и.
- Отсекогаш сонував да ја одмаздам смртта на татко ми. Нормално жалам. Ми го убија внукот. Но ако ме убиеш, морам да те убијам - вели Кеќи.

„АЛБАНКИТЕ ДЕНЕС СТОЈАТ ЗАД СЕ“

Во Албанија каноните ги почитуваат и муслиманите и христијаните. Албанските историчари велат дека почитувањето на средновековните обичаи, кои одамна се отфрлени во други земји, е резултат на изолацијата на земјата во минатото. Тие велат дека сепак традиционалната улога на Албанките се менува.
- Жената во Албанија денес е еден вид министерка за економија, министерка за чувства и министерка за внатрешни работи, која контролира кој што прави. Жените во Албанија денес стојат зад се - вели Илир Изери, кој пишува за албанскиот фолклор.
Некои заколнати девици се против овие промени. Диана Ракипи (54), која работи во агенција за безбедност во Драч и која ја презела улогата на маж за да ги заштити своите девет сестри, вели дека со носталгија гледа кон ерата на Хоџа. За време на комунизмот, Ракипи била висок армиски офицер, одговорна за обука на жени. Денес, вели таа, жените не знаат каде им е местото.
- Жените денес одат полуголи во диско. Цел живот ме третираа како маж, секогаш со почит. Не знам да чистам, готвам, пеглам. Тоа е женска работа - вели Рекипи.
Но и во оддалечените планински предели северно од Тирана селаните велат дека влијанието на каноните врз улогата на жените се намалува. Тие нагласуваат дека промената на традиционалното семејство, во кое некогаш сите живееле под еден покрив, ја изменило позицијата на жената во општеството.
- Мажите и жените сега се речиси еднакви. Ние многу ги почитуваме заколнатите девици и ги сметаме за мажи, поради големото жртвување. Меѓутоа, семејствата без маж во куќата повеќе не се жигосувани од средната - вели Цаца Фикри, чија вујна Ќамиле Стема (88) е последната заколната девица во неговото село.
Сепак, нема двоумење кој носи панталони во камената куќа на Стема во селото Барганеш. Таму до неодамна „вујко“ Ќамиле била опколена од нејзиниот клан. Само розовите влечки ја оддаваат нејзината женственост.
Откако станала маж на 20-годишна возраст, Стема почнала да носи пиштол. На свадбените прослави таа седела со другите мажи. Кога зборувала со жени, тие се виткале од срам. Таа вели дека станала заколната девица бидејќи тоа било неопходно.
- Понекогаш се чувствувам осамено. Сите мои сестри починаа и сега живеам сама, но никогаш не сакав да стапам во брак. Некои во семејството се обидуваа да ми ги сменат алиштата и да ме натераат да носам фустани, но кога увидеа дека сум станала маж, ме оставија на мира - нагласува Стема.
Таа вели дека ќе умре невина. Стема се шегува дека ако се одлучела да се „ожени“, ќе земела традиционална албанска жена.
- Најверојатно може да се каже дека сум делумно маж делумно жена. Но го сакав мојот живот како маж и не жалам за ништо - признава Стема.

The New York Times
... da "pozboruvame"malku za sudbinata na zenata ...nekogash..sega...



Коментари:
Постирано од: IQ
Датум на внесување: 06.Јули.2008 во 14:43
za ova znam od porano, albanskite zeni morale da ostanat devici ako sakaat da se borat nekade i da bidat pochituvani od mazite, demek togash bile ednakvi imam gledano sliki od takvi zeni, nema shansi da poznaesh deka e zena


inaku ushte mnoooogu odamna, koga lugjeto nemale poima kako se sozdavaat deca, ja smetale zenata za bozestvo bidejki daruvala zivot, mislele deka ima natprirodna mokj. taa bila glava na semejstvoto-matrijahat
e posle koa se videle ova mazive deka i tie se potrebni za da se sozdade dete, zenata ne bila vekje smetana za bozestvo i nastapil patrijahat i taka ostanalo do denes.


inaku zenite niz vekovite bile dosta omalozuvani, tetirani bez pochit, kako sluginki, kako neshto shto ne vredi, im se nametnuvani sekakvi glupavi pravila i ogranichuvanja i bile i USHTE se prisutni dvojni standardi za mazite i zenite.

edna zena se ushte zema pomala plata od nekoj maz koj ja raboti istata rabota...
vo Makedonijava a i vo drugi delovi vo svetot, osobeno kaj muslimanite, se ushte mazite gi tretiraat zenite kako sluginki a ne kako zeni koi treba da gi sakaat i pochituvaat. im sluzat samo da im ja odrzuvaat kukjata i da im ragjaat deca!

ne mi se veruvashe deka ushte postojat takvi mazi, mislev deka se promenile nekoi raboti, ama gledam deka ima i 20 godishni koi se ponesuvaat taka i ima i zeni koi toa go trpat ama sami si se krivi!

mislam deka denes zenite dokazuvaat deka vredat povekje od kolku shto im bilo priznavano niz vekovite. najgolem del od niv ne dozvoluvaat da bidat ponizuvani ili omalozuvani i ne dozvoluvaat nekoj da im veli deka vredat pomalku ili deka ne mozat da rabotat nekoja rabota samo zatoa shto se zeni.

dobar del i od mazite se osvestija kako treba da se odnesuvaat i kako treba da tretiraat edna zena. za zal nekoi ushte ziveat vo 19 vek.


-------------
http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 07.Јули.2008 во 09:44
... cesto pati sum ja prashuvala baba mi kolku vreme "odele" so dedo mi... taa slatko ke se nasmeeshe i odgovarashe...pa tri godini bevme armasani... i ke pocneshe da ni raskazuva... kako se dogovarale brakovite... se pravelo dogovor megu tri familii koi imale kerki i sinovi... pa kerkata od prvata familija se mazela za sinot vo vtorata... a kerkata od vtorata za sinot na tretata familija... od koja kerkata se mazela vo prvata... znaci eden vid triagolnik...na novi  semejni relacii... rodninski vrski... no grizata za decata bila golema... momcinjata i nevestite ne se poznavale... tuku se zapoznavale na prvata bracna nok... Na svadbata ne mozele da se vidat bidejki nevestata zadolzitelno nosela vel... Se slucuvalo ubava moma da bide mazena za nekoj akrep... i obratno akrep moma za strojno momce...Koga ke ja prashav baba mi....shto ako ne se bendisaa... taa se smeeshe i veleshe deka samo bog eden odlucuval kakva sreka ke imaat... zatoa shto moralo dozivotno da ostanale vo brak...razvodi nemalo...roditelite bile tie koi odlucuvale... vo slucaj na smrt... na eden od partnerite... sega pak semejstvoto na momceto mozelo da ja vrati nevestata so se deca... mozele da gi zadrzat decata a nevestata da ja vratat... a mozele i da ja omazat za nekoj drug... bez da ja prashaat.... najcudno e shto vo princip brakovite funkcionirale.... tokmu zaradi "sudbinata"... iako na primer vo nekoi semejstva nekoi roditeli ...prekutno...vo krugot na semejstvoto...se dogovarale... i imale pravo da odbijat strojnistvo...baba mi cesto koga ja prashuvavme kako bez da si zaljubena se mazish za stranec... veleshe... odnosno umeehse da ni odgovori... deka tie vo princip znaele za kogo ke se mazat... a kako da ne si zaljubena mori babe ...koga dedo ti... i so ljubov vo ocite ke kazuvashe... beshe najubav... najstroen... i najhrabar... od Pind do Pelister.... znaci i pokraj teshkata sudbina na nekoi zeni... drugi imale sreka da si go zemat toj shto go posakuvale... najteshaka sudbina imale nerotkinjite... niv im nalozuvale da posvojat dete od semejstvoto...i da go iscuvaat kako svoe... 


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 07.Јули.2008 во 20:00
isto i vo crna gora do pred okolu 100 godini se praktikuvalo vo semejstva kade shto se nema rodeno mashko dete da se prepravi nekoe od devojcinjata vo mashko no od samoto raganje dokolku negovata majka e vo poodminati godini i ne moze poveke da ima deca...znaci od samoto raganje se oblekuva i se drzi kako mashko i gi raboti site mashki raboti no seto ova e vo tajnost da ne razberat sosedi, selani ili najbliski rodnini...znaele samo domashnite t.e.roditeli i sestri na devojceto i ne smeele da kazat za toa nikogash... bideki ako ne se rodelo mashko dete vo semejstvo se smetalo deka toa e prokolnato od boga...
gi narekuvale virdzini......

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 28.Јули.2008 во 07:26
... Nekoj i odredil cudna sudbina na zenata vo segashniot vek.Vo deneshen Dnevnik..da dena e edna takva sudbina?!
Ќерката ја „продал“ за 600 евра

Четири девојки, од кои две малолетнички, биле откриени во полициска рација во угостителскиот објект „Дани“ во Тетово, каде што работеле како танчарки и келнерки, а газдата Д.А. (49) е уапсен под сомнение дека е замешан во трговија со малолетно лице. Таткото на една од девојките ја продал ќерката за 600 евра, а таа за возврат требало да работи како придружничка на гостите во локалот.Акцијата ја спровела тетовската полиција во соработка со Одделот за организиран криминал и Секторот за трговија со луѓе и шверц на мигранти при МВР.

Koj mu go dava pravoto? Samo zatoa shto e roditel, zatoa shto mu trebale pari za dogradba na kukata. A da stavi natpis...Izgradena so prodavanje na kerkata...



Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 14.Јануари.2009 во 10:27
...ushte edna potresna i teshka zenska sudbina...
Албанската опозиција бара милост за „баба марихуана“
Албанската јавност бара итно ослободување на 75-годишната Фериде Бако, која повторно се најде зад решетки во затворот воТирана,откако била ослободена само на пет дена, за да биде со своите внуци-сираци во текот на новогодишните празници. Бако е осудена за одгледување марихуана на максимална казна, а била уапсена во април 2008 година, кога починал нејзиниот сопруг. Оттогаш живеела со внуците од синот кој бил убиен во Грција. Старицата лежи в затвор веќе девет месеци, а треба да отслужи уште пет години.

Казната што и' била изречена предизвика жешки дебати за нејзино ослободување во политиката и во невладиниот сектор. Прашањето повторно се актуализира пред Нова година, кога таа преку медиумите молеше да биде ослободена за празниците, за да биде со своите внуци. Студентите и средношколците од понеделникот почнаа да собираат потписи за нејзино ослободување.

- Ги повикуваме сите граѓани на Тирана да се обединат со нас и да се избориме за слобода на една мајка, една старица чие срце е распарчено од тага. Таа треба да биде слободна, за да се грижи за своите внуци, кои имаат потреба од неа - рече студентот Ермал Брахимлари.Петицијата, која за еден ден ја потпишале над десет илјади граѓани на Тирана, ќе му биде доставена на претседателот Бамир Топи.

- Не еден, туку сто потписи ќе дадам за мајка Фериде. Жал ми е за двете деца-сираци, кои немаат ниту корка леб. Ова е нешто многу болно - вели жителка на Тирана.Лидерот на опозициските социјалисти, Еди Рама, упати до претседателот Топи јавен повик за амнестија на старицата. Во кампањата за ослободување се вклучиле и медиумите и невладиниот сектор.
 Ova se slucuva vo zemjite so neregulirana socijalna politika. Zakonot ne se sproveduva za da i se pomogne za da gi izgleda vnucinjata no vednash stapuva na sila ako nashla nacin i toa pogreshen da obezbedi egzistencija za svoeto semejstvo...


Постирано од: afrodit
Датум на внесување: 15.Јануари.2009 во 22:36
mnogu zalno.e ova ne moze da se sluci vo eu zemji.no vo drzavi siromasni so mnogu slaba socijala,ima vakvi slucai stvarno zalno za babata


Постирано од: afrodit
Датум на внесување: 15.Јануари.2009 во 22:37
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


... Nekoj i odredil cudna sudbina na zenata vo segashniot vek.Vo deneshen Dnevnik..da dena e edna takva sudbina?!<span id="ArticleTitle">Ќерката ја „продал“ за 600 евра</span>
<p align="justify"><span id="ArticleSummary">Четири
девојки, од кои две малолетнички, биле откриени во полициска рација во
угостителскиот објект „Дани“ во Тетово, каде што работеле</span> како
танчарки и келнерки, а газдата Д.А. (49) е уапсен под сомнение дека е
замешан во трговија со малолетно лице. Таткото на една од девојките ја
продал ќерката за 600 евра,
а таа за возврат требало да работи како
придружничка на гостите во локалот.Акцијата ја спровела тетовската
полиција во соработка со Одделот за организиран криминал и Секторот за
трговија со луѓе и шверц на мигранти при МВР.

<p align="justify">Koj mu go dava pravoto? Samo zatoa shto e roditel, zatoa shto mu trebale pari za dogradba na kukata. A da stavi natpis...Izgradena so prodavanje na kerkata...

za zal ima takvi debili


Постирано од: afrodit
Датум на внесување: 15.Јануари.2009 во 22:41
sekogas zenata pati.za zal zenite se ponezastiteni.tocno sudbinata na zenata sekogas e pocrna.no pazete vo balkanot.


Постирано од: tamara1990
Датум на внесување: 27.Јануари.2009 во 19:31
O boze kolku bila teska i zalna sudbinata na zenite niz vekovite pa na nekoi mesta i den denes..Bile maceni,ugnetuvani,povreduvani,se odnesuvale so niv kako so zivotni,bile povreduvani fizicki a sto e najlosoto i dusevno..Kako da nemale cuvstva.Sluzele samo za ragjanje deca,za teska fizicka rabota,ne im bilo dozvoluvano da se skoluvaat.Nesto sto go procitav pred nekolku nedeli i me zgrozi totalno e toa sto ne znam bas kade ama znam deka tamu nekade vo Nigerija vo nekoi ``zabutani`` predeli koga ke napolni devojceto okolu 13 14 godini mu go secat klitorisot za da ne moze i ne smee da uziva ni vo nisto..a za skoluvanje da ne raspravam...Alo 21 vek sme...ZALNO ZALNO


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 27.Јануари.2009 во 20:25
е ова мора да се признае дека жените имале тешко минато и може да наброиме милиони примери, но затоа денес се си имаат големо%20гушкање

-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: tamara1990
Датум на внесување: 27.Јануари.2009 во 22:26
Ama lugje...Zalno e sto seuste postoi....


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 28.Јануари.2009 во 01:01
штотуку завршив со читањето на една книга и сеуште сум еуфорична...црвенеење...простете...
на почетокот на книгата има еден податок кој ме запрепасти
вака-
,,во Европа,од 10 до 18 век изгорени се на клада
меѓу четвртина и половина милион жени,под
обвинение дека се вештици и дека склучиле
сојуз со ѓаволот,односно дека комуницирале
сексуално со него.Најчести тужители се
сопрузите на тие жени.Станува збор за еден
од најголемите геноциди во историјата на човештвото
до сега,геноцид на машкиот врз женскиот род,
за што ретко кој сака да зборува дури и денес.
За овој злостор по библиотеките постои само скромна
номенклатура на инаку богатата библиографија,
под симптоматичната,,правна,,формулација-
impotentio ex maleficio(импотенција предизвикана
од злоба и магија)“
значи секој маж кој чувствувал страв од женската природа,не бил сигурен дека ќе ги исполни нејзините желби,најлесно му било да ја пријави жената на инквизиторите
и тогаш почнува ловот на вештерки
страшно


-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 28.Јануари.2009 во 19:05
ne ja razbiram temava vo segasnoto vreme


Постирано од: tamara1990
Датум на внесување: 30.Јануари.2009 во 00:03
Originally posted by ANITA11 ANITA11 напиша:

ne ja razbiram temava vo segasnoto vreme

Pa toa Anitce,sto vo nekoi ``zabutani`mesta zenite se seuste zrtvi vo bilo koja smisla na zborot...Procitav pred nekoe vreme samo ne znam kade vo koja drzva,na devojcinjata im go secat klitorisot,(i mnogu od niv umiraat od infekcii)ne mu dozvoluvaat da se obrazovaat,nemaat pravo na glas,sluzat samo kako fabrika za ragjanje deca...21 vek sme...lugjeto pocnaa na izlet da si odat na mesecinata...


Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 02.Февруари.2009 во 12:04
lelel pa 21 vek sme bre coveci zosto da se pravat razliki


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 02.Февруари.2009 во 13:04
Pa tokmu zatoa shto sme 21 vek..a se slucuvaat raboti koi se karakteristicni za 12...13 vek... Zoshto?


Постирано од: goranpata
Датум на внесување: 02.Февруари.2009 во 16:14
ste ja procitale li nekoj ‘princezata sultana’?procitajte ja i nekoi raboti na site ke vi stanat jasni...


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 03.Февруари.2009 во 14:37
Jas gi imam procitano site 3 knigi... samo posle niv... teshko citam druga knigaтага


Постирано од: tamara1990
Датум на внесување: 03.Февруари.2009 во 14:58
Ja ima li nekoj od ovde procitano knigata``Nedzma Badem``?


Постирано од: zbunet
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 23:51
Razbrav od super tajni izvori deka vanzemaljcite ke im dale na zenite telepatska mok so koja ke mozat da gi citaat mislite na maskite i zaradi koi site maski ke bidat istrebeni od strana na zenite i taka vanzemaljcite ke zavladeat so planetava

-------------
http://jazbunet.blogspot.com/" rel="nofollow - http://jazbunet.blogspot.com/


Постирано од: sexy bitch
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 23:59
koj ti kaza vetuvam nema da kazam ako mi kazesh

-------------
Sex is like tennis... If you play with worse, you play worse :)


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 06.Февруари.2009 во 07:16
Vremeto tece... navikite ostanuvaat ...samo se radikaliziraat...
ВО АКЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ СИЛИ
Уапсена „мајката“ на жените-самоубијци во Ирак

Ирачките сили за безбедност на 21 јануари ја уапсиле главната организаторка и обучувачка на жени-самоубијци во Ирак, 50-годишната Самира Ахмад Џасин, позната под прекарот Ум ал Муминин или „мајка на верниците“, која најверојатно обучила преку 80 жени-самоубијци. Бројот на напади од жени-самоубијци во Ирак минатата година порасна на 32, од осум во 2007 година.
Според неофицијални извори од истрагата, од повеќе од 80 жени-самоубијци кои Џасин ги обучила во изминатата година и половина, 28 веќе се разнеле под нејзин директен надзор. Џасин натаму тврди дека сунитските радикални бунтовници намерно силуваат девојки и потоа ги испраќале кај неа да ги убеди да се разнесат, како единствен начин да се ослободат од срамот. Во ултраконзервативната област Дијала, североисточно од Багдад, силуваните девојки се целосно отфрлени, и од семејствата и од околината, и честопати немаат друг избор освен да се самоубијат. Џасин била регрутирана од организацијата Ансар ал Суна, една од ретките преостанати радикални организации за кои се верува дека е поврзана со Ал каеда. Според нејзината изјава, таа била присилена на соработка под закана дека ќе и ја разнесат куќата, заедно со четирите ќерки и двата сина. Џасин во Дијала, која е едно од последните упоришта на радикалните сунити во Ирак, добила продавница во која продавала традиционални женски носии, што и овозможило да биде во контакт со поголемиот дел од жените во областа и лесно да ги пронаоѓа своите жртви. Според портпаролот на ирачката армија, генерал-мајор Касим ал Мусави, тие имаат снимено на камера две од нејзините признанија, од кои едното се однесува на девојката која Џасин ја обучувала две недели, а потоа лично ја одвела во локалната полициска станица, каде што се разнела. Употребата на жените како бомбаши-самоубијци зема замав во последните неколку години. Бунтовниците ја сфатија предноста на широката традиционална носија на ирачките жени, под која лесно можат да се скријат појасите со експлозив. Тие, исто така, ја злоупотребуваат и локалната култура, која на мажите им забранува да претресуваат жени. Од тие причини, ирачките сили за безбедност се трудат да регрутираат што е можно повеќе жени. На регионалните избори минатата недела, властите регрутираа учителки и државни службенички при претресот на жените-гласачи.

Појавата се шири и надвор од Ирак

Жени-самоубијци не се честа појава надвор од Ирак, но, сепак, ги има. Неколку Палестинки изминативе две години изведоа самоубиствени напади во име на повеќе радикални исламистички организации, меѓу кои и Хамас и Исламскиот џихад.
И во палестинските територии роднините имаат право да бараат остри казни, па дури и смрт, доколку девојките или жените ја посрамотат честа на семејството.





Постирано од: Biolica
Датум на внесување: 06.Февруари.2009 во 07:43
Kazna e da si rodeno zensko vo mnogu zemji.
Ne znam dali go pamtite slucajot so siluvano 13 godisno devojce vo Afgandistan , devojceto go prijavuva slucajot vo milicija i mesto da se vrshi prijava , devojceto se obvinuva za zaveduvanje i i sleduva kazna javno kamenuvanje. Crven krst i mnogu drugi organi za covecki prava probaja da ja spasat ama bez uspeh , a roditelite samo nemokno trpea....


Постирано од: zbunet
Датум на внесување: 06.Февруари.2009 во 11:29
Toa se patoloski drzavi, vo koi najcesto spagaat muslimanskite

-------------
http://jazbunet.blogspot.com/" rel="nofollow - http://jazbunet.blogspot.com/


Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 06.Февруари.2009 во 16:23
Жената низ историјата била многу понижувана, угнетувана,обесправувана и експлоатирана од машка страна, и некои работи тешко се забораваат.
Жената има важна репродуктивна улога на овој свет, но на денешницава кога секоја жена како човечко суштество го има правото да се образува, работи и размислува свесно за својата улога и значење може сама да си ги одреди приоритетите и интересите во сопствениот живот и не секогаш тие се семејство, мајчинство.
Дали на некој маж му се препишува грев доколку не сака да има деца? НЕ, ретко се споменува тоа иако ги има во подеднаква бројка како и оние жени кои го посветиле животот на други цели.
Жените тивко го носат товарот на минатото овие денови и се уште се чувствува во воздухот желбата на „традиционалистите„ и голем број на мажи, таа да се врати на првобитните обврски.
Мислам дека на денешницава секое човечко битие треба да одлучува за сопствените постапки и начин на живеење во согласност со сопствените потреби без да се покорува на однапред прифатени правила на живот во одредени средини.
Колку луѓето се поискрени и поудобни во сопствената кожа толку се поголеми шансите да се изнајдат сличните меѓу себе.
Жените со желба за традицинално семејство и љубов према домот и децата ќе најдат соодветни мажи а оние кои имаат други способности лесно ќе го пронајдат својот пат низ други животни сфери:наука, политика, бизнис, добротворни организации и најрзлични други активности.
Едино ми смета кога едните им префрлаат на оние другите за што се „вистински вредности во животот„. Се додека правите нешто позитивно и допринесувате за добробита на околината и човештвото -не постои погрешен начин на живот.


-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: zbunet
Датум на внесување: 07.Февруари.2009 во 01:23
Kako ide vremeto i kako zenite zafakaat se povazni pozicii ke dojde vreme koga ke vidis nekoe masko na tv ili nekoja funkcija ke se zbori :
 - Abe goni go, koj znae so kolku zeni legnal za da stigne do tamu, k*rva edna !


-------------
http://jazbunet.blogspot.com/" rel="nofollow - http://jazbunet.blogspot.com/


Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 08.Февруари.2009 во 17:42
Zenite se borele za pravo da odat na rabota, sto ne se borat mazite za pravo da mijat sadovi, da perat, da peglaat, da gotvat.... i pak da si bideme ramnopravni?


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 24.Јули.2009 во 08:19
Еден е неоспорен факт - жената има храброст и сила да го смени животот на добро, само ако притреба. Од вајкада тоа било така, само кој колку сака да ја погледне вистината во очи и да признае. Сепак е ова век на мажите, ама до кога. Жената за да го зачува домот и семејството е  спремна на се. Браво з ахрабрата Гостиварчанка
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9DE25122FD080B4A8C0A7997494BA456 - Храбра домаќинка со секира бркала крадци


-------------


Постирано од: LSFC
Датум на внесување: 24.Јули.2009 во 08:30
Od mnogu godini zenite veke sa silniot pol.Se poveke i poveke zenite zaemat rakovodni funkcii vo firmi ,zavodi, banki.Svetot se vrti blgodareniena zenite.Toa mora da im se priznae.I sepak da ne zaboravame ke 54%od sveto sa zeni.Kao slozime ke u maskite e puno so pederi zenite uste poveke kontrolirat svetot  


Постирано од: zbunet
Датум на внесување: 24.Јули.2009 во 10:34
Mene se poveke mi e neprijatno sto se poveke s'skaat koga pominuvam

-------------
http://jazbunet.blogspot.com/" rel="nofollow - http://jazbunet.blogspot.com/


Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Март.2010 во 12:18
Каде е жената во вас?

Веќе одамна средовечните жени не седат дома со закачена престилка, подготвувајќи ручек и  борејќи се со килограмите. Денес тоа се модерни дами на кои не би им дале ни триесет години, а уште помалку да претпоставите дека веќе имаат и внуци.

Очигледно е дека правилата на игра се променија, а најголемиот виновник за тоа се козметичките препарати и хируршките интервенции со кои жените, а се почесто и мажите им пркосат на годините.

Сепак, промените не настануваат само затоа што на располагање се илјадници начини за „бришење“ на годините. Во суштина се менува животниот стил и перцепцијата на тоа што го претставува жената. Денешните модерни мајки изгледаат подеднакво добро на работа, но и во тесен џинс и висока потпетица веднаш до своите ќерки и синови.

Сакале или не мама станува модерна, а на крајот на краиштата зошто и да не би била. Животот не завршува со бракот и со децата, а особено важи за жените кои сè уште им робуваат на старите предрасуди и веруваат дека нивната единствена и неприкосновена улога е да се грижат за семејството. Но, драги дами зарем некој не треба да се грижи и за вас? И зарем не сакате следниот пат кога ќе се погледнете во огледалото да видите жена која сè уште знае и умее да заведе маж?

Мудрите жени веќе одамна го сфатија ова правило. Затоа се успешни како во приватниот, така и во професионалниот живот и што е најважно пред сé се трудат да успеат во тоа не поради другите, туку поради сопствената самопочит.

Затоа секој пат кога ќе застанете и ќе им завидувате на холивудските актерки што изгледаат толку добро, вратете се во реалноста и помислете дека и тие се само обични луѓе кои прават нешто за себе. А каде сте вие? Можеби е крајно време да ја разбудите жената во себе и да си покажете себе си и на оние околу вас дека можете повеќе. Понекогаш е изненадувачки колку малку недостига за да изгледате и да се чувствувате добро, а колку многу ви е потребно за да ја започнете и најмалата промена.


-------------


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 17.Март.2010 во 16:38
Типичен Балканец би сакал жена што знае да готви, пере, чисти, да ја оплоди и деца да се намножат како стаорци, да има пониска плата по можност за тој да се осеќа супериорен, секогаш средена чиста напарфемишана, со манири и све тоа, добра во кревет, добра во друштво...
Тој да има комплетна превласт над неа, да се знае кој е газда у куќа, даса...
Да биде тивка, мирна и да не привлекува многу мнгоу внимание кај машката популација, но сепак да биде убава.

И да, да биде девица до брак. Битно е кој ќе ја скине.

Не се разликува многу - многу од наметнатата судбина на жената од страна на мажот во минатите векови.


-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Март.2010 во 16:44
А Апенинецот или Скандинавецот какви жени сакат?

-------------


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 17.Март.2010 во 19:19
И тие се иста сорта. голема%20насмевка


-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 17.Март.2010 во 20:38
A koi se arni???

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 17.Март.2010 во 20:42
Originally posted by gonzo gonzo напиша:

A koi se arni???
 
Оние кои знаат да почитуваат,сакаат и не  се срамат да измијат садови после заеднички подготвен  ручекплазење


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Март.2010 во 20:56
Originally posted by renatax renatax напиша:

 
Оние кои знаат да почитуваат,сакаат и не  се срамат да измијат садови после заеднички подготвен  ручекплазење
   prvite dve se "jadat" ama,...tretono....изненадување


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 17.Март.2010 во 20:58
Е ако де...се исплаши од еден сет на тањирчиња...пази само и во кујна може да биде интереснонамигнување

-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 17.Март.2010 во 21:12
Da e ziva i zdrava masinata za mienje sadovi...Zena mi nejce da izmie sadovi ne pa ja....

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: vivi1
Датум на внесување: 14.Март.2013 во 18:33
Originally posted by gonzo gonzo напиша:

Da e ziva i zdrava masinata za mienje sadovi...Zena mi nejce da izmie sadovi ne pa ja....
gonzo sto pravis ti изненадување

-------------
vivi



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk