IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - И ние сме тука
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

И ние сме тука

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 19>
Автор
Порака
magdalenar Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 22.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај magdalenar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2009 во 23:50
Поздрав до сите членови на овој форум.

Да се претставам: се викам Магдалена и мајка сум на аутистичен син Александар од 9 години.

Во врска со прашањето на lilica околу начинот на кој можат да ги добијат пелените - памперси имам информации:

1. Треба да набавите упут од матичен лекар кој ќе гласи до било кој специјалист: психијатар, уролог, физијатар или невролог.

2. Кога ќе отидете кај било кој специјалист (само еден) треба да ви напише препорака дека детето има постојана потреба од носење на памперси.

3. Со препораката одите кај матичниот и тој ви издава потврда за потреба за ортопедско помагало - памперси.

4. Со оваа потврда одите во ФЗО каде што ви ја заверуваат потврдата и потоа одите во аптека, си ги купувате и плаќате памперсите и за нив добивате сметкопотврда и фискална сметка.

5. Со нив во ФЗО поднесувате барање за повраток на средствата (парите).

Услов е детето да е со посебни потреби и да е од 3-18 години старост.

Ако имате уште прашања слободно прашајте.
Кон врв
lilica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lilica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 08:32
Многу ти благодарам MAGDALENAR за исцрпната информација. Моето девојче е 8 год. Се надевам на понатамошна соработка.Поздрав.

Кон врв
lilica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lilica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 09:07
Стварно тешко наоѓам време за децата и навистина немам ни минута за читање ЈАСМИНАИВА.Се што можам е да се вклучам во борба (заедно со другите родители) да се отворат соодветни центри, паралелки или едноставно места каде совесни-стручни луѓе,ќе ги прифаќаат сабајле, а навечер родителите да ги земаат.Повеќе немам сила,нуту надеж,сама да работам или проучувам нешто во врска со аутизмот.Д-рот Софијанов ни е невролог и во разговор со него ми рече дека ова што го добива моето девојче во моментот е максимум-лекови(има напади) и домашна нега и внимание.Недостасува само поинтензивен третман од дефектолог и логопед.Тој е убеден во прогрес, после интензивна работа од тим-дефектолог,логопед.Ама Министерството не ни одобрува нов персонал.Децата ни патат, а и ние со нив. Моето девојче пред три години беше функционално само 5%.Денес е можеби 20%.Навистина спор и депримирачки прогрес.Ако не се баба и дедо, незнам како би живееле.Поздрав.
Кон врв
lilica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lilica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 09:54
LEFTER ако се сретнуваш во училиштето со родителите на децата од Валандово, Штип, или ако познаваш други од Радовиш извести ги дека можат да побараат пелени од ФЗО.Кажи им,зошто неверувам да чуле.
И отворете се,не се срамете да кажете за проблемите што ги имаме.Брајте луге да направиме WEB страна на македонски, да направиме некоја кампања за запознавање на останатат популација со аутистичните луге( преку детски списанија).
Да развиеме нешто што имаат слепите со Брајовата азбука, или глувите со јазикот на знаците.
Во светот има начин на комуницирање со аутитст и ауатист со ауатист,за кој кај нас нема никакви информации. И многу е добар за комплетна и тотална врска со аутистот. Тоа е јазик на извежбани ситуации,слики и комуникатори (кажано на мој, прост начин).Со помош на таа комуникација тие сами живеат(се разбира со подршка од дефектолози)во посебни објекти, надвор од семејството и сл.
Додека нашите не ги обучиме на тој вид на мегусебно разбирање, неможеме да бараме згрижување на аутистите во некоја слободна форма(некој вид заедница или семејство).Кога се запознав со Спасе, му кажав за сево оваа, ама треба повеке луге да работиме, да се бара на интернет, да се оствари контакт со странство.
Јас се обидов неодамна да се поврзам со autism speaks , имаа проект, барав средства (пред нова година),ама без дефектолог неможам.Срасе не е заинтересиран и еднаш веке ме одби(за друга донација беше).Инаку луѓето од autism speaks ми рекоа да аплицираме.Ми треба соработка и почести контакти со родителите.Ако не беше форумот, немаше толку да си кажеме.Размисли-кога каде како ние сите, родителите од паралелките, интензивно да се организираме.Неделата ни е слободна на сите.Поздрав.

Изменето од lilica - 26.Јануари.2009 во 09:55
Кон врв
magdalenar Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 22.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај magdalenar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 19:46
Би сакала да го дополнам мојот претходен коментар уште со следните податоци.
- Бројот на пелени кои може едно дете да ги добие за еден месец е 90 памперси, а максималната цена на 1 памперс не треба да надминува 47 денари за пелени до 40 кг., или за пелени над 40 кг. таа не смее да е повисока од 21 денар.

ФЗО ви ги враќа оние пари кои вие сте ги потрошиле за пелените, со тоа што задржува 10 денари секој месец банката за трансакционата сметка на која ви пристигнуваат парите.

Еден дел од овие работи што ви ги соопштив можете да ги прочитате во Службен весник на РМ бр. 132 на страна 22 и 23., издаден на 21 октомври.
Кон врв
jasminaiva Кликни и види ги опциите
хумани
хумани
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Јануари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 81
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај jasminaiva Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 23:16
Знам лилица колку ви е тешко секој ден сретнувам родители како вас со истите проблеми. Како што растат децата проблемите ќе стануваат поголеми. Мора да притиснете малку повеќе до министерствата вие како родители бидејќи нас стручните лица мислам дека не не сваќаат сериозно.
Прво еве ќе ви предложам да се обратите до мин. за здравство бидејќи таму е најголемиот проблем. Во мин. не знаат воопшто дека во Р.Македонија постојат деца со аутизам, нема ни кого да прашате нешто во врска со аутизам. Јас со месеци трагав да најдам некој за да поразговарам, но нема таков. Како почеток неопходно е таму да се отвори национален регистар за деца и лица со аутизам заради евиденција затоа што што и да правите каков и да е проект или установа потребно е да се планира. Кога ќе се прикаже бројката на деца можеби побрзо ќе се реагира и ќе ви се овозможи да си ги остварите вашите права како семејства и правата на вашите деца. Единствено некаква евиденција има Проф. кој ете некој од вас го мрази некој сака.....
Мин. за труд и социјална политика има маааали познавања з аутизмот заради тоа што почнавме да се интересираме и да бараме од нив нешто а мин. за образование ете може да се каже дека почнува да прави нешто што е многу малку (отвара одделенија), и тоа не е чудо што го прави туку основно право на дете да посетува училиште....
поздрав


Изменето од jasminaiva - 26.Јануари.2009 во 23:30
"Оние што танцуваат можеби им изгледаат луди на оние што не ја разбираат музиката"
Кон врв
jasminaiva Кликни и види ги опциите
хумани
хумани
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Јануари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 81
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај jasminaiva Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 23:35
Бидејќи пишувам предлози за магистерската ете вие може да ми напишете тука што педлагате дека е потребно да се направи и јас ќе го вметнам и тоа, на пример имам напишано околу 20-тина, кои произлегоа од родители и дефектолози па можеби и вие нешто што го немам ќе кажете.....Еве пример како ги имам напишаноЧ
q       Organizirawe na seminari i obuki so cel otvarawe na mo`nosti za voveduvawe na specifi~nite metodi za rabota so deca so autizam.
q       Vospostavuvawe na standardi i kriteriumi za dijagnosticirawe na deca so autizam, odnosno primena na me|unarodno verificirani protokoli za procenka na individualnite sposobnosti na licata so autizam so cel dobivawe na adekvatna dijagnoza.
Поздрав
 
 
"Оние што танцуваат можеби им изгледаат луди на оние што не ја разбираат музиката"
Кон врв
lilica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lilica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 09:33
ЈАСМИНАИВА морам да размислам околу предлозите.Имам предлози околу нагледните средства за спроведување на наставата,всушност тоа е третманот на дефектологот.Деновиве сакам да завршам со остварувањето на правото за надокнада за пелените,па ке ти кажам за што точно размислувам.Инаку,само додека сум на работа можам да комуницирам на форумот,бидејки немам време.Поздрав.
Кон врв
lilica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lilica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 15:52
MAGDALENAR матичниот лекар ми побара каква да е формата на потврдата што ја опишуваш под 3. Има ли стандардна содржина или.....Ако може скенирана да ми ја препратиш на адресата на твоите ЛП.Во Струмица веке ги информиравме тие што ги познаваме и кај специјалистот ми рекоа дека и други веке барале деновиве такви потврди.Ти благодарам и очекувам.
Кон врв
magdalenar Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 22.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај magdalenar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 21:25
lilica ti objasniv i na pp, pak ke kazam potvrda za ortopedsko pomagalo (kakvi sto davale dosega za paterici itn.).
Кон врв
magdalenar Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 22.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај magdalenar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 21:26
A i samo kaj maticnite i ortopedite ja imaat, jas doma ja nemam, vo FZO ja davam za povrat na parite.
Кон врв
magdalenar Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 22.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај magdalenar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 21:44
Се надевам дека и јас како родител на дете со аутизам можам да дадам предлог за подобрување на состојбата на овие деца во РМ.
Еве некои мои предлози:
1. Обезбедување на социјална сигурност на семејствата кои имаат деца со тешки оштетувања во развојот преку изгласување на закон со кој на овие родители ќе им се даде предност при вработување во државните институции.
2. На едниот родител кој се грижи за детето и не е во работен однос да му се признае правото на родител неговател со платено пензиско, здравствено и инвалидско осигурување. За да го оствари ова право треба неговото дете да има оштетувања поради кои во потполност е неподвижно и е потребна помош од ортопедско помагало или кај детето постојат повеќе тешки оштетувања поради кои тоа е потполно зависно од грижата на родителите.Пр:за тешко оштетување: успорен психомоторен развој, неразвиен говор, ментална ретардација...
Овие се некои од правата кои ги остваруваат родителите во Хрватска, Словенија па се надевам можат да најдат примена и кај нас.

Кон врв
magdalenar Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 22.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај magdalenar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 22:00
Министерството за образование може да изготви програма која ке опфати следното:
1.Организирање на воспитно - образовен процес во градинките   за деца со аутизам.
2. Организирање на воспитно - образовен процес за децата со аутизам преку отворање на паралелки за такви деца во сите населени места каде има потреба од тоа.
3. Вклучување на логопедот, музикологот, физиотерапевтот и медицинската сестра во рехабилитацијата на детето преку работа организирана во вид на дневен претстој или дневен центар.
4. Примена на дидактички средства како сликовити симболи во наставата, јазикот на глувите или некои природни симболи во наставата се со цел олеснување на комуникацијата со овие деца. Ваквите дидактички средства одамна се користат во воспитниот процес во САД, Хрватска, Словенија...
5. Соработка на терапевтите со родителите и останатите членови на семејството во насока на подобрување на положбата на децата со аутизам во семејството, како и решавање на тековните проблеми од настанатата состојба во семејството.
Кон врв
lilica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lilica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2009 во 14:07
Денес успеав да го остварам правото за користење на пелени на товар на ФЗО.Предлозите на Магдалена се и мои предлози.Би додала уште дека: се што му се предлага на Министерството(било за здравство,социјала или образование)мора да е конкретно.Неможе да се бара да се организира семинар за обука„за специфичните методи“....Кои? Мора точно да се нагласи.
1. Во процесот на едукација мора да се вклучени и професори по физичко и музика.
2.Процесот на едукација мора да е со современи нагледни средства(компјутери,мп3,статични точаци,слики со знаци)
3.Да се поставуваат сензори на места каде се движат,кои ќе ја имаат истат функција на рампите за телесноинвалидизираните лица.(сензорите да отвараат врати или известуваат за препрека)
4.Да се постават чешми,сушари и апарат за сапун(во јавните објекти,паркови,пазари и сл.) со сензори за да може аутистите да ги користат.
5.Во градинките и школите децата со помош на непосреден контакт да се запознаат со поинаквите од нив,за да научат како да се однесуваат кога некој аутистичен е во нивна близина.
6.Да се постават обележја(знаци,табли,упатства,инструкции)кои ќе им користат на аутистите кога се движат надвор од домот.
7.Кампања во детските списанија со информативен карактер,а на класните часови и со едукативен карактер за постоење и помош на аутистите.
8.Да се дадат парични стимулации за сите школи што барем во ЕДНО одделение ЕДНАШ во месецот прими барем ЕДНО детенце со аутизам кое ќе помине неколку часа со здравите деца.
9.Да се обучи кадар(дефектолози,професори,сестри)кои ќе спроведуваат третман за користење на комуникатори.
10.Целодневна настава за паралелките со деца аутисти.
11.Документарни емисии,макар и превземени од друга средина(со родители од САД,Русија и сл.)од други телевизии,со споредбен карактер во однос нашата средина.
12.Да се тестира имуниот систем на секое дете пред да се врши имунизација.
13.Да се организира патронажна служба за потребите на сите семејства кои имаат член аутист.
ЈАСМИНАИВА се надевам нешто од ова ќе се најде во твојата магистарска работа.Кога ќе спремаш докторат ќе ти предложиме повеќе.А здравствените работници аутистите не ги гледаат како болни, затоа и нема што од нив да очекувате.Најголем извор на информации се семејствата.Поздрав.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 19>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.