IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Биди член на ЦРКВАТА ХРИСТОВА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Биди член на ЦРКВАТА ХРИСТОВА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 22>
Автор
Порака
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 15:52
Учењето за кратката и тивка молитва се наоѓа кај сите духовни учители. Свети Димитриј Ростовски го скратува ова учење кога вели дека старешината на цариниците (митарот) се молел само со „Боже смилувај се на мене грешниот“ и бил оправдан; разбојникот, кој се покајал, се молел со „сети се на мене, Господи...“ и го спечалил рајот; а блудниот син и цариникот Закхеј не изговориле ништо, а ја добиле милоста на Отецот и простувањето Христово (Лк. 15, 20; 18, 13; 19, 5; 22, 42; да се спореди со: Свети Димитриј Ростовски, XVII век, Умешност на молитвата, изд. игумен Харитон).

Било што човекот да побара, во името на Исуса, ќе му се даде. Тоа не значи дека човекот може да бара од Бога што ќе му текне, - било што. Не може да го бара она што е зло. Меѓутоа, може и мора да бара „добри дарови“, сè може да бара во името на Исуса, сè што е свето, без грев и што е добро. Ако човекот бара добри работи во верата, секако дека ќе ги добие, доколку Бог смета дека тој треба да ги има поради својот живот и заради спасението. Така ветил Господ.

Но, има и услов што треба човекот да го исполни:

Ако останете во Мене, и зборовите Мои во вас, тогаш, што и да посакате, барајте, и ќе ви се даде (Јн. 15, 7).

И се што и да побарате во молитва со вера, ќе добиете (мт. 21, 22, да се спореди со Лк. 18, 1-8).

Секоја молитва упатена до Бога со вера, ќе се услиша. Tоа не значи дека секогаш ќе се добие сè што се бара; зашто Бог знае подобро од оној кој што се моли што е добро за него, што му е за спасение, а што би го соблазнило и дополнително би му ја влошило состојбата.

Колку пати сум се молел за она што ми изгледало добро за мене, не оставајќи тоа Бог да го направи, зашто Он најдобро знае што е за мене корисно. Но, постигнувајќи го она за кое сум се молел, се најдував во неволја, зашто не го барав тоа според волјата Божја... (св. Нил Синајски, V век, Текстови за молитвата.

Секогаш е потребно да се молиме вака: „Подај што е потребно, Господи, нека биде волјата Твоја“.




Изменето од Miki_P - 26.Јануари.2009 во 16:11
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 13:05
Непрестајна молитва

Во своето послание до Римјаните, свети апостол Павле ги упатува христијаните да бидат постојани во молитвата (Рим. 12, 12).

Во Првото послание до Солунјаните, тој само вели: молете се постојано (1. Сол. 5, 17).

Тие апостолски заповеди, во преданието на Црквата се толкуваат на два начини. Првиот начин кој го спомнува свети Јован Златоуст и свети Димитриј Ростовски, е дека христијаните треба да имаат одредено време за молитва кое никогаш не треба да се прескокнува - навечер, наутро и напладне (Пс. 54/55, 17); а тогаш, во меѓувреме, секогаш треба да се потсетуваат на Бога и се да прават во Негова слава (види: I Кор. 10, 31), принесувајќи молитви и молби според пројавената потреба, славејќи и благодарејќи, кога приликите наложуваат.

Tаков е вообичаениот начин на кој сите христијани треба да живеат.

Подготвувај се за своето утврдено време за молитва со постојана молитва во својата душа, па брзо ќе напредуваш (св. Јован Лествичник, Поука 28).

Друг начин да се протолкува учењето за постојаната молитва е дека луѓето, всушност, треба да се молат со будна свест и во секој миг од својот живот, дури и кога не се во свесна состојба, додека нивните тела спијат. Ова разбирање за „постојана молитва“ се развило во монашката пракса, но брзо се проширило и низ целата црковна заедница. Последните години, постанало многу популарно; воглавно, со појавата на книгата од анонимен руски селанец - Пат на поклоникот.

Барањето на активна „постојана молитва“ има свој извор не само во упатствата на свети Павле, туку и во дословното толкување на таквите зборови кај псалмопевецот:
Ќе го благословувам Господа во секое време; похвала за Него секогаш има во устата моја(Пс. 3,1).

И во Песната над песните:

Јас спијам, а моето срце е будно.

Начинот на „постојаната молитва“ е да опстои краток молитвен стих, обично - Исусовата молитва, кој (стих) постојано се повторува, буквално стотици пати, дење и ноќе, се додека трајно не се всади во срцето како „гранка“, постојано присутен во душата која Го повикува Господа (види: св. Теофан Затворник, XIX век, Умешност на молитвата.

Честопати, иако тоа не е потребно, таа е поврзана со дишењето, так што се изговара со „секој здив“ (св. Григориј Богослов, свети Јован Златоуст).

Почнува со гласно изговарање, потоа во себе, само со усните, и на крајот постанува потполно умствена. Се бара оваа „постојана молитва“ да трае и кога човекот е преокупиран со вообичаените животни активности, додека чита или пишува, дури и додека спие, иако „телото спие“, но „срцето е будно“. тогаш, и кога човековото внимание е поврзано со работа, не прстанува; или мкога човекот ќе се разбуди од сон, тој открива дека молитвата сама продолжува.

Нам не ни е заповедано да работиме, бдееме или да постиме постојано, но ни е заповедано да се молиме постојано. Зашто... молитвата го прочистува и го зајакнува умот кој е створен да се моли... и да се бори против ѓаволот заради зачувување на сите сили на душата (евагриј Понтски, IV век).

Оној кој ќе влезе во својата одаја (т.е. во срцето) и се моли постојано, во тоа ги вклучува сите молитви насекаде (св. Марко Подвижник, IV век, Упатство со проповед



Изменето од Miki_P - 27.Јануари.2009 во 15:27
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 16:22

Брејјјј уште еден православен блог. Што стана од овој форум не ми се верува.

А бре деца, со овие блогови се занесувате дека вршите којзнае каква пропаганда, а во суштина само ја уништивте форумската дискусија. Ќе начекате некоја книга во дигитален формат и одма отварате тема и спамирате пастирајќи поглавја од неа.
 
Такво нешто им се случува само на лошите книги. Само оние автори кои гледаат дека нивното дело мизерно се продава на пазарот, се осудени на ваков чекор, да ја расфрлаат својата книга по форуми, блогови и сл.
Додека пак оние други книги што добро се продаваат, ако им постирате поголем дел од нивната содржина, можете да си одговарате и кривично.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 17:05
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Брејјјј уште еден православен блог. Што стана од овој форум не ми се верува.


А бре деца, со овие блогови се занесувате дека вршите којзнае каква пропаганда, а во суштина само ја уништивте форумската дискусија. Ќе начекате некоја книга во дигитален формат и одма отварате тема и спамирате пастирајќи поглавја од неа.

 

Такво нешто им се случува само на лошите книги. Само оние автори кои гледаат дека нивното дело мизерно се продава на пазарот, се осудени на ваков чекор, да ја расфрлаат својата книга по форуми, блогови и сл.

Додека пак оние други книги што добро се продаваат, ако им постирате поголем дел од нивната содржина, можете да си одговарате и кривично.


Пријателу, немој да спориш со мене, туку, со постираната содржина, или, нововерците, не знаат поинаку!? Или, пак е во прашање „калапот“ (менталната матрица)!?

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 17:24
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Брејјјј уште еден православен блог. Што стана од овој форум не ми се верува.

А бре деца, со овие блогови се занесувате дека вршите којзнае каква пропаганда, а во суштина само ја уништивте форумската дискусија. Ќе начекате некоја книга во дигитален формат и одма отварате тема и спамирате пастирајќи поглавја од неа.
 
Такво нешто им се случува само на лошите книги. Само оние автори кои гледаат дека нивното дело мизерно се продава на пазарот, се осудени на ваков чекор, да ја расфрлаат својата книга по форуми, блогови и сл.
Додека пак оние други книги што добро се продаваат, ако им постирате поголем дел од нивната содржина, можете да си одговарате и кривично.


Зарем ти не ја рекламираше баптистичката школа на форумот? Кога велеше дека е изворно христијанско, па те откривме дека е баптистичка. Од сајтот твој не правеше спамирање? Сите текстови ти беа копи пасте.


Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 17:42

Не сум правел такво нешто, а не гледам ни зошто би рекламирал баптистичка школа.

Јас себе си се декларирам како изворен христијанин затоа што го верувам токму тоа изворно христијанство проповедано од Христос и апостолите - и тоа е јасно напишано во мојот потпис. А тоа што некој го нарекува тоа баптистичко, еретичко, сектанско или не знам какво - тоа е негов проблем. И на Христос му лепеле секакви етикети, па зошто би биле поштедени Неговите следбеници?
 
Јас моите текстови сум ги пишувал секогаш тука и мноооогу ретко сум пастирал (никогаш книга, туку некој краток пасус или цитат). Нешто што често го цитирам јас тоа се библиските стихови и тие цитати секогаш се означени со црвена боја пр. (Матеј 16:30)
Повеќето мои текстови биле прво напишани тука, а потоа копи-пастирани на други веб сајтови и форуми. Значи текстовите прво биле напишани тука, а потоа копирани на други сајтови и форуми. Тоа може да се докаже и со времето (датата) кога биле постирани. намигнување
 
Јас никогаш немам пастирано книги на форумов, иако верувам дека имам повеќе отколку што имате вие. Сепак јас не сметам дека форумот е место за блогирање на книги, туку место за дискусија, разменување мислења, критички осврт на истите, дебати и сл.


Изменето од EvAngelos - 27.Јануари.2009 во 17:46
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 17:47
Книгите од веронаука и црква, патем, баптистички сајтови, ги постираше тука. Во тие книги немаше теологија, туку напад на православието.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 18:01
1. veronauka.com.mk не е баптистички сајт.
 
2. Она што сум го напишал тука, прво било напишано тука, а потоа модифицирано и ставено на тој сајт. И не станува збор за плагијатура, затоа што јас бев тој што ги пишуваше постовите тука и јас бев и тој што ги прикачуваше потоа на тој сајт.
 
3. Од сајтот crkva.com.mk не сум постирал ништо.
 
Уште некоја друга клевета?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 18:05
Bi ve zamiolil da se zanimavate so temata, a ne so megjusebnite prepukuvanja.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 18:09
А која е темата Messenger? Која е темата за дискусија овде? Дали да се биде член на Црквата Христова или не? Тоа ли е прашањето за дискусија? голема%20насмевка
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 18:41
Kolku sto razbiram od toa kako e postavena temava, toa ne e prashanje dali da se bide chlen ili ne vo Crkvata Hristova spored pravoslavnoto gledanje na takvata Hristova Crkva, tuku e povik da se stane nejzin chlen.

Miki_P samo gi dava principite, dogmite i vrednostite na takvata Crkva.

Ostanuva do sekoj chlen ili gostin da se informira so ovie tekstovi i da se reshi dali kje go prifati povikot ili ne.

Majkl mnogu korektno se zablagodari na objasnuvanjata (duri dade i kompliment) i odgovori deka nemu ne mu pagja na um da se zachleni vo takvata Crkva.

Ne gledam zoshto bi go napagjale Miki za negoviot obid da frli povekje svetlina na pravoslavieto spored negovata pripadnost. Toa e Pravoslavnoto Hristijanstvo po koe se rakovodi MPC i vo poshirok smisol toa e Pravoslavie.

Dokolku drugite chlenovi imaat podrugo razbiranje za Hristijanstvoto, kako sto sekako imaat, neka povelat i neka go prezentiraat onaka kako sto toa go pravi Miki ili neka si najdat posoodveten nachin za toa, bez da naogjaat kusur na ovaa tema.

Bidete porazbirlivi i poparlamentarni. Mojata ponuda za sorabotka vo prezentacija na vash*te ubeduvanja pod sticky temata se ushte vazhi, no kako sto gledam osven Majkl site se povekje zainteresirani za megjusebni raspravii otkolku za smireno i koncizno pretstavuvanje na svoite verski ubeduvanja. Gledam deka na nekoi chlenovi mnogu im e polesno da bidat reaktivni i da chekaat prvin nechii tugju mislenja pred da se javat so svoite obavezni kritiki, otkolku da bidat aktivni i samite da se prezentiraat so novi temi, veruvanja i razmisluvanja.

Изменето од Messenger - 27.Јануари.2009 во 19:52
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 21:24

...


Изменето од Miki_P - 28.Јануари.2009 во 22:01
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 21:42
Мики... далеку повредно ќе биде ако изнесеш сопствено мислење, отколку да копираш текстови.
Отсега - постави линк кон текстот, наместо да копираш цели страници.
Доколку навистина има потреба да се цитира некој текст, за да се одговори на некое сложено прашање, во ред, може да направиме отстапка, но мислам дека претерувате веќе. Ќе ги бришам сите постови кои ќе бидат копи-пејст ако преценам дека нема неопходна потреба од нив.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 22:06




Свештеник Џејмс Бернштајн Што било прво - Црквата или Новиот Завет



Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.